бизнис сектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis-sektor/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 14:22:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизнис сектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis-sektor/ 32 32 Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/biznisot-sektorot-bara-pet-otsto-od-budhetot-za-obrazovanieto-i-revizija-na-raboteneto-na-site-fakulteti-vo-drzhavata/ Tue, 30 Jan 2024 14:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=738644

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии.

Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.

Засукани ракави, храброст и преземање ризик се неопходни за да се воведат одредени процеси кои мора да доведат до подобрување на кадровскиот потенцијал. Оваа порака ќе биде силно пренесена и до лидерите на партиите. Ќе бараме за образованието да се одвојуваат пет отсто од Буџетот, но не веднаш, туку во мандатни периоди и ќе бараме ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата за да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, истакна Азески на прес-конференција.

Според него, земјава е мала и има потреба за специјализирани кадри.

Ние не сме Америка, ние сме мала земја, немаме огромни потреби, туку имаме специјализирана потреба за кадри и треба да се свртиме кон тоа. Оваа порака значи дека во тие дејности ќе одвојуваме средства кои би ги зголемиле активностите. Така ќе дојдеме и до реформиран Буџет кој ќе стане развоен и ќе и овозможи на државата да финансира продуктивни дејности, во нејзин интерес, подвлече Азески.

Тој е оптимист дека земјава може да конкурира и да испорача нешто вредно и значајно во ЕУ со интелигенција, образование и култура.

The post Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата appeared first on Република.

]]>

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.