бизнис марихуана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis-marihuana/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 11:12:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизнис марихуана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis-marihuana/ 32 32 Србин во Шпанија имал плантажа со марихуана, на полицијата и станало сомнително дека трошел 12 пати повеќе струја од нормалното https://arhiva3.republika.mk/vesti/srbin-vo-shpanija-imal-plantazha-so-marihuana-na-politsijata-i-stanalo-somnitelno-deka-troshel-12-pati-poveke-struja-od-normalnoto/ Wed, 30 Oct 2024 11:12:29 +0000 https://republika.mk/?p=832398

Српски државјанин (48) е уапсен во Алсира кај Валенсија, на плантажа со марихуана каде биле пронајдени повеќе од 1.000 стебла од ова растение. Шпанската полиција ја лоцирала плантажата во индустриски магацин во градското подрачје.

- Полицијата откри дека во магацинот се троши поголема количина на струја. Станува збор за објект кој е опкружен со куќи и е целосно приспособен за одгледување марихуана во затворен простор. Кога влегле во магацинот, агентите откриле постоење на „дива“ врска со електричната мрежа и виделе како излегува чад, најверојатно поради прегревање на каблите - откриле шпанските истражители.

Објектот трошел 12 пати повеќе струја од вообичаено.

 Во магацинот се пронајдени 1.015 растенија, 90 ЛЕД светлосни панели, четири мобилни телефони и 335 евра во готовина. Растенијата, во напредна состојба на цветање, тежат 245 килограми, а поставени се и шест клима уреди, 11 карбонски филтри, 23 вентилатори и пет прочистувачи за воздух.

The post Србин во Шпанија имал плантажа со марихуана, на полицијата и станало сомнително дека трошел 12 пати повеќе струја од нормалното appeared first on Република.

]]>

Српски државјанин (48) е уапсен во Алсира кај Валенсија, на плантажа со марихуана каде биле пронајдени повеќе од 1.000 стебла од ова растение. Шпанската полиција ја лоцирала плантажата во индустриски магацин во градското подрачје.
- Полицијата откри дека во магацинот се троши поголема количина на струја. Станува збор за објект кој е опкружен со куќи и е целосно приспособен за одгледување марихуана во затворен простор. Кога влегле во магацинот, агентите откриле постоење на „дива“ врска со електричната мрежа и виделе како излегува чад, најверојатно поради прегревање на каблите - откриле шпанските истражители.
Објектот трошел 12 пати повеќе струја од вообичаено.  Во магацинот се пронајдени 1.015 растенија, 90 ЛЕД светлосни панели, четири мобилни телефони и 335 евра во готовина. Растенијата, во напредна состојба на цветање, тежат 245 килограми, а поставени се и шест клима уреди, 11 карбонски филтри, 23 вентилатори и пет прочистувачи за воздух.

The post Србин во Шпанија имал плантажа со марихуана, на полицијата и станало сомнително дека трошел 12 пати повеќе струја од нормалното appeared first on Република.

]]>
Голема акција во Струмичко, меѓу уапсените и поранешен градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-aktsija-vo-strumichko-megu-uapsenite-i-poraneshen-gradonachalnik/ Sat, 02 Mar 2024 10:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=750264

Големо полициско присуство утрово во Струмичко.

Според информаците на „Република“, уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница. По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 го прошири својот бизнис во енергетскиот сектор но и со отварање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана по претходно издадени лиценци од Владата.

Според информациите производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија но и пошироко во регионот.

The post Голема акција во Струмичко, меѓу уапсените и поранешен градоначалник appeared first on Република.

]]>

Големо полициско присуство утрово во Струмичко. Според информаците на „Република“, уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница. По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 го прошири својот бизнис во енергетскиот сектор но и со отварање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана по претходно издадени лиценци од Владата. Според информациите производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија но и пошироко во регионот.

The post Голема акција во Струмичко, меѓу уапсените и поранешен градоначалник appeared first on Република.

]]>
Еди Рама му предложи на Џејмс Белуши да си посади канабис на стариот имот во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/edi-rama-mu-predlozhi-na-dhejms-belushi-da-si-posadi-kanabis-na-stariot-imot-vo-albanija/ Fri, 12 May 2023 18:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=640041

Холивудскиот актер Џејмс Белуши, чии предци се од Албанија, го посети албанскиот премиер Еди Рама. Му откри дека сè уште има имот во југоисточниот дел на земјата, но никогаш не знаел што да прави со него. Земјиште до неговото има и неговиот братучед, Крис Каракоста.

Рама и на двајцата им предложи дека наместо имотот да им пропаѓа, може да размислат за одгледување на канабис.

Епизодата во Албанија е дел од серијалот „Growing Belushi“, во која актерот зборува за неговата „борба“ во бизнисот со марихуана, а се прикажува на „Дисковери“.

The post Еди Рама му предложи на Џејмс Белуши да си посади канабис на стариот имот во Албанија appeared first on Република.

]]>

Холивудскиот актер Џејмс Белуши, чии предци се од Албанија, го посети албанскиот премиер Еди Рама. Му откри дека сè уште има имот во југоисточниот дел на земјата, но никогаш не знаел што да прави со него. Земјиште до неговото има и неговиот братучед, Крис Каракоста. Рама и на двајцата им предложи дека наместо имотот да им пропаѓа, може да размислат за одгледување на канабис. Епизодата во Албанија е дел од серијалот „Growing Belushi“, во која актерот зборува за неговата „борба“ во бизнисот со марихуана, а се прикажува на „Дисковери“.

The post Еди Рама му предложи на Џејмс Белуши да си посади канабис на стариот имот во Албанија appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Мора да се зајакне надзорот во фабриките за производство на медицински канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-mora-da-se-zajakne-nadzorot-vo-fabrikite-za-proizvodstvo-na-meditsinski-kanabis/ Thu, 12 Jan 2023 12:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=596206

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Министерството за внатрешни работи, осврнувајќи се на заплената на нелегална марихуана од фабрики кои произведуваат масло од канабис, рече дека во тие правни субјекти мора да се зголеми надзорот и да се работи на одземање на лиценците на они кои не ги почитуваат законските прописи.

Надзорот мора да се зајакне и не смее да има ниту најмала количина што може да биде злоупотребена токму од овие правни лица. Затоа сметам дека тука сите институции коишто се задолжени за надзор, Министерството за здравство, МАЛМЕД и така натаму мора да ги зголемат човечките капацитети и тој надзор да се врши континуирано, а не да имаме надзор во момент кога ние веќе имаме сознанија за извршување на кривични дела. Надзорот треба да биде континуиран се со цел да се намали просторот во којшто ќе може да делуваат на начин кој што не е легален и мора итно да се работи на одземање на лиценците на сите тие правни лица коишто не ги почитуваат законските прописи, потенцираше Спасовски.

На новинарско прашање во врска со објавата на албанскиот медиум „Ора њуз“, во која се наведува дека функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странски агенции против шверц, министерот нагласи дека се што поседуваат како доказ треба да го достават во МВР со цел да се помогне во истрагата. Тој потенцираше дека без разлика дали станува збор за високи или ниски функционери, треба да одговараат доколку правеле криминал.

Во однос на реакциите по вчерашиот масакр врз кучиња во Струга, Спасовски потенцираше дека тој што го направил грозоморниот чин ќе сноси одговорност.

Истрагите мора да завршат, да се утврдат сите факти, аргументи и докази и врз основа на тоа да се поднесат кривичните пријави за да се носи одговорност, истакна министерот за внатрешни работи.

The post Спасовски: Мора да се зајакне надзорот во фабриките за производство на медицински канабис appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Министерството за внатрешни работи, осврнувајќи се на заплената на нелегална марихуана од фабрики кои произведуваат масло од канабис, рече дека во тие правни субјекти мора да се зголеми надзорот и да се работи на одземање на лиценците на они кои не ги почитуваат законските прописи.
Надзорот мора да се зајакне и не смее да има ниту најмала количина што може да биде злоупотребена токму од овие правни лица. Затоа сметам дека тука сите институции коишто се задолжени за надзор, Министерството за здравство, МАЛМЕД и така натаму мора да ги зголемат човечките капацитети и тој надзор да се врши континуирано, а не да имаме надзор во момент кога ние веќе имаме сознанија за извршување на кривични дела. Надзорот треба да биде континуиран се со цел да се намали просторот во којшто ќе може да делуваат на начин кој што не е легален и мора итно да се работи на одземање на лиценците на сите тие правни лица коишто не ги почитуваат законските прописи, потенцираше Спасовски.
На новинарско прашање во врска со објавата на албанскиот медиум „Ора њуз“, во која се наведува дека функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странски агенции против шверц, министерот нагласи дека се што поседуваат како доказ треба да го достават во МВР со цел да се помогне во истрагата. Тој потенцираше дека без разлика дали станува збор за високи или ниски функционери, треба да одговараат доколку правеле криминал. Во однос на реакциите по вчерашиот масакр врз кучиња во Струга, Спасовски потенцираше дека тој што го направил грозоморниот чин ќе сноси одговорност.
Истрагите мора да завршат, да се утврдат сите факти, аргументи и докази и врз основа на тоа да се поднесат кривичните пријави за да се носи одговорност, истакна министерот за внатрешни работи.

The post Спасовски: Мора да се зајакне надзорот во фабриките за производство на медицински канабис appeared first on Република.

]]>
Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/niza-krivichni-dela-konstatirani-pri-pretresot-vo-fabrikata-za-kanabis-vo-kravari/ Sat, 29 Oct 2022 09:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=567076

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, вчера извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат.

Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон. Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги, соопштија од МВР.

The post Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, вчера извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат. Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон. Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги, соопштија од МВР.

The post Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари appeared first on Република.

]]>
Кој ќе профитира од украденото масло од марихуана – дали Спасовски има договор со мафијата или само е неспособен? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-kje-profitira-od-ukradenoto-maslo-od-marihuana-dali-spasovski-ima-dogovor-so-mafijata-ili-samo-e-nesposoben/ Thu, 21 Apr 2022 10:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=491668

Во рок од неколку дена на Спасовски му се случува убиство кое се обидува да го сокрие, кражба на оружје и муниција од полициски магацин во Охрид за која исто така молчи, за на крај да крие и за една од најголемите кражба во Македонија до сега - кражба на масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра, рече на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека сето ова се случува во период од неколку дена, а ниту еден случај немаше да добие внимание да не беа бурните реакции на медиумите, јавноста и ВМРО-ДПМНЕ.

Кражбата на масло од марихуана од просториите на фабриката на фирмата 5 летерс, која сега е во стечај во с. Алданци, Крушево во вредност од над 2 милиони евра е една од најголемите кражби досега во Македонија, а МВР на Спасовски 3 дена молчи. Украдени се 108 шишиња со масло од марихуана, од кои 93 се со количина од 1000 мл, додека 15 се со количина од 500 до 1000 мл. Во објектот има ангажирано обезбедување од една приватна агенција за обезбедување со седиште во Струмица, а просториите се под видео надзор со неколку десетици камери. Дополнително, маслото се чувало во специјален сеф. Оттука се поставува прашањето, што прави Спасовски 3 дена и зошто не ги прегледа камерите од објектот? Дали му се потребни 3 дена за да изгледа снимки од неколку часа? Дополнително се поставува прашањето, што правело приватното обезбедување и зошто не е спречена кражбата, посебно имајќи во предвид дека ова не е прва кражба во фабриката. Дали Спасовски свесно ја одолговлекува истрагата и дали маслото од марихуана веќе ја напуштило државата?

Кој e тој што профитира од нелегалната продажба на маслото од марихуана и дали Спасовски знае за истиот и затоа молчи?, прашува Ковачки.

Ковачки потенцира дека Спасовски е или целосно неспособен или во целосен договор со мафијата. И во едниот и во другиот случај е неизбежно, Спасовски треба да си поднесе оставка, вели тој.

https://youtu.be/FFugMLauyUY

The post Кој ќе профитира од украденото масло од марихуана – дали Спасовски има договор со мафијата или само е неспособен? appeared first on Република.

]]>

Во рок од неколку дена на Спасовски му се случува убиство кое се обидува да го сокрие, кражба на оружје и муниција од полициски магацин во Охрид за која исто така молчи, за на крај да крие и за една од најголемите кражба во Македонија до сега - кражба на масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра, рече на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека сето ова се случува во период од неколку дена, а ниту еден случај немаше да добие внимание да не беа бурните реакции на медиумите, јавноста и ВМРО-ДПМНЕ.
Кражбата на масло од марихуана од просториите на фабриката на фирмата 5 летерс, која сега е во стечај во с. Алданци, Крушево во вредност од над 2 милиони евра е една од најголемите кражби досега во Македонија, а МВР на Спасовски 3 дена молчи. Украдени се 108 шишиња со масло од марихуана, од кои 93 се со количина од 1000 мл, додека 15 се со количина од 500 до 1000 мл. Во објектот има ангажирано обезбедување од една приватна агенција за обезбедување со седиште во Струмица, а просториите се под видео надзор со неколку десетици камери. Дополнително, маслото се чувало во специјален сеф. Оттука се поставува прашањето, што прави Спасовски 3 дена и зошто не ги прегледа камерите од објектот? Дали му се потребни 3 дена за да изгледа снимки од неколку часа? Дополнително се поставува прашањето, што правело приватното обезбедување и зошто не е спречена кражбата, посебно имајќи во предвид дека ова не е прва кражба во фабриката. Дали Спасовски свесно ја одолговлекува истрагата и дали маслото од марихуана веќе ја напуштило државата? Кој e тој што профитира од нелегалната продажба на маслото од марихуана и дали Спасовски знае за истиот и затоа молчи?, прашува Ковачки.
Ковачки потенцира дека Спасовски е или целосно неспособен или во целосен договор со мафијата. И во едниот и во другиот случај е неизбежно, Спасовски треба да си поднесе оставка, вели тој. https://youtu.be/FFugMLauyUY

The post Кој ќе профитира од украденото масло од марихуана – дали Спасовски има договор со мафијата или само е неспособен? appeared first on Република.

]]>
Нова кражба на канабис од Круешво, овојпат вреден 2 милиони евра, открива Ковачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-krazba-na-kanabis-od-krueshvo-ovojpat-vreden-2-milioni-evra-otkriva-kovachki/ Wed, 20 Apr 2022 10:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=491079

Пратеникот Драган Ковачки на својот профил на Фејсбук објави дека утрово е ограбен канабис во вредност од 2 милиони евра од фармата за производство „5 летерс“ кај крушевското село Алдинци.

Утрово повторно кражба на марихуана, овој пат на масло во вредност од 2 мил. евра во "5 летерс" кај Алданци. Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ инаку по вокација армиски полковник.

The post Нова кражба на канабис од Круешво, овојпат вреден 2 милиони евра, открива Ковачки appeared first on Република.

Полињата со марихуана во Струмица, криминал тежок милиони: Вмешани и политичари и МВР и сè живо и диво https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/polinjata-so-marihuana-vo-strumica-kriminal-tezok-milioni-vmeshani-i-politichari-i-mvr-i-se-zivo-i-divo/ Wed, 23 Feb 2022 08:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=462304

Десетина дена откако беа откриени стотици килограми непријавена марихуана произведена во легална фарма за медицински канабис, се уште нема никаков податок за истрагата. КОД во своето истражување открива дека досега пoлицијата открила речиси 4 тона марихуана од овие легални канабис фабрики, а има истраги што се прекинати или судења што се одлагаат.

Иако Македонија е сончева земја, сепак причината зошто станува Елдорадо канабис дестинација не е сонцето и плодната почва- туку законите. Во 2016-та Македонија легализира производство на канабис за медицински потреби додека во цела Европска Унија –таков закон имаше само во Холандија. Но времињата се сменија, одгледување на канабис се легализираше во уште десетина земји во Европа. Ама во Македонија имаше проблем, не се носат подзаконски акти за дорегулација на производството. И во таа правна дупка,се наоѓа место за злоупотреба со шверц.

Подзаконските акти треба да ги напише Министерството за здравство, а министерот формира комисија од 5 члена која се грижи за издавање на дозволи и контрола на фирмите кои се занимаваат со медицински канабис. Законот е донесен пред точно 6 години, а иако подзаконските акти требало да се подготват за 30 дена, се уште ги нема. Отогаш се сменија 4-ца министри. Првиот подзаконски акт односно упатство за уништување на отпад од канабис е изготвен во ноември лани. И самиот тој документ има спорни работи, не е потпишан од никој и е противен на законот за управување со отпад кој е во ресорот животна средина. Дури овозможува голема дупка- односно смислува оригинален начин како фирмите кои одгледуваат канабис да се решат од отпадот со мал и низок процент на ТХЦ.

Повеќе ТУКА

The post Полињата со марихуана во Струмица, криминал тежок милиони: Вмешани и политичари и МВР и сè живо и диво appeared first on Република.

]]>

Десетина дена откако беа откриени стотици килограми непријавена марихуана произведена во легална фарма за медицински канабис, се уште нема никаков податок за истрагата. КОД во своето истражување открива дека досега пoлицијата открила речиси 4 тона марихуана од овие легални канабис фабрики, а има истраги што се прекинати или судења што се одлагаат. Иако Македонија е сончева земја, сепак причината зошто станува Елдорадо канабис дестинација не е сонцето и плодната почва- туку законите. Во 2016-та Македонија легализира производство на канабис за медицински потреби додека во цела Европска Унија –таков закон имаше само во Холандија. Но времињата се сменија, одгледување на канабис се легализираше во уште десетина земји во Европа. Ама во Македонија имаше проблем, не се носат подзаконски акти за дорегулација на производството. И во таа правна дупка,се наоѓа место за злоупотреба со шверц. Подзаконските акти треба да ги напише Министерството за здравство, а министерот формира комисија од 5 члена која се грижи за издавање на дозволи и контрола на фирмите кои се занимаваат со медицински канабис. Законот е донесен пред точно 6 години, а иако подзаконските акти требало да се подготват за 30 дена, се уште ги нема. Отогаш се сменија 4-ца министри. Првиот подзаконски акт односно упатство за уништување на отпад од канабис е изготвен во ноември лани. И самиот тој документ има спорни работи, не е потпишан од никој и е противен на законот за управување со отпад кој е во ресорот животна средина. Дури овозможува голема дупка- односно смислува оригинален начин како фирмите кои одгледуваат канабис да се решат од отпадот со мал и низок процент на ТХЦ. Повеќе ТУКА

The post Полињата со марихуана во Струмица, криминал тежок милиони: Вмешани и политичари и МВР и сè живо и диво appeared first on Република.

]]>
Kако со правни дупки досега се украдени 4 тони легално набран медицински канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-so-pravni-dupki-dosega-se-ukradeni-4-toni-legalno-nabran-medicinski-kanabis/ Sun, 20 Feb 2022 18:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=461139

Десетина дена откако беа откриени стотици килограми непријавена марихуана произведена во легална фарма за медицински канабис, се уште нема никаков податок за истрагата. КОД во своето истражување открива дека досега пoлицијата открила речиси 4 тона марихуана од овие легални канабис фабрики, а има истраги што се прекинати или судења што се одлагаат.

Иако Македонија е сончева земја, сепак причината зошто станува Елдорадо канабис дестинација не е сонцето и плодната почва- туку законите. Во 2016-та Македонија легализира производство на канабис за медицински потреби додека во цела Европска Унија –таков закон имаше само во Холандија. Но времињата се сменија, одгледување на канабис се легализираше во уште десетина земји во Европа. Ама во Македонија имаше проблем, не се носат подзаконски акти за дорегулација на производството. И во таа правна дупка,се наоѓа место за злоупотреба со шверц.

Подзаконските акти треба да ги напише Министерството за здравство, а министерот формира комисија од 5 члена која се грижи за издавање на дозволи и контрола на фирмите кои се занимаваат со медицински канабис. Законот е донесен пред точно 6 години, а иако подзаконските акти требало да се подготват за 30 дена, се уште ги нема. Отогаш се сменија 4-ца министри. Првиот подзаконски акт односно упатство за уништување на отпад од канабис е изготвен во ноември лани. И самиот тој документ има спорни работи, не е потпишан од никој и е противен на законот за управување со отпад кој е во ресорот животна средина. Дури овозможува голема дупка- односно смислува оригинален начин како фирмите кои одгледуваат канабис да се решат од отпадот со мал и низок процент на ТХЦ.

Повеќе на КОД

The post Kако со правни дупки досега се украдени 4 тони легално набран медицински канабис appeared first on Република.

]]>

Десетина дена откако беа откриени стотици килограми непријавена марихуана произведена во легална фарма за медицински канабис, се уште нема никаков податок за истрагата. КОД во своето истражување открива дека досега пoлицијата открила речиси 4 тона марихуана од овие легални канабис фабрики, а има истраги што се прекинати или судења што се одлагаат. Иако Македонија е сончева земја, сепак причината зошто станува Елдорадо канабис дестинација не е сонцето и плодната почва- туку законите. Во 2016-та Македонија легализира производство на канабис за медицински потреби додека во цела Европска Унија –таков закон имаше само во Холандија. Но времињата се сменија, одгледување на канабис се легализираше во уште десетина земји во Европа. Ама во Македонија имаше проблем, не се носат подзаконски акти за дорегулација на производството. И во таа правна дупка,се наоѓа место за злоупотреба со шверц. Подзаконските акти треба да ги напише Министерството за здравство, а министерот формира комисија од 5 члена која се грижи за издавање на дозволи и контрола на фирмите кои се занимаваат со медицински канабис. Законот е донесен пред точно 6 години, а иако подзаконските акти требало да се подготват за 30 дена, се уште ги нема. Отогаш се сменија 4-ца министри. Првиот подзаконски акт односно упатство за уништување на отпад од канабис е изготвен во ноември лани. И самиот тој документ има спорни работи, не е потпишан од никој и е противен на законот за управување со отпад кој е во ресорот животна средина. Дури овозможува голема дупка- односно смислува оригинален начин како фирмите кои одгледуваат канабис да се решат од отпадот со мал и низок процент на ТХЦ. Повеќе на КОД

The post Kако со правни дупки досега се украдени 4 тони легално набран медицински канабис appeared first on Република.

]]>