Битолски театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitolski-teatar/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 12:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Битолски театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitolski-teatar/ 32 32 Вечерва во Народниот театар во Битола премиерно ќе биде изведена претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-narodniot-teatar-vo-bitola-premierno-ke-bide-izvedena-pretstavata-povtornoto-obedinuvane-na-dvete-korei/ Thu, 28 Nov 2024 11:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=842705

Вечерва, во Народниот театар во Битола, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Померат, а во режија на Јуш Зидар.

Оваа провокативна драма ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.

Играат:
Иван Јерчиќ
Викторија Степановска Јанкуловска
Валентина Грамосли
Никола Стефанов

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова уникатно театарско патување!

The post Вечерва во Народниот театар во Битола премиерно ќе биде изведена претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во Народниот театар во Битола, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Померат, а во режија на Јуш Зидар. Оваа провокативна драма ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.   Играат: Иван Јерчиќ Викторија Степановска Јанкуловска Валентина Грамосли Никола Стефанов Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова уникатно театарско патување!

The post Вечерва во Народниот театар во Битола премиерно ќе биде изведена претставата „Повторното обединување на двете Кореи“ appeared first on Република.

]]>
Премиера на провокативната претстава „Повторното обединување на двете Кореи“ во Народен театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-provokativnata-pretstavata-povtornoto-obedinuvane-na-dvete-korei-vo-naroden-teatar-bitola/ Wed, 27 Nov 2024 11:45:11 +0000 https://republika.mk/?p=842244

„Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Поерат, во режија на Јуш Зидар е нов проект НУ Народен театар-Битола чија премиера е закажана за утревечер во 20 часот.

Младиот словенечки режисер првпат гостува во Битола, а најчесто работи со театрите во Љубљана, Марибор и Цеље. На сцената Зидар постави провокативна драма што ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.

На текстот му пристапивме крајно лично. Ние не изведуваме луѓе од високата француска буржоаска класа, тоа не е театар на ликови, туку за разоткривање на човечката несигурност, за потрага по делумни вистини во фрагментиран свет. Претставата е емотивно патување во длабочините на човечката интимност и потрагата по љубовта како вертикала која му дава смисла на краткото време од нашиот земен живот. Тоа е шоу што го остава отворен просторот на надворешната сценска слика да се доврши во имагинацијата на гледачот, посочи режисерот Зидар на денешната прес-конференција.

Во претставата настапуваат актерките Викторија Степановска Јанкуловска и Валентина Грамосли, како и актерите Никола Стефанов и Иван Јерчиќ.

Сметам дека направивме една нежна, суптилна претстава која на еден ненаметлив начин ја кани публиката да партиципира во создавањето на комплетната слика, доживување и реобмислување на сопствените чувства, стравови, живот...Оваа претстава ја доживувам како светло кое на дискретен начин од под затворена врата, продира од просцениумот кон публиката и која се надевам ќе разбуди силни чувства, истакна Јерчиќ.

„Повторното обединување на двете Кореи“ е петта премиерна претстава на битолскиот театар во 2024 година.

The post Премиера на провокативната претстава „Повторното обединување на двете Кореи“ во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>

„Повторното обединување на двете Кореи“ од Жоел Поерат, во режија на Јуш Зидар е нов проект НУ Народен театар-Битола чија премиера е закажана за утревечер во 20 часот. Младиот словенечки режисер првпат гостува во Битола, а најчесто работи со театрите во Љубљана, Марибор и Цеље. На сцената Зидар постави провокативна драма што ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.
На текстот му пристапивме крајно лично. Ние не изведуваме луѓе од високата француска буржоаска класа, тоа не е театар на ликови, туку за разоткривање на човечката несигурност, за потрага по делумни вистини во фрагментиран свет. Претставата е емотивно патување во длабочините на човечката интимност и потрагата по љубовта како вертикала која му дава смисла на краткото време од нашиот земен живот. Тоа е шоу што го остава отворен просторот на надворешната сценска слика да се доврши во имагинацијата на гледачот, посочи режисерот Зидар на денешната прес-конференција.
Во претставата настапуваат актерките Викторија Степановска Јанкуловска и Валентина Грамосли, како и актерите Никола Стефанов и Иван Јерчиќ.
Сметам дека направивме една нежна, суптилна претстава која на еден ненаметлив начин ја кани публиката да партиципира во создавањето на комплетната слика, доживување и реобмислување на сопствените чувства, стравови, живот...Оваа претстава ја доживувам како светло кое на дискретен начин од под затворена врата, продира од просцениумот кон публиката и која се надевам ќе разбуди силни чувства, истакна Јерчиќ.
„Повторното обединување на двете Кореи“ е петта премиерна претстава на битолскиот театар во 2024 година.  

The post Премиера на провокативната претстава „Повторното обединување на двете Кореи“ во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>
Се е подготвено за јубилејот: 80 години Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-e-podgotveno-za-jubilejot-80-godini-bitolski-teatar/ Wed, 13 Nov 2024 18:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=837338

По повод 80 години постоење на Битолскиот театар, на 14.11, четврток ансамблот на НТБ, ќе ја изведе претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева, Јован Ристовски. На денешната прес конференција директорот Васко Мавровски истакна дека пред премиерата ќе биде презентирано историското катче на НТБ, во кое децата и посетителите ќе можат да се запознаат со историјата на Битолскиот театар, воедно ја презентираше и програмата за одбележување на јубилејот.

„ Утре е најважниот ден за сите нас, за сите 69 вработени во Битолскиот театар. Морам да истакнам дека овие два месеци ми се најдинамичните и најемотивните. Во историското катче ја имаме трајната постановка, на дел од добиените награди и признанија за Битолскиот театар. Изложени се околу 200 од нив. Програмата започнува од 10 часот кога ќе биде положено цвеќе пред Споменикот пред Центарот за култура, во 19.30 ќе биде презентирана изложбата на 100 плакати, постери, каталози на Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески, посветени на претставите во НТБ. Повеќето од нив се оргинални, печатени во 70 тите и 80 тите години. Во меѓувреме публиката ќе има можност да ја слушне музиката на Бојаџиев за која на Стеријно позорје доби награда за најдобра музика и до ден денес е единствениот Македонец кој ја освоил таа награда. Музиката ќе биде пуштена на првиот плеер, касеташ кој го имал Битолскиот театар. Ќе биде изложен и печатарот со кој во 60-тите години се печателе плакатите“.
Тој ја најави и премиерата на 23.11, премиера на првата детска претстава во Битолскиот театар, „Снежана и седумте џуџиња“ во режија на Драгана Милошевска Попова, како подарок за детската публика, а кампањата „Театар за секој“ ќе продолжи и следната година. Тука е и промоцијата на Монографијата за театарот која ќе биде на 13 или 14 .12.
Претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“е составена од 3 дела во режија на Ристевска Петрушева, Ристовски и Мицевски.

„Симболично сакаме да кажеме дека театарот продолжува и после 80 годишнината, заеднички и обединето. Интересно е што во оваа едночинка се опишува константната промена на идентитетот на нашиот народ заради повеќе причини. Момент кој се провлекува низ нашата историја доста долго. Јас ја поставив оваа едночинка низ комедијата, иронијата и гротеската. Ѓоре кај мене е Александар Димитровски, а сите други актери се жени, па го опишуваме тој момент како жената се справува со промената на идентитетот и сите проблеми кои доаѓаат од таа промена. На крај гледаме како тие жени, народ, таа држава им пресудуваат на предавниците“, истакна Софија Ристевска Петрушева додавајќи дека единствено што е важно за секој човек е честа, моралот, лојалноста и солидарноста, а никој на крај не го почитува предавникот.
„Луѓето во таа 1944 живееле во едно друго време и со друга идеологија. 80 години потоа, овој народ не живее со иста идеологија. Порано сите се бореле за одредени вредности, она што денес недостига. Во мојот дел од претставата отворив прашања за оние делови од историјата, но и сегашноста кои Македонецот ги преќутува, оној дел кога се плашиме да ја изговориме вистината“, изјави Јован Ристовски.
Режисерот Мицевски истакна дека неговиот дел од претставата е повеќе документарен.
„Таа историја се повторува и ни се случува и во овој момент. Секоја вистина има повеќе вистини. Целиот проект го гледам како таков во потрага по тоа што е вистина, кои се наши херои, кои се наши предавници. Историјата треба да биде некаков учебник од кој ние ќе извлечеме поуки, кои ќе не носат во некој подобар и поубав свет. Она што ми е најважно е дека овој театар како прв во државата во континуитет до денес, изведува претстави на македонски јазик, дека и понатаму е еден од театрите кој може да изведе ваква претстава. Се надевам дека оваа претстава ќе остане како еден документ и инспирација за тоа што се овој театар може“.
Авторката и драматург Билјана Крајчевска истакна дека оваа едночинка од пред 80 години, го претставува политичкиот театар кој работи на самосвеста, претстава која го означува почетокот на културолошкиот, театарски идентитет на нашата земја.
„Денес децата размислуваат на странски јазик, не можеме да ги навикнеме да размислуваат на македонски, а секогаш не учеле за да знаеш некој јазик треба пред се да го знаеш сопствениот. Денес светот е отворен, зачувувањето на македонскиот јазик, нашето национално богатство, е од огромно значење.Треба да се зголеми творештвото на македонски, затоа што останува после нас само она што сме го создале. Секој човек во светот има идентитет, различноста е прекрасна, и затоа многу е важно да се сочува сопствениот идентитет“.
Јубилејот на Битолскиот театар, се одбележува е токму со првата претстава која се одиграла на македонски јазик во слободна Македонија, на 14 ноември, 1944 година, кога беше одиграна едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски. Во првото театарско јадро на овој град тогаш беа Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски,Славче Матевски, Георги Карев, Јован Бејко.На сцената ќе настапат актерки и актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, Андреј Папаз Ѓоргиевски, светло мајстор Игор Мицевски, Горан Петровски, тон мајстор Александар Димовски, шминка Стефанија Илиевски, видеооператор Владимир Переловски, автор на плакат Сашо Илковски, инспициент Димитар Михајловски. Со основањето на НУ Народен театар – Битола во 1944 година, почна процесот на основање на другите театри во земјава – во Скопје, Прилеп, Велес и во други македонски градови. Низ годините Битолскиот театар стана бренд кој со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, претставувајќи ги насекаде во светот.

The post Се е подготвено за јубилејот: 80 години Битолски театар appeared first on Република.

]]>

По повод 80 години постоење на Битолскиот театар, на 14.11, четврток ансамблот на НТБ, ќе ја изведе претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева, Јован Ристовски. На денешната прес конференција директорот Васко Мавровски истакна дека пред премиерата ќе биде презентирано историското катче на НТБ, во кое децата и посетителите ќе можат да се запознаат со историјата на Битолскиот театар, воедно ја презентираше и програмата за одбележување на јубилејот. „ Утре е најважниот ден за сите нас, за сите 69 вработени во Битолскиот театар. Морам да истакнам дека овие два месеци ми се најдинамичните и најемотивните. Во историското катче ја имаме трајната постановка, на дел од добиените награди и признанија за Битолскиот театар. Изложени се околу 200 од нив. Програмата започнува од 10 часот кога ќе биде положено цвеќе пред Споменикот пред Центарот за култура, во 19.30 ќе биде презентирана изложбата на 100 плакати, постери, каталози на Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески, посветени на претставите во НТБ. Повеќето од нив се оргинални, печатени во 70 тите и 80 тите години. Во меѓувреме публиката ќе има можност да ја слушне музиката на Бојаџиев за која на Стеријно позорје доби награда за најдобра музика и до ден денес е единствениот Македонец кој ја освоил таа награда. Музиката ќе биде пуштена на првиот плеер, касеташ кој го имал Битолскиот театар. Ќе биде изложен и печатарот со кој во 60-тите години се печателе плакатите“. Тој ја најави и премиерата на 23.11, премиера на првата детска претстава во Битолскиот театар, „Снежана и седумте џуџиња“ во режија на Драгана Милошевска Попова, како подарок за детската публика, а кампањата „Театар за секој“ ќе продолжи и следната година. Тука е и промоцијата на Монографијата за театарот која ќе биде на 13 или 14 .12. Претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“е составена од 3 дела во режија на Ристевска Петрушева, Ристовски и Мицевски. „Симболично сакаме да кажеме дека театарот продолжува и после 80 годишнината, заеднички и обединето. Интересно е што во оваа едночинка се опишува константната промена на идентитетот на нашиот народ заради повеќе причини. Момент кој се провлекува низ нашата историја доста долго. Јас ја поставив оваа едночинка низ комедијата, иронијата и гротеската. Ѓоре кај мене е Александар Димитровски, а сите други актери се жени, па го опишуваме тој момент како жената се справува со промената на идентитетот и сите проблеми кои доаѓаат од таа промена. На крај гледаме како тие жени, народ, таа држава им пресудуваат на предавниците“, истакна Софија Ристевска Петрушева додавајќи дека единствено што е важно за секој човек е честа, моралот, лојалноста и солидарноста, а никој на крај не го почитува предавникот. „Луѓето во таа 1944 живееле во едно друго време и со друга идеологија. 80 години потоа, овој народ не живее со иста идеологија. Порано сите се бореле за одредени вредности, она што денес недостига. Во мојот дел од претставата отворив прашања за оние делови од историјата, но и сегашноста кои Македонецот ги преќутува, оној дел кога се плашиме да ја изговориме вистината“, изјави Јован Ристовски. Режисерот Мицевски истакна дека неговиот дел од претставата е повеќе документарен. „Таа историја се повторува и ни се случува и во овој момент. Секоја вистина има повеќе вистини. Целиот проект го гледам како таков во потрага по тоа што е вистина, кои се наши херои, кои се наши предавници. Историјата треба да биде некаков учебник од кој ние ќе извлечеме поуки, кои ќе не носат во некој подобар и поубав свет. Она што ми е најважно е дека овој театар како прв во државата во континуитет до денес, изведува претстави на македонски јазик, дека и понатаму е еден од театрите кој може да изведе ваква претстава. Се надевам дека оваа претстава ќе остане како еден документ и инспирација за тоа што се овој театар може“. Авторката и драматург Билјана Крајчевска истакна дека оваа едночинка од пред 80 години, го претставува политичкиот театар кој работи на самосвеста, претстава која го означува почетокот на културолошкиот, театарски идентитет на нашата земја. „Денес децата размислуваат на странски јазик, не можеме да ги навикнеме да размислуваат на македонски, а секогаш не учеле за да знаеш некој јазик треба пред се да го знаеш сопствениот. Денес светот е отворен, зачувувањето на македонскиот јазик, нашето национално богатство, е од огромно значење.Треба да се зголеми творештвото на македонски, затоа што останува после нас само она што сме го создале. Секој човек во светот има идентитет, различноста е прекрасна, и затоа многу е важно да се сочува сопствениот идентитет“. Јубилејот на Битолскиот театар, се одбележува е токму со првата претстава која се одиграла на македонски јазик во слободна Македонија, на 14 ноември, 1944 година, кога беше одиграна едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски. Во првото театарско јадро на овој град тогаш беа Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски,Славче Матевски, Георги Карев, Јован Бејко.На сцената ќе настапат актерки и актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, Андреј Папаз Ѓоргиевски, светло мајстор Игор Мицевски, Горан Петровски, тон мајстор Александар Димовски, шминка Стефанија Илиевски, видеооператор Владимир Переловски, автор на плакат Сашо Илковски, инспициент Димитар Михајловски. Со основањето на НУ Народен театар – Битола во 1944 година, почна процесот на основање на другите театри во земјава – во Скопје, Прилеп, Велес и во други македонски градови. Низ годините Битолскиот театар стана бренд кој со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, претставувајќи ги насекаде во светот.

The post Се е подготвено за јубилејот: 80 години Битолски театар appeared first on Република.

]]>
Стоечки аплаузи за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stoechki-aplauzi-za-ekipata-na-bitolskiot-teatar-na-festivalot-vo-polska/ Tue, 08 Oct 2024 21:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=824353

„Уште еднаш, ме фасцинираа. Сценографијата, режијата, глумата не однесоа... до НЕБОТО“!, ова се дел од впечатоците на публиката во Бјалисток, Полска, по изведбата на претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, на Битолскиот театар. Имено тие беа дел од Интернационалниот фестивал „Direction east“, кој се одржуваше од 30.09 до 07.10.

Претставата е работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, кој е и автор на музиката. Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак. На изведбата во Бјалисток присуствуваа и Македонскиот амбасадор во Полска Јасмин Ќахил, директорот на Драмскиот театар, Пјотр Адам Пулторак, како и заменичката директорка Мартина Занеуска, кои после изведбата упатија пофални зборови за екипата на Битолскиот театар со кои имаат одлична долгогодишна соработка.
Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не.
Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска. Суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Димитар Михајловски. Дизајнер на видео: Сашо Илковски, светло-мајстор-Горан Петровски, тон-мајстор-Александар Димовски, автори на плакатот-Марјан Некаќ и Сашо Илковски, консултант за билијард: Игор Радичоски.

,,Хамлет-денот на убиствата“, претходно ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија, а беше дел и од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

The post Стоечки аплаузи за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска appeared first on Република.

]]>

„Уште еднаш, ме фасцинираа. Сценографијата, режијата, глумата не однесоа... до НЕБОТО“!, ова се дел од впечатоците на публиката во Бјалисток, Полска, по изведбата на претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, на Битолскиот театар. Имено тие беа дел од Интернационалниот фестивал „Direction east“, кој се одржуваше од 30.09 до 07.10. Претставата е работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, кој е и автор на музиката. Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак. На изведбата во Бјалисток присуствуваа и Македонскиот амбасадор во Полска Јасмин Ќахил, директорот на Драмскиот театар, Пјотр Адам Пулторак, како и заменичката директорка Мартина Занеуска, кои после изведбата упатија пофални зборови за екипата на Битолскиот театар со кои имаат одлична долгогодишна соработка. Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не. Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска. Суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Димитар Михајловски. Дизајнер на видео: Сашо Илковски, светло-мајстор-Горан Петровски, тон-мајстор-Александар Димовски, автори на плакатот-Марјан Некаќ и Сашо Илковски, консултант за билијард: Игор Радичоски. ,,Хамлет-денот на убиствата“, претходно ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија, а беше дел и од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.    

The post Стоечки аплаузи за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска appeared first on Република.

]]>
Битолски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов вечерва на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolski-teatar-premierno-ke-ja-izvede-pretstavata-galeb-od-a-p-chehov-vecherva-na-ohridsko-leto/ Mon, 22 Jul 2024 08:24:08 +0000 https://republika.mk/?p=799093

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува на 22 јули, на сцената „Долни Сарај“, каде што од 19:30 часот, Народниот театар – Битола премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов, во режија на Багријана Попов.

– Во оваа претстава, ја истражуваме улогата на езерото и на животната средина во корелација со животите на луѓето. Галебот прикажува една еколошка средина во која езерото, човечките односи, љубовта, животот и дивиот свет се меѓусебно поврзани и кревки. Млад човек живее покрај езеро, во провинции, изолиран. Тој сонува да биде уметник. Младата жена во која е вљубен, сонува да биде актерка. Неговата мајка е позната актерка. Нејзиниот љубовник е познат писател. Оваа прекрасна, нежна претстава нè води во светот на уметноста, љубовта, сонот за слава и болната реалност на животот – посочува режисерката Попов.

Како што потсетува таа, Чехов ја нарекол претставата комедија, но последниот момент е трагичен, со загубата на младиот Костја.

– Претставата ги наметнува прашањата: Како може да се избегне оваа загуба? Можеме ли подобро да се грижиме за луѓето и за природата? Со актерите од Битолскиот театар, го носиме галебот овде и сега, со езерото како централен карактер, суптилно влијаејќи на односите што се одвиваат околу него. Волшебната претстава на Чехов е љубовно писмо за животот, носејќи ја нашата свест до кршливост и потреба за грижа – додава таа.

Улогите во претставата ги толкуваат: Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а музиката ја напиша Александар Димовски.

Багријана Попов е наградувана театарска режисерка, драматург и актер. Соработувала со признати актери во Австралија и во Европа. Нејзината верзија на „Чичко Вања“ од Чехов, во продукција со „Ла Мама“, беше изведена со големи пофалби на фестивалот во Аделаида, во 2019 година. Багријана покажува длабок и траен интерес за драмите на Антон Чехов и ги има адаптирано и режирано неговите четири главни драми. Театарската адаптација на „Вишновата градина“, на „Прогрес и меланхолија“, освои три награди, меѓу кои и наградата за најдобра режија. Таа предава и режира во повеќе институции во Австралија, вклучувајќи ги западноавстралиската Академија за применети уметности, колеџот за уметности „Викторија“, Универзитетот во Тасманија, Универзитетот „Ла Троб“, Универзитетот „Чарлс Стурт“.

Претставата не е наменета за лица под 16-годишна возраст.

Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски

The post Битолски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува на 22 јули, на сцената „Долни Сарај“, каде што од 19:30 часот, Народниот театар – Битола премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов, во режија на Багријана Попов. – Во оваа претстава, ја истражуваме улогата на езерото и на животната средина во корелација со животите на луѓето. Галебот прикажува една еколошка средина во која езерото, човечките односи, љубовта, животот и дивиот свет се меѓусебно поврзани и кревки. Млад човек живее покрај езеро, во провинции, изолиран. Тој сонува да биде уметник. Младата жена во која е вљубен, сонува да биде актерка. Неговата мајка е позната актерка. Нејзиниот љубовник е познат писател. Оваа прекрасна, нежна претстава нè води во светот на уметноста, љубовта, сонот за слава и болната реалност на животот – посочува режисерката Попов. Како што потсетува таа, Чехов ја нарекол претставата комедија, но последниот момент е трагичен, со загубата на младиот Костја. – Претставата ги наметнува прашањата: Како може да се избегне оваа загуба? Можеме ли подобро да се грижиме за луѓето и за природата? Со актерите од Битолскиот театар, го носиме галебот овде и сега, со езерото како централен карактер, суптилно влијаејќи на односите што се одвиваат околу него. Волшебната претстава на Чехов е љубовно писмо за животот, носејќи ја нашата свест до кршливост и потреба за грижа – додава таа. Улогите во претставата ги толкуваат: Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а музиката ја напиша Александар Димовски. Багријана Попов е наградувана театарска режисерка, драматург и актер. Соработувала со признати актери во Австралија и во Европа. Нејзината верзија на „Чичко Вања“ од Чехов, во продукција со „Ла Мама“, беше изведена со големи пофалби на фестивалот во Аделаида, во 2019 година. Багријана покажува длабок и траен интерес за драмите на Антон Чехов и ги има адаптирано и режирано неговите четири главни драми. Театарската адаптација на „Вишновата градина“, на „Прогрес и меланхолија“, освои три награди, меѓу кои и наградата за најдобра режија. Таа предава и режира во повеќе институции во Австралија, вклучувајќи ги западноавстралиската Академија за применети уметности, колеџот за уметности „Викторија“, Универзитетот во Тасманија, Универзитетот „Ла Троб“, Универзитетот „Чарлс Стурт“. Претставата не е наменета за лица под 16-годишна возраст. Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски

The post Битолски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Претставата „Хамлет -денот на убиствата“ на битолски театар е избрана за најдобра претстава на ИНФАНТ фестивалот во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-hamlet-denot-na-ubistvata-na-bitolski-teatar-e-izbrana-za-najdobra-pretstava-na-infant-festivalot-vo-novi-sad/ Wed, 19 Jun 2024 08:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=788954

Жирито на 51. ИНФАНТ фестивал, во состав Јована Балашевиќ - актерка, Јелена Радовиќ - сценограф и Милован Филиповиќ - актер, едногласно одлучи да ја додели наградата – за најдобра претставата на Народен театар Битола за претставата „Хамлет - денот на убиствата“ од Колтес, во режија на Марјан Неќак.

Едноставноста и прецизноста на режисерската постапка, синхронизирана и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативна и смислено намалена и конкретна, сето тоа го прави битолскиот Хамлет, комплетна и вредна претстава, во духот и традиција на овој фестивал, стои во образложението на за најдобрата претстава во изведна на битолскиот театар.

The post Претставата „Хамлет -денот на убиствата“ на битолски театар е избрана за најдобра претстава на ИНФАНТ фестивалот во Нови Сад appeared first on Република.

Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-go-zapochnuva-chestvuvaneto-na-80-rodenden-so-vecherashnata-pretstava-na-dnoto-na-okeanot-postojat-nekoi-svetovi/ Wed, 12 Jun 2024 17:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=786797

Со претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска, на 12 јуни започнува серија гостувања на театри од земјата и од регионот со кои ќе се чествува 80. роденден на најстариот театар во Македонија, Битолскиот театар. Како што велат оттаму, ова чествување ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември.

„Претставата ‘На дното на океанот постојат некакви светови’ ги освојува срцата на публиката повеќе од една година во Хрватска и го потврдува статусот на овој независен театар како простор на храбар алтернативен театарски израз, кој обработува теми за кои повеќето молчат“, посочуваат од Битолскиот театар.

Овој авторски проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, во соработка со актерите Анита Матиќ и Франо Машковиќ и драматургот Оља Лозица, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33. Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ-Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога…

Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разидување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот.

„Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица.

Театарскиот колектив на „Артерариј“ ни носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката.

„Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот театар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“, вели режисерот Романо Николиќ.

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска, на 12 јуни започнува серија гостувања на театри од земјата и од регионот со кои ќе се чествува 80. роденден на најстариот театар во Македонија, Битолскиот театар. Како што велат оттаму, ова чествување ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември. „Претставата ‘На дното на океанот постојат некакви светови’ ги освојува срцата на публиката повеќе од една година во Хрватска и го потврдува статусот на овој независен театар како простор на храбар алтернативен театарски израз, кој обработува теми за кои повеќето молчат“, посочуваат од Битолскиот театар. Овој авторски проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, во соработка со актерите Анита Матиќ и Франо Машковиќ и драматургот Оља Лозица, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33. Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ-Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога… Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разидување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот. „Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица. Театарскиот колектив на „Артерариј“ ни носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката. „Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот театар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“, вели режисерот Романо Николиќ.  

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>
Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден на најстариот театар во Македонија со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-go-zapochnuva-chestvuvaneto-na-80-rodenden-na-najstariot-teatar-vo-makedonija-so-pretstavata-na-dnoto-na-okeanot-postojat-nekoi-svetovi/ Sun, 19 May 2024 11:13:12 +0000 https://republika.mk/?p=779764

Со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“, Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80-тиот роденден на најстариот театар во Македонија, кое ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември годинава.

Претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска ќе биде изведена на 12 јуни. Автор е Романо Николиќ, драматург Оља Лозица а актери се Анита Макиќ Делиќ и Фрањо Мешковиќ.

Овој авторскиот проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33-ти Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога.

Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разијдување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот.

„Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’ʻ“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица.

Театарскиот колектив на „Артерариј“ носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката. Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот тетар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“ – вели режисерот Романо Николиќ.

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден на најстариот театар во Македонија со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“, Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80-тиот роденден на најстариот театар во Македонија, кое ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември годинава. Претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска ќе биде изведена на 12 јуни. Автор е Романо Николиќ, драматург Оља Лозица а актери се Анита Макиќ Делиќ и Фрањо Мешковиќ. Овој авторскиот проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33-ти Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога. Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разијдување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот. „Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’ʻ“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица. Театарскиот колектив на „Артерариј“ носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката. Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот тетар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“ – вели режисерот Романо Николиќ.

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден на најстариот театар во Македонија со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Вујко Вања“ во Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-vujko-vana-vo-bitolski-teatar/ Fri, 26 Jan 2024 08:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=736987

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена „Благој Стефановски-Баге“, премиерно ќе ја изведе претставата „Вујко Вања“ работена според текстот на Антон Павлович Чехов, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Драмската приказна „Вујко Вања“ се одвива во руско село, во имотот на еден пензиониран универзитетски професор. Четирите чина се детерминантите што раскажуваат за времето на расплетот на драмската приказна.

Трагедијата на староста не е во тоа што човек старее, туку во тоа што станува млад по душа и сака на секој начин да живее. А живеењето е најретката работа на светот. Повеќето луѓе само постојат. И се оттуѓуваат. Така и ликовите се визуелни и костимографски детерминирани. Инакви. Со кореографија и музика која ја раскажуваат атмосферата на големиот број „чеховски паузи“, што ем имаат уметнички ефект, ем тој говор на тишината станува многу поелоквентен, произлегувајќи од потребата да се размислува за отуѓеноста и да се најде одговор кој би бил едноставен, дефинитивен...Единствениот начин да се спротивставиш на самотијата до којашто довела староста, и отуѓеноста е желбата, надежта, посочи Билјана Крајчевска, драматург на претставата.

Главната улога во „Вујко Вања“, ликот на вујко Вања го толкува првенецот на битолскиот театар Петар Горко, а во претставата ќе настапат и Александар Димитровски, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска-Дранговска, Марија Стефановска, Никола Пројчевски и Валентин Дамчевски.

The post Премиера на „Вујко Вања“ во Битолски театар appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена „Благој Стефановски-Баге“, премиерно ќе ја изведе претставата „Вујко Вања“ работена според текстот на Антон Павлович Чехов, во режија на Софија Ристевска Петрушева. Драмската приказна „Вујко Вања“ се одвива во руско село, во имотот на еден пензиониран универзитетски професор. Четирите чина се детерминантите што раскажуваат за времето на расплетот на драмската приказна.
Трагедијата на староста не е во тоа што човек старее, туку во тоа што станува млад по душа и сака на секој начин да живее. А живеењето е најретката работа на светот. Повеќето луѓе само постојат. И се оттуѓуваат. Така и ликовите се визуелни и костимографски детерминирани. Инакви. Со кореографија и музика која ја раскажуваат атмосферата на големиот број „чеховски паузи“, што ем имаат уметнички ефект, ем тој говор на тишината станува многу поелоквентен, произлегувајќи од потребата да се размислува за отуѓеноста и да се најде одговор кој би бил едноставен, дефинитивен...Единствениот начин да се спротивставиш на самотијата до којашто довела староста, и отуѓеноста е желбата, надежта, посочи Билјана Крајчевска, драматург на претставата.
Главната улога во „Вујко Вања“, ликот на вујко Вања го толкува првенецот на битолскиот театар Петар Горко, а во претставата ќе настапат и Александар Димитровски, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска-Дранговска, Марија Стефановска, Никола Пројчевски и Валентин Дамчевски.

The post Премиера на „Вујко Вања“ во Битолски театар appeared first on Република.

]]>
Битолскиот театар гостува на Фестивал на актерот во Никшиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolskiot-teatar-gostuva-na-festival-na-akterot-vo-nikshik/ Wed, 08 Nov 2023 08:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=699376

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе настапи на меѓународниот Фестивал на актерот кој се одржува во црногорскиот град Никшиќ.

Во претставата „Брод за кукли“ настапуваат актерките и актерите Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ, е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки, потсетуваат од Народен театар-Битола во пресрет на вечерашниот настап во Никшиќ.

Во натпреварувачката програма на меѓународниот Фестивал на актерот, освен НУ Народен театар-Битола, учествуваат Народен театар-Сараево, Народен театар-Белград, Центар за култура-Тиват и Народен театар-Бања Лука.

Фестивалот на актерот во Никшиќ годинава се одржува под мотото „Така е (ако така ви се чини)“.

The post Битолскиот театар гостува на Фестивал на актерот во Никшиќ appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе настапи на меѓународниот Фестивал на актерот кој се одржува во црногорскиот град Никшиќ. Во претставата „Брод за кукли“ настапуваат актерките и актерите Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.
Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ, е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки, потсетуваат од Народен театар-Битола во пресрет на вечерашниот настап во Никшиќ.
Во натпреварувачката програма на меѓународниот Фестивал на актерот, освен НУ Народен театар-Битола, учествуваат Народен театар-Сараево, Народен театар-Белград, Центар за култура-Тиват и Народен театар-Бања Лука. Фестивалот на актерот во Никшиќ годинава се одржува под мотото „Така е (ако така ви се чини)“.  

The post Битолскиот театар гостува на Фестивал на актерот во Никшиќ appeared first on Република.

]]>
Нова премиера на Битолски театар: „Море на тишината“ вечерва пред љубителите на театарската уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nova-premiera-na-bitolski-teatar-more-na-tishinata-vecherva-pred-lubitelite-na-teatarskata-umetnost/ Tue, 01 Aug 2023 08:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=667486

„Море на тишината“ во режија на Оља Лозица и по текст на Романо Николиќ и Оља Лозица, е новата премиера на Битолскиот театар која љубителите на театарската уметност ќе можат да ја проследат вечерва (1 август) во 20 часот.

“Следнава приказна ја има несреќата да биде едноставно вистинита (има една мана – вистинска е). Но, за да биде вистинита, на начинот на којшто главната хероина на оваа приказна сонува-оваа приказна мора да биде прераскажана на хрватски, српски, македонски, албански, романски, бугарски, турски, грчки….всушност, на мешавина од сите овие и други јазици, заедно. Тогаш, според логиката на судбоносното патување, на крајот од оваа изведба (претстава), наеднаш во главите на сите присутни слушатели, поточно гледачи, во главите ќе им светнат фактите од кои започна сѐ…Се роди девојче!“, стои во кратката најава на претставата.

Композитор на музиката е Матко Ботиќ, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Андреј Ѓорѓиевски…

Во претставата играат Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Катерина Аневска – Дранговска, Марија Стефановска, Сандра Грибовска – Илиевска, Петар Спировски, Александар Димитровски, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски и Никола Стефанов.

The post Нова премиера на Битолски театар: „Море на тишината“ вечерва пред љубителите на театарската уметност appeared first on Република.

]]>

„Море на тишината“ во режија на Оља Лозица и по текст на Романо Николиќ и Оља Лозица, е новата премиера на Битолскиот театар која љубителите на театарската уметност ќе можат да ја проследат вечерва (1 август) во 20 часот. “Следнава приказна ја има несреќата да биде едноставно вистинита (има една мана – вистинска е). Но, за да биде вистинита, на начинот на којшто главната хероина на оваа приказна сонува-оваа приказна мора да биде прераскажана на хрватски, српски, македонски, албански, романски, бугарски, турски, грчки….всушност, на мешавина од сите овие и други јазици, заедно. Тогаш, според логиката на судбоносното патување, на крајот од оваа изведба (претстава), наеднаш во главите на сите присутни слушатели, поточно гледачи, во главите ќе им светнат фактите од кои започна сѐ…Се роди девојче!“, стои во кратката најава на претставата. Композитор на музиката е Матко Ботиќ, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Андреј Ѓорѓиевски… Во претставата играат Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Катерина Аневска – Дранговска, Марија Стефановска, Сандра Грибовска – Илиевска, Петар Спировски, Александар Димитровски, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски и Никола Стефанов.

The post Нова премиера на Битолски театар: „Море на тишината“ вечерва пред љубителите на театарската уметност appeared first on Република.

]]>
Костадиновска- Стојчевска: Моја Битола била и останува еден од највлијателните театарски центри во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-moja-bitola-bila-i-ostanuva-eden-od-najvlijatelnite-teatarski-tsentri-vo-zemjava/ Sat, 17 Jun 2023 09:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=652390

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, синоќа ја врачи наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола која е прогласена за најдобро уметничко остварување во целина на 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Вечерта беше во знакот на наградените, кои годинава ги добија признанијата од меѓународно жири, а за најдобра претстава со вкупно пет награди беше прогласена претставата на Народниот театар од Битола „My Name is Medeja“. Mинистерката Костадиновска-Стојчевска изјави:„ Честитки за мојот Битолски театар за победата на 57.МТФ 'Војдан Чернодрински' во Прилеп, за триумфот со кој битолскиот ансамбл го потврдува високиот квалитет и континуитет во својата работа. Искрено им честитам на наградените, за најдобра режија- на Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога- на Илина Чоревска , за најдобра музика- за Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал- на Сашо Илковски, со што потврдија дека моја Битола била и останува еден од највлијателните театарски центри во земјава“.

Костадиновска-Стојчевска во вечерта посветена на годинешните лауреати, им ги честиташе наградите на сите кои годинава оставија белег во натпреварувачката селекција, меѓу кои е екипата на скопскиот Драмски театар  и на претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, која исто така освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизода за Емилија Мицевска.

Министерката ги поздрави и не помалку вредните остварувањата кои ги препозна меѓународното жири и за Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и за наградите што ги добија Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“, и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Свечена вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад. Се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

The post Костадиновска- Стојчевска: Моја Битола била и останува еден од највлијателните театарски центри во земјава appeared first on Република.

Гостувањето на Битолскиот театар е патоказ за идната соработка и за зближување на културите на двете земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gostuvaneto-na-bitolskiot-teatar-e-patokaz-za-idnata-sorabotka-i-za-zblizhuvane-na-kulturite-na-dvete-zemji/ Thu, 11 May 2023 12:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=639719

Со силен аплауз и повеќеминутни овации беше поздравена изведбата на претставата на Битолскиот театар, „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, вчеравечер на сцената на Народниот театар во Тирана, Албанија.

Претставата ја проследија министерките за култура на Македонија и на Албанија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити. Ова е прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија по повеќе од 30 години, овојпат реализирано со поддршка од Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и директорот Златко Ориѓански.

„Ова триумфално гостување на ансамблот на Битолскиот театар во Тирана е значаен настан за соработката во сферата на театарот и на културата меѓу двете земји. Македонскиот јазик со актуелен театарски израз прозвучи пред преполниот салон на главната театарска сцена во соседна Албанија, а нашата продукција беше пречекана со искрени емоции, со комплименти и големо пријателство.

Сета атмосфера на отвореност и свеченост за нас претставува потврда за квалитетот на екипата од  ’Артуро Уи‘, но е и патоказ кон идните можни начини за соработка во културата. Овој настан ни ги покажува бескрајните можности што се пред нас во насока на зближување и запознавање на културите меѓу двата народа и за креирањето побогата културна слика на овој дел од Балканот“, рече министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска.

Во претставата на режисерот Кендрим Ријани, асистент на режија е Јован Ристовски, драматург е Билјана Крајчевска, сценограф е Валентин Светозарев, а композитор е Тимор Доми.

Честитките и аплаузот отидоа кај актерите: Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска- Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.

Костимограф на оваа и на многу други претстави на Битолскиот театар, автор со европска кариера, е Благој Мицевски. Дел од неговите креации се изложени во македонскиот КИЦ во Тирана како дел од овој театарски настан во Албанија.

The post Гостувањето на Битолскиот театар е патоказ за идната соработка и за зближување на културите на двете земји appeared first on Република.

Во битолскиот театар вечерва премиера на претставата „Пратеникот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitolskiot-teatar-vecherva-premiera-na-pretstavata-pratenikot/ Sat, 22 Oct 2022 09:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=564236

Вечерва во 20 часот, во театарот во Битола ќе се одигра премиерата на најновата театарска претстава Пратеникот, направена по пиесата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во продукција на Интимен Театар од Битола.

Во претставата играат: Катерина Аневска Дранговска, Валентин Дамчевски и Борис Богдановски. Композитор на оригиналната музика е Александар Талевски, а дизајнот на светлото го направи Горан Петровски. Костимограф е Валентин Дамчевски и „DRAMA - 3/4 by Jasmina“. Фотографиите и дизајнот се на Гоце Веселиновски.

Премиерата на оваа претстава ќе се одигра на голема сцена во Народниот театар Битола.

„Пратеникот“ е претстава за љубовта во време на либерален капитализам. Претстава за борбата на емоционалната човечка природа, со притисоците на општествениот систем што дехуманизира. Претстава за злото во нас, што секогаш не претвора во чудовишта. Претстава за исконската потреба на човекот да доминира, да победува и да покорува. Претстава за тагата и за бесмислата, и во исто време претстава за надежта. „Пратеникот“ е емоционално и рационално патување низ нашата желба да бидеме среќни - велат од битолскиот театар.

The post Во битолскиот театар вечерва премиера на претставата „Пратеникот“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот, во театарот во Битола ќе се одигра премиерата на најновата театарска претстава Пратеникот, направена по пиесата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во продукција на Интимен Театар од Битола. Во претставата играат: Катерина Аневска Дранговска, Валентин Дамчевски и Борис Богдановски. Композитор на оригиналната музика е Александар Талевски, а дизајнот на светлото го направи Горан Петровски. Костимограф е Валентин Дамчевски и „DRAMA - 3/4 by Jasmina“. Фотографиите и дизајнот се на Гоце Веселиновски. Премиерата на оваа претстава ќе се одигра на голема сцена во Народниот театар Битола.
„Пратеникот“ е претстава за љубовта во време на либерален капитализам. Претстава за борбата на емоционалната човечка природа, со притисоците на општествениот систем што дехуманизира. Претстава за злото во нас, што секогаш не претвора во чудовишта. Претстава за исконската потреба на човекот да доминира, да победува и да покорува. Претстава за тагата и за бесмислата, и во исто време претстава за надежта. „Пратеникот“ е емоционално и рационално патување низ нашата желба да бидеме среќни - велат од битолскиот театар.

The post Во битолскиот театар вечерва премиера на претставата „Пратеникот“ appeared first on Република.

]]>
Почина актерката на Битолски театар Јулијана Стефанова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-akterkata-na-bitolski-teatar-julijana-stefanova/ Mon, 03 Oct 2022 18:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=556990

По кратко боледување, на 61-годишна возраст почина актерката Јулијана Стефанова, која целиот работен век беше вработена во Народниот театар - Битола.

Стефанова играше во многу претстави, а јавноста најмногу ја паенти во „Аудиција“, „Аждер“, „Малограѓанска свадба“...

Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар, објави Народен театар Битола.

The post Почина актерката на Битолски театар Јулијана Стефанова appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување, на 61-годишна возраст почина актерката Јулијана Стефанова, која целиот работен век беше вработена во Народниот театар - Битола. Стефанова играше во многу претстави, а јавноста најмногу ја паенти во „Аудиција“, „Аждер“, „Малограѓанска свадба“...
Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар, објави Народен театар Битола.
 
The post Почина актерката на Битолски театар Јулијана Стефанова appeared first on Република.

]]>
Интимна модерна анти-бајка одиграа актерите на Народниот театар Битола на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/intimna-moderna-anti-bajka-odigraa-akterite-na-narodniot-teatar-bitola-na-ohridsko-leto/ Sun, 17 Jul 2022 14:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=530348

Интимна модерна анти-бајка, духовита и истовремено сурова, одиграа актерите на Народниот театар Битола вчеравечер во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.

Носејќи ја театарската претстава „Демони“ на текст од Ларс Норен, а во режија на Васил Христов, актерите Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров одглумија  две двојки-сопружници преку кои ги извадија на површина скриените внатрешни демони што постојат во човекот.

Илина Чоревска ја играше улогата на Катарина, жената којашто се повлекла во својот свет и  живее со сопругот кого го сака неизмерно за да го убие  на крајот.

На почетокот бев скептична бидејќи скандинавските автори не одговараат на мојот сензибилитет, но кога го прочитав делото, морам да признам дека се воодушевив. Се работи за текст којшто е автентичен и говори за времето во кое Ларс Норен го напишал, но и за времето во кое живееме ние. Текстот звучи ултрамодерно. Се занимава со машко-женските односи, со љубовта која често е невозвратена, со омразата кон жените..., појаснува актерката Чоревска.

Директорот на Народниот театар Битола, Иван Јерчиќ, вели дека актерите  од овој театарски ансамбл секогаш со голема радост учествуваат на „Охридско лето“, но годинава доаѓаат со камерна претстава, малку поинаква од оние кои претходно ги одиграле пред фестивалската публика.

„Демони“ е една исклучителна претстава која говори точно за нашето време и за два млади брачни парови кои живеат во иста зграда и се борат со своите сопствени демони. Чисто актерска претстава без многу сценографија. Инаку, покрај одобрените проекти од страна на министерството за култура, работиме уште неколку други  претстави со сопствени средства. Капацитетот го вративме на сто отсто. На моја среќа, публиката  се врати во театарот и некако го премостивме периодот на пандемија, додава директорот Јерчиќ.

Ова е прва соработка на Битолскиот народен театар со режисерот Васил Христов за кого битолските актери велат дека го сработил делото суптилно исто како и авторот на текстот.

Ова е моја прва соработка со Битолскиот народен театар и со фестивалот „Охридско лето“. Поради  постпандемиските проблеми се оддолжи  целиот процес, но ете, со задоволство го завршивме и сум презадоволен  од соработката со Народниот театар Битола и со фестивалот „Охридско лето“, појаснува режисерот Христов.

Текстот на „Демони“ е напишан во 1982 година од страна еден од најголемите шведски драмски автори Ларс Норен и кај нас првпат се поставува  токму преку режисерот Христов и Битолскиот театар.

The post Интимна модерна анти-бајка одиграа актерите на Народниот театар Битола на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Интимна модерна анти-бајка, духовита и истовремено сурова, одиграа актерите на Народниот театар Битола вчеравечер во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“. Носејќи ја театарската претстава „Демони“ на текст од Ларс Норен, а во режија на Васил Христов, актерите Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров одглумија  две двојки-сопружници преку кои ги извадија на површина скриените внатрешни демони што постојат во човекот. Илина Чоревска ја играше улогата на Катарина, жената којашто се повлекла во својот свет и  живее со сопругот кого го сака неизмерно за да го убие  на крајот.
На почетокот бев скептична бидејќи скандинавските автори не одговараат на мојот сензибилитет, но кога го прочитав делото, морам да признам дека се воодушевив. Се работи за текст којшто е автентичен и говори за времето во кое Ларс Норен го напишал, но и за времето во кое живееме ние. Текстот звучи ултрамодерно. Се занимава со машко-женските односи, со љубовта која често е невозвратена, со омразата кон жените..., појаснува актерката Чоревска.
Директорот на Народниот театар Битола, Иван Јерчиќ, вели дека актерите  од овој театарски ансамбл секогаш со голема радост учествуваат на „Охридско лето“, но годинава доаѓаат со камерна претстава, малку поинаква од оние кои претходно ги одиграле пред фестивалската публика.
„Демони“ е една исклучителна претстава која говори точно за нашето време и за два млади брачни парови кои живеат во иста зграда и се борат со своите сопствени демони. Чисто актерска претстава без многу сценографија. Инаку, покрај одобрените проекти од страна на министерството за култура, работиме уште неколку други  претстави со сопствени средства. Капацитетот го вративме на сто отсто. На моја среќа, публиката  се врати во театарот и некако го премостивме периодот на пандемија, додава директорот Јерчиќ.
Ова е прва соработка на Битолскиот народен театар со режисерот Васил Христов за кого битолските актери велат дека го сработил делото суптилно исто како и авторот на текстот.
Ова е моја прва соработка со Битолскиот народен театар и со фестивалот „Охридско лето“. Поради  постпандемиските проблеми се оддолжи  целиот процес, но ете, со задоволство го завршивме и сум презадоволен  од соработката со Народниот театар Битола и со фестивалот „Охридско лето“, појаснува режисерот Христов.
Текстот на „Демони“ е напишан во 1982 година од страна еден од најголемите шведски драмски автори Ларс Норен и кај нас првпат се поставува  токму преку режисерот Христов и Битолскиот театар.  

The post Интимна модерна анти-бајка одиграа актерите на Народниот театар Битола на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Битолски театар вечерва со „Демони“ на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolski-teatar-vecherva-so-demoni-na-ohridsko-leto/ Sat, 16 Jul 2022 14:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=530017

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов, а во изведба на НУ Народен театар – Битола.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и е наменета за целата публика.

Улогите ги играат Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски

„Демони“ напишана во 1982 година e црна комедија, во која преку комбинација на хумор и моќен емоционален/психолошки импакт се трага по нови форми на експресија.  Дијалогот  инсистира на луд ритам и гради возбудлива музикалност. Духовита и сурова, во исто време. „Демони“ е драма за човечките доблести и несовршености, за љубовта и омразата.

Две двојки - сопружници, живеат во иста зграда, во стан еден над друг, се среќаваат, ги испреплетувааат своите животни приказни, состојби, тајни, двојби, ги исфрлаат на површина скриените внатрешни демони.

Ларс Норен е најголемиот шведски драмски автор по Аугуст Стриндберг, кај нас првпат поставен во театарски простор во режија на Васил Христов, во изведба на актерската екипа од НУ Битолски театар.

Васил Христов е самостоен театарски, филмски и телевизиски  режисер со повеќе од 30 години работно искуство. Роден е во Скопје, Македонија. Има завршено театарска и радио режија на Универзитетот за уметности, Факултетот за драмски уметности во Белград. Своето образование го продолжил во Холандија каде што студирал на магистерските студии за филм и телевизија на Универзитетот во Амстердам а потоа и на постдипломската програма за филмски режисери на Филмскиот институт „Мауриц Бингер“. Во својата досегашна работа како театарски режисер, тој ги режира претставите: „Мара Сад“ од Питер Вајс, „Темпирана опера“ по негова драматизација, „Обзрни се во гневот“ на Џон Озборн, „Роденден“ од Харлод Пинтер, „Денови од нашиот живот“ од Леонид Андреев, сите во Македонскиот народен театар; потоа „Крал Иби“ според Алфред Жари и Вилијам Шекспир во Драмскиот театар; во Театарот на народностите, Турска драма претставите: „Будење на пролетта“ од Франк Ведекин, „Три сестри“ од Чехов и „Тетовирани души“ од Горан Стефановски; во СКЦ Белград – „Виктор или деца на власт“ од Роже Витрак, „Најубавата девојка на светот“ според романот на Чарлс Буковски и уште многу други. Тој е еден од основачите на независниот театар – Вондерленд театар- Скопје во кој ги има направено претставите: „Девојката и смртта“ од Ариел Дорфман  и „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс.

Васил е режисер на долгометражниот игран филм „Еј!” како и на повеќе кратки филмови, документарци, реклами, телевизиски серии. За краткиот филм „Писмо“ има добиено награда за најдобра режија на фестивалот Браќа Манаки како и Silver Remi награда за најдобар филм на Worldfest Houston. Неговиот краток филм „Судија“ е награден за најдобра режија на Science and Technology Film Festival Toronto. Во својата кариера има напишано повеќе сценарија, а работел и како предавач на SAE Institute Amsterdam и NHL Leeuwarden.

The post Битолски театар вечерва со „Демони“ на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов, а во изведба на НУ Народен театар – Битола. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и е наменета за целата публика. Улогите ги играат Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски „Демони“ напишана во 1982 година e црна комедија, во која преку комбинација на хумор и моќен емоционален/психолошки импакт се трага по нови форми на експресија.  Дијалогот  инсистира на луд ритам и гради возбудлива музикалност. Духовита и сурова, во исто време. „Демони“ е драма за човечките доблести и несовршености, за љубовта и омразата. Две двојки - сопружници, живеат во иста зграда, во стан еден над друг, се среќаваат, ги испреплетувааат своите животни приказни, состојби, тајни, двојби, ги исфрлаат на површина скриените внатрешни демони. Ларс Норен е најголемиот шведски драмски автор по Аугуст Стриндберг, кај нас првпат поставен во театарски простор во режија на Васил Христов, во изведба на актерската екипа од НУ Битолски театар. Васил Христов е самостоен театарски, филмски и телевизиски  режисер со повеќе од 30 години работно искуство. Роден е во Скопје, Македонија. Има завршено театарска и радио режија на Универзитетот за уметности, Факултетот за драмски уметности во Белград. Своето образование го продолжил во Холандија каде што студирал на магистерските студии за филм и телевизија на Универзитетот во Амстердам а потоа и на постдипломската програма за филмски режисери на Филмскиот институт „Мауриц Бингер“. Во својата досегашна работа како театарски режисер, тој ги режира претставите: „Мара Сад“ од Питер Вајс, „Темпирана опера“ по негова драматизација, „Обзрни се во гневот“ на Џон Озборн, „Роденден“ од Харлод Пинтер, „Денови од нашиот живот“ од Леонид Андреев, сите во Македонскиот народен театар; потоа „Крал Иби“ според Алфред Жари и Вилијам Шекспир во Драмскиот театар; во Театарот на народностите, Турска драма претставите: „Будење на пролетта“ од Франк Ведекин, „Три сестри“ од Чехов и „Тетовирани души“ од Горан Стефановски; во СКЦ Белград – „Виктор или деца на власт“ од Роже Витрак, „Најубавата девојка на светот“ според романот на Чарлс Буковски и уште многу други. Тој е еден од основачите на независниот театар – Вондерленд театар- Скопје во кој ги има направено претставите: „Девојката и смртта“ од Ариел Дорфман  и „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс. Васил е режисер на долгометражниот игран филм „Еј!” како и на повеќе кратки филмови, документарци, реклами, телевизиски серии. За краткиот филм „Писмо“ има добиено награда за најдобра режија на фестивалот Браќа Манаки како и Silver Remi награда за најдобар филм на Worldfest Houston. Неговиот краток филм „Судија“ е награден за најдобра режија на Science and Technology Film Festival Toronto. Во својата кариера има напишано повеќе сценарија, а работел и како предавач на SAE Institute Amsterdam и NHL Leeuwarden.  

The post Битолски театар вечерва со „Демони“ на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
„Демони“ во режија на Васил Христов вечерва на сцената на Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/demoni-vo-rezija-na-vasil-hristov-vecherva-na-scenata-na-bitolski-teatar/ Wed, 01 Jun 2022 08:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=509626

Претставата „Демони“ во режија на Васил Христов вечерва во 20 часот ќе биде одиграна на сцената на Битолски театар.

Претстава говори за длабоки интимни меѓучовечки односи, за домашното насилство, мизогинијата, траумите, загубата... љубовта...

Ве очекуваме утре 01.06 во 20.00ч да бидете со нас и да ја погледнете!
местата се со ограничен број па резервирајте навреме,
работно време на билетарата на НТБ од 18.00 до 20.00 часот.

The post „Демони“ во режија на Васил Христов вечерва на сцената на Битолски театар appeared first on Република.

]]>

Претставата „Демони“ во режија на Васил Христов вечерва во 20 часот ќе биде одиграна на сцената на Битолски театар. Претстава говори за длабоки интимни меѓучовечки односи, за домашното насилство, мизогинијата, траумите, загубата... љубовта...
Ве очекуваме утре 01.06 во 20.00ч да бидете со нас и да ја погледнете! местата се со ограничен број па резервирајте навреме, работно време на билетарата на НТБ од 18.00 до 20.00 часот.

The post „Демони“ во режија на Васил Христов вечерва на сцената на Битолски театар appeared first on Република.

]]>
Премиера на претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт вечерва во Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-pretstavata-arturo-ui-od-bertold-breht-vecherva-vo-bitolski-teatar/ Fri, 06 May 2022 15:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=498679

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Артуро Уи" од Бертолт Брехт, во режија на Кендрим Ријани.

Во изјава за медиумите режисерот Кендрим Ријани посочи дека „Артуро Уи" е негова прва претстава на македонски јазик и со задоволство режира во Битола во, како што рече, „театарот со авангардна естетика".

Богата е историјата на битолскиот Театар. Тука режирале бројни големи режисери од државата и надвор од неа, своите почетоци ги имале токму во овој театар и затоа среќен сум што сум тука и што го работев Бертолт Брехт во мојата прва претстава на македонски јазик. Претставата „Артуро Уи" е една од најфамозните на 20-от век, поставувана во многу свестски театри, а сега на мое задоволство и во Битола. Цела претстава ја изработивме според „методот" на Брехт и верувам дека публиката ќе ужива во улогите на актерите во претставата, рече режисерот Ријани.

Во претставата „Артуро Уи" настапуваат актерите Илина Чореска, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, асистент на режија Јован Ристовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, а композитор Тимор Доми.

Премиерната изведба на „Артуро Уи" од Бертолт Брехт во режија на Кендрим Ријани е закажана за 6 мај на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге" во Битола.

The post Премиера на претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт вечерва во Битолски театар appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Артуро Уи" од Бертолт Брехт, во режија на Кендрим Ријани.

Во изјава за медиумите режисерот Кендрим Ријани посочи дека „Артуро Уи" е негова прва претстава на македонски јазик и со задоволство режира во Битола во, како што рече, „театарот со авангардна естетика".
Богата е историјата на битолскиот Театар. Тука режирале бројни големи режисери од државата и надвор од неа, своите почетоци ги имале токму во овој театар и затоа среќен сум што сум тука и што го работев Бертолт Брехт во мојата прва претстава на македонски јазик. Претставата „Артуро Уи" е една од најфамозните на 20-от век, поставувана во многу свестски театри, а сега на мое задоволство и во Битола. Цела претстава ја изработивме според „методот" на Брехт и верувам дека публиката ќе ужива во улогите на актерите во претставата, рече режисерот Ријани.
Во претставата „Артуро Уи" настапуваат актерите Илина Чореска, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, асистент на режија Јован Ристовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, а композитор Тимор Доми. Премиерната изведба на „Артуро Уи" од Бертолт Брехт во режија на Кендрим Ријани е закажана за 6 мај на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге" во Битола.

The post Премиера на претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт вечерва во Битолски театар appeared first on Република.

]]>
Овации за премиерата на претставата „Мајка“ во Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ovacii-za-premierata-na-pretstavata-majka-vo-bitolski-teatar/ Sat, 09 Apr 2022 13:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=485837

Синоќа на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар во Битола се одигра премиерата на претставата “Мајка“ во режија на Благој Мицевски.

Пиесата „Мајка“ е оптимално драматуршки функционален текст, со парадоксална структура која лесно се витка (п)од загатката што ни ја поставува авторот преку играта на реалностите (дали настаните навистина се случуваат или се предадени само преку претставата-халуцинација на Мајката, или се случува и едното и другото, или секој од ликовите носи своја претстава за настаните?) со јазик што е лексички едноставен и непретенциозен по смисла.

Текстот „Мајка“ остава впечаток дека е напишан со ноншалантност и леснотија поради префинетата духовитост и приемлив ритам на дијалозите, но неговата структура крие прецизна аутопсија на човечкото Јас во областа на секојдневните човечки односи, во кои опстојува смислата на постоењето.

Режијата е на Благој Мицевски, а во претставата играат: Соња Михајлова, Петар Горко, Марија Стефановска и Антонио Китановски.

Сценографијаат е на Валентин Светозарев, видео и костим Благој Мицевски, музика Александар Димовски, а светло го постави Игор Мицевски.

The post Овации за премиерата на претставата „Мајка“ во Битолски театар appeared first on Република.