Битолски народен театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitolski-naroden-teatar/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 07:29:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Битолски народен театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitolski-naroden-teatar/ 32 32 Во Битола се слават 80 години од формирањето на Народен театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitola-se-slavat-80-godini-od-formiraneto-na-naroden-teatar/ Thu, 14 Nov 2024 07:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=837439

Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, вечер на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола ќе биде одбележан јубилејот 80 години од формирањето на битолскиот Народен театар.

Во архивата на театарот е забележано дека на 14 ноември 1944 година во Битола изведена е првата претстава на македонски јазик, едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски, а веднаш потоа формирано е првото театарски јадро со Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.

Првиот македонски театар до 1980 година работи во стариот објект, каде денеска сведочи спомен плоча на која претпладнево ќе биде положено цвеќе, а со изградбата на НУ Центар за култура, сите генерации актери и останати вработени во театарот, работаат во новиот објект каде вечер ќе биде промовирана изложба на театарски плакат, постери и каталози креирана од Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески.

Од НУ Народен театар-Битола најавија дека за јавноста во фоајето ќе биде изложен и печатарот на кој во минатото се печателе промотивните театарски материјали.

The post Во Битола се слават 80 години од формирањето на Народен театар appeared first on Република.

]]>

Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, вечер на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола ќе биде одбележан јубилејот 80 години од формирањето на битолскиот Народен театар. Во архивата на театарот е забележано дека на 14 ноември 1944 година во Битола изведена е првата претстава на македонски јазик, едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски, а веднаш потоа формирано е првото театарски јадро со Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Првиот македонски театар до 1980 година работи во стариот објект, каде денеска сведочи спомен плоча на која претпладнево ќе биде положено цвеќе, а со изградбата на НУ Центар за култура, сите генерации актери и останати вработени во театарот, работаат во новиот објект каде вечер ќе биде промовирана изложба на театарски плакат, постери и каталози креирана од Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески. Од НУ Народен театар-Битола најавија дека за јавноста во фоајето ќе биде изложен и печатарот на кој во минатото се печателе промотивните театарски материјали.

The post Во Битола се слават 80 години од формирањето на Народен театар appeared first on Република.

]]>
Битолскиот театар гостува во Нови Сад на „Денови на Игор Вук Торбица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolskiot-teatar-gostuva-vo-novi-sad-na-denovi-na-igor-vuk-torbitsa/ Fri, 26 Apr 2024 06:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=771182

Ансамблот на Народен театар-Битола гостува на манифестацијата „Денови на Игор Вук Торбица“ која до понеделник се одржува во Нови Сад во чест на прерано починатиот уметник Игор Вук Торбица.

Домаќин и организатор е Српскиот народен театар, а битолските актери ќе настапат утревечер со претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ која во 2019 година ја режираше Торбица со асистенција на Јова Ристовски.

Во претставата учестуваат актерите Маја Андоновска-Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Никола Стефанов, Викторија Степановска-Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.

Покрај македонски актери, на „Денови на Игор Вук Торбица“ годинава настапуваат и драмскиот театар „Гавела“ од Загреб, Народен театар „Тошо Јовановиќ“ од Зрењанин и Народен театар-Белград, чии актери вечер ја отвораат манифестацијата во Нови Сад.

The post Битолскиот театар гостува во Нови Сад на „Денови на Игор Вук Торбица“ appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на Народен театар-Битола гостува на манифестацијата „Денови на Игор Вук Торбица“ која до понеделник се одржува во Нови Сад во чест на прерано починатиот уметник Игор Вук Торбица. Домаќин и организатор е Српскиот народен театар, а битолските актери ќе настапат утревечер со претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ која во 2019 година ја режираше Торбица со асистенција на Јова Ристовски. Во претставата учестуваат актерите Маја Андоновска-Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Никола Стефанов, Викторија Степановска-Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска. Покрај македонски актери, на „Денови на Игор Вук Торбица“ годинава настапуваат и драмскиот театар „Гавела“ од Загреб, Народен театар „Тошо Јовановиќ“ од Зрењанин и Народен театар-Белград, чии актери вечер ја отвораат манифестацијата во Нови Сад.

The post Битолскиот театар гостува во Нови Сад на „Денови на Игор Вук Торбица“ appeared first on Република.

]]>
Битолскиот театар со „Бакхи“ гостува во Нови Сад на „Игорови денови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolskiot-teatar-so-bakhi-gostuva-vo-novi-sad-na-igorovi-denovi/ Mon, 28 Feb 2022 07:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=464987

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Нови Сад каде вечер во најстариот српски професионален театар ќе ја изведе претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ од Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица.

Со настапот на битолските актери, во Нови Сад и Белград, се заокружува културната манифестација „Игорови денови“, омаж посветен на прерано починатиот млад режисер Игор Вук Торбица со кој соработуваше и театарот од Битола и за чија претстава „Бакхи – краток преглед на распадот“ во 2019 година на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и минатата година на Интернационалниот фестивал „Стоби“ ги доби највисоките признанија вклучувајќи ги и наградите за најдобра режија.

На сцената на српскиот народен театар во Нови Сад, основан на 28 јули 1861 година, вечер ќе настапат актерите Маја Андоновска Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.

The post Битолскиот театар со „Бакхи“ гостува во Нови Сад на „Игорови денови“ appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Нови Сад каде вечер во најстариот српски професионален театар ќе ја изведе претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ од Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица. Со настапот на битолските актери, во Нови Сад и Белград, се заокружува културната манифестација „Игорови денови“, омаж посветен на прерано починатиот млад режисер Игор Вук Торбица со кој соработуваше и театарот од Битола и за чија претстава „Бакхи – краток преглед на распадот“ во 2019 година на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и минатата година на Интернационалниот фестивал „Стоби“ ги доби највисоките признанија вклучувајќи ги и наградите за најдобра режија. На сцената на српскиот народен театар во Нови Сад, основан на 28 јули 1861 година, вечер ќе настапат актерите Маја Андоновска Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.

The post Битолскиот театар со „Бакхи“ гостува во Нови Сад на „Игорови денови“ appeared first on Република.

]]>