битолска болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitolska-bolnica/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 08:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png битолска болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitolska-bolnica/ 32 32 Битолската болница до СДСМ: Инфективно се затвора зошто вие го оставивте без кадар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskata-bolnitsa-do-sdsm-infektivno-se-zatvora-zoshto-vie-go-ostavivte-bez-kadar/ Thu, 03 Oct 2024 08:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=822102

Со затворени одделенија и без кадар, еве вака ВМРО ДПМНЕ менаџира со институцијата што е камен-темелник на здравјето на Битолчани, рече на прес-конференција Анета Сердарова од битолската СДСМ.

Само два месеци работа ѝ беа потребни на новата директорка на Клиничката болница- Битола – кадар на ВМРО ДПМНЕ – да почне да затвора одделенија. Од денес, благодарение на нејзиното успешно менаџирање, Битолчани, но и сите пациенти од регионот не можат да се обратат во Инфективното одделение – одделение што постоеше и работеше од 1958 година! Како КБ Битола ќе работи без Инфективен оддел? Почитувана директорке, Ве повикуваме да ни одговорите: Каде ќе се лекуваат пациентите доколку ни се случи нов бран на КОВИД? Каде да одат оние со сезонски грип или, на пример, вирус на мајмунски сипаници – вирус кој е вистинска опасност и веќе се шири во Грција? Кој ќе ги лекува? Затворањето на Инфективното одделение е само почеток на крајот. Состојбата во КБ Битола е алармантна и доколку не се обезбеди кадар час поскоро, извесно е дека ќе се затворат и други оддели на болницата, па затоа ја повикуваме директорката на КБ кадар на ВМРО ДПМНЕ Битола да ја прифати одговорноста кон граѓаните и нивното здравје и да го отвори инфективно одделение повторно. Почитувани, вака владее ВМРО ДПМНЕ – вака се грижи за здравјето на граѓаните, рече Сердарова.

Со остра реакција денеска се огласија од Клиничката болница, од каде соопштението „Во име на ВИСТИНАТА, која, веруваме, на сите Вас, Ви е повеќе од јасна“ ви го пренесуваме во целост:

За да се затвори одделение, треба да нема кадар, а за да има кадар, истиот се создава минимум 6 години, колку што трае една специјализација, точно толку години колку што СДС беа на власт. Ако имаа план и визија, досега ќе имаше и специјалисти и функционални одделенија. Во време на претходната власт, пациентите со заразни заболувања, беа третирани и хоспитализирани на интерно одд, ЗАЕДНО со другите пациенти, што е едноставно, недопустливо. Инфективното одделение не функционира одамна, односно, во последниот период , работеше амбулантски, итоа САМО 2 пати неделно со ангажиран САМО ЕДЕН доктор од друга ЈЗУ, без хоспитализација. Специјалисти не се губат, а уште помалку се создаваат за само 2 месеци. Беспредметно е да се коментира затворањето и на други оддели, односно, неспособноста на СДС. Задоволството да се сликаат на неиздржани и срамни пресови од некомпетентни личности им остана единствената активност, за која очигледно се и единствено способни! ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија, со план, способност и визија да го врати сјајот и местото кое го имаше и ќе го има Клиничка болница Битола. Тоа ќе биде и единствената патека по која ќе се движиме.

The post Битолската болница до СДСМ: Инфективно се затвора зошто вие го оставивте без кадар appeared first on Република.

]]>

„Срамота, при 10 хирурзи во Битола да ни праќате пациент за катетар во Прилеп“, специјалист од Ургентно ги искара битолските колеги https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/sramota-pri-10-hirurzi-vo-bitola-da-ni-prakate-patsient-za-katetar-vo-prilep-spetsijalist-od-urgentno-gi-iskara-bitolskite-kolegi/ Thu, 14 Mar 2024 11:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=754708

Специјалистички извештај од прилепската болница стана хит на социјалните мрежи, откако беше споделен советот кој докторот му го напиша на своите колеги од Битола.

За срамота, при 10 хирурзи во Клиничката болница - Битола се праќа пациент во Прилет за поставување на катетар за пациент со ретенција. Крајно време е директорот да си превземи мерки и повеќе да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола го допре дното, вели специјалистот од Ургентното одделение во Прилеп.

The post „Срамота, при 10 хирурзи во Битола да ни праќате пациент за катетар во Прилеп“, специјалист од Ургентно ги искара битолските колеги appeared first on Република.

Констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, како и во битолската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konstatirani-se-nepravilnosti-na-klinikata-za-onkologija-kako-i-vo-bitolskata-bolnitsa/ Sun, 08 Oct 2023 09:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=689144

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во интервју за „Радио Слободна Европа“ посочува дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија и во Битолската болница.

Ацевски вели дека тоа што е идентично за двете клиники е дека двете институции располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но поради несоздадени услови дадена е поголема сума на средства, а апаратите не се ставени во функција.

Како што вели, за Клиниката за онкологија е контатирано и дека имало проблем и во начинот на кој се водело издавањето на терапијата.

Ако ја погледнете содржината на конечниот ревизорски извештај или резимето, утврдено е дека има проблем во начинот на кој се водело издавањето на терапијата, лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата. Според пресметките, терапијата која е набавена е во износ од 6 милиони евра и се гледа дека е евидентирана на крај на годината. Негативно во работата на клиниката е што има голем број обврски кои се преземени надвор од предвидениот буџет за нејзино работење, вели Ацевски.

Прашан дали е побарана помош од истражителите, Ацевски појаснува дека доказите до кои доаѓаат ревизорите се чуваат во електронска форма и се што располагаат се предава на јавното обвинителство.

За Општата болница во Битола, ревизорите констатирале неправилности во делот на исполнувањето на законскиот минимум за работни часови за редовно работно време наспроти поголемата исплата за дежурства и во исто време ангажирањето на ист медицински персонал во други медицински установи.

The post Констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, како и во битолската болница appeared first on Република.

]]>

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во интервју за „Радио Слободна Европа“ посочува дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија и во Битолската болница. Ацевски вели дека тоа што е идентично за двете клиники е дека двете институции располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но поради несоздадени услови дадена е поголема сума на средства, а апаратите не се ставени во функција. Како што вели, за Клиниката за онкологија е контатирано и дека имало проблем и во начинот на кој се водело издавањето на терапијата.
Ако ја погледнете содржината на конечниот ревизорски извештај или резимето, утврдено е дека има проблем во начинот на кој се водело издавањето на терапијата, лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата. Според пресметките, терапијата која е набавена е во износ од 6 милиони евра и се гледа дека е евидентирана на крај на годината. Негативно во работата на клиниката е што има голем број обврски кои се преземени надвор од предвидениот буџет за нејзино работење, вели Ацевски.
Прашан дали е побарана помош од истражителите, Ацевски појаснува дека доказите до кои доаѓаат ревизорите се чуваат во електронска форма и се што располагаат се предава на јавното обвинителство. За Општата болница во Битола, ревизорите констатирале неправилности во делот на исполнувањето на законскиот минимум за работни часови за редовно работно време наспроти поголемата исплата за дежурства и во исто време ангажирањето на ист медицински персонал во други медицински установи.

The post Констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, како и во битолската болница appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-objavi-poraka-od-rodnina-na-pochinatoto-24-godishno-momche-spored-nego-ova-ja-objasnuva-sepsata/ Fri, 29 Sep 2023 18:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=686478

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/24-godishno-momche-pochinalo-vo-bolnitsata-vo-bitola-po-sedum-dena-visoka-temperatura/

Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.

Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.

The post Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата appeared first on Република.

]]>

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија. https://republika.mk/vesti/makedonija/24-godishno-momche-pochinalo-vo-bolnitsata-vo-bitola-po-sedum-dena-visoka-temperatura/ Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.
Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.

The post Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата appeared first on Република.

]]>
Вонредна инспекција во битолската болница: И третата бременост на родилката завршила со мртвороденче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonredna-inspektsija-vo-bitolskata-bolnitsa-i-tretata-bremenost-na-rodilkata-zavrshila-so-mrtvorodenche/ Mon, 17 Jul 2023 16:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=662405

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во Клиничката болница Битола, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во Одделот за гинекологија и акушерство во КБ Битола.

Според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до седмиот месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/rodilka-rodila-mrtvo-bebe-vo-bolnitsata-vo-bitola/

Првпат, како што се посочува во соопштението, родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог.

Родилката била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja - состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход. Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман, се додава во соопштението од Министерството за здравство.

The post Вонредна инспекција во битолската болница: И третата бременост на родилката завршила со мртвороденче appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во Клиничката болница Битола, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во Одделот за гинекологија и акушерство во КБ Битола.
Според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до седмиот месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
https://republika.mk/vesti/makedonija/rodilka-rodila-mrtvo-bebe-vo-bolnitsata-vo-bitola/ Првпат, како што се посочува во соопштението, родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог.
Родилката била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja - состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход. Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман, се додава во соопштението од Министерството за здравство.

The post Вонредна инспекција во битолската болница: И третата бременост на родилката завршила со мртвороденче appeared first on Република.

]]>
Митровски: Родилката чие бебе почина во битолската болница сакаат да ја претстават како агресивна и некооперативна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitrovski-rodilkata-chie-bebe-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa-sakaat-da-ja-pretstavat-kako-agresivna-i-nekooperativna/ Tue, 04 Jul 2023 07:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=657897

Адвокатот на мајката на починатото бебе во Битола на Фејсбук објави скандалозни информации во врска со целиот случај.

„Како адвокат на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, извршив увид во списите на предметот при ОЈО Битола. Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста, а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано `да си оди во Плодност ако не и чини` и останати омаловажувања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/krsteska-koga-uspeaa-da-ja-namestat-tselata-rabota-i-za-toa-angelche-jana-mislite-mene-ke-me-poshtedat/

Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!!

Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена, а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната.

Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има!“ – напиша Митровски на Фејсбук.

The post Митровски: Родилката чие бебе почина во битолската болница сакаат да ја претстават како агресивна и некооперативна appeared first on Република.

]]>

Адвокатот на мајката на починатото бебе во Битола на Фејсбук објави скандалозни информации во врска со целиот случај. „Како адвокат на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, извршив увид во списите на предметот при ОЈО Битола. Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста, а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано `да си оди во Плодност ако не и чини` и останати омаловажувања. https://republika.mk/vesti/makedonija/krsteska-koga-uspeaa-da-ja-namestat-tselata-rabota-i-za-toa-angelche-jana-mislite-mene-ke-me-poshtedat/ Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!! Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена, а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната. Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има!“ – напиша Митровски на Фејсбук.

The post Митровски: Родилката чие бебе почина во битолската болница сакаат да ја претстават како агресивна и некооперативна appeared first on Република.

]]>
Состојбата во Битола алармантна, од МЗ уште не одобруваат вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sostojbata-vo-bitola-alarmantna-od-mz-ushte-ne-odobruvaat-vrabotuvana/ Sun, 11 Jun 2023 16:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=650176

За нешто повеќе од една година бројот на вработени во Клиничката болница во Битола се намали за една третина, па голем дел од болничките одделенија се на работ на опстанокот, пренесува „Телма“. Најмногу недостига специјалистички кадар, но и друг медицински, како и помошен персонал. Поради дефицитот некои болнички оддели работат само како амбуланти, а деновиве од тројца педијатри на детското одделение, заминуваат двајца.

Новата директорка, Елзиабета Ивановска, која дојде на функцијата во исклучително сложена состојба во болницата, вели дека се вложуваат максимални напори да се најде решение. Ветува дека ниту едно одделение нема да се затвори.

Целата сторија тука

The post Состојбата во Битола алармантна, од МЗ уште не одобруваат вработувања appeared first on Република.

]]>

За нешто повеќе од една година бројот на вработени во Клиничката болница во Битола се намали за една третина, па голем дел од болничките одделенија се на работ на опстанокот, пренесува „Телма“. Најмногу недостига специјалистички кадар, но и друг медицински, како и помошен персонал. Поради дефицитот некои болнички оддели работат само како амбуланти, а деновиве од тројца педијатри на детското одделение, заминуваат двајца. Новата директорка, Елзиабета Ивановска, која дојде на функцијата во исклучително сложена состојба во болницата, вели дека се вложуваат максимални напори да се најде решение. Ветува дека ниту едно одделение нема да се затвори. Целата сторија тука

The post Состојбата во Битола алармантна, од МЗ уште не одобруваат вработувања appeared first on Република.

]]>
Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-bitolskata-bolnitsa-za-smrtta-na-malata-jana-i-novorodencheto-do-ovoj-moment-nemame-nitu-eden-ofitsijalen-izveshtaj/ Sun, 28 May 2023 07:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=645353

Новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска во интервју за МИА најавува дека нема да биде затворено ниту едно одделение во болницата и дека ќе инсистира да се вработи потребниот медицински персонал особено во оние одделенија каде има недостиг.

- Во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола нема да се затвори ниту едно одделение и ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство, вели Ивановска.

Најкритични, како што посочува, се Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар.

Ивановска, која неодамна беше назначена на оваа функција, посочува дека новата професионална задача за неа е предизвик, посебно што е назначена во време кога, како што вели, здравството не само во Битола, туку и во целата држава, е во многу тешка состојба.

Интервјуто го пренесуваме во целост:

Кој е вашиот приоритет од позиција на прв човек на битолската Клиничка болница?

-На прво место за мене се новите вработувања на медицински кадар како медицински сестри, лекари и болничари, но и технички персонал и администрација. Најкритични се одделението за педијатрија каде има само три лекарки, одделението за неонатологија во моментов работи само со еден лекар, инфективното одделение работи со еден лекар кој има полно работно време и еден лекар со скратено работно време и затоа во ова одделение немаме хоспитални болни, критично е и со одделението за урологија каде има само еден лекар и на дежурства доаѓаат лекари од Прилеп, а за здравствена услуга од Скопје доаѓаат и лекари во одделението за неврохирургија. Сакаме да вработиме повеќе лекари и општи лекари, да ги испратиме на специјализација и исто така сакаме да го отвориме одделението за физикална медицина за хоспитални болни бидејќи одделението за физикална медицина во моментов работи само за терапија, а ако имаме лекари ќе може да работи и физикална медицина.

Каква е состојбата со медицински сестри и болничари?

-Ние знаеме дека лекар преку ноќ неможе да се создаде. Кога лекар се вработува, најнапред се вработуваат како општи лекари, а потоа потребни се 5 до 6 години за нивна специјализација. За медицински сестри ситуацијата е поинаква. Потребни се медицински сестри и болничари за кои не е проблем веднаш да се вработат и во истиот момент да го почнат работниот процес. Но, тоа што се случува значителен број на медицински сестри да заминуваат во странство, тоа е нивна лична одлука, често мотивирана од финансиски причини. Медицински сестри со внатрешна организација, може да се обезбедат како ресурс во болницата, проблемот е што не можеме да обезбедиме болничари, тоа е хендикеп, а и кога објавуваме огласи, мал е интересот за нивно вработување.

Дали во приоритетите се и нови инвестиции за подобрување на условите за работа?

-Моите намери се да се изврши реновирање на дел од болницата таму каде што тоа е најнеопходно, да се донесе нова апаратура и смена на дотраените апарати со нови, и се разбира почнуваме со работа на веќе најавената ангиографска сала во Битола за решавање на акутните инфаркти во нашиот град, но и во околината. Ангиографската сала е нашата најголема инвестиција. Имаме нов апарат и тоа ќе ни овоможи решавање на акутните инфаркти во нашиот град. Досега решавањето на овој проблем се вршеше со транспорт до кардиологија во скопската клиника или во Охрид, за да се направи коронографија и доколку е потребно да се стави стент со цел пациентот нормално да продолжи со својот живот. Со оваа инвестиција се ќе почнува и завршува во Битола. Исто така, планираме реновирање на дел од одделенијата кои се најоштетени од земјотресот во Битола, пред се интерно одделение, нервно и психијатрија.

Функцијата директорка ја презедовте во период на два немили настани во болницата, смртта на малата Јана и на едно новороденче. Дали има институционално решение?

-Ние до овој момент немаме ниту еден официјален извештај. Обдукцијата за Јана е завршена и предадена во Обвинителството и тука неможе ништо да се прави ниту каже се додека Обвинителството не излезе со конкретен резултат, додека за вториот случај обдукцијата не е завршена и ние очекуваме службени информации. Во меѓувреме продолжуваме со сите професионални обврски. Клиничката болница пружа здравствени услуги на пациенти од цел регион, не само од Битола туку и од Крушево, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Кичево... преоптоварена е дијагностиката, лекарите се преоптоварени. Понекогаш се случува подолго време да се читаат резултати од дијагностика, но одделението за ренгенологија каде се врши дијагностика за мамографија, декса, ехо на колкчиња кај бебиња, ехо на возрасни... има многу обврски и потребно е трпение и разбирање од пациентите. Секој лекар со најголемо внимание и грижа пристапува кон пациентите или ако сакате, нема лекар кој со умисла би направил нешто против пациентите, напротив и во вакви услови тие максимално се ангажираат. Затоа потребно е лекарите да работат без психолошки притисок, да не се случуваат, а се случуваат, вербални закани, недолични дофрлања, некои лица колнат, вулгаризираат, непристојно се однесуваат...и тоа негативно влијае врз работата на медицинскиот персонал.

Во ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола има 17 одделенија, со 640 вработени лица, а само до пред една година биле 930? 

-Бројот на вработени е намален за околу 300 професионалци, а старосната структура и натаму е висока, и за краток период по основ на пензионирање ќе има одлив на лекари, технички персонал и администрација. Тоа уште повеќе, и негативно ќе влијае врз нашите капацитети. Ова е време на смена на генерации и затоа не се сомневаме во поддршката на министерот и Министерството за здравство. Во меѓувреме, апелирам до целата јавност за поголема почит кон лекарската фела и белиот мантил во кој што спаѓаат лекарите и медицинските сестри, за да ги оставиме да работаат одговорно и совесно како што впрочем секогаш работаат, но без психички притисок, бидејќи така ќе имаат позитивни резултати, задоволни пациенти, и секако ќе нема немили настани. Прифатив да бидам директорка затоа што сакам да се подобрат состојбите во битолското здравство

The post Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај appeared first on Република.

]]>

Новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска во интервју за МИА најавува дека нема да биде затворено ниту едно одделение во болницата и дека ќе инсистира да се вработи потребниот медицински персонал особено во оние одделенија каде има недостиг. - Во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола нема да се затвори ниту едно одделение и ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство, вели Ивановска. Најкритични, како што посочува, се Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар. Ивановска, која неодамна беше назначена на оваа функција, посочува дека новата професионална задача за неа е предизвик, посебно што е назначена во време кога, како што вели, здравството не само во Битола, туку и во целата држава, е во многу тешка состојба. Интервјуто го пренесуваме во целост: Кој е вашиот приоритет од позиција на прв човек на битолската Клиничка болница?
-На прво место за мене се новите вработувања на медицински кадар како медицински сестри, лекари и болничари, но и технички персонал и администрација. Најкритични се одделението за педијатрија каде има само три лекарки, одделението за неонатологија во моментов работи само со еден лекар, инфективното одделение работи со еден лекар кој има полно работно време и еден лекар со скратено работно време и затоа во ова одделение немаме хоспитални болни, критично е и со одделението за урологија каде има само еден лекар и на дежурства доаѓаат лекари од Прилеп, а за здравствена услуга од Скопје доаѓаат и лекари во одделението за неврохирургија. Сакаме да вработиме повеќе лекари и општи лекари, да ги испратиме на специјализација и исто така сакаме да го отвориме одделението за физикална медицина за хоспитални болни бидејќи одделението за физикална медицина во моментов работи само за терапија, а ако имаме лекари ќе може да работи и физикална медицина.
Каква е состојбата со медицински сестри и болничари? -Ние знаеме дека лекар преку ноќ неможе да се создаде. Кога лекар се вработува, најнапред се вработуваат како општи лекари, а потоа потребни се 5 до 6 години за нивна специјализација. За медицински сестри ситуацијата е поинаква. Потребни се медицински сестри и болничари за кои не е проблем веднаш да се вработат и во истиот момент да го почнат работниот процес. Но, тоа што се случува значителен број на медицински сестри да заминуваат во странство, тоа е нивна лична одлука, често мотивирана од финансиски причини. Медицински сестри со внатрешна организација, може да се обезбедат како ресурс во болницата, проблемот е што не можеме да обезбедиме болничари, тоа е хендикеп, а и кога објавуваме огласи, мал е интересот за нивно вработување. Дали во приоритетите се и нови инвестиции за подобрување на условите за работа?
-Моите намери се да се изврши реновирање на дел од болницата таму каде што тоа е најнеопходно, да се донесе нова апаратура и смена на дотраените апарати со нови, и се разбира почнуваме со работа на веќе најавената ангиографска сала во Битола за решавање на акутните инфаркти во нашиот град, но и во околината. Ангиографската сала е нашата најголема инвестиција. Имаме нов апарат и тоа ќе ни овоможи решавање на акутните инфаркти во нашиот град. Досега решавањето на овој проблем се вршеше со транспорт до кардиологија во скопската клиника или во Охрид, за да се направи коронографија и доколку е потребно да се стави стент со цел пациентот нормално да продолжи со својот живот. Со оваа инвестиција се ќе почнува и завршува во Битола. Исто така, планираме реновирање на дел од одделенијата кои се најоштетени од земјотресот во Битола, пред се интерно одделение, нервно и психијатрија.
Функцијата директорка ја презедовте во период на два немили настани во болницата, смртта на малата Јана и на едно новороденче. Дали има институционално решение?
-Ние до овој момент немаме ниту еден официјален извештај. Обдукцијата за Јана е завршена и предадена во Обвинителството и тука неможе ништо да се прави ниту каже се додека Обвинителството не излезе со конкретен резултат, додека за вториот случај обдукцијата не е завршена и ние очекуваме службени информации. Во меѓувреме продолжуваме со сите професионални обврски. Клиничката болница пружа здравствени услуги на пациенти од цел регион, не само од Битола туку и од Крушево, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Кичево... преоптоварена е дијагностиката, лекарите се преоптоварени. Понекогаш се случува подолго време да се читаат резултати од дијагностика, но одделението за ренгенологија каде се врши дијагностика за мамографија, декса, ехо на колкчиња кај бебиња, ехо на возрасни... има многу обврски и потребно е трпение и разбирање од пациентите. Секој лекар со најголемо внимание и грижа пристапува кон пациентите или ако сакате, нема лекар кој со умисла би направил нешто против пациентите, напротив и во вакви услови тие максимално се ангажираат. Затоа потребно е лекарите да работат без психолошки притисок, да не се случуваат, а се случуваат, вербални закани, недолични дофрлања, некои лица колнат, вулгаризираат, непристојно се однесуваат...и тоа негативно влијае врз работата на медицинскиот персонал.
Во ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола има 17 одделенија, со 640 вработени лица, а само до пред една година биле 930?  -Бројот на вработени е намален за околу 300 професионалци, а старосната структура и натаму е висока, и за краток период по основ на пензионирање ќе има одлив на лекари, технички персонал и администрација. Тоа уште повеќе, и негативно ќе влијае врз нашите капацитети. Ова е време на смена на генерации и затоа не се сомневаме во поддршката на министерот и Министерството за здравство. Во меѓувреме, апелирам до целата јавност за поголема почит кон лекарската фела и белиот мантил во кој што спаѓаат лекарите и медицинските сестри, за да ги оставиме да работаат одговорно и совесно како што впрочем секогаш работаат, но без психички притисок, бидејќи така ќе имаат позитивни резултати, задоволни пациенти, и секако ќе нема немили настани. Прифатив да бидам директорка затоа што сакам да се подобрат состојбите во битолското здравство

The post Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај appeared first on Република.

]]>
Битолска болница: Лажна е веста за починато бебе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolska-bolnitsa-lazhna-e-vesta-za-pochinato-bebe/ Wed, 26 Apr 2023 14:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=634338

Д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“- Битола, во изјава за МИА истакна дека лажна е веста за починато бебе по породување на мајката, која во текот на денот беше објавена од медиуми во земјава.

- Ја известувам јавноста дека лажна е веста за наводно починато бебе по породување на мајката. Напротив, во текот на денешниот ден регистриравме раѓање на здраво машко бебе, и тоа е 190 новороденче од почетокот на оваа година, изјави Ивановска.

Како што е познато, д-р Елизабета Ивановска, специјалист-интернист од неодамна е нова директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола.

The post Битолска болница: Лажна е веста за починато бебе appeared first on Република.

Се чека докторката да се врати од пат и да се изјасни за трагедијата со починатото новороденче во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-cheka-doktorkata-da-se-vrati-od-pat-i-da-se-izjasni-za-tragedijata-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/ Mon, 24 Apr 2023 18:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=633699

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека до четврток треба да биде готов извештајот од стручната комисија што тој ја формираше за случајот со починатото новороденче во болницата во Битола.

До четврток законски поминува рокот. Како што сум известен, едната докторката што била инволвирана била на пат, ја чекале неа да се изјасни за настанот. Мислам дека најдоцна до утре или задутре ќе имаме извештај од стручната комисија во врска со родилката и бебето кое, за жал, почина, рече Меџити по презентација на платформата Е-здравство.

The post Се чека докторката да се врати од пат и да се изјасни за трагедијата со починатото новороденче во Битола appeared first on Република.

Битолската болница доби нов директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskata-bolnitsa-dobi-nov-direktor/ Tue, 11 Apr 2023 19:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=629957

 Елизабета Ивановска, специјалист интернист, досегашна раководителка на Интерно одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола е именувана за вршител на должноста директорка на оваа здравствена установа.

Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини, поради смртта на новороденче и шестгодишно девојче во болницата.

Д-р Ивановска функцијата ја презема во еден тежок момент за битолското здравство, кое утре ќе се соочи и со протест пред ЈЗУ Клиничка болница-Битола закажан за 17 часот.

The post Битолската болница доби нов директор appeared first on Република.

]]>

 Елизабета Ивановска, специјалист интернист, досегашна раководителка на Интерно одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола е именувана за вршител на должноста директорка на оваа здравствена установа. Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини, поради смртта на новороденче и шестгодишно девојче во болницата. Д-р Ивановска функцијата ја презема во еден тежок момент за битолското здравство, кое утре ќе се соочи и со протест пред ЈЗУ Клиничка болница-Битола закажан за 17 часот.

The post Битолската болница доби нов директор appeared first on Република.

]]>
Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Расчистување на смртните случаи во битолската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-raschistuvane-na-smrtnite-sluchai-vo-bitolskata-bolnitsa/ Tue, 11 Apr 2023 16:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=629916

Итно бараме целосно расчистување на случаите во Болницата во Битола кои за помалку од еден месец ја потресоа македонската јавност- починато девојче од битолско Кравари и случајот со новороденчето што почина пред два дена, бара комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелираме комисијата при ДСЗИ и стручниот надзор за случајот со починатото новороденче задолжително покрај утврдувањето на сите факти за третманот на пациентката, истовремено да даде стручни препораки за подобрување на состојбата конкретно во битолската болница и за корективните мерки јавноста да биде информирана. Потсетуваме дека јавноста не го доби интегрално извештајот од стручниот надзор ниту за девојчето кое почина од битолско Кравари, а ниту во тој случај не видовме корективни мерки кои што би биле превземени во битолската болница за да ваков немил настан не се повтори.
Оставката на директорот на битолската болница нема да промени ништо суштински, а со продолжување на институционалниот молк и непреземањето апсолутно никакви корективни мерки наместо да се разрешат отворените дилеми, со стручни факти и аргументи и транспарентно, самите надлежни институции учествуваат во градењето на истата таа недоверба кон здравствениот систем и медицинскиот персонал.
Како здравствени работници сметаме дека интегритетот на здравствениот работник е неспорен.
Токму ваквиот досегашен пристап со нула транспарентност за извештаите од комисиите за стручен надзор, немањето корективни мерки за одредени аномалии за тие да не се повторат, како и неводењето грижа во овој сегмент креираат недоверба и се на штета на целиот здравствен систем и тоа како на здравствените работници, така, но и најмногу на штета на пациентите.

The post Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Расчистување на смртните случаи во битолската болница appeared first on Република.

Директорот на битолската болница ќе даде оставка од морални причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-bitolskata-bolnitsa-ke-dade-ostavka-od-moralni-prichini/ Mon, 10 Apr 2023 18:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=629589

Директорот на битолската клиничка болница, д-р Александар Обедниковски утре официјално ќе поднесе оставка од функцијата директор „од морални причини“.

Оставката следи откако вчера почина новороденче, а се уште се очекува обдукциониот наод за ненадејната смрт на шестгодишната Јана.

The post Директорот на битолската болница ќе даде оставка од морални причини appeared first on Република.

]]>

Директорот на битолската клиничка болница, д-р Александар Обедниковски утре официјално ќе поднесе оставка од функцијата директор „од морални причини“. Оставката следи откако вчера почина новороденче, а се уште се очекува обдукциониот наод за ненадејната смрт на шестгодишната Јана.

The post Директорот на битолската болница ќе даде оставка од морални причини appeared first on Република.

]]>
Резултатите од обдукцијата на шестгодишната Јана се очекуваат за десетина дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rezultatite-od-obduktsijata-na-shestgodishnata-jana-se-ochekuvaat-za-desetina-dena/ Fri, 24 Mar 2023 07:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=623075

ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги извести обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/

Министерството за здравство најави вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола.

Јавноста во Битола со тага дозна за веста дека 6-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари во текот на вчерашниот ден го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

The post Резултатите од обдукцијата на шестгодишната Јана се очекуваат за десетина дена appeared first on Република.

]]>

ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги извести обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед. Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/   Министерството за здравство најави вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола. Јавноста во Битола со тага дозна за веста дека 6-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари во текот на вчерашниот ден го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

The post Резултатите од обдукцијата на шестгодишната Јана се очекуваат за десетина дена appeared first on Република.

]]>
На покачен шеќер 9 ѝ дадоа чиста гликоза во инфузијата, сведочи таткото на шестгодишната Јана што почина во битолската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-pokachen-sheker-9-dadoa-chista-glikoza-vo-infuzijata-svedochi-tatkoto-na-shestgodishnata-jana-shto-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa/ Thu, 23 Mar 2023 14:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=622895

Вчера, на покачен шеќер 9, после приемот во битолската болница на шестгодишната Јана ѝ дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици. Вака за „Зелена берза“ сведочи таткото на девојчето кое вчера по примена инфузија почна во битолската болница, Стојче Христовски од село Кравари.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shestgodishno-devojche-pochina-dodeka-primalo-infuzija-vo-bitola-se-cheka-obduktsija/

Стојче вели дека немало ни температура тука само била омалаксана бидејќи дома повратила.

Пред три дена девојчето крена температура 37,7 и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но ,исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта ѝ се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на болница. При првиот преглед на крвта шеќерот ѝ беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат. По овој резултат докторката ѝ даде инфузија со гликоза, а на сопругата ѝ кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе и ставаа втора инфузија но не успееја чупето почна да се губи, сведочи таткото Стојче Христовски.

По ова состојба веќе бил вклучен „црвениот аларм“ кај лекарите од Педијатрија па повикале и други лекари анестезиолози на помош, а се консултирале и по телефон со други лекари како да постапат.

Повеќе тука

The post На покачен шеќер 9 ѝ дадоа чиста гликоза во инфузијата, сведочи таткото на шестгодишната Јана што почина во битолската болница appeared first on Република.

]]>

Вчера, на покачен шеќер 9, после приемот во битолската болница на шестгодишната Јана ѝ дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици. Вака за „Зелена берза“ сведочи таткото на девојчето кое вчера по примена инфузија почна во битолската болница, Стојче Христовски од село Кравари. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shestgodishno-devojche-pochina-dodeka-primalo-infuzija-vo-bitola-se-cheka-obduktsija/ Стојче вели дека немало ни температура тука само била омалаксана бидејќи дома повратила.
Пред три дена девојчето крена температура 37,7 и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но ,исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта ѝ се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на болница. При првиот преглед на крвта шеќерот ѝ беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат. По овој резултат докторката ѝ даде инфузија со гликоза, а на сопругата ѝ кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе и ставаа втора инфузија но не успееја чупето почна да се губи, сведочи таткото Стојче Христовски.
По ова состојба веќе бил вклучен „црвениот аларм“ кај лекарите од Педијатрија па повикале и други лекари анестезиолози на помош, а се консултирале и по телефон со други лекари како да постапат. Повеќе тука

The post На покачен шеќер 9 ѝ дадоа чиста гликоза во инфузијата, сведочи таткото на шестгодишната Јана што почина во битолската болница appeared first on Република.

]]>
Шестгодишно девојче почина додека примало инфузија во Битола, се чека обдукција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shestgodishno-devojche-pochina-dodeka-primalo-infuzija-vo-bitola-se-cheka-obduktsija/ Thu, 23 Mar 2023 11:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=622847

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница.

Според извори на „Независен“ од блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете,и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

The post Шестгодишно девојче почина додека примало инфузија во Битола, се чека обдукција appeared first on Република.

]]>

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница. Според извори на „Независен“ од блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало. Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано. Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете,и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

The post Шестгодишно девојче почина додека примало инфузија во Битола, се чека обдукција appeared first on Република.

]]>
По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-pauza-od-25-godini-oddelot-za-pedijatrija-vo-bitolskata-bolnica-dobi-nov-eho-aparat-donacija-od-japonskata-ambasada/ Mon, 21 Nov 2022 13:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=576528

Одделот за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола денеска доби ехо апарат, донација од Јапонската амбасада, во вкупен износ од 52.779 евра.

Јапонскиот амбасадор Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во битолската болница. Церемонијата, како што соопшти Јапонската Амбасада, беше организирана од страна на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на болницата Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.

Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата, изјави Обедниковски.

Амбасадорот Савада истакна дека децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства.

Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со Коњановски и Обедниковски, на која тие разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa, се наведува во соопштението на Амбасадата на Јапонија.

The post По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада appeared first on Република.

]]>

Одделот за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола денеска доби ехо апарат, донација од Јапонската амбасада, во вкупен износ од 52.779 евра. Јапонскиот амбасадор Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во битолската болница. Церемонијата, како што соопшти Јапонската Амбасада, беше организирана од страна на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на болницата Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.
Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата, изјави Обедниковски.
Амбасадорот Савада истакна дека децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства. Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со Коњановски и Обедниковски, на која тие разговараа за можностите за идна соработка. Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa, се наведува во соопштението на Амбасадата на Јапонија.

The post По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада appeared first on Република.

]]>
За смрт на новороденче обвинение против двајца битолски гинеколози https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-smrt-na-novorodenche-obvinenie-protiv-dvajca-bitolski-ginekolozi/ Wed, 15 Jun 2022 07:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=515338

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“.

Како што информира ОЈО, обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка родилка од село Смилево, Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.

Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што, пак, претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата, соопшти ОЈО.

The post За смрт на новороденче обвинение против двајца битолски гинеколози appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“. Како што информира ОЈО, обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка родилка од село Смилево, Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.