Битола Шекспир фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitola-shekspir-festival/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 16:04:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Битола Шекспир фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitola-shekspir-festival/ 32 32 „Хамлет – Денот на убиствата“ и „Цезар“ вечерва на Битола Шекспир Фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/hamlet-denot-na-ubistvata-i-tsezar-vecherva-na-bitola-shekspir-festival/ Sat, 29 Jun 2024 16:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=791902

Вечерва во 20.00 часот во склоп на Битола Шекспир Фестивал ќе се одигра претставата „Хамлет – Денот на убиствата“ според пиесата на Бернар – Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак. Оваа претстава минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад, Србија.

Во 21.30 часот – на нова сцена ќе биде прикажана претставата „Цезар“ од КАТС ШАХНЕ ТЕАТАР, Истанбул, Турција, во режија на Сибел Абдиу.

Претставите се дел од 10 тото издание на Битола Шекспир Фестивал кое се одржува од 28.06 до 02.07.

The post „Хамлет – Денот на убиствата“ и „Цезар“ вечерва на Битола Шекспир Фестивал appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20.00 часот во склоп на Битола Шекспир Фестивал ќе се одигра претставата „Хамлет – Денот на убиствата“ според пиесата на Бернар – Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак. Оваа претстава минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад, Србија. Во 21.30 часот – на нова сцена ќе биде прикажана претставата „Цезар“ од КАТС ШАХНЕ ТЕАТАР, Истанбул, Турција, во режија на Сибел Абдиу. Претставите се дел од 10 тото издание на Битола Шекспир Фестивал кое се одржува од 28.06 до 02.07.

The post „Хамлет – Денот на убиствата“ и „Цезар“ вечерва на Битола Шекспир Фестивал appeared first on Република.

]]>
Со „Едвард Втори“ стартува Битола „Шекспир фестивал“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-edvard-vtori-startuva-bitola-shekspir-festival/ Fri, 28 Jun 2024 07:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=791441

Со претставата „Едвард Втори“, копродукциски проект на Театарот „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Бугарија, вечерва, на 28 јуни, во 20 часот, во Битола стартува јубилејното десетто издание на меѓународниот Шекспир фестивал.

„Месечината јасно свети, во ноќ како оваа“ е мотото на годинешното издание на Фестивалот кој ќе трае до 2 јули.

„’Едвард Втори’ е производ на драматуршкиот ‘римејк’ на режисерот Андриј Жолдак и драматургот Сашо Димоски на класичната драма на Кристофер Марлоу, со поп-артовска посвета на физичкиот театар, а во поголемиот дел од дејствието кокетирајќи со разни жанрови, во прв ред крими-трилерот. Стеснета и дизајнирана во минималистички стил, сцената го потенцира чувството на нелагодност: затоа ликовите манијакално се удираат во ѕидовите, не наоѓајќи го излезот. Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години“, посочуваат од Битола Шекспир фестивал.

В сабота, на 29 јуни (20 часот) ќе бидат прикажани две претстави „Хамлет – Денот на убиствата”, според пиесата на Бернар – Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, на Битолски театар, која минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад,  Србија. Во 21.30 часот е „Цезар” во режија на Сибел Абдиу, и во изведба на Катс Шахне театар од Истанбул, Турција.

Претставата „Отело” на ИмПерфект Денсерс Компани од Италија е на 30. јуни (20 часот), а на први јули е „Бура” (20 часот), претстава на „Марко Цепенков“ од Прилеп.

Фестивалот се затвора на втори јули (20 ч.), со претставата “Ромео и Јулија”, во продукција на Народен театар Тоша Јовановиќ од Зрењанин, Србија.

-Материјалниот свет може да исчезне, вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура. Токму затоа, делата на Вилијам Шекспир се испратени во вселената. Во 2010 година, како дел од програмата Lunar Reconnaissance Orbiter” (LRO) на NASA, дигитална копија од делата на Шекспир беше испратена на Месечината. Ова беше дел од проектот Moon Arts Ark, кој имаше за цел да ги зачува човечките уметнички дела и културното наследство. Според тој модел доколку дојде до апокалипса би можело да се реконструира целата цивилизација, онаква каква што денес ја знаеме, каква и да е, изјави Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.

Дизајнот на визуелното решение за 10тиот по ред Битола Шекспир фестивал е на Сашо Илковски и е графичка интервенција врз фотографија на месечината фотографирана од авторот на ‎15 ‎јуни ‎2024.

 

The post Со „Едвард Втори“ стартува Битола „Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Едвард Втори“, копродукциски проект на Театарот „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Бугарија, вечерва, на 28 јуни, во 20 часот, во Битола стартува јубилејното десетто издание на меѓународниот Шекспир фестивал. „Месечината јасно свети, во ноќ како оваа“ е мотото на годинешното издание на Фестивалот кој ќе трае до 2 јули.
„’Едвард Втори’ е производ на драматуршкиот ‘римејк’ на режисерот Андриј Жолдак и драматургот Сашо Димоски на класичната драма на Кристофер Марлоу, со поп-артовска посвета на физичкиот театар, а во поголемиот дел од дејствието кокетирајќи со разни жанрови, во прв ред крими-трилерот. Стеснета и дизајнирана во минималистички стил, сцената го потенцира чувството на нелагодност: затоа ликовите манијакално се удираат во ѕидовите, не наоѓајќи го излезот. Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години“, посочуваат од Битола Шекспир фестивал.
В сабота, на 29 јуни (20 часот) ќе бидат прикажани две претстави „Хамлет – Денот на убиствата”, според пиесата на Бернар – Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, на Битолски театар, која минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад,  Србија. Во 21.30 часот е „Цезар” во режија на Сибел Абдиу, и во изведба на Катс Шахне театар од Истанбул, Турција. Претставата „Отело” на ИмПерфект Денсерс Компани од Италија е на 30. јуни (20 часот), а на први јули е „Бура” (20 часот), претстава на „Марко Цепенков“ од Прилеп. Фестивалот се затвора на втори јули (20 ч.), со претставата “Ромео и Јулија”, во продукција на Народен театар Тоша Јовановиќ од Зрењанин, Србија.
-Материјалниот свет може да исчезне, вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура. Токму затоа, делата на Вилијам Шекспир се испратени во вселената. Во 2010 година, како дел од програмата Lunar Reconnaissance Orbiter” (LRO) на NASA, дигитална копија од делата на Шекспир беше испратена на Месечината. Ова беше дел од проектот Moon Arts Ark, кој имаше за цел да ги зачува човечките уметнички дела и културното наследство. Според тој модел доколку дојде до апокалипса би можело да се реконструира целата цивилизација, онаква каква што денес ја знаеме, каква и да е, изјави Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.
Дизајнот на визуелното решение за 10тиот по ред Битола Шекспир фестивал е на Сашо Илковски и е графичка интервенција врз фотографија на месечината фотографирана од авторот на ‎15 ‎јуни ‎2024.  

The post Со „Едвард Втори“ стартува Битола „Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>
Театарот од Пловдив со „Хамлет“ го затвора „Битола Шекспир фестивал“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarot-od-plovdiv-so-hamlet-go-zatvora-bitola-shekspir-festival/ Thu, 30 Jun 2022 07:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=521395

Ансамблот на Драмски театар „Иван Радоев“ од Пловдив, вечер со претставата „Хамлет“, ќе го затвори годинешниот „Битола Шекспир фестивал“.

Според режисерот Ованес Торосјан текстот за „Хамлет“ е предизвик за секој режисер, а да се игра во ремек делото на Шекспир е желба на секој актер.

–Ова е улога од соништата што сите актери сакаат да ја играат. Ова е текст што секој режисер сака да го постави. Па, ајде да се обидеме … Всушност, идејата и гласините за претставата не соодветствуваат со драмата. Приказна која многу не потсетува на сликата во огледалото рано наутро. Сенка од нас самите од која можеме да излеземе само кога ќе и свртиме грб или кога сонцето ќе ни го сврти грбот. Колку пати сме слушнале за ремек-делото на Шекспир, „Хамлет“? Колку пати сме го прочитале? Колку пати сме го гледале и колку толкувања поминале пред нашите очи?, предизвикува режисерот Торосјан во пресрет на вечерашното гостување во Битола.

Во „Хамлет“ настапуваат бугарските актери Антони Пенев, Лубо Неиков, Генадиј Николов, Ива Николова, Адријан Филипов, Асен Данков, Васил Витанов, Ленко Гурков, Сергеј Константинов, Ованес Торосјан, Георги Ангелов, Валентин Василев, Маријан Стефанов, Михаил Михаилов, Иван-Алекс, Иван-Алекс Ерменкова, Мариета Калупова, Петјо Крастев, Георги Енчев и Александар Канев.

Осмото издание на „Битола Шекспир фестивал“ се одржува под мототот „Мислата е слободна“, а годинава освен актери од Бугарија, учествуваа и уметници од Италија, Црна Гора, Полска, Албанија и домаќинот и организатор на фестивалот НУ Народен театар-Битола.

 

The post Театарот од Пловдив со „Хамлет“ го затвора „Битола Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на Драмски театар „Иван Радоев“ од Пловдив, вечер со претставата „Хамлет“, ќе го затвори годинешниот „Битола Шекспир фестивал“. Според режисерот Ованес Торосјан текстот за „Хамлет“ е предизвик за секој режисер, а да се игра во ремек делото на Шекспир е желба на секој актер. –Ова е улога од соништата што сите актери сакаат да ја играат. Ова е текст што секој режисер сака да го постави. Па, ајде да се обидеме … Всушност, идејата и гласините за претставата не соодветствуваат со драмата. Приказна која многу не потсетува на сликата во огледалото рано наутро. Сенка од нас самите од која можеме да излеземе само кога ќе и свртиме грб или кога сонцето ќе ни го сврти грбот. Колку пати сме слушнале за ремек-делото на Шекспир, „Хамлет“? Колку пати сме го прочитале? Колку пати сме го гледале и колку толкувања поминале пред нашите очи?, предизвикува режисерот Торосјан во пресрет на вечерашното гостување во Битола. Во „Хамлет“ настапуваат бугарските актери Антони Пенев, Лубо Неиков, Генадиј Николов, Ива Николова, Адријан Филипов, Асен Данков, Васил Витанов, Ленко Гурков, Сергеј Константинов, Ованес Торосјан, Георги Ангелов, Валентин Василев, Маријан Стефанов, Михаил Михаилов, Иван-Алекс, Иван-Алекс Ерменкова, Мариета Калупова, Петјо Крастев, Георги Енчев и Александар Канев. Осмото издание на „Битола Шекспир фестивал“ се одржува под мототот „Мислата е слободна“, а годинава освен актери од Бугарија, учествуваа и уметници од Италија, Црна Гора, Полска, Албанија и домаќинот и организатор на фестивалот НУ Народен театар-Битола.  

The post Театарот од Пловдив со „Хамлет“ го затвора „Битола Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>
Актерката Каролина Пагани со монодрамата „Хамлетелиа” вечерва на „Битола Шекспир фестивал“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akterkata-karolina-pagani-so-monodramata-hamletelia-vecherva-na-bitola-shekspir-festival/ Wed, 29 Jun 2022 08:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=520979

„Битола Шекспир фестивал" вечер продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет. Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа", авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата.

Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал" ги претставува својот театар како и кино-театарот Барети. Нејзината монодрама ќе биде изведена на сцената од битолскиот Центар за култура. Вечерта со италијански уметници се комплетира на сцената „Благој Стефановски-Баге", со балетот „Ромео и Јулија, последните часови" подготвен од Ина Броек и Валтер Матеини, во кој ќе настапат осум уметници, посочија од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот.

Најновото издание на „Битола Шекспир фестивал" завршува утревечер со настап на актерите од бугарскиот драмско-куклен театар „Иван Радоев" од Плевен кои ќе ја изведат претставата „Хамлет" на Вилијам Шекспир во режија на Ованес Торосјан.

The post Актерката Каролина Пагани со монодрамата „Хамлетелиа” вечерва на „Битола Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>

„Битола Шекспир фестивал" вечер продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет. Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа", авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата. Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал" ги претставува својот театар како и кино-театарот Барети. Нејзината монодрама ќе биде изведена на сцената од битолскиот Центар за култура. Вечерта со италијански уметници се комплетира на сцената „Благој Стефановски-Баге", со балетот „Ромео и Јулија, последните часови" подготвен од Ина Броек и Валтер Матеини, во кој ќе настапат осум уметници, посочија од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот. Најновото издание на „Битола Шекспир фестивал" завршува утревечер со настап на актерите од бугарскиот драмско-куклен театар „Иван Радоев" од Плевен кои ќе ја изведат претставата „Хамлет" на Вилијам Шекспир во режија на Ованес Торосјан.

The post Актерката Каролина Пагани со монодрамата „Хамлетелиа” вечерва на „Битола Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>
„Кротењето на фуријата“ во режија на Пројковски вечерва на Битола Шекспир Фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/krotenjeto-na-furijata-vo-rezija-na-projkovski-vecherva-na-bitola-shekspir-festival/ Tue, 28 Jun 2022 14:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=520812

„Кротењето на фуријата“ во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Градски театар Подгорица, Црна Гора е вечерва во 21 часот на четвртиот ден на Битола Шекспир фестивалот. Претставата се игра во големата сала на Народниот театар во Битола, а е во склоп на Битолско културно лето.

Претставата „Кротењето на фуријата“ ги компарира двата принципи машкиот и женскиот, потпирајќи се на одредени аспекти на женската сексуалност и на машката доминација во современиот и модерен актерски израз, кој се заснова на Шекспировото сфаќање на театарот, играта, времето и просторот. Во тој контекст, елизабетанските ставови за женската сексуалност и машката доминација се елемент на една поголема матрица од односи на општествена моќ. Односот меѓу половите, општествените пракси и општествениот ритуал се една од главните теми и борба на нашето време. Пиесата денеска е посебно актуелна зашто се доведува во прашање родот. Шекспир секогаш нѐ враќа на изворот на основните принципи на човечкото битие, вели режисерот Пројковски.

Но, нема да кажеме ништо на оваа тема ако не го поставиме прашањето: дали постои специфична женска смисла, која се разликува од машката? И ако е така, дали може да се очекува женската смисла да се пронајде во машкиот свет?

Како режисер, имам искуства со психолошко сенчење на женските ликови. Ми се чини дека женските ликови се секогаш психолошки попрефинето осенчени од машките; женската смисла мене ми личи на харфа, а машката на гитара, бројот на жиците е различен. Со ова не сакам да им дадам предност на жените пред мажите, во смисла на сензибилитет, зашто знам дека уште од учењето за анимусот и анимата е вообичаено така да се мисли. Нашата задача во театарот е да ги уриваме стереотипите за машко и женско, додава Пројковски.

Режија и адаптација: Дејан Пројковски; Драматургија: Драгана Трипковиќ; Сценограф: Валентин Светозарев; Музика: Горан Трајкоски; Костимографија: Катарина Вукчевиќ; Сценско движење и кореографија: Тамара Вујошевиќ Мандиќ

Во претставата играат: Лазар Драгоевиќ – Петручио, Милица Мајкиќ -Катарина, Павле Богојевиќ – Лученцо, Вања Јовичевиќ – Бјанка, Омар Бајрамспахиќ – Транио / Дама / Вдовица, Павле Поповиќ – Хортенцио, Стефан Вуковиќ – Грумио / Учител – Батистадар, Горан Славиќ – Слај /Винченцо, Немања Тодоровиќ * – Гремио, Вукан Пејовиќ – Биондело, Лара Драговиќ – Карција / Кројач, Татјана Торбица – хостеса.

 

The post „Кротењето на фуријата“ во режија на Пројковски вечерва на Битола Шекспир Фестивал appeared first on Република.

]]>

„Кротењето на фуријата“ во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Градски театар Подгорица, Црна Гора е вечерва во 21 часот на четвртиот ден на Битола Шекспир фестивалот. Претставата се игра во големата сала на Народниот театар во Битола, а е во склоп на Битолско културно лето.
Претставата „Кротењето на фуријата“ ги компарира двата принципи машкиот и женскиот, потпирајќи се на одредени аспекти на женската сексуалност и на машката доминација во современиот и модерен актерски израз, кој се заснова на Шекспировото сфаќање на театарот, играта, времето и просторот. Во тој контекст, елизабетанските ставови за женската сексуалност и машката доминација се елемент на една поголема матрица од односи на општествена моќ. Односот меѓу половите, општествените пракси и општествениот ритуал се една од главните теми и борба на нашето време. Пиесата денеска е посебно актуелна зашто се доведува во прашање родот. Шекспир секогаш нѐ враќа на изворот на основните принципи на човечкото битие, вели режисерот Пројковски.
Но, нема да кажеме ништо на оваа тема ако не го поставиме прашањето: дали постои специфична женска смисла, која се разликува од машката? И ако е така, дали може да се очекува женската смисла да се пронајде во машкиот свет?
Како режисер, имам искуства со психолошко сенчење на женските ликови. Ми се чини дека женските ликови се секогаш психолошки попрефинето осенчени од машките; женската смисла мене ми личи на харфа, а машката на гитара, бројот на жиците е различен. Со ова не сакам да им дадам предност на жените пред мажите, во смисла на сензибилитет, зашто знам дека уште од учењето за анимусот и анимата е вообичаено така да се мисли. Нашата задача во театарот е да ги уриваме стереотипите за машко и женско, додава Пројковски.
Режија и адаптација: Дејан Пројковски; Драматургија: Драгана Трипковиќ; Сценограф: Валентин Светозарев; Музика: Горан Трајкоски; Костимографија: Катарина Вукчевиќ; Сценско движење и кореографија: Тамара Вујошевиќ Мандиќ Во претставата играат: Лазар Драгоевиќ – Петручио, Милица Мајкиќ -Катарина, Павле Богојевиќ – Лученцо, Вања Јовичевиќ – Бјанка, Омар Бајрамспахиќ – Транио / Дама / Вдовица, Павле Поповиќ – Хортенцио, Стефан Вуковиќ – Грумио / Учител – Батистадар, Горан Славиќ – Слај /Винченцо, Немања Тодоровиќ * – Гремио, Вукан Пејовиќ – Биондело, Лара Драговиќ – Карција / Кројач, Татјана Торбица – хостеса.  

The post „Кротењето на фуријата“ во режија на Пројковски вечерва на Битола Шекспир Фестивал appeared first on Република.

]]>
„Венецијанскиот трговец“ вечерва на Битола Шекспир Фестивалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/venecijanskiot-trgovec-vecherva-na-bitola-shekspir-festivalot/ Mon, 27 Jun 2022 08:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=520106

На третата фестивалска вечер на Битола Шекспир фестивалот во 20 часот на сцената на Народниот театар од Битола ќе биде изведена „Венецијанскиот трговец“ на Театарот од Корча, а во режија на Ќендрим Ријани.

„Венецијанскиот трговец“ е едно од најпознатите дела на Шекспир, но и длабоко полемично. Текстот може да изгледа антисемитски, но повремено, за време на толкувањата, покажува одредена контрастна природа. Иако нуди некои традиционални драматични комични и романтични задоволства, „Венецијанскиот трговец“ ги прикажува и последиците од предрасудите.

Играат: Сотираќ Братко, Адем Карага, Дасара Џанголи, Силвио Госкова, Паола Кодра и други.

Во Офф-програмата на фестивалот, ќе гостува полскиот театар од Бјелисток со претставата „Веселите жени од Виндзор“, што ќе биде изведена во 19 часот во Офицерскиот дом.

The post „Венецијанскиот трговец“ вечерва на Битола Шекспир Фестивалот appeared first on Република.

]]>

На третата фестивалска вечер на Битола Шекспир фестивалот во 20 часот на сцената на Народниот театар од Битола ќе биде изведена „Венецијанскиот трговец“ на Театарот од Корча, а во режија на Ќендрим Ријани. „Венецијанскиот трговец“ е едно од најпознатите дела на Шекспир, но и длабоко полемично. Текстот може да изгледа антисемитски, но повремено, за време на толкувањата, покажува одредена контрастна природа. Иако нуди некои традиционални драматични комични и романтични задоволства, „Венецијанскиот трговец“ ги прикажува и последиците од предрасудите. Играат: Сотираќ Братко, Адем Карага, Дасара Џанголи, Силвио Госкова, Паола Кодра и други. Во Офф-програмата на фестивалот, ќе гостува полскиот театар од Бјелисток со претставата „Веселите жени од Виндзор“, што ќе биде изведена во 19 часот во Офицерскиот дом.

The post „Венецијанскиот трговец“ вечерва на Битола Шекспир Фестивалот appeared first on Република.

]]>
По пауза од две години ќе се одржи „Битола Шекспир фестивал“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-pauza-od-dve-godini-kje-se-odrzi-bitola-shekspir-festival/ Thu, 23 Jun 2022 09:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=518815

По двегодишна пауза поради пандемијата, во Битола годинава ќе се одржи осмиот по ред „Битола Шекспир фестивал“ под мотото „Мислата е слободна“. Фестивалот, кој ќе трае пет дена почнува на 25 јуни, сабота и ќе се одржува до 30 јуни.

На сцената на Народниот театар – Битола, посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите на театрите од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија, Бугарија и од Македонија.

„Битола Шекспир фестивал“ се отвора со претставата „Макбет“ во изведба на драмскиот театар „Александар Вегиерко” – Бјалисток од Полска.

Свеченото отворање на фестивалот е в петок во 20 часот во Народниот театар – Битола. Влезниците чинат 150 денари.

 

The post По пауза од две години ќе се одржи „Битола Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>

По двегодишна пауза поради пандемијата, во Битола годинава ќе се одржи осмиот по ред „Битола Шекспир фестивал“ под мотото „Мислата е слободна“. Фестивалот, кој ќе трае пет дена почнува на 25 јуни, сабота и ќе се одржува до 30 јуни. На сцената на Народниот театар – Битола, посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите на театрите од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија, Бугарија и од Македонија. „Битола Шекспир фестивал“ се отвора со претставата „Макбет“ во изведба на драмскиот театар „Александар Вегиерко” – Бјалисток од Полска. Свеченото отворање на фестивалот е в петок во 20 часот во Народниот театар – Битола. Влезниците чинат 150 денари.  

The post По пауза од две години ќе се одржи „Битола Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>