Битлси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitlsi/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 21:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Битлси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitlsi/ 32 32 „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ ривали и во 2025 година https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bitlsi-i-roling-stouns-se-gremi-rivali-i-vo-2025-godina/ Tue, 12 Nov 2024 21:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=836984

Времето на нивните најголеми успеси, се чинеше, помина, но соперништвото ќе живее и во 2025 година. Во февруари ќе бидат доделени новите „Греми“ награди, па и „Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се номинирани во некои од најважните категории.

„Битлс“, имено, се номинирани за „најдобра плоча“, што се смета за прва и најважна „Греми“ награда, но и во категоријата „најдобра рок изведба“ за песната „Now and Then“ (Сега и тогаш). И во двата случаја станува збор за „траката“ позната меѓу другото и по тоа што главниот вокал (Џон Ленон) е „исчистен“ и одвоен од стара демо-снимка, користејќи притоа технологии на вештачката интелигенција.

„Стоунс“, пак, имаат само една номинација – за најдобар рок албум, онаа за „Hackney Diamonds“, којшто излезе во 2023., но при крајот на годината, па не влезе во конкуренција за „Греми 2024“.

Со вкупно 11 номинации (и со 94 категории досега), Бијонсе е апсолутна рекордерка по номинации за „Греми“ и ја достигна бројката од 99 во досегашната кариера, убедливо надминувајќи го својот сопруг Џеј Зи, кој остана на 88 номинации.

Сите други главни фаворити за наградите, вклучително и овогодишната доминантна ѕвезда-изведувачка Тејлор Свифт, имаат по 6 – 7 номинации.

Наградите ќе бидат доделени на 2 февруари следната година, во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес, САД.

The post „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ ривали и во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ochila-na-dhon-lenon-i-fotografii-od-bitlsi-odat-na-auktsija/ Tue, 23 Jul 2024 20:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=799682

Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио.

Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти.

Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот омот на албумот како преминуваат улица.

Аукцијата ја спроведува аукциската куќа „Кетрин Сутон“ и тие велат дека очилата му биле подарени на човекот лично од Џон Ленон.

Колекцијата од 33 црно-бели фотографии слкани во Еби Роуд се очекува да бидат продадени, заедно со авторските права, за 200 до 300 функти.

The post Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција appeared first on Република.

]]>

Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио. Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти. Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот омот на албумот како преминуваат улица. Аукцијата ја спроведува аукциската куќа „Кетрин Сутон“ и тие велат дека очилата му биле подарени на човекот лично од Џон Ленон. Колекцијата од 33 црно-бели фотографии слкани во Еби Роуд се очекува да бидат продадени, заедно со авторските права, за 200 до 300 функти.  

The post Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција appeared first on Република.

]]>
Ќе се снимаат четири животни приказни за легендарните „Битлси“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ke-se-snimaat-chetiri-zhivotni-prikazni-za-legendarnite-bitlsi/ Thu, 22 Feb 2024 08:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=746829

Животните приказни за четворицата легендарни членови на рок-групата Битлси, Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон и Џорџ Харисон ќе добијат филмско остварување. Режисер на овие филмски остварувања ќе биде оскаровецот Сем Мендес.

Двајцата живи легенди Макартни и Стар, како и семејствата на Ленон и Харисон првпат дадоа дозвола и ги отстапија музичките права за да се снимат четирите меѓусебно поврзани биогравски филмови.

Режисерот Мендес кој е добитник на Оскар за „Американска убавина“, рече дека му е „чест што ќе ја раскаже приказната за најголемиот рок бенд на сите времиња“.

Филмовите се очекува да се појават пред публиката во кино-салите во 2027 година.

Зад продукцијата стои студиото Sony Pictures Entertainment, коешто ќе ги финансира и дистрибуира сите четири филма.

The post Ќе се снимаат четири животни приказни за легендарните „Битлси“ appeared first on Република.

]]>

Животните приказни за четворицата легендарни членови на рок-групата Битлси, Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон и Џорџ Харисон ќе добијат филмско остварување. Режисер на овие филмски остварувања ќе биде оскаровецот Сем Мендес. Двајцата живи легенди Макартни и Стар, како и семејствата на Ленон и Харисон првпат дадоа дозвола и ги отстапија музичките права за да се снимат четирите меѓусебно поврзани биогравски филмови. Режисерот Мендес кој е добитник на Оскар за „Американска убавина“, рече дека му е „чест што ќе ја раскаже приказната за најголемиот рок бенд на сите времиња“. Филмовите се очекува да се појават пред публиката во кино-салите во 2027 година. Зад продукцијата стои студиото Sony Pictures Entertainment, коешто ќе ги финансира и дистрибуира сите четири филма.  

The post Ќе се снимаат четири животни приказни за легендарните „Битлси“ appeared first on Република.

]]>
Сем Мендез ќе сними четири играни филмови за „Битлси“, по еден за секој од четворицата членови на составот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/sem-mendez-ke-snimi-chetiri-igrani-filmovi-za-bitlsi-po-eden-za-sekoj-od-chetvoritsata-chlenovi-na-sostavot/ Wed, 21 Feb 2024 12:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=746565

Познатиот британски сценарист, режисер и продуцент Сем Мендез вчеравечер најави дека до 2027 година ќе сними и истовремено ќе објави четири играни филмови за поп-рок групата „Битлси“ – по еден за секој од четворицата членови на составот. Притоа, секој филм ќе го претставува гледиштето на секој член на бендот.

Мендез доби „Оскар“ за режија на „Американска убавина“ во 1999 година, режираше два прилично успешни филмови за Џејмс Бонд, како и низа извонредни достигнувања („1917“, „Револуционерен пат“ итн.). Тој рече дека гореспоменатите четири филма ќе бидат поврзани во „иновативен и револуционерен“ концепт, без дополнителни подробности.

Чест е да се раскаже приказната за најголемиот рок-бенд на сите времиња, изјави филмаџијата.

Проектот го има благословот на Пол Мекартни и Ринго Стар, како и на семејствата на починатите Џон Ленон и Џорџ Харисон. Имињата на глумците не се објавени сѐ уште.

The post Сем Мендез ќе сними четири играни филмови за „Битлси“, по еден за секој од четворицата членови на составот appeared first on Република.

]]>

Познатиот британски сценарист, режисер и продуцент Сем Мендез вчеравечер најави дека до 2027 година ќе сними и истовремено ќе објави четири играни филмови за поп-рок групата „Битлси“ – по еден за секој од четворицата членови на составот. Притоа, секој филм ќе го претставува гледиштето на секој член на бендот. Мендез доби „Оскар“ за режија на „Американска убавина“ во 1999 година, режираше два прилично успешни филмови за Џејмс Бонд, како и низа извонредни достигнувања („1917“, „Револуционерен пат“ итн.). Тој рече дека гореспоменатите четири филма ќе бидат поврзани во „иновативен и револуционерен“ концепт, без дополнителни подробности.
Чест е да се раскаже приказната за најголемиот рок-бенд на сите времиња, изјави филмаџијата.
Проектот го има благословот на Пол Мекартни и Ринго Стар, како и на семејствата на починатите Џон Ленон и Џорџ Харисон. Имињата на глумците не се објавени сѐ уште.

The post Сем Мендез ќе сними четири играни филмови за „Битлси“, по еден за секој од четворицата членови на составот appeared first on Република.

]]>
Новата песна на „Битлси“ за еден ден на „јутјуб“ има речиси пет милиони прегледи https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/novata-pesna-na-bitlsi-za-eden-den-na-jutjub-ima-rechisi-pet-milioni-pregledi/ Sat, 04 Nov 2023 16:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=698193

Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлс“ - „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони прегледи. А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите.

Песната е првично снимена во облик на демо-снимка пред 45 години. Нецелосната трака е напишана и отпеана од Ленон во 1978 година, а минативе неколку месеци е довршена и дообликувана од Пол Макартни, Ринго Стар и вештачката интелигенција. Снимките на Макартни му ги подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Она што е највпечатливо и според преостанатите живи членови од „четворката од Ливерпул“ и според интернет-корисниците, е тоа како ВИ „го оживеа“ гласот на покојниот Ленон.

Ова е веројатно последната песна на „Битлс“ и - слушнете тука... Тоа е вистинска снимка на „Битлс“, нагласува 81-годишниот Пол Макартни во кратката видеопорака за најавата на меланхоличната „Now And Тhen“.

Во новиот производ се мешаат звуците на пијано, сологитара и гудачки инструменти. Пол и Ринго во новата верзија вклучија и изведба со електрична и акустична гитара на покојниот Џорџ Харисон снимена 1995 година

https://youtu.be/AW55J2zE3N4?si=4j8uYFhMQXxMyPqg

The post Новата песна на „Битлси“ за еден ден на „јутјуб“ има речиси пет милиони прегледи appeared first on Република.

]]>

Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлс“ - „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони прегледи. А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите. Песната е првично снимена во облик на демо-снимка пред 45 години. Нецелосната трака е напишана и отпеана од Ленон во 1978 година, а минативе неколку месеци е довршена и дообликувана од Пол Макартни, Ринго Стар и вештачката интелигенција. Снимките на Макартни му ги подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Она што е највпечатливо и според преостанатите живи членови од „четворката од Ливерпул“ и според интернет-корисниците, е тоа како ВИ „го оживеа“ гласот на покојниот Ленон.
Ова е веројатно последната песна на „Битлс“ и - слушнете тука... Тоа е вистинска снимка на „Битлс“, нагласува 81-годишниот Пол Макартни во кратката видеопорака за најавата на меланхоличната „Now And Тhen“.
Во новиот производ се мешаат звуците на пијано, сологитара и гудачки инструменти. Пол и Ринго во новата верзија вклучија и изведба со електрична и акустична гитара на покојниот Џорџ Харисон снимена 1995 година https://youtu.be/AW55J2zE3N4?si=4j8uYFhMQXxMyPqg

The post Новата песна на „Битлси“ за еден ден на „јутјуб“ има речиси пет милиони прегледи appeared first on Република.

]]>
Денес нова песна на „Битлси“ со гласот на Џон Ленон https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/denes-nova-pesna-na-bitlsi-so-glasot-na-dhon-lenon/ Thu, 02 Nov 2023 10:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=697342

Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо-трака.

„Now And Then“ (Сега и тогаш), е една од неколкуте песни на касета што Ленон ги снимил за Макартни во својот дом во Њујорк, 1979 година – една година пред неговата смрт. Снимката на Макартни му ја подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година.

Напишана и испеана од Ленон во 1978 година, песната ја завршија неговите колеги од поп-рок бендот, Пол Макартни и Ринго Стар – и ВИ. Макартни (81) го најави објавувањето на песната во јуни, во видео под наслов „Последната песна на Битлс“.

The post Денес нова песна на „Битлси“ со гласот на Џон Ленон appeared first on Република.

]]>

Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо-трака. „Now And Then“ (Сега и тогаш), е една од неколкуте песни на касета што Ленон ги снимил за Макартни во својот дом во Њујорк, 1979 година – една година пред неговата смрт. Снимката на Макартни му ја подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Напишана и испеана од Ленон во 1978 година, песната ја завршија неговите колеги од поп-рок бендот, Пол Макартни и Ринго Стар – и ВИ. Макартни (81) го најави објавувањето на песната во јуни, во видео под наслов „Последната песна на Битлс“.  

The post Денес нова песна на „Битлси“ со гласот на Џон Ленон appeared first on Република.

]]>