биткоинти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitkointi/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:08:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биткоинти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitkointi/ 32 32 Биткоинот урива рекорди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bitkoinot-uriva-rekordi/ Thu, 21 Nov 2024 07:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=840119

Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95.000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада.

Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95.004,50 долари пред да се тргува за 94.907 долари малку подоцна.

По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти.

Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80.000 долари, а на 13 ноември надмина 90.000 долари

The post Биткоинот урива рекорди appeared first on Република.

]]>

Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95.000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада. Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95.004,50 долари пред да се тргува за 94.907 долари малку подоцна. По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти. Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80.000 долари, а на 13 ноември надмина 90.000 долари

The post Биткоинот урива рекорди appeared first on Република.

]]>
Членот на групата на Веља невоља ќе открие каде е УСБ-то со 70 милиони евра во биткоини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chlenot-na-grupata-na-velja-nevolja-kje-otkrie-kade-e-usb-to-70-milioni-evra-vo-bitkoini/ Wed, 17 Aug 2022 07:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=541184

Срѓан Лалиќ (36), член на кланот Вељко Беливук, кој се понудил како сведок соработник на Обвинителството за организиран криминал, наводно е подготвен да ја открие локацијата на два УСБ флеш-уреди со кодови за пристап до биткоини, вредност околу 70 милиони евра!

Полицијата ги одзеде сите компјутери, хард дискови и преносни мемории во становите на членовите на кланот, но не беа пронајдени двата клучни УСБ-а.

Се сомнева дека кланот перел голем дел од валканите пари инвестирајќи во недвижен имот, додека вториот, поголем дел бил „обезбеден“ со купување криптовалути. Таа работа наводно му била доверена на Лалиќ, бидејќи бил претставен како ИТ експерт. Тој е осомничен дека ги вметнал шифрите за пристап до биткоините на два флеш дискови.

Лалиќ, Беливук и Миљковиќ ја знаат локацијата. Во случај Лалиќ да добие статус на соработник сведок, тој е подготвен да каже каде се наоѓаат флеш драјвовите со валканите милиони.

Кланот користел криптовалути бидејќи тие се секогаш достапни и речиси не оставаат никаква трага.

Срѓан Лалиќ (37) беше уапсен во неговиот стан во Раковица на 4 февруари 2021 година, во исто време со Вељко Беливук и Марко Миљковиќ и другите клучни членови на нивната криминална група.

Официјално е невработен.Завршил факултет и по професија е ИТ инженер. За потребите на групата, како што се наведува, се грижел и за апликацијата „Скај“

The post Членот на групата на Веља невоља ќе открие каде е УСБ-то со 70 милиони евра во биткоини appeared first on Република.

]]>

Срѓан Лалиќ (36), член на кланот Вељко Беливук, кој се понудил како сведок соработник на Обвинителството за организиран криминал, наводно е подготвен да ја открие локацијата на два УСБ флеш-уреди со кодови за пристап до биткоини, вредност околу 70 милиони евра! Полицијата ги одзеде сите компјутери, хард дискови и преносни мемории во становите на членовите на кланот, но не беа пронајдени двата клучни УСБ-а. Се сомнева дека кланот перел голем дел од валканите пари инвестирајќи во недвижен имот, додека вториот, поголем дел бил „обезбеден“ со купување криптовалути. Таа работа наводно му била доверена на Лалиќ, бидејќи бил претставен како ИТ експерт. Тој е осомничен дека ги вметнал шифрите за пристап до биткоините на два флеш дискови. Лалиќ, Беливук и Миљковиќ ја знаат локацијата. Во случај Лалиќ да добие статус на соработник сведок, тој е подготвен да каже каде се наоѓаат флеш драјвовите со валканите милиони. Кланот користел криптовалути бидејќи тие се секогаш достапни и речиси не оставаат никаква трага. Срѓан Лалиќ (37) беше уапсен во неговиот стан во Раковица на 4 февруари 2021 година, во исто време со Вељко Беливук и Марко Миљковиќ и другите клучни членови на нивната криминална група. Официјално е невработен.Завршил факултет и по професија е ИТ инженер. За потребите на групата, како што се наведува, се грижел и за апликацијата „Скај“

The post Членот на групата на Веља невоља ќе открие каде е УСБ-то со 70 милиони евра во биткоини appeared first on Република.

]]>