Битиќиќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitikiki/ За подобро да се разбереме Thu, 18 May 2023 10:49:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Битиќиќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitikiki/ 32 32 Битиќи: Со поддршка на Владата преку ТАВ програмата Општина Бутел ќе добие нова градинка за стотина деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/bitiki-so-poddrshka-na-vladata-preku-tav-programata-opshtina-butel-ke-dobie-nova-gradinka-za-stotina-detsa/ Thu, 18 May 2023 10:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=642238

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, изврши увид на градежните работи за изградба на детската градинка во Општина Бутел преку ТАВ програмата, придружуван од Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел, и претставникот на ТАВ Контракшн, Емрах Тосун.

Во неговата изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи рече дека со реализацијата на ТАВ програмата го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани.

„Во Општина Бутел се гради нова модерна детска градинка за која се одвоени 580 илјади евра од ТАВ програмата. Во градинката, жителите на ова населено место ќе можат да згрижуваат до 100 деца уште од најраната возраст, со што ќе го растерети проблемот со упис на нови деца и ќе почне со работа во септември“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека проектите на ТАВ се реализираат низ сите општини низ земјава, и дека со добро планирање веќе во предвидените рокови се реализирани 70% од започнатите проекти, или завршени се 56 проекти во 56 општини, а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината.

„Преку ТАВ програмата се градат водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти кои се значајни за сограѓаните кои живеат во овие општини. Ја јакнеме локалната инфраструктура, и задоволен сум кога ја гледам динамиката на реализација на проектите. Прогресот на изградба на оваа градинка е околу 70%, што значи дека наскоро најмалите ќе учат во модерна градинка со современи услови“, изјави Битиќи.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, од негова страна искажа задоволство за реализацијата на проектот кој во голема мера ќе го олесни пријавувањето на малите деца во градинките.

The post Битиќи: Со поддршка на Владата преку ТАВ програмата Општина Бутел ќе добие нова градинка за стотина деца appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, изврши увид на градежните работи за изградба на детската градинка во Општина Бутел преку ТАВ програмата, придружуван од Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел, и претставникот на ТАВ Контракшн, Емрах Тосун. Во неговата изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи рече дека со реализацијата на ТАВ програмата го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани. „Во Општина Бутел се гради нова модерна детска градинка за која се одвоени 580 илјади евра од ТАВ програмата. Во градинката, жителите на ова населено место ќе можат да згрижуваат до 100 деца уште од најраната возраст, со што ќе го растерети проблемот со упис на нови деца и ќе почне со работа во септември“, изјави Битиќи. Вицепремиерот Битиќи додаде дека проектите на ТАВ се реализираат низ сите општини низ земјава, и дека со добро планирање веќе во предвидените рокови се реализирани 70% од започнатите проекти, или завршени се 56 проекти во 56 општини, а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината. „Преку ТАВ програмата се градат водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти кои се значајни за сограѓаните кои живеат во овие општини. Ја јакнеме локалната инфраструктура, и задоволен сум кога ја гледам динамиката на реализација на проектите. Прогресот на изградба на оваа градинка е околу 70%, што значи дека наскоро најмалите ќе учат во модерна градинка со современи услови“, изјави Битиќи. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, од негова страна искажа задоволство за реализацијата на проектот кој во голема мера ќе го олесни пријавувањето на малите деца во градинките.

The post Битиќи: Со поддршка на Владата преку ТАВ програмата Општина Бутел ќе добие нова градинка за стотина деца appeared first on Република.

]]>