Битеф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitef/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 09:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Битеф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bitef/ 32 32 Претставата „Нора – Куќа за кукли“ во режија на Теодора Силјаноска вечерва на сцената на Битеф Театар во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-nora-kuka-za-kukli-vo-rezhija-na-teodora-siljanoska-vecherva-na-stsenata-na-bitef-teatar-vo-belgrad/ Tue, 20 Feb 2024 09:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=745984

На сцената на Битеф Театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора - Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска. Претставата е дел од годинешната селекција на Битеф Театар за „Месецот на независна сцена“.

Оваа претстава е првата во продукција на Интернационалниот Театарски Фестивал - ИНТЕФ од Србија и е создадена како прва претстава во продукција на фестивалот во соработка со наградените учесници на претходните фестивали од Србија и Македонија.

-Целта на овој проект беше да се соберат млади уметници од регионот како прв чекор кон понатамошна соработка и културна размена, а гостувањето и гостопримството на млади уметници на таква сцена, како што е Битеф, е од огромно значење за нас, но секако и одговорност. Радосни сме што нашиот труд е препознаен, велат од тимот на претставата.

Претставата ја обработува темата на индивидуалноста, нејзината цена и нејзината убавина и тага. Исто така, говори за големата безљубовна состојба и вината како една од главните теми на драмата. Вината има моќ да го наруши мирот на секој човек, а ако мирот е голема среќа на
животот, тогаш овие ликови се несреќни. Гревот го носат на грб, во џебовите и куферите.

Овој драмски текст се занимава со разбирање на другите и емпатија, преку комплицирани човечки односи, но и потрага по лична слобода како еквивалент на потрагата по среќа. Атрактивноста на овој текст секако е присутна и денес бидејќи силно зборува за жената и нејзиното место во општеството.

Во претставата играат македонските актери Марија Кондовска и Ане Блажовски, заедно со колегите од Србија Оливера Гуцониќ, Душан Симиќ, Танасије Цакиќ, Вања Павловиќ, Ивана Јокиќ.
Драматизација, музичкиот избор и режијата е на Теодора Силјаноска. Костимите се на Вања Вујановиќ, сценографијата на Наталија Матракоска, а изработка на сценографија на Филип Рајковиќ. Соработник за сценски движења е Александра Вељковиќ.

The post Претставата „Нора – Куќа за кукли“ во режија на Теодора Силјаноска вечерва на сцената на Битеф Театар во Белград appeared first on Република.

]]>

На сцената на Битеф Театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора - Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска. Претставата е дел од годинешната селекција на Битеф Театар за „Месецот на независна сцена“. Оваа претстава е првата во продукција на Интернационалниот Театарски Фестивал - ИНТЕФ од Србија и е создадена како прва претстава во продукција на фестивалот во соработка со наградените учесници на претходните фестивали од Србија и Македонија. -Целта на овој проект беше да се соберат млади уметници од регионот како прв чекор кон понатамошна соработка и културна размена, а гостувањето и гостопримството на млади уметници на таква сцена, како што е Битеф, е од огромно значење за нас, но секако и одговорност. Радосни сме што нашиот труд е препознаен, велат од тимот на претставата. Претставата ја обработува темата на индивидуалноста, нејзината цена и нејзината убавина и тага. Исто така, говори за големата безљубовна состојба и вината како една од главните теми на драмата. Вината има моќ да го наруши мирот на секој човек, а ако мирот е голема среќа на животот, тогаш овие ликови се несреќни. Гревот го носат на грб, во џебовите и куферите. Овој драмски текст се занимава со разбирање на другите и емпатија, преку комплицирани човечки односи, но и потрага по лична слобода како еквивалент на потрагата по среќа. Атрактивноста на овој текст секако е присутна и денес бидејќи силно зборува за жената и нејзиното место во општеството. Во претставата играат македонските актери Марија Кондовска и Ане Блажовски, заедно со колегите од Србија Оливера Гуцониќ, Душан Симиќ, Танасије Цакиќ, Вања Павловиќ, Ивана Јокиќ. Драматизација, музичкиот избор и режијата е на Теодора Силјаноска. Костимите се на Вања Вујановиќ, сценографијата на Наталија Матракоска, а изработка на сценографија на Филип Рајковиќ. Соработник за сценски движења е Александра Вељковиќ.

The post Претставата „Нора – Куќа за кукли“ во режија на Теодора Силјаноска вечерва на сцената на Битеф Театар во Белград appeared first on Република.

]]>
Штипскиот Народен театар со „Лекција“ вечерва гостува на „Битеф“ во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/shtipskiot-naroden-teatar-so-lektsija-vecherva-gostuva-na-bitef-vo-belgrad/ Tue, 30 Jan 2024 08:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=738426

Претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески вечерва ќе гостува на сцената на театарот „Битеф“ во Белград. Гостувањето на претставата е во рамките на Месецот на независната сцена. Претставата чија премиера беше лани, е во копрпдукција помеѓу Mozion network и театарот „Ацо Шопов“ од Штип.

Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов.

Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот Ризески, костимите се колективно дело, а музиката е на Антонио Ристески. Кореографијата е на Бојан Мицев, за плакатот се погрижи Александар Вржалски, а фотограф е Александар Ефремов.

 

The post Штипскиот Народен театар со „Лекција“ вечерва гостува на „Битеф“ во Белград appeared first on Република.

]]>

Претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески вечерва ќе гостува на сцената на театарот „Битеф“ во Белград. Гостувањето на претставата е во рамките на Месецот на независната сцена. Претставата чија премиера беше лани, е во копрпдукција помеѓу Mozion network и театарот „Ацо Шопов“ од Штип. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов. Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот Ризески, костимите се колективно дело, а музиката е на Антонио Ристески. Кореографијата е на Бојан Мицев, за плакатот се погрижи Александар Вржалски, а фотограф е Александар Ефремов.  

The post Штипскиот Народен театар со „Лекција“ вечерва гостува на „Битеф“ во Белград appeared first on Република.

]]>