Бит Фест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bit-fest/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 06:16:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бит Фест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bit-fest/ 32 32 Бесплатна работилница за креативно пишување на „Бит фест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/besplatna-rabotilnitsa-za-kreativno-pishuvane-na-bit-fest/ Thu, 22 Aug 2024 06:16:30 +0000 https://republika.mk/?p=808860

Битолското културно лето „Бит фест“ денеска и утре ќе биде домаќин на настан на кој неколку извонредни македонски писатели, лично ќе ги споделат своите тајни за пишувањето. Од Општина Битола информираат дека првата бесплатна работилница за креативно пишување ќе создаде можност за навлегување во инспиративноста и прекрасниот уметнички израз на четири различни авторски сензибилитети кои секогаш на свој начин ја воодушевуваат читателската публика.

Дводневниот настан на кој ќе царуваат книжевноста и креативното пишување ќе се одржи во „Порта Џез“, а денеска од 11:00 до 12:00 часот, гостите ќе имаат можност да разговараат со Фросина Пармаковска и Петар Андоновски, додека во вечерниот дел од 19:00 до 20:30 часот, низ ќе се одржи работилницата на Ана Јовковска и Дарко Лешоски.

Утре на истата локација од 11:00 до 12:30 часот, четворицата македонски писатели Ана Јовковска, Дарко Лешоски, Фросина Пармаковска и Петар Андоновски, ќе го одржат вториот дел од оваа работилница.

Модератор на работилницата за креативно пишување е Јасмина Атанасова.

Ана Јовковска е новинарка, уредничка, колумнистка, научна истражувачка, ТВ-водителка, специјалистка за односи со јавност и промоција, тренер за комуникациски вештини и активистка. Последниве три години се посветува на докторските културолошки студии и научно-истражувачката работа во Институтот за македонска литература во Скопје.

Авторка и продуцентка е на неколкупати наградуваната дебатна емисија „Пулс“, која се емитуваше од 2007 год. Во текот на дваесет и петте години континуирана работа во различни медиуми направила над 1500 интервјуа, анализирајќи ги актуелните социо-културни феномени.

Учествувала во голем број истражувања и кампањи од областа на комуникологијата, културолошките студии, медиумското образование и креативните индустрии. Активистка и амбасадорка на добра волја е на кампањи за човекови права, здрава животна средина, социјална инклузија, родова еднаквост, права на животни и др.

Авторка е на седум книги: „Пулсот и времето“, „Ехо на слободата“, „Сакам, значи постојам“, Емотивен талог“, „Уметноста на дијалогот“, и илустрираните книги за деца „До небото и назад“ и „Љубов во топка.“

Дарко Лешоски по потекло е од Вевчани, но живее во Скопје од своите 14 години. Toj е поет, писател, визуелен и сестран уметник. Иако не сака да зборува за тоа што го пишува, неговите писанија одекнуваат многу посилно од неговиот молк. За неговата поезија ќе напишат „ Песните на Дарко повеќе личат на раскази, и тоа не само затоа што се долги, туку затоа што во нив има вистинска нарација, атмосфера, ликови, настани, причинско-последични врски, препознатливи „топоси" на современата култура - Чет Бејкер, Том Вејтс, Паско Кузман, Кустурица, Пејпал, Џим Кери, Дорина со ориз – почеток, средина и крај, иако не нужно и по тој редослед...Тој не пишува поезија. Тој само запишува што мисли.“

Негови се поетските книги „Дете од лоша фамилија“ и „И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“. Преведуван е на англиски, словенечки, кинески и на други јазици.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска книжевност, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2018 год. Покрај раскази објавувани во книжевни списанија, ги има објавено и романите „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ (роман на годината во 2017 год), „На враќање’ и „Се’ уште можам нешто да сторам“ за кој оваа година ја доби наградата „Рациново признание.“

Петар Андоновски роден кумановец, дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ја има издадено збирката поезија „Ментален простор“. За романот „Телото во кое треба да се живее“ ја добил наградата Роман на годината на Утрински весник за 2015 г. А за романот „Страв од варвари“ ја добил Европската награда за литература за 2020 г. Останати негови романи се „Очи со боја на чевли“, „Не кажувам“ и „Лето во кое те нема“ за кој ја доби наградата: ПЕН преводи од англискиот ПЕН-центар. Андоновски преведува од грчки јазик, а неговите романи се преведени на англиски, француски, италијански, српски, хрватски, албански, бугарски и словенечки јазик.

The post Бесплатна работилница за креативно пишување на „Бит фест“ appeared first on Република.

]]>

Битолското културно лето „Бит фест“ денеска и утре ќе биде домаќин на настан на кој неколку извонредни македонски писатели, лично ќе ги споделат своите тајни за пишувањето. Од Општина Битола информираат дека првата бесплатна работилница за креативно пишување ќе создаде можност за навлегување во инспиративноста и прекрасниот уметнички израз на четири различни авторски сензибилитети кои секогаш на свој начин ја воодушевуваат читателската публика. Дводневниот настан на кој ќе царуваат книжевноста и креативното пишување ќе се одржи во „Порта Џез“, а денеска од 11:00 до 12:00 часот, гостите ќе имаат можност да разговараат со Фросина Пармаковска и Петар Андоновски, додека во вечерниот дел од 19:00 до 20:30 часот, низ ќе се одржи работилницата на Ана Јовковска и Дарко Лешоски. Утре на истата локација од 11:00 до 12:30 часот, четворицата македонски писатели Ана Јовковска, Дарко Лешоски, Фросина Пармаковска и Петар Андоновски, ќе го одржат вториот дел од оваа работилница. Модератор на работилницата за креативно пишување е Јасмина Атанасова. Ана Јовковска е новинарка, уредничка, колумнистка, научна истражувачка, ТВ-водителка, специјалистка за односи со јавност и промоција, тренер за комуникациски вештини и активистка. Последниве три години се посветува на докторските културолошки студии и научно-истражувачката работа во Институтот за македонска литература во Скопје. Авторка и продуцентка е на неколкупати наградуваната дебатна емисија „Пулс“, која се емитуваше од 2007 год. Во текот на дваесет и петте години континуирана работа во различни медиуми направила над 1500 интервјуа, анализирајќи ги актуелните социо-културни феномени. Учествувала во голем број истражувања и кампањи од областа на комуникологијата, културолошките студии, медиумското образование и креативните индустрии. Активистка и амбасадорка на добра волја е на кампањи за човекови права, здрава животна средина, социјална инклузија, родова еднаквост, права на животни и др. Авторка е на седум книги: „Пулсот и времето“, „Ехо на слободата“, „Сакам, значи постојам“, Емотивен талог“, „Уметноста на дијалогот“, и илустрираните книги за деца „До небото и назад“ и „Љубов во топка.“ Дарко Лешоски по потекло е од Вевчани, но живее во Скопје од своите 14 години. Toj е поет, писател, визуелен и сестран уметник. Иако не сака да зборува за тоа што го пишува, неговите писанија одекнуваат многу посилно од неговиот молк. За неговата поезија ќе напишат „ Песните на Дарко повеќе личат на раскази, и тоа не само затоа што се долги, туку затоа што во нив има вистинска нарација, атмосфера, ликови, настани, причинско-последични врски, препознатливи „топоси" на современата култура - Чет Бејкер, Том Вејтс, Паско Кузман, Кустурица, Пејпал, Џим Кери, Дорина со ориз – почеток, средина и крај, иако не нужно и по тој редослед...Тој не пишува поезија. Тој само запишува што мисли.“ Негови се поетските книги „Дете од лоша фамилија“ и „И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“. Преведуван е на англиски, словенечки, кинески и на други јазици. Фросина Пармаковска е родена во Скопје, дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска книжевност, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2018 год. Покрај раскази објавувани во книжевни списанија, ги има објавено и романите „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ (роман на годината во 2017 год), „На враќање’ и „Се’ уште можам нешто да сторам“ за кој оваа година ја доби наградата „Рациново признание.“ Петар Андоновски роден кумановец, дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ја има издадено збирката поезија „Ментален простор“. За романот „Телото во кое треба да се живее“ ја добил наградата Роман на годината на Утрински весник за 2015 г. А за романот „Страв од варвари“ ја добил Европската награда за литература за 2020 г. Останати негови романи се „Очи со боја на чевли“, „Не кажувам“ и „Лето во кое те нема“ за кој ја доби наградата: ПЕН преводи од англискиот ПЕН-центар. Андоновски преведува од грчки јазик, а неговите романи се преведени на англиски, француски, италијански, српски, хрватски, албански, бугарски и словенечки јазик.

The post Бесплатна работилница за креативно пишување на „Бит фест“ appeared first on Република.

]]>
Матија Дедиќ, „Љубојна“, Горан Бојчевски … на Битолско културно лето https://arhiva3.republika.mk/scena/matija-dedik-lubojna-goran-bojchevski-na-bitolsko-kulturno-leto/ Wed, 31 Jul 2024 09:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=801621

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“.

Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски.

На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос.

Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот.

За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје.

Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи

И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова.

Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август.

Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи.

Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post Матија Дедиќ, „Љубојна“, Горан Бојчевски … на Битолско културно лето appeared first on Република.

]]>

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“. Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски. На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос. Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот. За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје. Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова. Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август. Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи. Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post Матија Дедиќ, „Љубојна“, Горан Бојчевски … на Битолско културно лето appeared first on Република.

]]>
„Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи https://arhiva3.republika.mk/scena/nezaborav-na-bit-fest-pesnite-na-poznatiot-kompozitor-tode-novachevski-ke-gi-otpeat-vo-zhivo-poznati-makedonski-izveduvachi/ Sun, 28 Jul 2024 12:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=801022

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“.

Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски.

На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос.

Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот.

За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје.

Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи

И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова.

Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август.

Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи.

Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post „Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи appeared first on Република.

]]>

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“. Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски. На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос. Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот. За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје. Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова. Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август. Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи. Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post „Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи appeared first on Република.

]]>
Заврши Битолско културно лето „БитФест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-bitolsko-kulturno-leto-bitfest/ Sun, 04 Sep 2022 08:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=547273

 Со концерт за паметење кој го приредија членовите на групата „Меморија“, синоќа во Битола заврши битолското кулурно лето „БитФест“.

Во изминатите два и пол месеци на повеќе летни сцени во Битола се одржаа концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали…

Граѓаните дадоа поддршка на сите манифестации, на 140 настани со повече од 44.000 посетители, 77 денови, 9 фестивали…Почнавме спектакуларно со Каролина Гочева, фасцинантно завршивме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок музика, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на последната фестивалска вечер што се одржа на ракометното игралиште.

За време на сите фестивалски денови, во Битола гостуваа уметници и културни работници од Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…

The post Заврши Битолско културно лето „БитФест“ appeared first on Република.

]]>

 Со концерт за паметење кој го приредија членовите на групата „Меморија“, синоќа во Битола заврши битолското кулурно лето „БитФест“. Во изминатите два и пол месеци на повеќе летни сцени во Битола се одржаа концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали…
Граѓаните дадоа поддршка на сите манифестации, на 140 настани со повече од 44.000 посетители, 77 денови, 9 фестивали…Почнавме спектакуларно со Каролина Гочева, фасцинантно завршивме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок музика, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на последната фестивалска вечер што се одржа на ракометното игралиште.
За време на сите фестивалски денови, во Битола гостуваа уметници и културни работници од Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…

The post Заврши Битолско културно лето „БитФест“ appeared first on Република.

]]>
Бит фест: „Заспаната убавица“ и „Оревокршачка“ на концертот „Музиката раскажува приказни“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bit-fest-zaspanata-ubavica-i-orevokrshachka-na-koncertot-muzikata-raskazuva-prikazni/ Fri, 12 Aug 2022 07:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=539374

Денес на програмата на “Бит фест“ со почеток во 20 часот, во Офицерски дом во Битола ќе се одржи концертот насловен “Музиката раскажува приказни“, а ќе го изведат како дуо на пијано Татјана Божиновска  и Билјана Димовска.

На програмата им се дела “Заспаната убавица“ и “Оревокршачка“.

Пијанистката Билјана Димовска е родена, како и Татјана Божиновска. Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска делува заедно од 2009 година и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика.

The post Бит фест: „Заспаната убавица“ и „Оревокршачка“ на концертот „Музиката раскажува приказни“ appeared first on Република.

МНТ вечерва со претставата „Народен непријател“ на Бит фест https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-vecherva-so-pretstavata-naroden-neprijatel-na-bit-fest/ Tue, 05 Jul 2022 08:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=524059

Денес во рамките на Бит фест, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател“, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20.00 часот.

Оваа претстава е добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ и тоа за : наградата за уметничко остварување , наградата за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, наградата за сценографија за сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда за рекламен материјал на Димитар Димитров. Режисер на претставата е Нина Николиќ.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

„Народен непријател“, драмата во пет чина од Хенрик Ибзен, прв пат е објавена на 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма – „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството. На сцена, својата праизведба ја има во Кристијанија (денешен Осло), Норвешка, на 13 јануари 1883 година. Подоцна истата година е поставена во Хелсинки, Финска; Берген, Норвешка; Копенхаген, Данска и Гетеборг и Стокхолм (Шведска). Подоцна е поставена и во Берлин, Германија (1887); Берн, Швајцарија (1888); Виена, Австрија (1890); Париз, Франција (1893) и во Москва, Русија (1900). Оваа драма е и првата драма од Ибзен која е поставена во Комеди Франсез (Comédie Française), Париз, во 1921 година.

„Народен непријател“ е една од најизведуваните драми од овој автор кој се смета за „татко на модерната драма“. До денес има над 1880 премиери на различни сцени низ светот: Европа, Азија, Африка, Австралија, Северна и Јужна Америка.

The post МНТ вечерва со претставата „Народен непријател“ на Бит фест appeared first on Република.

]]>

Денес во рамките на Бит фест, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател“, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20.00 часот. Оваа претстава е добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ и тоа за : наградата за уметничко остварување , наградата за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, наградата за сценографија за сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда за рекламен материјал на Димитар Димитров. Режисер на претставата е Нина Николиќ. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. „Народен непријател“, драмата во пет чина од Хенрик Ибзен, прв пат е објавена на 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма – „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството. На сцена, својата праизведба ја има во Кристијанија (денешен Осло), Норвешка, на 13 јануари 1883 година. Подоцна истата година е поставена во Хелсинки, Финска; Берген, Норвешка; Копенхаген, Данска и Гетеборг и Стокхолм (Шведска). Подоцна е поставена и во Берлин, Германија (1887); Берн, Швајцарија (1888); Виена, Австрија (1890); Париз, Франција (1893) и во Москва, Русија (1900). Оваа драма е и првата драма од Ибзен која е поставена во Комеди Франсез (Comédie Française), Париз, во 1921 година. „Народен непријател“ е една од најизведуваните драми од овој автор кој се смета за „татко на модерната драма“. До денес има над 1880 премиери на различни сцени низ светот: Европа, Азија, Африка, Австралија, Северна и Јужна Америка.

The post МНТ вечерва со претставата „Народен непријател“ на Бит фест appeared first on Република.

]]>
Со концерт на Каролина Гочева отворен „Бит Фест“ 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-koncert-na-karolina-gocheva-otvoren-bit-fest-2022/ Mon, 20 Jun 2022 08:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=517485

Над 2000 гости, синоќа го исполнија амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја, на свеченото отворање на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ кое од оваа година има нов концепт. Концертот на Каролина Гочева потврди дека, ваквиот пристап почнува да се реализира уште од првиот ден на фестивалот, а истиот соодветствува со очекувањата на публиката, за културно лето кое нуди квалитетни содржини. Главен иницијатор за новиот содржински пристап во организација на БИТ ФЕСТ е градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој вчеравечер го означи почетокот на културното лето во Битола.

„Битола и вечерва потврдува дека е град кој живее со културата, град во кој низ различни историски периоди се создавале, надградувале и промовирале, карактеристични културни обележја, кои и денес се наше богатство, гордост и должност. Токму затоа и културните настани кои се случуваат во Битола, секогаш треба да бидат одраз на спецификите со кои се гордееме, а преку нив да ја промовираме македонската култура и традиција, притоа водејќи грижа за градење силни меѓународни врски, кои ќе овозможат континуиран напредок во сите области.

Во оваа смисла, годинава воведуваме нов концепт на културното лето, кој верувам дека ќе го привлече и задржи вниманието на публиката. Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир Фестивал, Илинденски денови, Локум фест, Фестивалот Браќа Манаки, Балкан Гала Фестивалот и гостувања на еминентни изведувачи, годинава се само дел од културните случувања на Бит Фест. До 31 август, неколкупати со музички настапи ќе ја исполниме Хераклеја, ќе бидеме заедно со повеќе концертни настапи во нашиот Офицерски дом, ќе овозможиме културно раздвижување на повеќе отворени сцени, а во соработка со националните институции од културата низ повеќе филмски проекции, театарски претстави, изложби и други културни настани, верувам дека ќе имаме навистина посебно Битолско културно лето, за кое сите ќе зборуваме со суперлативи, што очекувам да биде поттик за секој од нас, во секоја следна година да даде мал креативен влог кон неговиот раст, професионализам, идентитет – карактеристичен за Битола. Настаните нека бидат потврда на нашите напори да реализираме културно лето какво што и доликува на Битола, а притоа да направиме, културата во Битола да живее во текот на целата година“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на отворањето на Битолското културно лето.

На отворањето на БИТ ФЕСТ 2022, присуствуваа голем број битолчани, но и гости од другите градови во државата. Меѓу присутните беа и Министерката за култура Бисера Котадиновска Стојчевска, градоначалниците на неколку соседни општини, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, членови на Советот на општината, како и претставници на националните институции од културата и јавните претпријатија од градот.

Каролина Гочева, која е еден од најдобрите женски вокали во Македонија, успеа да внесе прекрасна двочасовна атмосфера низ нејзините големи хитови, меѓу кои „Да е сон“, „Од нас зависи“, „Кажи ми“, „За нас“, „Знаеш колку вредам“ и многу други, а на барање на публиката, со повторно враќање на бис, Каролина Гочева, концертот го заврши со песната „Кој да ми запее“.

Битолското културно лето оваа година се реализира во заедничка организација на општината и културно информативниот центар од Битола. Квалитетните содржини, кои за време на летниот период ќе се случуваат во Битола, најавуваат високо естетско издигнување на фестивалот, креативност, професионализам, негување на традицијата, но и грижа за културниот напредок на градот.

The post Со концерт на Каролина Гочева отворен „Бит Фест“ 2022 appeared first on Република.

]]>

Над 2000 гости, синоќа го исполнија амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја, на свеченото отворање на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ кое од оваа година има нов концепт. Концертот на Каролина Гочева потврди дека, ваквиот пристап почнува да се реализира уште од првиот ден на фестивалот, а истиот соодветствува со очекувањата на публиката, за културно лето кое нуди квалитетни содржини. Главен иницијатор за новиот содржински пристап во организација на БИТ ФЕСТ е градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој вчеравечер го означи почетокот на културното лето во Битола. „Битола и вечерва потврдува дека е град кој живее со културата, град во кој низ различни историски периоди се создавале, надградувале и промовирале, карактеристични културни обележја, кои и денес се наше богатство, гордост и должност. Токму затоа и културните настани кои се случуваат во Битола, секогаш треба да бидат одраз на спецификите со кои се гордееме, а преку нив да ја промовираме македонската култура и традиција, притоа водејќи грижа за градење силни меѓународни врски, кои ќе овозможат континуиран напредок во сите области. Во оваа смисла, годинава воведуваме нов концепт на културното лето, кој верувам дека ќе го привлече и задржи вниманието на публиката. Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир Фестивал, Илинденски денови, Локум фест, Фестивалот Браќа Манаки, Балкан Гала Фестивалот и гостувања на еминентни изведувачи, годинава се само дел од културните случувања на Бит Фест. До 31 август, неколкупати со музички настапи ќе ја исполниме Хераклеја, ќе бидеме заедно со повеќе концертни настапи во нашиот Офицерски дом, ќе овозможиме културно раздвижување на повеќе отворени сцени, а во соработка со националните институции од културата низ повеќе филмски проекции, театарски претстави, изложби и други културни настани, верувам дека ќе имаме навистина посебно Битолско културно лето, за кое сите ќе зборуваме со суперлативи, што очекувам да биде поттик за секој од нас, во секоја следна година да даде мал креативен влог кон неговиот раст, професионализам, идентитет – карактеристичен за Битола. Настаните нека бидат потврда на нашите напори да реализираме културно лето какво што и доликува на Битола, а притоа да направиме, културата во Битола да живее во текот на целата година“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на отворањето на Битолското културно лето. На отворањето на БИТ ФЕСТ 2022, присуствуваа голем број битолчани, но и гости од другите градови во државата. Меѓу присутните беа и Министерката за култура Бисера Котадиновска Стојчевска, градоначалниците на неколку соседни општини, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, членови на Советот на општината, како и претставници на националните институции од културата и јавните претпријатија од градот. Каролина Гочева, која е еден од најдобрите женски вокали во Македонија, успеа да внесе прекрасна двочасовна атмосфера низ нејзините големи хитови, меѓу кои „Да е сон“, „Од нас зависи“, „Кажи ми“, „За нас“, „Знаеш колку вредам“ и многу други, а на барање на публиката, со повторно враќање на бис, Каролина Гочева, концертот го заврши со песната „Кој да ми запее“. Битолското културно лето оваа година се реализира во заедничка организација на општината и културно информативниот центар од Битола. Квалитетните содржини, кои за време на летниот период ќе се случуваат во Битола, најавуваат високо естетско издигнување на фестивалот, креативност, професионализам, негување на традицијата, но и грижа за културниот напредок на градот.  

The post Со концерт на Каролина Гочева отворен „Бит Фест“ 2022 appeared first on Република.

]]>