биста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bista/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 14:49:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bista/ 32 32 На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-denot-na-odbelezhuvane-na-121-godina-od-smrtta-na-gotse-delchev-vo-pustets-e-otkriena-bista-na-velikanot/ Sat, 04 May 2024 14:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=774188

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.

„Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.

[caption id="attachment_774189" align="alignnone" width="1620"] фото: Министерство за култура[/caption]

Минситерката за култура посочи дека народните херои, како Гоце Делчев, и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог“, додаде Костадиносвка-Стојчевска која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј-Битола, Мери Сојанова која во континуитет ги продолжува проектите на „Смарт фор ју ту“, за прекугранична соработка со Албанија, со што активно придонесува за поврзаноста на населението во граничниот појас.

Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.

„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.

На свеченоста по повод 121 годишнината од смртта на големиот револуционер присуствуваа претставници на Движеньето "За наша Македонија", на Македонска ализанса за европска интеграциа од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани ог Грција, од Соузот на здружениата на Македонците и децата бегалци од Егерскиот дел на Македониа МАКЕДОН како и од Македонскиот национален совет на Србија.

Бистата на Гоце Делчев е изработена од уменикот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа.

The post На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.
„Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.
[caption id="attachment_774189" align="alignnone" width="1620"] фото: Министерство за култура[/caption] Минситерката за култура посочи дека народните херои, како Гоце Делчев, и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.
Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог“, додаде Костадиносвка-Стојчевска која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј-Битола, Мери Сојанова која во континуитет ги продолжува проектите на „Смарт фор ју ту“, за прекугранична соработка со Албанија, со што активно придонесува за поврзаноста на населението во граничниот појас.
Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.
„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.
На свеченоста по повод 121 годишнината од смртта на големиот револуционер присуствуваа претставници на Движеньето "За наша Македонија", на Македонска ализанса за европска интеграциа од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани ог Грција, од Соузот на здружениата на Македонците и децата бегалци од Егерскиот дел на Македониа МАКЕДОН како и од Македонскиот национален совет на Србија. Бистата на Гоце Делчев е изработена од уменикот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа.

The post На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот appeared first on Република.

]]>
Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pustets-ke-dobie-spomen-bista-na-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 08:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=774028

На свеченост организирана од општина Пустец, денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, вели Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

The post Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

На свеченост организирана од општина Пустец, денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола. Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.
Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, вели Колефски за МИА по доставеното барање.
Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

The post Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kolefski-pustets-se-podgotvuva-za-postavuvane-na-bistata-na-gotse-delchev/ Thu, 29 Feb 2024 15:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=749738

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец.

Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан.

Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство - изјави градоначалникот Колефски.

Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка.

Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.

Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука - посочува тој.

Автор на бистата е Зоран Тошевски, а е донација од МАЕИ.

Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

The post Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец. Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан.
Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство - изјави градоначалникот Колефски.
Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка. Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.
Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука - посочува тој.
Автор на бистата е Зоран Тошевски, а е донација од МАЕИ. Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

The post Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/zivot/vo-tsentarot-na-pustets-ke-bide-postavena-bista-na-gotse-delchev/ Thu, 29 Feb 2024 09:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=749560

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата и барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за поставување биста на Гоце Делчев на плоштадот во село Пустец, што го носи неговото име. Иницијативата е ставена на јавна расправа и се очекува на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука за поставање на бистата на авторот Зоран Тошевски, донација од МАЕИ, и има за цел да биде составен дел од културно-историскиот пејсаж на преспанскиот крај.

„Оваа иницијатива доаѓа со цел да се оддаде и овековечи споменот на Гоце Делчев, македонскиот херој и клучна фигура на македонското револуционерно движење. Со својот живот и дело стана апостол за Македонците и неговиот спомен се пренесува од колено на колено не само кај Македонците од Албанија, туку и секаде во светот каде што живеат“, вели Васил Стерјовски, претседател на партијата МАЕИ.

Додава дека од многуте песни кои се пеат меѓу Македонците во Албанија за ослободувањето на Македонија, а кои потекнуваат од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век во многу од нив е опеан Гоце Делчев и тие сѐ уште се пеат во Мала Преспа.

„Заслуга за зачувувањето на споменот за Гоце Делчев меѓу Македонците од Албанија има и големиот писател од македонско потекло Стерјо Спасе, кој во своите романи издадени во Албанија ја опишува соработката на македонските и албанските револуционери за ослободување од турското ропство и улогата на Делчев. Дека споменот за Гоце е вечен потврда е и фактот што во 1988 година, на иницијатива на Васил Папа од село Туминец, од областа на Преспа, рибарскиот брод за риболовното претпријатие во Преспа го добил името Гоце Делчев“, додава Стерјовски.

Посочува дека по распадот на комунистичкиот систем на Енвер Хоџа и појавата на демократските процеси, Македонците од Албанија се организираат во културни, општествени и политички организаци и името на Гоце Делчев станува симбол на борбата за човекови права на Македонците од Албанија.

„Неговата фотографија е поставена во македонските домови, во училиштата, кафаните, на разни манифестации. Песни за Гоце Делчев се пеат на разни веселби, свадби, прослави. Учениците во училиштата рецитираат стихотворби за Делчев. На ѕидовите во гимназијата во Пустец се поставени паноа со македонски дејци, меѓу кои и Гоце Делчев и испишана е неговата епохална изјава за неговото разбирање на светот како поле на културен натпревар меѓу народите, прикачени се творби на македонски јазик за Гоце Делчев од ученици. Името Гоце и Александар се најпопуларни имиња меѓу Македонците во Преспа“, нагласува тој.

Во 2008 година Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со кој плоштадот во Пустец го доби името Гоце Делчев, а поставувањето на оваа биста, според Стерјовски, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот. 

The post Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата и барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за поставување биста на Гоце Делчев на плоштадот во село Пустец, што го носи неговото име. Иницијативата е ставена на јавна расправа и се очекува на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука за поставање на бистата на авторот Зоран Тошевски, донација од МАЕИ, и има за цел да биде составен дел од културно-историскиот пејсаж на преспанскиот крај. „Оваа иницијатива доаѓа со цел да се оддаде и овековечи споменот на Гоце Делчев, македонскиот херој и клучна фигура на македонското револуционерно движење. Со својот живот и дело стана апостол за Македонците и неговиот спомен се пренесува од колено на колено не само кај Македонците од Албанија, туку и секаде во светот каде што живеат“, вели Васил Стерјовски, претседател на партијата МАЕИ. Додава дека од многуте песни кои се пеат меѓу Македонците во Албанија за ослободувањето на Македонија, а кои потекнуваат од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век во многу од нив е опеан Гоце Делчев и тие сѐ уште се пеат во Мала Преспа. „Заслуга за зачувувањето на споменот за Гоце Делчев меѓу Македонците од Албанија има и големиот писател од македонско потекло Стерјо Спасе, кој во своите романи издадени во Албанија ја опишува соработката на македонските и албанските револуционери за ослободување од турското ропство и улогата на Делчев. Дека споменот за Гоце е вечен потврда е и фактот што во 1988 година, на иницијатива на Васил Папа од село Туминец, од областа на Преспа, рибарскиот брод за риболовното претпријатие во Преспа го добил името Гоце Делчев“, додава Стерјовски. Посочува дека по распадот на комунистичкиот систем на Енвер Хоџа и појавата на демократските процеси, Македонците од Албанија се организираат во културни, општествени и политички организаци и името на Гоце Делчев станува симбол на борбата за човекови права на Македонците од Албанија. „Неговата фотографија е поставена во македонските домови, во училиштата, кафаните, на разни манифестации. Песни за Гоце Делчев се пеат на разни веселби, свадби, прослави. Учениците во училиштата рецитираат стихотворби за Делчев. На ѕидовите во гимназијата во Пустец се поставени паноа со македонски дејци, меѓу кои и Гоце Делчев и испишана е неговата епохална изјава за неговото разбирање на светот како поле на културен натпревар меѓу народите, прикачени се творби на македонски јазик за Гоце Делчев од ученици. Името Гоце и Александар се најпопуларни имиња меѓу Македонците во Преспа“, нагласува тој. Во 2008 година Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со кој плоштадот во Пустец го доби името Гоце Делчев, а поставувањето на оваа биста, според Стерјовски, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот. 

The post Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Во Долно Лисиче откриена бистата на загинатиот бранител Игор Драганов https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-dolno-lisiche-otkriena-bistata-na-zaginatiot-branitel-igor-draganov/ Tue, 24 Oct 2023 12:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=694546

На свечен настан кој се одржа во Долно Лисиче, денес и официјално беше откриена спомен бистата посветена на Игор Драганов, жител од Аеродром кој херојски загина во одбрана на Македонија пред 16 години. Бистата е поставена од страна на Општина Аеродром, по иницијатива на неговото најблиско семејство и пријатели.

Неговото родно место со бистата која беше поставена, од денес ќе претставува вечен спомен за неговите лик и дело, професионалниот однос кон униформата и работната позиција, како и херојската жртва која тој ја даде за Македонија.

The post Во Долно Лисиче откриена бистата на загинатиот бранител Игор Драганов appeared first on Република.

]]>

На свечен настан кој се одржа во Долно Лисиче, денес и официјално беше откриена спомен бистата посветена на Игор Драганов, жител од Аеродром кој херојски загина во одбрана на Македонија пред 16 години. Бистата е поставена од страна на Општина Аеродром, по иницијатива на неговото најблиско семејство и пријатели. Неговото родно место со бистата која беше поставена, од денес ќе претставува вечен спомен за неговите лик и дело, професионалниот однос кон униформата и работната позиција, како и херојската жртва која тој ја даде за Македонија.

The post Во Долно Лисиче откриена бистата на загинатиот бранител Игор Драганов appeared first on Република.

]]>
Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-bistata-na-tsvetan-dimov-od-gradski-park/ Fri, 28 Apr 2023 15:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=635072

Утрово 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк appeared first on Република.

]]>

Утрово 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк appeared first on Република.

]]>
Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-bistata-na-slavko-janevski-oshteteni-na-atso-shopov-i-sergej-esenin-vo-struga/ Thu, 20 Apr 2023 08:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=632382

Исчезната е бистата на македонскиот поет Славко Јаневски на кејот на реката Црн Дрим во Струга, а на Ацо Шопов и Сергеј Есенин видливо расклатени во обид да се откорнат од постаментите, соопшти денеска националната установа „Струшки вечери на поезијата“.

Според информацијата, вандалскиот чин бил забележан вчера во вообичаена проверка на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. Кражбата била пријавена во Полициската станица Струга од директорот на СВП, Тодорче Тасевски.

Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски, како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, информира СВП.

Апелираат граѓаните и сите почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата.

Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација, како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата, додаваат во соопштението.

Сличен вандалски чин се случил и на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откорната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. По пронаоѓањето била санирана и вратен на постаментот.

The post Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга appeared first on Република.

]]>

Исчезната е бистата на македонскиот поет Славко Јаневски на кејот на реката Црн Дрим во Струга, а на Ацо Шопов и Сергеј Есенин видливо расклатени во обид да се откорнат од постаментите, соопшти денеска националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Според информацијата, вандалскиот чин бил забележан вчера во вообичаена проверка на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. Кражбата била пријавена во Полициската станица Струга од директорот на СВП, Тодорче Тасевски.
Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски, како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, информира СВП.
Апелираат граѓаните и сите почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата.
Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација, како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата, додаваат во соопштението.
Сличен вандалски чин се случил и на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откорната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. По пронаоѓањето била санирана и вратен на постаментот.

The post Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга appeared first on Република.

]]>
Левица: Вандализирана бистата на Вапцаров пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-vandalizirana-bistata-na-vapcarov-pred-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-bugarija/ Mon, 24 Oct 2022 20:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=565117

Левица соопштува дека со своја делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, испраќајќи јасна порака врз кои историски личности треба да се гради соработката помеѓу балканските народи.

Пратијата информира дека непосредно пред отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот парк во Скопје.

Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската антифашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското тридецениско руинирање на АСНОМ-ските темели на Републиката“, соопшти Левица.

The post Левица: Вандализирана бистата на Вапцаров пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Левица соопштува дека со своја делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, испраќајќи јасна порака врз кои историски личности треба да се гради соработката помеѓу балканските народи. Пратијата информира дека непосредно пред отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот парк во Скопје.
Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската антифашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското тридецениско руинирање на АСНОМ-ските темели на Републиката“, соопшти Левица.

The post Левица: Вандализирана бистата на Вапцаров пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-vandalizam-iskornata-i-ukradena-bistata-na-nevena-georgieva-dunja/ Tue, 04 Oct 2022 07:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=557105

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата.

Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година.

Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.

 

The post Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата. Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година. Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.  

The post Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>
Украински војници ја урнаа бистата на командантот кој ја порази нацистичка Германија во Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-vojnici-ja-urnaa-bistata-na-komandantot-koj-ja-porazi-nacistichka-germanija-vo-vtorata-svetska-vojna/ Mon, 18 Apr 2022 08:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=489863

Украинската војска во Харков беше отстранета биста на познатиот советски маршал Георги Жуков, кој командуваше во голем број клучни битки во кои беше поразена армијата на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Локалните власти, кои претходно беа против отстранувањето на споменикот на Жуков, не се огласија со коментар по рушењето на бистата.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1515631573592424448?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1515631573592424448%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3914867%2Fukrajina-rusija-invazija-uzivo

The post Украински војници ја урнаа бистата на командантот кој ја порази нацистичка Германија во Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Украинската војска во Харков беше отстранета биста на познатиот советски маршал Георги Жуков, кој командуваше во голем број клучни битки во кои беше поразена армијата на нацистичка Германија во Втората светска војна. Локалните власти, кои претходно беа против отстранувањето на споменикот на Жуков, не се огласија со коментар по рушењето на бистата. https://twitter.com/nexta_tv/status/1515631573592424448?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1515631573592424448%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3914867%2Fukrajina-rusija-invazija-uzivo

The post Украински војници ја урнаа бистата на командантот кој ја порази нацистичка Германија во Втората светска војна appeared first on Република.

]]>