Бислимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bislimovski/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 19:23:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бислимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bislimovski/ 32 32 Бислимоски: Не очекувам некој сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-ne-ochekuvam-nekoj-seriozen-udar-vo-odnos-na-tsenata-na-gasot-i-na-elektrichnata-energija/ Thu, 17 Oct 2024 19:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=828223

Претседателот на  Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вечерва истакна дека во делот на обезбедување на гас Македонија нема да има проблеми.

Бислимоски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ посочи дека проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но не очекува некои сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија

-Во делот на обезбедувањето на гас Македонија ќе нема проблеми. Гасот доаѓа од „Турски тек“, тоа е во најголем дел гас на „Гаспром“, од Турција преку Бугарија доаѓа кај нас. Единствено проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но она што го гледаме е дека и Австрија кажува ние немаме проблем да обезбедиме гас од друго место, Унгарија истото го кажува. Чешка и Словачка биле подготвени. Така што, не очекувам некои сериозен удар во однос на цената на гасот па понатака тоа да влијае и на електричната енергија. Можно е бидејќи вообичаено Европа во отсекогаш увезувала доста големи количини на електрична енергија од Украина. Сега енергетски голем број на производствени енергетски постројки во Украина во оваа тотално луда војна, се уништени и веќе се гледа и обратна насока на движењето на електричната енергија. Увезуваат електрична енергија и ќе видиме тоа како оваа зима ќе биде најкарактеристично бидејќи во изминативе неколку месеци се уништија најголем број на нивни производни постројки. Па ќе видиме сето тоа како ќе функционира. Она што го гледаме на берзите е да кажеме некоја цена од помеѓу 100 и 110 евра за мегават час.Тоа се првиот квартал на 2025 и цела 2025, тука е некаде во разлика од пет проценти. Па да видиме како ќе биде, но предизвици секогаш ќе има. Беше интерсно во изминативе неповрзано со електрична енергија природниот гас кога се навестија нападите на Иран врз Израел, цената на нафтата порасна за 10 долари. Па сега кога пројде тоа почнува да се намалува овие неколку дена. Така што, берзиве на сите енергенси се исклучително осетливи на политика што не е добро, рече Бислимоски.

Првиот човек на РКЕ нагласи дека немаме сценарио Б, имаме само сценарио А и ЕСМ мора да застане на здрави нозе и да се врати во финансиска кондиција. Тој рече дека нема друга опција, освен намалување на трошоци и зголемување на производството.

Македонија, рече тој, е членка на Европската енергетска заедница и има преземено обврски.

-Во однос на јагленот, ние не сме некоја енергетски богата земја, имаме ресурси. Немаме. Од ресурсите сме го имале јагленот, го имаме уште, да видиме до кога ќе можеме да го користиме додека ја правиме трансформацијата. Сме кажале дека во Битола од 2025 година ќе се направи когенеративна постројка. Да отидеме, ќе видиме дека нема. Тој процес на изградба на нови когенеративни постројки кои што мора да ни ги заменат блоковите во Битола, мора да го реализираме. И тоа час поскоро, вели првиот човек на РКЕ.

Тој вели дека се изградија многу обновливи извори во државата, која има потреба од таа базна енергија за да функционира системот.

-Ако капацитетот на трите блока во Битола е 700 мегавати, ние реално на мрежа имаме 450-460, нам дефакто еден блок ни е надвор од игра. Поради тоа што имаме помалку квалитетен јаглен таму, не секогаш се знае со каков квалитет е увозниот, па се меѓа со нашиот и има проблеми при самото производство на електрична енергија и затоа има чести испади, вели Бислимоски.

Првиот човек на РКЕ смета дека треба да се либерализира пазарот на деривати.

-Јас како Марко, тој нафтен сектор ние со договорот за купопродажба со ОКТА каде што имаше дел и методологија купена во рамките на договорот, ни беше конзервиран до мај 2019 година. Во последниот период четири-пет години Регулаторната кажува своја методологија и гледам дека веќе е време, кај нас има огромен на трговци со електрина енергија, да зборуваме за целосна либерализација на овој сектор и на цените, да ги оставиме самите компании да се борат. Вие во Македонија само не можете да видите премиум гориво, затоа што ние имаме цена за вообиачени горива а немаме за премиум, не може Регулаторна да го каже тоа. Ќе се подобри квалитетот на горивата. Верувам дека и цената ќе остане стабилна како и до сега. Но треба да им дадеме шанса да ги оставиме да работат затоа што реално се од целиот енергетски сектор се е либерализрано и електрична енргија и природен гас. Треба да им дадеме шанса да си работат.  Има голем број на трговци, има голем број на бензиски пумпи, нека си конкурираат меѓу себе, сигурно ќе се подобри квалитетот. Така што, сметам дека треба да се либерализира пазарот, рече тој.

Бислимоски потенцира дека во Македонија во последните речиси три години се изградени 1.000 мегавати обновливи извори на енергија, процес што си го овозможи самото македонското стопанство.

-Тие беа соочени со сериозни проблеми во однос на цената на електрична енергија и сфатија дека треба да инвестираат во фотоволтаици. Најголем дел од нив си ги поставуваа на покривите на нивните компании за да си ги намалат трошоците, а дел од нив, исто така, видоа и бизнис можност и започнаа да градат фотоволтаици, изјави Бислимоски.

The post Бислимоски: Не очекувам некој сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на  Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вечерва истакна дека во делот на обезбедување на гас Македонија нема да има проблеми. Бислимоски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ посочи дека проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но не очекува некои сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија -Во делот на обезбедувањето на гас Македонија ќе нема проблеми. Гасот доаѓа од „Турски тек“, тоа е во најголем дел гас на „Гаспром“, од Турција преку Бугарија доаѓа кај нас. Единствено проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но она што го гледаме е дека и Австрија кажува ние немаме проблем да обезбедиме гас од друго место, Унгарија истото го кажува. Чешка и Словачка биле подготвени. Така што, не очекувам некои сериозен удар во однос на цената на гасот па понатака тоа да влијае и на електричната енергија. Можно е бидејќи вообичаено Европа во отсекогаш увезувала доста големи количини на електрична енергија од Украина. Сега енергетски голем број на производствени енергетски постројки во Украина во оваа тотално луда војна, се уништени и веќе се гледа и обратна насока на движењето на електричната енергија. Увезуваат електрична енергија и ќе видиме тоа како оваа зима ќе биде најкарактеристично бидејќи во изминативе неколку месеци се уништија најголем број на нивни производни постројки. Па ќе видиме сето тоа како ќе функционира. Она што го гледаме на берзите е да кажеме некоја цена од помеѓу 100 и 110 евра за мегават час.Тоа се првиот квартал на 2025 и цела 2025, тука е некаде во разлика од пет проценти. Па да видиме како ќе биде, но предизвици секогаш ќе има. Беше интерсно во изминативе неповрзано со електрична енергија природниот гас кога се навестија нападите на Иран врз Израел, цената на нафтата порасна за 10 долари. Па сега кога пројде тоа почнува да се намалува овие неколку дена. Така што, берзиве на сите енергенси се исклучително осетливи на политика што не е добро, рече Бислимоски. Првиот човек на РКЕ нагласи дека немаме сценарио Б, имаме само сценарио А и ЕСМ мора да застане на здрави нозе и да се врати во финансиска кондиција. Тој рече дека нема друга опција, освен намалување на трошоци и зголемување на производството. Македонија, рече тој, е членка на Европската енергетска заедница и има преземено обврски. -Во однос на јагленот, ние не сме некоја енергетски богата земја, имаме ресурси. Немаме. Од ресурсите сме го имале јагленот, го имаме уште, да видиме до кога ќе можеме да го користиме додека ја правиме трансформацијата. Сме кажале дека во Битола од 2025 година ќе се направи когенеративна постројка. Да отидеме, ќе видиме дека нема. Тој процес на изградба на нови когенеративни постројки кои што мора да ни ги заменат блоковите во Битола, мора да го реализираме. И тоа час поскоро, вели првиот човек на РКЕ. Тој вели дека се изградија многу обновливи извори во државата, која има потреба од таа базна енергија за да функционира системот. -Ако капацитетот на трите блока во Битола е 700 мегавати, ние реално на мрежа имаме 450-460, нам дефакто еден блок ни е надвор од игра. Поради тоа што имаме помалку квалитетен јаглен таму, не секогаш се знае со каков квалитет е увозниот, па се меѓа со нашиот и има проблеми при самото производство на електрична енергија и затоа има чести испади, вели Бислимоски. Првиот човек на РКЕ смета дека треба да се либерализира пазарот на деривати. -Јас како Марко, тој нафтен сектор ние со договорот за купопродажба со ОКТА каде што имаше дел и методологија купена во рамките на договорот, ни беше конзервиран до мај 2019 година. Во последниот период четири-пет години Регулаторната кажува своја методологија и гледам дека веќе е време, кај нас има огромен на трговци со електрина енергија, да зборуваме за целосна либерализација на овој сектор и на цените, да ги оставиме самите компании да се борат. Вие во Македонија само не можете да видите премиум гориво, затоа што ние имаме цена за вообиачени горива а немаме за премиум, не може Регулаторна да го каже тоа. Ќе се подобри квалитетот на горивата. Верувам дека и цената ќе остане стабилна како и до сега. Но треба да им дадеме шанса да ги оставиме да работат затоа што реално се од целиот енергетски сектор се е либерализрано и електрична енргија и природен гас. Треба да им дадеме шанса да си работат.  Има голем број на трговци, има голем број на бензиски пумпи, нека си конкурираат меѓу себе, сигурно ќе се подобри квалитетот. Така што, сметам дека треба да се либерализира пазарот, рече тој. Бислимоски потенцира дека во Македонија во последните речиси три години се изградени 1.000 мегавати обновливи извори на енергија, процес што си го овозможи самото македонското стопанство. -Тие беа соочени со сериозни проблеми во однос на цената на електрична енергија и сфатија дека треба да инвестираат во фотоволтаици. Најголем дел од нив си ги поставуваа на покривите на нивните компании за да си ги намалат трошоците, а дел од нив, исто така, видоа и бизнис можност и започнаа да градат фотоволтаици, изјави Бислимоски.

The post Бислимоски: Не очекувам некој сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-se-plasham-od-koruptsija-ako-drzhavata-reshi-da-gradi-vo-energetikata-privatniot-investitor-poveke-se-grizhi-za-parite-od-drzhavata/ Sun, 11 Feb 2024 12:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=742832

Ако можела и сакала државата до сега ќе изградела енергетски капацитет, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, додава Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

За планираниот проект за когенеративната гасна централа на Митилинеос и планираните 50 милиони помош од државата, Бислимовски вели дека не станува збор за помош.

„Тие пари, преку данокот на добивка ќе се вратат назад во буџетот. Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата. Ама јас ви тврдам ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред сè ЕСМ работи по Закон за јавни набавки, тоа ќе оди споро и со корупција. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме.

Прва невистина која што се кажува е во делот на цената за топлинска енергија. Значи, со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси, повеќе од двојно, цената на когенеративната постројка, Те-То за топлинска енергија, е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за Митиленеос. Наместо да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари. Оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија на градот Скопје, каде што имаме 58-59.000 потрошувачи. Апсолутно не е вистина дека топлинската енергија ќе одела само во еден дел во Железара, во Автокоманда и во Маџари“, вели Бислимовски.

За наводното затворање на Те-То, тој вели дека таа централа ќе си работи.

„Те-То е добар проект. Јас сум експерт, не навлегувам дали била руска, шпанска, италијанска. Тука е во Скопје, бисер ни е од технички аспект. Исклучиво ни помага во делот на стабилизирање на напонот на нашата мрежа и Те-То е одлична термоелектрана. Дај Боже да направевме уште 10 такви те-товци големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме“, рече Бислимовски во интервјуто за РСЕ.

The post Бислимовски: Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата appeared first on Република.

]]>

Ако можела и сакала државата до сега ќе изградела енергетски капацитет, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, додава Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа. За планираниот проект за когенеративната гасна централа на Митилинеос и планираните 50 милиони помош од државата, Бислимовски вели дека не станува збор за помош. „Тие пари, преку данокот на добивка ќе се вратат назад во буџетот. Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата. Ама јас ви тврдам ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред сè ЕСМ работи по Закон за јавни набавки, тоа ќе оди споро и со корупција. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме. Прва невистина која што се кажува е во делот на цената за топлинска енергија. Значи, со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси, повеќе од двојно, цената на когенеративната постројка, Те-То за топлинска енергија, е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за Митиленеос. Наместо да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари. Оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија на градот Скопје, каде што имаме 58-59.000 потрошувачи. Апсолутно не е вистина дека топлинската енергија ќе одела само во еден дел во Железара, во Автокоманда и во Маџари“, вели Бислимовски. За наводното затворање на Те-То, тој вели дека таа централа ќе си работи. „Те-То е добар проект. Јас сум експерт, не навлегувам дали била руска, шпанска, италијанска. Тука е во Скопје, бисер ни е од технички аспект. Исклучиво ни помага во делот на стабилизирање на напонот на нашата мрежа и Те-То е одлична термоелектрана. Дај Боже да направевме уште 10 такви те-товци големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме“, рече Бислимовски во интервјуто за РСЕ.

The post Бислимовски: Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Парното нема да поскапи повеќе од пет отсто од 1 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-parnoto-nema-da-poskapi-poveke-od-pet-otsto-od-1-noemvri/ Sun, 29 Oct 2023 19:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=696063

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител зборуваше за зголемувањето на цената на парното греење.

Бислимовски истакна дека парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти од 1 ноември, односно како што тој потенцираше зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво.

Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски за Сител

The post Бислимовски: Парното нема да поскапи повеќе од пет отсто од 1 ноември appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител зборуваше за зголемувањето на цената на парното греење. Бислимовски истакна дека парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти од 1 ноември, односно како што тој потенцираше зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво.
Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски за Сител

The post Бислимовски: Парното нема да поскапи повеќе од пет отсто од 1 ноември appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември во периодот од 13 часот до 15 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-dnevna-evtina-tarifa-ke-startuva-vo-dekemvri-vo-periodot-od-13-chasot-do-15-chasot/ Thu, 05 Oct 2023 11:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=688180

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика.

Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и  се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори.  Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети, со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува  15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно“ посочи Бислимоски.

Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармираше дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, додека реформите во енергетскиот сектор мора да продолжат без оглед на геополитичките случувања.

Претседателот Бислимоски ја презентираше иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.

„Субвенциите ги намалија значајно  сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош  за сметките.“ изјави Бислимоски.

The post Бислимоски: Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември во периодот од 13 часот до 15 часот appeared first on Република.

]]>

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика.
Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и  се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори.  Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети, со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува  15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно“ посочи Бислимоски.
Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармираше дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, додека реформите во енергетскиот сектор мора да продолжат без оглед на геополитичките случувања. Претседателот Бислимоски ја презентираше иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.
„Субвенциите ги намалија значајно  сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош  за сметките.“ изјави Бислимоски.

The post Бислимоски: Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември во периодот од 13 часот до 15 часот appeared first on Република.

]]>
Од изворот до чешмата се губи 60% питка вода, вели Бислимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-izvorot-do-cheshmata-se-gubi-60-pitka-voda-veli-bislimovski/ Thu, 28 Sep 2023 10:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=685977

„Основната идеја за постоењето на регулаторот е да биде браник од високите очекувања на природните монополите, преку методологиите кои ги применува за да осигура висока заштита на потрошувачите. Вработените, кои што се врвни професионалци со интегритет – се сржта на оваа институција и затоа сите иницијативи, мерки и одлуки кои се преземаат од нас се со единствена цел – да се заштитат потрошувачите и да се обезбеди функционирање на виталните инфраструктурни енергетски системите кои се и стратешки“, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Тој се осврна и на енергетските транзиции.

„Енергетските предизвици низ последниве години имаа драматичен развој. Бевме соочени со реална можност за ескалација и рестрикции поради геополитичките случувања – сепак проактивноста од наша страна ја позиционираше регулаторната како пример во новиот регулаторен пристап и практика на надлежностите кои потрошувачите ги поставија во центарот на вниманието“, додаде Бислимовски.

На крајот од својот говор, Бислимовски пред присутните наздрави со 1/3 полна чаша вода, додавајќи дека 60% питка вода се губи од изворот до чешмата.

„РКЕ стои на располагање во целост да ја преземе ингеренцијата за конечно утврдување на цената на водата затоа што имаме знаење. Ако треба некој да биде виновен за цената, ние сме тука да не обвините, по цена вода да имаме, а не да ја купуваме флаширана за секојдневна употреба затоа што тоа ќе ни се случи како неодговорно се однесуваме!“, заклучи Бислимовски.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги синоќа порслави 20 години постоење.

The post Од изворот до чешмата се губи 60% питка вода, вели Бислимовски appeared first on Република.

Бислимоски: Од скопски „Водовод“ лажат дека не побарале водата да поскапи, еве ги документите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-od-skopski-vodovod-lazhat-deka-ne-pobarale-vodata-da-poskapi-eve-gi-dokumentite/ Fri, 24 Feb 2023 19:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=612900

„Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лаже дека не побарало поскапување на цената на водата“, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако од јавното претпријатие испратија соопштение кое го нарекоа „демант“, во кое се тврди дека информацијата оти водата во Скопје ќе поскапи ја нарекува „лажна вест“.

Бислимоски во изјава за „СДК.мк“ вели дека на 11 ноември претпријатието доставило барање за утврдување на тарифа за водна услуга, потпишано од тогашниот в. д. директор Марјан Митовски, а РКЕ ги има документите кои тоа го потврдуваат.

„Еве ги барањата кои ги доставија до нас за нови тарифи за водоснабдување, собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води. Ние одлуката на подготвителната седница ја донесовме врз база на овие барања. Ако не сакаат да поскапи водата како што велат сега, нека ги повлечат барањата. Ама бидејќи не знаат што сакаат и лажат, ние конечна одлука нема да донесеме“, вели Бислимоски.

Од „Водовод“ побарале минималното зголемување да биде да биде 2,5 денари по метар кубен, а максималното 5,3 денари, додека РКЕ на седница одобрила минимално поскапување од 0,76 денари за метар кубен, а максимално од 3,4 денари. Скопските домаќинства во просек трошат по околу десет кубици вода, што значи дека сметките ќе бидат повисоки за најмалку седум, а најмногу 34 денари.

Од „Водовод и канализација“ во „демантот“ велат дека „во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година“, но дека тие не побарале од Советот на Град Скопје поскапување на водата.

The post Бислимоски: Од скопски „Водовод“ лажат дека не побарале водата да поскапи, еве ги документите appeared first on Република.

]]>

„Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лаже дека не побарало поскапување на цената на водата“, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако од јавното претпријатие испратија соопштение кое го нарекоа „демант“, во кое се тврди дека информацијата оти водата во Скопје ќе поскапи ја нарекува „лажна вест“. Бислимоски во изјава за „СДК.мк“ вели дека на 11 ноември претпријатието доставило барање за утврдување на тарифа за водна услуга, потпишано од тогашниот в. д. директор Марјан Митовски, а РКЕ ги има документите кои тоа го потврдуваат.
 
„Еве ги барањата кои ги доставија до нас за нови тарифи за водоснабдување, собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води. Ние одлуката на подготвителната седница ја донесовме врз база на овие барања. Ако не сакаат да поскапи водата како што велат сега, нека ги повлечат барањата. Ама бидејќи не знаат што сакаат и лажат, ние конечна одлука нема да донесеме“, вели Бислимоски.
Од „Водовод“ побарале минималното зголемување да биде да биде 2,5 денари по метар кубен, а максималното 5,3 денари, додека РКЕ на седница одобрила минимално поскапување од 0,76 денари за метар кубен, а максимално од 3,4 денари. Скопските домаќинства во просек трошат по околу десет кубици вода, што значи дека сметките ќе бидат повисоки за најмалку седум, а најмногу 34 денари. Од „Водовод и канализација“ во „демантот“ велат дека „во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година“, но дека тие не побарале од Советот на Град Скопје поскапување на водата.

The post Бислимоски: Од скопски „Водовод“ лажат дека не побарале водата да поскапи, еве ги документите appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Ако има доволно гас и се држиме до планираното производство, ќе нема промена на цената на парното од 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-ako-ima-dovolno-gas-i-se-drzime-do-planiranoto-proizvodstvo-kje-nema-promena-na-cenata-na-parnoto-od-1-januari/ Tue, 18 Oct 2022 19:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=562724

Нè очекува исклучително тешка зима, но ако има доволно гас за Те-То за компанијата да даде поевтина електрична енергија за топланите и ако се држиме до плановите за производство на електрична енергија, ќе имаме порелаксирана ситуација и ќе нема промена на цената на парното од 1 јануари, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во вечерашното интервју во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

Свесен сум дека граѓаните се наоѓаат во неизвесност, но да се надеваме дека цените ќе бидат стабилни. Ние, сепак, треба да бидеме подготвени за секое сценарио“, нагласи Бислимовски.

Тој нагласи дека се наоѓаме пред период во кој сè уште има многу непознати, но, истовремено, има и многу оптимизам дека сè ќе биде во ред.

The post Бислимовски: Ако има доволно гас и се држиме до планираното производство, ќе нема промена на цената на парното од 1 јануари appeared first on Република.

Бислимовски до граѓаните: Ќе има проблеми во првите денови со парното, покажете трпение https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-do-gragjanite-kje-ima-problemi-vo-prvite-denovi-so-parnoto-pokazete-trpenie/ Sat, 15 Oct 2022 06:36:04 +0000 https://republika.mk/?p=561322

Регулаторната комисија за енергетика ги издаде трите лиценци на АД ЕСМ за регулирано производство на топлинска енергија, за дистрибуција и за снабдување со што се исполнети сите предуслови на 15 октомври да се вклучи парното греење за скопјани.

Лиценцата за производство е издадена до април 2023 година, лиценцата за дистрибуција на максимален рок од 35 години и лиценцата за снабдување на максимален рок од 10 години.

Со издавањето на овие лиценци се исполните сите предуслови за отпочнување на грејната сезона во Градот Скопје која ќе започне од 15 октомври. Сите критериуми кои важеа, ќе останат и понатаму. Температурата ќе остане 21 степен целзиусов.

Во Белград започнувањето на грејната сезона е одложено, истото е направено во Италија. Во Австрија и Швајцарија максималните температури се 19 степени, а ние остануваме на истите 21 степен и се што може РКЕ да направи, ќе направи во рамките на нормалното за да има непречено греење.

Очекуваме дека во првичните денови со топлината ќе има вообичаени проблеми. Ги повикувам граѓаните да покажат трпение. Се што треба да превземе ЕСМ ќе биде преземено со цел топлината да стигне до секој стан. Очекуваме почеток на грејната сезона. Го повикуваме ЕСМ да работи во оптимален режим на работа со цел да се заштеди на гориво за производство на топлина – истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој рече дека октомври и ноември нема да бидат проблематични месеци бидејќи се очекува да имаме повисоки температури, па неработењето на ТЕ-ТО кој се уште не може да најде поевтин гас, нема да влијае врз парното греење.

Скопје до 2012 година се греело без ТЕ-ТО и сега ќе може. Замолувам да не создаваме непотребна паника и да не креваме хистерија кај граѓаните. Србија која има далеку пониска цена на гасот и резерви на гасот, ја одложи грејната сезона за една недела. Така што верувајте им на институциите – порача Бислимоски.

The post Бислимовски до граѓаните: Ќе има проблеми во првите денови со парното, покажете трпение appeared first on Република.

Бислимовски: Граѓаните на Македонија ќе мора да се прилагодат на состојбите кои ги наметнува кризата по воениот конфликт во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-gragjanite-na-makedonija-kje-mora-da-se-prilagodat-na-sostojbite-koi-gi-nametnuva-krizata-po-voeniot-konflikt-vo-ukraina/ Thu, 30 Jun 2022 20:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=521874

Директорот на РКЕ, Марко Бислимовски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 говореше за состојбата со цените на електричната енергија во земјава и најавеното поскапување на истата.

Како што истакна тој, граѓаните на Македонија ќе мора да се прилагодат на состојбите кои ги наметнува кризата по воениот конфликт во Украина.

Јас знам дека луѓето се лутат кога ќе им кажам дека треба да се штеди. Таква е ситуацијата и мора да се прилагодиме според состојбата моментална“, кратко порача Бислимовски.

The post Бислимовски: Граѓаните на Македонија ќе мора да се прилагодат на состојбите кои ги наметнува кризата по воениот конфликт во Украина appeared first on Република.

]]>

Директорот на РКЕ, Марко Бислимовски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 говореше за состојбата со цените на електричната енергија во земјава и најавеното поскапување на истата. Како што истакна тој, граѓаните на Македонија ќе мора да се прилагодат на состојбите кои ги наметнува кризата по воениот конфликт во Украина.
Јас знам дека луѓето се лутат кога ќе им кажам дека треба да се штеди. Таква е ситуацијата и мора да се прилагодиме според состојбата моментална“, кратко порача Бислимовски.

The post Бислимовски: Граѓаните на Македонија ќе мора да се прилагодат на состојбите кои ги наметнува кризата по воениот конфликт во Украина appeared first on Република.

]]>
Бислимовски на средба со Зибери: Струјомерите мора да се читаат најмалку 4 пати годишно, се размислува и за рамномерно плаќање струја на 12 рати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-na-sredba-so-ziberi-strujomerite-mora-da-se-chitaat-najmalku-4-pati-godishno-se-razmisluva-i-za-ramnomerno-plakjanje-struja-na-12-rati/ Tue, 14 Jun 2022 10:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=514950

Кај Народниот правобранител стигнале многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. За овој проблем, на заедничка маса седнале народниот правобанител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, а разултат на нивната соработка, како што беше кажано на прес конференцијата, е нов правилник според кој Електродистрибуција мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите. Според сегашната регулатива, тоа има обврска да го прави еднаш годишно.

Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случи , на примеr, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари, доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании – рече Бислимоски.

The post Бислимовски на средба со Зибери: Струјомерите мора да се читаат најмалку 4 пати годишно, се размислува и за рамномерно плаќање струја на 12 рати appeared first on Република.

]]>

Кај Народниот правобранител стигнале многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. За овој проблем, на заедничка маса седнале народниот правобанител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, а разултат на нивната соработка, како што беше кажано на прес конференцијата, е нов правилник според кој Електродистрибуција мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите. Според сегашната регулатива, тоа има обврска да го прави еднаш годишно. Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случи , на примеr, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари, доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании – рече Бислимоски.

The post Бислимовски на средба со Зибери: Струјомерите мора да се читаат најмалку 4 пати годишно, се размислува и за рамномерно плаќање струја на 12 рати appeared first on Република.

]]>
Во живо: Прес конференција на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-zivo-pres-konferencija-na-pretsedatelot-na-rke-marko-bislimovski/ Mon, 13 Jun 2022 10:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=514451

Прес конференција на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски и професорот Рубин Талески на тема „Воведување на блок тарифи“.

The post Во живо: Прес конференција на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски appeared first on Република.

Училишта „прилепени“ на кујни плаќаат пониска цена на струја на сметка на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/uchilishta-prilepeni-na-kujni-plakjaat-poniska-cena-na-struja-na-smetka-na-gragjanite/ Mon, 30 May 2022 21:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=508976

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во „Топ Тема“ на „Телма“ зборуваше за тоа дека некои училишта се „прилепени“ на кујните за да плаќаат струја по цена на регулираниот пазар.

„Во некои училишта има кујни, кои според тарифниот систем имаат цена како за домаќинствата. Има и такви кои се прилепени на кујните за да плаќаат цена на регулираниот пазар, а тоа е проблем затоа што сметката на крајот ја плаќаат граѓаните“, кажа Бислимовски.

Бислимовски вели дека мора сите да се однесуваат одговорно во услови на криза.

The post Училишта „прилепени“ на кујни плаќаат пониска цена на струја на сметка на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во „Топ Тема“ на „Телма“ зборуваше за тоа дека некои училишта се „прилепени“ на кујните за да плаќаат струја по цена на регулираниот пазар. „Во некои училишта има кујни, кои според тарифниот систем имаат цена како за домаќинствата. Има и такви кои се прилепени на кујните за да плаќаат цена на регулираниот пазар, а тоа е проблем затоа што сметката на крајот ја плаќаат граѓаните“, кажа Бислимовски. Бислимовски вели дека мора сите да се однесуваат одговорно во услови на криза.

The post Училишта „прилепени“ на кујни плаќаат пониска цена на струја на сметка на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Нема да дозволиме трошоците направени на некоректен начин да удрат на грбот на домаќинствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-nema-da-dozvolime-troshocite-napraveni-na-nekorekten-nachin-da-udrat-na-grbot-na-domakjinstvata/ Mon, 30 May 2022 20:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=508974

Кога ќе ја носиме новата одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јули годинава ќе направиме се за да се спречат малверзациите кои можат да влијаат на зголемување на цената што ја плаќаат домаќинствата, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

-Ова што го прават општините ниту е етички ниту, пак, морално. Кога беа намалени цените на слободниот пазар, општините штедеа – тогаш беше во ред. Сега кога се зголемија веднаш се прават малверзации за да се вратат на регулиран пазар. Има и компании кои прават фиктивен договор па се враќаат на регулираниот пазар. Сега кога ќе ја носиме одлуката нема да дозволиме овие непредвидени трошоци направени во најмала рака на некоректен начин да удрат на грбот на домаќинствата. Затоа при носење на одлуката на цената РКЕ ќе преземе се што е во наша надлежност за да не бидат оптоварени домаќинствата со овие малверзации на општините и компаниите. Ако е криза за сите е криза, рече Бислимоски во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Нагласи дека Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и останатите институции веќе се известени за малверзациите кои се детектирани од страна на РКЕ со фиктивни договори за да се вратат на регулираниот пазар.

The post Бислимоски: Нема да дозволиме трошоците направени на некоректен начин да удрат на грбот на домаќинствата appeared first on Република.

]]>

Кога ќе ја носиме новата одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јули годинава ќе направиме се за да се спречат малверзациите кои можат да влијаат на зголемување на цената што ја плаќаат домаќинствата, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. -Ова што го прават општините ниту е етички ниту, пак, морално. Кога беа намалени цените на слободниот пазар, општините штедеа – тогаш беше во ред. Сега кога се зголемија веднаш се прават малверзации за да се вратат на регулиран пазар. Има и компании кои прават фиктивен договор па се враќаат на регулираниот пазар. Сега кога ќе ја носиме одлуката нема да дозволиме овие непредвидени трошоци направени во најмала рака на некоректен начин да удрат на грбот на домаќинствата. Затоа при носење на одлуката на цената РКЕ ќе преземе се што е во наша надлежност за да не бидат оптоварени домаќинствата со овие малверзации на општините и компаниите. Ако е криза за сите е криза, рече Бислимоски во емисијата „Топ тема“ на Телма. Нагласи дека Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и останатите институции веќе се известени за малверзациите кои се детектирани од страна на РКЕ со фиктивни договори за да се вратат на регулираниот пазар.

The post Бислимоски: Нема да дозволиме трошоците направени на некоректен начин да удрат на грбот на домаќинствата appeared first on Република.

]]>
ЕСМ да се снајде и да го зголеми производството, порачува Бислимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-da-se-snajde-i-da-go-zgolemi-proizvodstvoto-porachuva-bislimovski/ Mon, 30 May 2022 18:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=508954

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски информира дека прогнозите на берзите за електрична енергија се исклучително лоши.

Денес мислам дека предвидувањата за цела 2023 година е цената да биде 240 евра за мегават час на берзата Хупекс во Унгарија. Таа цена ние не ја добиваме. Треба да се обезбедни преносен пат, маржи и ситни давачки. Тоа е минимум 280 евра на тргувања правени во мај, кога е релаксирана ситуација. ЕСМ мора да го зголеми производството оваа година, споредено со лани. Нека си се снајдат и мислат и да произведат. ЕСМ мора да обезбеди 100 % од потребите на регулираниот пазар. За да не дојде до увоз, ја кажувам реалната ситуација и какви проблеми ни прават општините и одредени компании. Владата повторно ќе треба да ја помогне работата на ЕСМ доколку има потреба, рече Бислимовски во емисијата „Топ тема“.

The post ЕСМ да се снајде и да го зголеми производството, порачува Бислимовски appeared first on Република.

Бислимовски: Енергетската криза ќе продолжи во следните неколку години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-energetskata-kriza-kje-prodolzi-vo-slednite-nekolku-godini/ Wed, 11 May 2022 09:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=500958

Енергетската криза трае и ќе продолжи во следните неколку години. За можноста ТЕ-ТО да не може да се вклучи како помош за пребродување на идната грејна сезона како што се вклучи годинава, претседателот на РКЕ Марко Бислимоски за Утрински брифинг вели дека ситуацијата со снабдување со природен гас е многу сериозна и секогаш може да се случи нешто непредвидено, а нашите трговци имаат договори докрајот на годината со можност за продолжување.

Имаше периоди во годината кога цените на нафтата не беа екстремно високи и се исплатеше набавка на мазут за вклучување на ТЕЦ Неготино. За жал, и цените на мазутот отидоа нагоре, но битно е да се обезбеди струја. ТЕЦ Неготино ја исполни оваа улога. Со оваа цена на мазутот цената на топлинската енергија е нешто помала одошто од гас, но треба да се има предвид и еколошкиот екефт. Мазут е тешко да се најде на пазарот и мислам дека треба да се размислува за дизелот како алтернативно гориво. Тоа нема да се одрази на снабдувањето на дизел за возилата, вели Бислимоски.

Бислимоски вели дека резерви има, а кога се крена паника се покажа многу бргу дека е неоснована. Тој додава дека е факт оти имаме исклучително тешка ситуација, но факт е дека институциите ги преземаат сите мерки.

Нафтените деривати ни се со зголемени цени затоа што е пораснат курсот на доларот и тоа не е поврзано со берзанските цени на брент нафтата, појаснува Бислимоски за Утрински брифинг.

The post Бислимовски: Енергетската криза ќе продолжи во следните неколку години appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-od-denes-poskapi-gorivata-a-bislimoski-na-jadran-na-ruchek-vo-luksuzen-restoran/ Tue, 29 Mar 2022 07:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=480147

Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ноќеска на полноќ горивата со одлука на РКЕ, каде Бислимоски е претседател поскапеа за 1.5 денари.

Цената на дизелот во малопродажба е 87.5 денари, а на бензинот 85.5 денари. Цените на горивата сега се и над 70% поскапи од пред една ипол година.

Високата цена на горивата не се должи само на растот на цената на светските берзи, туку и на акцизата која владата на СДСМ и ДУИ ја зголеми за 13.13 денари од 2017 до денес.

Да не беше зголемувањето на акцизата од СДСМ и ДУИ, денес дизелот ќе се продаваше по максимум 74.5 денари, а бензинот по 72.5 денари. Но СДСМ и ДУИ решија да ја зголемат акцизата за да има повеќе за матни тендери и трошење на функционерите.

И додека народот плаќа поскапо, власта се луксузира, како Бислимоски на Јадранот, стои во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан appeared first on Република.

]]>

Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ноќеска на полноќ горивата со одлука на РКЕ, каде Бислимоски е претседател поскапеа за 1.5 денари. Цената на дизелот во малопродажба е 87.5 денари, а на бензинот 85.5 денари. Цените на горивата сега се и над 70% поскапи од пред една ипол година. Високата цена на горивата не се должи само на растот на цената на светските берзи, туку и на акцизата која владата на СДСМ и ДУИ ја зголеми за 13.13 денари од 2017 до денес. Да не беше зголемувањето на акцизата од СДСМ и ДУИ, денес дизелот ќе се продаваше по максимум 74.5 денари, а бензинот по 72.5 денари. Но СДСМ и ДУИ решија да ја зголемат акцизата за да има повеќе за матни тендери и трошење на функционерите. И додека народот плаќа поскапо, власта се луксузира, како Бислимоски на Јадранот, стои во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Се уште имаме најевтино гориво во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-se-ushte-imame-najevtino-gorivo-vo-regionot/ Mon, 07 Mar 2022 19:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=469230

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски вели дека и покрај зголемените цени Македонија и натаму има најевтини горива во регионот.

Споредбено со регионот, согласно последните достапни податоците од 6.3.2022 година (недела) во земјава Еуродизелот е со најниска цена и изнесува 1,388 евра/литар, додека во Србија изнесува 1,552 евра/литар, во Бугарија е 1,457 евра/литар во Албанија 1,616 евра/литар, во Грција 1,678 евра/литар и во Хрватска 1,497евра/литар. И Еуросупер БС 95 исто има најниска цена во земјава од 1,453 евра/литар (цена актуелна од полноќ), за разлика од Србија каде цената на Еуросупер БС 95 изнесува 1,482 евра/литар, во Албанија 1,632 евра/литар, во Грција e 1,951 евра/литар и во Хрватска 1,507 евра/литар. Само во Бугарија е пониска и изнесува 1,427 евра/литар.“ – се вели во писмената изјава на првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.

The post Бислимовски: Се уште имаме најевтино гориво во регионот appeared first on Република.

Бислимовски: РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цените на нафтените деривати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-rke-kje-nosi-odluki-na-dnevno-nivo-za-cenite-na-naftenite-derivati/ Mon, 07 Mar 2022 18:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=469195

Цената на бензините од полноќ се зголемува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика.

Ваквата одлука е донесена поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавуваат дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба.

– Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на доларот расте, овие се клучни фактори кои влијаат врз крајната цена. Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени, изјави вечерва претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

За состојбата во нафтениот сектор, РКЕ ја информирала и Владата и анализите им се ставени на располагање со цел да се носат соодветни одлуки за да се заштити стандардот на граѓаните.

Според Бислимоски, нафтени деривати има во доволни количини, но проблем е високата цена, што не е случај само кај нас, туку и во Европа.

– Неопходно е сите да се однесуваат рационално во ваква вонредна и непредвидлива состојба, за која не се знае колку ќе трае и со каков епилог, апелира Бислимоски.

Од РКЕ посочуваат дека цените на нафтените деривати на светските берзи растат над 21 процент.

Согласно новата одлука на РКЕ, од полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 89,50 ден/лит, а
ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде
85,50 ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголемува за 6,149 денар/килограм и новата цена ќе биде 54,319 ден/кг.

The post Бислимовски: РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цените на нафтените деривати appeared first on Република.

]]>

Цената на бензините од полноќ се зголемува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика. Ваквата одлука е донесена поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавуваат дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба. – Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на доларот расте, овие се клучни фактори кои влијаат врз крајната цена. Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени, изјави вечерва претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. За состојбата во нафтениот сектор, РКЕ ја информирала и Владата и анализите им се ставени на располагање со цел да се носат соодветни одлуки за да се заштити стандардот на граѓаните. Според Бислимоски, нафтени деривати има во доволни количини, но проблем е високата цена, што не е случај само кај нас, туку и во Европа. – Неопходно е сите да се однесуваат рационално во ваква вонредна и непредвидлива состојба, за која не се знае колку ќе трае и со каков епилог, апелира Бислимоски. Од РКЕ посочуваат дека цените на нафтените деривати на светските берзи растат над 21 процент. Согласно новата одлука на РКЕ, од полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 89,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде 85,50 ден/лит. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголемува за 6,149 денар/килограм и новата цена ќе биде 54,319 ден/кг.

The post Бислимовски: РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цените на нафтените деривати appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-evn-home-e-dolzen-da-fakturira-po-sostojbata-shto-gragjanite-ja-prijavile-so-samootchituvanje/ Wed, 16 Feb 2022 08:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=459123

Сите апокалиптични сценарија и најави дека цената на електрична енергија за домаќинставата ќе се зголеми до 50 проценти или ќе има рестрикции не се остварија. Цената се корегираше за 9,48 проценти, а рестрикции нема, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на собраниската Комисија за економски прашања на која трет ден се разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ за 2022 година.

Бислимовски информираше дека во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи сметки за електрична енергија.

Станува збор за несоодветно отчитување. Затоа самите граѓани можат да превинираат и да си го отчитаат броилото и состојбата да ја пријават. ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување, рече Бислимоски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во дебататата за енергетската состојба и предлог финасискиот план обвинија дека членовите не ги задоволуваат критериумите при нивното бирање и со тоа е доведена во прашање нивната независност.

За ова малку време што ви остана покажете интегритет. Секако за кратко ќе се смени власта и ќе дојдат луѓе што знаат проблематиката во РКЕ, рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Бислимоски посочи дека РКЕ во последните три години е оценета за број еден регулатор од страна на Енергетската заедница. Во извештаите, како што рече, е оценета дека го има потврдено кредибилитетот и независноста со тоа што РКЕ има покажано највисока експертиза, стандарди, посветеност и способност да се спротистави на потенцијалните влијанија врз независноста.

Во извештајот на ЕК се констатирани политички влијанија, но точно се знае кој ја кочи работата и сака да влијае како што го кочите финасискиот извештај сега. Нема да најдете регулатор во ЕУ каде четири месеци се потребни да се усвои финасиски извештај. И секако овие ваши изјави дека ќе ги разрешите членовите во РКЕ откако ќе дојдете на власт – во Европската комисија го констатираат како притисок врз независноста, посочи Бислимоски.

The post Бислимовски: ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување appeared first on Република.

]]>

Сите апокалиптични сценарија и најави дека цената на електрична енергија за домаќинставата ќе се зголеми до 50 проценти или ќе има рестрикции не се остварија. Цената се корегираше за 9,48 проценти, а рестрикции нема, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на собраниската Комисија за економски прашања на која трет ден се разгледува Предлог финасискиот план на РКЕ за 2022 година. Бислимовски информираше дека во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на проблемите на граѓаните кои пријавиле дека добиле несоодветни високи сметки за електрична енергија.
Станува збор за несоодветно отчитување. Затоа самите граѓани можат да превинираат и да си го отчитаат броилото и состојбата да ја пријават. ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување, рече Бислимоски.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во дебататата за енергетската состојба и предлог финасискиот план обвинија дека членовите не ги задоволуваат критериумите при нивното бирање и со тоа е доведена во прашање нивната независност.
За ова малку време што ви остана покажете интегритет. Секако за кратко ќе се смени власта и ќе дојдат луѓе што знаат проблематиката во РКЕ, рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Бислимоски посочи дека РКЕ во последните три години е оценета за број еден регулатор од страна на Енергетската заедница. Во извештаите, како што рече, е оценета дека го има потврдено кредибилитетот и независноста со тоа што РКЕ има покажано највисока експертиза, стандарди, посветеност и способност да се спротистави на потенцијалните влијанија врз независноста.
Во извештајот на ЕК се констатирани политички влијанија, но точно се знае кој ја кочи работата и сака да влијае како што го кочите финасискиот извештај сега. Нема да најдете регулатор во ЕУ каде четири месеци се потребни да се усвои финасиски извештај. И секако овие ваши изјави дека ќе ги разрешите членовите во РКЕ откако ќе дојдете на власт – во Европската комисија го констатираат како притисок врз независноста, посочи Бислимоски.

The post Бислимовски: ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактурирана на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-neisporachana-toplinska-energija-nema-da-im-bide-fakturirana-na-potroshuvachite-koga-kje-se-pravi-poramnuvanje-vo-maj/ Mon, 17 Jan 2022 09:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=445640

Во однос на неиспорачана топлинска енергија, ниту еден киловат час од оваа неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактуриран на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај. Ние како Регулаторна комисија добивме многу поплаки од незадоволни корисници на парно греење и голем број беа надминати. Ситуацијата сега е далеку подобрена, но не може да се очекува дека ќе се обезбеди температура од 24-25 степени како што имаше во минатото, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во „Утрински брифинг“.

Целиот разговор овде.

The post Бислимовски: Неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактурирана на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај appeared first on Република.