Бисера Стојчевска Костадиновска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bisera-stojchevska-kostadinovska/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 07:50:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бисера Стојчевска Костадиновска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bisera-stojchevska-kostadinovska/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не ја перат ни партиските другари, ни Вардар, продолжуваме со објавување на детали за аздисаното трошење на народни пари од претходната власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bisera-antoaneta-ne-ja-perat-ni-partiskite-drugari-ni-vardar-prodolzhuvame-so-objavuvane-na-detali-za-azdisanoto-troshene-na-narodni-pari-od-prethodnata-vlast/ Tue, 27 Aug 2024 07:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=810455

Обелоденувањето на трошоците од патувањата, поточно трошењата на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, сега веќе позната како Бисера Антоанета е само почеток на откривање на детали за расипништвото на претходната владејачка гарнитура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека граѓаните вчера имаа можност да видат и конкретни сметки од купувањето на чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги купувала Бисера Антоанета.

Бисера Антоанета за приватни потреби потрошила 52 илјади денари пари на граѓаните. Тоа е сума, приближна, со која живее едно четиричлено семејство. Да потсетиме, тоа се сметки за куфер Самсонајт од 59 фунти. Потоа купила и куфер од 219 фунти. Тука е и сметката од Гифт Галор Лондон од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Педингтон, како и фудбалска топка. Ова се само неколку примери. Или ова е само почеток од информирање на јавноста. Следуваат уште поскандалозни случаи од нејзиното аздисано однесување и трошење на пари на граѓаните. Бисера Антоанета почна сама да се правда, поточно да лаже, а партиските другари како Фатмир Битиќи почнаа да ја бранат. Едно е јасно, ни Вардар не ја пере Бисера, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека со докази ќе продолжат да ја информираат јавноста за, како што велат, аздисаноста на лица од претходната власт.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не ја перат ни партиските другари, ни Вардар, продолжуваме со објавување на детали за аздисаното трошење на народни пари од претходната власт appeared first on Република.

]]>

Обелоденувањето на трошоците од патувањата, поточно трошењата на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, сега веќе позната како Бисера Антоанета е само почеток на откривање на детали за расипништвото на претходната владејачка гарнитура, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека граѓаните вчера имаа можност да видат и конкретни сметки од купувањето на чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги купувала Бисера Антоанета.
Бисера Антоанета за приватни потреби потрошила 52 илјади денари пари на граѓаните. Тоа е сума, приближна, со која живее едно четиричлено семејство. Да потсетиме, тоа се сметки за куфер Самсонајт од 59 фунти. Потоа купила и куфер од 219 фунти. Тука е и сметката од Гифт Галор Лондон од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Педингтон, како и фудбалска топка. Ова се само неколку примери. Или ова е само почеток од информирање на јавноста. Следуваат уште поскандалозни случаи од нејзиното аздисано однесување и трошење на пари на граѓаните. Бисера Антоанета почна сама да се правда, поточно да лаже, а партиските другари како Фатмир Битиќи почнаа да ја бранат. Едно е јасно, ни Вардар не ја пере Бисера, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека со докази ќе продолжат да ја информираат јавноста за, како што велат, аздисаноста на лица од претходната власт.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не ја перат ни партиските другари, ни Вардар, продолжуваме со објавување на детали за аздисаното трошење на народни пари од претходната власт appeared first on Република.

]]>
Се подготвува Закон за македонскиот јазик, лекторите ќе бидат задолжителни во секоја институција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-podgotvuva-zakon-za-makedonskiot-jazik-lektorite-kje-bidat-zadolzitelni-vo-sekoja-institucija/ Thu, 24 Nov 2022 12:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=577773

Законот за македонски јазик е веќе готов, се разгледува од правен аспект и се очекува да се најде на владина седница, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека пред испраќањето во Собрание на нацрт-законот, текстот ќе биде претставен за јавна расправа.

Законот за употреба на македонскиот јазик всушност предвидува мерки за тоа како да се промовира македонскиот јазик, како правилно да се имплементира... Тој закон предвидува стратегија за македонскиот јазик. Оние спорни делови, кои беа причини законот да се стопира во 2020 година сега се отстранети, бидејќи постои начелен договор за тие моменти поинаку да се регулираат, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува лектори во секоја државна институција, но и поголеми казни за оние што не го употребуваат како што треба македонскиот јазик, соодветно со лекторите.

Тој предвидува и афирмација во градинки и училишта. Советот за македонскиот јазик е составен од професионалци, коишто долги години се занимаваат со оваа тематика и точно знаат каде треба да се реагира и тие извесен период работеа на тој закон, истакна Костадиновска-Стојчевска.

The post Се подготвува Закон за македонскиот јазик, лекторите ќе бидат задолжителни во секоја институција appeared first on Република.

]]>

Законот за македонски јазик е веќе готов, се разгледува од правен аспект и се очекува да се најде на владина седница, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Таа додаде дека пред испраќањето во Собрание на нацрт-законот, текстот ќе биде претставен за јавна расправа.
Законот за употреба на македонскиот јазик всушност предвидува мерки за тоа како да се промовира македонскиот јазик, како правилно да се имплементира... Тој закон предвидува стратегија за македонскиот јазик. Оние спорни делови, кои беа причини законот да се стопира во 2020 година сега се отстранети, бидејќи постои начелен договор за тие моменти поинаку да се регулираат, рече Костадиновска Стојчевска.
Таа додаде дека Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува лектори во секоја државна институција, но и поголеми казни за оние што не го употребуваат како што треба македонскиот јазик, соодветно со лекторите.
Тој предвидува и афирмација во градинки и училишта. Советот за македонскиот јазик е составен од професионалци, коишто долги години се занимаваат со оваа тематика и точно знаат каде треба да се реагира и тие извесен период работеа на тој закон, истакна Костадиновска-Стојчевска.
 
The post Се подготвува Закон за македонскиот јазик, лекторите ќе бидат задолжителни во секоја институција appeared first on Република.

]]>
Младите уште денеска би ги решиле сите наши недоразбирања, не затоа што не ги разбираат, туку затоа што ги гушат, рече Стојчевска-Костадиновска на Преспа форумот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladite-ushte-deneska-bi-gi-reshile-site-nashi-nedorazbiranja-ne-zatoa-shto-ne-gi-razbiraat-tuku-zatoa-shto-gi-gushat-reche-stojchevska-kostadinovska-na-prespa-forumot/ Sat, 18 Jun 2022 08:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=516587

Младите не треба да бидат добри војници, ниту послушни поединци, ниту евтина работна сила, бидејќи кај нив се промените. Без младите нема ниту иднина, ниту Западен Балкан, ниту реална европска безбедносна архитектура, рече во своето обраќање министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска на вториот Преспа форум за дијалог.

Ви се обраќам Вам млади со „екселенции“, бидејќи јас не знам во блиска или подалечна иднина кој од вас ќе биде идниот претседател, идниот премиер на земајата, или пак иден наградуван и светски признат научник, уметник, идна наша гордост. Име кое ќе го носат институции во негова чест. А јас сум сигурна дека тоа ќе биде така!, им порача таа за време на дијалогот на младите.

Според Костадиновска-Стојчевска многу млади луѓе во нашето општество неоправдано се дискредитираат поради нивната најголема предност – младоста, која се етикетира како слабост или недостаток.

Доколку не постоела таа младешка мудрост во минатото, ние ќе го отфрлевме еден Фардеј како премлад, еден Тесла како неразумен млад човек кој си игра со опасности, немаше да го имаме Блаже Конески како прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија денес би рекле – на само 26 години. Големиот Гете велат дека до крајот на својот живот како свое генијално и омилено дело го истакнувал својот „Вертер“, а не „Фауст“, додаде таа.

Министерката потсети дека 2022-ра е прогласена за европска година на младите со цел - инволвирање на младите генерации во изградба на стабилни, мирни и одржливи општества и развој на политики што ги пресретнуваат специфичните потреби на младите луѓе.

Отворете се за соработка, за размена на искуства, нека ви врежат брчки на лицето. Не дозволувајте да го носите времето на туѓите грешки! Не барајте иднина во минатото! Живејте сега и сега барајте ги начините како со вашите чисти умови и срца да го приближите Западен Балкан кон Европската Унија. Убедена сум дека младите уште денеска би ги решиле сите наши недоразбирања не зашто, некој би рекол, не ги разбираат - туку затоа што ги гушат, порача таа.

Преспа форумот за дијалог ги опфати најгорливите безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан, со посебен осврт врз импликациите на војната во Украина врз севкупните меѓународни, политички, безбедносни, економски прилики во Европа и пошироко.

The post Младите уште денеска би ги решиле сите наши недоразбирања, не затоа што не ги разбираат, туку затоа што ги гушат, рече Стојчевска-Костадиновска на Преспа форумот appeared first on Република.