Бисера Костадинова Стојчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bisera-kostadinova-stojchevska/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 11:18:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бисера Костадинова Стојчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bisera-kostadinova-stojchevska/ 32 32 Буџетски средства се злоупотребувале за приватни цели: ДКСК иницира постапка против поранешната министерка за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/budhetski-sredstva-se-zloupotrebuvale-za-privatni-tseli-dksk-initsira-postapka-protiv-poraneshnata-ministerka-za-kultura/ Fri, 08 Nov 2024 10:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=835468

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На денешната седница од Комисијата информираа дека ги потврдуваат наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели при службеното патување на поранешната министерка во Велика Британија и Ирска по повод 30 години дипломатски односи.

Наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели се потврдуваат, со што се констатира дека биле потрошени средства за приватни цели. ДКСК ќе постапи во рамки на своите надлежности и ќе иницира постапка до надлежните органи - рече членот Зоран Богоевски.

Според извршениот увид во документацијата, од ДКСК велат дека министерката за култура во 2023 година остварила билатерална посета со трошоци од 1 300 британски фунти аванс, од кои 229 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување. Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле подмирени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти се трошоци кои, како што дополнуваат од ДКСК, не може да се квалификуваат како направени за службени цели.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како што соопштија од партијата, додека ја извршувала функцијата во Владата трошела пари од буџетот за лични потреби и луксузирања.

The post Буџетски средства се злоупотребувале за приватни цели: ДКСК иницира постапка против поранешната министерка за култура appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. На денешната седница од Комисијата информираа дека ги потврдуваат наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели при службеното патување на поранешната министерка во Велика Британија и Ирска по повод 30 години дипломатски односи.
Наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели се потврдуваат, со што се констатира дека биле потрошени средства за приватни цели. ДКСК ќе постапи во рамки на своите надлежности и ќе иницира постапка до надлежните органи - рече членот Зоран Богоевски.
Според извршениот увид во документацијата, од ДКСК велат дека министерката за култура во 2023 година остварила билатерална посета со трошоци од 1 300 британски фунти аванс, од кои 229 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување. Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле подмирени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти се трошоци кои, како што дополнуваат од ДКСК, не може да се квалификуваат како направени за службени цели. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како што соопштија од партијата, додека ја извршувала функцијата во Владата трошела пари од буџетот за лични потреби и луксузирања.

The post Буџетски средства се злоупотребувале за приватни цели: ДКСК иницира постапка против поранешната министерка за култура appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска ќе отвори предмет за плишаното мече, хулахопките и фудбалската топка на Бисера пазарени во Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-otvori-predmet-za-plishanoto-meche-hulahopkite-i-fudbalskata-topka-na-bisera-pazareni-vo-london/ Mon, 26 Aug 2024 16:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=810350

Државната комисија за спречување на корупцијата најави  дека ќе отвори предмет за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Оваа одлука следи по дојавата за можна злоупотреба на буџетски средства за време на нејзиниот мандат. ДКСК има за цел да ја утврди валидноста на овие наводи и да обезбеди одговорност.

Татјана Димитровска, претседател на Антикорупциската комисија изјави дека ДКСК ќе побара соодветна документација за унапредување на истрагата. Барањето за обезбедување на документацијата ќе го испратиме утре“, потврди Димитровска.

Објавени обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги истакна овие наводи на серијата прес-конференции наречени „Бисер Антоaнета“. Тие ја обвинија Костадиновска-Стојчевска за злоупотреба на јавните средства за лични трошоци при службени патувања.

Специфични тврдења и докази

На прес-конференциите, Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, презентираше докази за поткрепа на овие тврдења. Тој покажа сметки наводно потпишани од Костадиновска-Стојчевска, меѓу кои и една од „Gift Galore London“ за 89 фунти. Наводно, оваа сметка покажува купување на плишана мечка Падингтон и фудбал топка на City football

„Бисера Антоанета отиде во Министерството за да ги правда трошоците, приложувајќи ги сметките со нејзиниот потпис. Дополнително, има и потврда од Gift Galore London за 89 фунти, која покажува дека Перл Антоанета купила мечка Падингтон и сити фудбал за себе. Антоанета Бисера „лагите имаат кратки нозе““.

Поранешната министерка пак изјави дека потписот не бил нејзин.

The post Антикорупциска ќе отвори предмет за плишаното мече, хулахопките и фудбалската топка на Бисера пазарени во Лондон appeared first on Република.

Костадиновска Стојчевска: Овие избори се новиот почеток на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-ovie-izbori-se-noviot-pochetok-na-sdsm/ Thu, 09 May 2024 11:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=776340

Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ, со Фејсбук статус им се обрати на граѓаните по вчерашниот изборен ден.

„Честитки за граѓаните кои достоинствено, во фер и демократска атмосфера, учествуваа во изборниот процес и придонесоа за демократскиот и институционалниот напредок. Изразувам посебна почит и благодарност кон граѓаните кои гласаа за коалицијата предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски“ напиша Костадиновска Стојчевска.

Според неа, тоа е потврда за важноста на европската иднина на државата, од која тие нема да се откажат.

„Гласовите кои ги добивме се обврска и мотивација да продолжиме напред и продолжиме да го следиме националниот интерес“ напиша министерката за култура.

Таа им честиташе на сите пратеници во новиот состав на Собранието, посочувајќи дека токму овие избори се новиот почеток на СДСМ.

„Изборниот резултат е одговорност на сите нивоа“ – заклучи таа.

The post Костадиновска Стојчевска: Овие избори се новиот почеток на СДСМ appeared first on Република.

Маричиќ од Битола: Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-od-bitola-nashata-tsel-e-da-gi-zadrzhime-nashite-obrazovani-kadri-i-mladi-luge-doma/ Thu, 11 Apr 2024 12:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=764971

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Битола го поздрави отворањето на првиот Еразмус+ инфо центар во Битола, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, каде што се сретна со младите и корисници на Еразмус Плус програмата.

Вицепремиерот Маричиќ во својата изјава за медиуми истакна дека отсега во Битола младите од различните региони во државата имаат пристап до место каде директно ќе може да се информираат за Еразмус+ програмата, како една од најуспешните програми во Европската Унија.

Во овој центар сите кои сакаат да се вклучат во оваа програма, тука можат да добијат информации како најдобро своите идеи да ги направат дел од можностите за поголема мобилност и на тој начин да се стекнуваат со поголема стручност и надградба соодветно на нивните врсници и колеги од останатите европски земји.

Погледот кон Европа и европската перспектива се единствената опција за младите, а Еразмус Плус, како и досега, останува инспирација со широкиот спектар на можности за учениците, студентите, образовниот кадар како и за организациите и институциите.

Европската иднина на нашите млади е приоритет од кој никогаш нема да се откажеме и за остварување на таа цел максимално ги афирмираме придобивките кои се на располагање од нашето членство во оваа европска програма. Еразмус Плус програмата, само за оваа година предвидува буџет од повеќе од 6 милиони евра за македонските проекти за широк спектар иницијативи за образование, обуки, млади и спорт под исти услови како и младите од земјите членки на Европската Унија."

На настанот присутни беа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски.

The post Маричиќ од Битола: Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Битола го поздрави отворањето на првиот Еразмус+ инфо центар во Битола, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, каде што се сретна со младите и корисници на Еразмус Плус програмата. Вицепремиерот Маричиќ во својата изјава за медиуми истакна дека отсега во Битола младите од различните региони во државата имаат пристап до место каде директно ќе може да се информираат за Еразмус+ програмата, како една од најуспешните програми во Европската Унија.
Во овој центар сите кои сакаат да се вклучат во оваа програма, тука можат да добијат информации како најдобро своите идеи да ги направат дел од можностите за поголема мобилност и на тој начин да се стекнуваат со поголема стручност и надградба соодветно на нивните врсници и колеги од останатите европски земји. Погледот кон Европа и европската перспектива се единствената опција за младите, а Еразмус Плус, како и досега, останува инспирација со широкиот спектар на можности за учениците, студентите, образовниот кадар како и за организациите и институциите. Европската иднина на нашите млади е приоритет од кој никогаш нема да се откажеме и за остварување на таа цел максимално ги афирмираме придобивките кои се на располагање од нашето членство во оваа европска програма. Еразмус Плус програмата, само за оваа година предвидува буџет од повеќе од 6 милиони евра за македонските проекти за широк спектар иницијативи за образование, обуки, млади и спорт под исти услови како и младите од земјите членки на Европската Унија."
  На настанот присутни беа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски.  

The post Маричиќ од Битола: Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома appeared first on Република.

]]>
Бисера ги набројува неизградените проекти во културата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bisera-gi-nabrojuva-neizgradenite-proekti-vo-kulturata/ Fri, 29 Mar 2024 18:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=760250

Дека владата на СДСМ и ДУИ не сработи ништо за овие години на власт, говори и видеото во кое министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска, ги набројува неизградените проекти во културата.

The post Бисера ги набројува неизградените проекти во културата appeared first on Република.

Костадиновска Стојчевска: На следните избори изборот е јасен – членство во ЕУ или враќање наза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-na-slednite-izbori-izborot-e-jasen-chlenstvo-vo-eu-ili-vrakane-naza/ Sun, 19 Nov 2023 07:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=703037

На следните избори ќе имаме два навистина јасни избори, или да бираме да биде полноправна членка на ЕУ или да се вратиме назад во неизвесност, рече потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на телевизија Сител.

Костадиновска Стојчевска истакна дека СДСМ ќе ги земе предвид сите аспекти при дефинирање на датумот за изборите заедно со сите коалициските партнери.

Имаме уште време да се заклучи ова прашање, во овој момент секоја партија одлучува во своите партиски органи. Како водечка во владата и коалицијата СДСМ е во комуникација со сите коалициски партнери, но рано е да се кажат детали, рече Костадиновска Стојчевска.

Во врска со тензиите околу поставувањето на крстот на Попова Шапка, Костадиновска Стојчевска рече дека граѓаните се освестени на многу повисоко ниво, национализмот повеќе не пали, но дека станува збор за предизборни пазари меѓу опозициските партии.

Се работи за потценување на чувствата на граѓаните, нешто што е минато, како земја која стреми да биде полноправна членка на ЕУ, која се гордее со негувањето на мултикултурализам, ваквиот потег не прилега на ниту еден инволвиран, истакна Костадиновска Стојчевска.

Костадиновска Стојчевска нагласи дека сега културата е слободна, да твори, министерството за култура додека СДСМ го води, не се мешало и нема да се меша во програмските политики на ниту една култруна институција

Во културата, политиката мора да стои на страна. Порано имавме обиди преку културата да се влијае политички, да се влијае врз свеста на народот и да се влијае на носење одлуки, а на крајот видовме дека тоа не беше за некое поголемо добро, туку само за полнење џебови на поединци, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на телевизија Сител.

The post Костадиновска Стојчевска: На следните избори изборот е јасен – членство во ЕУ или враќање наза appeared first on Република.

]]>

На следните избори ќе имаме два навистина јасни избори, или да бираме да биде полноправна членка на ЕУ или да се вратиме назад во неизвесност, рече потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на телевизија Сител. Костадиновска Стојчевска истакна дека СДСМ ќе ги земе предвид сите аспекти при дефинирање на датумот за изборите заедно со сите коалициските партнери. Имаме уште време да се заклучи ова прашање, во овој момент секоја партија одлучува во своите партиски органи. Како водечка во владата и коалицијата СДСМ е во комуникација со сите коалициски партнери, но рано е да се кажат детали, рече Костадиновска Стојчевска. Во врска со тензиите околу поставувањето на крстот на Попова Шапка, Костадиновска Стојчевска рече дека граѓаните се освестени на многу повисоко ниво, национализмот повеќе не пали, но дека станува збор за предизборни пазари меѓу опозициските партии. Се работи за потценување на чувствата на граѓаните, нешто што е минато, како земја која стреми да биде полноправна членка на ЕУ, која се гордее со негувањето на мултикултурализам, ваквиот потег не прилега на ниту еден инволвиран, истакна Костадиновска Стојчевска. Костадиновска Стојчевска нагласи дека сега културата е слободна, да твори, министерството за култура додека СДСМ го води, не се мешало и нема да се меша во програмските политики на ниту една култруна институција Во културата, политиката мора да стои на страна. Порано имавме обиди преку културата да се влијае политички, да се влијае врз свеста на народот и да се влијае на носење одлуки, а на крајот видовме дека тоа не беше за некое поголемо добро, туку само за полнење џебови на поединци, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во вестите на телевизија Сител.

The post Костадиновска Стојчевска: На следните избори изборот е јасен – членство во ЕУ или враќање наза appeared first on Република.

]]>
Нов „бисер“ на Бисера: Ги замолувам угостителите да не им наплатуваат на гостите како да треба да платат воена отштета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nov-biser-na-bisera-gi-zamoluvam-ugostitelite-da-ne-im-naplatuvaa-na-gostite-kako-da-treba-da-platat-voena-otshteta/ Fri, 14 Jul 2023 12:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=661369

Министерката за култура Бисера Костадиновска имаше нов „бисер“ на отворањето на Охридско лето“. Таа се обиде да се меша во нешто што воопшто не е во нејзин ресор, а тоа се цените во охридските локали.

Таа цените на кафеанџиите во Охрид ги спореди со воена отшета. Каква е можна ваква поврзаност само таа си  знае.

..Поради Охридско лето и годинава на гости ќе ни дојдат многубројни уметници од целиот свет, ги замолувам угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена отштета или некои други ненамерни долгови од векови наназад...”, рече министерката.

The post Нов „бисер“ на Бисера: Ги замолувам угостителите да не им наплатуваат на гостите како да треба да платат воена отштета appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска имаше нов „бисер“ на отворањето на Охридско лето“. Таа се обиде да се меша во нешто што воопшто не е во нејзин ресор, а тоа се цените во охридските локали. Таа цените на кафеанџиите во Охрид ги спореди со воена отшета. Каква е можна ваква поврзаност само таа си  знае.
  ..Поради Охридско лето и годинава на гости ќе ни дојдат многубројни уметници од целиот свет, ги замолувам угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена отштета или некои други ненамерни долгови од векови наназад...”, рече министерката.  
 
The post Нов „бисер“ на Бисера: Ги замолувам угостителите да не им наплатуваат на гостите како да треба да платат воена отштета appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска од Тетово: Со ТЕХО македонската култура и идентитет стануваат дел од европските културни вредности https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-od-tetovo-so-teho-makedonskata-kultura-i-identitet-stanuvaat-del-od-evropskite-kulturni-vrednosti/ Mon, 19 Jun 2023 19:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=653217

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Тетово се обрати на прес-конференцијата по повод почетокот на годинешното јубилејно издание на најзначајниот настан посветен на хорската музика во земјава, ТЕХО 2023.

Особено ми е драго што Тетовските хорски одзиви се манифестација со голема традиција, која го вбројува Тетово во градовите со висока музичка култура. Овој живописен град, преку ТЕХО, децении наназад ја збогатува сликата на нашата земја како пријателска, толерантна, мултиетничка држава која ја негува посебноста на културите на сите народи кои живеат овде, но, и на сите култури кои доаѓаат како гости на овој фестивал - порача Костадиновска-Стојчевска.

Годинава, фестивалот кој е членка на Европската хорска асоцијација и на Балканскиот хорски форум, е посветен на 120 годишнината од Илинденското востание. Со ова македонските вредности, традиции, култура и идентитет и на овој начин стануваат дел од европските културни вредности.

Во тој контекст Костадиновска-Стојчевска рече дека за Министерството за култура е од особено значење што во ТЕХО има искрен и сериозен партнер кој ја афирмира хорската музика во земјава и во светот.

Ние во континуитет, секоја година го поддржуваме фестивалот кој постави високи стандарди за музичко-сценски настапи на хоровите. ТЕХО игра водечка улога и во мотивирање на композиторите да творат нови хорски композиции, ги поттикнува младите диригенти и солисти да се охрабрат и да застанат на големата сцена - рече министерката за култура.

Според Костадиновска-Стојчевска низ годините ТЕХО прерасна во значајна платформа каде се негува другарството, заедништвото, се развива љубовта кон уметноста, што се најважни придобивки за секој млад човек. Особено важно е што Тетовските хорски одзиви ги негувааат авторите и основоположниците на македонската современа музика, од кои речиси сите во својот опус имаат хорски композиции. На тој начин, додаде таа, го чуваме македонското културно и духовно наследство, го негуваме идентитетот и музиката која ја пееме од најмала возраст.

На крајот посакувајќи успешно издание на фестивалот, Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека Тетово со ТЕХО и оваа година ќе биде музички празник и ќе донесе нови искуства за бројните учесници на фестивалот, чии настапи ќе останат трајно впишани во историјата на оваа благородна манифестација.

The post Костадиновска-Стојчевска од Тетово: Со ТЕХО македонската култура и идентитет стануваат дел од европските културни вредности appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Тетово се обрати на прес-конференцијата по повод почетокот на годинешното јубилејно издание на најзначајниот настан посветен на хорската музика во земјава, ТЕХО 2023.
Особено ми е драго што Тетовските хорски одзиви се манифестација со голема традиција, која го вбројува Тетово во градовите со висока музичка култура. Овој живописен град, преку ТЕХО, децении наназад ја збогатува сликата на нашата земја како пријателска, толерантна, мултиетничка држава која ја негува посебноста на културите на сите народи кои живеат овде, но, и на сите култури кои доаѓаат како гости на овој фестивал - порача Костадиновска-Стојчевска.
Годинава, фестивалот кој е членка на Европската хорска асоцијација и на Балканскиот хорски форум, е посветен на 120 годишнината од Илинденското востание. Со ова македонските вредности, традиции, култура и идентитет и на овој начин стануваат дел од европските културни вредности. Во тој контекст Костадиновска-Стојчевска рече дека за Министерството за култура е од особено значење што во ТЕХО има искрен и сериозен партнер кој ја афирмира хорската музика во земјава и во светот.
Ние во континуитет, секоја година го поддржуваме фестивалот кој постави високи стандарди за музичко-сценски настапи на хоровите. ТЕХО игра водечка улога и во мотивирање на композиторите да творат нови хорски композиции, ги поттикнува младите диригенти и солисти да се охрабрат и да застанат на големата сцена - рече министерката за култура.
Според Костадиновска-Стојчевска низ годините ТЕХО прерасна во значајна платформа каде се негува другарството, заедништвото, се развива љубовта кон уметноста, што се најважни придобивки за секој млад човек. Особено важно е што Тетовските хорски одзиви ги негувааат авторите и основоположниците на македонската современа музика, од кои речиси сите во својот опус имаат хорски композиции. На тој начин, додаде таа, го чуваме македонското културно и духовно наследство, го негуваме идентитетот и музиката која ја пееме од најмала возраст. На крајот посакувајќи успешно издание на фестивалот, Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека Тетово со ТЕХО и оваа година ќе биде музички празник и ќе донесе нови искуства за бројните учесници на фестивалот, чии настапи ќе останат трајно впишани во историјата на оваа благородна манифестација.

The post Костадиновска-Стојчевска од Тетово: Со ТЕХО македонската култура и идентитет стануваат дел од европските културни вредности appeared first on Република.

]]>