бисер балкански Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biser-balkanski/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 08:18:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бисер балкански Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biser-balkanski/ 32 32 Весна Бејби: Да ве прашам најискрено, дали немате попаметна работа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/vesna-bejbi-da-ve-prasham-najiskreno-dali-nemate-popametna-rabota/ Mon, 21 Oct 2024 07:59:59 +0000 https://republika.mk/?p=829279

По реакциите на социјалните мрежи за концертот на балканската ѕвезда Јелена Карлеуша, која на настапот во Скопје го развеаа македонското знаме и ја испеа „Бисер Балкански“, со свој став се огласи и нашата позната актерка Весна Петрушевска.

Си реков да одморам малку од постојано учење,читање, подготовки за претставата која ќе ја режирам....отварам вести: Карлеуша, гаќи, знаме, Саша Ковачевиќ (секогаш внимателно читам се што ќе отворам и не само наслови).

 

Па да ве прашам најискрено:

 

Дали немате попаметна работа?

 

Дали знаете дека има секојдневно насилство помеѓу врсници?

 

Дали знаете дека број еден смртност од рак во Македонија е рак на дојка?

 

Дали знаете дека немаме систем кој се грижи за децата со ментално здравје? (фала на себеси и на мојата работливост,храброст и едукација,па моите деца се во странство да не мора до крај на живот да страдам и да умирам од булингит кој го поднесуваа)

 

Дали знаете дека нема лекови?

 

Дали знаете дека од ден на ден стануваме земја на стара популација?

 

Дали знаете дека насмевката е најскапото нешто во Македонија?

 

Дали знаете дека уметниците во Македонија се ретки зверки?

 

Дали знаете дека имаме најскапа струја?

 

Дали знаете дека нема шоу бизнис одамна ниту пак сцена, а вие сте запнале за некој кој регуларно продал карти?

 

Дали знаете дека умира тв етерот и станувате заложници на лажни вести,профили на социјално мрежи и лигавење на истите од страна на разни појави?

 

Дали знаете дека преживуваме?

 

Сега може слободно повторно да се дразните со „големите проблеми" во вашиот живот.

 

Отидов да се бавам со мојата најголема љубов, театарот. Да сте живи и здрави!

https://republika.mk/scena/estrada/mala-od-skandala-go-strese-skopje/

The post Весна Бејби: Да ве прашам најискрено, дали немате попаметна работа? appeared first on Република.

]]>

По реакциите на социјалните мрежи за концертот на балканската ѕвезда Јелена Карлеуша, која на настапот во Скопје го развеаа македонското знаме и ја испеа „Бисер Балкански“, со свој став се огласи и нашата позната актерка Весна Петрушевска.
Си реков да одморам малку од постојано учење,читање, подготовки за претставата која ќе ја режирам....отварам вести: Карлеуша, гаќи, знаме, Саша Ковачевиќ (секогаш внимателно читам се што ќе отворам и не само наслови).   Па да ве прашам најискрено:   Дали немате попаметна работа?   Дали знаете дека има секојдневно насилство помеѓу врсници?   Дали знаете дека број еден смртност од рак во Македонија е рак на дојка?   Дали знаете дека немаме систем кој се грижи за децата со ментално здравје? (фала на себеси и на мојата работливост,храброст и едукација,па моите деца се во странство да не мора до крај на живот да страдам и да умирам од булингит кој го поднесуваа)   Дали знаете дека нема лекови?   Дали знаете дека од ден на ден стануваме земја на стара популација?   Дали знаете дека насмевката е најскапото нешто во Македонија?   Дали знаете дека уметниците во Македонија се ретки зверки?   Дали знаете дека имаме најскапа струја?   Дали знаете дека нема шоу бизнис одамна ниту пак сцена, а вие сте запнале за некој кој регуларно продал карти?   Дали знаете дека умира тв етерот и станувате заложници на лажни вести,профили на социјално мрежи и лигавење на истите од страна на разни појави?   Дали знаете дека преживуваме?   Сега може слободно повторно да се дразните со „големите проблеми" во вашиот живот.   Отидов да се бавам со мојата најголема љубов, театарот. Да сте живи и здрави!
https://republika.mk/scena/estrada/mala-od-skandala-go-strese-skopje/

The post Весна Бејби: Да ве прашам најискрено, дали немате попаметна работа? appeared first on Република.

]]>
Ечеше „Бисер балкански“ од грлата на 416 мажи и 92 жени на промоцијата на нови полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/echeshe-biser-balkanski-od-grlata-na-416-mazhi-i-92-zheni-na-promotsijata-na-novi-politsajtsi/ Sat, 27 Apr 2024 12:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=771656

Новите полициски службеници и публиката која беше присутна во Центарот за обука во Идризово, ја запеаја „Бисер Балкански“ при свеченоста за нивна промоција. Вкупно 508 службеници рапортираа пред министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па патриотски го поздравија.

Во првиот дел од настанот, кога се интонираше македонската химна, Тошковски ги поздрави полициските службеници на кои им рече: „Пред да почнам со официјалниот дел од говорот, сакам да ви се заблагодарам, затоа што чувството да ја чуеш македонската химна од волкав голем број на патриоти кои си ја сакаат Македонија, морам да признаам дека е фантастично. Ви благодарам многу за тоа“.

Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени.

За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Сашо Тасевски.

Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави министерот Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна – легендарната Бисер Балкански.

The post Ечеше „Бисер балкански“ од грлата на 416 мажи и 92 жени на промоцијата на нови полицајци appeared first on Република.

]]>

Новите полициски службеници и публиката која беше присутна во Центарот за обука во Идризово, ја запеаја „Бисер Балкански“ при свеченоста за нивна промоција. Вкупно 508 службеници рапортираа пред министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па патриотски го поздравија. Во првиот дел од настанот, кога се интонираше македонската химна, Тошковски ги поздрави полициските службеници на кои им рече: „Пред да почнам со официјалниот дел од говорот, сакам да ви се заблагодарам, затоа што чувството да ја чуеш македонската химна од волкав голем број на патриоти кои си ја сакаат Македонија, морам да признаам дека е фантастично. Ви благодарам многу за тоа“. Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени. За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Сашо Тасевски. Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави министерот Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна – легендарната Бисер Балкански.

The post Ечеше „Бисер балкански“ од грлата на 416 мажи и 92 жени на промоцијата на нови полицајци appeared first on Република.

]]>
Охрид вчера, многу убо! https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/ohrid-vchera-mnogu-ubo/ Thu, 13 Jul 2023 08:10:57 +0000 https://republika.mk/?p=660726

The post Охрид вчера, многу убо! appeared first on Република.

]]>

The post Охрид вчера, многу убо! appeared first on Република.

]]>
Aко Али пееше за Македонија… https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/ako-ali-peeshe-za-makedonija/ Mon, 09 Jan 2023 14:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=594967

The post Aко Али пееше за Македонија… appeared first on Република.

]]>

The post Aко Али пееше за Македонија… appeared first on Република.

]]>
„Бисер балкански“, моќна празнична честитка од Некст тајм https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/biser-balkanski-mokna-praznichna-chestitka-od-nekst-tajm/ Fri, 06 Jan 2023 19:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=594278

За концерот на Некст тајм, кој се одржа на 17 декември во салата „Борис Трајковски“ несомнено  уште долго ќе се зборува.

Слушнете како звучи „Бисер балкански“ во изведба на браќата Стефан и Мартин.

 

The post „Бисер балкански“, моќна празнична честитка од Некст тајм appeared first on Република.

]]>

За концерот на Некст тајм, кој се одржа на 17 декември во салата „Борис Трајковски“ несомнено  уште долго ќе се зборува. Слушнете како звучи „Бисер балкански“ во изведба на браќата Стефан и Мартин.  

The post „Бисер балкански“, моќна празнична честитка од Некст тајм appeared first on Република.

]]>
„Жива била Македонија“: Како звучеше „Бисер балкански“ од публиката на концертот на „Некст тајм“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ziva-bila-makedonija-kako-zvucheshe-biser-balkanski-od-publikata-na-koncertot-na-nekst-tajm/ Sun, 25 Dec 2022 14:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=589732

Во еден глас од срце и со полна душа се пееше „Бисер Балкански“ во преполната сала „Јане Сандански“ на концертот на „Некст тајм“. Бендот најавува дека наскоро концертот ќе може да се погледне на МТВ, како и онлајн. Засега споделуваат само дел од неописливата со зборови атмосфера:

 

Чекавме 15 години за ваков магичен момент, момент што не се опишува со зборови можеби ниту со слика, едноставно е врежано во нашата душа и меморија, која што вечно ќе ја носиме во нас.
Благословени сме што ве имаме и среќни што ни давате можност нашиот сон музички да го живееме на волкава сцена.
Ве сакаме Македонијо, не застануваме тука ова е еден огромен мотив да се докажуваме уште повеќе.
Најголемото благодарам иде за вас публиката, ВЕ САКАМЕ.
ЖИВА БИЛА МАКЕДОНИЈА!!!, порачаа по концертот Стефан и Мартин Филиповски.

 

The post „Жива била Македонија“: Како звучеше „Бисер балкански“ од публиката на концертот на „Некст тајм“ appeared first on Република.

]]>

Во еден глас од срце и со полна душа се пееше „Бисер Балкански“ во преполната сала „Јане Сандански“ на концертот на „Некст тајм“. Бендот најавува дека наскоро концертот ќе може да се погледне на МТВ, како и онлајн. Засега споделуваат само дел од неописливата со зборови атмосфера:  
Чекавме 15 години за ваков магичен момент, момент што не се опишува со зборови можеби ниту со слика, едноставно е врежано во нашата душа и меморија, која што вечно ќе ја носиме во нас. Благословени сме што ве имаме и среќни што ни давате можност нашиот сон музички да го живееме на волкава сцена. Ве сакаме Македонијо, не застануваме тука ова е еден огромен мотив да се докажуваме уште повеќе. Најголемото благодарам иде за вас публиката, ВЕ САКАМЕ. ЖИВА БИЛА МАКЕДОНИЈА!!!, порачаа по концертот Стефан и Мартин Филиповски.
 

The post „Жива била Македонија“: Како звучеше „Бисер балкански“ од публиката на концертот на „Некст тајм“ appeared first on Република.

]]>
Гоце Николовски: Осамените први умираат, но барем знаат зошто https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/goce-nikolovski-osamenite-prvi-umiraat-no-barem-znaat-zoshto/ Sun, 20 Feb 2022 15:31:20 +0000 https://republika.mk/?p=461092

Тој е од оној вид луѓе на кои автоматски им верувате. Едноставно, неговото меланхолично лице влева доверба. Човек е кој го почитува длабоко минатото и не ги заборава лекциите на кои тоа го научило. Патриот кој останува доследен на себе. Тврдоглав е, лесно ќе ве збуни, а сепак, соговорник покрај кого се чувствувате опуштено. Делува помладо од своите години (48). Ги обожува Вивалди, Ниче…

Тој е еден од најхаризматичните на македонската музичка (и забавна и фолк) сцена. Романтичен сонувач, но и доволно разумен и практичен. Барем, така се чини…

Вака новинарката Бранка Н. Доневска го започнува интервјуто за „Екран“ со легендарниот Гоце Николовски, направено 1995 година.

Може ли со тоа да се објасни и таа тага, што просто „зрачи“ од Вас?

Веројатно, еден дел. Како што веројатно, еден дел од таа тага е вродена. Само, кога бев помлад, тоа не се забележуваше толку. Како стареам, таа се зголемува. Јас сум сериозен човек, кој дадениот збор го сфаќа како животна обврска. Што значи, сите сериозни луѓе се тажни. Зашто, ретко кој се држи до ветеното!

Не сум песимист и не го сакам песимизмот, тој е многу деструктивен. Умеам да го одвојам позитивното од негативното. Сакам да гледам во иднината, не му робувам на минатото кое знае да растажи. Можеби повеќе во мене има меланхолија отколку тага, која пак е последица на работите што ми се случија последниве години.

Сепак, јас сум мошне среќен човек, бидејќи се остварија некои од моите најголеми желби и цели. Значи, јас сум некаков си, позитивно тажен човек.

Како оние „легендарни осамени јавачи низ пустината“…

Добро е кога не рековте, на Дон Кихот!

Не знам на кого потсетувам! Знам дека тоа што го правев во својот живот – вредеше. Дека имаше смисол, дека не одев против себе, против своите чувства. Јас сум јас. Па бил и осамен јавач во некоја пустина. Што и не е така лошо…

Не е, но осамените први умираат…

Да, ама барем знаат зошто!

Целото интервју тука

The post Гоце Николовски: Осамените први умираат, но барем знаат зошто appeared first on Република.

]]>

Тој е од оној вид луѓе на кои автоматски им верувате. Едноставно, неговото меланхолично лице влева доверба. Човек е кој го почитува длабоко минатото и не ги заборава лекциите на кои тоа го научило. Патриот кој останува доследен на себе. Тврдоглав е, лесно ќе ве збуни, а сепак, соговорник покрај кого се чувствувате опуштено. Делува помладо од своите години (48). Ги обожува Вивалди, Ниче… Тој е еден од најхаризматичните на македонската музичка (и забавна и фолк) сцена. Романтичен сонувач, но и доволно разумен и практичен. Барем, така се чини… Вака новинарката Бранка Н. Доневска го започнува интервјуто за „Екран“ со легендарниот Гоце Николовски, направено 1995 година. Може ли со тоа да се објасни и таа тага, што просто „зрачи“ од Вас? Веројатно, еден дел. Како што веројатно, еден дел од таа тага е вродена. Само, кога бев помлад, тоа не се забележуваше толку. Како стареам, таа се зголемува. Јас сум сериозен човек, кој дадениот збор го сфаќа како животна обврска. Што значи, сите сериозни луѓе се тажни. Зашто, ретко кој се држи до ветеното! Не сум песимист и не го сакам песимизмот, тој е многу деструктивен. Умеам да го одвојам позитивното од негативното. Сакам да гледам во иднината, не му робувам на минатото кое знае да растажи. Можеби повеќе во мене има меланхолија отколку тага, која пак е последица на работите што ми се случија последниве години. Сепак, јас сум мошне среќен човек, бидејќи се остварија некои од моите најголеми желби и цели. Значи, јас сум некаков си, позитивно тажен човек. Како оние „легендарни осамени јавачи низ пустината“… Добро е кога не рековте, на Дон Кихот! Не знам на кого потсетувам! Знам дека тоа што го правев во својот живот – вредеше. Дека имаше смисол, дека не одев против себе, против своите чувства. Јас сум јас. Па бил и осамен јавач во некоја пустина. Што и не е така лошо… Не е, но осамените први умираат… Да, ама барем знаат зошто! Целото интервју тука

The post Гоце Николовски: Осамените први умираат, но барем знаат зошто appeared first on Република.

]]>