Биро за развој на образованието Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biro-za-razvoj-na-obrazovanieto/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 11:55:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Биро за развој на образованието Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biro-za-razvoj-na-obrazovanieto/ 32 32 МОН и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-i-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto-pochnuvaat-javna-konsultatsija-za-nastavnite-programi-za-sedmo-osmo-i-devetto-oddelenie/ Wed, 10 Jul 2024 11:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=795327

Сите засегнати страни за подобрување на квалитетот на основното образование ќе можат да учествуваат во јавната консултација со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од страна на стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од основните училишта.

Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во следниот формулар и истиот се доставува на електронската адреса за соодветното одделение:

nastavniprogrami7@mon.gov.mk
nastavniprogrami8@mon.gov.mk
nastavniprogrami9@mon.gov.mk

(Нацрт наставните програми може да се симнат од веб страницата на Бирото за развој на образованието во делот Известувања/Јавна консултација).

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнуваат јавна консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците, да имаат можност да се запознаат со наставните програми и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување, соопшти МОН.

Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата.

Промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците.

Очекуваме дека сите заинтересирани ќе се вклучат во јавната консултација и ќе дадат придонес во подобрување на квалитетот на наставните програми, а со тоа и на целокупниот наставен процес во основното образование. Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август. Во интерес на транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе се презентираат јавно, велат од МОН.

Новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение.

 

The post МОН и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение appeared first on Република.

]]>

Сите засегнати страни за подобрување на квалитетот на основното образование ќе можат да учествуваат во јавната консултација со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од страна на стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од основните училишта. Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во следниот формулар и истиот се доставува на електронската адреса за соодветното одделение: nastavniprogrami7@mon.gov.mk nastavniprogrami8@mon.gov.mk nastavniprogrami9@mon.gov.mk (Нацрт наставните програми може да се симнат од веб страницата на Бирото за развој на образованието во делот Известувања/Јавна консултација).
Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнуваат јавна консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците, да имаат можност да се запознаат со наставните програми и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување, соопшти МОН.
Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците.
Очекуваме дека сите заинтересирани ќе се вклучат во јавната консултација и ќе дадат придонес во подобрување на квалитетот на наставните програми, а со тоа и на целокупниот наставен процес во основното образование. Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август. Во интерес на транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе се презентираат јавно, велат од МОН.
Новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение.  

The post МОН и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение appeared first on Република.

]]>
Утнат е цел континент: Во материјалите од кои учат децата пишува дека реките Тигар и Еуфрат се во Африка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utnat-e-tsel-kontinent-vo-materijalite-od-koi-uchat-detsata-pishuva-deka-rekite-tigar-i-eufrat-se-vo-afrika/ Fri, 01 Sep 2023 14:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=677962

Учебната година почна а учениците од шесто оделение немаат книги. Наставниците се принудени да се снаоѓаат од скрипти и помагала како и ПДФ материјали кои ги „симнуваат“, фотокопираат и делат на часовите.

Во многубројните грешки и небулози кои ги учат се наоѓа и темата за настанокот на старите цивилицации. Во објаснувањето на тоа каде настанале старите цивилизации стои дека тие натанале покрај големите реки Нил, Тигар и Еуфрат.

Сите кои учеле училиште или гледале „Национал Џеографик“ знаат дека реката Нил навистина се наоѓа во Африка, а Тигар и Еуфрат се во Азија. Да им напоменеме на тие од Бирото за развој на образованието дека Африка и Азија се различни континенти. Значи од три реки утнаа две.

На оваа тема денеска говореше и Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил, Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија.

 

The post Утнат е цел континент: Во материјалите од кои учат децата пишува дека реките Тигар и Еуфрат се во Африка! appeared first on Република.

]]>

Учебната година почна а учениците од шесто оделение немаат книги. Наставниците се принудени да се снаоѓаат од скрипти и помагала како и ПДФ материјали кои ги „симнуваат“, фотокопираат и делат на часовите. Во многубројните грешки и небулози кои ги учат се наоѓа и темата за настанокот на старите цивилицации. Во објаснувањето на тоа каде настанале старите цивилизации стои дека тие натанале покрај големите реки Нил, Тигар и Еуфрат. Сите кои учеле училиште или гледале „Национал Џеографик“ знаат дека реката Нил навистина се наоѓа во Африка, а Тигар и Еуфрат се во Азија. Да им напоменеме на тие од Бирото за развој на образованието дека Африка и Азија се различни континенти. Значи од три реки утнаа две. На оваа тема денеска говореше и Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.
Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил, Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија.
 

The post Утнат е цел континент: Во материјалите од кои учат децата пишува дека реките Тигар и Еуфрат се во Африка! appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Министре, тука сте? Гледате што Ви се случува? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ministre-tuka-ste-gledate-shto-vi-se-sluchuva/ Thu, 24 Mar 2022 15:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=477795

Тивко и незбележливо укинување на Бирото за развој на образованието, или непотребно трошење на пари од кредитот во износ од над 20 милиони евра, за непознати и сомнителни цели? По сѐ изгледа Владата ги спроведува двете акции. Имено и покрај тоа што БРО има кадар за спроведување на обуки, во моментов се спроведува процес за ангажирање на скапо платени експерти - акредитирани обучувачи, преку скапо платени провајдери. Овој процес на “дупли обуки“ се одвива без оглед на тоа што советниците од БРО се веќе обучувани и за тоа веќе се потрошени пари - кометира проф. д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил

Таа постави прашање:

Зошто во услови на галопирачка економска криза, средствата од кредитот од Светска банка се трошат на провајдери на обука, иако тоа е обврска на БРО и во БРО за тоа постои стручен кадар. Јас за ова немам логичен одговор и не прифаќам оправдувања дека “овој“ начин е подобар. Врз основ на кои податоци се носат вакви заклучоци?
Министре, тука сте? Гледате што Ви се случува?

The post Јаневска: Министре, тука сте? Гледате што Ви се случува? appeared first on Република.

]]>

Тивко и незбележливо укинување на Бирото за развој на образованието, или непотребно трошење на пари од кредитот во износ од над 20 милиони евра, за непознати и сомнителни цели? По сѐ изгледа Владата ги спроведува двете акции. Имено и покрај тоа што БРО има кадар за спроведување на обуки, во моментов се спроведува процес за ангажирање на скапо платени експерти - акредитирани обучувачи, преку скапо платени провајдери. Овој процес на “дупли обуки“ се одвива без оглед на тоа што советниците од БРО се веќе обучувани и за тоа веќе се потрошени пари - кометира проф. д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил Таа постави прашање:
Зошто во услови на галопирачка економска криза, средствата од кредитот од Светска банка се трошат на провајдери на обука, иако тоа е обврска на БРО и во БРО за тоа постои стручен кадар. Јас за ова немам логичен одговор и не прифаќам оправдувања дека “овој“ начин е подобар. Врз основ на кои податоци се носат вакви заклучоци? Министре, тука сте? Гледате што Ви се случува?

The post Јаневска: Министре, тука сте? Гледате што Ви се случува? appeared first on Република.

]]>