бионтек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biontek/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Jun 2023 14:54:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бионтек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biontek/ 32 32 Одложено е првото граѓанско судење против „Бионтек“, Германка ја тужи компанијата поради ефектите од вакцината против ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/odlozheno-e-prvoto-gragansko-sudene-protiv-biontek-germanka-ja-tuzhi-kompanijata-poradi-efektite-od-vaktsinata-protiv-kovid-19/ Mon, 12 Jun 2023 14:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=650553

Првото граѓанско судење против фармацевтската компанија „Бионтек“, поради наводни здравствени последици од вакцината против коронавирус, денеска е одложено до натамошно известување поради тоа што адвокатот на тужителот изразил сомнеж во непристрасноста на претседателот на судскиот совет.

Адвокатот на тужителот поднесе барање за промена на претседателот на судскиот совет поради сомневање за пристрасност, изјави портпаролот на Покраинскиот суд во Хамбург.

Адвокатите на тужителката со тоа сакаат да постигнат процесот да се води пред судски совет со повеќе судии, а не само еден, како што беше предвидено.

Поради претрпена штета поради здравствени проблеми наводно предизвикани од вакцината против коронавирус на оваа компанија, тужителката бара 150.000 евра од фармацевтската компанија Бионтек. Таа конкретно се жали на болки во горниот дел од телото, отоци на екстремитетите и хроничен замор.

Компанијата Бионтек, која беше првата фармацевтска компанија што воведе вакцина против коронавирусот на пазарот, ги отфрли обвинувањата како неосновани.

Врз основа на сите податоци што ни се достапни, ги испитавме здравствените проблеми наведени од тужителката и дојдовме до заклучок дека обвинувањата се неосновани, соопшти Бионтек.

Адвокатскиот тим на тужителката соопшти дека повеќе од 180 тужби се поднесени пред судовите низ Германија поради наводни здравствени проблеми предизвикани од вакцината на Бионтек.

 

The post Одложено е првото граѓанско судење против „Бионтек“, Германка ја тужи компанијата поради ефектите од вакцината против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Првото граѓанско судење против фармацевтската компанија „Бионтек“, поради наводни здравствени последици од вакцината против коронавирус, денеска е одложено до натамошно известување поради тоа што адвокатот на тужителот изразил сомнеж во непристрасноста на претседателот на судскиот совет.
Адвокатот на тужителот поднесе барање за промена на претседателот на судскиот совет поради сомневање за пристрасност, изјави портпаролот на Покраинскиот суд во Хамбург.
Адвокатите на тужителката со тоа сакаат да постигнат процесот да се води пред судски совет со повеќе судии, а не само еден, како што беше предвидено. Поради претрпена штета поради здравствени проблеми наводно предизвикани од вакцината против коронавирус на оваа компанија, тужителката бара 150.000 евра од фармацевтската компанија Бионтек. Таа конкретно се жали на болки во горниот дел од телото, отоци на екстремитетите и хроничен замор. Компанијата Бионтек, која беше првата фармацевтска компанија што воведе вакцина против коронавирусот на пазарот, ги отфрли обвинувањата како неосновани.
Врз основа на сите податоци што ни се достапни, ги испитавме здравствените проблеми наведени од тужителката и дојдовме до заклучок дека обвинувањата се неосновани, соопшти Бионтек.
Адвокатскиот тим на тужителката соопшти дека повеќе од 180 тужби се поднесени пред судовите низ Германија поради наводни здравствени проблеми предизвикани од вакцината на Бионтек.  

The post Одложено е првото граѓанско судење против „Бионтек“, Германка ја тужи компанијата поради ефектите од вакцината против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Британската Влада и „БиоНТек” потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/britanskata-vlada-i-biontek-potpishaa-dogovor-za-razvoj-na-novi-terapii-protiv-kartsinom/ Fri, 06 Jan 2023 14:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=594193

Британската Влада и германската фармацевтска компанија „БиоНТек” ќе склучат договор, со што ќе го забрза истражувањето на полето на нови терапии против ракот, најави британскиот министер за здравство Стив Баркли.

Тој наведе дека денеска ќе потпише меморандум за разбирање со „БиоНТек” за „најдобрите лекови за рак да им бидат достапни на луѓето што е можно поскоро”.

Тоа значи дека персонализираните мНРА терапии за британските пациенти со рак, вклучително и вакцините против коронавирусот, може да бидат достапни уште оваа есен. „БиоНТек” и „Фајзер” заеднички развија мРНА вакцина против новиот коронавирус.

Во партнерство со британската Влада, „БиоНТек” би можела да достави околу 10.000 дози за третман на рак на британски пациенти до 2030 година.

– Откако ќе се открие ракот, мора да бидеме подготвени да ги понудиме најдобрите лекови и терапија што е можно поскоро, вклучувајќи терапии за рак на дојка, белите дробови и панкреасот, посочи Баркли.

Британските пациенти ќе бидат меѓу првите кои ќе учествуваат во испитувања и тестирања за да развијат насочени, персонализирани и прецизни третмани користејќи нови трансформативни терапии за лекување на постоечките видови на рак и спречување на болеста да се врати.

Овој договор, истакна Баркли, е продолжение на ветувањето на Владата дека ќе издвојува 20 милијарди фунти годишно за истражување и развој, се со цел поефикасно лекување на пациентите.

The post Британската Влада и „БиоНТек” потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином appeared first on Република.

]]>

Британската Влада и германската фармацевтска компанија „БиоНТек” ќе склучат договор, со што ќе го забрза истражувањето на полето на нови терапии против ракот, најави британскиот министер за здравство Стив Баркли.
Тој наведе дека денеска ќе потпише меморандум за разбирање со „БиоНТек” за „најдобрите лекови за рак да им бидат достапни на луѓето што е можно поскоро”. Тоа значи дека персонализираните мНРА терапии за британските пациенти со рак, вклучително и вакцините против коронавирусот, може да бидат достапни уште оваа есен. „БиоНТек” и „Фајзер” заеднички развија мРНА вакцина против новиот коронавирус. Во партнерство со британската Влада, „БиоНТек” би можела да достави околу 10.000 дози за третман на рак на британски пациенти до 2030 година.
– Откако ќе се открие ракот, мора да бидеме подготвени да ги понудиме најдобрите лекови и терапија што е можно поскоро, вклучувајќи терапии за рак на дојка, белите дробови и панкреасот, посочи Баркли.
Британските пациенти ќе бидат меѓу првите кои ќе учествуваат во испитувања и тестирања за да развијат насочени, персонализирани и прецизни третмани користејќи нови трансформативни терапии за лекување на постоечките видови на рак и спречување на болеста да се врати. Овој договор, истакна Баркли, е продолжение на ветувањето на Владата дека ќе издвојува 20 милијарди фунти годишно за истражување и развој, се со цел поефикасно лекување на пациентите.

The post Британската Влада и „БиоНТек” потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином appeared first on Република.

]]>
Основачите на „Бионтек“ најавија развој на вакцина против рак до 2030 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/osnovachite-na-biontek-najavija-razvoj-na-vakcina-protiv-rak-do-2030-godina/ Mon, 17 Oct 2022 09:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=561968

Kоосновачите на германската фармацевтска компанија „Бионтек“, Угур Шахин и Озлем Тиречи, најавија дека до 2030 година би можело да се развијат вакцините против рак .

Сопружниците Шахин и Тиречи велат дека направиле пробив што им влева надеж и за вакцина за рак наредниве години. Според проф. Тиречи, методологијата со РНК може да се пренасочи во зајакнување на имунолошкиот систем и напаѓање на клетките на ракот, следејќи го истиот принцип како кај корона вирусот.

„Бионтек“ веќе работеше на РНК-вакцини против ракот и пред корона-пандемијата, но потоа компанијата го префрли својот фокус на создавање ковид-вакцини.

Германската компанија се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, кожата и некои други видови рак, но постојат големи пречки во тоа. Имено, клетките на ракот коишто создаваат тумор може да се полнат со широк спектар од различни протеини, што го отежнува создавањето вакцина којашто ќе ги таргетира сите канцерогени клетки.

The post Основачите на „Бионтек“ најавија развој на вакцина против рак до 2030 година appeared first on Република.

]]>

Kоосновачите на германската фармацевтска компанија „Бионтек“, Угур Шахин и Озлем Тиречи, најавија дека до 2030 година би можело да се развијат вакцините против рак . Сопружниците Шахин и Тиречи велат дека направиле пробив што им влева надеж и за вакцина за рак наредниве години. Според проф. Тиречи, методологијата со РНК може да се пренасочи во зајакнување на имунолошкиот систем и напаѓање на клетките на ракот, следејќи го истиот принцип како кај корона вирусот. „Бионтек“ веќе работеше на РНК-вакцини против ракот и пред корона-пандемијата, но потоа компанијата го префрли својот фокус на создавање ковид-вакцини. Германската компанија се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, кожата и некои други видови рак, но постојат големи пречки во тоа. Имено, клетките на ракот коишто создаваат тумор може да се полнат со широк спектар од различни протеини, што го отежнува создавањето вакцина којашто ќе ги таргетира сите канцерогени клетки.

The post Основачите на „Бионтек“ најавија развој на вакцина против рак до 2030 година appeared first on Република.

]]>
„Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/moderna-gi-tuzi-fajzer-i-biontek-za-vakcinata-mrna/ Fri, 26 Aug 2022 13:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=544486

Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата.

Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.

Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс во изјавата.

 

The post „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА appeared first on Република.

]]>

Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата. Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.
Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на „Модерна“, Стив Банселс во изјавата.
 

The post „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“ за вакцината мРНА appeared first on Република.

]]>
Еве по колку пари поделија извршните директори на Фајзер, Бионтек и Модерна https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eve-po-kolku-pari-podelija-izvrshnite-direktori-na-fajzer-biontek-i-moderna/ Tue, 05 Apr 2022 14:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=483678

Извршните директори на Фајзер (Pfizer), Бионтек (BioNTech) и Модерна (Moderna) поделија повеќе од 100 милиони долари заработка за време на пандемијата, што го одразува комерцијалниот успех на вакцините mRNA развиени од овие фармацевтски компании.

Алберт Бурла од Фајзер , Угур Шахин од Бионтек и Стефан Бансел од Модерна значително го зголемија своето богатство во последните две години благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите поттикнати од ентузијастичките инвестиции во фармацевтските компании кои работеа на развој на лекови и вакцини против вирусот Ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс.

Цените на акциите на Фајзер се зголемија за 60 отсто во последните две години. Вредноста на Бионтек е зголемена три пати, а на Модерна пет пати.

Извршните директори Бенсел и Шахин на хартија станаа милијардери благодарение на акциите што ги поседуваат во компаниите Модерна и Бионтек. Бенсел има 7,8 отсто од акциите во Модерна, со проценета вредност од 5,4 милијарди долари. Шахин поседува 17,1 отсто од Бионтек, во вредност од 7,8 милијарди долари.

Вакцините развиени од Бионтек и Фајзер им донесоа на компаниите приход од 37,5 милијарди долари минатата година, додека Модерна оствари приход од околу 17 милијарди долари, според компанијата за обработка на податоци Airfinity.

Анализата на бонусите за производителите на вакцини mRNA во 2020 и 2021 година покажува дека извршниот директор на Фајзер, Алберт Борла, имал најголема добивка за време на пандемијата. Тој во овој период заработил 45,3 милиони долари бонуси, што е значително зголемување во однос на 27,7 што ги добил во периодот 2018-2019 година, кога дошол на позицијата извршен директор.

Шахин заработи бонус од 30,8 милиони долари во двете години од пандемијата, додека во 2018-2019 година. неговата заработка била 8,5 милиони долари. Бонусот на Бензел падна од 67,5 милиони долари на 31,1 милиони во 2020-2021 година, пред се поради котација на компанијата Модерна на берзата, која на овој извршен директор му донесе приход од акции од 58,6 милиони долари.

Вкупниот износ на бонуси за сите три компании во периодот 2020-2021 година достигна 107,2 милиони долари, од 103,7 милиони долари две години порано.

 

The post Еве по колку пари поделија извршните директори на Фајзер, Бионтек и Модерна appeared first on Република.

]]>

Извршните директори на Фајзер (Pfizer), Бионтек (BioNTech) и Модерна (Moderna) поделија повеќе од 100 милиони долари заработка за време на пандемијата, што го одразува комерцијалниот успех на вакцините mRNA развиени од овие фармацевтски компании. Алберт Бурла од Фајзер , Угур Шахин од Бионтек и Стефан Бансел од Модерна значително го зголемија своето богатство во последните две години благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите поттикнати од ентузијастичките инвестиции во фармацевтските компании кои работеа на развој на лекови и вакцини против вирусот Ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс. Цените на акциите на Фајзер се зголемија за 60 отсто во последните две години. Вредноста на Бионтек е зголемена три пати, а на Модерна пет пати. Извршните директори Бенсел и Шахин на хартија станаа милијардери благодарение на акциите што ги поседуваат во компаниите Модерна и Бионтек. Бенсел има 7,8 отсто од акциите во Модерна, со проценета вредност од 5,4 милијарди долари. Шахин поседува 17,1 отсто од Бионтек, во вредност од 7,8 милијарди долари. Вакцините развиени од Бионтек и Фајзер им донесоа на компаниите приход од 37,5 милијарди долари минатата година, додека Модерна оствари приход од околу 17 милијарди долари, според компанијата за обработка на податоци Airfinity. Анализата на бонусите за производителите на вакцини mRNA во 2020 и 2021 година покажува дека извршниот директор на Фајзер, Алберт Борла, имал најголема добивка за време на пандемијата. Тој во овој период заработил 45,3 милиони долари бонуси, што е значително зголемување во однос на 27,7 што ги добил во периодот 2018-2019 година, кога дошол на позицијата извршен директор. Шахин заработи бонус од 30,8 милиони долари во двете години од пандемијата, додека во 2018-2019 година. неговата заработка била 8,5 милиони долари. Бонусот на Бензел падна од 67,5 милиони долари на 31,1 милиони во 2020-2021 година, пред се поради котација на компанијата Модерна на берзата, која на овој извршен директор му донесе приход од акции од 58,6 милиони долари. Вкупниот износ на бонуси за сите три компании во периодот 2020-2021 година достигна 107,2 милиони долари, од 103,7 милиони долари две години порано.  

The post Еве по колку пари поделија извршните директори на Фајзер, Бионтек и Модерна appeared first on Република.

]]>
Дали творците на вакцината на Фајзер и Бионтек ќе се најдат на еврото? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-tvorcite-na-vakcinata-na-fajzer-i-biontek-kje-se-najdat-na-evroto/ Mon, 03 Jan 2022 22:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=440192

Во потрагата по нов дизајн за идните банкноти на еврото, Европската централна банка (ЕЦБ) доби интересен предлог од Европскиот парламент.

Имено, германскиот политичар од редовите на Слободните демократи, Мориц Кернер побара основачите на „Бионтек” – Угур Шахин и Озлем Туречи, да бидат на една од банкнотите. Се работи за изумителите на „Фајзер” вакцините.

– На новите банкноти треба да има важни европски личности како што е брачната двојка на основачот на „Бионтек”. Нивната работа ги спаси животите на милиони Европејци!, нагласи членот на ЕП за „Ди велт”.
– Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграција, напредок, претприемништво, научна извонредност и потенцијал на отворено имиграциско општество, додаде тој.

Дваесет години по воведувањето на еврото, ЕЦБ почна процес на редизајн на парите.

Мнението на јавноста ќе биде важен дел во процесот, но ќе минат години пред да биде завршен тој редизајн. Управниот совет на ЕЦБ во 2024 година треба да одлучи за печатењето нови банкноти и кога тие би биле пуштени во оптек.

The post Дали творците на вакцината на Фајзер и Бионтек ќе се најдат на еврото? appeared first on Република.

]]>

Во потрагата по нов дизајн за идните банкноти на еврото, Европската централна банка (ЕЦБ) доби интересен предлог од Европскиот парламент. Имено, германскиот политичар од редовите на Слободните демократи, Мориц Кернер побара основачите на „Бионтек” – Угур Шахин и Озлем Туречи, да бидат на една од банкнотите. Се работи за изумителите на „Фајзер” вакцините. – На новите банкноти треба да има важни европски личности како што е брачната двојка на основачот на „Бионтек”. Нивната работа ги спаси животите на милиони Европејци!, нагласи членот на ЕП за „Ди велт”. – Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграција, напредок, претприемништво, научна извонредност и потенцијал на отворено имиграциско општество, додаде тој. Дваесет години по воведувањето на еврото, ЕЦБ почна процес на редизајн на парите. Мнението на јавноста ќе биде важен дел во процесот, но ќе минат години пред да биде завршен тој редизајн. Управниот совет на ЕЦБ во 2024 година треба да одлучи за печатењето нови банкноти и кога тие би биле пуштени во оптек.

The post Дали творците на вакцината на Фајзер и Бионтек ќе се најдат на еврото? appeared first on Република.

]]>