биометриски лични карти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biometriski-lichni-karti/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Sep 2023 13:54:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биометриски лични карти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biometriski-lichni-karti/ 32 32 По протестот со икони и Библии, грчки министер објаснува: „Нема ништо демонско во биометриските документи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-protestot-so-ikoni-i-biblii-grchki-minister-objasnuva-nema-nishto-demonsko-vo-biometriskite-dokumenti/ Mon, 11 Sep 2023 21:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=680887

На протестот против новите биометриски лични карти, што се одржа во центарот на Атина, приведени се 32 лица.

Со слоганот „нема дигитално електронско ропство, нема идентификација на лицето“, неколку стотици граѓани се собраа на плоштадот Синтагма, по што следеше прошетка низ улиците на Атина. Демонстрантите држеа икони, Новиот завет, знамиња, транспаренти и крстови, пренесува „Прототема“.

Средбата беше организирана со онлајн покани од луѓе кои сметаат дека новите лични карти имаат „чип“ за следење на граѓаните.

Новите лични карти во Грција, кои треба да бидат издадени во септември, ги поттикнаа теориите на заговор на социјалните мрежи при што многу луѓе веруваат дека ќе имаат чип што ќе го лоцира сопственикот во секое време.

https://republika.mk/vesti/balkan/ke-imaat-chip-so-brojot-na-gavolot-666-ke-ne-sledat-grtsite-uplasheni-od-novite-biometriski-lichni-karti/

И покрај гаранциите на владата дека новите лични карти нема да имаат систем за локација, скептиците ја гледаат магнетната лента на новите картички како уште еден обид на властите да ги контролираат преку технологија.

Министерот за заштита на граѓаните, Јанис Оиконому ги окарактеризира личните карти како „средство за прилагодување на Грција на современиот свет за да можеме безбедно да патуваме и да бидеме компатибилни со нашите обврски во ЕУ“.

Немаат ништо туѓо, антихристијанско или демонско. Оние коишто ги трујат умовите на луѓето треба да знаат дека светот поминал низ просветлување, нагласи Оиконому.

 

The post По протестот со икони и Библии, грчки министер објаснува: „Нема ништо демонско во биометриските документи“ appeared first on Република.

]]>

На протестот против новите биометриски лични карти, што се одржа во центарот на Атина, приведени се 32 лица. Со слоганот „нема дигитално електронско ропство, нема идентификација на лицето“, неколку стотици граѓани се собраа на плоштадот Синтагма, по што следеше прошетка низ улиците на Атина. Демонстрантите држеа икони, Новиот завет, знамиња, транспаренти и крстови, пренесува „Прототема“. Средбата беше организирана со онлајн покани од луѓе кои сметаат дека новите лични карти имаат „чип“ за следење на граѓаните. Новите лични карти во Грција, кои треба да бидат издадени во септември, ги поттикнаа теориите на заговор на социјалните мрежи при што многу луѓе веруваат дека ќе имаат чип што ќе го лоцира сопственикот во секое време. https://republika.mk/vesti/balkan/ke-imaat-chip-so-brojot-na-gavolot-666-ke-ne-sledat-grtsite-uplasheni-od-novite-biometriski-lichni-karti/ И покрај гаранциите на владата дека новите лични карти нема да имаат систем за локација, скептиците ја гледаат магнетната лента на новите картички како уште еден обид на властите да ги контролираат преку технологија. Министерот за заштита на граѓаните, Јанис Оиконому ги окарактеризира личните карти како „средство за прилагодување на Грција на современиот свет за да можеме безбедно да патуваме и да бидеме компатибилни со нашите обврски во ЕУ“.
Немаат ништо туѓо, антихристијанско или демонско. Оние коишто ги трујат умовите на луѓето треба да знаат дека светот поминал низ просветлување, нагласи Оиконому.
 

The post По протестот со икони и Библии, грчки министер објаснува: „Нема ништо демонско во биометриските документи“ appeared first on Република.

]]>
Се плашат од чипови и баркодови: Дел од Грците протестираат против новите биометриски лични карти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-plashat-od-chipovi-i-barkodovi-del-od-grtsite-protestiraat-protiv-novite-biometriski-lichni-karti/ Sun, 10 Sep 2023 11:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=680565

Ќе имаат чип, ќе имаат баркод, ќе го содржат бројот на ѓаволот 666, се само дел од тврдењата во Грција на оние кои се против новите, биометриски лични карти што во земјата по првпат ќе почнат да се издаваат за две седмици, а од 2026 година ќе бидат задолжителни, јави дописничката на МИА од Атина.

Слично како и за вакцините, така и сега за новите лични карти, постојат реакции кај одредени граѓани во Грција, кои сметаат дека на овој начин ќе добијат чипови и ќе можат да бидат лоцирани во било кој момент.

Паралелно организираат и протести. Минатата недела се собра во Солун, денеска ќе протестираат во Атина, пред грчкиот Парламент.

„Не за дигитално ропство“, „Не за укинување на слободата“,„Не за укинување на демократијата“, се дел од слоганите под кои на социјалните мрежи се најавува денешниот протест, а организиран е и превоз до Атина од останатите грчки градови.

Реакциите против новите биометриски лични карти, почнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски.

Постоечките лични карти во Грција немаат ограничена важност, односно на самиот документ не пишува кога истекува, додека пак замена, најчесто се врши при загуба, оштета, кражба и сл.

Надлежни за издавање на лични карти се полициските станици во местото на живеење на барателот, па така веќе подолг период во одредени места има редици за вадење на лични карти.

Целата ситуација со реакциите против новите лични карти ја коментираше грчкиот премиер на владината седница на почетокот на месецов, додека пак надлежното Министерство за заштита на граѓаните објави целосен водич со 20 прашања и одговори околу личните карти.

Мицотакис на владината седница објасни дека новите лични карти ќе го олеснат движењето, бидејќи се дел од единствениот европски систем за идентификација кој ќе стане задолжителен и истакна дека оние кои се противат и шират лажни вести се многу мал дел од грчкото општество.

Личните карти немаат ниту чипови, ниту камери, микрофони и разни други работи што се слушаат, порача грчкиот премиер, повикувајќи ги граѓаните да не вадат лични карти од стар тип, бидејќи наскоро повеќе нема да важат.

Надлежното Министерство објави детална презентација „Реалноста за новите лични карти“ со прашања и одговори, објаснувајќи дека Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ за неусогласување со регулативата.

Новите лични карти ќе почнат да се издаваат на 25 септември, а старите ќе престанат да важат на 3 август 2026 година.

The post Се плашат од чипови и баркодови: Дел од Грците протестираат против новите биометриски лични карти appeared first on Република.

]]>

Ќе имаат чип, ќе имаат баркод, ќе го содржат бројот на ѓаволот 666, се само дел од тврдењата во Грција на оние кои се против новите, биометриски лични карти што во земјата по првпат ќе почнат да се издаваат за две седмици, а од 2026 година ќе бидат задолжителни, јави дописничката на МИА од Атина.
Слично како и за вакцините, така и сега за новите лични карти, постојат реакции кај одредени граѓани во Грција, кои сметаат дека на овој начин ќе добијат чипови и ќе можат да бидат лоцирани во било кој момент. Паралелно организираат и протести. Минатата недела се собра во Солун, денеска ќе протестираат во Атина, пред грчкиот Парламент.
„Не за дигитално ропство“, „Не за укинување на слободата“,„Не за укинување на демократијата“, се дел од слоганите под кои на социјалните мрежи се најавува денешниот протест, а организиран е и превоз до Атина од останатите грчки градови.
Реакциите против новите биометриски лични карти, почнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски. Постоечките лични карти во Грција немаат ограничена важност, односно на самиот документ не пишува кога истекува, додека пак замена, најчесто се врши при загуба, оштета, кражба и сл. Надлежни за издавање на лични карти се полициските станици во местото на живеење на барателот, па така веќе подолг период во одредени места има редици за вадење на лични карти. Целата ситуација со реакциите против новите лични карти ја коментираше грчкиот премиер на владината седница на почетокот на месецов, додека пак надлежното Министерство за заштита на граѓаните објави целосен водич со 20 прашања и одговори околу личните карти. Мицотакис на владината седница објасни дека новите лични карти ќе го олеснат движењето, бидејќи се дел од единствениот европски систем за идентификација кој ќе стане задолжителен и истакна дека оние кои се противат и шират лажни вести се многу мал дел од грчкото општество.
Личните карти немаат ниту чипови, ниту камери, микрофони и разни други работи што се слушаат, порача грчкиот премиер, повикувајќи ги граѓаните да не вадат лични карти од стар тип, бидејќи наскоро повеќе нема да важат.
Надлежното Министерство објави детална презентација „Реалноста за новите лични карти“ со прашања и одговори, објаснувајќи дека Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ за неусогласување со регулативата. Новите лични карти ќе почнат да се издаваат на 25 септември, а старите ќе престанат да важат на 3 август 2026 година.

The post Се плашат од чипови и баркодови: Дел од Грците протестираат против новите биометриски лични карти appeared first on Република.

]]>