биолошка терапија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bioloshka-terapija/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 11:20:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биолошка терапија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bioloshka-terapija/ 32 32 Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-za-edna-chetvrtina-od-onkoloshkite-patsienti-ima-bioloshka-terapija-ostanatite-ne-dobivaat/ Tue, 22 Oct 2024 11:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=829786

Сите онколошки пациенти кои би можеле да ја користат биолошката терапија, истата не ја добиваат, односно пари има само една четвртина од нив, според последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

За набавка на биолошката терапија минатата година биле одобрени речиси 21 и пол милиони евра. Иако има зголемување за двојно на средствата за оваа намена, тие не се доволни.

„И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата. Од добиените податоци пациенти кои терапијата ја примаат во дневна болница чиј број во 2023 година изнесува 54.423 утврдивме дека само 24% се приклучени на биолошка терапија“, стои во ревизорскиот извештај.

Иако од лани се изготвени и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, се уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство.

Единица за централна подготовка на цитостатска терапија, односно KATO системот исто така се уште не е во функција. За негова набавка се дадени околу 162 илјади евра, а лани биле детектирани проблемите.

„Системот е делумно опремен, недостасуваат клучни компоненти, а просторот не е адаптиран за стерилно работење. Дополнително, подготовката на терапијата со овој систем трае подолго време, што ќе го зголеми времето на чекање за апликација на терапија, Клиниката нема доволен број фармацевти за работа со системот, а потребни се и дополнителни средства од околу 8 милиони денари годишно за потрошен материјал“, се додава во извештајот.

Министерството за здравство годинава спровело тендер за набавка на делови потреби за да се стави системот во употреба, но не била поднесена ниту една прифатлива понуда.

Ревизорите откриле и дека клиниката во 2023 година примила донирани лекови вредни над половина милион евра кои ги немало во финансиската евиденција.

The post Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат appeared first on Република.

]]>

Сите онколошки пациенти кои би можеле да ја користат биолошката терапија, истата не ја добиваат, односно пари има само една четвртина од нив, според последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. За набавка на биолошката терапија минатата година биле одобрени речиси 21 и пол милиони евра. Иако има зголемување за двојно на средствата за оваа намена, тие не се доволни.
„И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата. Од добиените податоци пациенти кои терапијата ја примаат во дневна болница чиј број во 2023 година изнесува 54.423 утврдивме дека само 24% се приклучени на биолошка терапија“, стои во ревизорскиот извештај.
Иако од лани се изготвени и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, се уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство. Единица за централна подготовка на цитостатска терапија, односно KATO системот исто така се уште не е во функција. За негова набавка се дадени околу 162 илјади евра, а лани биле детектирани проблемите.
„Системот е делумно опремен, недостасуваат клучни компоненти, а просторот не е адаптиран за стерилно работење. Дополнително, подготовката на терапијата со овој систем трае подолго време, што ќе го зголеми времето на чекање за апликација на терапија, Клиниката нема доволен број фармацевти за работа со системот, а потребни се и дополнителни средства од околу 8 милиони денари годишно за потрошен материјал“, се додава во извештајот.
Министерството за здравство годинава спровело тендер за набавка на делови потреби за да се стави системот во употреба, но не била поднесена ниту една прифатлива понуда. Ревизорите откриле и дека клиниката во 2023 година примила донирани лекови вредни над половина милион евра кои ги немало во финансиската евиденција.

The post Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат appeared first on Република.

]]>
Мизрахи за Онкологија: Директорот без стручен колегиум со своерачен потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-za-onkologija-direktorot-bez-struchen-kolegium-so-svoerachen-potpis-odluchuval-koi-patsienti-ke-dobijat-bioloshka-terapija/ Fri, 20 Oct 2023 17:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=693419

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Анкетната комисија не бара кривична туку политичка одговорност и дека при сведочењето пред комисијата двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, додека пак екс министерот Венко Филипче имал плејада на одговори „Не знам“, меѓу кои и дека не знаел за постоењето на КАТО системот за следење и контрола на лековите, а бил советник на тогашниот министерот за здравство, Никола Тодоров кога системот е набавен.

За мене интересно беше што, во однос на тројцата министри за кои разговараме, министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекоа ‘доколку ова се случувало во времетраење на моето раководење со министерството, ќе сносев лична одговорност, ќе сметав дека сум одговорен и ќе сносев политичка одговорност напуштајќи ја функцијата‘, само еден министер Венко Филипче на многу од прашањата во времетраење од 2 часа и 45 минути имаше плејада на одговори „Не знам, не знам, не знам“ меѓу кои и беше и одговорот не знам за постоењето на КАТО системот, што е исклучително интересно со оглед на тоа дека бил советник на тогашниот министер Тодоров кога е набавуван самиот КАТО систем, вели Мизрахи.

Додаде дека за нејзе, „Не знам“ е најстрашниот одговор за политичка фигура која што била на раководна позиција, каде што политичката функција не ви овозможува да правите што сакате, туку ви овозможува да раководите политички во рамки на законите кои што се предвидени во дадениот сектор, значи се раководи согласно закони.

Минситерот за многу работи е должен, така е пропишано во законот, тука го имаме Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и други подзаконски акти и документи во кој што тој е должен да знае што се случува во неговиот сектор. Одговорот „Не знам“ за мене е апсолутно неприфатлив и сметам дека господинот Венко Филипче, и можеби и подоцна во текот на сослушувањата ќе биде уште еднаш повикан, согласно документацијата која што ќе ја разгледуваме, да можеби се потсети на некои од работи од минатото. Интересно е што на пример од раководителите на ФЗО имавме убави солидни одговори, меѓутоа кои што не се поклопуваа во делот на контролната улога на ФЗО. Значи министерот бил должен да знае и бил должен да знае за функционирањето на целокупниот систем, вклучувајќи го и Фондот за здравствено осигурување, меѓутоа и директорите на фондот биле должни, преку своите надлежности, да знаат што се случува. Зошто? Заради тоа што во фондот имате сектор ‘контрола’, истакна Мизрахи.

Мизрахи посочи дека, согласно извештајот на ДЗР, кој што е доставен до сите членови и заменици членови на комисијата, директорот со свој потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија на Онкологија.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија, ние допрва ќе ја отвориме и целата документација на онкологија која што е доставена до сите членови, заменици членови на Анкетната комисија. Јас лично ја имам разгледувано, меѓутоа не е помината на седница формално за да давам исказ по истата. Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија кога терапијата била препишувана за одреден пациент, зборувам за биолошката терапија, не стигало до требување во депо на самата терапија, туку се барало, била централизирана моќта, директорот конечно да овласти со своерачен потпис преку целиот лист хартија, дали тој пациент ќе ја добие или нема да ја добие“, рече Мизрахи на што новинарот запраша, значи директорот на клиниката одлучувал кој пациент ќе добие терапија, а кој не, при што Мизрахи одговори „Биолошка терапија, да, апсолутно да“.

Понатаму новинарот констатира дека сепак за тоа морало да има стручен колегиум, на што Мизрахи јасно посочи дека во овој случај таков колегиум немало, што, меѓу другото, преставува прекршување на статутот на самата клиника.

Таа додаде дека остава можност, Анкетната комисија да утврди што точно се случувало на клиниката, ќе ги видат документи и ќе ги ислушаат сите сведоци, меѓутоа согласно документацијата од ДЗР е ова што до сега го кажува.

The post Мизрахи за Онкологија: Директорот без стручен колегиум со своерачен потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Анкетната комисија не бара кривична туку политичка одговорност и дека при сведочењето пред комисијата двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, додека пак екс министерот Венко Филипче имал плејада на одговори „Не знам“, меѓу кои и дека не знаел за постоењето на КАТО системот за следење и контрола на лековите, а бил советник на тогашниот министерот за здравство, Никола Тодоров кога системот е набавен.
За мене интересно беше што, во однос на тројцата министри за кои разговараме, министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекоа ‘доколку ова се случувало во времетраење на моето раководење со министерството, ќе сносев лична одговорност, ќе сметав дека сум одговорен и ќе сносев политичка одговорност напуштајќи ја функцијата‘, само еден министер Венко Филипче на многу од прашањата во времетраење од 2 часа и 45 минути имаше плејада на одговори „Не знам, не знам, не знам“ меѓу кои и беше и одговорот не знам за постоењето на КАТО системот, што е исклучително интересно со оглед на тоа дека бил советник на тогашниот министер Тодоров кога е набавуван самиот КАТО систем, вели Мизрахи.
Додаде дека за нејзе, „Не знам“ е најстрашниот одговор за политичка фигура која што била на раководна позиција, каде што политичката функција не ви овозможува да правите што сакате, туку ви овозможува да раководите политички во рамки на законите кои што се предвидени во дадениот сектор, значи се раководи согласно закони.
Минситерот за многу работи е должен, така е пропишано во законот, тука го имаме Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и други подзаконски акти и документи во кој што тој е должен да знае што се случува во неговиот сектор. Одговорот „Не знам“ за мене е апсолутно неприфатлив и сметам дека господинот Венко Филипче, и можеби и подоцна во текот на сослушувањата ќе биде уште еднаш повикан, согласно документацијата која што ќе ја разгледуваме, да можеби се потсети на некои од работи од минатото. Интересно е што на пример од раководителите на ФЗО имавме убави солидни одговори, меѓутоа кои што не се поклопуваа во делот на контролната улога на ФЗО. Значи министерот бил должен да знае и бил должен да знае за функционирањето на целокупниот систем, вклучувајќи го и Фондот за здравствено осигурување, меѓутоа и директорите на фондот биле должни, преку своите надлежности, да знаат што се случува. Зошто? Заради тоа што во фондот имате сектор ‘контрола’, истакна Мизрахи.
Мизрахи посочи дека, согласно извештајот на ДЗР, кој што е доставен до сите членови и заменици членови на комисијата, директорот со свој потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија на Онкологија.
Во извештајот на Државниот завод за ревизија, ние допрва ќе ја отвориме и целата документација на онкологија која што е доставена до сите членови, заменици членови на Анкетната комисија. Јас лично ја имам разгледувано, меѓутоа не е помината на седница формално за да давам исказ по истата. Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија кога терапијата била препишувана за одреден пациент, зборувам за биолошката терапија, не стигало до требување во депо на самата терапија, туку се барало, била централизирана моќта, директорот конечно да овласти со своерачен потпис преку целиот лист хартија, дали тој пациент ќе ја добие или нема да ја добие“, рече Мизрахи на што новинарот запраша, значи директорот на клиниката одлучувал кој пациент ќе добие терапија, а кој не, при што Мизрахи одговори „Биолошка терапија, да, апсолутно да“.
Понатаму новинарот констатира дека сепак за тоа морало да има стручен колегиум, на што Мизрахи јасно посочи дека во овој случај таков колегиум немало, што, меѓу другото, преставува прекршување на статутот на самата клиника. Таа додаде дека остава можност, Анкетната комисија да утврди што точно се случувало на клиниката, ќе ги видат документи и ќе ги ислушаат сите сведоци, меѓутоа согласно документацијата од ДЗР е ова што до сега го кажува.  

The post Мизрахи за Онкологија: Директорот без стручен колегиум со своерачен потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија appeared first on Република.

]]>
Сомнежот се роди кога по четвртата примена „хемотерапија“ не и падна косата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/somnezhot-se-rodi-koga-po-chetvrtata-primena-hemoterapija-ne-i-padna-kosata/ Sun, 03 Sep 2023 08:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=678299

Откако беше обелоденета злоупотребата на биолошките лекови против рак, кога, според сомнежот, на пациенти им се давало физиолошки раствор, а лекот се препродавал на Косово, не стивнуваат коментарите и личните приказни за лошото искуство со биолошките лекови.

На статусот на новинарката која подолго време пишува за овој проблем, Ирена Мулачка, своето искуство го раскажа корисничка на социјалните мрежи:

The post Сомнежот се роди кога по четвртата примена „хемотерапија“ не и падна косата appeared first on Република.

]]>

Откако беше обелоденета злоупотребата на биолошките лекови против рак, кога, според сомнежот, на пациенти им се давало физиолошки раствор, а лекот се препродавал на Косово, не стивнуваат коментарите и личните приказни за лошото искуство со биолошките лекови. На статусот на новинарката која подолго време пишува за овој проблем, Ирена Мулачка, своето искуство го раскажа корисничка на социјалните мрежи:  