биолаборатории Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biolaboratorii/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Apr 2022 16:49:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биолаборатории Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biolaboratorii/ 32 32 Бугарска новинарка во ОН зборуваше за тајни американски биолаборатории во Украина и Грузија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bugarska-novinarka-vo-on-zboruvashe-za-amerikanskite-tajni-biolaboratorii-vo-ukraina-i-gruzija/ Thu, 07 Apr 2022 16:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=474904

Бугарската новинарка, Дилјана Гајтанџиева, на неформалното заседание на Советот за безбедност при Обединетите нации го претставила својот истражувачки филм посветен на биолошките лабороатирии „Лугар“ во Грузија кои работале во соработка на американското министерство за одбрана.

Во филмот на Гајтанџиева, се споменува дека во лабораториите „Лугар“ е забрането снимањето во радиус од најмалку 100 метри. Интервјуираните жители во близина на објектот се жалеле на необјасените емисии во воздухот од правец на лабораторијата, како и дека понекогаш се чувствувале и специфични мириси.

Новинарката прикажала и мапа на Украина со обележани биолошки лаборатории финансирани од САД. Гајтанџиева презентирала и бројни документи од американската амбасада во Киев кои претходно „протекоа“ на интернет.

Во документите се споменува и договор, наводно склучен меѓу Пентагон и министерството за здравство на Украина. Според новинарката, со договорот украинската страна се обврзала да ги испорача во САД примероците од патегоните откриени во лабораториите на нејзина територија.

Како што рекла Гајтанџиева, според докумените Пентагон ги спровел биолошките експерименто со ангажирање на 4.400 и 1.000 грузиски војници. Учесниците во тие експерименти можело да се соочат со „неутврдени здравствени ризици“, додала таа.

Новинарката рекла дека документите кои ги добила укажуваат на тоа дека Пентагон покажувал подготвеност да набави примероци од РНК и синовијалните ткива од руски емигранти, претставници на европоидната (кавкаска) раса.

https://youtu.be/_8hQi2Zv1L0?t=4

Гајтанџиева уште во јануари годинава објави дека проектот со учество на украински војници почнал во 2017 година, а го финансирала Американската агенција за намалување на одбранбените закани (DTRA). Според објавата, во докуменот се наведувало дека „од 4.400 здрави војници во Лавов, Одеса, Харков и Киев ќе бида земени примероци од крв. Од таа бројка 4.000 примероци ќе бидат тестирани на прусуство на антитела на хантавирусите, а 400 за виросот на Кримско-конгонската хеморагична треска (CCHF).

Како потврда, Гајтанџиева на својот блог објави документи на украински јазик, но не посочи кои други истражувања биле планирани во украинските биолаборатории.

Таквите биолошки лаборатории во Украина биле основани во времето на украинскиот челник Леонид Кучма, биле затворени во времето на Виктор Јанукович, а по превратот во Киев во пролетта 2014 година со која тој беше соборен, повторно почнале со активностите, објави новинарката на својата веб-страница dilyana.bg.

Претходно руското министерство за одбрана во Москва презентираше документација запленета во текот на борбените операции во Украина, како и предадена од украински вработени во лабораториите. Од нив произлегува дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за развивање и опремување на мрежата биолошки лаборатории во Украина, кои учестувале во американската воено-биолошка програма и особено се занимавале со патогените на чума и антракс. Беше укажано и дека било истражувано и пренесувањето на патогени преку птици преселници и животни кои циркулираат на териториите на земјите во источна Европа, особено во соседна Русија.

На територијата на Украина е формирана мрежа од повеќе од 30 биолошки лаборатоирии кои работеле за Пентагон - изјави минатиот месец Игор Кирилов, началник на службата за биолошко-хемиска одбрана на Русија.

Тој тогаш додаде дека веднаш по почетокот на руската офанзива била издадена наредба за уништување на сите примероци и документацијата за американската воено-биолошката програма во Украина.

Русија во врска со овие воено-биолошки активнсота на САД во Украина, не исклучи иницирање на механизмот за консултации според Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсичното оружје, порача портпаролката на дипломатијата, Марија Захарова.

The post Бугарска новинарка во ОН зборуваше за тајни американски биолаборатории во Украина и Грузија appeared first on Република.

]]>

Бугарската новинарка, Дилјана Гајтанџиева, на неформалното заседание на Советот за безбедност при Обединетите нации го претставила својот истражувачки филм посветен на биолошките лабороатирии „Лугар“ во Грузија кои работале во соработка на американското министерство за одбрана. Во филмот на Гајтанџиева, се споменува дека во лабораториите „Лугар“ е забрането снимањето во радиус од најмалку 100 метри. Интервјуираните жители во близина на објектот се жалеле на необјасените емисии во воздухот од правец на лабораторијата, како и дека понекогаш се чувствувале и специфични мириси. Новинарката прикажала и мапа на Украина со обележани биолошки лаборатории финансирани од САД. Гајтанџиева презентирала и бројни документи од американската амбасада во Киев кои претходно „протекоа“ на интернет. Во документите се споменува и договор, наводно склучен меѓу Пентагон и министерството за здравство на Украина. Според новинарката, со договорот украинската страна се обврзала да ги испорача во САД примероците од патегоните откриени во лабораториите на нејзина територија. Како што рекла Гајтанџиева, според докумените Пентагон ги спровел биолошките експерименто со ангажирање на 4.400 и 1.000 грузиски војници. Учесниците во тие експерименти можело да се соочат со „неутврдени здравствени ризици“, додала таа. Новинарката рекла дека документите кои ги добила укажуваат на тоа дека Пентагон покажувал подготвеност да набави примероци од РНК и синовијалните ткива од руски емигранти, претставници на европоидната (кавкаска) раса. https://youtu.be/_8hQi2Zv1L0?t=4 Гајтанџиева уште во јануари годинава објави дека проектот со учество на украински војници почнал во 2017 година, а го финансирала Американската агенција за намалување на одбранбените закани (DTRA). Според објавата, во докуменот се наведувало дека „од 4.400 здрави војници во Лавов, Одеса, Харков и Киев ќе бида земени примероци од крв. Од таа бројка 4.000 примероци ќе бидат тестирани на прусуство на антитела на хантавирусите, а 400 за виросот на Кримско-конгонската хеморагична треска (CCHF). Како потврда, Гајтанџиева на својот блог објави документи на украински јазик, но не посочи кои други истражувања биле планирани во украинските биолаборатории. Таквите биолошки лаборатории во Украина биле основани во времето на украинскиот челник Леонид Кучма, биле затворени во времето на Виктор Јанукович, а по превратот во Киев во пролетта 2014 година со која тој беше соборен, повторно почнале со активностите, објави новинарката на својата веб-страница dilyana.bg. Претходно руското министерство за одбрана во Москва презентираше документација запленета во текот на борбените операции во Украина, како и предадена од украински вработени во лабораториите. Од нив произлегува дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за развивање и опремување на мрежата биолошки лаборатории во Украина, кои учестувале во американската воено-биолошка програма и особено се занимавале со патогените на чума и антракс. Беше укажано и дека било истражувано и пренесувањето на патогени преку птици преселници и животни кои циркулираат на териториите на земјите во источна Европа, особено во соседна Русија.
На територијата на Украина е формирана мрежа од повеќе од 30 биолошки лаборатоирии кои работеле за Пентагон - изјави минатиот месец Игор Кирилов, началник на службата за биолошко-хемиска одбрана на Русија.
Тој тогаш додаде дека веднаш по почетокот на руската офанзива била издадена наредба за уништување на сите примероци и документацијата за американската воено-биолошката програма во Украина. Русија во врска со овие воено-биолошки активнсота на САД во Украина, не исклучи иницирање на механизмот за консултации според Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсичното оружје, порача портпаролката на дипломатијата, Марија Захарова.

The post Бугарска новинарка во ОН зборуваше за тајни американски биолаборатории во Украина и Грузија appeared first on Република.

]]>
Захарова објави докумети и информации: Американската воено-биолошка активност во Украина е „ѓаволски план“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-objavi-dokumeti-i-informacii-amerikanskata-voeno-bioloshka-aktivnost-vo-ukraina-e-gjavolski-plan/ Mon, 28 Mar 2022 04:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=479515

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја нарече американската воено-биолошка активност во Украина „ѓаволски план“, објавувајќи документи и информации добиени од отворени извори прави хронолошка листа на воено-биолошките активности на САД во Украина.

Отворените извори, како и документите протечени на Интернет (вклучително и преку „Викиликс“) даваат груба претстава за степенот на вклученост на американските политички елити во воено-биолошката активност во Украина. Има премногу празнини во овој навистина ѓаволски план кои допрва треба да се пополнат - напиша портпаролката на Телеграм, во пост со наслов „БиоБајден“.

Захарова додава дека објавениот список не е сеопфатен.

* Во 1991 година, САД почнаа програма за земјите од поранешниот Советски Сојуз со цел да го контролираат / елиминираат советското оружје за масовно уништување, вклучително и биолошкото.

* Две години подоцна - потпишување на украинско-американскиот пакт за спречување на ширењето на оружје за масовно уништување.

* Дополнителен протокол со пакт на Министерството за здравство на Украина и Агенцијата за смалување на безбедносните закани на американското Министерство за одбрана (ДТРА) за спречување на ширење на технологии, патогени и знаење што може да се користат во развојот на биолошкото оружје беше потпишан во 2005 година. Според Захарова, тоа бил почеток на вистинското пренесување на воено-биолошкиот потенцијал на Украина во рацете на американските експерти.

* Во 2000 година, големите американски компании од воено-индустрискиот комплекс биле вклучени во воено-биолошки активности во Украина.

* Од 2005 до 2014 година, наместо да уништи голем број објекти, компанијата „Black & Veatch Special Projects“, која работи за ДТРА, изградила и надградила осум биолаборатории, вклучително и во Одеса, која од 2011 година е спонзорирана за проучување на „патогени кои може да се користат во биотерористички напади“.

* Соработникот на Пентагон, Нејтан Волф, во 2007 година, ја основа биомедицинската компанија „Global Viral Forecasting Institute“ (подоцна преименувана во „Global Viral“), која имала за цел непрофитно истражување на прекуграничните инфекции, вклучително и во Кина.

* Синот на сегашниот американски претседател, Хантер Бајден и посинокот на поранешниот американски државен секретар, Џон Кери, Кристофер Хајнц, во 2009нгодина ја основале инвестициската компанија „Rosemont Seneca Partners“.

* Неуставен државен удар во Украина во 2014 година

* Влегување на Хантер Бајден во 2014 година во Управниот одбор на украинската енергетска компанија „Burisma Holdings“

* Истата година, приватната непрофитна организација „Metabiota“ се одвои од компанијата „Global Viral“, со цел да го истражи ризикот од пандемија. Хантер Бајден, Нил Калахан и Џон Делош од „Rosemont Seneca Partners“ се назначени за членови на одборот на „Metabiota“. Тогаш Пентагон почнал да ги финансира „Global Viral“ и „Metabiota“.

* Во 2014 година, „Metabiota“ покажала интерес за Украина и апелираше до синот на Бајден „да ја заштити културната и економската независност на Украина од Русија“.

* Истата година „Metabiota“ и „Burisma Holdings“ почнаа да соработуваат на неименуван „научен проект во Украина“.

* Вистинската соработка на „Metabiota“, „Global Viral“ и „Black & Veatch Special Projects“ во програмите на Пентагон почнала таа година.

* Од 2014 до 2016 година се реализирани договори на „Metabiota“ и Пентагон, вклучително и проект вреден 300.000 долари во Украина.

* Американската државјанка Улјана Надежда Супрун, потомок на украински нацисти, е назначена за вршител на должноста министер за здравство на Украина во 2016 година. Програмата за соработка меѓу Пентагон и Министерството за здравство на Украина е квалитативно проширена.

* Истата година, изби свински грип меѓу украинската армија, која ја чуваше биолошката лабораторија во Харков. Загинаа 20 лица, а инцидентот беше заташкан.

* Поранешниот американски помошник секретар за одбрана, Ендрју Вебер, беше назначен за шеф на одделот за глобално партнерство на „Metabiota“ во 2016 година.

* Истата година, структурата на основачот на „Global Viral“ Натан Волф - фондот „EcoHealth Alliance“ беше вклучена во истражувањето на коронавирусите што ги пренесуваат лилјаци во Истражувачкиот центар во лабораторија во Вухан.

* Договорот меѓу ДТРА и Министерството за здравство на Украина беше продолжен во 2016 година во договор со Министерството за одбрана на Украина.

* Глобалната пандемија на мутираниот коронавирус кај лилјаците почна во 2019 година во Вухан.

* Специјалната операција на руските вооружени сили во Украина почна на 24 февруари 2022 година.

* Според итна постапка, на 24 и 25 февруари 2022 година почна уништување на соеви во биолошки лаборатории во Украина.

* Говор на американската заменичка државен секретар, Викторија Нуланд, на 8 март 2022 година, кога таа отворено го призна постоењето на соработка меѓу САД и Украина во врска со патогени.

The post Захарова објави докумети и информации: Американската воено-биолошка активност во Украина е „ѓаволски план“ appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја нарече американската воено-биолошка активност во Украина „ѓаволски план“, објавувајќи документи и информации добиени од отворени извори прави хронолошка листа на воено-биолошките активности на САД во Украина.
Отворените извори, како и документите протечени на Интернет (вклучително и преку „Викиликс“) даваат груба претстава за степенот на вклученост на американските политички елити во воено-биолошката активност во Украина. Има премногу празнини во овој навистина ѓаволски план кои допрва треба да се пополнат - напиша портпаролката на Телеграм, во пост со наслов „БиоБајден“.
Захарова додава дека објавениот список не е сеопфатен. * Во 1991 година, САД почнаа програма за земјите од поранешниот Советски Сојуз со цел да го контролираат / елиминираат советското оружје за масовно уништување, вклучително и биолошкото. * Две години подоцна - потпишување на украинско-американскиот пакт за спречување на ширењето на оружје за масовно уништување. * Дополнителен протокол со пакт на Министерството за здравство на Украина и Агенцијата за смалување на безбедносните закани на американското Министерство за одбрана (ДТРА) за спречување на ширење на технологии, патогени и знаење што може да се користат во развојот на биолошкото оружје беше потпишан во 2005 година. Според Захарова, тоа бил почеток на вистинското пренесување на воено-биолошкиот потенцијал на Украина во рацете на американските експерти. * Во 2000 година, големите американски компании од воено-индустрискиот комплекс биле вклучени во воено-биолошки активности во Украина. * Од 2005 до 2014 година, наместо да уништи голем број објекти, компанијата „Black & Veatch Special Projects“, која работи за ДТРА, изградила и надградила осум биолаборатории, вклучително и во Одеса, која од 2011 година е спонзорирана за проучување на „патогени кои може да се користат во биотерористички напади“. * Соработникот на Пентагон, Нејтан Волф, во 2007 година, ја основа биомедицинската компанија „Global Viral Forecasting Institute“ (подоцна преименувана во „Global Viral“), која имала за цел непрофитно истражување на прекуграничните инфекции, вклучително и во Кина. * Синот на сегашниот американски претседател, Хантер Бајден и посинокот на поранешниот американски државен секретар, Џон Кери, Кристофер Хајнц, во 2009нгодина ја основале инвестициската компанија „Rosemont Seneca Partners“. * Неуставен државен удар во Украина во 2014 година * Влегување на Хантер Бајден во 2014 година во Управниот одбор на украинската енергетска компанија „Burisma Holdings“ * Истата година, приватната непрофитна организација „Metabiota“ се одвои од компанијата „Global Viral“, со цел да го истражи ризикот од пандемија. Хантер Бајден, Нил Калахан и Џон Делош од „Rosemont Seneca Partners“ се назначени за членови на одборот на „Metabiota“. Тогаш Пентагон почнал да ги финансира „Global Viral“ и „Metabiota“. * Во 2014 година, „Metabiota“ покажала интерес за Украина и апелираше до синот на Бајден „да ја заштити културната и економската независност на Украина од Русија“. * Истата година „Metabiota“ и „Burisma Holdings“ почнаа да соработуваат на неименуван „научен проект во Украина“. * Вистинската соработка на „Metabiota“, „Global Viral“ и „Black & Veatch Special Projects“ во програмите на Пентагон почнала таа година. * Од 2014 до 2016 година се реализирани договори на „Metabiota“ и Пентагон, вклучително и проект вреден 300.000 долари во Украина. * Американската државјанка Улјана Надежда Супрун, потомок на украински нацисти, е назначена за вршител на должноста министер за здравство на Украина во 2016 година. Програмата за соработка меѓу Пентагон и Министерството за здравство на Украина е квалитативно проширена. * Истата година, изби свински грип меѓу украинската армија, која ја чуваше биолошката лабораторија во Харков. Загинаа 20 лица, а инцидентот беше заташкан. * Поранешниот американски помошник секретар за одбрана, Ендрју Вебер, беше назначен за шеф на одделот за глобално партнерство на „Metabiota“ во 2016 година. * Истата година, структурата на основачот на „Global Viral“ Натан Волф - фондот „EcoHealth Alliance“ беше вклучена во истражувањето на коронавирусите што ги пренесуваат лилјаци во Истражувачкиот центар во лабораторија во Вухан. * Договорот меѓу ДТРА и Министерството за здравство на Украина беше продолжен во 2016 година во договор со Министерството за одбрана на Украина. * Глобалната пандемија на мутираниот коронавирус кај лилјаците почна во 2019 година во Вухан. * Специјалната операција на руските вооружени сили во Украина почна на 24 февруари 2022 година. * Според итна постапка, на 24 и 25 февруари 2022 година почна уништување на соеви во биолошки лаборатории во Украина. * Говор на американската заменичка државен секретар, Викторија Нуланд, на 8 март 2022 година, кога таа отворено го призна постоењето на соработка меѓу САД и Украина во врска со патогени.

The post Захарова објави докумети и информации: Американската воено-биолошка активност во Украина е „ѓаволски план“ appeared first on Република.

]]>
Кина бара транспарентност за американските биолаборатории во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-bara-transparentnost-za-amerikanskite-biolaboratorii-vo-ukraina/ Wed, 16 Mar 2022 12:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=473775

Кинеските власти бараат Вашингтон да се погрижи активностите на американските воени биолаборатории да бидат целосно транспарентни, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на брифинг во средата.

Уште еднаш инсистираме дека САД треба да обезбедат целосна транспарентност на активностите поврзани со воените биолошки технологии, рече тој како одговор на прашањето како кинеското Министерство за надворешни работи гледа на обидите на Вашингтон да избегне одговорност во услови на откривање на американските воени биолошки активности во Украина.

Според кинескиот дипломат, САД, исто така, треба да престанат „еднострано да се спротивставуваат на механизмот за следење што работи во согласност со Конвенцијата за биолошко и токсинско оружје“. Жао Лиџијан нагласи дека ова е начинот на кој Вашингтон „може да помогне во зајакнувањето на глобалната безбедност“.

Извор од руското Министерство за надворешни работи изјави за ТАСС во вторникот дека со „предупредување на Русија да не користи биолошко и хемиско оружје во Украина“, Соединетите држави се обидуваат да ја отстранат одговорноста за своите воени биолошки активности во земјата и да прикријат лажно знаме од големи размери.

The post Кина бара транспарентност за американските биолаборатории во Украина appeared first on Република.

]]>

Кинеските власти бараат Вашингтон да се погрижи активностите на американските воени биолаборатории да бидат целосно транспарентни, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на брифинг во средата.
Уште еднаш инсистираме дека САД треба да обезбедат целосна транспарентност на активностите поврзани со воените биолошки технологии, рече тој како одговор на прашањето како кинеското Министерство за надворешни работи гледа на обидите на Вашингтон да избегне одговорност во услови на откривање на американските воени биолошки активности во Украина.
Според кинескиот дипломат, САД, исто така, треба да престанат „еднострано да се спротивставуваат на механизмот за следење што работи во согласност со Конвенцијата за биолошко и токсинско оружје“. Жао Лиџијан нагласи дека ова е начинот на кој Вашингтон „може да помогне во зајакнувањето на глобалната безбедност“. Извор од руското Министерство за надворешни работи изјави за ТАСС во вторникот дека со „предупредување на Русија да не користи биолошко и хемиско оружје во Украина“, Соединетите држави се обидуваат да ја отстранат одговорноста за своите воени биолошки активности во земјата и да прикријат лажно знаме од големи размери.

The post Кина бара транспарентност за американските биолаборатории во Украина appeared first on Република.

]]>
Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН за наводните програми за биолошко оружје поддржани од САД во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-pobara-sostanok-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-za-navodnite-programi-za-bioloshko-oruzje-poddrzani-od-sad-vo-ukraina/ Fri, 11 Mar 2022 08:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=471137

Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разговара за наводните програми за биолошко оружје поддржани од САД во Украина. Вашингтон негираше дека поседува или управува со какви било биолаборатории во земјата, додека Киев инсистираше на тоа дека објектите се занимаваат само со цивилно истражување.

Заменик-претставникот на Москва во ОН, Дмитриј Полјански, го објави потегот рано во петокот, велејќи дека мисијата побарала самит на Советот за безбедност на 11 март, истовремено цитирајќи го брифингот на Министерството за одбрана во кој се тврди дека САД и сојузниците на НАТО воделе „воени биолошки програми“ во Украина.

Воениот брифинг продолжи со тврдењето дека Агенцијата за намалување на одбранбените закани на Пентагон „финансира и спроведува воено биолошко истражување на територијата на Украина“, цитирајќи документи што таа рече дека биле заробени во неколку објекти за време на тековниот напад на Русија врз земјата. Помеѓу другите активности, Министерството соопшти дека истражувањето било спроведено во лабораториите во Киев, Харков и Одеса за да се „проучи можноста за ширење на особено опасни инфекции преку птиците преселници“.

The post Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН за наводните програми за биолошко оружје поддржани од САД во Украина appeared first on Република.

]]>

Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разговара за наводните програми за биолошко оружје поддржани од САД во Украина. Вашингтон негираше дека поседува или управува со какви било биолаборатории во земјата, додека Киев инсистираше на тоа дека објектите се занимаваат само со цивилно истражување. Заменик-претставникот на Москва во ОН, Дмитриј Полјански, го објави потегот рано во петокот, велејќи дека мисијата побарала самит на Советот за безбедност на 11 март, истовремено цитирајќи го брифингот на Министерството за одбрана во кој се тврди дека САД и сојузниците на НАТО воделе „воени биолошки програми“ во Украина. Воениот брифинг продолжи со тврдењето дека Агенцијата за намалување на одбранбените закани на Пентагон „финансира и спроведува воено биолошко истражување на територијата на Украина“, цитирајќи документи што таа рече дека биле заробени во неколку објекти за време на тековниот напад на Русија врз земјата. Помеѓу другите активности, Министерството соопшти дека истражувањето било спроведено во лабораториите во Киев, Харков и Одеса за да се „проучи можноста за ширење на особено опасни инфекции преку птиците преселници“.

The post Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН за наводните програми за биолошко оружје поддржани од САД во Украина appeared first on Република.

]]>