бимилк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bimilk/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Mar 2023 14:52:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бимилк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bimilk/ 32 32 Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitolska-mlekara-so-namaleni-tseni-na-najprodavanite-mlechni-proizvodi/ Mon, 06 Mar 2023 14:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=616502

Битолска млекара минатата недела донесе одлука за намалување на цените на најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма, за што веќе е испратено известување до малопродажната мрежа.

Намалени се цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000г, Баланс+ 1000г, УХТ Битолско млеко 2,8% 1л и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1л.

Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението. Иако цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година, ова намалување во моментов е одлука да се помогне на нашите лојални потрошувачи, велат од Битолска млекара.

Од таму потенцираат дека продолжува процесот на вложување во производството, задржување висок квалитет на производите и дека и во иднина ќе се следат цените на производствените трошоци и можностите и потребите за корекција на цени.

Новите цени треба да се истакнати и во малопродажната мрежа низ државатаи истите се очекува да се спроведат во текот на следните денови, по дотрошување на старата залиха на производи.

 

The post Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи appeared first on Република.

]]>

Битолска млекара минатата недела донесе одлука за намалување на цените на најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма, за што веќе е испратено известување до малопродажната мрежа. Намалени се цените на најпродаваните производи од портфолиото на компанијата, и тоа Битолски јогурт 2,8% 1000г, Баланс+ 1000г, УХТ Битолско млеко 2,8% 1л и УХТ Битолско млеко 2,8% со 10 витамини 1л.
Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ефектот на намалени цени кај населението. Иако цената на основната суровина, суровото млеко, бележи значителен раст во однос на истиот период минатата година, ова намалување во моментов е одлука да се помогне на нашите лојални потрошувачи, велат од Битолска млекара.
Од таму потенцираат дека продолжува процесот на вложување во производството, задржување висок квалитет на производите и дека и во иднина ќе се следат цените на производствените трошоци и можностите и потребите за корекција на цени. Новите цени треба да се истакнати и во малопродажната мрежа низ државатаи истите се очекува да се спроведат во текот на следните денови, по дотрошување на старата залиха на производи.  

The post Битолска млекара со намалени цени на најпродаваните млечни производи appeared first on Република.

]]>
Баланс во исхраната за подобро здравје – потврдено со клиничка студија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/balans-vo-ishranata-za-podobro-zdravje-potvrdeno-so-klinichka-studija/ Mon, 23 Jan 2023 14:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=600048

Консумирањето производ чиј состав позитивно влијае врз здравјето и организмот колку што е потребно толку е и ретко. Но, уште поретко е постоењето производи чиј ефект врз здравјето е докажан и потврден со клиничка студија, што е посебно потребно во услови на разновидни, но не и секогаш квалитетни прехранбени производи.

Јогуртот со пробиотици Баланс+ е токму еден од ретките ако не и единствен производ за чие позитивно влијание врз здравјето и процесите во организмот е направена клиничка студија. Оваа студија покажа дека Баланс+ поседува својства што обезбедуваат цела низа здравствени придобивки.

Една од главните придобивки е успешното регулирање на варењето на храната и дигестивниот тракт. Според оваа студија, за да се постигне совршен баланс во дигестивниот тракт потребно е во текот на десет дена дневно да се консумира по 500 грама од јогуртот поделен во две дози. Студијата е спроведена на повеќе испитаници меѓу кои и пациенти со функционални нарушувања на дигестивниот систем, и еднакво кај сите ги покажа позитивните ефекти од консумирањето Баланс+.

Покрај подобрувањето на работата на дигестивниот тракт како и проблемите во дигестивниот тракт, редовното консумирање на Баланс+ придонесува и за други аспекти на здравјето и благосостојбата на оние што редовно го консумираат. Го подобрува метаболизмот, влијае на варењето храната и расположението. Позитивно се одразува и на психичката состојба, како резултат на олеснување на тешкотиите при варењето на храната и чувството на подуеност.

Овие својства на Баланс+ произлегуваат од неговиот состав, комбинацијата од двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus LA и Bifidobacterium BB заедно со пребиотикот олигофруктоза, којшто ја го засилува дејството на пробиотиците, заедно обединети во комплексот Bifido Digestio.

Редовното пиење на Баланс+ води и до намалување на индексот на телесна маса (BMI), а исто така се забележува разлика и во процентот на телесните масти коишто се намалуваат, како и на количината на вода во телото која се зголемува.

The post Баланс во исхраната за подобро здравје – потврдено со клиничка студија appeared first on Република.

]]>

Консумирањето производ чиј состав позитивно влијае врз здравјето и организмот колку што е потребно толку е и ретко. Но, уште поретко е постоењето производи чиј ефект врз здравјето е докажан и потврден со клиничка студија, што е посебно потребно во услови на разновидни, но не и секогаш квалитетни прехранбени производи. Јогуртот со пробиотици Баланс+ е токму еден од ретките ако не и единствен производ за чие позитивно влијание врз здравјето и процесите во организмот е направена клиничка студија. Оваа студија покажа дека Баланс+ поседува својства што обезбедуваат цела низа здравствени придобивки. Една од главните придобивки е успешното регулирање на варењето на храната и дигестивниот тракт. Според оваа студија, за да се постигне совршен баланс во дигестивниот тракт потребно е во текот на десет дена дневно да се консумира по 500 грама од јогуртот поделен во две дози. Студијата е спроведена на повеќе испитаници меѓу кои и пациенти со функционални нарушувања на дигестивниот систем, и еднакво кај сите ги покажа позитивните ефекти од консумирањето Баланс+. Покрај подобрувањето на работата на дигестивниот тракт како и проблемите во дигестивниот тракт, редовното консумирање на Баланс+ придонесува и за други аспекти на здравјето и благосостојбата на оние што редовно го консумираат. Го подобрува метаболизмот, влијае на варењето храната и расположението. Позитивно се одразува и на психичката состојба, како резултат на олеснување на тешкотиите при варењето на храната и чувството на подуеност. Овие својства на Баланс+ произлегуваат од неговиот состав, комбинацијата од двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus LA и Bifidobacterium BB заедно со пребиотикот олигофруктоза, којшто ја го засилува дејството на пробиотиците, заедно обединети во комплексот Bifido Digestio. Редовното пиење на Баланс+ води и до намалување на индексот на телесна маса (BMI), а исто така се забележува разлика и во процентот на телесните масти коишто се намалуваат, како и на количината на вода во телото која се зголемува.

The post Баланс во исхраната за подобро здравје – потврдено со клиничка студија appeared first on Република.

]]>
„Бимилк“ подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bimilk-podarotsi-za-detsata-od-sotsijalno-zagrozenite-i-ranlivite-kategorii-niz-tsela-makedonija/ Tue, 27 Dec 2022 11:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=590481

За повесели и посреќни празници „Бимилк“ и оваа година за децата од ранливите категории донираше новогодишни пакетчиња низ цела Македонија, со што придонесе за новогодишната и празничната радост да стигне во што повеќе домови и до секое дете.

Празниците се период за споделување, а новогодишните празници се најголемата радост за децата. Тоа што живееме во време на економска нестабилност не треба да нè спречува како општествено одговорни компании сите да помогнеме и да придонесеме за секое дете да ја почувствува радоста и задоволството на празниците. Лично сметам дека е наша обврска да ѝ вратиме на заедницата во која дејствуваме, бидејќи токму таа заедница е онаа што го гради брендот на Бимилк веќе 70 години наназад. Децата се нашата клучна категорија и секој придонес за нивно подобро здравје е наша долгорочна цел и заложба на која континуирано работиме, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во „Бимилк“.

За донацијата се избрани омилените производи за децата така што пакетчињата содржат различни млечни производи со овошнии чоколадни вкусови и сокови од портфолиото на компанијата. Новогодишни подароци од Бимилк ќе добијат 780 деца од осум социјални и згрижувачки центри од целата држава. Распределбата и доставата до децата се одвива преку организациите на Црвен крст, општинска организација Кисела Вода и општинска организација Битола, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Институт за Церебрална парализа - Битола, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Центар за лица со Даунов Синдром/Инвалидитет – Битола, СОС детско село и Детскиот креативен центар во склоп на МКЦ, Аутизам ААМК.

Битолска млекара и во минатото помагала на најразлични начини за социјално ранливите категории и за добросостојбата на заедницата воопшто, соработувајќи со повеќе невладини организации и здруженија.

The post „Бимилк“ подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>

За повесели и посреќни празници „Бимилк“ и оваа година за децата од ранливите категории донираше новогодишни пакетчиња низ цела Македонија, со што придонесе за новогодишната и празничната радост да стигне во што повеќе домови и до секое дете.
Празниците се период за споделување, а новогодишните празници се најголемата радост за децата. Тоа што живееме во време на економска нестабилност не треба да нè спречува како општествено одговорни компании сите да помогнеме и да придонесеме за секое дете да ја почувствува радоста и задоволството на празниците. Лично сметам дека е наша обврска да ѝ вратиме на заедницата во која дејствуваме, бидејќи токму таа заедница е онаа што го гради брендот на Бимилк веќе 70 години наназад. Децата се нашата клучна категорија и секој придонес за нивно подобро здравје е наша долгорочна цел и заложба на која континуирано работиме, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во „Бимилк“.
За донацијата се избрани омилените производи за децата така што пакетчињата содржат различни млечни производи со овошнии чоколадни вкусови и сокови од портфолиото на компанијата. Новогодишни подароци од Бимилк ќе добијат 780 деца од осум социјални и згрижувачки центри од целата држава. Распределбата и доставата до децата се одвива преку организациите на Црвен крст, општинска организација Кисела Вода и општинска организација Битола, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Институт за Церебрална парализа - Битола, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Центар за лица со Даунов Синдром/Инвалидитет – Битола, СОС детско село и Детскиот креативен центар во склоп на МКЦ, Аутизам ААМК. Битолска млекара и во минатото помагала на најразлични начини за социјално ранливите категории и за добросостојбата на заедницата воопшто, соработувајќи со повеќе невладини организации и здруженија.

The post „Бимилк“ подароци за децата од социјално-загрозените и ранливите категории низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>