билјана ванковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biljana-vankovska/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 11:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png билјана ванковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biljana-vankovska/ 32 32 Ванковска: Не знам што ми требаше, ама сега сум помудра од порано https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-ne-znam-shto-mi-trebashe-ama-sega-sum-pomudra-od-porano/ Wed, 15 May 2024 11:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=778293

Професорката Билјана Ванковска, која се кандидираше за претседател, вели дека после „политичката бура“ се враќа во полна академска форма.

Политичките бури се многу корисни - кога ќе минат и нештата ќе се сталожат, водата станува многу почиста и потранспарентна. Сè станува појасно. Дури и тишината зборува повеќе од сите претходни говоранции.
Добрата вест е што полека се враќам во полна академска форма, како никогаш и да не сум била во онаа бура. Не знам што ми требаше, ама сега сум помудра од порано, тоа е сигурно, напиша Ванковска.

The post Ванковска: Не знам што ми требаше, ама сега сум помудра од порано appeared first on Република.

]]>

Професорката Билјана Ванковска, која се кандидираше за претседател, вели дека после „политичката бура“ се враќа во полна академска форма.
Политичките бури се многу корисни - кога ќе минат и нештата ќе се сталожат, водата станува многу почиста и потранспарентна. Сè станува појасно. Дури и тишината зборува повеќе од сите претходни говоранции. Добрата вест е што полека се враќам во полна академска форма, како никогаш и да не сум била во онаа бура. Не знам што ми требаше, ама сега сум помудра од порано, тоа е сигурно, напиша Ванковска.

The post Ванковска: Не знам што ми требаше, ама сега сум помудра од порано appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Честитки за првата жена претседател на Републиката! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-chestitki-za-prvata-zhena-pretsedatel-na-republikata/ Wed, 08 May 2024 17:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=775687

Честитки за првата жена претседател на Републиката!, порача предмалку професорката Билјана Ванковска, која исто така се кандидираше за претседател.

Ја знам онаа изрека на Маргарет Тачер (за жените кои можеле сѐ да завршат подобро од мажите), но искрено се надевам дека таа нема да ја следи идеологијата на тачеризмот и неолиберализмот.
Нека биде повеќе како Индира Ганди или уште подобро - Сирма Војвода!, ѝ порача Ванковска на својата колешка, Гордана Силјановска Давкова.

Не треба да ги дочекаме сите резултати, додава Ванковска, за да заклучиме дека СДС и ДУИ заминуваат во музејот на политичката историја (иако нивни делови ќе преживеат ребрендирани како ЗНАМ и ВЛЕН).

Апсолутен победник ќе биде ДПМНЕ. И не знам колку тука има основа за еуфорија (освен внатрепартиската која се подразбира). Правда ќе видиме ли? За сиот политички и друг криминал што го сторија другиве?
Во политички чуда преку ноќ не верувам, ниту во тоа дека волкот кој ќе го смени крзното ќе има подобра нарав. Земјата ни се наоѓа во бездна, а за спасители веќе се нудат (покрај Калето) уште оној мачкарот (ќе ја средел со Бугарите) и новиот ЕУ-грчки амбасадор кој ќе се грижи за Преспа. Бехтел и Енка џигерот ќе ни го изедат, а сигурно неоколонијалниот однос нема да запре.
Единствена надеж ми е дека ќе имаме доволен број пратеници од Левица кои ќе умеат да кренат “рачна” секогаш кога овие ќе забегуваат. Само толку сакам за почеток.
А маратонот ќе биде долг и мачен. Долговите и штетата направени од овие неранимајковци ќе ги плаќаат нашите внуци.
Простете што сум расипувач на забави ама место за еуфорија не гледам, пишува таа.

The post Ванковска: Честитки за првата жена претседател на Републиката! appeared first on Република.

]]>

Честитки за првата жена претседател на Републиката!, порача предмалку професорката Билјана Ванковска, која исто така се кандидираше за претседател.
Ја знам онаа изрека на Маргарет Тачер (за жените кои можеле сѐ да завршат подобро од мажите), но искрено се надевам дека таа нема да ја следи идеологијата на тачеризмот и неолиберализмот. Нека биде повеќе како Индира Ганди или уште подобро - Сирма Војвода!, ѝ порача Ванковска на својата колешка, Гордана Силјановска Давкова.
Не треба да ги дочекаме сите резултати, додава Ванковска, за да заклучиме дека СДС и ДУИ заминуваат во музејот на политичката историја (иако нивни делови ќе преживеат ребрендирани како ЗНАМ и ВЛЕН).
Апсолутен победник ќе биде ДПМНЕ. И не знам колку тука има основа за еуфорија (освен внатрепартиската која се подразбира). Правда ќе видиме ли? За сиот политички и друг криминал што го сторија другиве? Во политички чуда преку ноќ не верувам, ниту во тоа дека волкот кој ќе го смени крзното ќе има подобра нарав. Земјата ни се наоѓа во бездна, а за спасители веќе се нудат (покрај Калето) уште оној мачкарот (ќе ја средел со Бугарите) и новиот ЕУ-грчки амбасадор кој ќе се грижи за Преспа. Бехтел и Енка џигерот ќе ни го изедат, а сигурно неоколонијалниот однос нема да запре. Единствена надеж ми е дека ќе имаме доволен број пратеници од Левица кои ќе умеат да кренат “рачна” секогаш кога овие ќе забегуваат. Само толку сакам за почеток. А маратонот ќе биде долг и мачен. Долговите и штетата направени од овие неранимајковци ќе ги плаќаат нашите внуци. Простете што сум расипувач на забави ама место за еуфорија не гледам, пишува таа.

The post Ванковска: Честитки за првата жена претседател на Републиката! appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-mojata-tsel-beshe-ne-da-pobedam-tuku-da-voznemiram-edna-zastojana-elita/ Wed, 24 Apr 2024 21:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=770663

Кандидатот на Левица за претседател на Македонија, професорката Билјана Ванковска упати честитка за победниците, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.

Јас сум среќна за можноста што ми ја даде Левица да зборувам слободно, чесно, отворено и радикално - да понудам нешто што мнозина не беа спремни да го прифатат како опција.
Народот очигледно не е подготвен за тоа. Мојата цел беше не да победам туку да вознемирам една застојана елита. Колку успеав, ќе видите наскоро. Не сакам да бидам пророчица, но новиот претседател ќе се соочи со сето она за што предупредував.
Им благодарам на сите оние прекрасни луѓе што ги сретнав, гушнав, добив поддршка од срце а без очекување нешто за возврат. Благодарност за нивните гласови и нека не очајуваат.
Бев, сум и останувам левичар. Ќе чекориме заедно, ЛЕВА, ЛЕВА, ЛЕВА - како што пееше Мајаковски.
Да живее Македонија! Смрт на неофашизмот, слобода на народот, порача Ванковска.

The post Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита appeared first on Република.

]]>

Кандидатот на Левица за претседател на Македонија, професорката Билјана Ванковска упати честитка за победниците, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.
Јас сум среќна за можноста што ми ја даде Левица да зборувам слободно, чесно, отворено и радикално - да понудам нешто што мнозина не беа спремни да го прифатат како опција. Народот очигледно не е подготвен за тоа. Мојата цел беше не да победам туку да вознемирам една застојана елита. Колку успеав, ќе видите наскоро. Не сакам да бидам пророчица, но новиот претседател ќе се соочи со сето она за што предупредував. Им благодарам на сите оние прекрасни луѓе што ги сретнав, гушнав, добив поддршка од срце а без очекување нешто за возврат. Благодарност за нивните гласови и нека не очајуваат. Бев, сум и останувам левичар. Ќе чекориме заедно, ЛЕВА, ЛЕВА, ЛЕВА - како што пееше Мајаковски. Да живее Македонија! Смрт на неофашизмот, слобода на народот, порача Ванковска.
 
The post Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Посакувам убав, сончев ден, како што почна, да заврши мирно, коректно, без нерегуларности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-posakuvam-ubav-sonchev-den-kako-shto-pochna-da-zavrshi-mirno-korektno-bez-neregularnosti/ Wed, 24 Apr 2024 17:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=769987

Кандидатката за претседател на државата поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, гласаше на избирачко место во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје.

По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски", каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе.

Ова е малку необична ситуација затоа што ние на универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа, ова е друг тип на битка, ова е политичка битка во која, всушност, со чинот на гласање ја изразувам сопствената убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број граѓани ќе го направат овој чекор да дојдат до гласачките места. Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер. Посакувам убав, сончев ден, како што почна, да заврши мирно, коректно, без нерегуларности, па ќе видиме како граѓаните ќе ме проценат. Овде учителките ме процениле одамна, истакна Ванковска.

The post Ванковска: Посакувам убав, сончев ден, како што почна, да заврши мирно, коректно, без нерегуларности appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател на државата поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, гласаше на избирачко место во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје. По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски", каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе.
Ова е малку необична ситуација затоа што ние на универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа, ова е друг тип на битка, ова е политичка битка во која, всушност, со чинот на гласање ја изразувам сопствената убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број граѓани ќе го направат овој чекор да дојдат до гласачките места. Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер. Посакувам убав, сончев ден, како што почна, да заврши мирно, коректно, без нерегуларности, па ќе видиме како граѓаните ќе ме проценат. Овде учителките ме процениле одамна, истакна Ванковска.
 
The post Ванковска: Посакувам убав, сончев ден, како што почна, да заврши мирно, коректно, без нерегуларности appeared first on Република.

]]>
Зборувавме за теми што не се надлежност на претседателот: Ванковска не е задоволна од вечерашната дебата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zboruvavme-za-temi-shto-ne-se-nadlezhnost-na-pretsedatelot-vankovska-ne-e-zadovolna-od-vecherashnata-debata/ Sun, 21 Apr 2024 20:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=769086

|Билјана Ванковска oд Левица, коментирајќи ја вечерашната дебата се пожали дека она што требало да биде дебата всушност не било претседателска дебата.

Истакна дека биле прашувале за програми за млади, за антикорупција и за теми што не се врзани со претседателски надлежности.

-Се обидов да го обелам образот и вас и себе си. Јас немам програми за млади затоа што младите мене ме направија претседателски кандидат. Најмладата популација ми собра потписи, оние што сакаат да останат овде. Роните солзи над младите, јас ги собрав околу мене и сите сме во борба, рече Ванковска.

The post Зборувавме за теми што не се надлежност на претседателот: Ванковска не е задоволна од вечерашната дебата appeared first on Република.

]]>

|Билјана Ванковска oд Левица, коментирајќи ја вечерашната дебата се пожали дека она што требало да биде дебата всушност не било претседателска дебата. Истакна дека биле прашувале за програми за млади, за антикорупција и за теми што не се врзани со претседателски надлежности.
-Се обидов да го обелам образот и вас и себе си. Јас немам програми за млади затоа што младите мене ме направија претседателски кандидат. Најмладата популација ми собра потписи, оние што сакаат да останат овде. Роните солзи над младите, јас ги собрав околу мене и сите сме во борба, рече Ванковска.

The post Зборувавме за теми што не се надлежност на претседателот: Ванковска не е задоволна од вечерашната дебата appeared first on Република.

]]>
Ванковска се претстави пред битолчани: Јас сум про Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-se-pretstavi-pred-bitolchani-jas-sum-pro-makedonija/ Sat, 20 Apr 2024 19:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=768639

Вечерва претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на својата програма ја продолжи од Битола. Во Битола пред присутните се обратија и претседателот на Левица, Димитар Апасиев и Јована Мојсоска, носител на листа во ИЕ5.

Од митингот во Битола Билјана Ванковска упати пораки дека е среќна што токму Битола е местото кое и ја дало најголемата поддршка за време на собирање на потписите. Рече дека таа победа ќе се преслика и во среда низ целата Република.

Јас знам дека нема потреба да ве убедувам. Ние сме една црвена армија која во среда ќе извојува победа. Јас програмата ја напишав толку рано што сите имаа можност да ја видат. Ја видоа и моите противкандидати па почнаа да преземаат. Ете утре ќе имаат можност утре да дојдат на тенок мраз да видиме кој на што стои и да го бранат она што го раскажуваат деновиве, истакна Ванковска.

Од Битола Ванкоска порача дека Левица е онаа која го тресе темелот на ова општество. Кажа дека денес дошле две честитки. Едната како што рече од другарите од Комунистичка партија на Индија, а другата од левичарите од Ирска. Ова, истакна Ванковска е доказ дека она што се случува овде има одек надвор.

Моите противкандидати велат ќе ја направеле европска Македонија. Целава приказна за ЕУ јас сакам да ја боцнам како балон и да се види дека зад таа приказна нема бајка. Велат ќе го славеле 9 мај - Денот на Европа. Тоа е измислена работа. 9 Мај е Ден на победа над фашизмот. А, Битола градот на Стив Наумов, не трпи фашизам. Денес ние се соочуваме и со неофашизам, рече Ванковска.

Зборувајќи за ЕУ истакна дека нејзиниот прв човек тоне во корупција исто како и цела ЕУ. Тие мижат пред своите најкорумпирани елити, а кај нас бараат ветинг. Вели дека оние кои што тонат во корупција нас сакаат да не прочистат.

Јас не велам дека ние не припаѓаме на Европа. Напротив, ние припаѓаме на Европа, но не и на Европската унија. Ми замеруваат дека многу сум зборувала за Палестина, за Газа. Па зарем она што нас ни го направија со Преспанскиот договор не е геноцид. И уште утре, на соочување, ќе треба да се објаснува дали сум про ЕУ или анти ЕУ. Не, јас сум про Македонија. Јас сум про македонска сила, истакна Ванковска.

Денсе Македонија е урната земја, но не е урната за еден ден вели Ванковска. Спред неа систематски не’ уриваат веќе 30 години. Едните владеат од позиција на централно, другите на локално ниво. И си ги менуваат местата.

Решение за се’ има. Само што решението не е во волшебно стапче туку во борба. Затоа ако немате храброст за борба и промена немојте да гласате или гласајте за било кого. Ако сакате промена треба револуција. Првиот чекор на револуцијата е зборување на вистината. За мене битката не завршува на 24, можеби нема да заврши ни на 8-ми. Тераме понатаму. До победа. Како што пееше Интернационалата - Ти што си ништо стани се’, го заврши своето обраќање пред битолчани Ванковска.

The post Ванковска се претстави пред битолчани: Јас сум про Македонија! appeared first on Република.

]]>

Вечерва претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на својата програма ја продолжи од Битола. Во Битола пред присутните се обратија и претседателот на Левица, Димитар Апасиев и Јована Мојсоска, носител на листа во ИЕ5. Од митингот во Битола Билјана Ванковска упати пораки дека е среќна што токму Битола е местото кое и ја дало најголемата поддршка за време на собирање на потписите. Рече дека таа победа ќе се преслика и во среда низ целата Република.
Јас знам дека нема потреба да ве убедувам. Ние сме една црвена армија која во среда ќе извојува победа. Јас програмата ја напишав толку рано што сите имаа можност да ја видат. Ја видоа и моите противкандидати па почнаа да преземаат. Ете утре ќе имаат можност утре да дојдат на тенок мраз да видиме кој на што стои и да го бранат она што го раскажуваат деновиве, истакна Ванковска.
Од Битола Ванкоска порача дека Левица е онаа која го тресе темелот на ова општество. Кажа дека денес дошле две честитки. Едната како што рече од другарите од Комунистичка партија на Индија, а другата од левичарите од Ирска. Ова, истакна Ванковска е доказ дека она што се случува овде има одек надвор.
Моите противкандидати велат ќе ја направеле европска Македонија. Целава приказна за ЕУ јас сакам да ја боцнам како балон и да се види дека зад таа приказна нема бајка. Велат ќе го славеле 9 мај - Денот на Европа. Тоа е измислена работа. 9 Мај е Ден на победа над фашизмот. А, Битола градот на Стив Наумов, не трпи фашизам. Денес ние се соочуваме и со неофашизам, рече Ванковска.
Зборувајќи за ЕУ истакна дека нејзиниот прв човек тоне во корупција исто како и цела ЕУ. Тие мижат пред своите најкорумпирани елити, а кај нас бараат ветинг. Вели дека оние кои што тонат во корупција нас сакаат да не прочистат.
Јас не велам дека ние не припаѓаме на Европа. Напротив, ние припаѓаме на Европа, но не и на Европската унија. Ми замеруваат дека многу сум зборувала за Палестина, за Газа. Па зарем она што нас ни го направија со Преспанскиот договор не е геноцид. И уште утре, на соочување, ќе треба да се објаснува дали сум про ЕУ или анти ЕУ. Не, јас сум про Македонија. Јас сум про македонска сила, истакна Ванковска.
Денсе Македонија е урната земја, но не е урната за еден ден вели Ванковска. Спред неа систематски не’ уриваат веќе 30 години. Едните владеат од позиција на централно, другите на локално ниво. И си ги менуваат местата.
Решение за се’ има. Само што решението не е во волшебно стапче туку во борба. Затоа ако немате храброст за борба и промена немојте да гласате или гласајте за било кого. Ако сакате промена треба револуција. Првиот чекор на револуцијата е зборување на вистината. За мене битката не завршува на 24, можеби нема да заврши ни на 8-ми. Тераме понатаму. До победа. Како што пееше Интернационалата - Ти што си ништо стани се’, го заврши своето обраќање пред битолчани Ванковска.

The post Ванковска се претстави пред битолчани: Јас сум про Македонија! appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние трчаме маратон, имаме кауза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-nas-ne-ne-zadovoluva-fotelja-i-pozitsija-nie-trchame-maraton-imame-kauza/ Thu, 18 Apr 2024 19:32:36 +0000 https://republika.mk/?p=767732

Вечерва претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на својата програма ја продолжи со митинг во Велес. На митингот во Велес се обратија и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев како и носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов.

Голема возбуда е да се биде овде. Доаѓам од спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митинг додека си разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија”. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа, рече Ванковска.

На самиот почеток Ванковска истакна дека до сега била сама во кампањата, а од денес битката добива нов квалитет.

Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно. Она што нас нè разликува од оние што трчаат на кратки патеки е тоа што ние трчаме маратон. Нас не нè задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза, истакна Ванковска.

Од говорницата во Велес Ванковска кажа дека во овој град доаѓа само еден ден по нејзиниот главен ривал Гордана Силјановска Давкова.

Нејзиниот настап вчера го проследив со внимание. За момент помислив дека на Силјановска треба да ѝ понудиме членска карта на Левица. Се повикува на Рацин, на Денови, на аргатски маки големи…, што мислиш дека се завртила на другата страна. Кој кого фолира и кој се обидува да го заведе народот ќе видиме за скоро време. Како може да зборувате за социјална држава и социјална правда, а пред вас во првите редови да седат најбогатите. Таа зборува за најсиромашните, а не го гледа лидерот на својата партија кој и обезбеди над 300 илјади евра за кампања, рече Ванковска.

Ванковска на митингот обелодени дека е закажана и дебата на претседателските кандидати која е закажана во недела на Македонската телевизија. Но, како што истакна дебатата ја прифатиле пет од седум претседателски кандидати. Двајцата кои не прифатиле се актуелниот претседател Стево Пендаровски и актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

МРТ обезбеди соочување на кандидатите, но нема да дојде врховниот командант на вооружените сили. Како можело таков кукавица да биде избран за врховен командант. Другиот што нема да дојде ќе бил во Сараево, истакна Ванковска.

Таа посочи дека таа практично е единствена опозиција на оваа дебата. И како што кажа, таа и Левица бараат не реформа туку радикална промена на сè постоечко.

Ќе ви раскажам и една анегдота. Неодамна имав средба со еден претставник на ОБСЕ и тој во разговорот беше многу загрижен и уплашен особено од оној наш весник кој се вика (Р)еволуција. И ми вели, вие ќе кревате револуција, вашите ставови се многу радикални. Од неговите реакции јас заклучив дека тие веќе се уплашени од силата и големината на Левица. Да продолжиме да работиме и успехот е неизбежен. Ќе победиме, истакна Ванковска.

Ванковска пред велешани ја претстави и својата програма. Ги повтори ставовите за раскинување на трите договори и упати пораки за сплотеност до конечна победа.

The post Ванковска: Нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние трчаме маратон, имаме кауза appeared first on Република.

Ванковска: Неправедно и нефер услов е денот на изборите да биде неработен само за јавната администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-nepravedno-i-nefer-uslov-e-denot-na-izborite-da-bide-neraboten-samo-za-javnata-administratsija/ Mon, 15 Apr 2024 15:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=766369

Го добивме известувањето од Владата за денот на гласањето, кој е слободен ден само за јавната администрација. Сметам дека тоа е неправедно, не е фер услов. Практично, сите приватни работодавачи ќе можат да им оневозможат на граѓаните да го напуштат работното место, да излезат да гласаат, зависно од нивните околности, порача Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица на претстојните избори, при денешните средби со граѓаните на Општина Центар и Општина Кисела Вода.

Според неа, тоа ќе ги дискриминира граѓаните, бидејќи на овој начин голем број граѓани, особено од Скопје, но кои потекнуваат од градовите во внатрешноста, нема да бидат во можност да го искористат правото на глас.

Ванковска воедно на средбите со граѓаните на Центар и на Кисела Вода има ја претстави својата изборна програма.

Таа пред жителите на Центар уште еднаш ги повтори своите цврсти ставови за раскинување на трите договори. Истакна и дека во отсуство на јавна дебата на претседателските кандидати, мора да се оди од човек до човек, од улица до улица за да им се доближи понудената програма на граѓаните.

Јас и Левица ќе направиме се што е во наша моќ програмата да биде достапна до секој еден граѓанин. Очигледно е дека моите противкандидати се исплашија од дебата која се поизвесно е дека ќе ја нема. Тоа е срам за демократијата, истакна Ванковска.

The post Ванковска: Неправедно и нефер услов е денот на изборите да биде неработен само за јавната администрација appeared first on Република.

]]>

Го добивме известувањето од Владата за денот на гласањето, кој е слободен ден само за јавната администрација. Сметам дека тоа е неправедно, не е фер услов. Практично, сите приватни работодавачи ќе можат да им оневозможат на граѓаните да го напуштат работното место, да излезат да гласаат, зависно од нивните околности, порача Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица на претстојните избори, при денешните средби со граѓаните на Општина Центар и Општина Кисела Вода. Според неа, тоа ќе ги дискриминира граѓаните, бидејќи на овој начин голем број граѓани, особено од Скопје, но кои потекнуваат од градовите во внатрешноста, нема да бидат во можност да го искористат правото на глас. Ванковска воедно на средбите со граѓаните на Центар и на Кисела Вода има ја претстави својата изборна програма. Таа пред жителите на Центар уште еднаш ги повтори своите цврсти ставови за раскинување на трите договори. Истакна и дека во отсуство на јавна дебата на претседателските кандидати, мора да се оди од човек до човек, од улица до улица за да им се доближи понудената програма на граѓаните.
Јас и Левица ќе направиме се што е во наша моќ програмата да биде достапна до секој еден граѓанин. Очигледно е дека моите противкандидати се исплашија од дебата која се поизвесно е дека ќе ја нема. Тоа е срам за демократијата, истакна Ванковска.
 
The post Ванковска: Неправедно и нефер услов е денот на изборите да биде неработен само за јавната администрација appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Нов модерен устав за модерна македонска нација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-nov-moderen-ustav-za-moderna-makedonska-natsija/ Thu, 11 Apr 2024 20:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=765149

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска на вечерашниот собир пред кумановци порача дека ќе го вратат достоинството на нацијата. Носење на нов, модерен современ устав за 21 век за модерна македонска нација е дел од програмата на кандидатката за претседател.

Да се достои, значи да се опстои на принципите на кои е изградена државата, тие се левичарски принципи на македонската револуционерна организација и АСНОМ. Ако си ги вратиме и опстоиме на тие идеали само тогаш ќе можеме себе да се наречеме и горди луѓе. Она што досега се случуваше нè доведе до работа на тоа да престанеме да си веруваме себе си дека воопшто сме способни да имаме сопствена држава. Договорите кои ги оспорувам во програмата се трите кои ни се наметнати однадвор или под наислство или посредување на странци, листата на барања очигледно не престанува очигледно дека прашањето на Уставот останува клучна тема на оваа т.н. дебата, бидејќи дебата нема кандидатите не сакаат да се соочат, рече Ванковска.

Како што додаде, Уставот веќе не може да се „крпи“ оти сега е „крпеница“ наликува на фустанот на Пепелашка со безброј амандман.

Нов модерен устав за модерна македонска нација која ги преминала болките кои ги имала во минатото, мислам на конфликтот 2001, меѓутоа и на олигархискиот грабеж кој и се случи на Македонија и фактички оваа колонијална положба во која се наоѓаме, рече Ванковска. Таа додаде дека новиот курс значи и нови можности и инвестиции. За кумановско рече дека се соочува со девастација. За досегашната кампања кажа дека не била фер и демократска од почеток, бидејќи стратувале со различни позиции, „помалите“ кандидати биле „ограбени“ во однос на медиумското претставување.

Додека другата страна може да троши стотици илјади евра за бини, спектакли, огномети, да носат по 200 автобуси, ние сме скромни и горди на себе, бидејќи комуницираме со обичен народ со сиромашен, а не вештачки да го прикажуваме поброен или поинаков од она што е. Нема да има фер изборна кампања, рече Ваковска.

Таа ги повика другите кандидати за претседатели да не се плашат, да го покажат демократскиот капацитет, особено универзитетските професори.

The post Ванковска: Нов модерен устав за модерна македонска нација appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска на вечерашниот собир пред кумановци порача дека ќе го вратат достоинството на нацијата. Носење на нов, модерен современ устав за 21 век за модерна македонска нација е дел од програмата на кандидатката за претседател.
Да се достои, значи да се опстои на принципите на кои е изградена државата, тие се левичарски принципи на македонската револуционерна организација и АСНОМ. Ако си ги вратиме и опстоиме на тие идеали само тогаш ќе можеме себе да се наречеме и горди луѓе. Она што досега се случуваше нè доведе до работа на тоа да престанеме да си веруваме себе си дека воопшто сме способни да имаме сопствена држава. Договорите кои ги оспорувам во програмата се трите кои ни се наметнати однадвор или под наислство или посредување на странци, листата на барања очигледно не престанува очигледно дека прашањето на Уставот останува клучна тема на оваа т.н. дебата, бидејќи дебата нема кандидатите не сакаат да се соочат, рече Ванковска.
Како што додаде, Уставот веќе не може да се „крпи“ оти сега е „крпеница“ наликува на фустанот на Пепелашка со безброј амандман.
Нов модерен устав за модерна македонска нација која ги преминала болките кои ги имала во минатото, мислам на конфликтот 2001, меѓутоа и на олигархискиот грабеж кој и се случи на Македонија и фактички оваа колонијална положба во која се наоѓаме, рече Ванковска. Таа додаде дека новиот курс значи и нови можности и инвестиции. За кумановско рече дека се соочува со девастација. За досегашната кампања кажа дека не била фер и демократска од почеток, бидејќи стратувале со различни позиции, „помалите“ кандидати биле „ограбени“ во однос на медиумското претставување. Додека другата страна може да троши стотици илјади евра за бини, спектакли, огномети, да носат по 200 автобуси, ние сме скромни и горди на себе, бидејќи комуницираме со обичен народ со сиромашен, а не вештачки да го прикажуваме поброен или поинаков од она што е. Нема да има фер изборна кампања, рече Ваковска.
Таа ги повика другите кандидати за претседатели да не се плашат, да го покажат демократскиот капацитет, особено универзитетските професори.  

The post Ванковска: Нов модерен устав за модерна македонска нација appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Ако сакаме достоинство на овие избори немаме право на грешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-ako-sakame-dostoinstvo-na-ovie-izbori-nemame-pravo-na-greshka/ Wed, 10 Apr 2024 19:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=764709

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, денес одража средба со граѓани во Карпош.

На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори. Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.

Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, Ванковска истакна:

„Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2% од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни“.

Ванковска пред карпошани ги повтори заложбите од нејзината изборна програма за носење на нов Устав.

„Нужно е да донесеме нов устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности“.

The post Ванковска: Ако сакаме достоинство на овие избори немаме право на грешка appeared first on Република.

Ванковска: Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-konechno-da-pochneme-da-disheme-slobodno-kako-slobodna-drzhava-da-si-ja-zememe-sudbinata-vo-svoi-ratse/ Tue, 09 Apr 2024 18:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=764380

Левица е партија од народот, за народот. Ги знам сите проблеми на мојот народ. Се залагаме за тоа да престанеме да бидеме колонија, да престанеме да бидеме заложници на локални олигарси, феудалци кои ги држат сите во заложништво. Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце.

Ова вечерва од Неготино го истакна кандидатката за претседател на државата, Билјана Ванковска, која имаше средба со граѓани. Таа нагласи дека Македонците веќе се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава.

Решенијата што ги содржи мојата програма се многу директни, нема двоумење и дискусија. Ги раскинуваме трите договори што влечат надолу. Мојата порака е дека Европската Унија е бајка. Таа веќе се менува. Таа е веќе милитаризирана. Таа веќе ги инвестира парите во војна,  за жал. Конечно треба да си го вратиме достоинството, порача Ванковска.

Носителот на листа на кандидати за пратеници во четвртата изборна единица, од „Левица“,  Сашко Јанчев рече дека „Македонија е во еден критичен судбоносен период, кога се решава нејзината судбина“. Тој додаде дека долгогодишното раскрчмување на државата сега влегува во завршна фаза.

Ова е една од последните, можеби и последна шанса, народот да си ја спаси државата. За да го постигне тоа, мора да избере претседател, кој во прв план ќе го има државниот интерес, како и партија од која ќе зависи идната власт, што во прв план ќе ги има националните интереси на македонскиот народ. На овие избори, таква опција се професорката Ванковска и кандидатските листи за пратеници на партијата „Левица“, истакна Јанчев.

The post Ванковска: Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце appeared first on Република.

]]>

Левица е партија од народот, за народот. Ги знам сите проблеми на мојот народ. Се залагаме за тоа да престанеме да бидеме колонија, да престанеме да бидеме заложници на локални олигарси, феудалци кои ги држат сите во заложништво. Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце. Ова вечерва од Неготино го истакна кандидатката за претседател на државата, Билјана Ванковска, која имаше средба со граѓани. Таа нагласи дека Македонците веќе се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава.
Решенијата што ги содржи мојата програма се многу директни, нема двоумење и дискусија. Ги раскинуваме трите договори што влечат надолу. Мојата порака е дека Европската Унија е бајка. Таа веќе се менува. Таа е веќе милитаризирана. Таа веќе ги инвестира парите во војна,  за жал. Конечно треба да си го вратиме достоинството, порача Ванковска.
Носителот на листа на кандидати за пратеници во четвртата изборна единица, од „Левица“,  Сашко Јанчев рече дека „Македонија е во еден критичен судбоносен период, кога се решава нејзината судбина“. Тој додаде дека долгогодишното раскрчмување на државата сега влегува во завршна фаза.
Ова е една од последните, можеби и последна шанса, народот да си ја спаси државата. За да го постигне тоа, мора да избере претседател, кој во прв план ќе го има државниот интерес, како и партија од која ќе зависи идната власт, што во прв план ќе ги има националните интереси на македонскиот народ. На овие избори, таква опција се професорката Ванковска и кандидатските листи за пратеници на партијата „Левица“, истакна Јанчев.

The post Ванковска: Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број уставни амандмани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-nekoj-mora-da-ima-hrabrost-da-kazhe-deka-ovoj-ustav-shto-go-imame-e-krpen-dolepen-so-najgolem-broj-ustavni-amandmani/ Tue, 09 Apr 2024 12:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=764288

“Јас себе би сакала да се видам како народен претседател, кој ќе ги претставува сите граѓани. Некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број на уставни амандмани, во толку кус период. По настаните во 2001 година, преку уставни реформи се модифицираше политичкиот систем. Со тој упад, ние практично го трансформиравме оној првично замислен либерален, демократски Устав, “Ние Народот”, “Ние Нацијата”, во”Ние, етничките заедници”. И од тука натаму, всушност почнува една сериозна деформација на политичкиот систем. Нас ни треба сосема нов Устав. Прашањето е само дали има политичка воља?

Не можам да најдам оправдание за етнотрибализам, етничка сеградација, картели на елити кои одлучуваат зад затворени врати за нас. Дури и за формирање на влади се договараат за амнестија на воени злосторства или за некакви отстапки. Тоа не е начин, на кој една нација се гради.

Кога зборувам за достоинството на нацијата, не мислам на македонскиот народ исклучиво, туку на сите граѓани во државата да бидат еднакви. Треба ние да си донесеме Устав, а не странците да ни наметнуваат. Рамковниот договор беше напишан на англиски. Беше напишан од странски експерти. Преспанскиот договор да не потсетувам, беше наместен.

Јас сум да имаме релации со сите, вклучувајќи го и Брисел, затоа што таму најмногу сме инвестирале од нашиот политички капацитет, реформи и слично. Ние сме мала држава, која мора да соработува со сите, за се она што е во нејзин интерес.

ЕУ за жал се милитаризира. Ние не можеме да веруваме дека ЕУ е трајно нешто. Таа се менува. Во Германија, јавноста веќе притиска за излегување од ЕУ. Јас сум за трезвено гледање на работите. ЕУ менторството е во ред, но не да бидат владетели во оваа држава.

НАТО го ветуваа како економска бонанза, ќе бидеме безбедна дестинација... Само за овие неколку години, за воена опрема и оружје имаме потрошено повеќе од 34 пати во сума, во пари, за да покажеме колку сме лојални, притоа одземајќи од социјалните потреби на граѓаните. Нашата алтернатива е воена неутралност. Ја не сакам Македонија да биде ничиј геополитички плен.

Ако сега бев претседател, еден куп закони немаше да потпишам, почнувајќи со промената на кривичниот законик. Меѓутоа, треба да се трансформира Собранието кое е сега гласачка машинерија и само крева рака, тоа е катастрофата.Такви закони не би смееле да излезат д Собранието.

Јас сум против тоа во Собранието да се бира Претседател на држава. Јас ќе апелирам да се укинат привилегиите на сите бивши претседатели. Избор на Претседател во Собранието е само јакнење на етнократијата, и партократијата.

Сум за глање на дијаспората и места во Парламентот. Мислам дека тие можат да имаат голем и значаен удел во државата. Но, сегашната поставеност околу ова прашање преба да се преиспита.

Апсолутно сум за укинување на патните трошоци за пратениците во Собранието.

Мојата поддршка на Резолуцијата на ООН за прекин на трговското ембарго кон Куба, е изразување на мојата лична, меѓутоа и таа на Левица, определба кон интернационализам и солидарност со други прогресивни движења.”

The post Ванковска: Некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број уставни амандмани appeared first on Република.

]]>

“Јас себе би сакала да се видам како народен претседател, кој ќе ги претставува сите граѓани. Некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број на уставни амандмани, во толку кус период. По настаните во 2001 година, преку уставни реформи се модифицираше политичкиот систем. Со тој упад, ние практично го трансформиравме оној првично замислен либерален, демократски Устав, “Ние Народот”, “Ние Нацијата”, во”Ние, етничките заедници”. И од тука натаму, всушност почнува една сериозна деформација на политичкиот систем. Нас ни треба сосема нов Устав. Прашањето е само дали има политичка воља?
Не можам да најдам оправдание за етнотрибализам, етничка сеградација, картели на елити кои одлучуваат зад затворени врати за нас. Дури и за формирање на влади се договараат за амнестија на воени злосторства или за некакви отстапки. Тоа не е начин, на кој една нација се гради. Кога зборувам за достоинството на нацијата, не мислам на македонскиот народ исклучиво, туку на сите граѓани во државата да бидат еднакви. Треба ние да си донесеме Устав, а не странците да ни наметнуваат. Рамковниот договор беше напишан на англиски. Беше напишан од странски експерти. Преспанскиот договор да не потсетувам, беше наместен. Јас сум да имаме релации со сите, вклучувајќи го и Брисел, затоа што таму најмногу сме инвестирале од нашиот политички капацитет, реформи и слично. Ние сме мала држава, која мора да соработува со сите, за се она што е во нејзин интерес. ЕУ за жал се милитаризира. Ние не можеме да веруваме дека ЕУ е трајно нешто. Таа се менува. Во Германија, јавноста веќе притиска за излегување од ЕУ. Јас сум за трезвено гледање на работите. ЕУ менторството е во ред, но не да бидат владетели во оваа држава. НАТО го ветуваа како економска бонанза, ќе бидеме безбедна дестинација... Само за овие неколку години, за воена опрема и оружје имаме потрошено повеќе од 34 пати во сума, во пари, за да покажеме колку сме лојални, притоа одземајќи од социјалните потреби на граѓаните. Нашата алтернатива е воена неутралност. Ја не сакам Македонија да биде ничиј геополитички плен. Ако сега бев претседател, еден куп закони немаше да потпишам, почнувајќи со промената на кривичниот законик. Меѓутоа, треба да се трансформира Собранието кое е сега гласачка машинерија и само крева рака, тоа е катастрофата.Такви закони не би смееле да излезат д Собранието.
Јас сум против тоа во Собранието да се бира Претседател на држава. Јас ќе апелирам да се укинат привилегиите на сите бивши претседатели. Избор на Претседател во Собранието е само јакнење на етнократијата, и партократијата.
Сум за глање на дијаспората и места во Парламентот. Мислам дека тие можат да имаат голем и значаен удел во државата. Но, сегашната поставеност околу ова прашање преба да се преиспита. Апсолутно сум за укинување на патните трошоци за пратениците во Собранието. Мојата поддршка на Резолуцијата на ООН за прекин на трговското ембарго кон Куба, е изразување на мојата лична, меѓутоа и таа на Левица, определба кон интернационализам и солидарност со други прогресивни движења.”

The post Ванковска: Некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број уставни амандмани appeared first on Република.

]]>
Ванковска ќе се залага за укинување на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-ke-se-zalaga-za-ukinuvane-na-ohridskiot-prespanskiot-i-bugarskiot-dogovor/ Mon, 08 Apr 2024 20:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=763963

Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска, на денешните средби во Гевгелија и Богданци уште еднаш го повтори цврстиот став искажан за укинување на трите штетни договори кои ја влечат нашата татковина надоле, а тоа се Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор, соопштија вечерва од оваа партија.

Според Ванковска, членувањето во некои идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави и геостратегии, туку истиот да биде само заради интереси на Република Македонија и на нашиот македонски народ.

Со жителите на Богданци разговарала и за земјоделството и заштитата на животната средина. Ванковска истакнала дека земјоделството е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини.

Сашко Јанчев, носител на листата на Левица во четвртата изборна единица, потсети дека овие избори се судбоносни за нашиот народ и држава, дали ќе не биде или не. Според него, не смее 33 години да се гласа за истите партии, а истовремено да се очекува напредок.

На крајот, професорката Ванковска и Јанчев положија цвеќе на Спомен плочата на протераните Евреи од Гевгелија за време на фашистичката окупација на Македонија, како и на Костурницата на паднатите борци од НОБ од Гевгелија.

The post Ванковска ќе се залага за укинување на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска, на денешните средби во Гевгелија и Богданци уште еднаш го повтори цврстиот став искажан за укинување на трите штетни договори кои ја влечат нашата татковина надоле, а тоа се Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор, соопштија вечерва од оваа партија. Според Ванковска, членувањето во некои идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави и геостратегии, туку истиот да биде само заради интереси на Република Македонија и на нашиот македонски народ. Со жителите на Богданци разговарала и за земјоделството и заштитата на животната средина. Ванковска истакнала дека земјоделството е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини. Сашко Јанчев, носител на листата на Левица во четвртата изборна единица, потсети дека овие избори се судбоносни за нашиот народ и држава, дали ќе не биде или не. Според него, не смее 33 години да се гласа за истите партии, а истовремено да се очекува напредок. На крајот, професорката Ванковска и Јанчев положија цвеќе на Спомен плочата на протераните Евреи од Гевгелија за време на фашистичката окупација на Македонија, како и на Костурницата на паднатите борци од НОБ од Гевгелија.

The post Ванковска ќе се залага за укинување на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Ќе бидам претседател на сите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-ke-bidam-pretsedatel-na-site-gragani/ Thu, 04 Apr 2024 20:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=762427

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, кампањата за претседател, под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна од Струмица. Таа од митингот порача дека себе си се дефинира како можен претседател на сите граѓани, бидејќи така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви, како што рече, има и меѓу Албанците, и меѓу Ромите, и меѓу Србите, и меѓу Власите и меѓу сите.

Ние сме сите по таа класна основа обесправени, без оглед што јас доаѓам од привилигиран слој на академска фела, но овој систем е неправеден и кога некој ќе ме праша што е среќа, дајте дефиниција на среќа, во американскиот Устав има формула да трагаш по својата среќа. Како да бидам среќна ако моите сограѓани се несреќни. Како да бидам среќна кога просат по улици, како да бидам среќна кога денес пред штабот ме запира човек бездомник. Ние сме несреќни и со право мораме да бидеме гневни, рече Ванковска.

Таа додаде дека битката не е само нејзина, туку е на сите и сака да ја изоди како народен трибун и да биде негов глас и повика на 24 април масовно да се излезе на гласање.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во своето обраќање истакна дека неговата партија е последното жарче на македонизмот и затоа нивната историска задача е многу поголема.

Ни наметнаа лузерски менталитет, но ние никогаш не сме биле лузерски народ и затоа тоа што тие го претставуваат за победа, всушност е пораз, бидејќи изгубија од бугарска дупломатија, од грчка дипломатија и нема од кого не изгубија и сакајќи да ни го наметнат тој менталитет ни го наметнуват „јенки вазалството“ како примарна догма и тој сервилен однос кон странците не доведе до „амбасадократија“, рече Апасиев.

На собирот се обрати и носителот на листата на Левица на четвртата изборна единица, Сашко Јанчев, кој рече дека оваа партија ќе се бори до крај против најголемата закана за струмичката котлина - Рудникот Иловица.

Претходно кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска, се обрати и на митинг во Радовиш.

The post Ванковска: Ќе бидам претседател на сите граѓани appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, кампањата за претседател, под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна од Струмица. Таа од митингот порача дека себе си се дефинира како можен претседател на сите граѓани, бидејќи така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви, како што рече, има и меѓу Албанците, и меѓу Ромите, и меѓу Србите, и меѓу Власите и меѓу сите.
Ние сме сите по таа класна основа обесправени, без оглед што јас доаѓам од привилигиран слој на академска фела, но овој систем е неправеден и кога некој ќе ме праша што е среќа, дајте дефиниција на среќа, во американскиот Устав има формула да трагаш по својата среќа. Како да бидам среќна ако моите сограѓани се несреќни. Како да бидам среќна кога просат по улици, како да бидам среќна кога денес пред штабот ме запира човек бездомник. Ние сме несреќни и со право мораме да бидеме гневни, рече Ванковска.
Таа додаде дека битката не е само нејзина, туку е на сите и сака да ја изоди како народен трибун и да биде негов глас и повика на 24 април масовно да се излезе на гласање. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во своето обраќање истакна дека неговата партија е последното жарче на македонизмот и затоа нивната историска задача е многу поголема.
Ни наметнаа лузерски менталитет, но ние никогаш не сме биле лузерски народ и затоа тоа што тие го претставуваат за победа, всушност е пораз, бидејќи изгубија од бугарска дупломатија, од грчка дипломатија и нема од кого не изгубија и сакајќи да ни го наметнат тој менталитет ни го наметнуват „јенки вазалството“ како примарна догма и тој сервилен однос кон странците не доведе до „амбасадократија“, рече Апасиев.
На собирот се обрати и носителот на листата на Левица на четвртата изборна единица, Сашко Јанчев, кој рече дека оваа партија ќе се бори до крај против најголемата закана за струмичката котлина - Рудникот Иловица. Претходно кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска, се обрати и на митинг во Радовиш.  

The post Ванковска: Ќе бидам претседател на сите граѓани appeared first on Република.

]]>
Ванковска под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ ја започна кампањата за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-pod-mototo-go-vrakame-dostoinstvoto-na-natsijata-ja-zapochna-kampanata-za-pretsedatel/ Thu, 04 Apr 2024 11:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=762087

Под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ професорката Билјана Ванковска денеска официјално ја започнува кампањата за претседател.

Ванковска ветува чесна и интересна битка, во најмала рака, како што вели, дебата која нема никому да биде досадна, барем кога таа ќе презентира.

Најавив и останувам на тоа дека ќе бидам една и единствена, која ќе се разликува по она што го нуди, по начинот на кој го презентира, аргументите кои ќе ги приложам притоа и визијата за една поинаква Македонија...На крајот од оваа кампања верувам дека никој нема да има дилема за тоа за што се залага Билјана Ванковска, заедно со Левица, порача Ванковска.

На гласачите им порача да не дозволат да бидат заблудени дека 24 април е предјадење, а главното јадење на 8 мај, нагласувајќи дека имаат можност да гласаат за личности, а не за партии, укажувајќи дека сепак од седум кандидат, шестмина собрале поддршка и легитимитет од граѓаните.

Убедена сум дека личноста ја прави функцијата, особено кога станува збор за функција што ја врши еден човек. Тој човек може да остави свој белег, со начинот на кој ќе ја исполни со жив дух таа една функција која мнозина ја потценуваат, нагласи Ванковска.

Кампањата, појаснува Ванковска, ќе биде скромна, согласно своите можности. Со кампањата тргнуваат од Струмица, а како што е најавено ќе завршат со настан во Скопје.

The post Ванковска под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ ја започна кампањата за претседател appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ професорката Билјана Ванковска денеска официјално ја започнува кампањата за претседател. Ванковска ветува чесна и интересна битка, во најмала рака, како што вели, дебата која нема никому да биде досадна, барем кога таа ќе презентира.
Најавив и останувам на тоа дека ќе бидам една и единствена, која ќе се разликува по она што го нуди, по начинот на кој го презентира, аргументите кои ќе ги приложам притоа и визијата за една поинаква Македонија...На крајот од оваа кампања верувам дека никој нема да има дилема за тоа за што се залага Билјана Ванковска, заедно со Левица, порача Ванковска.
На гласачите им порача да не дозволат да бидат заблудени дека 24 април е предјадење, а главното јадење на 8 мај, нагласувајќи дека имаат можност да гласаат за личности, а не за партии, укажувајќи дека сепак од седум кандидат, шестмина собрале поддршка и легитимитет од граѓаните.
Убедена сум дека личноста ја прави функцијата, особено кога станува збор за функција што ја врши еден човек. Тој човек може да остави свој белег, со начинот на кој ќе ја исполни со жив дух таа една функција која мнозина ја потценуваат, нагласи Ванковска.
Кампањата, појаснува Ванковска, ќе биде скромна, согласно своите можности. Со кампањата тргнуваат од Струмица, а како што е најавено ќе завршат со настан во Скопје.

The post Ванковска под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ ја започна кампањата за претседател appeared first on Република.

]]>
Ванковска и Левица пред Уставниот суд го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-i-levitsa-pred-ustavniot-sud-go-osporija-upatstvoto-za-radiodifuzeri-na-avmu/ Mon, 01 Apr 2024 15:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=761000

Од Левица информираат дека претседателската кандидатка проф. Билјана Ванковска и Политичката партија Левица, на 1.04.2024 поднеле Иницијатива за оценка на уставноста и законитоста против Упатството за радиодифузери на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година, со барање на изрекување итна времена мерка за запирање на извршување на овој скандалозен подзаконски акт.

Сметаме дека АВМУ излегува надвор од границите на Уставот и на Изборниот законик, произволно толкувајќи ги одредбите од истиот директно на штета на нашиот потврден претседателски кандидат – оневозможувајќи го и ускратувајќи му го правото на еднаков пристап до медиумите и избалансирано медиумско претставување, со тоа што ни се узурпира и таа минута време за платено политичко рекламирање која што законски ни следува!

Со ваквиот тенденциозен чекор на АВМУ, на само неколку дена пред официјалниот почеток на изборната кампања, ни е нанесена непроценлива нематеријална и материјална штета како учесници во изборниот процес, а сериозно е доведен во прашање и кредибилитетот на целокупните избори во кои независните кандидати, поддржани од група граѓани, спротивно на закон, не се третираат еднакво и, отворено и противзаконски, се фаворизираат кандидатите на големите политички партии, преку нивните експоненти-членови во ДИК и во АВМУ, се вели во соопштението на Левица.

Левица, како оштетена странка, порачува дека нема да запре тука со своите правни инструменти и против сите членови на АВМУ и на ДИК, поименично, ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а ќе побара и времена мерка за изрекување судска забрана за исплата на средствата за изборната кампања на сите потврдени независни претседателски кандидати.

Дополнително, ќе иницираме и граѓански спор за оштета во кој ќе бараме солидарна одговорност на сите членови на Советот на АВМУ за материјалната штета што ни е нанесена, а која се брои во милионски износ, додаваат од Левица

The post Ванковска и Левица пред Уставниот суд го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ appeared first on Република.

]]>

Од Левица информираат дека претседателската кандидатка проф. Билјана Ванковска и Политичката партија Левица, на 1.04.2024 поднеле Иницијатива за оценка на уставноста и законитоста против Упатството за радиодифузери на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година, со барање на изрекување итна времена мерка за запирање на извршување на овој скандалозен подзаконски акт.
Сметаме дека АВМУ излегува надвор од границите на Уставот и на Изборниот законик, произволно толкувајќи ги одредбите од истиот директно на штета на нашиот потврден претседателски кандидат – оневозможувајќи го и ускратувајќи му го правото на еднаков пристап до медиумите и избалансирано медиумско претставување, со тоа што ни се узурпира и таа минута време за платено политичко рекламирање која што законски ни следува!   Со ваквиот тенденциозен чекор на АВМУ, на само неколку дена пред официјалниот почеток на изборната кампања, ни е нанесена непроценлива нематеријална и материјална штета како учесници во изборниот процес, а сериозно е доведен во прашање и кредибилитетот на целокупните избори во кои независните кандидати, поддржани од група граѓани, спротивно на закон, не се третираат еднакво и, отворено и противзаконски, се фаворизираат кандидатите на големите политички партии, преку нивните експоненти-членови во ДИК и во АВМУ, се вели во соопштението на Левица.
Левица, како оштетена странка, порачува дека нема да запре тука со своите правни инструменти и против сите членови на АВМУ и на ДИК, поименично, ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а ќе побара и времена мерка за изрекување судска забрана за исплата на средствата за изборната кампања на сите потврдени независни претседателски кандидати.
Дополнително, ќе иницираме и граѓански спор за оштета во кој ќе бараме солидарна одговорност на сите членови на Советот на АВМУ за материјалната штета што ни е нанесена, а која се брои во милионски износ, додаваат од Левица

The post Ванковска и Левица пред Уставниот суд го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ appeared first on Република.

]]>
Професорката Ванковска предава Политички систем: Дали не го познава предметот кој го предава? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesorkata-vankovska-predava-politichki-sistem-dali-ne-go-poznava-predmetot-koj-go-predava/ Thu, 28 Mar 2024 11:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=759719

Кандидатката за претседател oд Левица Билјана Ванковска реагираше на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски за уставните измени во која нагласува дека неговата партија се залага за одложена примена на измените на Уставот. Професорката вели дека ова е уште една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ги прифати уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот доколку ја освои власта и формира Влада.

Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата. Моето „лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме Уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени Уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи „поглавје по поглавје, рече Ванковска.

Потпретседателот на партијата Муцунски пред неколку дена изјави дека ВМРО ДПМНЕ под вакви услови ние не прифаќа уставни измени и додаде дека легитимна алтернатива е да се бара одложната примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет, но и гаранција дека нема да има повеќе билатерализација на европската интеграција на Македонија.

Кој е во право може да се забележи преку неколку примери кои ја илустрираат одложената примена на уставните промени во пракса во различни земји:

Јужна Африка (1993)

Во Јужна Африка, привремениот Устав од 1993 година, кој го заврши апартхеидот, сам по себе беше форма на одложена примена. Тој обезбеди транзициски рамки кои водеа кон усвојувањето на конечниот Устав во 1996 година. Овој привремен период овозможи значајна политичка, социјална и правна реструктуирање на контролиран и фазен начин.

Франција (2000)

Франција го измени својата Устав за да ја намали претседателската мандат од седум на пет години, познато како "кинквенат". Оваа промена, одобрена преку референдум во 2000 година, не се примени на тогашниот претседател, Жак Ширак, сè до следните претседателски избори во 2002 година. Ова одложување беше наменето да спречи политичка нестабилност и овозможи уреден преод под новиот систем.

Унгарија (2011)

Основниот закон на Унгарија, усвоен во 2011 година, вклучуваше неколку одредби кои требаше да стапат во сила во различни времиња. На пример, одредени фискални правила наменети да ограничат државниот долг требаше да се применуваат постепено низ неколку години. Оваа поетапна имплементација овозможи постепено прилагодување на новите фискални ограничувања.

Бразил (1988)

Уставот на Бразил од 1988 година вклучуваше неколку транзициски одредби. Меѓу нив беа мерки за економска реформа и редистрибуција на земјиште, кои требаше да се имплементираат со време. Оваа одложена примена овозможи владата да се подготви за значајни промени во политиката и администрацијата.

Канада (1982)

Актот за Уставот од 1982 година, кој го врати канадскиот Устав од Велика Британија, вклучуваше Повелба за правата и слободите. Некои одредби од Повелбата беа предмет на тригодишно одложување, особено оние кои се однесуваат на правата на абориџинските народи. Овој период беше наменет да им даде време на владите да ги прилагодат законите и политиките на новите стандарди на Повелбата.

The post Професорката Ванковска предава Политички систем: Дали не го познава предметот кој го предава? appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател oд Левица Билјана Ванковска реагираше на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски за уставните измени во која нагласува дека неговата партија се залага за одложена примена на измените на Уставот. Професорката вели дека ова е уште една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ги прифати уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот доколку ја освои власта и формира Влада.
Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата. Моето „лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме Уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени Уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи „поглавје по поглавје, рече Ванковска.
Потпретседателот на партијата Муцунски пред неколку дена изјави дека ВМРО ДПМНЕ под вакви услови ние не прифаќа уставни измени и додаде дека легитимна алтернатива е да се бара одложната примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет, но и гаранција дека нема да има повеќе билатерализација на европската интеграција на Македонија. Кој е во право може да се забележи преку неколку примери кои ја илустрираат одложената примена на уставните промени во пракса во различни земји: Јужна Африка (1993) Во Јужна Африка, привремениот Устав од 1993 година, кој го заврши апартхеидот, сам по себе беше форма на одложена примена. Тој обезбеди транзициски рамки кои водеа кон усвојувањето на конечниот Устав во 1996 година. Овој привремен период овозможи значајна политичка, социјална и правна реструктуирање на контролиран и фазен начин. Франција (2000) Франција го измени својата Устав за да ја намали претседателската мандат од седум на пет години, познато како "кинквенат". Оваа промена, одобрена преку референдум во 2000 година, не се примени на тогашниот претседател, Жак Ширак, сè до следните претседателски избори во 2002 година. Ова одложување беше наменето да спречи политичка нестабилност и овозможи уреден преод под новиот систем. Унгарија (2011) Основниот закон на Унгарија, усвоен во 2011 година, вклучуваше неколку одредби кои требаше да стапат во сила во различни времиња. На пример, одредени фискални правила наменети да ограничат државниот долг требаше да се применуваат постепено низ неколку години. Оваа поетапна имплементација овозможи постепено прилагодување на новите фискални ограничувања. Бразил (1988) Уставот на Бразил од 1988 година вклучуваше неколку транзициски одредби. Меѓу нив беа мерки за економска реформа и редистрибуција на земјиште, кои требаше да се имплементираат со време. Оваа одложена примена овозможи владата да се подготви за значајни промени во политиката и администрацијата. Канада (1982) Актот за Уставот од 1982 година, кој го врати канадскиот Устав од Велика Британија, вклучуваше Повелба за правата и слободите. Некои одредби од Повелбата беа предмет на тригодишно одложување, особено оние кои се однесуваат на правата на абориџинските народи. Овој период беше наменет да им даде време на владите да ги прилагодат законите и политиките на новите стандарди на Повелбата.

The post Професорката Ванковска предава Политички систем: Дали не го познава предметот кој го предава? appeared first on Република.

]]>
Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-pretsedatelski-kandidat-vankovska-sobra-10-iljadi-potpisi/ Fri, 01 Mar 2024 19:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=750195

Вечерва од политичката партија Левица информираа дека нивната кандидатка го собрала потребниот број на потписи за кандидатура за претседател на Македонија.

Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, велат од Левица.

The post Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи appeared first on Република.

]]>

Вечерва од политичката партија Левица информираа дека нивната кандидатка го собрала потребниот број на потписи за кандидатура за претседател на Македонија. Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, велат од Левица.

The post Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи appeared first on Република.

]]>
Ванковска: Се соочуваме со непринципиелни сопки, бараме еднаква можност да се презентираме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vankovska-se-soochuvame-so-neprintsipielni-sopki-barame-ednakva-mozhnost-da-se-prezentirame/ Fri, 23 Feb 2024 12:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=747401

Кандидатката на Левица за претседател на државата Билјана Ванковска на денешната прес-конференција укажа на недоследности во постапката за собирањето потписи и побара еднаква можност за сите кандидати.

Ние уште вчера апелиравме дека во неколку подрачни единции на Државната изборна комисија (ДИК) во разни локални средини пристапот до канцелариите е отежнат особено за лица со инвалидитет, повозрасни и слично, таква е ситуацијата во Штип. Ние подготвивме барање, приговор до ДИК кој веднаш ќе го поднесеме. Таква е слична ситуацијата дури и во општината Карпош каде по еден така нагортен пат по едни скалички треба да се искачат граѓаните, прво тешко е да се најде локацијата, но кога ќе се најде има скали кои се тешки за граѓаните кои имаат проблем, добив инфорамација дека токму во Карпош во подрачната единица снемало струја и сега ние треба да веруваме дека тоа е случајно, изјави Ванковска.

Информираше дека од утрово не работела нејзината официјална веб - страна.

Нашата извонредна веб - страница располага со сите податоци, интерактивна е, но таа од утрово не работи, едната верзија би била дека има многу интерес за Ванковска, па сите кликаат, камо среќа да е така, но другата верзија вели дека ботови веќе почнале намерно да кликаат за да ја оневозможат. Ние сме решени да одиме и по потешкиот пат, тука сметаме на вашата помош во смисла на пренесување на овие сопки кои сметаме дека се непринципиелни затоа што ние се уште не сме никаква закана, а ако некој веќе ме чувствува како закана треба да се запраша јавноста зошто е тоа така, подвлече таа.

Посочи дека Државната изборна комисија немала слух за потребите на помалите политички субјекти.

Се соочуваме со непринципиелни сопки, апелираме и укажуваме ако треба и порешително ќе настапиме пред јавноста кога ќе забележиме дека постои нешто што се вика саботирање на процесот пред вистински да започне. Накусо, подговени сме да се соочуваме со мал милион проблеми и за таа цел и како пркос ние очекуваме граѓаните навистина да покажат авантуристички политички дух да ни дадат еднаква можност да се презентираме себе си со нашите програми, знаења и визии, затоа што играме во една трка која нема да биде чиста и не е чиста од првиот ден, рече Ванковска.

The post Ванковска: Се соочуваме со непринципиелни сопки, бараме еднаква можност да се презентираме appeared first on Република.

Професорката Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesorkata-biljana-vankovska-kandidat-za-pretsedatel-od-levitsa/ Wed, 07 Feb 2024 10:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=741401

Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица за претседателските избори.

Ова го соопшти претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој истакна дека го имаат најдобриот кандидат.

Првиот круг претседателски избори во државава ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

The post Професорката Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица appeared first on Република.

]]>

Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица за претседателските избори. Ова го соопшти претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој истакна дека го имаат најдобриот кандидат. Првиот круг претседателски избори во државава ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

The post Професорката Билјана Ванковска кандидат за претседател од Левица appeared first on Република.

]]>