Билјана Стефановска Сековска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biljana-stefanovska-sekovska/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Nov 2022 16:41:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Билјана Стефановска Сековска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biljana-stefanovska-sekovska/ 32 32 Разговори за соработката во образованието како и за размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razgovori-za-sorabotkata-vo-obrazovanieto-kako-i-za-razmena-na-studenti-i-nastaven-kadar-pomegju-makedonija-i-avstralija/ Wed, 16 Nov 2022 18:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=574634

Амбасадорката Билјана Стефановска-Сековска заедно со македонскиот почесен конзул во Западна Австралија, Зоран Ќосески, одржале средба со министерот за образование и младина на Австралија Ан Али при што разговарале за продлабочување на соработката на полето на образованието како и размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија.

Како што соопшти Ќосески, на средбата се разговарало и за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Македонија и Австралија при што министерката Али и амбасадорката Стефановска-Сековска изразиле обострано задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерката Али, истакнала дека во рамките на својата мултикултурна политика, Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина, како и досега, да ја почитува македонската заедница како и сите други етнички заедници кои живеат во Австралија и да дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти за развој и зачувување на македонскиот јазик и идентитет во Австралија.

The post Разговори за соработката во образованието како и за размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката Билјана Стефановска-Сековска заедно со македонскиот почесен конзул во Западна Австралија, Зоран Ќосески, одржале средба со министерот за образование и младина на Австралија Ан Али при што разговарале за продлабочување на соработката на полето на образованието како и размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија. Како што соопшти Ќосески, на средбата се разговарало и за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Македонија и Австралија при што министерката Али и амбасадорката Стефановска-Сековска изразиле обострано задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји. Министерката Али, истакнала дека во рамките на својата мултикултурна политика, Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина, како и досега, да ја почитува македонската заедница како и сите други етнички заедници кои живеат во Австралија и да дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти за развој и зачувување на македонскиот јазик и идентитет во Австралија.

The post Разговори за соработката во образованието како и за размена на студенти и наставен кадар помеѓу Македонија и Австралија appeared first on Република.

]]>