Билјана Драгичевиќ Пројковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biljana-dragichevikj-projkovska/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 13:34:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Билјана Драгичевиќ Пројковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biljana-dragichevikj-projkovska/ 32 32 „Драми на принцезите“ во режија на Словенката Жива Бизовичар премиерно в петок во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drami-na-printsezite-vo-rezhija-na-slovenkata-zhiva-bizovichar-premierno-v-petok-vo-dramski-teatar/ Thu, 14 Nov 2024 12:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=837618

В петок, во 20 часот во Драмски театар премиерно ќе биде прикажана новата претставата „Драми за принцезите“ од нобеловката Елфриде Јелинек во режија на Словенката Жива Бизовичар. Претставата е наменета за лица постари од 16 години.

Во „Драми за принцезите“ сите ликови ги играат актерки: Јелена Жугиќ, Ивана Павлаковиќ, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Сара Климоска, Јасмина Василева, Нина Елзесер и Трајанка Илиева-Вељиќ.

Словенчката екипа, освен режисерката ја сочинуваат уште и првиот драматруг Ник Жнидаршиќ и сценографот и автор на музиката Јан Кремељ. Викторија Рангелова Петровска е втор драматург, костимите се на Александар Ношпал.

Циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“, нобеловката Јелинек го пишува на преминот на векот и го завршува во 2002 година, како феминистичко дополнување на бајките на браќата Грим. Во циклусот, Снежана и Трнорушка веќе не се беспомошни девојки препуштени на милост и немилост на мажите, туку жени кои сакаат да ја избегнат смртта иако знаат дека обидот е осуден на пропаст. Смртта им е веќе запишана со нивните иницијали, тие можат само да ѝ се предадат и да се спасат од непотребниот напор за бегство – единственото нешто што можат да направат со смртта е да ѝ се доверат, да разговараат со неа за својата приказна. За разлика од нив, Џеки (Оназис) е смрт сама за себе. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна: била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува. Во Ѕидот, последниот дел од циклусот, Ингеборг Бахман и Силвија Плат, две големи писателки кои ги засенија своите мажи кои исто така беа писатели, се обидуваат да го пресоздадат светот, објаснуваа од словенечкиот тим што работеше на претставата.

Актерките на денешната прес-конференција кажаа дека со „Драми за принцезите“ нудат нова естетика и публиката ќе има можност да проследи нешто што можеби во многу мала мера е присутно на македонската театаска сцена.

Претставата ја отвора Јелена Жугиќ, која го толкува ликот на Снежана.

Снежана 100 години талка низ една шума, ни жива, ни мртва, во една состојба на undead, наидува на ловецот, и како по некое сеќавање тој треба да ја спаси. Има многу смрт во претставата, но смрт како единствен начин да се роди нешто ново. Ова ќе биде претстава во која публиката или ќе ужива и ќе се вози на еден емотивен ролеркостер или нема ништо да разбере. Меѓутоа, тоа е ризик што го прифати упрпвата на театаерот и сите ние, изјави Жугиќ.

Таа говореше за текстот и неговата повеќеслојност. Нејзина партнерка во сцената е Нина Елзесар, која го толкува ликот на ловецот.

Првата асоцијација е херметичноста на текстот и уживањето кога ќе почнеме слој по слој да одмотуваме и да сфатиме всушност што сака да ни каже авторката. За нас актерите текстот е основата од која тргнуваме да работиме. Долго време во процесот изгубивме на освојување на текстот. Но, во моментов кога го освоивме, се отвори еден цел свет на можности. Би било фантастично да имаме околу 2000 рефлектори во театарот, хидраулики на сцена. Но, со она со што распологаме, направивме нешто што ќе биде доста интересно, прво како ниво на текст, второто како ниво на екипа, вели Жугиќ.

Таа се присети дека пред точно 20 години имала можност да игра во една женска претставата, „Домот на Бернарда Алба“ и сега повторно е дел од една женска претстава.

Сега сме три или четири генерации на актерки, се створи една симбиоза и повразност меѓу нас и тоа е клучно за претставата да е тоа што е - нашата повразаност, нашиот емотивен влог. Па и нека прозвучам феминистички, зошто да не, текстот има една таква значајна нишка. Жената кога е сама е немоќна, меѓутоа кога ќе се спои со жена којашто поддржува друга жена - е тоа е моќ. Моќ што руши ѕидови. Не секогаш полните сали значат успешна претстава. Се надевам дека оваа претстава ќе има живот надвор од Македонија, онаму каде што сега овој начин на поставување на театар е во трка и во игра. Благодарна сум на екипата која работеше со нас и се надевам дека за нив Драмски театар, кој е сериозен театар во регионот со сериозни актери каде што нема фолирање, има соголување на чиста емоција ќе биде отскочна даска. Се е на ниво на симболи и се надевам дека јазикот ќе биде препознатлив, приказната ќе допре и дека ќе се бара карта повеќе, изјави Жугиќ.

Билјана Драгичевиќ Пројковска ја глуми Трнорушка, која ќе се боцне на трн од роза и се буди во еден необичен свет.

Се буди во нешто што не го препознава, но се труди да го врати во своите мисли и во своето постоење. Многу е тешко да се разбудиш, да не знаеш кој ќе те бакне, да не знаеш која ќе бидеш ти кога ќе се разбудиш. Се будам на возраст од 1000 години, имам 50 години и беше многу интересно кога ја добив улогата зошто јас да ја играм најубавата жена на светот. И така се доживува јас кога ќе се разбудам не знам на што личам, меѓутоа публиката ќе го има екслузивно право да види како изгледа една жена кога ќе се разбуди после 1000 години од својот задреман сон. Многу кореспондира нашата сцена со денешното општество, објасни Драгичевиќ Пројковска.

Нејзина партенрка е Сара Климоска која го толкува ликот на младиот принц.

Нејзината конфузија каде се наоѓа и кого го бакнува всушност ја прави сцената многу драматична. Каде е крајот на сцената е во крајот на краевите на приказните, додава Драгичевиќ Пројковска.

Единствениот монолог во претставата е на Трајанка Илиева - Вељиќ, која го толкува ликот на Џеки Кенеди.

Павлаковиќ и Василева ги толкуваат ликовите на славните поетеси Силвија Плат и Ингеборг Бахман.

Следните изведби, по премиерата се на 19 и на 23 ноември.

 

The post „Драми на принцезите“ во режија на Словенката Жива Бизовичар премиерно в петок во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

В петок, во 20 часот во Драмски театар премиерно ќе биде прикажана новата претставата „Драми за принцезите“ од нобеловката Елфриде Јелинек во режија на Словенката Жива Бизовичар. Претставата е наменета за лица постари од 16 години. Во „Драми за принцезите“ сите ликови ги играат актерки: Јелена Жугиќ, Ивана Павлаковиќ, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Сара Климоска, Јасмина Василева, Нина Елзесер и Трајанка Илиева-Вељиќ. Словенчката екипа, освен режисерката ја сочинуваат уште и првиот драматруг Ник Жнидаршиќ и сценографот и автор на музиката Јан Кремељ. Викторија Рангелова Петровска е втор драматург, костимите се на Александар Ношпал. Циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“, нобеловката Јелинек го пишува на преминот на векот и го завршува во 2002 година, како феминистичко дополнување на бајките на браќата Грим. Во циклусот, Снежана и Трнорушка веќе не се беспомошни девојки препуштени на милост и немилост на мажите, туку жени кои сакаат да ја избегнат смртта иако знаат дека обидот е осуден на пропаст. Смртта им е веќе запишана со нивните иницијали, тие можат само да ѝ се предадат и да се спасат од непотребниот напор за бегство – единственото нешто што можат да направат со смртта е да ѝ се доверат, да разговараат со неа за својата приказна. За разлика од нив, Џеки (Оназис) е смрт сама за себе. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна: била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува. Во Ѕидот, последниот дел од циклусот, Ингеборг Бахман и Силвија Плат, две големи писателки кои ги засенија своите мажи кои исто така беа писатели, се обидуваат да го пресоздадат светот, објаснуваа од словенечкиот тим што работеше на претставата. Актерките на денешната прес-конференција кажаа дека со „Драми за принцезите“ нудат нова естетика и публиката ќе има можност да проследи нешто што можеби во многу мала мера е присутно на македонската театаска сцена. Претставата ја отвора Јелена Жугиќ, која го толкува ликот на Снежана.
Снежана 100 години талка низ една шума, ни жива, ни мртва, во една состојба на undead, наидува на ловецот, и како по некое сеќавање тој треба да ја спаси. Има многу смрт во претставата, но смрт како единствен начин да се роди нешто ново. Ова ќе биде претстава во која публиката или ќе ужива и ќе се вози на еден емотивен ролеркостер или нема ништо да разбере. Меѓутоа, тоа е ризик што го прифати упрпвата на театаерот и сите ние, изјави Жугиќ.
Таа говореше за текстот и неговата повеќеслојност. Нејзина партнерка во сцената е Нина Елзесар, која го толкува ликот на ловецот.
Првата асоцијација е херметичноста на текстот и уживањето кога ќе почнеме слој по слој да одмотуваме и да сфатиме всушност што сака да ни каже авторката. За нас актерите текстот е основата од која тргнуваме да работиме. Долго време во процесот изгубивме на освојување на текстот. Но, во моментов кога го освоивме, се отвори еден цел свет на можности. Би било фантастично да имаме околу 2000 рефлектори во театарот, хидраулики на сцена. Но, со она со што распологаме, направивме нешто што ќе биде доста интересно, прво како ниво на текст, второто како ниво на екипа, вели Жугиќ.
Таа се присети дека пред точно 20 години имала можност да игра во една женска претставата, „Домот на Бернарда Алба“ и сега повторно е дел од една женска претстава.
Сега сме три или четири генерации на актерки, се створи една симбиоза и повразност меѓу нас и тоа е клучно за претставата да е тоа што е - нашата повразаност, нашиот емотивен влог. Па и нека прозвучам феминистички, зошто да не, текстот има една таква значајна нишка. Жената кога е сама е немоќна, меѓутоа кога ќе се спои со жена којашто поддржува друга жена - е тоа е моќ. Моќ што руши ѕидови. Не секогаш полните сали значат успешна претстава. Се надевам дека оваа претстава ќе има живот надвор од Македонија, онаму каде што сега овој начин на поставување на театар е во трка и во игра. Благодарна сум на екипата која работеше со нас и се надевам дека за нив Драмски театар, кој е сериозен театар во регионот со сериозни актери каде што нема фолирање, има соголување на чиста емоција ќе биде отскочна даска. Се е на ниво на симболи и се надевам дека јазикот ќе биде препознатлив, приказната ќе допре и дека ќе се бара карта повеќе, изјави Жугиќ.
Билјана Драгичевиќ Пројковска ја глуми Трнорушка, која ќе се боцне на трн од роза и се буди во еден необичен свет.
Се буди во нешто што не го препознава, но се труди да го врати во своите мисли и во своето постоење. Многу е тешко да се разбудиш, да не знаеш кој ќе те бакне, да не знаеш која ќе бидеш ти кога ќе се разбудиш. Се будам на возраст од 1000 години, имам 50 години и беше многу интересно кога ја добив улогата зошто јас да ја играм најубавата жена на светот. И така се доживува јас кога ќе се разбудам не знам на што личам, меѓутоа публиката ќе го има екслузивно право да види како изгледа една жена кога ќе се разбуди после 1000 години од својот задреман сон. Многу кореспондира нашата сцена со денешното општество, објасни Драгичевиќ Пројковска.
Нејзина партенрка е Сара Климоска која го толкува ликот на младиот принц.
Нејзината конфузија каде се наоѓа и кого го бакнува всушност ја прави сцената многу драматична. Каде е крајот на сцената е во крајот на краевите на приказните, додава Драгичевиќ Пројковска.
Единствениот монолог во претставата е на Трајанка Илиева - Вељиќ, која го толкува ликот на Џеки Кенеди. Павлаковиќ и Василева ги толкуваат ликовите на славните поетеси Силвија Плат и Ингеборг Бахман. Следните изведби, по премиерата се на 19 и на 23 ноември.  

The post „Драми на принцезите“ во режија на Словенката Жива Бизовичар премиерно в петок во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Билјана Драгичевиќ Пројковска лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/biljana-dragichevik-projkovska-laureat-na-megunarodniot-teatarski-festival-sveti-joakim-osogovoski/ Sun, 24 Sep 2023 14:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=684731

Актерката Билјана Драгичевиќ Пројковска е годинашен лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“ – награда за особен придонес во македонскиот театар и култура – што по 15. пат ќе се одржи од 28 септември до 7 октомври во Крива Паланка.

На јубилејниот фестивал, кој што традиционално е ревијален и нема натпреварувачки карактер, ќе настапат девет театри од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и нашата земја.

Фестивалот ќе биде отворен со пригодна свеченост при што на актерка Билјана Драгичевиќ Пројковска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски ќе и ја врачи наградата по што ќе следува, на првата фестивалска вечер, претставата „За нас почнува живот“, работена по текст на Ѓерѓ Шпиро а во режија на Дејан Пројковски со лауреатката Билјана Драгичевиќ Пројковска и Нино Леви.

Непосредно пред почетокот на свеченоста ќе биде отворена изложба на театарските плакати на Фестивалот од авторот Стојанче Величковски.

Втората фестивалска вечер ќе биде изведена преставата на Народниот театар „Стерија“ од Вршац, Србија, „Откачено запросување“ од Зоран Божовиќ во режија на Петар Пјер Рајковиќ со актерите Милош Ѓуровиќ, Јована Андреевиќ-Грујиќ, Соња Радосавњивиќ и Срѓан Радосављевиќ.

На 1 октомври ќе настапи Уметничката работилница „Призор“ од Белград, Србија со мјузиклот „Весели девојки“ во режија на Раде Вукотиќ со Маја Брукнер, Светлана Сретеновиќ, Зорана Павиќ, Тијана Дапчевиќ и Ивана Петерс.

На 2 октомври Драган Тешиќ од Драфт театарот ќе ја изведе монодрамата „Со кого и со што во ЕУ“, а на 3 октомври ќе се претстави градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ – Винковци, Хрватска со „Три и пол сестри“ од Петра Цицвариќ во режија на Пеѓа Гвоздиќ со Матеа Марушиќ, Мартина Стјепановиќ, Ловорка Трдин и Петра Цицвариќ.

Претставата „Ноќ во куќата на господин Колак“ , по текст на Владимир Ѓурѓевиќ во режија Ирфан Менсур, на Југоарт продукција, од Белград, Србија со Слободан Бодо Нинковиќ, Ирфан Менсур и Владимир Керкез ќе биде прикажана на 4 октомври.

На 5 октомври Народниот театар од Лесковац, Србија ќе настапи со „Чекајќи го докторот“ во режија на Синиша Ефтимов со Петар Смиљковиќ, Тања Крчмарик, Филип Радивојевиќ, Сузана Грујиќ, Иван Јанковиќ, Петра Димитријевиќ и Наташа Пејиќ.

Народниот театар од Штип ќе ја изведе преставата „Власт“ од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорѓи Ризевски на 6 октомври со актерите Ефтим Трајчов Ѓаурски, Милорад Ангелов, Никола Милошевски, Елена Шорова Дербов, Марко Трајковиќ, Ава Хусеини, Миланчо Ѓеоргиев и Стефанија Митовска.

Фестивалот ќе заврши со настап на Театар Комедија од Скопје на 7 октомври со претставата „Анатомија на неверството“ од Валентин Красногоров во режија на Александра Кардалевска со актерите Жаклина Петровска и Тони Денковски.

По повод петнаесетгодишниот јубилеј на актерот и режисер Владо Денчов ќе му биде врачена специјална повелба „Свети Јоаким Осоговски “ за придонес во аудиовизуелните уметности и медиуми.

 

The post Билјана Драгичевиќ Пројковска лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“ appeared first on Република.

]]>

Актерката Билјана Драгичевиќ Пројковска е годинашен лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“ – награда за особен придонес во македонскиот театар и култура – што по 15. пат ќе се одржи од 28 септември до 7 октомври во Крива Паланка. На јубилејниот фестивал, кој што традиционално е ревијален и нема натпреварувачки карактер, ќе настапат девет театри од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и нашата земја. Фестивалот ќе биде отворен со пригодна свеченост при што на актерка Билјана Драгичевиќ Пројковска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски ќе и ја врачи наградата по што ќе следува, на првата фестивалска вечер, претставата „За нас почнува живот“, работена по текст на Ѓерѓ Шпиро а во режија на Дејан Пројковски со лауреатката Билјана Драгичевиќ Пројковска и Нино Леви. Непосредно пред почетокот на свеченоста ќе биде отворена изложба на театарските плакати на Фестивалот од авторот Стојанче Величковски. Втората фестивалска вечер ќе биде изведена преставата на Народниот театар „Стерија“ од Вршац, Србија, „Откачено запросување“ од Зоран Божовиќ во режија на Петар Пјер Рајковиќ со актерите Милош Ѓуровиќ, Јована Андреевиќ-Грујиќ, Соња Радосавњивиќ и Срѓан Радосављевиќ. На 1 октомври ќе настапи Уметничката работилница „Призор“ од Белград, Србија со мјузиклот „Весели девојки“ во режија на Раде Вукотиќ со Маја Брукнер, Светлана Сретеновиќ, Зорана Павиќ, Тијана Дапчевиќ и Ивана Петерс. На 2 октомври Драган Тешиќ од Драфт театарот ќе ја изведе монодрамата „Со кого и со што во ЕУ“, а на 3 октомври ќе се претстави градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ – Винковци, Хрватска со „Три и пол сестри“ од Петра Цицвариќ во режија на Пеѓа Гвоздиќ со Матеа Марушиќ, Мартина Стјепановиќ, Ловорка Трдин и Петра Цицвариќ. Претставата „Ноќ во куќата на господин Колак“ , по текст на Владимир Ѓурѓевиќ во режија Ирфан Менсур, на Југоарт продукција, од Белград, Србија со Слободан Бодо Нинковиќ, Ирфан Менсур и Владимир Керкез ќе биде прикажана на 4 октомври. На 5 октомври Народниот театар од Лесковац, Србија ќе настапи со „Чекајќи го докторот“ во режија на Синиша Ефтимов со Петар Смиљковиќ, Тања Крчмарик, Филип Радивојевиќ, Сузана Грујиќ, Иван Јанковиќ, Петра Димитријевиќ и Наташа Пејиќ. Народниот театар од Штип ќе ја изведе преставата „Власт“ од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорѓи Ризевски на 6 октомври со актерите Ефтим Трајчов Ѓаурски, Милорад Ангелов, Никола Милошевски, Елена Шорова Дербов, Марко Трајковиќ, Ава Хусеини, Миланчо Ѓеоргиев и Стефанија Митовска. Фестивалот ќе заврши со настап на Театар Комедија од Скопје на 7 октомври со претставата „Анатомија на неверството“ од Валентин Красногоров во режија на Александра Кардалевска со актерите Жаклина Петровска и Тони Денковски. По повод петнаесетгодишниот јубилеј на актерот и режисер Владо Денчов ќе му биде врачена специјална повелба „Свети Јоаким Осоговски “ за придонес во аудиовизуелните уметности и медиуми.  

The post Билјана Драгичевиќ Пројковска лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“ appeared first on Република.

]]>
Бобан Алексоски и Лео Поповиќ ја добија наградата за најдобра партнерска игра на Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/boban-aleksoski-i-leo-popovik-ja-dobija-nagradata-za-najdobra-partnerska-igra-na-festivalot-na-duodrama-branko-gorchev/ Mon, 15 May 2023 08:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=640868

Бобан Алексоски и Лео Поповиќ се добитници на наградата за најдобра партнерска игра на вториот Интернационален фестивал на „Бранко Ѓорчев“ што синоќа заврши во Неготино.

Алексоски и Поповиќ наградата ја добија за улогите во претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска во продукција на Театар „Златен Елец“, заради органичниот партнерски однос и заради веризмот и документаризмот, во партнерскиот актерски третман, на една жестоко – актуелна и социјално ангажирана тема, соопшти жири - комисијата која ја сочинуваа Роберт Ристов, Васил Зафирчев и Селпин Керим.

Наградата за најдобра женска улога на фестивалот ја доби актерката на Драмски театар Скопје Биљана Драгиќевиќ Пројковска, за улогата во претставата „За нас почнува живот“ во режија на Дејан Пројковски, заради повеќеслојниот актерски израз во градењето на улогата и умешниот спој на комичната со мелодрамската игра.

Награда за најдобра машка улога, е доделена на Љубомир Керекеш за улогата на молерот во претставaта „Беба“, заради непосредниот актерски израз во градењето на улогата и заради умешното владеење на жанрот на комедијата.

Награда за најдобра претстава се доделува на претставата „Брачна комедија“ во режија на Иван Томашевиќ во продукција на „Сцена маска“, заради прецизната поставеност и организираност на комичното дејство и заради живиот непосреден и шармантен актерски израз коj одлично комуницира со публиката.

The post Бобан Алексоски и Лео Поповиќ ја добија наградата за најдобра партнерска игра на Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ appeared first on Република.

]]>

Бобан Алексоски и Лео Поповиќ се добитници на наградата за најдобра партнерска игра на вториот Интернационален фестивал на „Бранко Ѓорчев“ што синоќа заврши во Неготино. Алексоски и Поповиќ наградата ја добија за улогите во претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска во продукција на Театар „Златен Елец“, заради органичниот партнерски однос и заради веризмот и документаризмот, во партнерскиот актерски третман, на една жестоко – актуелна и социјално ангажирана тема, соопшти жири - комисијата која ја сочинуваа Роберт Ристов, Васил Зафирчев и Селпин Керим. Наградата за најдобра женска улога на фестивалот ја доби актерката на Драмски театар Скопје Биљана Драгиќевиќ Пројковска, за улогата во претставата „За нас почнува живот“ во режија на Дејан Пројковски, заради повеќеслојниот актерски израз во градењето на улогата и умешниот спој на комичната со мелодрамската игра. Награда за најдобра машка улога, е доделена на Љубомир Керекеш за улогата на молерот во претставaта „Беба“, заради непосредниот актерски израз во градењето на улогата и заради умешното владеење на жанрот на комедијата. Награда за најдобра претстава се доделува на претставата „Брачна комедија“ во режија на Иван Томашевиќ во продукција на „Сцена маска“, заради прецизната поставеност и организираност на комичното дејство и заради живиот непосреден и шармантен актерски израз коj одлично комуницира со публиката.

The post Бобан Алексоски и Лео Поповиќ ја добија наградата за најдобра партнерска игра на Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ appeared first on Република.

]]>
Овации за Билјана Драгичевиќ Пројковска на сцената на националниот театар „Иван Вазов“ во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ovatsii-za-biljana-dragichevik-projkovska-na-stsenata-na-natsionalniot-teatar-ivan-vazov-vo-sofija/ Thu, 23 Feb 2023 13:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=612347

Вчера на сцената на Народниот театар „Иван Вазов” во Софија, настапи познатата македонска артистка од Драмски театар-Скопје, Билјана Драгичевиќ-Пројковска.

Таа беше дел од претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов.

Со својата исклучителна дарба и чувство за хумор, Пројковска беше бурно поздравена од преполниот салон и неколку пати со аплаузи на отворена сцена.

Во извонредна атмосфера оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на НТ „Иван Вазов”, предводен од големата актерска звезда на бугарското глумиште Камен Донев.

Драгичевиќ - Пројковска за истата улога ја доби и престижната актерска награда на Македонскиот театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“, за најдобра епизодна женска улога на изданието на Фестивалот во 2016 година.

Народниот театар „Иван Вазов“ со оваа изведба го прослави јубилејот по повод 100-годишнината од раѓањето на големата режисерка и професорка Јулија Огненова. По повод јубилејот на сцената на Народниот театар се одигра претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман на режисерот Александар Морфов, кој што е еден од нејзините најпознти ученици.

Претставата е создадена според драмата "Самоубиецот" на Николај Ердман, која долги години беше забранета за играње од властите во Советскиот сојуз. Претставата е една од најдобрите и најгледаните во Народниот театар и билетите за синоќешната изведба беа распродадени неколку месеци порано.

Во претставата заедно со Пројковска играат големи актерски имиња од Народниот театар: Камен Донев, Рени Врангова, Албена Колева, Руси Чанев, Радина Боршош, Теодор Елмазов, Дарин Ангелов, Валентин Танев, Иван Брнев, Павлин Петрунов, Биљана Петринска, Јордан Петков, Емил И. Марков, Валентин Балабанов...

The post Овации за Билјана Драгичевиќ Пројковска на сцената на националниот театар „Иван Вазов“ во Софија appeared first on Република.

]]>

Вчера на сцената на Народниот театар „Иван Вазов” во Софија, настапи познатата македонска артистка од Драмски театар-Скопје, Билјана Драгичевиќ-Пројковска. Таа беше дел од претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов. Со својата исклучителна дарба и чувство за хумор, Пројковска беше бурно поздравена од преполниот салон и неколку пати со аплаузи на отворена сцена. Во извонредна атмосфера оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на НТ „Иван Вазов”, предводен од големата актерска звезда на бугарското глумиште Камен Донев. Драгичевиќ - Пројковска за истата улога ја доби и престижната актерска награда на Македонскиот театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“, за најдобра епизодна женска улога на изданието на Фестивалот во 2016 година. Народниот театар „Иван Вазов“ со оваа изведба го прослави јубилејот по повод 100-годишнината од раѓањето на големата режисерка и професорка Јулија Огненова. По повод јубилејот на сцената на Народниот театар се одигра претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман на режисерот Александар Морфов, кој што е еден од нејзините најпознти ученици. Претставата е создадена според драмата "Самоубиецот" на Николај Ердман, која долги години беше забранета за играње од властите во Советскиот сојуз. Претставата е една од најдобрите и најгледаните во Народниот театар и билетите за синоќешната изведба беа распродадени неколку месеци порано. Во претставата заедно со Пројковска играат големи актерски имиња од Народниот театар: Камен Донев, Рени Врангова, Албена Колева, Руси Чанев, Радина Боршош, Теодор Елмазов, Дарин Ангелов, Валентин Танев, Иван Брнев, Павлин Петрунов, Биљана Петринска, Јордан Петков, Емил И. Марков, Валентин Балабанов...

The post Овации за Билјана Драгичевиќ Пројковска на сцената на националниот театар „Иван Вазов“ во Софија appeared first on Република.

]]>