Билјана Билбилоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biljana-bilbiloska/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 09:34:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Билјана Билбилоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biljana-bilbiloska/ 32 32 Отворање на изложбата „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-izlozhbata-prostor-i-tishina-na-biljana-bilbiloska/ Tue, 02 Jul 2024 09:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=792684

Изложбата на слики од Билјана Билбилоска насловена како „Простор и тишина“ ќе биде отворена денес (2 јули) од 20 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника.

Нејзиниот творечки калеидоскоп варира и се премрежува низ различните секојдневија кои ги живее преку разнообразните уметнички пракси. Сака да експериментира зад појавното, зад тривијалното, низ познати и непознати уметнички перспективи, во услови на неприкосновена слобода“, се вели во соопштението за Билбилоска.

Исто така, таа активно се занимава со графички дизајн и илустрација, ги истражува хроматските аспекти на визуелната практика, нивната физика на дејствување, нивната интеракција, како и врската помеѓу музиката и боите, на синестетички начин.

Инаку, ова е единаесетата самостојна изложба на уметницата, а претходните биле во Париз, Сплит, Белград, Скопје, Тетови и Охрид. Таа има остварено и над 50 групни изложби, во Македонија, Србија, Турција, Романија, Австрија, Португалија, Франција и САД, како и неколку меѓународни ликовни колонии.

 

The post Отворање на изложбата „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска appeared first on Република.

]]>

Изложбата на слики од Билјана Билбилоска насловена како „Простор и тишина“ ќе биде отворена денес (2 јули) од 20 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника.
Нејзиниот творечки калеидоскоп варира и се премрежува низ различните секојдневија кои ги живее преку разнообразните уметнички пракси. Сака да експериментира зад појавното, зад тривијалното, низ познати и непознати уметнички перспективи, во услови на неприкосновена слобода“, се вели во соопштението за Билбилоска.
Исто така, таа активно се занимава со графички дизајн и илустрација, ги истражува хроматските аспекти на визуелната практика, нивната физика на дејствување, нивната интеракција, како и врската помеѓу музиката и боите, на синестетички начин. Инаку, ова е единаесетата самостојна изложба на уметницата, а претходните биле во Париз, Сплит, Белград, Скопје, Тетови и Охрид. Таа има остварено и над 50 групни изложби, во Македонија, Србија, Турција, Романија, Австрија, Португалија, Франција и САД, како и неколку меѓународни ликовни колонии.  

The post Отворање на изложбата „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Underpainting“ од Билјана Билбилоска во Cite Internationale des Arts во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-underpainting-od-biljana-bilbiloska-vo-cite-internationale-des-arts-vo-pariz/ Thu, 16 May 2024 13:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=778885

Изложба на слики  „Underpainting“ од Билјана Билбилоска е отворена во Cite Internationale des Arts во Париз. Таа ќе се претстави со дела изработени во акрилна техника.

- Главниот белег на оваа изложба е насочена кон истражувањето на палетата на бои на Леонардо да Винчи, на неговите три капитални дела во Лувр, како и истражување на неговата специфична техника на работа, универзално позната како Underpainting., или сликање во неколку слоеви на боја, при што главниот хроматски призвук е диктиран од првото обоено ниво, соопшти Билјана Билбилоска.

Според неа, мајсторството на Леонардо да Винчи да ја доведе сликата до ладна атосфера со топли бои е факт кој до ден денес фасцинира и остава широк простор за размислување.

Билјана Билбилоска изминатите неколку седмици престојува во познатата куќа на уметниците во Париз, во квартот Le Marais.

The post Изложбата „Underpainting“ од Билјана Билбилоска во Cite Internationale des Arts во Париз appeared first on Република.

]]>

Изложба на слики  „Underpainting“ од Билјана Билбилоска е отворена во Cite Internationale des Arts во Париз. Таа ќе се претстави со дела изработени во акрилна техника. - Главниот белег на оваа изложба е насочена кон истражувањето на палетата на бои на Леонардо да Винчи, на неговите три капитални дела во Лувр, како и истражување на неговата специфична техника на работа, универзално позната како Underpainting., или сликање во неколку слоеви на боја, при што главниот хроматски призвук е диктиран од првото обоено ниво, соопшти Билјана Билбилоска. Според неа, мајсторството на Леонардо да Винчи да ја доведе сликата до ладна атосфера со топли бои е факт кој до ден денес фасцинира и остава широк простор за размислување. Билјана Билбилоска изминатите неколку седмици престојува во познатата куќа на уметниците во Париз, во квартот Le Marais.

The post Изложбата „Underpainting“ од Билјана Билбилоска во Cite Internationale des Arts во Париз appeared first on Република.

]]>