Билазора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilazora/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Mar 2023 07:47:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Билазора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilazora/ 32 32 Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи на археолошкиот локалитет Билазора https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetskiot-den-na-poezijata-ke-se-odbelezhi-na-arheoloshkiot-lokalitet-bilazora/ Mon, 20 Mar 2023 07:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=621385

Светскиот ден на поезијата денеска ќе биде одбележан со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе, со почеток во 12 часот. Организатори на настанот се Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот славјански универзитет.

„На манифестацијата „Билазорски видувања 2023“ ќе настапат поети - членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови. А, со свои поздравни обраќања ќе земат учество: Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе и Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот славјански универзитет“, информираат организаторите.

Тие планираат манифестацијата „Билазорски видувања“ во иднина да биде традиционална и секоја година да се распишува Конкурс за најдобра песна од ученици во основните и средните училишта во земјата на тема „Билазора“.

The post Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи на археолошкиот локалитет Билазора appeared first on Република.

]]>

Почна уредување и осветлување на локалитетот Баргала https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-ureduvane-i-osvetluvane-na-lokalitetot-bargala/ Sun, 26 Feb 2023 17:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=613395

Почна уредување на археолошкиот локалитет Баргала. Проектот го реализираат Општина Карбинци во соработка со НУ Завод и музеј-Штип, Центарот за развој на Источно плански регион. Градоначалникот, Виктор Паунов вели обезбедени се шест милиони денари, а Општина Карбиници учествува со кофинансирање од 10 отсто.

– Се работи за проект кој заеднички со Музејот го аплициравме преку ИПР и успеавме да обезбедиме финансиски средства во висина од шест милиони денари од страна на Бирото за регионален развој и еве конечно од денес започнуваме со реализација на истиот. Се надевам дека ќе нема проблеми во текот на изведбата и дека кога ќе го реализираме овој проект ќе добиеме една поинаква слика на ова историско место. Локалитетот Баргала заслужува да биде место коешто ќе понуди повеќе содржини за посетителите, вели Паунов.

Локалитетот Баргала ќе понуди повеќе содржини за посетителите од источниот регион и туристите од земјата и странство

– Од утре започнуваат градежните работи на проектот „Осветлување и оградување, мапирање на локалитетот Баргала“, со што се надеваме дека овој локалитет ќе го добие своето значење, својата заштита“ ама ќе биде вклучен и во туристичката мапа односно во туристичката посета па да речеме 24 часа, вели Митко Штерјов директор на ЗЗС и Музеј на град-Штип.

Проектот треба да биде завршен во текот на август годинава.

The post Почна уредување и осветлување на локалитетот Баргала appeared first on Република.

]]>

Почна уредување на археолошкиот локалитет Баргала. Проектот го реализираат Општина Карбинци во соработка со НУ Завод и музеј-Штип, Центарот за развој на Источно плански регион. Градоначалникот, Виктор Паунов вели обезбедени се шест милиони денари, а Општина Карбиници учествува со кофинансирање од 10 отсто. – Се работи за проект кој заеднички со Музејот го аплициравме преку ИПР и успеавме да обезбедиме финансиски средства во висина од шест милиони денари од страна на Бирото за регионален развој и еве конечно од денес започнуваме со реализација на истиот. Се надевам дека ќе нема проблеми во текот на изведбата и дека кога ќе го реализираме овој проект ќе добиеме една поинаква слика на ова историско место. Локалитетот Баргала заслужува да биде место коешто ќе понуди повеќе содржини за посетителите, вели Паунов. Локалитетот Баргала ќе понуди повеќе содржини за посетителите од источниот регион и туристите од земјата и странство – Од утре започнуваат градежните работи на проектот „Осветлување и оградување, мапирање на локалитетот Баргала“, со што се надеваме дека овој локалитет ќе го добие своето значење, својата заштита“ ама ќе биде вклучен и во туристичката мапа односно во туристичката посета па да речеме 24 часа, вели Митко Штерјов директор на ЗЗС и Музеј на град-Штип. Проектот треба да биде завршен во текот на август годинава.

The post Почна уредување и осветлување на локалитетот Баргала appeared first on Република.

]]>
Продолжуваат ископувањата на археолошкиот локалитет Билазора https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prodolzuvaat-iskopuvanjata-na-arheoloshkiot-lokalitet-bilazora/ Wed, 09 Nov 2022 07:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=571687

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, директорот на Музејот на град Штип, Митко Штерјов, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев и професори по археологија денеска ќе присуствуваат на настан по повод продолжување на ископувањата на локалитетот Билазора кај Свети Николе.

Археолошките ископувања на просторот на владетелската палата во античкиот град Билазора, престолнината на Пајонците, под раководство на професор д-р Драги Митревски и професор д-р Марјан Јованов се во тек. Овие истражување се продолжување на долгогодишни систематски истражувања.

Истовремено, се истражува и на некрополите на градот, со цел да се откријат повеќе елементи од нивното верување во задгробниот живот и нивните погребни ритуали и начин на погребување во антиката.

Раководители на овој проект се професор д-р Антонио Јакимовски и професор д-р Виктор Лилчиќ Адамс од Филозофскиот факултет Скопје, кој е носител на двата проекти и ги реализира во соработка со Народен музеј Свети Николе, а се финансиски поддржани од Филозофскиот факултет Скопје и Општина Свети Николе.

Паралелно со археолошките истражувања се вршат и конзерваторско реставраторските работи на Владетелската палата на археолошкиот локалитет Билазора во село Кнежје, Свети Николе. Носител на овој проект е НУ Музеј и завод Штип, а проектот е поддржан од Министерството за култура.

The post Продолжуваат ископувањата на археолошкиот локалитет Билазора appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, директорот на Музејот на град Штип, Митко Штерјов, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев и професори по археологија денеска ќе присуствуваат на настан по повод продолжување на ископувањата на локалитетот Билазора кај Свети Николе. Археолошките ископувања на просторот на владетелската палата во античкиот град Билазора, престолнината на Пајонците, под раководство на професор д-р Драги Митревски и професор д-р Марјан Јованов се во тек. Овие истражување се продолжување на долгогодишни систематски истражувања. Истовремено, се истражува и на некрополите на градот, со цел да се откријат повеќе елементи од нивното верување во задгробниот живот и нивните погребни ритуали и начин на погребување во антиката. Раководители на овој проект се професор д-р Антонио Јакимовски и професор д-р Виктор Лилчиќ Адамс од Филозофскиот факултет Скопје, кој е носител на двата проекти и ги реализира во соработка со Народен музеј Свети Николе, а се финансиски поддржани од Филозофскиот факултет Скопје и Општина Свети Николе. Паралелно со археолошките истражувања се вршат и конзерваторско реставраторските работи на Владетелската палата на археолошкиот локалитет Билазора во село Кнежје, Свети Николе. Носител на овој проект е НУ Музеј и завод Штип, а проектот е поддржан од Министерството за култура.

The post Продолжуваат ископувањата на археолошкиот локалитет Билазора appeared first on Република.

]]>