билатерални средби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilateralni-sredbi/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 18:24:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png билатерални средби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilateralni-sredbi/ 32 32 Билатерални средби на Мицкоски во Велика Британија: Главен приоритет на Владата се добрососедските односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bilateralni-sredbi-na-mitskoski-vo-velika-britanija-glaven-prioritet-na-vladata-se-dobrososedskite-odnosi/ Thu, 18 Jul 2024 17:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=798189

На Самитот на Европската политичка заедница кој се одржува во Обединетото Кралство, премиерот Христијан Мицкоски имал повеќе билатерални средби, меѓу кои и со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија.

Како што вели во видеоизјава, се сретнал со државници од регионот и соседството - со претседателите на Србија, Црна Гора и Бугарија - Александар Вучиќ, Јаков Милатовиќ и Румен Радев, и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. На сите овие средби, вели Мицкоски, имал можност да разговара за предизвиците за регионот и за приоритетите на македонската Влада.

-Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед. Понатаму би ги потенцирал средбите коишто ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот совет, Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада, вели Мицкоски во изјавата што ја пренесува владината прес-служба.

Од учеството на Самитот тој го издвојува и своето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што се осврнал на предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја.

-А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа, вели Мицкоски.

На крајот од видеоизјавата премиерот додава „се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде, во Оксфорд, Велика Британија“.

Фото и видео: Влада на Република Македонија

The post Билатерални средби на Мицкоски во Велика Британија: Главен приоритет на Владата се добрососедските односи appeared first on Република.

]]>

На Самитот на Европската политичка заедница кој се одржува во Обединетото Кралство, премиерот Христијан Мицкоски имал повеќе билатерални средби, меѓу кои и со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Како што вели во видеоизјава, се сретнал со државници од регионот и соседството - со претседателите на Србија, Црна Гора и Бугарија - Александар Вучиќ, Јаков Милатовиќ и Румен Радев, и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. На сите овие средби, вели Мицкоски, имал можност да разговара за предизвиците за регионот и за приоритетите на македонската Влада.
-Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед. Понатаму би ги потенцирал средбите коишто ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот совет, Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада, вели Мицкоски во изјавата што ја пренесува владината прес-служба.
Од учеството на Самитот тој го издвојува и своето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што се осврнал на предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја.
-А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа, вели Мицкоски.
На крајот од видеоизјавата премиерот додава „се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде, во Оксфорд, Велика Британија“. Фото и видео: Влада на Република Македонија

The post Билатерални средби на Мицкоски во Велика Британија: Главен приоритет на Владата се добрососедските односи appeared first on Република.

]]>
Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија и Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/manoleva-na-bilateralni-sredbi-so-ministrite-za-zdravstvo-na-slovenija-i-tsrna-gora/ Fri, 12 Apr 2024 10:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=765356

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав, министер за здравство на Република Црна Гора, на маргините на десеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, кој се одржува во Лимасол, Кипар.

На билатералните средби се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат земјите во здравствениот сектор, можностите за обезбедување финансиска одржливост на здравствените системи, зајакнување на превенцијата на болести, како и за продолжување на соработката, посебно во делот на едукација и професионализација на сестрите и акушерките, соопштија од Министествтото за здравство.

The post Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија и Црна Гора appeared first on Република.