Биљана Ивановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilana-ivanovska/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Nov 2023 08:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Биљана Ивановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilana-ivanovska/ 32 32 Биљана Ивановска се врати во директорската фотелја во кумановската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bilana-ivanovska-se-vrati-vo-direktorskata-fotelja-vo-kumanovskata-bolnitsa/ Wed, 08 Nov 2023 08:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=699421

Психологот Биљана Ивановска е вратена на функцијата директор на кумановската општа болница. Во денешното соопштение до медиумите, Ивановска нагласува дека ќе се залага за реализација на проекти, набавка на современа апаратура, значајна и потребна за пациентите од североисточниот регион.

Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини, вели Ивановска.

Таа претходно беше назначена, а после кус период беше разрешена и на нејзиното место беше поставен доктор Фати Џемаили, уролог во болницата. Кумановската јавност бурно реагираше и стравуваше дека регионот останува без единствениот уролог во јавното здравство. Нејзината смена ја потврди и министерот за здравство кој во тој период беше во посета на Куманово.

Кумановската болница е една од најголемите во државата со преку 700 вработени и пружа здравствена помош за пациентите од североисточниот дел со приближно 180.000 жители.

The post Биљана Ивановска се врати во директорската фотелја во кумановската болница appeared first on Република.

]]>

Психологот Биљана Ивановска е вратена на функцијата директор на кумановската општа болница. Во денешното соопштение до медиумите, Ивановска нагласува дека ќе се залага за реализација на проекти, набавка на современа апаратура, значајна и потребна за пациентите од североисточниот регион. Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини, вели Ивановска. Таа претходно беше назначена, а после кус период беше разрешена и на нејзиното место беше поставен доктор Фати Џемаили, уролог во болницата. Кумановската јавност бурно реагираше и стравуваше дека регионот останува без единствениот уролог во јавното здравство. Нејзината смена ја потврди и министерот за здравство кој во тој период беше во посета на Куманово. Кумановската болница е една од најголемите во државата со преку 700 вработени и пружа здравствена помош за пациентите од североисточниот дел со приближно 180.000 жители.

The post Биљана Ивановска се врати во директорската фотелја во кумановската болница appeared first on Република.

]]>