Биљана Ѓуровиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilana-gurovik/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 09:30:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Биљана Ѓуровиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilana-gurovik/ 32 32 Наградата „Актерот на Европа“ за Биљана Ѓуровиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagradata-akterot-na-evropa-za-bilana-gurovik/ Fri, 12 Jul 2024 09:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=796083

Со изведбата на претставата „Женски разговори“ работена по текст на Душан Радовиќ, а во режија на Маргарета Табороши со актерката Оља Лопушански од Холандија и врачувањето на наградите, синоќа во Ресен заврши 22-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Актерот на Европа“.

Според одлуката на жирито во состав: Гоце Ристовски, претседател, Трајче Кацаров и Елена Трајковска,членови, наградата Актер на Европа за годишно остварување, што од годинава ќе го носи името на легендарниот македонски актер Мето Јовановски, долгогодишен претседател на интернационалното жири на фестивалот „Актерот на Европа“, и е доделена на Биљана Ѓуровиќ, професор на Факултет за современи уметности Белград, Србија, за улогата во авторскиот проект „Шекспирови сонетни раковети“, според мотиви од великанот на светската литертура и театар, Вилијам Шекспир.

Наградата на публиката ја понесе Иван Перковиќ за улогата во претставата „Светозар Трети“, текст Љиљана Браловиќ, режија Михаило Костадинов, продукција НАС театар, Босна и Херцеговина.

Наградата Жак Лакариер и припадна на Оља Лопушански, Холандија, за претставата „Женски разговори“, работена по текст на Душан Радовиќ, во режија на Маргарета Табороши.

Наградата за најдобар драмски текст му беше доделена на Зоран Пејковски за драмскиот ораториум „Ваташа“.

Наградата „Преспански Дионис“ му припадна на Игор Ангелов за улогата во претставата „Сите најубави работи“ работена според мотиви од Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски.

Награда за најдобра претстава во целина ја освои претставата Арка–бокс, авторски проект на Ментор Зуберај, во продукција на АКТ, Приштина, Косово.

Како што е познато, наградата за животно дело Актер на Европа и беше врачена на отворањето на фестиалот на еминетната чешка актерка Ива Јанжурова. Добиниците на наградата Клучевите на Преспа се Ристо Никовски и Бошко Пелистерски-Рајчовски, а на Големата Повелба „Балканот – Срцето на Европа“ Јордан Ѓорчев, Павлос Воскопулос Филипов и Сулејман Рушити.

На Фестивалот во изминатите пет дена беа изведени претстави од Македонија, Србија, Босна и херцеговина, Косово и Холандија.

 

The post Наградата „Актерот на Европа“ за Биљана Ѓуровиќ appeared first on Република.

]]>

Со изведбата на претставата „Женски разговори“ работена по текст на Душан Радовиќ, а во режија на Маргарета Табороши со актерката Оља Лопушански од Холандија и врачувањето на наградите, синоќа во Ресен заврши 22-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Актерот на Европа“. Според одлуката на жирито во состав: Гоце Ристовски, претседател, Трајче Кацаров и Елена Трајковска,членови, наградата Актер на Европа за годишно остварување, што од годинава ќе го носи името на легендарниот македонски актер Мето Јовановски, долгогодишен претседател на интернационалното жири на фестивалот „Актерот на Европа“, и е доделена на Биљана Ѓуровиќ, професор на Факултет за современи уметности Белград, Србија, за улогата во авторскиот проект „Шекспирови сонетни раковети“, според мотиви од великанот на светската литертура и театар, Вилијам Шекспир. Наградата на публиката ја понесе Иван Перковиќ за улогата во претставата „Светозар Трети“, текст Љиљана Браловиќ, режија Михаило Костадинов, продукција НАС театар, Босна и Херцеговина. Наградата Жак Лакариер и припадна на Оља Лопушански, Холандија, за претставата „Женски разговори“, работена по текст на Душан Радовиќ, во режија на Маргарета Табороши. Наградата за најдобар драмски текст му беше доделена на Зоран Пејковски за драмскиот ораториум „Ваташа“. Наградата „Преспански Дионис“ му припадна на Игор Ангелов за улогата во претставата „Сите најубави работи“ работена според мотиви од Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски. Награда за најдобра претстава во целина ја освои претставата Арка–бокс, авторски проект на Ментор Зуберај, во продукција на АКТ, Приштина, Косово. Како што е познато, наградата за животно дело Актер на Европа и беше врачена на отворањето на фестиалот на еминетната чешка актерка Ива Јанжурова. Добиниците на наградата Клучевите на Преспа се Ристо Никовски и Бошко Пелистерски-Рајчовски, а на Големата Повелба „Балканот – Срцето на Европа“ Јордан Ѓорчев, Павлос Воскопулос Филипов и Сулејман Рушити. На Фестивалот во изминатите пет дена беа изведени претстави од Македонија, Србија, Босна и херцеговина, Косово и Холандија.  

The post Наградата „Актерот на Европа“ за Биљана Ѓуровиќ appeared first on Република.

]]>