Билал Касами Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilal-kasami/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 12:04:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Билал Касами Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bilal-kasami/ 32 32 Касами не гледа потреба од предвремени парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-ne-gleda-potreba-od-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Wed, 06 Nov 2024 12:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=834726

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами смета дека нема потреба за вонредни парламентарни избори. Ваков е неговиот одговор на новинарско прашања денескa откако за вонредните парлaмeнтарни избори во своите изјави побараа политичари од опозицијата.

- Ние работиме интензивно во делот на реализација на нашите проекти. Оваа Влада е на почеток на својот мандат, има консолидирано мнозинство, не гледам потреба од вонредни парламентарни избори. Не гледаме некоја консолидирана опозиција која би нè предизвикала за такви избори. Повеќе тоа го гледаме како нели моментален крик на опозицијата која се обидува да преживее во овие тешки моменти за нив. Оваа влада има консолидирано мнозинство и работи сериозно во реализација на предизборната програма, истакна Биљал Касами откако денес како градоначалник направи увид во чистење на дива депонија на периферијата на градот.

Касами го повтори ставот дека за локалните избори, тие како коалиција „Вреди“ работат интензивно да ги координираат активностите заеднички настап.

- Тој глас да биде гласот на народот и така значи да продолжиме и во тие општини кои сега ги води ДУИ односно од опозицијата да бидат предводени од коалиција „Вреди“ и заедно значи централната власт и локалните власти да работиме во интерес на сите граѓани, посочи Биљал Касами.

The post Касами не гледа потреба од предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Жител на Требош преку телефон му се заканувал на градоначалникот Билал Касами, повикан е во полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-trebosh-preku-telefon-mu-se-zakanuval-na-gradonachalnikot-bilal-kasami-povikan-e-vo-politsija/ Fri, 18 Oct 2024 18:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=828592

Четириесет и тригодишен жител на село Требош со иницијали Ј.В. вчера во 11.30 часот бил повикан во СВР Тетово осомничен дека му се заканил со порака на телефон на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека за Ј.В. постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурност“.

Осомничен е дека се заканувал завчера, а бил пријавен вчера околу 10.30 часот во СВР Тетово од самиот градоначалник Касами, и еден час подоцна бил повикан во полиција.

Градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведува МВР во полицискиот билтен.

The post Жител на Требош преку телефон му се заканувал на градоначалникот Билал Касами, повикан е во полиција appeared first on Република.

]]>

Четириесет и тригодишен жител на село Требош со иницијали Ј.В. вчера во 11.30 часот бил повикан во СВР Тетово осомничен дека му се заканил со порака на телефон на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека за Ј.В. постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурност“. Осомничен е дека се заканувал завчера, а бил пријавен вчера околу 10.30 часот во СВР Тетово од самиот градоначалник Касами, и еден час подоцна бил повикан во полиција.
Градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведува МВР во полицискиот билтен.

The post Жител на Требош преку телефон му се заканувал на градоначалникот Билал Касами, повикан е во полиција appeared first on Република.

]]>
Касами бара двојазични банкноти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-bara-dvojazichni-banknoti/ Wed, 09 Oct 2024 11:56:13 +0000 https://republika.mk/?p=824659

Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Билал Касами, од студиото на ТВ21 во „Клик Плус“ рече дека еден од законите кои мора да се промени е тој за Централна банка, односно банкнотите да бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

– Ако ДУИ се гордее што го донесе Законот за јазици и ја унапреди употребата на албанскиот јазик, тогаш еден од Законите кои треба да се смени е Законот за централна банка, за и банкнотите на оваа земја да бидат на албански јазик – изјави Касами.

На оваа негова изјава веднаш пристигна реакција од Левица од каде што обвинуваат дека Вреди ја „повампирува“ идејата на ДУИ за воведување двојазични банкноти.

„Владата на ДПМНЕ и на ЗНАМ по којзнае кој пат ја толерира шовинистичка политика промовирана од сопствениот коалициски партнер“, се вели во соопштението.

Левица апелира државните институции да ги преземат неопходните дејствија против оние, како што е наведено во соопштението, кои го нарушуваат уставниот поредок.

Од партијата на Димитар Апасиев алармираат дека национал-шовинистичките политики не донеле ништо добро во државата.

„Бараме секој од останатите политички чинители да се оградат и ја осудат анти-државната идеја на Касами и Вреди. За потези кои го нарушуваат унитарниот карактер на државата, не смее да се дискутира“, реагира Левица.

The post Касами бара двојазични банкноти appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Билал Касами, од студиото на ТВ21 во „Клик Плус“ рече дека еден од законите кои мора да се промени е тој за Централна банка, односно банкнотите да бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.
– Ако ДУИ се гордее што го донесе Законот за јазици и ја унапреди употребата на албанскиот јазик, тогаш еден од Законите кои треба да се смени е Законот за централна банка, за и банкнотите на оваа земја да бидат на албански јазик – изјави Касами.
На оваа негова изјава веднаш пристигна реакција од Левица од каде што обвинуваат дека Вреди ја „повампирува“ идејата на ДУИ за воведување двојазични банкноти.
„Владата на ДПМНЕ и на ЗНАМ по којзнае кој пат ја толерира шовинистичка политика промовирана од сопствениот коалициски партнер“, се вели во соопштението.
Левица апелира државните институции да ги преземат неопходните дејствија против оние, како што е наведено во соопштението, кои го нарушуваат уставниот поредок. Од партијата на Димитар Апасиев алармираат дека национал-шовинистичките политики не донеле ништо добро во државата.
„Бараме секој од останатите политички чинители да се оградат и ја осудат анти-државната идеја на Касами и Вреди. За потези кои го нарушуваат унитарниот карактер на државата, не смее да се дискутира“, реагира Левица.

The post Касами бара двојазични банкноти appeared first on Република.

]]>
Касами убедува дека уставните измени ќе се донесат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-ubeduva-deka-ustavnite-izmeni-ke-se-donesat/ Tue, 08 Oct 2024 10:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=824124

Лидерот на движењето Беса, која е дел од коалицијата Влен, Билал Касами вели дека остануваат на ставот за носење на уставните измени, но дека прво меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД, треба да дадат јасен план како ќе се движи евроинтегративниот пат на државата.

– Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција, рече Касами во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

Запрашан дали оваа одлука ќе се донесе до крајот на годинава, Касами рече дека никогаш не давал рокови.

The post Касами убедува дека уставните измени ќе се донесат appeared first on Република.

Касами: Лице од Косово го има подметнато пожарот во подрумските простории на општина Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kasami-litse-od-kosovo-go-ima-podmetnato-pozharot-vo-podrumskite-prostorii-na-opshtina-tetovo/ Mon, 07 Oct 2024 18:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=823945

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами вели пожарот кој избувна во подрумските простории на општина Тетово бил намерно предизвикан и ова го потврдиле и безбедносните камери. Тој рече дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Првите сомнежи се дека тој е државјанин на Косово.

Дефинитивно се сомневаме дека намерата овде е дека се работи за фантомско лице, односно без документи, кое подолго време се движело во регионот. Се сомничи дека се работи за лице кое е од Косово и нема никакви документи или македонско државјанство. Се сомневаме дека е соодветен профил да се злоупотреби за вакво дело бидејќи се работи и за палење документи кои се од последните избори кои се оштетени - рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Касами рече „не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета.“

Значи овде не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета да се создаде забуна во јавност туку и да се создадат предуслови за она што опозицијата подолго време предупредува за создавање меѓуетнички тензии во Тетово. Се сомневам, се сомневам, па со оглед на личноста и неговиот профил, овој човек не може да го направи овој чин и да замине без да остави трага и дека воопшто не е пронајден. Секако, тоа е предупредување за општината, но и другите објекти да ја зголемат безбедноста. Апелирам до сите кои мислат дека со ваквите постапки можат политички да имаат корист, ви порачувам дека општината не е само на една партија туку на сите граѓани на Тетово без разлика и уште помалку политички - додаде тој.

The post Касами: Лице од Косово го има подметнато пожарот во подрумските простории на општина Тетово appeared first on Република.

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-ke-rabotime-na-reshavane-na-bilateralniot-problem-so-istochniot-sosed-za-da-go-fatime-chekorot-so-albanija-kon-eu/ Thu, 26 Sep 2024 13:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=819920

Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, денеска изјави дека како коалиција и владина и како ВЛЕН, ќе работат сериозно на побрзо решавање на билатералниот проблем со Бугарија, за земјата поскоро да ги отвори пристапните преговори, и да го фати чекорот со Албанија.

-Ние би сакале одлуката да беше заедно со нашата држава, но сигурно дека го поздравуваме овој чекор, ако се потврди дека тоа е официјална одлука на институциите во Брисел. Сигурно дека како коалиција – и како владина и како коалиција ВЛЕН, ќе работиме сериозно билатералниот проблем со нашиот источен сосед што побрзо да се разреши и побрзо и Македонија да ги отвори пристапните преговори, односно поглавјата и да го фатиме чекорот со Албанија. И заедно со двете други земји кои веќе работат на поглавјата да бидеме првите земји до 2030-та кои ќе бидат рамноправни членки на ЕУ, рече Касами на новинарско прашање како го коментира одвојувањето на Тирана од Скопје на патот кон ЕУ пред форумот за Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Како што потврди денеска унгарското претседателство со Советот на ЕУ за МИА, КОРЕПЕР донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“.

– Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.

Со ваквата одлука Албанија практично ќе биде раздвоена од земјава на патот кон членство во ЕУ, иако досега двете земји се движеа во пакет во пристапниот процес.

The post Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ appeared first on Република.

Касами „леташе орли“ на Сицилија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-letashe-orli-na-sitsilija/ Wed, 21 Aug 2024 07:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=808530

Градоначалникот на Тетово е во посета на Сицилија. Еден од лидерите на Влен на овој италијански остров ги посетил  спомениците на Арбереш.

При тоа не заборави и да „лета орли“ со градоначалникот Росарио Пета.

The post Касами „леташе орли“ на Сицилија appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Тетово е во посета на Сицилија. Еден од лидерите на Влен на овој италијански остров ги посетил  спомениците на Арбереш. При тоа не заборави и да „лета орли“ со градоначалникот Росарио Пета.  

The post Касами „леташе орли“ на Сицилија appeared first on Република.

]]>
Средба на градоначалникот Касами со министерката Димитриеска-Кочоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-na-gradonachalnikot-kasami-so-ministerkata-dimitrieska-kochoska/ Thu, 18 Jul 2024 17:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=798192

Децентрализацијата на општините, како еден од заедничките програмски приоритети на владината коалиција, беше тема на денешната прва работна средба на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, соопшти Општина Тетово.

-Ваквата пракса на координација меѓу централната и локалната власт ќе продолжи и во иднина.
Градоначалникот Касами и министерката Кочоска-Димитриеска се согласија дека општините се првиот сервис за потребите на граѓаните и се мотор за реализација на капиталните инвестиции утврдени во државниот буџет, се наведува во соопштението.

Од Општината посочуваат дека Посебната финансиска програма од 6 милијарди денари до крајот на 2024,  утврдени со ребалансот на буџетот, „е важен чекор во насока на зајакнување на институционалните капацитети на единиците на локална самоуправа за ефикасно реализирање на проекти од витално значење за граѓаните“.

The post Средба на градоначалникот Касами со министерката Димитриеска-Кочоска appeared first on Република.

]]>

Децентрализацијата на општините, како еден од заедничките програмски приоритети на владината коалиција, беше тема на денешната прва работна средба на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, соопшти Општина Тетово.
-Ваквата пракса на координација меѓу централната и локалната власт ќе продолжи и во иднина. Градоначалникот Касами и министерката Кочоска-Димитриеска се согласија дека општините се првиот сервис за потребите на граѓаните и се мотор за реализација на капиталните инвестиции утврдени во државниот буџет, се наведува во соопштението.
Од Општината посочуваат дека Посебната финансиска програма од 6 милијарди денари до крајот на 2024,  утврдени со ребалансот на буџетот, „е важен чекор во насока на зајакнување на институционалните капацитети на единиците на локална самоуправа за ефикасно реализирање на проекти од витално значење за граѓаните“.

The post Средба на градоначалникот Касами со министерката Димитриеска-Кочоска appeared first on Република.

]]>
Касами: Груби и Рустеми со Коридорот 8 направиле дела за кои веројатно ќе треба да одговараат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kasami-grubi-i-rustemi-so-koridorot-8-napravile-dela-za-koi-verojatno-ke-treba-da-odgovaraat/ Wed, 10 Jul 2024 12:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=795352

Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, во „Дејли Клик“ на ТВ21 изјави дека разговорите со компанијата „Бехтел и Енка“ одат во вистинска насока и дека очекува изградбата на Коридорот 8 да продолжи дека актуелниот министер за транспорт , Александар Николовски и директорот на сегашната НП „Државни патишта“, Коце Трајановски, ќе дадат дополнителни информации за овој проект, додека истакна дека најверојатно поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на НП „Државни патишта“ треба да сносат одговорноста за активностите поврзани со овој проект.

„И во однос на Коридорот 8 гарантираме дека сите разговори со Бехтел и Енка одат кон решавање на сите проблеми, дека динамиката на реализација на работите на терен е според договореното, бидејќи она што претходно го кажавме, го имаме ја алармираше јавноста, тоа сега го гледаме и секако и директорот и министерот наскоро ќе излезат со уште подетален извештај дека ДУИ на чело со Артан Груби и директорот Ејуп Рустеми направиле работи за кои најверојатно ќе треба да одговараат“, изјави Касами.

The post Касами: Груби и Рустеми со Коридорот 8 направиле дела за кои веројатно ќе треба да одговараат appeared first on Република.

Славески: Која им е „нашата репрезентација“ на Таравари и Касами? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-koja-im-e-nashata-reprezentatsija-na-taravari-i-kasami/ Mon, 17 Jun 2024 12:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=788422

Ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде национален тим?

https://republika.mk/sport/fudbal/ohrid-vo-sostav-na-golema-albanija-kaj-albanskite-navivachi-vo-germanija/

Вака во објава на Икс реагира претседателот на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, откако дел од лидерите на коалицијата „Вреди“, коментирајќи го мечот меѓу Албанија и Италија на Европското првенство од пред два дена, го ословија тимот на Албанија со „нашата репрезентација“.

https://republika.mk/sport/fudbal/grubi-i-sela-vo-germanija-navivaat-za-svojata-albanska-reprezentatsija/

Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим“,пишува Славески во објавата на Икс.

The post Славески: Која им е „нашата репрезентација“ на Таравари и Касами? appeared first on Република.

]]>

Ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде национален тим? https://republika.mk/sport/fudbal/ohrid-vo-sostav-na-golema-albanija-kaj-albanskite-navivachi-vo-germanija/ Вака во објава на Икс реагира претседателот на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, откако дел од лидерите на коалицијата „Вреди“, коментирајќи го мечот меѓу Албанија и Италија на Европското првенство од пред два дена, го ословија тимот на Албанија со „нашата репрезентација“. https://republika.mk/sport/fudbal/grubi-i-sela-vo-germanija-navivaat-za-svojata-albanska-reprezentatsija/
Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! Разбирливо е за едно малцинство да се поистоветува со институции во матичната држава. Но, ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде нивен национален тим“,пишува Славески во објавата на Икс.

The post Славески: Која им е „нашата репрезентација“ на Таравари и Касами? appeared first on Република.

]]>
Градинките остануваат под труд и социјала наместо да преминат под образование? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradinkite-ostanuvaat-pod-trud-i-sotsijala-namesto-da-preminat-pod-obrazovanie/ Fri, 07 Jun 2024 12:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=785518

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами истакна дека за предлог законот за организација и работа на органите на државната управа има потреба од дополнително прецизирање. Според него, нема да се повлече, туку ќе се договораат уште детали.

- Има некои измени. Имаше првична идеја градинките да преминат од труд и социјала во Министерство за образование. Во дополнителните преговори што ги имавме со мандатарот, договоривме уште овој период да останат во труд и социјала. Ќе има реорганизација и во други институциите. Повлечен е предлог законот за да не одиме со амандмани, ќе се пушти во текот на денот со измените, истакна Касами од тетовско Желино каде промовираше дисперзирана противпожарна единица.

The post Градинките остануваат под труд и социјала наместо да преминат под образование? appeared first on Република.

Касами за изјавата на Ахмети дека прегласувањето може да донесе меѓуетнички тензии: Секој си зборува со тоа што знае да го прави https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-za-izjavata-na-ahmeti-deka-preglasuvaneto-mozhe-da-donese-meguetnichki-tenzii-sekoj-si-zboruva-so-toa-shto-znae-da-go-pravi/ Mon, 20 May 2024 14:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=780135

Билал Касами коментирајќи ја изјавата на Али Ахмети дека прегласувањето во среда може да донесе меѓуетнички тензии, Касами со коментар оти тоа било во минатото.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-za-novata-vlada-etnichkata-pripadnost-ne-e-najavazhna-za-da-go-realizirame-toa-shto-go-imame-veteno/

-Секој си зборува со тоа што знае да го прави. Али Ахмети, така договарал во минатото и така постапувал во минатото. Али Ахмети знае како ги добил и овие мандати кои ги добил сега. Затоа е во паника. Ние едноставно кажуваме да им дадеме можност на граѓаните во среда да излезат и да гласаат. Ако тој е сигурен во тие гласови што ги добил, треба да биде мирен дека пак ќе ги добие. Ако знае дека ги добил на начин кој не е демократски, не е фер, не е слободна волја на граѓаните, затоа е во паника. Ние кажуваме дека треба да создадеме услови во среда и тие граѓани да излезат и да гласаат во слободна волја за да може да кажеме кој ќе биде нивен претставник во Собранието. Ние се надеваме дека ќе имаме добар резултат, изјави лидерот на Движењето Беса.

The post Касами за изјавата на Ахмети дека прегласувањето може да донесе меѓуетнички тензии: Секој си зборува со тоа што знае да го прави appeared first on Република.

]]>

Билал Касами коментирајќи ја изјавата на Али Ахмети дека прегласувањето во среда може да донесе меѓуетнички тензии, Касами со коментар оти тоа било во минатото. https://republika.mk/vesti/makedonija/kasami-za-novata-vlada-etnichkata-pripadnost-ne-e-najavazhna-za-da-go-realizirame-toa-shto-go-imame-veteno/
-Секој си зборува со тоа што знае да го прави. Али Ахмети, така договарал во минатото и така постапувал во минатото. Али Ахмети знае како ги добил и овие мандати кои ги добил сега. Затоа е во паника. Ние едноставно кажуваме да им дадеме можност на граѓаните во среда да излезат и да гласаат. Ако тој е сигурен во тие гласови што ги добил, треба да биде мирен дека пак ќе ги добие. Ако знае дека ги добил на начин кој не е демократски, не е фер, не е слободна волја на граѓаните, затоа е во паника. Ние кажуваме дека треба да создадеме услови во среда и тие граѓани да излезат и да гласаат во слободна волја за да може да кажеме кој ќе биде нивен претставник во Собранието. Ние се надеваме дека ќе имаме добар резултат, изјави лидерот на Движењето Беса.

The post Касами за изјавата на Ахмети дека прегласувањето може да донесе меѓуетнички тензии: Секој си зборува со тоа што знае да го прави appeared first on Република.

]]>
Kaсами за новата влада: Етничката припадност не е најаважна за да го реализираме тоа што го имаме ветено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-za-novata-vlada-etnichkata-pripadnost-ne-e-najavazhna-za-da-go-realizirame-toa-shto-go-imame-veteno/ Mon, 20 May 2024 11:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=780130

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска од Тетово информира дека добро оди целата процедура за договорање на следната влада. Според него, се разговара за принципите на функционирање на следната влада, се усогласуваат програмите и слично.

Тој на настанот „Отворен ден“ во организација на средните училишта во Тетово изрази надеж дека преговорите како резултат ќе имаат влада која, како што рече, ќе биде компететна, со професионалци, која ќе биде со луѓе кои ќе работат за државата и за граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.

-Ние сме свесни дека во една мултиетничка држава и општество како што е Македонија не можат сите министри да бидат Албанци и Македонци. Но што е важно било кој да биде во едно министерство треба да работи за сите граѓани без разлика на етничка и верска и друга припадност. Во оваа фаза имаме разбирање меѓу партнерите кои ја договараат следната Влада дека без разлика кој каде ќе седне на која фотеља, ќе треба да работи за сите граѓани. Ова е многу важно за нас затоа што во минатото иако имаше многу министерства кои беа предводено од Албанците,ниту тие министерства не работеа и доволно за Албанците и за другите и за Македонците и другите граѓани.Значи етничката припадност за нас не е најаважна за да ние го реализираме тоа што го имаме ветено, изјави Касами.

На прашањата дали е познато колку министерски места ќе се распределат меѓу партнерите, Касами потенцира дека кога ќе има краен договор ќе им го соопштат на јавноста.

-Тоа е дел од стратегијата за преговарање, ние може да бараме и пола Влада, може да ни се понуди и многу малку, но на крај ќе дојдеме до тоа што ќе биде најсоодветно за сите партнери во следната Влада. Што е најважно, во интерес на граѓаните, рече тој.

The post Kaсами за новата влада: Етничката припадност не е најаважна за да го реализираме тоа што го имаме ветено appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска од Тетово информира дека добро оди целата процедура за договорање на следната влада. Според него, се разговара за принципите на функционирање на следната влада, се усогласуваат програмите и слично. Тој на настанот „Отворен ден“ во организација на средните училишта во Тетово изрази надеж дека преговорите како резултат ќе имаат влада која, како што рече, ќе биде компететна, со професионалци, која ќе биде со луѓе кои ќе работат за државата и за граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.
-Ние сме свесни дека во една мултиетничка држава и општество како што е Македонија не можат сите министри да бидат Албанци и Македонци. Но што е важно било кој да биде во едно министерство треба да работи за сите граѓани без разлика на етничка и верска и друга припадност. Во оваа фаза имаме разбирање меѓу партнерите кои ја договараат следната Влада дека без разлика кој каде ќе седне на која фотеља, ќе треба да работи за сите граѓани. Ова е многу важно за нас затоа што во минатото иако имаше многу министерства кои беа предводено од Албанците,ниту тие министерства не работеа и доволно за Албанците и за другите и за Македонците и другите граѓани.Значи етничката припадност за нас не е најаважна за да ние го реализираме тоа што го имаме ветено, изјави Касами.
На прашањата дали е познато колку министерски места ќе се распределат меѓу партнерите, Касами потенцира дека кога ќе има краен договор ќе им го соопштат на јавноста.
-Тоа е дел од стратегијата за преговарање, ние може да бараме и пола Влада, може да ни се понуди и многу малку, но на крај ќе дојдеме до тоа што ќе биде најсоодветно за сите партнери во следната Влада. Што е најважно, во интерес на граѓаните, рече тој.

The post Kaсами за новата влада: Етничката припадност не е најаважна за да го реализираме тоа што го имаме ветено appeared first on Република.

]]>
Касами: Казнувањето на власта што лошо управуваше е наша должност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-kaznuvaneto-na-vlasta-shto-losho-upravuvashe-e-nasha-dolzhnost/ Mon, 06 May 2024 20:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=774849

Албанската опозициска Коалицијата „Вреди“ со митинг во Тетово ја заврши предизборната кампања во пресрет на изборите за пратеници на 8 мај. Лидерите на политички партии од Коалицијата, од Тетово порачаа дека очекуваат поддршка за промена на досегашната власт.

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами порача дека на 8 мај ќе се казни власта поради лошото раководење.

-Казнувањето на власта што лошо управуваше е наша должност. Затоа сакам да испратам порака до сите службеници во администрацијата и оние што до сега им служеа на Албанците со чесност, на 8 мај, излезете и гласајте за промената што „Вреди“. Не се плашете од заканите на полицијата на ДУИ, од нивните министри и функционери, бидејќи на 9-ти мај за сите тие закани ќе одговараат, ќе одговараат и за нивните антиграѓански и антиправни дејства. Ние заедно со одлучност ја направивме промената во општините, а на 8 мај ќе ја направиме и на централно ниво. Иднината и припаѓа на Коалицијата „Вреди“. Коалицијата „Вреди“ ќе биде неизбежно во владата, како гарант за правата и напредокот на Албанците, истакна Касами.

The post Касами: Казнувањето на власта што лошо управуваше е наша должност appeared first on Република.

]]>

Албанската опозициска Коалицијата „Вреди“ со митинг во Тетово ја заврши предизборната кампања во пресрет на изборите за пратеници на 8 мај. Лидерите на политички партии од Коалицијата, од Тетово порачаа дека очекуваат поддршка за промена на досегашната власт. Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами порача дека на 8 мај ќе се казни власта поради лошото раководење.
-Казнувањето на власта што лошо управуваше е наша должност. Затоа сакам да испратам порака до сите службеници во администрацијата и оние што до сега им служеа на Албанците со чесност, на 8 мај, излезете и гласајте за промената што „Вреди“. Не се плашете од заканите на полицијата на ДУИ, од нивните министри и функционери, бидејќи на 9-ти мај за сите тие закани ќе одговараат, ќе одговараат и за нивните антиграѓански и антиправни дејства. Ние заедно со одлучност ја направивме промената во општините, а на 8 мај ќе ја направиме и на централно ниво. Иднината и припаѓа на Коалицијата „Вреди“. Коалицијата „Вреди“ ќе биде неизбежно во владата, како гарант за правата и напредокот на Албанците, истакна Касами.

The post Касами: Казнувањето на власта што лошо управуваше е наша должност appeared first on Република.

]]>
Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-vredi-ke-go-odrzhi-zavrshniot-miting-vo-tetovo-grubi-da-ne-provotsira/ Thu, 02 May 2024 12:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=773427

Албанските коалиции „Европски фронт“ и „Вреди“ не се откажуваат од одржување на завршните митинзи во ист ден во Тетово.

Носителот на листа за пратеници во ИЕ6 од коалицијата „Вреди“, актуелниот градоначалник на Тетово – Билал Касами, денеска рече дека тие ќе го имаат завршниот митинг на 6 мај на плоштадот „Илирија“ во Тетово, посочувајќи дека имаат добиено одобрение од Општина Тетово.

Коалицијата `Вреди` ќе организира завршен митинг на 6 мај во Тетово. Согласно законот, коалицијата `Вреди` се обрати до Општина Тетово, како единствена институција одговорна за јавните простори, плоштадите и другите јавни простори и Општина Тетово има дадено позитивно мислење, односно одобрување за користење на плоштадот на 6 мај – рече Касами.

Според него, „Европски фронт“ предводен од ДУИ побарал дозвола од Општината откако веќе бил закажан завршниот митинг на „Вреди“ и посочи дека организаторите немаат обврска да ја информираат полицијата за организирање на вакви собири.

После тоа се обрати коалицијата на ДУИ, кои ги информиравме дека за тоа време плоштадот е веќе зафатен и даден е на друга организација, односно друга коалиција. Завршено е времето кога дозвола за организирање се земаше од полицијата, според законот и според Уставот ние сме европска држава и за организирање на вакви собири се информира само полицијата или ако се чита прецизно законот вика организаторот може да ја информира полицијата, значи никој од организаторите нема обврска да ја информира полицијата и не е полицијата таа која одлучува кој ќе организира митинзи – посочи Касами.

Тој го повика „Европскиот фронт“ да се повлече од одржување на завршниот митинг на 6 мај во Тетово, бидејќи според Касами, се работи за провокација на тетовчани од страна на Артан Груби.

Ја повикуваме коалицијата на ДУИ, го повикуваме лично Артан Груби да се повлече од оваа провокација на граѓаните, оваа провокација на тетовчани затоа што одговорот ќе го добие на 8 мај. Целата процедура е според законот и не може Артан Груби да кажува кој каде ќе организира митинзи – рече Касами.

The post Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира appeared first on Република.

]]>

Албанските коалиции „Европски фронт“ и „Вреди“ не се откажуваат од одржување на завршните митинзи во ист ден во Тетово. Носителот на листа за пратеници во ИЕ6 од коалицијата „Вреди“, актуелниот градоначалник на Тетово – Билал Касами, денеска рече дека тие ќе го имаат завршниот митинг на 6 мај на плоштадот „Илирија“ во Тетово, посочувајќи дека имаат добиено одобрение од Општина Тетово.
Коалицијата `Вреди` ќе организира завршен митинг на 6 мај во Тетово. Согласно законот, коалицијата `Вреди` се обрати до Општина Тетово, како единствена институција одговорна за јавните простори, плоштадите и другите јавни простори и Општина Тетово има дадено позитивно мислење, односно одобрување за користење на плоштадот на 6 мај – рече Касами.
Според него, „Европски фронт“ предводен од ДУИ побарал дозвола од Општината откако веќе бил закажан завршниот митинг на „Вреди“ и посочи дека организаторите немаат обврска да ја информираат полицијата за организирање на вакви собири.
После тоа се обрати коалицијата на ДУИ, кои ги информиравме дека за тоа време плоштадот е веќе зафатен и даден е на друга организација, односно друга коалиција. Завршено е времето кога дозвола за организирање се земаше од полицијата, според законот и според Уставот ние сме европска држава и за организирање на вакви собири се информира само полицијата или ако се чита прецизно законот вика организаторот може да ја информира полицијата, значи никој од организаторите нема обврска да ја информира полицијата и не е полицијата таа која одлучува кој ќе организира митинзи – посочи Касами.
Тој го повика „Европскиот фронт“ да се повлече од одржување на завршниот митинг на 6 мај во Тетово, бидејќи според Касами, се работи за провокација на тетовчани од страна на Артан Груби.
Ја повикуваме коалицијата на ДУИ, го повикуваме лично Артан Груби да се повлече од оваа провокација на граѓаните, оваа провокација на тетовчани затоа што одговорот ќе го добие на 8 мај. Целата процедура е според законот и не може Артан Груби да кажува кој каде ќе организира митинзи – рече Касами.

The post Касами: „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг во Тетово, Груби да не провоцира appeared first on Република.

]]>
Teтово ќе добие нов стадион https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/tetovo-ke-dobie-nov-stadion/ Fri, 12 Apr 2024 05:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=765177

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами денеска ќе го презентира новиот проект за Градскиот стадион.

Како што е најавено од општина Тетово, тој ќе информира за деталите за проектот и за почетокот на работите, за новиот проект за Градскиот стадион.

Ќе има и музички дел со настап на популарни албански музички уметници.

The post Teтово ќе добие нов стадион appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами денеска ќе го презентира новиот проект за Градскиот стадион. Како што е најавено од општина Тетово, тој ќе информира за деталите за проектот и за почетокот на работите, за новиот проект за Градскиот стадион. Ќе има и музички дел со настап на популарни албански музички уметници.

The post Teтово ќе добие нов стадион appeared first on Република.

]]>
Касами: Најмалку 10 години Албин Курти се грижи за интересите на Албанците во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-najmalku-10-godini-albin-kurti-se-grizhi-za-interesite-na-albantsite-vo-makedonija/ Wed, 14 Feb 2024 08:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=743866

Aлбин Курти 10 години се интересира за Албанците во Македонија рече лидерот на БЕСА и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами во „Клик Плус“ на ТВ21.

Не може да се каже дека Албин Курти сега се обидува да влијае на политиката на албанците во Македонија. Тој во континуитет веќе 10 години се грижи, се интересира за Албанците тука. Идејата е да се бориме против корупцијата за подобро утре за сите нас, тоа го интересира и Курти. Реално, нашите политики треба да бидат поблиски со политиките во Тирана, ние сме истиот народ, и во албанскиот устав стои дека тие треба да се грижат за албанците насекаде, но историски тоа ни беше оневозможено како што знаете. Албанците од Македонија сега се поблиску со соработката и политиката со Приштина, рече Касами.

The post Касами: Најмалку 10 години Албин Курти се грижи за интересите на Албанците во Македонија appeared first on Република.

Kaсами бара промена на химната и знамето, во нив да ги имало и Албанците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-bara-promena-na-himnata-i-znameto-vo-niv-da-gi-imalo-i-albantsite/ Fri, 10 Nov 2023 21:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=700420

Движењето БЕСА е за што поскоро одржување на парламентарните избори, рече вечерва нејзиниот лидер и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Според него, во коалицијата „Европски сојуз за промени“ каде покрај БЕСА се и Алтернатива и Демократско движење, се разговара за претседателски кандидат на државата, но се уште не се спомнува конкретен предлог, ниту нечие име.

Како што истакна Касами во вечерашното гостување на ТВ Сител, гласачите и членството на Алијанса за Албанците (АА) се определени како опозиција и сакаат да бидат дел од промените на претстојните избори. Останува уште, нагласи Кaсами, раководството на оваа партија конечно да ги слушне своите структури. На АА е, додаде, да одлучи дали ќе оди на изборите како опозиција или ќе ја поддржи ДУИ. Во првиот случај може да даде сериозен придонес, а во вториот, рече, ќе остане сама. Во секој случај, оцени лидерот на БЕСА, тоа што АА „им служи на ДУИ и на Владата, е на нејзина штета“.

Касами се осврна и на химната. Потенцира дека е многу важно таа да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.

-Бараме што побрзи избори. И последниот извштај на Европската комисија е дополнителен доказ дека се потребни што побрзи избори. Оваа Влада навлезе длабоко во коруптивни процеси и не ја интерсира ЕУ. Цениме дека што побрзи избори би биле спас за државата и за евроинтеграцискиот процес. За претседателски кандидат уште не сме одлучиле. За име разговараме, имаме неколку опции, но тоа е и во духот на нашето соединување како три опозициски партии на Албанците. Изборот на потенцијалните кандидати ќе биде во правец на тоа што го имаме зацртано како определба и програмска понуда за следните избори. Внимателни сме во тој дел и покажуваме дека како три партии и лидери немаме индивидуални барања или претензии за некој од нас да биде претседателски кандидат. Тоа ќе биде уште една отворена врата за да придобиеме некоја политичка партија која би сакала да се приклучи на идејата за промени, конечно по 20 години кај Албанците, која е поголема од индивидуалните барања и претензии на кој било од нас. Целта е да се добијат изборите и да дојдат промени за подобро и кај Албанците и во опшптеството генерално, објасни Касами.

Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.

-Но, верувам и тоа е реалноста. Се додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на нив, Албанците не може да се чувствуваат комотно и тоа не го кажувам прв пат. За Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од неа. Не сме против тоа што химната се однесува на Македонците, туку би требало да се однесува и на Албанците. Ние бараме не само химната, туку сите симболи на државата да ја рефлектираат реалноста. Знамето е класичен пример, иако според мене е неутрално во однос на етникумите, но поради процесот како беше донесено, наметнато во преговорите со Грција, има отпор кај другите етникуми за негово користење како државно. Ако сите треба да ги почитуваме симболите, тогаш државата треба да ги почитува своите граѓани и да го рефлетира мултиетничкиот карактер. Ова сум го кажал јавно како опозиција, но утре кога би бил дел од некоја комбинација, би сакал да седнеме и сериозно да разговараме за овие ситуации полека, јавно и искрено, без позадина, за сите етнички заденици државата да ја чувствуваат како своја и да придонесат за неа.

Како што напомена Касами, „се додека химната се однесува на Македонците како етничка заедница, а не на граѓаните, Албанците, Турците, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна“.

-Сакам тоа да е решено со закон. Има две можности: или државната химна и другите симболи да ја рефлетираат реалноста или, ако се интонира химната која Македонците ја чувствуваат како своја, тогаш во општините каде мнозинство се Албанците, да се инторнира химна која Албанците ја чувствуават како своја, објасни лидерот на БЕСА

The post Kaсами бара промена на химната и знамето, во нив да ги имало и Албанците appeared first on Република.

]]>

Движењето БЕСА е за што поскоро одржување на парламентарните избори, рече вечерва нејзиниот лидер и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Според него, во коалицијата „Европски сојуз за промени“ каде покрај БЕСА се и Алтернатива и Демократско движење, се разговара за претседателски кандидат на државата, но се уште не се спомнува конкретен предлог, ниту нечие име. Како што истакна Касами во вечерашното гостување на ТВ Сител, гласачите и членството на Алијанса за Албанците (АА) се определени како опозиција и сакаат да бидат дел од промените на претстојните избори. Останува уште, нагласи Кaсами, раководството на оваа партија конечно да ги слушне своите структури. На АА е, додаде, да одлучи дали ќе оди на изборите како опозиција или ќе ја поддржи ДУИ. Во првиот случај може да даде сериозен придонес, а во вториот, рече, ќе остане сама. Во секој случај, оцени лидерот на БЕСА, тоа што АА „им служи на ДУИ и на Владата, е на нејзина штета“. Касами се осврна и на химната. Потенцира дека е многу важно таа да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.
-Бараме што побрзи избори. И последниот извштај на Европската комисија е дополнителен доказ дека се потребни што побрзи избори. Оваа Влада навлезе длабоко во коруптивни процеси и не ја интерсира ЕУ. Цениме дека што побрзи избори би биле спас за државата и за евроинтеграцискиот процес. За претседателски кандидат уште не сме одлучиле. За име разговараме, имаме неколку опции, но тоа е и во духот на нашето соединување како три опозициски партии на Албанците. Изборот на потенцијалните кандидати ќе биде во правец на тоа што го имаме зацртано како определба и програмска понуда за следните избори. Внимателни сме во тој дел и покажуваме дека како три партии и лидери немаме индивидуални барања или претензии за некој од нас да биде претседателски кандидат. Тоа ќе биде уште една отворена врата за да придобиеме некоја политичка партија која би сакала да се приклучи на идејата за промени, конечно по 20 години кај Албанците, која е поголема од индивидуалните барања и претензии на кој било од нас. Целта е да се добијат изборите и да дојдат промени за подобро и кај Албанците и во опшптеството генерално, објасни Касами.
Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.
-Но, верувам и тоа е реалноста. Се додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на нив, Албанците не може да се чувствуваат комотно и тоа не го кажувам прв пат. За Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од неа. Не сме против тоа што химната се однесува на Македонците, туку би требало да се однесува и на Албанците. Ние бараме не само химната, туку сите симболи на државата да ја рефлектираат реалноста. Знамето е класичен пример, иако според мене е неутрално во однос на етникумите, но поради процесот како беше донесено, наметнато во преговорите со Грција, има отпор кај другите етникуми за негово користење како државно. Ако сите треба да ги почитуваме симболите, тогаш државата треба да ги почитува своите граѓани и да го рефлетира мултиетничкиот карактер. Ова сум го кажал јавно како опозиција, но утре кога би бил дел од некоја комбинација, би сакал да седнеме и сериозно да разговараме за овие ситуации полека, јавно и искрено, без позадина, за сите етнички заденици државата да ја чувствуваат како своја и да придонесат за неа.
Како што напомена Касами, „се додека химната се однесува на Македонците како етничка заедница, а не на граѓаните, Албанците, Турците, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна“.
-Сакам тоа да е решено со закон. Има две можности: или државната химна и другите симболи да ја рефлетираат реалноста или, ако се интонира химната која Македонците ја чувствуваат како своја, тогаш во општините каде мнозинство се Албанците, да се инторнира химна која Албанците ја чувствуават како своја, објасни лидерот на БЕСА

The post Kaсами бара промена на химната и знамето, во нив да ги имало и Албанците appeared first on Република.

]]>
Касами: Ако во училиштата се пее македонската химна, ќе мора да се пее и албанската! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-ako-vo-uchilishtata-se-pee-makedonskata-himna-ke-mora-da-se-pee-i-albanskata/ Fri, 27 Oct 2023 08:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=695439

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами истакна дека, ако се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна, објави ТВ 21.

Тоа е политичко прашање. Како градоначалник можам да кажам дека ќе ги почитуваме законите и Уставот, но во исто време мора да ја почитуваме и различноста. Во овој случај, ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, сигурно дека ќе мора да се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етничка припадност, ќе мора да се пее и албанската химна - рече Касами.

Во некои скопски општини, за почеток во Аеродром, а потоа во Гази Баба и други, секој прв понеделник во месецот, наставата започнува со интонирање на државната химна на Македонија.

The post Касами: Ако во училиштата се пее македонската химна, ќе мора да се пее и албанската! appeared first on Република.

Kaсами откри дека Израел ја нападна болницата во Газа и бара истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-otkri-deka-izrael-ja-napadna-bolnitsata-vo-gaza-i-bara-istraga/ Wed, 18 Oct 2023 07:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=692379

Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами го осуди, како што вели, нападот на Израел врз болница во Појасот Газа израмнувајќи го тоа со геноцид и со барање за меѓународна истрага.

The post Kaсами откри дека Израел ја нападна болницата во Газа и бара истрага appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами го осуди, како што вели, нападот на Израел врз болница во Појасот Газа израмнувајќи го тоа со геноцид и со барање за меѓународна истрага. Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами го осуди, како што вели, нападот на Израел врз болница во Појасот Газа израмнувајќи го тоа со геноцид и со барање за меѓународна истрага.