бил козби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bil-kozbi/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Jun 2023 12:49:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бил козби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bil-kozbi/ 32 32 Уште девет жени го обвинија Бил Козби за силување https://arhiva3.republika.mk/scena/ushte-devet-zheni-go-obvinija-bil-kozbi-za-siluvane/ Thu, 15 Jun 2023 12:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=651743

Уште 9 жени го обвинија славниот комичар Бил Козби за сексуален напад во тужба, во која се тврди дека ја искористил својата огромна моќ, слава и престиж за да ги направи жртви.

Во тужбата, поднесена до федералниот суд во Невада, се наведува дека жените биле дрогирани и нападнати помеѓу 1979 и 1992 година во домови, соблекувални и хотели во Лас Вегас, Рено и езерото Тахо. Една жена тврди дека Козби ја намамил од Њујорк во Невада, каде што ја дрогирал со, нешто за што тврдел дека е безалкохолна газирана сода во хотелска соба, а потоа ја силувал.

Повеќе од 60 жени го обвинија Козби за силување, сексуален напад и сексуално вознемирување. Тој ги отфрли сите обвиненија поврзани со сексуални злосторства. Тој беше првата славна личност која беше осудена во ерата #MeToo и помина речиси три години во затвор во близина на Филаделфија пред високиот суд да ја поништи неговата пресуда и да го ослободи во 2021 година.

На почетокот на оваа година, поротата во Лос Анџелес додели 500.000 долари на жена која рече дека Козби сексуално ја нападнал во замокот Плејбој кога имала 16 години во 1975 година.

Тужбата во Невада доаѓа само неколку недели откако гувернерот Џо Ломбардо го потпиша законот со кој завршува двегодишниот рок за возрасните да поднесуваат тужби за сексуален напад. Една од тужителите, Лиз-Лот Лублин, родена во Невада, се залагаше за промена. Таа претходно тврдеше дека Козби и давал пијачки и дека ја силувал во хотел во Лас Вегас во 1989 година.

„Со години се борев за преживеаните од сексуален напад и денес е првпат да можам да се борам за себе“, изјави Лоте-Лублин. „Со новата промена во законот, сега имам можност да го изведам Бил Козби пред лицето на правдата. Моето патување само што започна, но благодарна сум за оваа можност да ја најдам правдата“, заклучи таа.

The post Уште девет жени го обвинија Бил Козби за силување appeared first on Република.

]]>

Уште 9 жени го обвинија славниот комичар Бил Козби за сексуален напад во тужба, во која се тврди дека ја искористил својата огромна моќ, слава и престиж за да ги направи жртви. Во тужбата, поднесена до федералниот суд во Невада, се наведува дека жените биле дрогирани и нападнати помеѓу 1979 и 1992 година во домови, соблекувални и хотели во Лас Вегас, Рено и езерото Тахо. Една жена тврди дека Козби ја намамил од Њујорк во Невада, каде што ја дрогирал со, нешто за што тврдел дека е безалкохолна газирана сода во хотелска соба, а потоа ја силувал. Повеќе од 60 жени го обвинија Козби за силување, сексуален напад и сексуално вознемирување. Тој ги отфрли сите обвиненија поврзани со сексуални злосторства. Тој беше првата славна личност која беше осудена во ерата #MeToo и помина речиси три години во затвор во близина на Филаделфија пред високиот суд да ја поништи неговата пресуда и да го ослободи во 2021 година. На почетокот на оваа година, поротата во Лос Анџелес додели 500.000 долари на жена која рече дека Козби сексуално ја нападнал во замокот Плејбој кога имала 16 години во 1975 година. Тужбата во Невада доаѓа само неколку недели откако гувернерот Џо Ломбардо го потпиша законот со кој завршува двегодишниот рок за возрасните да поднесуваат тужби за сексуален напад. Една од тужителите, Лиз-Лот Лублин, родена во Невада, се залагаше за промена. Таа претходно тврдеше дека Козби и давал пијачки и дека ја силувал во хотел во Лас Вегас во 1989 година.
„Со години се борев за преживеаните од сексуален напад и денес е првпат да можам да се борам за себе“, изјави Лоте-Лублин. „Со новата промена во законот, сега имам можност да го изведам Бил Козби пред лицето на правдата. Моето патување само што започна, но благодарна сум за оваа можност да ја најдам правдата“, заклучи таа.

The post Уште девет жени го обвинија Бил Козби за силување appeared first on Република.

]]>
Поранешна моделка го тужи Бил Козби за дрогирање и силување https://arhiva3.republika.mk/scena/film/poraneshna-modelka-go-tuzhi-bil-kozbi-za-drogirane-i-siluvane/ Fri, 02 Jun 2023 15:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=647179

Познатиот американски комичар Бил Козби се соочува со нова тужба, овој пат од поранешната Плејбој зајачица Викторија Валентино, пишува „Си-ен-ен“.

Валентино (80) тврди дека Козби ја дрогирал и силувал во 1969 година. Поранешната манекенка и претходно зборуваше за нејзините обвинувања против комичарот, па дури и се појави на неговата пресуда пред две години.

Тужбата беше поднесена вчера во Врховниот суд во Лос Анџелес. Тоа уследи по Законот за сексуално вознемирување и прикривање на Калифорнија, кој стапи на сила претходно оваа година.

Законот привремено го продолжува статутот на застареност на полнолетните лица кои преживеале сексуален напад.

The post Поранешна моделка го тужи Бил Козби за дрогирање и силување appeared first on Република.

]]>

Познатиот американски комичар Бил Козби се соочува со нова тужба, овој пат од поранешната Плејбој зајачица Викторија Валентино, пишува „Си-ен-ен“. Валентино (80) тврди дека Козби ја дрогирал и силувал во 1969 година. Поранешната манекенка и претходно зборуваше за нејзините обвинувања против комичарот, па дури и се појави на неговата пресуда пред две години. Тужбата беше поднесена вчера во Врховниот суд во Лос Анџелес. Тоа уследи по Законот за сексуално вознемирување и прикривање на Калифорнија, кој стапи на сила претходно оваа година. Законот привремено го продолжува статутот на застареност на полнолетните лица кои преживеале сексуален напад.

The post Поранешна моделка го тужи Бил Козби за дрогирање и силување appeared first on Република.

]]>
Бил Козби ќе поднесе жалба на паричната казна за силување https://arhiva3.republika.mk/scena/film/bil-kozbi-kje-podnese-zalba-na-parichnata-kazna-za-siluvanje/ Thu, 23 Jun 2022 06:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=518697

Американскиот актер-ветеран Бил Козби ќе поднесе жалба на пресудата со која е осуден да ѝ плати 500.000 долари на жена која го обвини дека била силувана пред пет децении.

Глумецот, некогаш познат како „Таткото на Америка“, е обвинет за сексуално злоставување на десетици жени. Обвиненијата се однесуваат на случаи од последниве неколку децении. Откако единствената пресуда на Козби беше поништена поради правни пропусти, граѓанскиот случај што заврши со парична казна, е единствената пресуда против Козби. Неговиот гласноговорник Ендрју Вајат изјави дека случајот ќе биде „неверојатна победа“ за Козби и нагласи дека актерот ќе поднесе жалба.

Двонеделната граѓанска тужба истражува дали Козби се сретнал со тужителката Џуди Хат и нејзиниот тогаш 17-годишен пријател на снимање во средината на 1970-тите. Според обвинувањата, Козби ги дрогирал и ги однел во „Плејбој-замокот“ на Хју Хефнер, каде што ја силувал тогаш 16-годишната Хат.

Тужителката поднела граѓанска тужба според законот во Калифорнија, што им дозволува на возрасните кои ги потиснувале сеќавањата на сексуалните напади како деца да преземат правна постапка и повеќе години по инцидентот. Хат има 64 години.

Бил Козби (84) е (не)славна фигура во американската популарна култура од 20 век, а покрај бројните секс-скандали, можеби е најпознат и со своето „Козби шоу“, како и повеќе други филмски и ТВ-проекти.

Обвиненијата против него почнаа овој, 21. век. Повеќе од 60 жени, од кои повеќето поранешни амбициозни глумици и модели, јавно го обвинија Козби за сексуален напад, вознемирување и силувања со помош на психотропни супстанции.

The post Бил Козби ќе поднесе жалба на паричната казна за силување appeared first on Република.

]]>

Американскиот актер-ветеран Бил Козби ќе поднесе жалба на пресудата со која е осуден да ѝ плати 500.000 долари на жена која го обвини дека била силувана пред пет децении. Глумецот, некогаш познат како „Таткото на Америка“, е обвинет за сексуално злоставување на десетици жени. Обвиненијата се однесуваат на случаи од последниве неколку децении. Откако единствената пресуда на Козби беше поништена поради правни пропусти, граѓанскиот случај што заврши со парична казна, е единствената пресуда против Козби. Неговиот гласноговорник Ендрју Вајат изјави дека случајот ќе биде „неверојатна победа“ за Козби и нагласи дека актерот ќе поднесе жалба. Двонеделната граѓанска тужба истражува дали Козби се сретнал со тужителката Џуди Хат и нејзиниот тогаш 17-годишен пријател на снимање во средината на 1970-тите. Според обвинувањата, Козби ги дрогирал и ги однел во „Плејбој-замокот“ на Хју Хефнер, каде што ја силувал тогаш 16-годишната Хат. Тужителката поднела граѓанска тужба според законот во Калифорнија, што им дозволува на возрасните кои ги потиснувале сеќавањата на сексуалните напади како деца да преземат правна постапка и повеќе години по инцидентот. Хат има 64 години. Бил Козби (84) е (не)славна фигура во американската популарна култура од 20 век, а покрај бројните секс-скандали, можеби е најпознат и со своето „Козби шоу“, како и повеќе други филмски и ТВ-проекти. Обвиненијата против него почнаа овој, 21. век. Повеќе од 60 жени, од кои повеќето поранешни амбициозни глумици и модели, јавно го обвинија Козби за сексуален напад, вознемирување и силувања со помош на психотропни супстанции.

The post Бил Козби ќе поднесе жалба на паричната казна за силување appeared first on Република.

]]>
Бил Козби виновен за сексуален напад https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bil-kozbi-vinoven-za-seksualen-napad/ Wed, 22 Jun 2022 06:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=518267

Судските власти во американската сојузна држава Калифорнија, во граѓанска тужба, пресуди дека познатиот глумец Бил Козби сексуално ја нападнал Џуди Хат, во вилата „Плејбој“ во Лос Анџелес во 1975 година, кога била тинејџерка. Судот му наложи на глумецот-комичар и да ѝ плати 500.000 долари отштета за душевна болка по немилиот настан.

Џуди Хат сведочеше дека Козби (84) ја поканил неа и еден пријател во вилата кога таа имала 16, а тој 37 години, па ја принудил на секс.

Пресудата е донесена речиси една година по ослободувањето на глумецот од затвор, кога Врховниот суд на Пенсилванија ја отфрли пресудата за сексуален напад во друг кривичен случај, поради правни пропусти.

Американскиот актер, кој лично не се појави на судењето, ги отфрли наводите од обвинението. Против оваа пресуда неговата одбрана ќе поднесе жалба, изјави гласноговорникот на Козби.

Бил Козби е можеби најпознат по улогата во семејната комична ТВ-серија „Козби шоу“ од 1980-тите, а некогаш беше познат како „таткото на Америка“ и национален пример за татковски и семеен морал и етика. Во 21. век, тој се соочи со десетици обвиненија за сексуални напади, недолично однесување и силувања кои почнале уште во 1960-тите, а се спротивни од дотогашните претстави за него.

 

The post Бил Козби виновен за сексуален напад appeared first on Република.

]]>

Судските власти во американската сојузна држава Калифорнија, во граѓанска тужба, пресуди дека познатиот глумец Бил Козби сексуално ја нападнал Џуди Хат, во вилата „Плејбој“ во Лос Анџелес во 1975 година, кога била тинејџерка. Судот му наложи на глумецот-комичар и да ѝ плати 500.000 долари отштета за душевна болка по немилиот настан. Џуди Хат сведочеше дека Козби (84) ја поканил неа и еден пријател во вилата кога таа имала 16, а тој 37 години, па ја принудил на секс. Пресудата е донесена речиси една година по ослободувањето на глумецот од затвор, кога Врховниот суд на Пенсилванија ја отфрли пресудата за сексуален напад во друг кривичен случај, поради правни пропусти. Американскиот актер, кој лично не се појави на судењето, ги отфрли наводите од обвинението. Против оваа пресуда неговата одбрана ќе поднесе жалба, изјави гласноговорникот на Козби. Бил Козби е можеби најпознат по улогата во семејната комична ТВ-серија „Козби шоу“ од 1980-тите, а некогаш беше познат како „таткото на Америка“ и национален пример за татковски и семеен морал и етика. Во 21. век, тој се соочи со десетици обвиненија за сексуални напади, недолично однесување и силувања кои почнале уште во 1960-тите, а се спротивни од дотогашните претстави за него.  

The post Бил Козби виновен за сексуален напад appeared first on Република.

]]>