БИХ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bih/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 10:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png БИХ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bih/ 32 32 „Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koka-kola-fanta-i-sprajt-povlecheni-od-pazarot-vo-bih/ Fri, 01 Nov 2024 10:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=833053

Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина ја извести јавноста дека безалкохолните пијалаци од Австрија се испорачани на пазарот во БиХ и се повлекуваат поради сомневање дека содржат парчиња метал.

Станува збор за производите „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, а сите производи се во пластична амбалажа од 0,5 литри, објави Kliх.ba.

Предупредувањето се однесува на пратките помеѓу 4 февруари 2025 година и 4 декември 2025 година, со шифра „ВП“ под датумот.

Увозници во Босна и Херцеговина се COSMO Celic d.o.o. и Pam Consulting d.o.o.

The post „Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ appeared first on Република.

]]>

Тинејџер на „Тик ток“ повикувал да се убиваат полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tinejdher-na-tik-tok-povikuval-da-se-ubivaat-politsajtsi/ Fri, 01 Nov 2024 10:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=833029

Полициски службеници на Федералната полициска управа вчера под надзор на Обвинителството на Босна и Херцеговина го идентификуваа лицето кое во изминатиот период преку социјалните мрежи „Тик ток“ и „Фејсбук“ објавуваше различни содржини, меѓу кои имаше повици за убиство на полицајци, јавуваат локалните медиуми.

Лицето е кривично процесуирано во просториите на Федералната полициска управа во Сараево, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело, соопштија од полицијата.

Станува збор за Осман Малагиќ, роден 1996 година, со живеалиште во Сараево, пишуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

The post Тинејџер на „Тик ток“ повикувал да се убиваат полицајци appeared first on Република.

Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mnogu-oruzhje-i-dokumenti-na-arapski-zapleneti-po-apseneto-na-osum-litsa-povrzani-so-tinejdherot-koj-ubi-politsaets-vo-bih/ Sat, 26 Oct 2024 18:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=831313

Осум лица се уапсени синоќа во Босанска Крупа и Бихаќ, БиХ, во рамки на акцијата поврзана со терористичкиот напад во кој загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет неговиот колега Авдо Хасановиќ. Информацијата за апсењето за порталот „Аваз“ ја потврди полицијата.

Кај уаспените е пронајдено големо количество оружје, одземени се централни единици, паметни телефони, лаптопи, преносни компјутери, пари, УСБ и поголема количина хартија со текстови на арапски јазик.

Апсењата доаѓаат по нападот кој 15-годишник го изврши во полициска станица во Босанска Крупа, каде со нож уби еден, а рани друг полицаец. Нападот е прогласен за терористички напад, имајќи предвид дека малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик.

https://republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-zakla-politsaets-vo-bih/

Како што тврди извор од истрагата за босанските медиуми, напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често бил виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

The post Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>

Осум лица се уапсени синоќа во Босанска Крупа и Бихаќ, БиХ, во рамки на акцијата поврзана со терористичкиот напад во кој загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет неговиот колега Авдо Хасановиќ. Информацијата за апсењето за порталот „Аваз“ ја потврди полицијата. Кај уаспените е пронајдено големо количество оружје, одземени се централни единици, паметни телефони, лаптопи, преносни компјутери, пари, УСБ и поголема количина хартија со текстови на арапски јазик. Апсењата доаѓаат по нападот кој 15-годишник го изврши во полициска станица во Босанска Крупа, каде со нож уби еден, а рани друг полицаец. Нападот е прогласен за терористички напад, имајќи предвид дека малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик. https://republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-zakla-politsaets-vo-bih/ Како што тврди извор од истрагата за босанските медиуми, напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често бил виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

The post Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>
15-годишник закла полицаец во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-zakla-politsaets-vo-bih/ Fri, 25 Oct 2024 05:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=830716

Малолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон.

Тој синоќа ја нападна полициската станица во Босанска Крупа, каде уби полицаец од Босански Нови и рани полицаец од Босанска Крупа. Нападот го извршил со ладно оружје, прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа интервенирал повредениот полицаец.

https://youtu.be/PKW7fSlSNuQ?si=8J1KWYCVXPRoSbnt

Малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик, тврди за АТВ извор близок до истрагата.

По убиството на полицаецот, истражителите пронајдоа пораки во кои напаѓачот Елмир С. изјавил дека причините за нападот на полицијата се 'поддршка на ционистите, желбата за Европската унија, убиства на невини муслимани и убиство на шеикот Јусуф Барчиќ' (лидер и основач на движењето салафи во БиХ, кој загина во сообраќајна несреќа во Тузла во 2007 година), изјави изворот за АТВ.

Истиот извор наведува дека напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често е виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа.

Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

Како што е прецизирано, на фотографијата во позадина на профилот стои знамето на бригадата „Абдула Азам“, односно милитантна група која е дел од Ал Каеда во Либан.

На улиците на Босанска Крупа во текот на ноќта беа присутни голем број припадници на специјалната полиција, униформирана полиција, како и инспектори на МУП УСК.

The post 15-годишник закла полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>

Малолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон. Тој синоќа ја нападна полициската станица во Босанска Крупа, каде уби полицаец од Босански Нови и рани полицаец од Босанска Крупа. Нападот го извршил со ладно оружје, прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа интервенирал повредениот полицаец. https://youtu.be/PKW7fSlSNuQ?si=8J1KWYCVXPRoSbnt Малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик, тврди за АТВ извор близок до истрагата.
По убиството на полицаецот, истражителите пронајдоа пораки во кои напаѓачот Елмир С. изјавил дека причините за нападот на полицијата се 'поддршка на ционистите, желбата за Европската унија, убиства на невини муслимани и убиство на шеикот Јусуф Барчиќ' (лидер и основач на движењето салафи во БиХ, кој загина во сообраќајна несреќа во Тузла во 2007 година), изјави изворот за АТВ.
Истиот извор наведува дека напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често е виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ. Како што е прецизирано, на фотографијата во позадина на профилот стои знамето на бригадата „Абдула Азам“, односно милитантна група која е дел од Ал Каеда во Либан. На улиците на Босанска Крупа во текот на ноќта беа присутни голем број припадници на специјалната полиција, униформирана полиција, како и инспектори на МУП УСК.

The post 15-годишник закла полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>
Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pukane-vo-sredno-uchilishte-vo-saraevo-ranet-uchenik/ Thu, 24 Oct 2024 08:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=830422

Утрово во 8 часот во дворот на Средното металуршко училиште во Сараево е повреден ученик.

Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на полицијата.

Се утврдува степенот на повреди на повредениот малолетник, а другиот малолетник е под контрола на полициски службеници.

„На повредениот малолетник констатирана му е полесна физичка повреда“, додаде Новалиќ.

The post Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик appeared first on Република.

Повторно пријави за бомби во училиштата во БиХ – учениците евакуирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povtorno-prijavi-za-bombi-vo-uchilishtata-vo-bih-uchenitsite-evakuirani/ Fri, 18 Oct 2024 09:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=828380

Католичкиот училишен центар во Зеница беше евакуиран откако училишната управа доби закана за бомба. Заканите што доведоа до хаос во училиштата во Сараево, се проширија и надвор од главниот град на Босна и Херцеговина.

Портпаролот на полицијата на Зеничко-добојската жупанија Самир Валентиќ потврди дека информацијата за поставената бомба стигнала нешто по осум часот.

„После тоа, полицајците ги евакуирале сите ученици и започнале антидиверзантска увид“, изјави Валентиќ.

Речиси во исто време, закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, па морале да ја прекинат наставата и таму, а учениците биле евакуирани.

Претходно оваа недела, сараевската полиција идентификуваше и приведе тројца малолетници за кои беше откриено дека испраќале закани до училиштата.

Еден од нив, како што е откриено во текот на истрагата, дури 49 пати испратил закани за бомба по електронска пошта.

По кривичната постапка, тој е предаден на Обвинителството на жупанија Сараево. Потоа обвинителот му предложи на судијата за малолетници на Општинскиот суд во Сараево да му одреди едномесечен притвор поради сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

The post Повторно пријави за бомби во училиштата во БиХ – учениците евакуирани appeared first on Република.

]]>

Католичкиот училишен центар во Зеница беше евакуиран откако училишната управа доби закана за бомба. Заканите што доведоа до хаос во училиштата во Сараево, се проширија и надвор од главниот град на Босна и Херцеговина. Портпаролот на полицијата на Зеничко-добојската жупанија Самир Валентиќ потврди дека информацијата за поставената бомба стигнала нешто по осум часот. „После тоа, полицајците ги евакуирале сите ученици и започнале антидиверзантска увид“, изјави Валентиќ. Речиси во исто време, закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, па морале да ја прекинат наставата и таму, а учениците биле евакуирани. Претходно оваа недела, сараевската полиција идентификуваше и приведе тројца малолетници за кои беше откриено дека испраќале закани до училиштата. Еден од нив, како што е откриено во текот на истрагата, дури 49 пати испратил закани за бомба по електронска пошта. По кривичната постапка, тој е предаден на Обвинителството на жупанија Сараево. Потоа обвинителот му предложи на судијата за малолетници на Општинскиот суд во Сараево да му одреди едномесечен притвор поради сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

The post Повторно пријави за бомби во училиштата во БиХ – учениците евакуирани appeared first on Република.

]]>
Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojtsa-maloletnitsi-uapseni-vo-bih-poradi-zakani-za-bombi-vo-uchilishtata-2/ Wed, 16 Oct 2024 08:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=827469

Сараевската полиција денеска потврди апсење на двајца малолетници кои упатиле закани со бомби во училиштата, а за ова претходно е приведен уште еден малолетник, но заканите со бомби продолжуваат да пристигнуваат, што ја отежнува наставата, а родителите на учениците бараат поодлучни мерки на заштита.

Како што соопштија денеска од МУП на Сараевската жупанија, малолетниците се осомничени дека вчера и претходно лажно пријавиле постоење на експлозивни направи во средни училишта и други објекти во кантонот Сараево.

-Мешовит тим составен од полициски службеници од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, експерти за кибер безбедност од Федералната полициска управа и кои дејствуваат под надзор на окружното обвинителство продолжува интензивно да работи на овие случаи, соопшти полицијата, додавајќи дека им помага и Разузнавачката служба во идентификувањето на лицата кои испраќаат закани - Агенција за безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).

На почетокот на неделата беше идентификуван и уапсен уште еден малолетник за кој со истрагата беше утврдено дека е автор на десетици закани упатени до училиштата. Утврдено е дека тој упатувал закани дури 40 пати.

Детали за идентитетот не се објавени поради законските одредби кои ги штитат малолетниците во вакви случаи, а од обвинителството најавија дека по 24-часовен притвор ќе одлучуваат за натамошниот тек на постапката.

Училишниот систем во Сараево веќе две недели пропаѓа поради секојдневните закани со бомби, па наставата мора да се прекинува секој ден во некои од училиштата, а противдиверзантските полициски екипи потоа поминуваат часови во увид во училишните објекти.

Досега во ниту еден случај не се пронајдени експлозивни направи, но училиштата се обврзани да ги почитуваат пропишаните протоколи кои ги обврзуваат да ги евакуираат училишните простории по добиените закани.

Претходно беше потврдено дека сите досегашни закани пристигнале по електронска пошта.

Родителите се вознемирени и бараат ефикасна заштита за своите деца, особено оние во основните училишта кои не можат само да ја напуштат наставата и да излезат на улица.

Владата на Сараевската жупанија нареди МУП да биде максимално вклучен во вакви случаи.

За лажна дојава за поставена бомба, казната е до три години затвор.

The post Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>

Сараевската полиција денеска потврди апсење на двајца малолетници кои упатиле закани со бомби во училиштата, а за ова претходно е приведен уште еден малолетник, но заканите со бомби продолжуваат да пристигнуваат, што ја отежнува наставата, а родителите на учениците бараат поодлучни мерки на заштита. Како што соопштија денеска од МУП на Сараевската жупанија, малолетниците се осомничени дека вчера и претходно лажно пријавиле постоење на експлозивни направи во средни училишта и други објекти во кантонот Сараево. -Мешовит тим составен од полициски службеници од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, експерти за кибер безбедност од Федералната полициска управа и кои дејствуваат под надзор на окружното обвинителство продолжува интензивно да работи на овие случаи, соопшти полицијата, додавајќи дека им помага и Разузнавачката служба во идентификувањето на лицата кои испраќаат закани - Агенција за безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА). На почетокот на неделата беше идентификуван и уапсен уште еден малолетник за кој со истрагата беше утврдено дека е автор на десетици закани упатени до училиштата. Утврдено е дека тој упатувал закани дури 40 пати. Детали за идентитетот не се објавени поради законските одредби кои ги штитат малолетниците во вакви случаи, а од обвинителството најавија дека по 24-часовен притвор ќе одлучуваат за натамошниот тек на постапката. Училишниот систем во Сараево веќе две недели пропаѓа поради секојдневните закани со бомби, па наставата мора да се прекинува секој ден во некои од училиштата, а противдиверзантските полициски екипи потоа поминуваат часови во увид во училишните објекти. Досега во ниту еден случај не се пронајдени експлозивни направи, но училиштата се обврзани да ги почитуваат пропишаните протоколи кои ги обврзуваат да ги евакуираат училишните простории по добиените закани. Претходно беше потврдено дека сите досегашни закани пристигнале по електронска пошта. Родителите се вознемирени и бараат ефикасна заштита за своите деца, особено оние во основните училишта кои не можат само да ја напуштат наставата и да излезат на улица. Владата на Сараевската жупанија нареди МУП да биде максимално вклучен во вакви случаи. За лажна дојава за поставена бомба, казната е до три години затвор.

The post Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>
Тројца малолетници уапсени во БиХ поради закани за бомби во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojtsa-maloletnitsi-uapseni-vo-bih-poradi-zakani-za-bombi-vo-uchilishtata/ Wed, 16 Oct 2024 08:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=827471

Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdena-poslednata-19-ta-zhrtva-od-poplavite-vo-bih/ Mon, 14 Oct 2024 15:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=826738

Пронајдено е телото на последната жртва во селото Доња Јабланица од деветнаесет по кои се трагаше во последните десет дена откако северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна го зафатија катастрофални поплави проследени со одрони од карпи.

Телото на починато лице е пронајдено во основата на хидроцентралата Грабовица на реката Неретва“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар.

Станува збор за жител на селото Доње Јабланица, кој загинал заедно со уште 17 лица, главно како последица од поплавата и падот на карпите од блискиот каменолом, кој паднал врз селото.

Уште едно лице загина во селото Злате, со што вкупниот број на жртви во Јабланица се искачи на 19. Во Коњиц се удавија четири лица, а таму се трага по телото на уште една жртва. Вкупниот број на загинати во поплавите и одроните во Босна и Херцеговина досега е 26 лица.

За утре е најавен колективно испраќање, погреб за сите загинати во Јабланица.

The post Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ appeared first on Република.

]]>

Пронајдено е телото на последната жртва во селото Доња Јабланица од деветнаесет по кои се трагаше во последните десет дена откако северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна го зафатија катастрофални поплави проследени со одрони од карпи.
Телото на починато лице е пронајдено во основата на хидроцентралата Грабовица на реката Неретва“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар.
Станува збор за жител на селото Доње Јабланица, кој загинал заедно со уште 17 лица, главно како последица од поплавата и падот на карпите од блискиот каменолом, кој паднал врз селото. Уште едно лице загина во селото Злате, со што вкупниот број на жртви во Јабланица се искачи на 19. Во Коњиц се удавија четири лица, а таму се трага по телото на уште една жртва. Вкупниот број на загинати во поплавите и одроните во Босна и Херцеговина досега е 26 лица. За утре е најавен колективно испраќање, погреб за сите загинати во Јабланица.

The post Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ appeared first on Република.

]]>
Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-bih-pronajdena-ushte-edna-zhrtva-od-poplavite-brojot-na-zaginati-se-iskachi-na-24/ Sat, 12 Oct 2024 13:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=825906

Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) се искачи на 21.

Покрај 21 загинато лице во ХНК, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите.

Градоначалникот на Коњиц, Осман Ќатиќ, за сараевски „Аваз“ потврди дека 21-та жртва во ХНК е пронајдена во Бутуровиќ Поље.

Четири лица загинаа на подрачјето на Коњиц, а 17 од загинатите во поплавите се од Јабланица.

Според МВР на БиХ, се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, и по едно во Коњиц.

The post Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24 appeared first on Република.

]]>

Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) се искачи на 21. Покрај 21 загинато лице во ХНК, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите. Градоначалникот на Коњиц, Осман Ќатиќ, за сараевски „Аваз“ потврди дека 21-та жртва во ХНК е пронајдена во Бутуровиќ Поље. Четири лица загинаа на подрачјето на Коњиц, а 17 од загинатите во поплавите се од Јабланица. Според МВР на БиХ, се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, и по едно во Коњиц.

The post Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24 appeared first on Република.

]]>
Советот на министри на БиХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sovetot-na-ministri-na-bih-bez-odluka-za-proglasuvane-den-na-zhalost-utre-e-den-na-zhalost-vo-republika-srpska/ Mon, 07 Oct 2024 14:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=823896

Советот на министри на Босна и Херцеговина на вонредна телефонска седница немаше кворум за работа и одлучување за донесување одлука за прогласување на 8 октомври 2024 година за Ден на жалост во целата земја, поради трагичното страдање на жителите на БиХ кои ги загубија животите поради катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето.

За донесување на одлуката имаше седум гласа, додека тројца членови на Советот на министри на БиХ не гласаа.

Владата на Република Српска (РС) го прогласи вторник, 8 октомври, за Ден на жалост во овој ентитет на БиХ, поради страдањата на населението на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ) предизвикани од катастрофалните поплави и свлечиштата. Утре на институциите на РС ќе бидат истакнати знамиња на половина копје, ќе бидат откажани културни манифестации и спортски настани прилагодени на дадениот момент, соопштија од Владата на РС.

Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата БиХ сè уште немаат донесено одлуки за денот на жалост поради страдањата на населението во областа Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево.

Досега во поплавите на подрачјето на тие општини животот го загубија 20 лица, а потрагата по исчезнатите се уште трае.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за одложување на локалните избори во тие општини, кои вчера се одржаа во остатокот од Босна и Херцеговина.

The post Советот на министри на БиХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска appeared first on Република.

]]>

Советот на министри на Босна и Херцеговина на вонредна телефонска седница немаше кворум за работа и одлучување за донесување одлука за прогласување на 8 октомври 2024 година за Ден на жалост во целата земја, поради трагичното страдање на жителите на БиХ кои ги загубија животите поради катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето. За донесување на одлуката имаше седум гласа, додека тројца членови на Советот на министри на БиХ не гласаа. Владата на Република Српска (РС) го прогласи вторник, 8 октомври, за Ден на жалост во овој ентитет на БиХ, поради страдањата на населението на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ) предизвикани од катастрофалните поплави и свлечиштата. Утре на институциите на РС ќе бидат истакнати знамиња на половина копје, ќе бидат откажани културни манифестации и спортски настани прилагодени на дадениот момент, соопштија од Владата на РС. Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата БиХ сè уште немаат донесено одлуки за денот на жалост поради страдањата на населението во областа Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево. Досега во поплавите на подрачјето на тие општини животот го загубија 20 лица, а потрагата по исчезнатите се уште трае. Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за одложување на локалните избори во тие општини, кои вчера се одржаа во остатокот од Босна и Херцеговина.

The post Советот на министри на БиХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска appeared first on Република.

]]>
Во БиХ се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ погодени од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-bih-se-odrzhuvaat-lokalni-izbori-osven-vo-pet-opshtini-na-fbih-pogodeni-od-poplavite/ Sun, 06 Oct 2024 09:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=823370

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат локални избори, осми од прогласувањето на независноста во 1992 година, на кои се избираат началници на општините и градоначалници на градовите, како и општинските и градските совети и собранија во 143 локални заедници - 111 општини, 32 града и округот Брчко, кој е посебна административна единица.

Вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список на Босна и Херцеговина е 3,4 милиони.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина вчера одлучи поради катастрофалните поплави да ги одложи изборите во четири општини на ФБиХ - Јабланица, Коњица, Кисељак, Крешево, а денеска и во целата општина Фојница, место првично утврдените три избирачки места. Изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се исполнат условите, соопшти ЦИК на БиХ.

Изборниот молк во БиХ, што почна вчераутро, трае до затворањето на последното избирачко место вечерва во 19 часот.

На изборите учествуваат 110 политички партии, 386 кандидати се за началник и градоначалник. Повеќе од 25.700 кандидати ќе се борат за пратенички места во парламентите на локалните заедници.

Очекуваните трошоци за изборите се 9,7 милиони евра.

Од 386 кандидати за началници и градоначалници во БиХ, само 29 се жени или 7,5 отсто.с

The post Во БиХ се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ погодени од поплавите appeared first on Република.

]]>

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат локални избори, осми од прогласувањето на независноста во 1992 година, на кои се избираат началници на општините и градоначалници на градовите, како и општинските и градските совети и собранија во 143 локални заедници - 111 општини, 32 града и округот Брчко, кој е посебна административна единица. Вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список на Босна и Херцеговина е 3,4 милиони. Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина вчера одлучи поради катастрофалните поплави да ги одложи изборите во четири општини на ФБиХ - Јабланица, Коњица, Кисељак, Крешево, а денеска и во целата општина Фојница, место првично утврдените три избирачки места. Изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се исполнат условите, соопшти ЦИК на БиХ. Изборниот молк во БиХ, што почна вчераутро, трае до затворањето на последното избирачко место вечерва во 19 часот. На изборите учествуваат 110 политички партии, 386 кандидати се за началник и градоначалник. Повеќе од 25.700 кандидати ќе се борат за пратенички места во парламентите на локалните заедници. Очекуваните трошоци за изборите се 9,7 милиони евра. Од 386 кандидати за началници и градоначалници во БиХ, само 29 се жени или 7,5 отсто.с

The post Во БиХ се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ погодени од поплавите appeared first on Република.

]]>
Србија испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ispraka-36-chlenovi-na-timot-za-spasuvane-za-pomosh-vo-poplavite-vo-bih/ Sun, 06 Oct 2024 06:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=823318

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека по наредба на претседателот на државата, Александар Вучиќ, а согласносо  писмото на премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи ќе испрати 36 припадници на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила за помош во поплавите во Босна и Херцеговина.

По наредба на претседателот Вучиќ, а согласно писмото на премиерот Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи на барање на Босна и Херцеговина, како помош ќе испрати 36 членови на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила, се наведува во соопштението на српското МВР.

Понудена е и помош во инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери. Како што најавија од Сараево, спасувачите ќе бидат испратени во Јабланица.

Екипата на спасувачите за БиХ заминува утринава, се наведува во соопштението на МВР.

The post Србија испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ appeared first on Република.

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во БиХ се искачи на 18, се трага по исчезнатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brojot-na-zaginati-vo-poplavite-i-svlechishtata-vo-bih-se-iskachi-na-18-se-traga-po-ischeznatite/ Sat, 05 Oct 2024 20:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=823281

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина официјално се искачи на 18 лица, откако во текот на денешниот ден беа пронајдени телата на уште две жртви.

Спасувачките служби се уште трагаат по уште осум исчезнати лица во северниот дел на Херцеговина, кој најмногу настрада од поплавите и одроните на камења.

The post Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во БиХ се искачи на 18, се трага по исчезнатите appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина официјално се искачи на 18 лица, откако во текот на денешниот ден беа пронајдени телата на уште две жртви. Спасувачките служби се уште трагаат по уште осум исчезнати лица во северниот дел на Херцеговина, кој најмногу настрада од поплавите и одроните на камења.

The post Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во БиХ се искачи на 18, се трага по исчезнатите appeared first on Република.

]]>
БиХ бара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bih-bara-megunarodna-pomosh-za-spravuvane-so-posleditsite-od-poplavite/ Sat, 05 Oct 2024 19:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=823270

Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина побара меѓународна помош од Европската Унија за справување со последиците од поплавите.

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, денеска е испратено барање за меѓународна помош за санација на последиците од поплавите и свлечиштата што ги погодија неколку општини во БиХ“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ.

Барањето е испратено по одлуката на Владата на Федерацијата БиХ, според која, поради обемот на поплавите, е потребна меѓународна помош и доставен е список на најнеопходната опрема и средства.

Министерството за безбедност на БиХ е во постојан контакт со претставници на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во Брисел, со цел подготвената помош која ќе биде испратена до БиХ да стигне што полесно и побрзо до жителите и општините на кои им е најпотребна во овој момент“, се наведува во соопштението.

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, изјави дека Министерството ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и ќе ја координира доставата на помош во погодените подрачја.

The post БиХ бара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите appeared first on Република.

Татко и син спасиле 10 луѓе од поплава, а потоа водата го однела синот: Невидена трагедија во Јабланица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tatko-i-sin-spasile-10-luge-od-poplava-a-potoa-vodata-go-odnela-sinot-nevidena-tragedija-vo-jablanitsa/ Fri, 04 Oct 2024 11:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=822624

Стравични информации доаѓаат од Јабланица, која ја погодија катастрофални поплави и клизишта.

Од минута во минута, расте бројот на мртви.

Според информациите на Аваз, татко и син храбро се бореле и успеале да спасат 10 луѓе од поплавата, но тогаш водата го повлекла синот и за жал го однела.

Постои сомнеж дека настраданите се и голем број граѓани на Јабланица за кои порано се мислело дека се повредени.

The post Татко и син спасиле 10 луѓе од поплава, а потоа водата го однела синот: Невидена трагедија во Јабланица appeared first on Република.

]]>

Стравични информации доаѓаат од Јабланица, која ја погодија катастрофални поплави и клизишта. Од минута во минута, расте бројот на мртви. Според информациите на Аваз, татко и син храбро се бореле и успеале да спасат 10 луѓе од поплавата, но тогаш водата го повлекла синот и за жал го однела. Постои сомнеж дека настраданите се и голем број граѓани на Јабланица за кои порано се мислело дека се повредени.

The post Татко и син спасиле 10 луѓе од поплава, а потоа водата го однела синот: Невидена трагедија во Јабланица appeared first on Република.

]]>
Апокалиптични сцени во БиХ: Дваесет лица мртви, бремена жена го изгуби бебето, водата носи куќи полни со луѓе, војката на нозе https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/ Fri, 04 Oct 2024 10:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=822598

Состојбата со поплавите во БиХ е алармантна, има загинати и исчезнати лица. Центрите на градовите беа претворени во реки, а некои места беа отсечени од светот.

Како што јавува Кликс, во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица, во Босна и Херцеговина патот е целосно исчезнат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа.

Поради големите поплави и одрони, голем број од населението е загрозено, со информации дека има жртви, како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита.

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во програмата на Ал Џезира изјави дека според непотврдени информации има 20 жртви во катастрофалните поплави и одрони.

„Дневни аваз“ јавува дека неколку лица се водат за исчезнати во селото Злате кај Јабланица, кое е во најлоша состојба.

Владата на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар, ја нарече ситуацијата критична и ги повика граѓаните да не се движат кон Коњиќ и Јабланица.

Најавите за нови обилни дождови даваат причина за дополнителна загриженост.

The post Апокалиптични сцени во БиХ: Дваесет лица мртви, бремена жена го изгуби бебето, водата носи куќи полни со луѓе, војката на нозе appeared first on Република.

]]>

Состојбата со поплавите во БиХ е алармантна, има загинати и исчезнати лица. Центрите на градовите беа претворени во реки, а некои места беа отсечени од светот. Како што јавува Кликс, во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица, во Босна и Херцеговина патот е целосно исчезнат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа. Поради големите поплави и одрони, голем број од населението е загрозено, со информации дека има жртви, како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита. Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во програмата на Ал Џезира изјави дека според непотврдени информации има 20 жртви во катастрофалните поплави и одрони. „Дневни аваз“ јавува дека неколку лица се водат за исчезнати во селото Злате кај Јабланица, кое е во најлоша состојба. Владата на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар, ја нарече ситуацијата критична и ги повика граѓаните да не се движат кон Коњиќ и Јабланица. Најавите за нови обилни дождови даваат причина за дополнителна загриженост.

The post Апокалиптични сцени во БиХ: Дваесет лица мртви, бремена жена го изгуби бебето, водата носи куќи полни со луѓе, војката на нозе appeared first on Република.

]]>
Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelstvoto-na-bosna-i-hertsegovina-dobilo-dojava-za-postavena-bomba/ Wed, 25 Sep 2024 17:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=819622

Во Претседателството на Босна и Херцеговина денеска пристигнала дојава за поставена бомба, јавија локалните медиуми.

Експлозивни направи се поставени во во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина. Тоа е поради вашите лоши односи со Руската Федерација, се наведува во дојавата.

Во тек е полициска акција, јавија сараевските медиуми.

The post Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба appeared first on Република.

]]>

Во Претседателството на Босна и Херцеговина денеска пристигнала дојава за поставена бомба, јавија локалните медиуми. Експлозивни направи се поставени во во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина. Тоа е поради вашите лоши односи со Руската Федерација, се наведува во дојавата. Во тек е полициска акција, јавија сараевските медиуми.

The post Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба appeared first on Република.

]]>
Пукање во гимназија во БиХ, најмалку двајца загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pukane-vo-gimnazija-vo-bih-najmalku-dvajtsa-zaginati/ Wed, 21 Aug 2024 09:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=808589

Две лица се убиени и едно е тешко повредено во пукање во гимназија во Сански Мост според првичните информации на босански медиуми.

Како што потврдуваат од МВР на БиХ, вработен во локалната гимназија пукал во директорот, секретарката и професор во тоа училиште.

Сански Мост се наоѓа на 360 км северно од Сараево.

The post Пукање во гимназија во БиХ, најмалку двајца загинати appeared first on Република.

]]>

Две лица се убиени и едно е тешко повредено во пукање во гимназија во Сански Мост според првичните информации на босански медиуми. Како што потврдуваат од МВР на БиХ, вработен во локалната гимназија пукал во директорот, секретарката и професор во тоа училиште. Сански Мост се наоѓа на 360 км северно од Сараево.

The post Пукање во гимназија во БиХ, најмалку двајца загинати appeared first on Република.

]]>
По престојот во Сараево, директорот на ЦИА оди во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-prestojot-vo-saraevo-direktorot-na-tsia-odi-vo-belgrad/ Tue, 20 Aug 2024 20:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=808437

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс по посетата на Сараево ќе пристигне во Белград, а во главниот град на Србија ќе се сретне со локални претставници, објави телевизијата „Н1“ без да прецизира други детали.

Барнс дојде во Сараево, каде имаше средби со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), како и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Претставник на американската влада потврди за Н1 Сараево дека разговарале за прашања од заеднички интерес, кои ги вклучуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.

Исто така, тие разговараа за „загрижувачката сецесионистичка реторика и постапки на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и Владата на РС“, изјави неименуван претставник на американската влада.

The post По престојот во Сараево, директорот на ЦИА оди во Белград appeared first on Република.

]]>

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс по посетата на Сараево ќе пристигне во Белград, а во главниот град на Србија ќе се сретне со локални претставници, објави телевизијата „Н1“ без да прецизира други детали. Барнс дојде во Сараево, каде имаше средби со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), како и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Претставник на американската влада потврди за Н1 Сараево дека разговарале за прашања од заеднички интерес, кои ги вклучуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина. Исто така, тие разговараа за „загрижувачката сецесионистичка реторика и постапки на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и Владата на РС“, изјави неименуван претставник на американската влада.

The post По престојот во Сараево, директорот на ЦИА оди во Белград appeared first on Република.

]]>