Биг бенд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/big-bend/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Apr 2024 07:44:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Биг бенд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/big-bend/ 32 32 Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nastap-na-duna-ivanova-i-kontsert-posveten-na-kire-kostov-vo-izvedba-na-big-bendot-na-festivalot-kraj-vardarot-dhez/ Mon, 22 Apr 2024 07:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=769140

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.

Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“...

Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.

Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.

Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.

Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.

The post Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова. Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“... Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце. Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска. Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент. Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.

The post Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>
„Funk & soul“- нов концерт вечерва на Битолскиот дувачки оркестар https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/funk-soul-nov-kontsert-vecherva-na-bitolskiot-duvachki-orkestar/ Thu, 22 Feb 2024 13:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=745783

На 22.02.2024 со почеток во 20:00 часот во Центар за култура - Битола, БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР ќе одржи нов голем концерт насловен „FUNK & SOUL" Big Band Edition.

Дојдете да уживате во Funk & Soul звуците на нашиот оркестар и во прекрасниот вокал на нашaта гостинка Ана Петановска, велат организаторите.

The post „Funk & soul“- нов концерт вечерва на Битолскиот дувачки оркестар appeared first on Република.

]]>

На 22.02.2024 со почеток во 20:00 часот во Центар за култура - Битола, БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР ќе одржи нов голем концерт насловен „FUNK & SOUL" Big Band Edition.
Дојдете да уживате во Funk & Soul звуците на нашиот оркестар и во прекрасниот вокал на нашaта гостинка Ана Петановска, велат организаторите.

The post „Funk & soul“- нов концерт вечерва на Битолскиот дувачки оркестар appeared first on Република.

]]>
Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-zdzm-big-bend-i-rambo-amadeus-na-8-dekemvri-vo-filharmonija-2/ Tue, 15 Nov 2022 12:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=574052

На 8 декември, четврток во 20,30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници на Македонија - ЗЏМ.

Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.

Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни.

Здружението на џез музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат и дел од нашите најреномирани џез музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ биг бендот чија репутација се должи на бројните успешно организирани настани изминативе години.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

На 8 декември, четврток во 20,30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници на Македонија - ЗЏМ.
Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.
Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Здружението на џез музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат и дел од нашите најреномирани џез музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ биг бендот чија репутација се должи на бројните успешно организирани настани изминативе години.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>