бифтек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biftek/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 12:07:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бифтек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biftek/ 32 32 Маричиќ се црвенее и манипулира пред евроамбасадорот Гир за бифтеците на државна сметка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-se-crvenee-i-manipulira-pred-evroambasadorot-gir-za-biftecite-na-drzavna-smetka/ Thu, 13 Oct 2022 12:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=560627

Со манипулации пред евроамбасадорот Дејвид Гир, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се обиде да се оправда за неговото одбивање да ги даде сметките што ги платил со државни пари, пишува новинарот Кристијан Ландов, кој прв објави за големиот апетит на функционерот. Евроамбасадорот Гир кажа дека не сака да навлегува во конкретниот случај, но пред Маричиќ нагласи дека менаџирањето на
јавните финансии е еден од основните принципи на пристапниот процес.

Како што и се очекуваше, Маричиќ се обиде да го избегне одговорот на прашањето колку пари потрошил од Секретаријатот за европски прашања и кога ќе ги даде сметките што ги ветува повеќе од три месеци.

https://youtu.be/xJ1Gei4VCLU

Повеќе на А1он

The post Маричиќ се црвенее и манипулира пред евроамбасадорот Гир за бифтеците на државна сметка appeared first on Република.

]]>

Со манипулации пред евроамбасадорот Дејвид Гир, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се обиде да се оправда за неговото одбивање да ги даде сметките што ги платил со државни пари, пишува новинарот Кристијан Ландов, кој прв објави за големиот апетит на функционерот. Евроамбасадорот Гир кажа дека не сака да навлегува во конкретниот случај, но пред Маричиќ нагласи дека менаџирањето на јавните финансии е еден од основните принципи на пристапниот процес. Како што и се очекуваше, Маричиќ се обиде да го избегне одговорот на прашањето колку пари потрошил од Секретаријатот за европски прашања и кога ќе ги даде сметките што ги ветува повеќе од три месеци. https://youtu.be/xJ1Gei4VCLU Повеќе на А1он

The post Маричиќ се црвенее и манипулира пред евроамбасадорот Гир за бифтеците на државна сметка appeared first on Република.

]]>
Весна Бејби: Ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-bejbi-kje-potpishete-i-kje-jadete-bifteci-za-100-denari/ Sun, 10 Jul 2022 20:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=526747

Македонската актерка Весна Петрушевска на денешниот протест пред Собранието против францускиот предлог. порача дека секој еден треба да излезе и да се бори за Македонија. Таа упати порака и за оние кои се гостат со бифтеци за 100 денари.

И мислам и тврдам дека треба секој општествен одговорен и културен работник особено културен работник да ја има општествената одговорност да излезе и да се бори за Македонија, затоа што ние сме тие кои што играме на сцена, кој што снимаме на телевизија, кој снимаме македонски филмови, кои сме амбасадори на нашата култура, како да сме амбасадори на македонската култура, како, со сменет идентитет, со тоа што вие таму некои ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари. Па мислете на здравје малце, холестероли, триглицериди, малку од малку, бидете витки, згодни, вели Петрушевска

The post Весна Бејби: Ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари appeared first on Република.

Ова е менито во ресторанот на Владата: Бифтек само 180 денари, стек за стотка, свинско 170 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-e-menito-vo-restoranot-na-vladata-biftek-samo-180-denari-stek-za-stotka-svinsko-170/ Tue, 15 Mar 2022 18:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=473394

На социјалните мрежи се појави фотографија од менито во Владата. Документот кој е потпишан од Службата за општи и заеднички работи го дава менито за 15 март во кој се нудат неверојатно ниски цени за храна во кој можат да уживаат вработените во владата.

Па така сланина на скара чини 85 денари, бифтек 185, стек стотка, свинско со праз 170, тиквици 120, телешко 160 а тавче-гравче само 45.

Откако добро ќе се најадат, во владата може да се облажат со баклава за 50 денари, штрудла со иста цена а бисквит торта за 30.

Погледнете го целото мени

The post Ова е менито во ресторанот на Владата: Бифтек само 180 денари, стек за стотка, свинско 170 appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави фотографија од менито во Владата. Документот кој е потпишан од Службата за општи и заеднички работи го дава менито за 15 март во кој се нудат неверојатно ниски цени за храна во кој можат да уживаат вработените во владата. Па така сланина на скара чини 85 денари, бифтек 185, стек стотка, свинско со праз 170, тиквици 120, телешко 160 а тавче-гравче само 45. Откако добро ќе се најадат, во владата може да се облажат со баклава за 50 денари, штрудла со иста цена а бисквит торта за 30. Погледнете го целото мени  

The post Ова е менито во ресторанот на Владата: Бифтек само 180 денари, стек за стотка, свинско 170 appeared first on Република.

]]>
Јаневски до Јанчева: Имате најмногу изедени бифтеци по глава на советник https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/janevski-do-jancheva-imate-najmnogu-izedeni-bifteci-po-glava-na-sovetnik/ Thu, 10 Mar 2022 21:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=470949

Советникот Филип Јаневски, на денешната шеста седница на Советот на Град Скопје, од говорницата изнесе остри критики за работењето на мнозинството во градскиот совет во претходниот состав.

– Сакам да се осврнам на вашето фалење, како сте се грижеле за животната средина, колку паркови биле направени, колку садници биле засадени. Тоа го видовме и на претходните седници кога дискутиравме за извршување на Буџетот – Дигитализација на парк-шума Водно – 0 денари реализирани, изработка на план за управување со заштитен предел Водно – 0 денари, заштита на локалитет Кањон Матка, изработка на план – 0 денари, рековте сте засадиле 11.000 садници за заштита од ерозија, Изработка на техничка документација за определување ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија за скопски регион со специфицирање на мерки за заштита – реализација 0 денари. Не знам на што сте горди и како се грижите за животната средина кога таму каде што најмногу сте требале да обрнете внимание не сте обрнале внимание – категоричен беше Јаневски.

Тој се осврна и на Извештајот за реализација на капиталните инвестиции во Град Скопје.

– Цела година вашите капитални инвестиции ги собира на половина страна, 13 на број. Едната од нив е набавка на садници и подигнување на јавното зеленило на магистрални улици и паркови за што се потрошени три милиони евра. Ова не се случило, нигде нема резултати од вашиве инвестиции. Ја спомнавте и Универзална сала, која била почната од вас, патем, три години ја почнувате. Од минатата година за реконструкција на Универзална сала сте успеале да потрошите 42 милиони денари како капитална инвестиција во Град Скопје и уште не е завршена. Бидете убедени дека ние ќе ја завршиме побезбедна и подобра од тоа што вие било кога би можеле да ја направите. Јас не знам со кој образ излегувате овде и кажувате што сте постигнале, а ние не сме сакале да слушаме. Да, ние не сакаме да слушаме затоа што ги видовме резултатите од вашето работење, односно неработење. Дел од овие 13 големи капитални проекти се Изградба, реконструкција и одржување на партерно уредување на кеј на реката Вардар, за што се потрошени фантастични 107 милиони денари; набавка на урбана опрема; фазна реализација на булевар АСНОМ – 262 милиони денари; изградба и реконструкција на булевар Босна и Херцеговина – 179 милиони денари. Значи, само за овие две улици вие имате потрошено над 400 милиони денари. Овде сте заборавиле да напоменете, сте требале да побарате од службите да се стави во овој извештај, дека имате најмногу изедени бифтеци по глава на советник во било кој од претходните мандати. За тоа има пари, а не сте успеале да ја завршите Универзална сала која што ви беше толку важна, потенцираше Јаневски.

The post Јаневски до Јанчева: Имате најмногу изедени бифтеци по глава на советник appeared first on Република.

На сметка на Град Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-smetka-na-grad-skopje-se-goshtevale-po-restorani-i-za-vreme-na-lokalnite-izbori/ Wed, 26 Jan 2022 13:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=449790

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони... се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, објавува „МКД.мк“.

Владимир Симоновски, командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај.

И советничката на Град Скопје, Љубица Јачева, за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст, пишува „МКД.мк“.

The post На сметка на Град Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори appeared first on Република.

]]>

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони... се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, објавува „МКД.мк“. Владимир Симоновски, командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај. И советничката на Град Скопје, Љубица Јачева, за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар. Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст, пишува „МКД.мк“.

The post На сметка на Град Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори appeared first on Република.

]]>