биеналето на цртеж Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bienaleto-na-crtez/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 07:07:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биеналето на цртеж Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bienaleto-na-crtez/ 32 32 Почнува Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-osten-bienaleto-na-crtez-skopje-2022/ Thu, 13 Oct 2022 07:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=560350

Со самостојната изложба на уметницата од Грција Александра Стампали – „Забранет дијалог“ и со изложба на слики со дела од Салвадор Дали од колекцијата на Остен Музејот на цртеж вечер започнува официјалната програма на Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022.

„Во текот на своето повеќедецениско работење, Остен воспостави процес на вреднување на уметничките дела преку систем на награди со кој им оддаваме признание на уметниците – учесници на Биеналето од целиот свет. За сè поголемата меѓународна репутација на Остен биеналето на цртеж говорат реални показатели – квантитативни и квалитативни“, наведуваат организаторите.
На овогодишното издание – Остен биенале на цртеж пристигнале пријави од 336 уметници од 52 земји со 1.035 дела. Квалитативниот избор на уметниците со нивните дела се одвиваше во два дела преку селекција и жирирање. Селекторот Емил Алексиев, Македонија избра 146 уметници, од кои 73 финалисти. Жирирањето го спроведе меѓународно жири во состав Ларс Керулф Молер, Данска, Марија Цанцаноглу, Грција и Марио Пиерони од Италија, кои одлучија за наградите.

Според одлуката на Советот на амбасадори на Остен на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022 добитник на Гран при за животно остварување е Јозеф Кошут, САД (Joseph KOSUTH, USA) – американски уметник и теоретичар, основач и водечка фигура на концептуалната уметност, a наградата Светско културно наслдство се доделува на Харменсон фон Рајн РЕМБРАНТ, Холандија (Rembrandt Harmenszoon van Rijn, Netherlands) – еден од најголемите визуелни уметници во светската историја на уметноста и најважниот во холандската историја на уметностa.

Централниот настан по повод Остен биеналето на цртеж ќе се одржи на 22 февруари 2023 година во Националната галерија на Македонија – Чифте aмам, каде ќе се одржи голема изложба со дела од речиси 150 меѓународни уметници. Истовремено, ќе бидат изложени наградените и селектираните карикатуристи од 54. Светска галерија на карикатури Скопје 2022, а на наградените уметници и карикатуристи присутни на настанот ќе им бидат врачени наградите.

 

The post Почнува Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022 appeared first on Република.

]]>

Со самостојната изложба на уметницата од Грција Александра Стампали – „Забранет дијалог“ и со изложба на слики со дела од Салвадор Дали од колекцијата на Остен Музејот на цртеж вечер започнува официјалната програма на Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022. „Во текот на своето повеќедецениско работење, Остен воспостави процес на вреднување на уметничките дела преку систем на награди со кој им оддаваме признание на уметниците – учесници на Биеналето од целиот свет. За сè поголемата меѓународна репутација на Остен биеналето на цртеж говорат реални показатели – квантитативни и квалитативни“, наведуваат организаторите. На овогодишното издание – Остен биенале на цртеж пристигнале пријави од 336 уметници од 52 земји со 1.035 дела. Квалитативниот избор на уметниците со нивните дела се одвиваше во два дела преку селекција и жирирање. Селекторот Емил Алексиев, Македонија избра 146 уметници, од кои 73 финалисти. Жирирањето го спроведе меѓународно жири во состав Ларс Керулф Молер, Данска, Марија Цанцаноглу, Грција и Марио Пиерони од Италија, кои одлучија за наградите. Според одлуката на Советот на амбасадори на Остен на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022 добитник на Гран при за животно остварување е Јозеф Кошут, САД (Joseph KOSUTH, USA) – американски уметник и теоретичар, основач и водечка фигура на концептуалната уметност, a наградата Светско културно наслдство се доделува на Харменсон фон Рајн РЕМБРАНТ, Холандија (Rembrandt Harmenszoon van Rijn, Netherlands) – еден од најголемите визуелни уметници во светската историја на уметноста и најважниот во холандската историја на уметностa. Централниот настан по повод Остен биеналето на цртеж ќе се одржи на 22 февруари 2023 година во Националната галерија на Македонија – Чифте aмам, каде ќе се одржи голема изложба со дела од речиси 150 меѓународни уметници. Истовремено, ќе бидат изложени наградените и селектираните карикатуристи од 54. Светска галерија на карикатури Скопје 2022, а на наградените уметници и карикатуристи присутни на настанот ќе им бидат врачени наградите.  

The post Почнува Остен биеналето на цртеж – Скопје 2022 appeared first on Република.

]]>