библиотекаќчествување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bibliotekakchestvuvane/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Feb 2023 08:49:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png библиотекаќчествување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bibliotekakchestvuvane/ 32 32 Традиционалните „Прличеви беседи“ почнуваат денеска напладне во Библиотеката во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/traditsionalnite-prlichevi-besedi-pochnuvaat-deneska-napladne-vo-bibliotekata-vo-ohrid/ Fri, 03 Feb 2023 08:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=604125

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев.

Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката.

Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13: 00 часот со традиционалната „Прличева визита“.

Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post Традиционалните „Прличеви беседи“ почнуваат денеска напладне во Библиотеката во Охрид appeared first on Република.

]]>

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев. Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката. Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13: 00 часот со традиционалната „Прличева визита“. Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post Традиционалните „Прличеви беседи“ почнуваат денеска напладне во Библиотеката во Охрид appeared first on Република.

]]>