библиотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biblioteka/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 12:43:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png библиотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biblioteka/ 32 32 Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-vo-tetovo-ovaa-godina-se-investirani-147-milioni-denari-najmnogu-za-teatarot-i-bibliotekata/ Tue, 12 Dec 2023 12:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=722183

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска за време на нејзината посета на Општина Тетово информираше дека за санација на Музејот на тетовскиот крај се вложени 4,5 милиони денари и се обезбедени подобри услови за континуирана работа на една од носечките културни институции во Тетово.

Костадиновска Стојчевска, која го посети Тетово заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, изјави дека Министерството за култура само како поддршка вложи над 14,5 милиони денари во тетовските културни установи.

Таа информираше дека во 2023 година се инвестирани речиси 147 милиони денари, од кои најголем дел се наменети за изградба на капиталниот објект наменет за театар и библиотека во Тетово. За во следната 2024 година се планирани уште финансиски средства.

Инвестираме во културата и го збогатуваме разновидното културно живеење на граѓаните, особено на младите во Тетово и во околината. Корисниците на конкурсот „Култура во лето“ покажаа талент и знаење со кој донесоа нова свежина во културната понуда за Тетовчани во сите уметнички области, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа потсети дека основале и нова Национална установа Музички ансамбл во Република Македонија во Тетово, чија основна дејност е изведба, промоција и афирмација на албанската класична џез вокална и вокално инструментална музика.

Подеднакво вложуваме и во заштитата на културното наследство како еден од најголемите приоритети на Владата и на Министерството за култура. Продолжија активностите за целосна конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата „Света Богородица“ во Лешок, рече Костадиновска Стојчевска.

Потсети дека е завршен и повеќегодишниот проект за конзервација и реставрација, санација и ревитализација на заштитеното недвижно добро „Алимбеговата куќа“. За проектот беа издвоени 2,5 милиони денари.

Прашана во врска со реставрацијата на Тетовското кале, Костадиновска Стојчевска рече дека управувањето со Тетовско кале е исто како што е и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа.

Конзервацијата, реставрацијата и реновирањето е под надлежност на Националната установа од областа на заштита на културно наследство. Самото управување со Тетовско кале е исто како што и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа. Ова значи дена надлежностата е поделена, но тука треба локалната самоуправа да си преземе мерки, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска за време на нејзината посета на Општина Тетово информираше дека за санација на Музејот на тетовскиот крај се вложени 4,5 милиони денари и се обезбедени подобри услови за континуирана работа на една од носечките културни институции во Тетово.
Костадиновска Стојчевска, која го посети Тетово заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, изјави дека Министерството за култура само како поддршка вложи над 14,5 милиони денари во тетовските културни установи.
Таа информираше дека во 2023 година се инвестирани речиси 147 милиони денари, од кои најголем дел се наменети за изградба на капиталниот објект наменет за театар и библиотека во Тетово. За во следната 2024 година се планирани уште финансиски средства.
Инвестираме во културата и го збогатуваме разновидното културно живеење на граѓаните, особено на младите во Тетово и во околината. Корисниците на конкурсот „Култура во лето“ покажаа талент и знаење со кој донесоа нова свежина во културната понуда за Тетовчани во сите уметнички области, рече Костадиновска Стојчевска.
Таа потсети дека основале и нова Национална установа Музички ансамбл во Република Македонија во Тетово, чија основна дејност е изведба, промоција и афирмација на албанската класична џез вокална и вокално инструментална музика.
Подеднакво вложуваме и во заштитата на културното наследство како еден од најголемите приоритети на Владата и на Министерството за култура. Продолжија активностите за целосна конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата „Света Богородица“ во Лешок, рече Костадиновска Стојчевска.
Потсети дека е завршен и повеќегодишниот проект за конзервација и реставрација, санација и ревитализација на заштитеното недвижно добро „Алимбеговата куќа“. За проектот беа издвоени 2,5 милиони денари. Прашана во врска со реставрацијата на Тетовското кале, Костадиновска Стојчевска рече дека управувањето со Тетовско кале е исто како што е и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа.
Конзервацијата, реставрацијата и реновирањето е под надлежност на Националната установа од областа на заштита на културно наследство. Самото управување со Тетовско кале е исто како што и Скопско кале во Скопје, односно е под надлежност и на локалната самоуправа. Ова значи дена надлежностата е поделена, но тука треба локалната самоуправа да си преземе мерки, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Во Тетово оваа година се инвестирани 147 милиони денари, најмногу за театарот и библиотеката appeared first on Република.

]]>
Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-kocho-ratsin-tetovo-zapochna-so-preseluvane-vo-novite-prostorii/ Sat, 04 Nov 2023 13:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=698127

Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории, односно во предавалните на Факултетот за музичка уметност при Државниот универзитет во Тетово.

Оттаму вчера ги известија своите членови за процесот и ги замолија да ги вратат позајмените книги.

„Ве молиме сите кои имате зајмено библиотечен материјал а рокот на зајмување ви е во период од 06.11.2023 до 15.11.2023, книгите да ги вратите во Библиотеката или да го продолжите рокот на зајмување. Продолжување на рокот за зајмување можете да го направите преку апликацијата Мојата библиотека / mCOBISS или да се јавите на тел. 044-350-039“, соопштија од Библиотеката.

Тетовската библиотека располага со фонд од преку 80.000 наслови, а како што велат оттаму, регистрирани се над 5.000 редовни читатели.

Вработените и директорката на библиотеката ја сметаа за спорна одлуката за преселба од постојните простории во училници кои според нив покрај што не се доволно големи, не ги исполнуваат потребните услови за чување книги и се противеа на одлуката на Владата да ги напуштат просториите со цел да се отстапат на Делегацијата на Европската Унија за формирање на Европска куќа.

Министерството формираше Комисија која по проверката утврди дека просториите ги немаат условите за библиотека.

„По разните премерки дојдовме до заклучок дека она што треба да го направи е библиотеката во Тетово од постојните простории сега само да се помести во следната врата каде што ќе добие 80 односно до 100 метри квадратни плус во простор за цел нивен книжевен фонд. Простор којшто ние, бидејќи тие треба да го користат, ќе го реновираме, простор којшто ќе се осовремени, повторно ќе кажам се до нивно влегување до нивните нови простории во новиот објект по најсовремени стандарди“, рече министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска на прес-конференција.

За ситуацијата се огласи и Делегацијата на ЕУ од каде кажаа дека се обврзале да помогнат при преселбата за да се осигураат дека ќе е непречена и дека библиотеката ќе може веднаш да продолжи со својата служба кон граѓаните.

The post Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории appeared first on Република.

]]>

Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории, односно во предавалните на Факултетот за музичка уметност при Државниот универзитет во Тетово. Оттаму вчера ги известија своите членови за процесот и ги замолија да ги вратат позајмените книги. „Ве молиме сите кои имате зајмено библиотечен материјал а рокот на зајмување ви е во период од 06.11.2023 до 15.11.2023, книгите да ги вратите во Библиотеката или да го продолжите рокот на зајмување. Продолжување на рокот за зајмување можете да го направите преку апликацијата Мојата библиотека / mCOBISS или да се јавите на тел. 044-350-039“, соопштија од Библиотеката. Тетовската библиотека располага со фонд од преку 80.000 наслови, а како што велат оттаму, регистрирани се над 5.000 редовни читатели. Вработените и директорката на библиотеката ја сметаа за спорна одлуката за преселба од постојните простории во училници кои според нив покрај што не се доволно големи, не ги исполнуваат потребните услови за чување книги и се противеа на одлуката на Владата да ги напуштат просториите со цел да се отстапат на Делегацијата на Европската Унија за формирање на Европска куќа. Министерството формираше Комисија која по проверката утврди дека просториите ги немаат условите за библиотека. „По разните премерки дојдовме до заклучок дека она што треба да го направи е библиотеката во Тетово од постојните простории сега само да се помести во следната врата каде што ќе добие 80 односно до 100 метри квадратни плус во простор за цел нивен книжевен фонд. Простор којшто ние, бидејќи тие треба да го користат, ќе го реновираме, простор којшто ќе се осовремени, повторно ќе кажам се до нивно влегување до нивните нови простории во новиот објект по најсовремени стандарди“, рече министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска на прес-конференција. За ситуацијата се огласи и Делегацијата на ЕУ од каде кажаа дека се обврзале да помогнат при преселбата за да се осигураат дека ќе е непречена и дека библиотеката ќе може веднаш да продолжи со својата служба кон граѓаните.

The post Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово започна со преселување во новите простории appeared first on Република.

]]>
Министерката лаже дека вработените во тетовската библиотека се согласиле за новите простории https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-lazhe-deka-vrabotenite-vo-tetovskata-biblioteka-se-soglasile-za-novite-prostorii/ Wed, 13 Sep 2023 10:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=681535

Вработените во НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово ја демантираат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска дека се согласиле да се преселат во новите простории. Тие повторно потенцираат дека им е наложено од Министерството да се преместат во помали простории.

После изјавата на министерката за култура, НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово демантира дека ние наводно сме се сложиле за преселувањето на Библиотеката во новите простории, уште повеќе дека Министерството за култура никогаш ни нема пратено писмено известување за да бара наше мислење за преселување. Напротив, вработените и Управниот Одбор се со исто мислење дека просториите каде што треба да се преселиме имаат полоши услови од сегашните и не ги исполнуваат условите за нормално функционирање на библиотеката. Исто така, просториите каде што се планира преселувањето се помали од сегашните, се вели во соопштението на вработените во библиотеката „Кочо Рацин“.

Министерката вчера рече дека од 460 квадратни метри се преместува во други 460 метри, но од библиотеката потенцираат дека досега имале 156 квадрати, а добиваат нови простории со 148 квадратни метри од кои 13 се ходници.

Одлуката за напуштање на просториите во рок од 15 дена стигнато ни е од Центар за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово на 07.09.2023, додека на 12.09.2023 имаме и писмена реакција пратено до Министерството за култура, Владата на РС Македонија и до Центар за култура, со известување дека условите каде што треба да се пресели библиотеката не се соодветни. Исто така е побарано да се формира комисија и да се направи увид на просториите со цел да се избегне ситуацијата да не можеме да ги преместиме книгите и истите наместо да се користат од страна на читателите да завршат во пакети, се вели во дописот од НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово.

Според сознанијата на вработените, Владата, местото од библиотеката сака да го отстапи на Делегацијата на Европската унија.

На вчерашната прес-конференција министерката рече дека виблиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово само ги менува просториите во рамките на истата институција, односно останува во тетовскиот Центар за култура.

Значи дека само од едни 460, ако не се лажам, метри квадратни се преместува во други 460 метри квадратни, што значи дека функционирањето на библиотеката воопшто не е доведено во никаква опасност, рече Костадиновска-Стојчевска.

До неа, како што нагласи, немаат пристигнато никакви реакции, ниту од вработените, ниту од директорката.

Напротив, ова беше направено со нивна согласност. Кога ќе се преместат во новите 460 метри квадратни, во истата институција каде што се, таму ќе се направат потребните реновирања, доколку има потреба, за да се адаптира тој простор. Тоа ќе се направи со многу голема брзина за да не се загрози, да не се доведеме во ситуација библиотеката да не работи, децидна беше министерката.

Според Костадиновска-Стојчевска, ова од никогаш не била крајната дестинација на библиотеката.

Таа ќе биде сместена во новиот објект што се гради, што со одлука на Влада е проектирано дека треба да се заврши во 2027 година, за што се изделени 39 милиони евра, каде што во нова зграда ќе бидат сместени и библиотеката во Тетово и театарот. Што значи дека до финализирање на тој објект, во Центар за култура ќе функционира како и досега, непречено, истакна министерката, одговарајќи на новинарски прашања.

Таа додаде дека библиотеката ќе се премести на друга страна во самиот Центар за култура.

Не е точно дека таму нема да можат да функционираат. Се работи за простор што е уште поосовременет. Тој простор досега го користеше Универзитетот во Тетово, реновиран и постојано одржуван токму за потребите на Универзитетот. Доколку има потреба, ние како Министерство, повторно ќе вложиме во тој простор, појасни Костадиновска-Стојчевска.

The post Министерката лаже дека вработените во тетовската библиотека се согласиле за новите простории appeared first on Република.

]]>

Вработените во НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово ја демантираат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска дека се согласиле да се преселат во новите простории. Тие повторно потенцираат дека им е наложено од Министерството да се преместат во помали простории.
После изјавата на министерката за култура, НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово демантира дека ние наводно сме се сложиле за преселувањето на Библиотеката во новите простории, уште повеќе дека Министерството за култура никогаш ни нема пратено писмено известување за да бара наше мислење за преселување. Напротив, вработените и Управниот Одбор се со исто мислење дека просториите каде што треба да се преселиме имаат полоши услови од сегашните и не ги исполнуваат условите за нормално функционирање на библиотеката. Исто така, просториите каде што се планира преселувањето се помали од сегашните, се вели во соопштението на вработените во библиотеката „Кочо Рацин“.
Министерката вчера рече дека од 460 квадратни метри се преместува во други 460 метри, но од библиотеката потенцираат дека досега имале 156 квадрати, а добиваат нови простории со 148 квадратни метри од кои 13 се ходници.
Одлуката за напуштање на просториите во рок од 15 дена стигнато ни е од Центар за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово на 07.09.2023, додека на 12.09.2023 имаме и писмена реакција пратено до Министерството за култура, Владата на РС Македонија и до Центар за култура, со известување дека условите каде што треба да се пресели библиотеката не се соодветни. Исто така е побарано да се формира комисија и да се направи увид на просториите со цел да се избегне ситуацијата да не можеме да ги преместиме книгите и истите наместо да се користат од страна на читателите да завршат во пакети, се вели во дописот од НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово.
Според сознанијата на вработените, Владата, местото од библиотеката сака да го отстапи на Делегацијата на Европската унија. На вчерашната прес-конференција министерката рече дека виблиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово само ги менува просториите во рамките на истата институција, односно останува во тетовскиот Центар за култура.
Значи дека само од едни 460, ако не се лажам, метри квадратни се преместува во други 460 метри квадратни, што значи дека функционирањето на библиотеката воопшто не е доведено во никаква опасност, рече Костадиновска-Стојчевска.
До неа, како што нагласи, немаат пристигнато никакви реакции, ниту од вработените, ниту од директорката.
Напротив, ова беше направено со нивна согласност. Кога ќе се преместат во новите 460 метри квадратни, во истата институција каде што се, таму ќе се направат потребните реновирања, доколку има потреба, за да се адаптира тој простор. Тоа ќе се направи со многу голема брзина за да не се загрози, да не се доведеме во ситуација библиотеката да не работи, децидна беше министерката.
Според Костадиновска-Стојчевска, ова од никогаш не била крајната дестинација на библиотеката.
Таа ќе биде сместена во новиот објект што се гради, што со одлука на Влада е проектирано дека треба да се заврши во 2027 година, за што се изделени 39 милиони евра, каде што во нова зграда ќе бидат сместени и библиотеката во Тетово и театарот. Што значи дека до финализирање на тој објект, во Центар за култура ќе функционира како и досега, непречено, истакна министерката, одговарајќи на новинарски прашања.
Таа додаде дека библиотеката ќе се премести на друга страна во самиот Центар за култура.
Не е точно дека таму нема да можат да функционираат. Се работи за простор што е уште поосовременет. Тој простор досега го користеше Универзитетот во Тетово, реновиран и постојано одржуван токму за потребите на Универзитетот. Доколку има потреба, ние како Министерство, повторно ќе вложиме во тој простор, појасни Костадиновска-Стојчевска.

The post Министерката лаже дека вработените во тетовската библиотека се согласиле за новите простории appeared first on Република.

]]>
Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ примила решение да ги ослободи актуелните простории и да се преместат на Факултетот за музичка уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tetovskata-biblioteka-kocho-ratsin-primila-reshenie-da-gi-oslobodi-aktuelnite-prostorii-i-da-se-premestat-na-fakultetot-za-muzichka-umetnost/ Sun, 10 Sep 2023 17:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=680654

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ примила решение да ги ослободи актуелните простории каде што се наоѓаат и да се преместат на Факултетот за музичка уметност. Причина за ова е што просториите каде што моментално се наоѓа библиотеката, ќе се дадат на користење на Делегацијата на Европската Унија за Јуроп Хаус во Тетово. Од Министерството за култура велат дека просториите нема да го нарушат нормалното функционирање на институцијата, додека за библиотеката оваа одлука е неприфатлива, бидејќи условите во новите простории не ги исполнуваат условите за нормално функционирање, пишува Порталб.мк, а пренесува Мета.мк.

Ова и претходно беше најавено, но сега веќе тие примиле одлука од страна на Домот на културата, дека треба да ги напуштат просториите и да се преместат во просториите на Факултетот за уметност, кои со Одлука на Влада и на Министерството за култура се дадени на користење на библиотеката.

Директорката на Библиотеката, Резарта Исмаили за Порталб.мк вели дека не се согласуваат со оваа одлука бидејќи новите простории не се предвидени за функционирање на библиотека. Таа вели дека ќе настојуваат да не ги напуштат просториите.

„Првично пристигна одлуката од страна на Владата за да ни се дадат на користење просториите кои досега ги користел Факултетот за музичка уметност (како што и се планираше). Истата одлука денес дојде и од страна на Министерството за култура. Денес пристигна Одлука и од страна на Домот на културата за да ги ослободиме актуелните простории. Нормално дека ние не се согласуваме бидејќи условите во новите простории не се за функционирање на библиотеката. Ќе настојуваме да не ги напуштиме актуелните простории. За жал, Министерството за култура не гледа за разумно да побара наше мислење, немаме никаква службена комуникација од страна на министерството освен комуницирањето што се врши преку Домот на културата“, рече Исмаили.

На овие документи може да се види и одлуката на Владата за давање на новите простории на библиотеката како и одлуката на Домот на културата за библиотеката за нивно ослободување.

Одлуката за давање на просториите на Тетовската библиотека
Одлука за ослободување на просториите на Тетовската библиотека

Од Министерството за култура, пак велат дека нема да се наруши нормалното функционирање на библиотеката.

„Владата донела Одлука со која Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово останува во објектот во кој се наоѓа моментално во Центарот за култура – Тетово, само ги менува просториите. Ова не го нарушува нормалното функционирање на институцијата бидејќи станува збор за простории со површина приближно иста со просториите каде што се наоѓаше Библиотеката досега“, рекоа од Министерството за култура за Порталб.мк.

Просториите во кои треба да се премести библиотеката се помали од просториите во кои сега функционира истата. Секогаш од страна на библиотеката имало изразено незадоволство и потреба за подобри и поголеми простории, бидејќи и бројот на наслови што ги поседува е голем – над 33 илјади наслови и преку 88 илјади книги со над 5 илјади читатели.

Според библиотеката, трансферот во новите простории ќе ѝ оневозможи на оваа институција да ги реализира нејзините активности како важен културен, едукативен и информативен центар.

Од страна на библиотеката велат дека можеби според квадратни метри просториите се исти, но станува збор за поделени училници, додека просторијата каде што моментално се наоѓа библиотеката е заедничка просторија. Во новите простории би била оневозможена соработката меѓу делот за деца и за возрасни, а просторијата има и скали, што е проблем за лицата со посебни потреби.

Проблемот би бил многу лесно решлив доколку институциите, конкретно Министерството за култура би ги забрзало активностите за завршување на новиот објект на театарот и библиотеката во Тетово, но истите се одолговлекуваат со години.

Во јануари годинава, Порталб.мк пишуваше дека новиот објект на театарот и библиотеката во Тетово се ветува 12 години, се градат 9 години и според прогнозите, сè уште не се знае кога ќе има реализација, имајќи го предвид фактот дека често има одолговлекување на работите. Доколку навистина се реализира како што се ветува, овој објект од огромна важност за културата во Тетово, ќе ги отвори вратите 17 години по даденото ветување.

Библиотеката и театарот во Тетово функционираат во простории на Домот на културата без најсоодветни услови за работа. Поради ова, тие години наназад го изразуваат нивното незадоволство и честопати и разочарување, бидејќи работите за новиот се влечат со години.

Изградбата на Центарот за култура во Тетово беше ветена уште на 6 октомври 2010 година, кога тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска го презентираше идејното решение за изгледот на мултифункционалниот театар, што ќе нуди театар, кино и библиотека. Камен-темелникот за изградба на овој објект беше фрлен на 28 ноември 2014 година. Работите течеа многу бавно и со многу проблеми, а од страна на Порталб беа документирани години наназад.

The post Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ примила решение да ги ослободи актуелните простории и да се преместат на Факултетот за музичка уметност appeared first on Република.

]]>

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ примила решение да ги ослободи актуелните простории каде што се наоѓаат и да се преместат на Факултетот за музичка уметност. Причина за ова е што просториите каде што моментално се наоѓа библиотеката, ќе се дадат на користење на Делегацијата на Европската Унија за Јуроп Хаус во Тетово. Од Министерството за култура велат дека просториите нема да го нарушат нормалното функционирање на институцијата, додека за библиотеката оваа одлука е неприфатлива, бидејќи условите во новите простории не ги исполнуваат условите за нормално функционирање, пишува Порталб.мк, а пренесува Мета.мк. Ова и претходно беше најавено, но сега веќе тие примиле одлука од страна на Домот на културата, дека треба да ги напуштат просториите и да се преместат во просториите на Факултетот за уметност, кои со Одлука на Влада и на Министерството за култура се дадени на користење на библиотеката. Директорката на Библиотеката, Резарта Исмаили за Порталб.мк вели дека не се согласуваат со оваа одлука бидејќи новите простории не се предвидени за функционирање на библиотека. Таа вели дека ќе настојуваат да не ги напуштат просториите. „Првично пристигна одлуката од страна на Владата за да ни се дадат на користење просториите кои досега ги користел Факултетот за музичка уметност (како што и се планираше). Истата одлука денес дојде и од страна на Министерството за култура. Денес пристигна Одлука и од страна на Домот на културата за да ги ослободиме актуелните простории. Нормално дека ние не се согласуваме бидејќи условите во новите простории не се за функционирање на библиотеката. Ќе настојуваме да не ги напуштиме актуелните простории. За жал, Министерството за култура не гледа за разумно да побара наше мислење, немаме никаква службена комуникација од страна на министерството освен комуницирањето што се врши преку Домот на културата“, рече Исмаили. На овие документи може да се види и одлуката на Владата за давање на новите простории на библиотеката како и одлуката на Домот на културата за библиотеката за нивно ослободување.
Одлуката за давање на просториите на Тетовската библиотека
Одлука за ослободување на просториите на Тетовската библиотека
Од Министерството за култура, пак велат дека нема да се наруши нормалното функционирање на библиотеката. „Владата донела Одлука со која Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово останува во објектот во кој се наоѓа моментално во Центарот за култура – Тетово, само ги менува просториите. Ова не го нарушува нормалното функционирање на институцијата бидејќи станува збор за простории со површина приближно иста со просториите каде што се наоѓаше Библиотеката досега“, рекоа од Министерството за култура за Порталб.мк. Просториите во кои треба да се премести библиотеката се помали од просториите во кои сега функционира истата. Секогаш од страна на библиотеката имало изразено незадоволство и потреба за подобри и поголеми простории, бидејќи и бројот на наслови што ги поседува е голем – над 33 илјади наслови и преку 88 илјади книги со над 5 илјади читатели. Според библиотеката, трансферот во новите простории ќе ѝ оневозможи на оваа институција да ги реализира нејзините активности како важен културен, едукативен и информативен центар. Од страна на библиотеката велат дека можеби според квадратни метри просториите се исти, но станува збор за поделени училници, додека просторијата каде што моментално се наоѓа библиотеката е заедничка просторија. Во новите простории би била оневозможена соработката меѓу делот за деца и за возрасни, а просторијата има и скали, што е проблем за лицата со посебни потреби. Проблемот би бил многу лесно решлив доколку институциите, конкретно Министерството за култура би ги забрзало активностите за завршување на новиот објект на театарот и библиотеката во Тетово, но истите се одолговлекуваат со години. Во јануари годинава, Порталб.мк пишуваше дека новиот објект на театарот и библиотеката во Тетово се ветува 12 години, се градат 9 години и според прогнозите, сè уште не се знае кога ќе има реализација, имајќи го предвид фактот дека често има одолговлекување на работите. Доколку навистина се реализира како што се ветува, овој објект од огромна важност за културата во Тетово, ќе ги отвори вратите 17 години по даденото ветување. Библиотеката и театарот во Тетово функционираат во простории на Домот на културата без најсоодветни услови за работа. Поради ова, тие години наназад го изразуваат нивното незадоволство и честопати и разочарување, бидејќи работите за новиот се влечат со години. Изградбата на Центарот за култура во Тетово беше ветена уште на 6 октомври 2010 година, кога тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска го презентираше идејното решение за изгледот на мултифункционалниот театар, што ќе нуди театар, кино и библиотека. Камен-темелникот за изградба на овој објект беше фрлен на 28 ноември 2014 година. Работите течеа многу бавно и со многу проблеми, а од страна на Порталб беа документирани години наназад.

The post Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ примила решение да ги ослободи актуелните простории и да се преместат на Факултетот за музичка уметност appeared first on Република.

]]>
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе биде промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-nu-biblioteka-grigor-prlichev-vo-ohrid-vecherva-ke-bide-promovirana-knigata-zad-nas-od-natasha-andreeska/ Thu, 07 Sep 2023 07:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=679565

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе биде промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска.

Книгата е збир од  колумни емитувани на Радио Скопје и претставува институционална меморија и архива за културниот, политичкиот и социјалниот идентитет, вели Андрееска која е Одговорен уредник на Македонското радио-Радио Скопје.

Таа во Македонското радио работи од 1988 година, минувајќи ги сите скалила во новинарската професија. Слушателите ја препознаваат по нејзините авторски емисии „Интерзона“, „Боите на Македонија“, „Тука околу нас“, „Мислам значи постојам“. Автор е на книгите „Размисли” и „Тука околу нас”.

За својата најнова книга Андрееска вели:

-Ова дело ни покажува дека сме само патници кои незапирливо патуваат во возот наречен време, а единственото вредно е она што го создаваме и го оставаме ЗАД НАС.

Промотор  ќе биде директорот на библиотеката Милчо Јованоски, а промоцијата ќе започне во 19 часот.

Охридската библиотека со овој настан се вклучува во одбележувањето на Денот на независноста - 8 Септември.

The post Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе биде промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска appeared first on Република.

]]>

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе биде промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска. Книгата е збир од  колумни емитувани на Радио Скопје и претставува институционална меморија и архива за културниот, политичкиот и социјалниот идентитет, вели Андрееска која е Одговорен уредник на Македонското радио-Радио Скопје. Таа во Македонското радио работи од 1988 година, минувајќи ги сите скалила во новинарската професија. Слушателите ја препознаваат по нејзините авторски емисии „Интерзона“, „Боите на Македонија“, „Тука околу нас“, „Мислам значи постојам“. Автор е на книгите „Размисли” и „Тука околу нас”. За својата најнова книга Андрееска вели: -Ова дело ни покажува дека сме само патници кои незапирливо патуваат во возот наречен време, а единственото вредно е она што го создаваме и го оставаме ЗАД НАС. Промотор  ќе биде директорот на библиотеката Милчо Јованоски, а промоцијата ќе започне во 19 часот. Охридската библиотека со овој настан се вклучува во одбележувањето на Денот на независноста - 8 Септември.

The post Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе биде промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Во Битолската библиотека од денеска е отворена „Дневна соба“, слободен простор за едукација и дружење https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-vo-bitolskata-biblioteka-od-deneska-e-otvorena-dnevna-soba-sloboden-prostor-za-edukatsija-i-druzhene/ Mon, 04 Sep 2023 15:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=678691

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола денеска беше промовиран нов библиотечен мултифункционален простор наречен „Дневна соба на градот“ каде што младите луѓе, но и сите генерации, ќе може да се среќаваат, да учат, да се унапредуваат, да стекнуваат нови пријатели. Новиот библиотечен простор, во светот препознаен како „Community hub“, се отвора во согласност со заложбите на Светската организација на библиотеки (ИФЛА), со поддршка од Министерството за култура.  

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на настанот по повод промоцијата на просторот, истакна дека уште од времето на прочуената Александриска библиотека, библиотеките се ризници на знаење, паметници на времето и просторот и чувари на пишаниот збор.  

– Со векови се менувале нивната улога и значење, но секогаш во центарот биле книгата и корисникот, читателот. Денес современите библиотеки станаа семоќни извори на информации, мултифункционални простори за сите возрасти, со еден збор – библиотеките се за сите. Токму со оваа отвореност кон граѓаните може да се пофалат Битола и Битолската библиотека, каде што библиотекарската традиција има длабоки корени, а во 1860 година е отворено првото читалиште во овој град – рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека овој мултифункционален центар ќе понуди програми за квалитетно поминување на слободното време, литература за сечиј вкус, можности за истражување, дружење и социјална комуникација, но, пред сѐ, ќе биде пријатно место за едукација и за размена на искуства.

– Моја лична цел е сите национални установи да бидат целосно отворени и насочени кон младите луѓе, но и кон другите, да ги отворат своите врати и токму преку вакви катчиња, секој да може да се почувствува дека е дома, во својата дневна соба – нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Во Битолската библиотека денеска се одржува и средба на библиотекарите од целата држава со основачот на „Хортикултурната мрежа на библиотеки“, Мирко С. Марковиќ, и со Јасмина Иванковиќ, директорка на библиотеката од Лазаревац. По тој повод, Костадиновска-Стојчевска истакна дека овој настан е уште една потврда за посветеноста на оваа национална установа за развојот на библиотеките кои се чувари на колективната меморија на еден народ, како и за примената и осмислувањето на иновативните програми во локалната средина.

− Хортикултурните библиотеки се нов тренд во библиотечното работење, нов концепт поддржан од Светската федерација на библиотеки и составен дел од „Агенда 2030“ на Обединетите нации, која промовира програми за развој на т.н. „паметни градови“ посветени на еколошки содржини. Битола е град во непосредна близина на Националниот парк Пелистер, така што има голем потенцијал за развој на нови хортикултурни содржини во библиотечната дејност. Токму поради тоа, од големо значење се заложбите на Битолската библиотека да го развива овој нов библиотечен концепт, институцијата да се стави во служба на граѓаните и  одржување поубава околина за живеење преку најразлични работилници и проекти поврзани со хортикултурата − рече министерката за култура.

На настанот се обрати и Бојан Стефановски, директор на Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Битола, а основачот на „Хортикултурната мрежа на библиотеки“, Мирко С. Марковиќ, одржа и предавање за улогата на современите библиотеки во заедницата со примери од светската практика. На средбата стана збор и за воспоставување „Мрежа на хортикултурни библиотеки во Македонија“.

The post Костадиновска-Стојчевска: Во Битолската библиотека од денеска е отворена „Дневна соба“, слободен простор за едукација и дружење appeared first on Република.

Промоција на новата стихозбирка „Набљудувај небо“ од авторката Маја Мојсова во Прличевата одаја на охридската библиотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-novata-stihozbirka-nabluduvaj-nebo-od-avtorkata-maja-mojsova-vo-prlichevata-odaja-na-ohridskata-biblioteka/ Mon, 21 Aug 2023 07:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=674031

Во понеделник, 21 август, од 12.00 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовирана новата стихозбирка „Набљудувај небо“ од авторката Маја Мојсова.

Промотор на книгата е д-р Марина Мијаковска, која воедно е автор на поговорот на книгата. За своето дело ќе говори и поетесата Мојсова.

„Набљудувај небо“ е четврто поетско остварување на Мојсова, а седма по ред публикувана книга. Издавач е ЗПРКДУ „Креативна верига“.

The post Промоција на новата стихозбирка „Набљудувај небо“ од авторката Маја Мојсова во Прличевата одаја на охридската библиотека appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, 21 август, од 12.00 часот, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовирана новата стихозбирка „Набљудувај небо“ од авторката Маја Мојсова. Промотор на книгата е д-р Марина Мијаковска, која воедно е автор на поговорот на книгата. За своето дело ќе говори и поетесата Мојсова. „Набљудувај небо“ е четврто поетско остварување на Мојсова, а седма по ред публикувана книга. Издавач е ЗПРКДУ „Креативна верига“.

The post Промоција на новата стихозбирка „Набљудувај небо“ од авторката Маја Мојсова во Прличевата одаја на охридската библиотека appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-od-arhivite-na-makedonskoto-literaturno-drushtvo-grigor-prlichev-od-sidnej-od-avtorot-ivan-trposki/ Mon, 14 Aug 2023 10:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=671958

Утре (вторник 15 август) од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана  книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски.

Промотор ќе биде д-р Виолета Ачковска а на присутните ќе им се обрати и авторот Трпоски.

Инаку Трпоски е роден во  Волино и од 1968 год. живее и твори во Сиднеј, Австралија. Тој е член и долгогодишен библиотекар и архивар во Литературното друштво „Григор Прличев“ од 1979 год., на Училишниот одбор за Нов Јужен Велс од 1980 год., на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 год. и на Здружението на новинарите од Македонија од 1995 година.

Неговиот најнов труд  содржи богат избор од документи и претставува  своевидна  хроника и обликуван приказ на севкупната активност во 45-те години постоење и дејност на една од најпознатите македонски писателски асоцијации на петтиот континент – Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Книгата е портрет на 350 творци, почнувајќи од претседателот на друштвото Душан Ристевски и сите останати членови заедно, кои во изминатиот  речиси половина век направија толку многу, а толку далеку од родната земја. Преку, творештвото на мајчиниот македонски јазик,и низата други активности, тие го афирмираат и негуваат и македонското име и македонскиот етникум во Сиднеј, Нов Јужен Велс и пошироко.

Претходно книгата беше промовирана во МАНУ во Скопје.

The post Промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски appeared first on Република.

]]>

Утре (вторник 15 август) од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана  книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски. Промотор ќе биде д-р Виолета Ачковска а на присутните ќе им се обрати и авторот Трпоски. Инаку Трпоски е роден во  Волино и од 1968 год. живее и твори во Сиднеј, Австралија. Тој е член и долгогодишен библиотекар и архивар во Литературното друштво „Григор Прличев“ од 1979 год., на Училишниот одбор за Нов Јужен Велс од 1980 год., на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 год. и на Здружението на новинарите од Македонија од 1995 година. Неговиот најнов труд  содржи богат избор од документи и претставува  своевидна  хроника и обликуван приказ на севкупната активност во 45-те години постоење и дејност на една од најпознатите македонски писателски асоцијации на петтиот континент – Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Книгата е портрет на 350 творци, почнувајќи од претседателот на друштвото Душан Ристевски и сите останати членови заедно, кои во изминатиот  речиси половина век направија толку многу, а толку далеку од родната земја. Преку, творештвото на мајчиниот македонски јазик,и низата други активности, тие го афирмираат и негуваат и македонското име и македонскиот етникум во Сиднеј, Нов Јужен Велс и пошироко. Претходно книгата беше промовирана во МАНУ во Скопје.

The post Промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Продавница за чудни миленичиња“ од  д-р Елена Обухова во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-prodavnitsa-za-chudni-milenichina-od-d-r-elena-obuhova-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Mon, 07 Aug 2023 08:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=669464

Утре (вторник ,08 август) од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата за деца „Продавница за чудни миленичиња“ од  д-р Елена Обухова. Се работи за првото прозно дело за деца од авторката Обухова (прво излегување од рамките на научната литература во уметничката). Авторка на илустрациите е писателката Обухова, а корицата е дело на Обухова и Катерина Влаќеска.

Промотор ќе биде д-р Емил Ниами а со авторката за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски. Извадоци од книгата ќе читаат група деца под раководство на Валентина Кузманоска. Ќе бидат претставени и сликите од Катерина Влаќeска за деца.

Книгата зборува за близнаците Марко и Марика, кои живеат во нашиот древен Охрид. Тие многу ги сакаат животните и со сите сили се трудат да им помогнат, поради што дури стануваат асистенти на локалниот ветеринар. Но и покрај сето тоа, дома не им дозволуваат да чуваат животни.

Еднаш во градот се отвора продавница за миленичиња чиј сопственик ја носи со себе малечката внука Теа. Родителите на девојчето се разведуваат и таа многу тешко го доживува тоа.

Наскоро децата откриваат дека во продавницата не живеат само обични животни туку и сосема чудни суштества чија задача е да им помагаат на луѓето. А тоа значи дека можат да ѝ помогнат и на самата Теа. И од тој момент започнуваат авантурите на тројцата другари и нивните помошници од животинскиот свет“.

The post Промоција на „Продавница за чудни миленичиња“ од  д-р Елена Обухова во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Утре (вторник ,08 август) од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата за деца „Продавница за чудни миленичиња“ од  д-р Елена Обухова. Се работи за првото прозно дело за деца од авторката Обухова (прво излегување од рамките на научната литература во уметничката). Авторка на илустрациите е писателката Обухова, а корицата е дело на Обухова и Катерина Влаќеска. Промотор ќе биде д-р Емил Ниами а со авторката за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски. Извадоци од книгата ќе читаат група деца под раководство на Валентина Кузманоска. Ќе бидат претставени и сликите од Катерина Влаќeска за деца.  
Книгата зборува за близнаците Марко и Марика, кои живеат во нашиот древен Охрид. Тие многу ги сакаат животните и со сите сили се трудат да им помогнат, поради што дури стануваат асистенти на локалниот ветеринар. Но и покрај сето тоа, дома не им дозволуваат да чуваат животни.
Еднаш во градот се отвора продавница за миленичиња чиј сопственик ја носи со себе малечката внука Теа. Родителите на девојчето се разведуваат и таа многу тешко го доживува тоа. Наскоро децата откриваат дека во продавницата не живеат само обични животни туку и сосема чудни суштества чија задача е да им помагаат на луѓето. А тоа значи дека можат да ѝ помогнат и на самата Теа. И од тој момент започнуваат авантурите на тројцата другари и нивните помошници од животинскиот свет“.   „

The post Промоција на „Продавница за чудни миленичиња“ од  д-р Елена Обухова во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nub-grigor-prlichev-od-ohrid-so-bogata-programa-ke-go-chestvuva-patronot/ Tue, 31 Jan 2023 13:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=602995

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев.

Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката.

Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво,  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13 часот со традиционалната „Прличева визита“.

Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски, а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот appeared first on Република.

]]>

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев. Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката. Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво,  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13 часот со традиционалната „Прличева визита“. Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски, а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот appeared first on Република.

]]>
Чувар во библиотека претепан во центарот на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chuvar-vo-biblioteka-pretepan-vo-tsentarot-na-skopje/ Sun, 29 Jan 2023 17:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=602340

На 28.01.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Центар, Ч.Д.(60) од Скопје пријави дека околу 19.00 часот во просторија од библиотека на подрачјето на Центар, додека бил на своето работно место како чувар во библиотеката, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Чувар во библиотека претепан во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

На 28.01.2023 во 20.00 часот во Полициска станица Центар, Ч.Д.(60) од Скопје пријави дека околу 19.00 часот во просторија од библиотека на подрачјето на Центар, додека бил на своето работно место како чувар во библиотеката, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.  

The post Чувар во библиотека претепан во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ добитник на признанието „Библиотека на годината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskata-gimnazija-josip-broz-tito-dobitnik-na-priznanieto-biblioteka-na-godinata/ Tue, 06 Dec 2022 11:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=582530

Библиотекарското здружение на Македонија додели признание „Библиотека на годината“ за библиотеката во средното училиште на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола и библиотекарот м-р Драган Ристевски.

Според библиотекарот Ристевски, гимназијалците се сé повеќе и поблиску до библиотеката, а признанието се должи и на креативната програма, десетици изложби на различни теми поврзани со книгата и други креативни активности кои како што вели ги забележа Библиотекарското здружение на Македонија.

Во библиотеката реализиравме повеќе промоции на книги, меѓу кои и на поранешниот словенечки амбасадор Милан Јазбец, организиравме ликовна изложба на познатиот ликовен уметник и академик Васко Ташковски, промовиравме книги на битолски автори и се со цел добар однос кон учениците и се со цел, доближување на книгата до гимназијалците. Можеби нескромно ќе звучи, но наградата е во вистински раце, истакна Ристевски.

Библиотеката на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола располага со фонд од 21.000 книги, а фондот се зголемува со донации.

Книги подари семејството на некогашниот директор на гимназијата Душко Алексовски кои донираа повеќе од 1.500 книги, семејството на писателот Анте Поповски додели 1.000 книги, но и други донации кои остануваат во трајна сопственост на библиотеката која е уредена, со амбиент на високо ниво, посочи библиотекарот Ристевски.

Наградата „Библиотека на годината“ во категоријата средно образование, на м-р Драган Ристевски ќе му биде врачена утре во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

The post Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ добитник на признанието „Библиотека на годината“ appeared first on Република.

]]>

Библиотекарското здружение на Македонија додели признание „Библиотека на годината“ за библиотеката во средното училиште на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола и библиотекарот м-р Драган Ристевски. Според библиотекарот Ристевски, гимназијалците се сé повеќе и поблиску до библиотеката, а признанието се должи и на креативната програма, десетици изложби на различни теми поврзани со книгата и други креативни активности кои како што вели ги забележа Библиотекарското здружение на Македонија.
Во библиотеката реализиравме повеќе промоции на книги, меѓу кои и на поранешниот словенечки амбасадор Милан Јазбец, организиравме ликовна изложба на познатиот ликовен уметник и академик Васко Ташковски, промовиравме книги на битолски автори и се со цел добар однос кон учениците и се со цел, доближување на книгата до гимназијалците. Можеби нескромно ќе звучи, но наградата е во вистински раце, истакна Ристевски.
Библиотеката на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола располага со фонд од 21.000 книги, а фондот се зголемува со донации.
Книги подари семејството на некогашниот директор на гимназијата Душко Алексовски кои донираа повеќе од 1.500 книги, семејството на писателот Анте Поповски додели 1.000 книги, но и други донации кои остануваат во трајна сопственост на библиотеката која е уредена, со амбиент на високо ниво, посочи библиотекарот Ристевски.
Наградата „Библиотека на годината“ во категоријата средно образование, на м-р Драган Ристевски ќе му биде врачена утре во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

The post Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ добитник на признанието „Библиотека на годината“ appeared first on Република.

]]>
Нови наслови со бескрајно возбудлива содржина во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-naslovi-so-beskrajno-vozbudliva-sodrzina-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Sun, 06 Nov 2022 12:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=570328

Понудата од нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа седмица ја сочинуваат пет наслови со бескрајно возбудлива содржина од двајца странски автори и од две издавачки куќи.
Од денеска на пултот за зајмување читателите ќе можат да ги побараат следните книги:
Предалеку и Преблиску обете од авторот Аби Глајнс а во издание на Книгохоличари.
Од авторот Крис Картер ви нудиме дури три романи одеднаш.
Скулптор на смртта, Умираат еден по еден и Злотовор сите во издание на Сакам книги.
Библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот.Таа е од отворен тип и читателите слободно можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката.
Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.
НУ Библиотека

The post Нови наслови со бескрајно возбудлива содржина во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Понудата од нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа седмица ја сочинуваат пет наслови со бескрајно возбудлива содржина од двајца странски автори и од две издавачки куќи. Од денеска на пултот за зајмување читателите ќе можат да ги побараат следните книги: Предалеку и Преблиску обете од авторот Аби Глајнс а во издание на Книгохоличари. Од авторот Крис Картер ви нудиме дури три романи одеднаш. Скулптор на смртта, Умираат еден по еден и Злотовор сите во издание на Сакам книги. Библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот.Таа е од отворен тип и читателите слободно можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката. Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции. НУ Библиотека

The post Нови наслови со бескрајно возбудлива содржина во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Изложба на дела од роднокрајни автори родени во ноември во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-dela-od-rodnokrajni-avtori-rodeni-vo-noemvri-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Fri, 04 Nov 2022 15:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=569629

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и овој ноември со изложба на дел од нивното творештво ги одбележува родендените на роднокрајните автори родени во овој месец.
Пред пултот за зајмување од вчера е поставена изложба на книги од следните автори: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески Дим – Дон, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.
Деновиве Библиотеката ќе започне со преуредување и нова обработка на богатото роднокрајно одделение и ќе направи ажуриран список на книги од роднокрајни автори и нивни дела.
Овие податоци подоцна ќе послужат за проширена обработка на творештвото на авторите од Охрид и нови библиографски изданија и стручни книги.

The post Изложба на дела од роднокрајни автори родени во ноември во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и овој ноември со изложба на дел од нивното творештво ги одбележува родендените на роднокрајните автори родени во овој месец. Пред пултот за зајмување од вчера е поставена изложба на книги од следните автори: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески Дим – Дон, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе. Деновиве Библиотеката ќе започне со преуредување и нова обработка на богатото роднокрајно одделение и ќе направи ажуриран список на книги од роднокрајни автори и нивни дела. Овие податоци подоцна ќе послужат за проширена обработка на творештвото на авторите од Охрид и нови библиографски изданија и стручни книги.

The post Изложба на дела од роднокрајни автори родени во ноември во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Нови наслови во Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-naslovi-vo-biblioteka-grigor-prlichev-od-ohrid/ Wed, 14 Sep 2022 08:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=550583

Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска побарајте ги следните интересни наслови:
„Последната кралица“ од К.В. Гортнер во издание на „Култура“.
Хуана од Кастилија, последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност. Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба, или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време?
„Ангел во тело“ од Билјана Тинтоска од Прилеп е роман, во кој таа, со зборови ја плете суштината на животот, тајните на радоста, среќата, тагата, стравот и вербата, вредностите кои не се гледаат со очите, ами се допираат со душата. Наместо вовед во романот, Тинтоска ги избрала стиховите на една извонредна стара македонска песна: „Чуј бледи докторе“.
„Ловец на зајаци“ од Лаш Кеплер од Шведска е роман во издание на „Матица македонска“ и во предговорот стои: - Десет мали зајаци, сите облечени во бело се обидоа да летнат до небото со летачка. Врвцата на летачката се скина и сите паднаа долу. Место на небото отидоа во... Тукушто се стемнило, Софија во големата луксузна вила на периферијата на Стокхолм ја чека новиот клиент.
Уште едн роман од актуелната Јелена Бачиќ – Алимпиќ,  „Клетва“- издание на „Матица македонска“.
... Кога Втората светска војна ќе пристигне на портите на мирното банатско село, идиличниот живот на семејството Станимировиќ од корен ќе се промени. Таткото Јован е приморан да се вклучи во борбата против окупаторот, а најстарата ќерка Душанка му дава завет дека ќе направи сè за да ја заштити мајка си и трите помлади сестри. Во тоа ќе ѝ помогне баба Радојка, надалеку позната по своите моќи и напивки. Дали вистинскиот завет е клетва која ќе се вгнезди во нивните животи? И покрај сите ужаси и страдања, само со љубов може да се слави животот и да се живее, секогаш и засекогаш, тоа е пораката од авторката Бачиќ – Алимпиќ.
„Украдено дество“ од Захарули Спасеска во издание на „Збор“.
Симона и Јован се запознаваат во Охрид каде што се дојдени од различни градови да студираат. Тоа е љубов на прв поглед, искрена и чиста. Нивната радост е попречена од родителите и на двајцата кои се против оваа љубов. И двајцата не разбираат, зошто родителите се против нивната среќа. Можат ли родителите да се непријатели на среќата на децата? Мајката на Симона открива страшна тајна поради која се противи на оваа врска, но сепак и двајцата ја избираат љубовта.

Нивната радост не е целосна поради противењето на родителите, но тие запливуваат во морето на љубовта која завршува со брак. Среќни се и уживаат во животот. Нивната радост е преголема со доаѓањето на нивната ќеркичка во нивниот живот. Сè е убаво до еден кобен момент...
Што се испречува на оваа среќа? Чие детство е украдено?
Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Охридската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот.
Читалната во одделот за издавање е отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката.
За потсетување годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.

The post Нови наслови во Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>

Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска побарајте ги следните интересни наслови: „Последната кралица“ од К.В. Гортнер во издание на „Култура“. Хуана од Кастилија, последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност. Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба, или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време? „Ангел во тело“ од Билјана Тинтоска од Прилеп е роман, во кој таа, со зборови ја плете суштината на животот, тајните на радоста, среќата, тагата, стравот и вербата, вредностите кои не се гледаат со очите, ами се допираат со душата. Наместо вовед во романот, Тинтоска ги избрала стиховите на една извонредна стара македонска песна: „Чуј бледи докторе“. „Ловец на зајаци“ од Лаш Кеплер од Шведска е роман во издание на „Матица македонска“ и во предговорот стои: - Десет мали зајаци, сите облечени во бело се обидоа да летнат до небото со летачка. Врвцата на летачката се скина и сите паднаа долу. Место на небото отидоа во... Тукушто се стемнило, Софија во големата луксузна вила на периферијата на Стокхолм ја чека новиот клиент. Уште едн роман од актуелната Јелена Бачиќ – Алимпиќ,  „Клетва“- издание на „Матица македонска“. ... Кога Втората светска војна ќе пристигне на портите на мирното банатско село, идиличниот живот на семејството Станимировиќ од корен ќе се промени. Таткото Јован е приморан да се вклучи во борбата против окупаторот, а најстарата ќерка Душанка му дава завет дека ќе направи сè за да ја заштити мајка си и трите помлади сестри. Во тоа ќе ѝ помогне баба Радојка, надалеку позната по своите моќи и напивки. Дали вистинскиот завет е клетва која ќе се вгнезди во нивните животи? И покрај сите ужаси и страдања, само со љубов може да се слави животот и да се живее, секогаш и засекогаш, тоа е пораката од авторката Бачиќ – Алимпиќ. „Украдено дество“ од Захарули Спасеска во издание на „Збор“. Симона и Јован се запознаваат во Охрид каде што се дојдени од различни градови да студираат. Тоа е љубов на прв поглед, искрена и чиста. Нивната радост е попречена од родителите и на двајцата кои се против оваа љубов. И двајцата не разбираат, зошто родителите се против нивната среќа. Можат ли родителите да се непријатели на среќата на децата? Мајката на Симона открива страшна тајна поради која се противи на оваа врска, но сепак и двајцата ја избираат љубовта. Нивната радост не е целосна поради противењето на родителите, но тие запливуваат во морето на љубовта која завршува со брак. Среќни се и уживаат во животот. Нивната радост е преголема со доаѓањето на нивната ќеркичка во нивниот живот. Сè е убаво до еден кобен момент... Што се испречува на оваа среќа? Чие детство е украдено? Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Охридската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот. Читалната во одделот за издавање е отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката. За потсетување годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари. Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.

The post Нови наслови во Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>
Неготинската библиотека поттикнува и наградува приказни напишани од деца  https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/negotinskata-biblioteka-pottiknuva-i-nagraduva-prikazni-napishani-od-deca/ Fri, 12 Aug 2022 18:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=539515

Неготинската библиотека поттикнува и наградува едукативни приказни напишани од деца, информираа денеска од градската библиотека „Страшо Пинџур“.

Имаме нова поставка од проектот „Приказна низ прошетка“. Поставивме слики на неколку табли во паркот спроти Градскиот музеј. Ги повикавме децата да осмислат своја приказна од прикажаните ликови, која ќе се базира врз принципите на ланецот на исхрана, борбата за опстанок на живиот свет во природата, појасни Катерина Данаилова, директор на библиотеката.

Таа нагласи дека децата за приказните донесени во библиотеката ќе освојат награди.

Данаилова додаде  дека целта е да се стимулира размислувањето кај децата, да се открие и негува нивниот талент за пишување.

The post Неготинската библиотека поттикнува и наградува приказни напишани од деца  appeared first on Република.

]]>

Неготинската библиотека поттикнува и наградува едукативни приказни напишани од деца, информираа денеска од градската библиотека „Страшо Пинџур“.
Имаме нова поставка од проектот „Приказна низ прошетка“. Поставивме слики на неколку табли во паркот спроти Градскиот музеј. Ги повикавме децата да осмислат своја приказна од прикажаните ликови, која ќе се базира врз принципите на ланецот на исхрана, борбата за опстанок на живиот свет во природата, појасни Катерина Данаилова, директор на библиотеката.
Таа нагласи дека децата за приказните донесени во библиотеката ќе освојат награди. Данаилова додаде  дека целта е да се стимулира размислувањето кај децата, да се открие и негува нивниот талент за пишување.

The post Неготинската библиотека поттикнува и наградува приказни напишани од деца  appeared first on Република.

]]>
Изложба на книги од роднокрајни автори во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-knigi-od-rodnokrajni-avtori-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Fri, 05 Aug 2022 08:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=536970

Пред пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид веќе е поставена изложбата на книги од роднокрајни автори родени во месец август, известуваат оттаму.

Традиционално и на овој начин потсетуваме на нивните родендени и на нивното богато творештво. Во август се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго, Славе Николовски – Катин и Кристина Т. Рудевска.

Оваа недела од најновата набавка во НУ Библиотека „Григор Прличев“ предлагаат да ги побарате и да ги прочитате следните книги:

„Солта во морето“ од Рута Шепетис,  „Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас, „Тајниот говор“ од Том Роб Смит и „Умри за мене“ од Синтија Идн. Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс.

Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример.

Да потсетиме библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до петок а годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

The post Изложба на книги од роднокрајни автори во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Пред пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид веќе е поставена изложбата на книги од роднокрајни автори родени во месец август, известуваат оттаму.
Традиционално и на овој начин потсетуваме на нивните родендени и на нивното богато творештво. Во август се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго, Славе Николовски – Катин и Кристина Т. Рудевска.
Оваа недела од најновата набавка во НУ Библиотека „Григор Прличев“ предлагаат да ги побарате и да ги прочитате следните книги: „Солта во морето“ од Рута Шепетис,  „Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас, „Тајниот говор“ од Том Роб Смит и „Умри за мене“ од Синтија Идн. Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс. Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример. Да потсетиме библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до петок а годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

The post Изложба на книги од роднокрајни автори во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Летен саем на книга во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/leten-saem-na-kniga-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Tue, 05 Jul 2022 08:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=524027

Од 11 до 22 јули секој работен ден од понеделник до петок од 9 наутро до 12.00 напладне, ќе се одржува Летен саем на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид .

Книги од едицијата 130 тома Македонска книжевност  за  само 157 денари по примерок.

Збогатете ја Вашата библиотека, купете книга за подарок – читајте на плажа!

Посочете  им ја на странците македонската книжевност  во 130 тома  преведена на англиски по 473 денари од примерок.

Ќе ви понудиме и книги од едицијата Ѕвездите на светската книжевност  по пристапни цени .

На една од терасите на Библиотеката ќе  ве чека  Летен саем на книгата во ладовина, соопштија оттаму.

The post Летен саем на книга во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Од 11 до 22 јули секој работен ден од понеделник до петок од 9 наутро до 12.00 напладне, ќе се одржува Летен саем на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид .
Книги од едицијата 130 тома Македонска книжевност  за  само 157 денари по примерок. Збогатете ја Вашата библиотека, купете книга за подарок – читајте на плажа! Посочете  им ја на странците македонската книжевност  во 130 тома  преведена на англиски по 473 денари од примерок. Ќе ви понудиме и книги од едицијата Ѕвездите на светската книжевност  по пристапни цени . На една од терасите на Библиотеката ќе  ве чека  Летен саем на книгата во ладовина, соопштија оттаму.  

The post Летен саем на книга во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13 јуни до 5 септември ќе работи во една смена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nu-biblioteka-grigor-prlichev-od-ohrid-od-ponedelnik-13-juni-do-5-septemvri-kje-raboti-vo-edna-smena/ Thu, 09 Jun 2022 09:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=513016

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13 јуни до 5 септември  годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.

Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.

Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 14.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.

Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13 јуни до 5 септември ќе работи во една смена appeared first on Република.

]]>

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13 јуни до 5 септември  годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 14.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели. Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид. Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13 јуни до 5 септември ќе работи во една смена appeared first on Република.

]]>
Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид домаќин на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid-domakjin-na-republichkiot-natprevar-mladi-bibliotekari/ Fri, 20 May 2022 08:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=504665

Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) денеска напладне во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“.

Според пријавите за  престижната титула „Млади библиотекари на годината“ ќе се натпреваруваат 20 ученици од цела држава кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар.

Охрид ќе го претставува Марија Ѓиноска, ученичка во деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“од Велгошти под менторство на наставничката по македонски јазик Снежана Стојаноска.

Во Охрид покрај натпреварувачите доаѓаат и нивните ментори како и дел од директорите на Националните и Локалните библиотеки а најавено е и присуството на Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Нашата библиотека е домаќин на натпреварот заедно со БЗМ а помогната од вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и сендвичарницата Пинокио.

The post Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид домаќин на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ appeared first on Република.

]]>

Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) денеска напладне во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“. Според пријавите за  престижната титула „Млади библиотекари на годината“ ќе се натпреваруваат 20 ученици од цела држава кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Охрид ќе го претставува Марија Ѓиноска, ученичка во деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“од Велгошти под менторство на наставничката по македонски јазик Снежана Стојаноска. Во Охрид покрај натпреварувачите доаѓаат и нивните ментори како и дел од директорите на Националните и Локалните библиотеки а најавено е и присуството на Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Нашата библиотека е домаќин на натпреварот заедно со БЗМ а помогната од вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и сендвичарницата Пинокио.  

The post Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид домаќин на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ appeared first on Република.

]]>