Библиотека Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biblioteka-ohrid/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 10:16:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Библиотека Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biblioteka-ohrid/ 32 32 НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи празникот на виното и лозјето и празникот на вљубените https://arhiva3.republika.mk/zivot/nu-biblioteka-grigor-prlichev-vo-ohrid-ke-gi-odbelezhi-praznikot-na-vinoto-i-lozjeto-i-praznikot-na-vlubenite/ Tue, 13 Feb 2024 10:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=743555

Со промоција на книга, музички перформанс и вино утре напладне ( 12 ч.) НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи свети Трифун, празникот на виното и лозјето и свети Валентин празникот на вљубените. Православната црква го слави и Свети Валентин, но не на 14 февруари, туку на 19 јули и на 12 август.

Според теолозите, и двајцата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците, но за секој од нив се изградил одреден култ кај одредената црква

Но на 14 февруари сепак се одбележуваат двата светители, еден кој кај христијанскиот свет има долга традиција и се почитува со векови, и вториот кој со посредство на медиумите стана глобален феномен и надвор од христијанските земји.

По тој повод во Библиотеката музички перформанс на гитара ќе изведе  познатиот охридски и македонски гитарист Мартин Милески а  ќе биде промовирана и 121 книга од Академик д-р Миле Миќуновиќ со наслов: „Љубов – извор на здравје и среќа“.

Д-р Миќуновиќ во книга се задржува на: Полот во човечкото oпштество; сексуалните проблеми во развојот на човекот; функции на полот кај човекот; прокреативната функција на полот; рекреативната функција на полот; љубовта е потреба; заљубеност;цврстата прегратка ја задушува љубовта; сексуално среќна жена; љубов на интернет; очите го гледаат она што тие го сакаат; намалена сексуална желба, главата ме боли; телесна привлечност; сочен бакнеж; сексуални работнички; вистинска страст; верен маж; моќта е сексуално привлечна; зошто нижиме рецки; љубовни смс пораки; малите тајни ја чуваат врската; предигра не е неопходна; в кревет со помлад; секс со пријател; зошто мажите купуваат секс; прељуба; љубовен прав; темел на љубовта; страст во зрели години; што поспоро тоа подобро; љубовта не е секс; сексот не е натпревар; повеќе тестостерон; фалбаџии; за среќа е потребен секс; помалку секс не значи повеќе памет; нови мажи; секс во бројки и половиот однос лек за телото и душата.

Авторот во заклучокот вели дека е љубовта извор на здравје и среќа.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи празникот на виното и лозјето и празникот на вљубените appeared first on Република.

]]>

Со промоција на книга, музички перформанс и вино утре напладне ( 12 ч.) НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи свети Трифун, празникот на виното и лозјето и свети Валентин празникот на вљубените. Православната црква го слави и Свети Валентин, но не на 14 февруари, туку на 19 јули и на 12 август. Според теолозите, и двајцата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците, но за секој од нив се изградил одреден култ кај одредената црква Но на 14 февруари сепак се одбележуваат двата светители, еден кој кај христијанскиот свет има долга традиција и се почитува со векови, и вториот кој со посредство на медиумите стана глобален феномен и надвор од христијанските земји. По тој повод во Библиотеката музички перформанс на гитара ќе изведе  познатиот охридски и македонски гитарист Мартин Милески а  ќе биде промовирана и 121 книга од Академик д-р Миле Миќуновиќ со наслов: „Љубов – извор на здравје и среќа“. Д-р Миќуновиќ во книга се задржува на: Полот во човечкото oпштество; сексуалните проблеми во развојот на човекот; функции на полот кај човекот; прокреативната функција на полот; рекреативната функција на полот; љубовта е потреба; заљубеност;цврстата прегратка ја задушува љубовта; сексуално среќна жена; љубов на интернет; очите го гледаат она што тие го сакаат; намалена сексуална желба, главата ме боли; телесна привлечност; сочен бакнеж; сексуални работнички; вистинска страст; верен маж; моќта е сексуално привлечна; зошто нижиме рецки; љубовни смс пораки; малите тајни ја чуваат врската; предигра не е неопходна; в кревет со помлад; секс со пријател; зошто мажите купуваат секс; прељуба; љубовен прав; темел на љубовта; страст во зрели години; што поспоро тоа подобро; љубовта не е секс; сексот не е натпревар; повеќе тестостерон; фалбаџии; за среќа е потребен секс; помалку секс не значи повеќе памет; нови мажи; секс во бројки и половиот однос лек за телото и душата. Авторот во заклучокот вели дека е љубовта извор на здравје и среќа.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи празникот на виното и лозјето и празникот на вљубените appeared first on Република.

]]>
Нови пет наслови кои се хит ова лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-pet-naslovi-koi-se-hit-ova-leto/ Thu, 21 Jul 2022 08:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=531674

Неделната понуда на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид овој пат е спој од издавачките програми на „Книгохоличари“ и „Сакам книги“

На одделот за зајмување може да ги побарате следните наслови: „Десет мали воздишки“ од А.К. Такер, „Господин неподнослив“ од Вај Киленд и Пенелопи Вард, „Малата пациентка“ од Шерон Болтон, „Ме сака, не ме сака“ дело на Сара Донзил и „Улицата на бродовите“ од Сара Џио.
Потсетуваме дека и ова лето библиотеката со корисници работи од понеделник до петок од 8 и30 до 16:00 часот а годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
До крајот на неделава во Библиотеката се одвива Летниот саем на книги во ладовина а функционира и 24 часа отворената бесплатна библиотека наменета пред се’ за странските туристи, велат оттаму.

The post Нови пет наслови кои се хит ова лето appeared first on Република.

]]>

Неделната понуда на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид овој пат е спој од издавачките програми на „Книгохоличари“ и „Сакам книги“
На одделот за зајмување може да ги побарате следните наслови: „Десет мали воздишки“ од А.К. Такер, „Господин неподнослив“ од Вај Киленд и Пенелопи Вард, „Малата пациентка“ од Шерон Болтон, „Ме сака, не ме сака“ дело на Сара Донзил и „Улицата на бродовите“ од Сара Џио. Потсетуваме дека и ова лето библиотеката со корисници работи од понеделник до петок од 8 и30 до 16:00 часот а годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари. До крајот на неделава во Библиотеката се одвива Летниот саем на книги во ладовина а функционира и 24 часа отворената бесплатна библиотека наменета пред се’ за странските туристи, велат оттаму.

The post Нови пет наслови кои се хит ова лето appeared first on Република.

]]>
НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nu-biblioteka-grigor-prlichev-vo-ohrid-otvori-besplatno-knizevno-katche-koe-kje-funkcionira-24-chasa/ Mon, 11 Jul 2022 10:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=526937

Од денеска и официјално за прв пат во Охрид НУ Библиотека „Григор Прличев“ отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа.

Трезорите на библиотеката се богати со странска литература особено на англиски и германски јазик,на јазиците на соседните држави и други светски јазици кои што гостите ќе можат да ги позајмат но и да ги разменат со свои книги. Да зајмат или да остават. Тоа ќе биде ново искуство за нив при што одморот ќе можат да го поминат во дружба со книгата.

Библиотеката исто така за прв пат од денеска отвори и Летен саем на книгата со домашна литература а странските љубители на пишуваниот збор ќе имаат можност да купат и македонска литература преведена на англиски јазик.

Библиотеката исто така ќе им понуди на хотелите да набават литература од македонски и странски продукции за да ја збогатат својата понуда.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа appeared first on Република.

]]>

Од денеска и официјално за прв пат во Охрид НУ Библиотека „Григор Прличев“ отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа. Трезорите на библиотеката се богати со странска литература особено на англиски и германски јазик,на јазиците на соседните држави и други светски јазици кои што гостите ќе можат да ги позајмат но и да ги разменат со свои книги. Да зајмат или да остават. Тоа ќе биде ново искуство за нив при што одморот ќе можат да го поминат во дружба со книгата. Библиотеката исто така за прв пат од денеска отвори и Летен саем на книгата со домашна литература а странските љубители на пишуваниот збор ќе имаат можност да купат и македонска литература преведена на англиски јазик. Библиотеката исто така ќе им понуди на хотелите да набават литература од македонски и странски продукции за да ја збогатат својата понуда.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа appeared first on Република.

]]>
Нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи во НУ Библиотеката „Григор Прличев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-naslovi-od-renomirani-makedonski-izdavachki-kukji-vo-nu-bibliotekata-grigor-prlichev/ Wed, 06 Jul 2022 10:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=524737

Преку Јавна набавка а со средства од Министерството за култура Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ деновиве ја заврши првата набавка за годинава на нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи.

Интенција е на библиотеката со уште еден или два дополнителни повици во текот на оваа 2022 година да го збогати фондот со нови, актуелни книги и наслови од домашната и странска продукција во одделите за деца и возрасни.

Еве ги првите пет книги кои се веќе на полиците за издавање:

„Море на загубената љубов“ од Санта Монтефјоре и „ Лаги што поврзуваат“ од Емили Гифин и „Италијанска девојка “ од Лусинда Рајли трите во издание на Матица македонска.

На штандовите за издавање побарајте ги книгите: „Продавница за сувенири во Техеран“ од Марјан Камали и „што остави зад себе“од Елен Мари Вајсмен обете во издание на Книгохоличари.

Да потсетиме годишната членарина во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок во времето од 8 и30 до 16 часот.

 

 

The post Нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи во НУ Библиотеката „Григор Прличев“ appeared first on Република.

]]>

Преку Јавна набавка а со средства од Министерството за култура Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ деновиве ја заврши првата набавка за годинава на нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи. Интенција е на библиотеката со уште еден или два дополнителни повици во текот на оваа 2022 година да го збогати фондот со нови, актуелни книги и наслови од домашната и странска продукција во одделите за деца и возрасни. Еве ги првите пет книги кои се веќе на полиците за издавање: „Море на загубената љубов“ од Санта Монтефјоре и „ Лаги што поврзуваат“ од Емили Гифин и „Италијанска девојка “ од Лусинда Рајли трите во издание на Матица македонска. На штандовите за издавање побарајте ги книгите: „Продавница за сувенири во Техеран“ од Марјан Камали и „што остави зад себе“од Елен Мари Вајсмен обете во издание на Книгохоличари. Да потсетиме годишната членарина во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари. Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок во времето од 8 и30 до 16 часот.    

The post Нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи во НУ Библиотеката „Григор Прличев“ appeared first on Република.

]]>
Портрет и промоција на творештвото на Оливера Јовановска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/portret-i-promocija-na-tvoreshtvoto-na-olivera-jovanovska/ Wed, 15 Jun 2022 07:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=515328

Денеска во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи поетско - литературна средба со авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.

Всушност во Охрид во Прличевата одаја промоторите - поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ ,  „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска.

Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Промоцијата ќе биде збогатена со неколку македонски новокомпонирани песни  - стиховите се дело на Оливера а во изведба на нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски – Бубе .

Поезијата и прозата на Оливера се продукт на личното животно искуство, „приказните“ собирани и слушани во секојдневното окружување и како кај секој творец надоградени со низа имагинарни ликови и ситуации.

The post Портрет и промоција на творештвото на Оливера Јовановска appeared first on Република.

]]>

Денеска во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи поетско - литературна средба со авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија. Всушност во Охрид во Прличевата одаја промоторите - поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“ , „Магични љубовни зборови“ ,  „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска. Четирите книги ( три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Промоцијата ќе биде збогатена со неколку македонски новокомпонирани песни  - стиховите се дело на Оливера а во изведба на нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски – Бубе . Поезијата и прозата на Оливера се продукт на личното животно искуство, „приказните“ собирани и слушани во секојдневното окружување и како кај секој творец надоградени со низа имагинарни ликови и ситуации.

The post Портрет и промоција на творештвото на Оливера Јовановска appeared first on Република.

]]>