Би-би-си Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bi-bi-si/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 15:32:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Би-би-си Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bi-bi-si/ 32 32 Би-Би-Си: До крајот на март 2026 година очекуваме намалување на околу 500 работни места https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bi-bi-si-do-krajot-na-mart-2026-godina-ochekuvame-namaluvane-na-okolu-500-rabotni-mesta/ Tue, 23 Jul 2024 15:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=799610

Британската медиумска компанија Би-Би-Си денеска објави дека планира да отпушти 500 вработени до крајот на март 2026 година, како дел од планот за голема економска трансформација.

По повод објавувањето на својот годишен извештај, Би-Би-Си посочи дека нејзината работна сила паднала за речиси 2.000 работни места, или десет отсто, во последните пет години.

„До крајот на март 2026 година очекуваме намалување на околу 500 работни места“, се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Покрај годишниот план за штедење од 594 милиони евра објавен пред две години, Би-Би-Си спроведува дополнителен план за намалување на трошоците од 237 милиони евра, што го објави минатиот март.

The post Би-Би-Си: До крајот на март 2026 година очекуваме намалување на околу 500 работни места appeared first on Република.

]]>

Британската медиумска компанија Би-Би-Си денеска објави дека планира да отпушти 500 вработени до крајот на март 2026 година, како дел од планот за голема економска трансформација. По повод објавувањето на својот годишен извештај, Би-Би-Си посочи дека нејзината работна сила паднала за речиси 2.000 работни места, или десет отсто, во последните пет години. „До крајот на март 2026 година очекуваме намалување на околу 500 работни места“, се вели во соопштението на Би-Би-Си. Покрај годишниот план за штедење од 594 милиони евра објавен пред две години, Би-Би-Си спроведува дополнителен план за намалување на трошоците од 237 милиони евра, што го објави минатиот март.

The post Би-Би-Си: До крајот на март 2026 година очекуваме намалување на околу 500 работни места appeared first on Република.

]]>
Презентерка на Би-би-си покажа среден прст на вести во живо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prezenterka-na-bi-bi-si-pokazha-sreden-prst-na-vesti-vo-zhivo/ Fri, 08 Dec 2023 10:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=720963

Презентерка на вести на Би-би-си, која случајно беше фатена како покажува среден прст на почетокот на програмата, се извини за, како што рече, „глупавата шега“ која била наменета за колегите, но не и за гледачите.

Мерјам Мошири, една од главните водителки на Би-би-си, во средата беше фатена во кадар како на пладневното издание на вестите покажува среден прст, по завршувањето на препознатливото одбројување до почетокот на програмата.

Таа брзо ја спушти раката и го смени изразот на лицето пред да почне да ги чита насловите на вестите.

https://twitter.com/TheInsiderPaper/status/1732691234374950920?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1732691234374950920%7Ctwgr%5E904385c30f8b42ba584fdb7ecea8a628567d2859%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmeta.mk%2Fprezenterka-na-bi-bi-si-pokazha-sreden-prst-na-vesti-vo-zhivo-pa-se-izvini%2F

Презентерката се извини на социјалната мрежа „Х“, велејќи дека се шегувала со тимот, преправајќи се дека одбројува со прстите.

Кога стигнавме до 1, го свртев прстот како шега и не сфатив дека ова ќе биде фатено на камера. Тоа беше приватна шега со тимот и многу ми е жал што излезе во етер. Не ми беше намера ова да се случи и се извинувам ако навредив или вознемирив некого“, напиша таа.

https://twitter.com/BBCMaryam/status/1732672525107114470

Дел од граѓаните на Велика Британија го опишаа случајот како непрофесионален, искористувајќи го за да повикаат на дефинансирање на британскиот јавен радиодифузен сервис.

The post Презентерка на Би-би-си покажа среден прст на вести во живо appeared first on Република.

]]>

Презентерка на вести на Би-би-си, која случајно беше фатена како покажува среден прст на почетокот на програмата, се извини за, како што рече, „глупавата шега“ која била наменета за колегите, но не и за гледачите. Мерјам Мошири, една од главните водителки на Би-би-си, во средата беше фатена во кадар како на пладневното издание на вестите покажува среден прст, по завршувањето на препознатливото одбројување до почетокот на програмата. Таа брзо ја спушти раката и го смени изразот на лицето пред да почне да ги чита насловите на вестите. https://twitter.com/TheInsiderPaper/status/1732691234374950920?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1732691234374950920%7Ctwgr%5E904385c30f8b42ba584fdb7ecea8a628567d2859%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmeta.mk%2Fprezenterka-na-bi-bi-si-pokazha-sreden-prst-na-vesti-vo-zhivo-pa-se-izvini%2F Презентерката се извини на социјалната мрежа „Х“, велејќи дека се шегувала со тимот, преправајќи се дека одбројува со прстите.
Кога стигнавме до 1, го свртев прстот како шега и не сфатив дека ова ќе биде фатено на камера. Тоа беше приватна шега со тимот и многу ми е жал што излезе во етер. Не ми беше намера ова да се случи и се извинувам ако навредив или вознемирив некого“, напиша таа.
https://twitter.com/BBCMaryam/status/1732672525107114470 Дел од граѓаните на Велика Британија го опишаа случајот како непрофесионален, искористувајќи го за да повикаат на дефинансирање на британскиот јавен радиодифузен сервис.

The post Презентерка на Би-би-си покажа среден прст на вести во живо appeared first on Република.

]]>
Суспендиран познат водител на Би-Би-Си: „Му плаќаше илјадници фунти на моето дете за експлицитни фотографии“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/suspendiran-poznat-voditel-na-bi-bi-si-mu-plakashe-iljadnitsi-funti-na-moeto-dete-za-eksplitsitni-fotografii/ Sun, 09 Jul 2023 18:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=659449

Познат водител на Би-Би-Си плаќал десетици илјади фунти на тинејџер за сексуално експлицитни фотографии, објави британски „Сан“.

Би-би-си потврди дека ги истражува наводите за „сексуално недолично однесување од страна на еден од неговите водители“.

Ние сите наводи ги сфаќаме многу сериозно и имаме процеси за проактивно справување со нив. Доколку добиеме информации кои бараат понатамошна истрага или испитување, ќе преземеме чекори за да го сториме тоа. Ова вклучува активно разговор со оние кои нè контактирале за да побараат дополнителни детали и да ја разбереме ситуацијата, истакна портпаролката на Би-би-си.

Британскиот таблоид „Сан“ вчера објави дека една жена обвинила неименуван водител на Би-би-си дека му плаќал на нејзиниот син тинејџер за сексуално експлицитни фотографии. Тој наводно му платил десетици илјади фунти.

Според таблоидот, семејството на наводната жртва се пожалило на Би-би-си на 19 мај. Мајката на младиот човек, кој денес има 20 години, тврди дека е револтирана што водителот и покрај тоа сè уште работи во Би-би-си. Таа тврди дека момчето со водителот стапило во контакт пред три години.

Имав среќно дете, кое за само три години стана како дух зависник од дрога - вели мајката која ја видела експлицитната содржина на мобилниот телефон на детето.

Кога ќе го видам на телевизија, ми се гади. Тој човек му го уништи животот на моето дете. Му испрати илјадници фунти во замена за сексуално експлицитни фотографии, наведе мајката за „Сан“.

The post Суспендиран познат водител на Би-Би-Си: „Му плаќаше илјадници фунти на моето дете за експлицитни фотографии“ appeared first on Република.

]]>

Познат водител на Би-Би-Си плаќал десетици илјади фунти на тинејџер за сексуално експлицитни фотографии, објави британски „Сан“. Би-би-си потврди дека ги истражува наводите за „сексуално недолично однесување од страна на еден од неговите водители“.
Ние сите наводи ги сфаќаме многу сериозно и имаме процеси за проактивно справување со нив. Доколку добиеме информации кои бараат понатамошна истрага или испитување, ќе преземеме чекори за да го сториме тоа. Ова вклучува активно разговор со оние кои нè контактирале за да побараат дополнителни детали и да ја разбереме ситуацијата, истакна портпаролката на Би-би-си.
Британскиот таблоид „Сан“ вчера објави дека една жена обвинила неименуван водител на Би-би-си дека му плаќал на нејзиниот син тинејџер за сексуално експлицитни фотографии. Тој наводно му платил десетици илјади фунти. Според таблоидот, семејството на наводната жртва се пожалило на Би-би-си на 19 мај. Мајката на младиот човек, кој денес има 20 години, тврди дека е револтирана што водителот и покрај тоа сè уште работи во Би-би-си. Таа тврди дека момчето со водителот стапило во контакт пред три години.
Имав среќно дете, кое за само три години стана како дух зависник од дрога - вели мајката која ја видела експлицитната содржина на мобилниот телефон на детето. Кога ќе го видам на телевизија, ми се гади. Тој човек му го уништи животот на моето дете. Му испрати илјадници фунти во замена за сексуално експлицитни фотографии, наведе мајката за „Сан“.
 
The post Суспендиран познат водител на Би-Би-Си: „Му плаќаше илјадници фунти на моето дете за експлицитни фотографии“ appeared first on Република.

]]>
„Би-Би-Си“ планира да премине целосно онлајн во следната деценија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/bi-bi-si-planira-da-premine-tselosno-onlajn-vo-slednata-detsenija/ Sun, 29 Jan 2023 20:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=602366

Британскиот јавен радиодифузен сервис BBC ги започнува подготовките за премин кон целосна онлајн содржина, при што планира да ги затвори сите телевизиски и радио канали. Според најавените планови, тоа треба да се случи во следната деценија, а дотогаш BBC ќе продолжи да развивателевизиски и радио проекти.

Според генералниот директор на BBC, Тим Дејви, иднината ќе вклучува „обединување на сите медиумски формати во еден“, најверојатно во форма на единствена апликација која комбинира сè, од телевизиски содржини до локални вести и едукативен материјал.

Дејви го прифати ризикот дека BBC може да прерасне во само уште еден стримувач на онлајн содржини на пазар кој и веќе е презаситен: „Преминувањето кон дигиталниот простор не е предизвик сам по себе, туку преминувањето кон дигиталниот простор без да изгубите поголем дел од вашата публика и непотребно да потрошите милиони фунти е вистинскиот предизвик“.

Иако телевизиските и радио канали на BBC продолжуваат да допираат до десетици милиони Британци месечно, речиси сите нивни медиуми бележат веќе долгорочен пад на нивната публика, особено меѓу помладите демографски категории.

Извор- Маркетинг 365

The post „Би-Би-Си“ планира да премине целосно онлајн во следната деценија appeared first on Република.

]]>

Британскиот јавен радиодифузен сервис BBC ги започнува подготовките за премин кон целосна онлајн содржина, при што планира да ги затвори сите телевизиски и радио канали. Според најавените планови, тоа треба да се случи во следната деценија, а дотогаш BBC ќе продолжи да развивателевизиски и радио проекти. Според генералниот директор на BBC, Тим Дејви, иднината ќе вклучува „обединување на сите медиумски формати во еден“, најверојатно во форма на единствена апликација која комбинира сè, од телевизиски содржини до локални вести и едукативен материјал. Дејви го прифати ризикот дека BBC може да прерасне во само уште еден стримувач на онлајн содржини на пазар кој и веќе е презаситен: „Преминувањето кон дигиталниот простор не е предизвик сам по себе, туку преминувањето кон дигиталниот простор без да изгубите поголем дел од вашата публика и непотребно да потрошите милиони фунти е вистинскиот предизвик“.
Иако телевизиските и радио канали на BBC продолжуваат да допираат до десетици милиони Британци месечно, речиси сите нивни медиуми бележат веќе долгорочен пад на нивната публика, особено меѓу помладите демографски категории. Извор- Маркетинг 365

The post „Би-Би-Си“ планира да премине целосно онлајн во следната деценија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за „Би-би-си“: Ако сакате да бидете лидер, мора да носите тешки одлуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-bi-bi-si-ako-sakate-da-bidete-lider-mora-da-nosite-teshki-odluki/ Mon, 31 Oct 2022 12:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=567803

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за „HardTalk“ на „BBC“ истакна дека за стартот на преговорите со Европската Унија постигнавме неколку клучни цели, пренесуваат од Влада.

Ако сакате да бидете лидер, мора да носите тешки одлуки. Во овие преговори ние имавме неколку цели и ги постигнавме. Прво: чист македонски јазик во ЕУ. Второ: чист македонски идентитет, на Македонците и почеток на преговорите со ЕУ што и се случи на 19 јули. Дополнително, историските прашања да бидат надвор од преговарачката рамка. Ја споменавте работата на историската комисија, таа работи со четиринаесет членови, седум од македонска и седум од бугарска страна кои можат да носат одлуки само со консензус и тие одлуки може да бидат спроведени на реципроцитетна основа меѓу двете земји. И тоа е всушност договорот каде тие, историчарите, ќе се занимаваат со историските прашања. Го потпишавме првиот договор со ЕУ, во кој има чист македонски јазик, без фусноти, без објаснувања и уште поважно, во врска со Фронтекс договорот, Грција и Република Бугарија, одобрија договор во кој има чист македонски јазик, вели Ковачевски и додава дека има историска комисија, со четиринаесет членови, седум македонски, седум бугарски и тие работат независно од политичарите, целта е да изградиме реторика меѓу соседите која ќе гледа кон иднината и ќе гледа кон напред.

Во однос на ЕУ интеграциите, како што информира владната прес-слижба, Ковачевски посочил дека процесот за приклучување кон ЕУ беше заглавен уште пред да почне, пред единаесет години од претходната влада зашто тие, како што наведува, не беа подготвени да се поместат ниту еден милиметар.

Тие не донесоа никакви одлуки. Ние имаме два концепти во државава. Едниот концепт, кој јас го водам, е дека Македонците и сите други граѓани на Cеверна Македонија, со кренати глави, со достоинство, треба да седнат на големата маса во Брисел и да го кажат својот став за сите прашања, да преговараат и да станат членови на ЕУ. Другиот концепт е со лажно достоинство, да седнат на малата маса тука, во Cеверна Македонија, сами, изолирани, во конфликт со соседите, без разговори со ЕУ. Ова седење на мала маса, со лажно достоинство, го гледавме со години. Сите политички партии имаат одговорност да носат одлуки кои ќе донесат подобра иднина за идните генерации. Бидејќи, на крајот знам дека овој процес ќе биде тежок, преговорите ќе бидат мачни, свесен сум за тоа, сите граѓани се свесни за тоа, но наградата е членство во ЕУ, бидејќи македонските граѓани сакаат да бидат дел од ЕУ, сакаат да живеат во ЕУ, но во нивната држава тука, а не да ја напуштат нивната земја и да работат во земјите членки на ЕУ, нагласи Ковачевски во интервјуто за Би-би-си.

Најлесно е, вели, да се биде политичар кој зборува за минатото, бидејќи кога зборувате за минатото, не ветувате ништо, само играте со емоциите на луѓето, а тешко е да се биде политичар кој зборува за иднината, зашто тогаш давате ветување.

The post Ковачевски за „Би-би-си“: Ако сакате да бидете лидер, мора да носите тешки одлуки appeared first on Република.

Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-nastana-laznata-vest-na-bi-bi-si-za-smrtta-na-kralicata-elizabeta/ Fri, 09 Sep 2022 13:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=549120

Смртта на британската кралица Елизабета предизвика огромен број реакции и внимание во светската јавност.

Сепак, освен како историски маркантен настан, со оглед на тоа што последен пат кога починал еден британски монарх беше пред 70 години, смртта на Елизабета втора, предизвика огромни контроверзии поради наводно објавена лажна вест за нејзината смрт.

Со години, во британските медиуми протекуваа детали од Протоколот подготвен во случај на смрт на Кралицата, а овојпат голема бура крена „лажната вест“која велеѓе дека таа починала, пишува „Вашингтон пост“.

Неколку часа пред официјално да биде објавено дека кралицата Елизабета починала, таа информација беше споделена на социјалните мрежи од анкерот на британскиот национален сервис „Би-би-си“, Јалда Хаким, со што беше прекршен предвидениот Протокол, кој предвидува дека таа вест ќе биде објавена во јавноста директно од Бакингемската палата.

Важна вест. Кралицата Елизабета почина на 96 години, информираат од Бакингемската палата - стоеше во објавата на новинарката на „Би-би-си“.

https://republika.mk/vesti/svet/pochina-kralicata-elizabeta-vtora/

Сепак, брзо по објавата, тој твит беше избришан, а потоа заменет со корекција.

Твитнав дека имало соопштение за смртта на кралицата. Ова беше неточно, немаше соопштение и затоа го избришав твитот - напиша Хаким, во објаснувањето.

Неколку часа по ваквиот „демант“ на новинарот на „Би-би-си“, официјално се огласија од Кралското семејство.

Кралицата умре мирно во Балморал попладнево.

Веб-страницата на кралското семејство стана црна, со едноставна остра слика на кралицата и порака: „Кралица Елизабета II 1926 - 2022 година“.

https://republika.mk/vesti/svet/sega-e-oficijalno-pochina-britanskata-kralica-elizabeta/

На тој начин, светската јавност официјално беше известена дека кралицата Елизабета починала.

The post Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Смртта на британската кралица Елизабета предизвика огромен број реакции и внимание во светската јавност. Сепак, освен како историски маркантен настан, со оглед на тоа што последен пат кога починал еден британски монарх беше пред 70 години, смртта на Елизабета втора, предизвика огромни контроверзии поради наводно објавена лажна вест за нејзината смрт. Со години, во британските медиуми протекуваа детали од Протоколот подготвен во случај на смрт на Кралицата, а овојпат голема бура крена „лажната вест“која велеѓе дека таа починала, пишува „Вашингтон пост“. Неколку часа пред официјално да биде објавено дека кралицата Елизабета починала, таа информација беше споделена на социјалните мрежи од анкерот на британскиот национален сервис „Би-би-си“, Јалда Хаким, со што беше прекршен предвидениот Протокол, кој предвидува дека таа вест ќе биде објавена во јавноста директно од Бакингемската палата.
Важна вест. Кралицата Елизабета почина на 96 години, информираат од Бакингемската палата - стоеше во објавата на новинарката на „Би-би-си“.
https://republika.mk/vesti/svet/pochina-kralicata-elizabeta-vtora/ Сепак, брзо по објавата, тој твит беше избришан, а потоа заменет со корекција.
Твитнав дека имало соопштение за смртта на кралицата. Ова беше неточно, немаше соопштение и затоа го избришав твитот - напиша Хаким, во објаснувањето.
Неколку часа по ваквиот „демант“ на новинарот на „Би-би-си“, официјално се огласија од Кралското семејство.
Кралицата умре мирно во Балморал попладнево.
Веб-страницата на кралското семејство стана црна, со едноставна остра слика на кралицата и порака: „Кралица Елизабета II 1926 - 2022 година“. https://republika.mk/vesti/svet/sega-e-oficijalno-pochina-britanskata-kralica-elizabeta/ На тој начин, светската јавност официјално беше известена дека кралицата Елизабета починала.

The post Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>
Би-Би-Си: На Сиријци им се нудат 5.000 фунти месечно за да се борат за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bi-bi-si-na-sirijci-im-se-nudat-5-000-funti-mesechno-za-da-se-borat-za-rusija/ Wed, 30 Mar 2022 09:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=480756

На сириски борци им се нудат 5.000 фунти месечно, за да се борат на линијата на фронтот од руска страна, во војната против Украина, дознава Би-Би-Си.

Еден сириски борец кој доброволно се пријавил да се бори, во изјава за британскиот јавен сервис изразил верување дека Русија врши масакр во Украина, но, како што појаснува, „им помага на сиромашните Сиријци, кои не можат да си дозволат храна”. Тој се пријавил доброволно поради парите. Му било кажано дека неговото семејство ќе добие 37.000 фунти доколку тој загине.

Медиумот додава и дека, според украинската Влада и водечка сириска невладина организација, во Сирија се поставени 14 центри за регрутирање борци.

The post Би-Би-Си: На Сиријци им се нудат 5.000 фунти месечно за да се борат за Русија appeared first on Република.

]]>

На сириски борци им се нудат 5.000 фунти месечно, за да се борат на линијата на фронтот од руска страна, во војната против Украина, дознава Би-Би-Си. Еден сириски борец кој доброволно се пријавил да се бори, во изјава за британскиот јавен сервис изразил верување дека Русија врши масакр во Украина, но, како што појаснува, „им помага на сиромашните Сиријци, кои не можат да си дозволат храна”. Тој се пријавил доброволно поради парите. Му било кажано дека неговото семејство ќе добие 37.000 фунти доколку тој загине. Медиумот додава и дека, според украинската Влада и водечка сириска невладина организација, во Сирија се поставени 14 центри за регрутирање борци.  

The post Би-Би-Си: На Сиријци им се нудат 5.000 фунти месечно за да се борат за Русија appeared first on Република.

]]>
Путин изнел прецизни барања за крај на војната, објави „Би-би-си“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-iznel-precizni-baranja-za-kraj-na-vojnata-objavi-bi-bi-si/ Fri, 18 Mar 2022 09:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=474802

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал денес телефонски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му изнел прецизни барања на Русија за прекин на инвазијата во Украина.

Половина час по завршувањето на телефонскиот разговор, Би-би-си разговарал со советникот и портпарол на Ердоган Ибрахим Калин. Калин бил дел од малата група функционери кои го слушале разговорот.

Руските барања спаѓаат во две категории. Според Калин, првите четири барања не се тешки за Украина да ги исполни.

Главното е прифаќање на Украина да биде неутрална и да не се пријавува за придружување во НАТО. На тоа веќе начелно се согласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Постојат и други барања во оваа категории кои главно изгледаат како елементи кои на руската страна ѝ го „спасуваат образот“. Украина би морала да мине низ процес на разоружување за да обезбеди дека не ѝ претставува закана на Русија. Во Украина би морала да постои заштита на рускиот јазик. А тука е и денацификацијата.

Турската страна верува дека Зеленски тоа може да го прифати. Можеби ќе биде доволно Украина да ги осуди сите облици на неонацизам и да вети дека ќе ги сузбие, пишува Би-би-си.

Втората категорија е онаа во која може да има тешкотии, а во телефонскиот разговор Путин кажал дека ќе бидат потребни директни преговори меѓу него и Зеленски пред да се постигне договор за тие точки. Зеленски веќе кажа дека е спремен да се сретне со рускиот претседател и да преговара со него еден на еден.

Калин бил помалку конкретен за тие прашања, кажувајќи само дека станува збор за статусот на Донбас во источна Украина, чии делови веќе се одвоија од Украина. Иако Калин не навлегол во детали, претпоставката е дека Русија ќе бара украинската влада да се откаже од териториите во источна Украина, што ќе биде спорно.

Втората претпоставка е дека Русија ќе бара Украина формално да го прифати Крим како руски. Тоа за Украина ќе биде тешко да го прифати.

Барањата на Путин не се толку остри како што се плашеа некои на Западот, пишува Би-би-си. Имајќи ја предвид неговата контрола над руските медиуми, не би требало да биде проблем Кремљ ова да го прикаже како голема победа. Но, дури и ако успее да го прикаже договорот со Киев како голема победа над неонацизмот, неговата позиција дома ќе биде ослабена, пишува британскиот јавен сервис.

The post Путин изнел прецизни барања за крај на војната, објави „Би-би-си“ appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал денес телефонски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му изнел прецизни барања на Русија за прекин на инвазијата во Украина. Половина час по завршувањето на телефонскиот разговор, Би-би-си разговарал со советникот и портпарол на Ердоган Ибрахим Калин. Калин бил дел од малата група функционери кои го слушале разговорот. Руските барања спаѓаат во две категории. Според Калин, првите четири барања не се тешки за Украина да ги исполни. Главното е прифаќање на Украина да биде неутрална и да не се пријавува за придружување во НАТО. На тоа веќе начелно се согласи украинскиот претседател Володимир Зеленски. Постојат и други барања во оваа категории кои главно изгледаат како елементи кои на руската страна ѝ го „спасуваат образот“. Украина би морала да мине низ процес на разоружување за да обезбеди дека не ѝ претставува закана на Русија. Во Украина би морала да постои заштита на рускиот јазик. А тука е и денацификацијата. Турската страна верува дека Зеленски тоа може да го прифати. Можеби ќе биде доволно Украина да ги осуди сите облици на неонацизам и да вети дека ќе ги сузбие, пишува Би-би-си. Втората категорија е онаа во која може да има тешкотии, а во телефонскиот разговор Путин кажал дека ќе бидат потребни директни преговори меѓу него и Зеленски пред да се постигне договор за тие точки. Зеленски веќе кажа дека е спремен да се сретне со рускиот претседател и да преговара со него еден на еден. Калин бил помалку конкретен за тие прашања, кажувајќи само дека станува збор за статусот на Донбас во источна Украина, чии делови веќе се одвоија од Украина. Иако Калин не навлегол во детали, претпоставката е дека Русија ќе бара украинската влада да се откаже од териториите во источна Украина, што ќе биде спорно. Втората претпоставка е дека Русија ќе бара Украина формално да го прифати Крим како руски. Тоа за Украина ќе биде тешко да го прифати. Барањата на Путин не се толку остри како што се плашеа некои на Западот, пишува Би-би-си. Имајќи ја предвид неговата контрола над руските медиуми, не би требало да биде проблем Кремљ ова да го прикаже како голема победа. Но, дури и ако успее да го прикаже договорот со Киев како голема победа над неонацизмот, неговата позиција дома ќе биде ослабена, пишува британскиот јавен сервис.  

The post Путин изнел прецизни барања за крај на војната, објави „Би-би-си“ appeared first on Република.

]]>
Утрово експлозии во Киев, Одеса и Запорожје, јави „Би-би-си“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utrovo-eksplozii-vo-kiev-odesa-i-zaporozje-javi-bi-bi-si/ Wed, 16 Mar 2022 08:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=473512

Неколку експлозии утрово одекнаа во украинскиот главен град Киев, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на податоци од социјалните мрежи. Службите за вонредни ситуации на градот соопштија дека во гранатирањето биле оштетени две станбени згради.

Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожари на неколку ката, се вели во соопштението на украинската државна служба за итни случаи.

Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот на главниот град на Украина, потсетува Си-Ен-Ен. Првичните информации говорат дека во гранатирањето две лица се повредени. Спасувачките екипи евакуираа 37 лица од зградата, се вели во соопштението. Во нападот е оштетена и соседната деветкатница, се додава во соопштението.

„Би-би-си“ наведува дека на социјалните мрежи имало засега официјално непотврдени извештаи за експлозии во градовите Одеса и Запорожје на југот на Украина.

The post Утрово експлозии во Киев, Одеса и Запорожје, јави „Би-би-си“ appeared first on Република.

]]>

Неколку експлозии утрово одекнаа во украинскиот главен град Киев, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на податоци од социјалните мрежи. Службите за вонредни ситуации на градот соопштија дека во гранатирањето биле оштетени две станбени згради. Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожари на неколку ката, се вели во соопштението на украинската државна служба за итни случаи.
Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот на главниот град на Украина, потсетува Си-Ен-Ен. Првичните информации говорат дека во гранатирањето две лица се повредени. Спасувачките екипи евакуираа 37 лица од зградата, се вели во соопштението. Во нападот е оштетена и соседната деветкатница, се додава во соопштението.
„Би-би-си“ наведува дека на социјалните мрежи имало засега официјално непотврдени извештаи за експлозии во градовите Одеса и Запорожје на југот на Украина.

The post Утрово експлозии во Киев, Одеса и Запорожје, јави „Би-би-си“ appeared first on Република.

]]>
Би-Би-Си ќе продолжи со известување од Русија и покраја заканата со затвор до 15 години за ширење лажни вести https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bi-bi-si-kje-prodolzi-so-izvestuvanje-od-rusija-i-pokraja-zakanata-so-zatvor-do-15-godini-za-shirenje-lazni-vesti/ Tue, 08 Mar 2022 20:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=469805

Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ соопшти дека одлучил да продолжи да известува на англиски јазик од Русија.

„Би-Би-Си“ во петокот соопшти дека го прекинал известувањето во Русија откако Думата го усвои законот со кој може да се осуди до 15 години затвор секој за кого ќе се утврди дека намерно шири лажни вести.

Ги разгледавме импликациите на новиот закон, заедно со итната потреба за известување од Русија. По внимателното разгледување на прашањето одлучивме да продолжиме да известуваме на англиски јазик од Русија - се наведува во соопштението на „Би-Би-Си“.

Британскиот јавен сервис нагласува дека ќе известува независно и непристрасно, почитувајќи ги своите строги уредувачки стандарди.

Безбедноста на нашиот персонал во Русија останува наш приоритет број еден - се додава во соопштението.

The post Би-Би-Си ќе продолжи со известување од Русија и покраја заканата со затвор до 15 години за ширење лажни вести appeared first on Република.

]]>

Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ соопшти дека одлучил да продолжи да известува на англиски јазик од Русија. „Би-Би-Си“ во петокот соопшти дека го прекинал известувањето во Русија откако Думата го усвои законот со кој може да се осуди до 15 години затвор секој за кого ќе се утврди дека намерно шири лажни вести.
Ги разгледавме импликациите на новиот закон, заедно со итната потреба за известување од Русија. По внимателното разгледување на прашањето одлучивме да продолжиме да известуваме на англиски јазик од Русија - се наведува во соопштението на „Би-Би-Си“.
Британскиот јавен сервис нагласува дека ќе известува независно и непристрасно, почитувајќи ги своите строги уредувачки стандарди.
Безбедноста на нашиот персонал во Русија останува наш приоритет број еден - се додава во соопштението.

The post Би-Би-Си ќе продолжи со известување од Русија и покраја заканата со затвор до 15 години за ширење лажни вести appeared first on Република.

]]>
Русија го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си и Радио Слободна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-ogranichi-pristapot-do-ruskiot-servis-na-bi-bi-si-i-radio-slobodna-evropa/ Fri, 04 Mar 2022 07:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=467463

Руското тело за надзор на комуникациите го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си, како и до Радио Слободна Европа и медиумот Медуза, јавија некои руски медиуми.

Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека британската радиодифузна корпорација (Би-Би-Си) се користи за поткопување на внатрешната политичка ситуација и безбедноста во Русија.

The post Русија го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си и Радио Слободна Европа appeared first on Република.

]]>

Руското тело за надзор на комуникациите го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си, како и до Радио Слободна Европа и медиумот Медуза, јавија некои руски медиуми. Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека британската радиодифузна корпорација (Би-Би-Си) се користи за поткопување на внатрешната политичка ситуација и безбедноста во Русија.

The post Русија го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си и Радио Слободна Европа appeared first on Република.

]]>
Анализа на Би-Би-Си: Пет сценарија за крај на војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/analiza-na-bi-bi-si-pet-scenarija-za-kraj-na-vojnata-vo-ukraina/ Thu, 03 Mar 2022 18:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=467326

Во својата анализа, дописникот на Би-Би-Си Џејмс Лендејл наведе неколку потенцијални исходи на руската агресија врз Украина. Повеќето од нив се мрачни.

1. Брза војна

Русија ќе ги забрза своите воени операции со разорни напади. Илјадници ќе загинат, Киев ќе падне, украинскиот претседател ќе биде убиен или ќе побегне, а Русија ќе инсталира марионетски режим. Тоа би бил нестабилен исход, чувствителен на бунт и иден конфликт.

2. Долга војна

Ова е веројатното сценарио. Можеби руските сили се ослабени поради лошиот морал и лошата логистика. Во тој случај, Русија би можела да се бори да ја одржи контролата дури и над веќе освоените градови. Со текот на времето, украинските сили ќе станат поефикасни, а Западот ќе продолжи да ги снабдува со оружје. Русија на крајот ќе биде поразена, но војната ќе трае неколку години.

3. Европска војна

Путин би можел да испрати војници во поранешните советски републики како Молдавија и Грузија кои не се дел од НАТО. Или едноставно може да има погрешни пресметки и ескалации. Путин би можел да ризикува доколку мисли дека ова е единствениот начин да ја спаси неговата позиција на шеф на државата. Ако го втераат во ќош, може да биде во искушение да го продолжат конфликтот.

4. Дипломатска одлука

Путин би се согласил на преговори, па и да не се постигне многу, тоа би покажало дека тој барем ја прифатил можноста за договорен прекин на огнот. Ако каже дека војната оди во погрешна насока, Путин би можел да одлучи дека продолжувањето на инвазијата е поопасно за неговата позиција отколку понижувањето.

5. Соборување на Путин

Можеби изгледа незамисливо. Сепак, светот се промени во последните неколку дена. Ако војната е катастрофална за Русија, може да има опасност од револуција. И ако оние кои имаат корист од Путин повеќе не мислат дека тој може да ги брани нивните интереси, таквиот исход не може да биде неверојатен, објави Би-Би-Си.

The post Анализа на Би-Би-Си: Пет сценарија за крај на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Во својата анализа, дописникот на Би-Би-Си Џејмс Лендејл наведе неколку потенцијални исходи на руската агресија врз Украина. Повеќето од нив се мрачни. 1. Брза војна Русија ќе ги забрза своите воени операции со разорни напади. Илјадници ќе загинат, Киев ќе падне, украинскиот претседател ќе биде убиен или ќе побегне, а Русија ќе инсталира марионетски режим. Тоа би бил нестабилен исход, чувствителен на бунт и иден конфликт.

2. Долга војна

Ова е веројатното сценарио. Можеби руските сили се ослабени поради лошиот морал и лошата логистика. Во тој случај, Русија би можела да се бори да ја одржи контролата дури и над веќе освоените градови. Со текот на времето, украинските сили ќе станат поефикасни, а Западот ќе продолжи да ги снабдува со оружје. Русија на крајот ќе биде поразена, но војната ќе трае неколку години.

3. Европска војна

Путин би можел да испрати војници во поранешните советски републики како Молдавија и Грузија кои не се дел од НАТО. Или едноставно може да има погрешни пресметки и ескалации. Путин би можел да ризикува доколку мисли дека ова е единствениот начин да ја спаси неговата позиција на шеф на државата. Ако го втераат во ќош, може да биде во искушение да го продолжат конфликтот.

4. Дипломатска одлука

Путин би се согласил на преговори, па и да не се постигне многу, тоа би покажало дека тој барем ја прифатил можноста за договорен прекин на огнот. Ако каже дека војната оди во погрешна насока, Путин би можел да одлучи дека продолжувањето на инвазијата е поопасно за неговата позиција отколку понижувањето.

5. Соборување на Путин

Можеби изгледа незамисливо. Сепак, светот се промени во последните неколку дена. Ако војната е катастрофална за Русија, може да има опасност од револуција. И ако оние кои имаат корист од Путин повеќе не мислат дека тој може да ги брани нивните интереси, таквиот исход не може да биде неверојатен, објави Би-Би-Си.

The post Анализа на Би-Би-Си: Пет сценарија за крај на војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Британските власти го намалуваат финансирањето на Би-Би-Си https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskite-vlasti-go-namaluvaat-finansiranjeto-na-bi-bi-si/ Mon, 17 Jan 2022 09:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=445690

Според „Мејл“, британската влада има намера да го намали финансирањето на Би-Би-Си, односно ќе нареди двегодишно замрзнување на таксата што гледачите ја плаќаат за гледање емисии. Владата на премиерот Борис Џонсон неодамна ја спомена потребата од реформирање на финансирањето на оваа јавна телевизија.

Замрзнувањето на цената на претплатата на сегашните 159 фунти ќе им даде одредено олеснување на потрошувачите поради инфлацијата, која се очекува да достигне највисоко ниво во последните 30 години во април. Но, тоа би било и голем удар за финансиската структура на Би-Би-Си, која на пазарот се натпреварува со приватни компании како Нетфликс.

Изгледа дека премиерот и министерката за култура намерно сакаат да и го отежнат животот на оваа голема британска институција бидејќи не им се допаѓа начинот на кој известува“, изјави пратеничката Луси Пауел, цитирана од Си-Ен-Ен.

Британските политички партии редовно ги критикуваат вестите на Би-Би-Си. Поддржувачите на Брегзит сметаа дека Би-Би-Си е премногу критичен за ова прашање. Минатата недела, конзервативен пратеник рече дека известувањето на Би-би-си за забавите на Џонсон во Даунинг стрит за време на заклучувањето било „обид за државен удар“.

The post Британските власти го намалуваат финансирањето на Би-Би-Си appeared first on Република.

]]>

Според „Мејл“, британската влада има намера да го намали финансирањето на Би-Би-Си, односно ќе нареди двегодишно замрзнување на таксата што гледачите ја плаќаат за гледање емисии. Владата на премиерот Борис Џонсон неодамна ја спомена потребата од реформирање на финансирањето на оваа јавна телевизија. Замрзнувањето на цената на претплатата на сегашните 159 фунти ќе им даде одредено олеснување на потрошувачите поради инфлацијата, која се очекува да достигне највисоко ниво во последните 30 години во април. Но, тоа би било и голем удар за финансиската структура на Би-Би-Си, која на пазарот се натпреварува со приватни компании како Нетфликс.