бгнес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bgnes/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 18:10:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бгнес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bgnes/ 32 32 Бугарските медиуми му замеруваат на СДСМ за изборен спот: Ковачевски и СДСМ го користат фудбалот во антибугарска кампања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskite-mediumi-mu-zameruvaat-na-sdsm-za-izboren-spot-kovachevski-i-sdsm-go-koristat-fudbalot-vo-antibugarska-kampana/ Sun, 21 Apr 2024 18:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=769013

Репортерот на БГНЕС го коментира рекламниот спот на  СДСМ за претстојните парламентарни избори  и вели дека Бугарија е претставена  како одбранбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека нашата земја ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија /СДСМ/ повторно користи примитивна антибугарска пропаганда во својата изборна кампања, пишува бугарски БГНЕС.

Репортерот на БГНЕС го коментира рекламниот спот на  СДСМ за претстојните парламентарни избори  и вели дека Бугарија е претставена  како одбранбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека нашата земја ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции.

„Во спотот кој претставува фудбалски натпревар, Софија и Скопје се претставени како жестоки противници. Играчот облечен во бугарските бои го влече македонскиот напаѓач за дрес. Претставени се и грчки и француски „одбранбени играчи“ кои го спречуваат македонскиот фудбалер да постигне гол“, пишува БКНЕС.

Во спотот кој се емитува на македонските телевизии Ковачевски кој шутира во празен гол вели:

„Иднината на Македонија не е игра. Секој предизвик што го надминуваме не приближува до нашата цел. Само СДСМ има јасна визија и сила да ја однесе Македонија во Европската Унија. Заедно ќе победиме. Нема откажување од иднината!“

 

The post Бугарските медиуми му замеруваат на СДСМ за изборен спот: Ковачевски и СДСМ го користат фудбалот во антибугарска кампања appeared first on Република.

]]>

Репортерот на БГНЕС го коментира рекламниот спот на  СДСМ за претстојните парламентарни избори  и вели дека Бугарија е претставена  како одбранбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека нашата земја ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија /СДСМ/ повторно користи примитивна антибугарска пропаганда во својата изборна кампања, пишува бугарски БГНЕС. Репортерот на БГНЕС го коментира рекламниот спот на  СДСМ за претстојните парламентарни избори  и вели дека Бугарија е претставена  како одбранбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека нашата земја ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции. „Во спотот кој претставува фудбалски натпревар, Софија и Скопје се претставени како жестоки противници. Играчот облечен во бугарските бои го влече македонскиот напаѓач за дрес. Претставени се и грчки и француски „одбранбени играчи“ кои го спречуваат македонскиот фудбалер да постигне гол“, пишува БКНЕС. Во спотот кој се емитува на македонските телевизии Ковачевски кој шутира во празен гол вели: „Иднината на Македонија не е игра. Секој предизвик што го надминуваме не приближува до нашата цел. Само СДСМ има јасна визија и сила да ја однесе Македонија во Европската Унија. Заедно ќе победиме. Нема откажување од иднината!“  

The post Бугарските медиуми му замеруваат на СДСМ за изборен спот: Ковачевски и СДСМ го користат фудбалот во антибугарска кампања appeared first on Република.

]]>
БГНЕС тврди: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bgnes-tvrdi-belgrad-se-vkluchi-vo-propagandata-protiv-ustavnite-izmeni-vo-makedonija/ Sun, 27 Aug 2023 14:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=676333

Српската државна телевизија РТС  отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во  Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС од Белград.

Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“ РТС , според БГНЕС, сугерира  дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на
Македонците”.

„Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот, кој веднаш беше препечатен од весникопт „Политика“.

Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен  непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС. На самиот почеток репортерот на РТС го цитира поранешниот премиер Зоран Заев, кој го прашал Бојко Борисов „како тоа сите на светот настанале од мајмунот, само ние Македонците од Бугарите“.

Таква забелешка, според БГНЕС, никогаш не била упатена на Борисов и била за локална публика. Извештајот завршува со потсетување дека„РСМ во 2019 година направи отстапки пред Албанците и така албанскиот јазик стана службен јазик во државата“.

„Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со
пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците
дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој
го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ., коментира БГНЕС.

 


The post БГНЕС тврди: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија appeared first on Република.

]]>

Српската државна телевизија РТС  отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во  Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС од Белград. Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“ РТС , според БГНЕС, сугерира  дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците”. „Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот, кој веднаш беше препечатен од весникопт „Политика“. Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен  непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС. На самиот почеток репортерот на РТС го цитира поранешниот премиер Зоран Заев, кој го прашал Бојко Борисов „како тоа сите на светот настанале од мајмунот, само ние Македонците од Бугарите“. Таква забелешка, според БГНЕС, никогаш не била упатена на Борисов и била за локална публика. Извештајот завршува со потсетување дека„РСМ во 2019 година направи отстапки пред Албанците и така албанскиот јазик стана службен јазик во државата“. „Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ., коментира БГНЕС.  

The post БГНЕС тврди: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија appeared first on Република.

]]>
БГНЕС: Тешката промена на Уставот е најлесниот од условите што треба да ги исполни Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bgnes-teshkata-promena-na-ustavot-e-najlesniot-od-uslovite-shto-treba-da-gi-ispolni-makedonija/ Tue, 11 Apr 2023 13:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=629872

Тешката промена на Уставот е најлесниот услов од преговарачката рамка за Македонија, предупредува бугарската новинска агенција БГНЕС во анализа посветена на уставните измени во земјава и објавувањето на експертите кои ќе учествуваат во работната група од страна на Министерството за правда. БГНЕС пишува дека македонските политичари – и владејачките и опозициските – треба да бидат свесни дека колку и да е им е тешко, промената на Уставот не само што не е единствениот услов за напредок во преговарачкиот процес, туку во пракса е најлесен, реално и помалку важен за Бугарија, наспроти сите останати услови во самата европска преговарачка рамка. Според бугарската агенција, која особено негативно известува за Македонија, во составот на работната група за уставните измени која ќе решава како да бидат вклучени Бугарите во Уставот, ќе има „истакнати претставници на југословенската и српската правна школа, но не и претставници на македонските Бугари“, иако основа за учество во телото не е етничка припадност, туку политичка и институционална.

Според БГНЕС, францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија бил вистински успех за Софија, поради исклучокот што го направила ЕУ со „внесување на билатералните прашања во самата преговарачка рамка и со претворање на Европската комисија во гарант за исполнување на условите поставени за Cеверна Македонија“, притоа зачувувајќи ги едногласните одлуки на Советот во конечните одобренија за секој напредок на земјата кандидат.

БГНЕС вели и дека притисокот врз најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ однадвор е таков што тешко дека ќе има „долг и патетичен отпор“ за вклучувањето на Бугарите во преамбулата, туку поверојатно партијата ќе бара начини, трикови и формулации за да може „шизофрената партија“ што се повикува на историското бугарско ВМРО да си го „спаси образот“ и истовремено да ги обезбеди неколкуте гласови што недостасуваат за усвојување на уставните измени.

Не случајно неодамна во оваа насока се и „креативните“ предлози на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за донесување устав од хрватски тип или да се бара гаранција од Бугарија дека, покрај овој услов никогаш повеќе нема да има услови и повеќе тезги во преговарачкиот процес. За разлика од владетелите во Скопје, Мицкоски како индиректен наследник на Иван Михаилов како лидер на ВМРО веројатно е свесен дека работите се покомплицирани. Францускиот предлог содржи и други клучни елементи кои се чини дека се сосема потценети, занемарени или целосно потиснати од властите во Скопје. Европската преговарачка рамка на пример експлицитно се однесува на почитувањето на Договорот за пријателство склучен со Бугарија во 2017 година, а поконкретно на спроведувањето на годишните билатерални протоколи кои произлегуваат од овој договор и го следат, контролираат и обезбедуваат неговото извршување. Во двата досега достапни протоколи, од 2018 г и 2020 година се појавуваат бројни специфични обврските од страна на Македонија кои се однесуваат на заштитата на правата и интересите на Бугарите во Македонија, барајќи јасна посветеност на борбата против јазикот на омразата во земјата, отворањето на досиејата на комунистичкиот режим и рехабилитација на жртвите со бугарска самосвест, стои во анализата на БГНЕС.

Понатаму во текстот се вели дека до овој момент, ниту еден од горенаведените услови не е исполнет, но „во последната година бевме сведоци на невидена кампања на агресија, насилство и омраза кон бугарската заедница во РСМ, со бројните примери на пукање, палење, тепање и други вандалски дела за што продолжуваме да сведочиме неделно”. Бугарската агенција обвинува дека освен што македонските власти не преземаат речиси никакви вистински мерки за ефективно да се спротивстават, ако се суди според говорите на претседателот Пендаровски или премиерот Ковачевски, слични дела се толерираат, па дури и бранат како логично и природни како реакција на агресивната, според нив, политиката на Бугарија.

Клучно место во протоколите зазема историјата и посветеноста на Мешовитата  историска комисија која треба да ја објективизира нашата заедничка историја, да предложи заедничка прослави значајните историски ликови и настани и последователно, Скопје да продолжи кон брзи промени во македонските учебници за да ги одразат договорените дефиниции. Точно тука доаѓа најсериозниот проблем со кој се соочува имплементацијата на Договорот. По повеќе од пет години работење сите се свесни дека Мешовитата историска комисија не направи речиси ништо, особено во однос на навистина контроверзните историски теми. Дури и занемарливо малите компромиси во реалноста, непроблематичните теми, се забораваат или не се применуваат во процесите на учење и помагалата. Причината за ова е одбивањето на македонскиот дел од комисијата да преговара за важните историски теми или да се променат до милиметар наративите наследени од времето на Титова Југославија, а понекогаш и со директни провокации кон бугарската страна. Доволно е само да потсетиме  на предлогот даден во 2019 година од македонска страна за заеднички датум на прослава за Гоце Делчев да биде избран денот на кој комунистичка Бугарија ги предаде неговите коски на комунистичка Југославија во 1946 година, пишува БГНЕС.

Бугарската агенција обвинува дека досега ништо не е спроведено од Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија кој беше потпишан во 2017 година.

Речиси шест години по потпишувањето на Договорот за пријателство, на сите им е многу јасно дека тој не се спроведува во речиси ниту една од неговите клаузули. Добрососедските односи, кои се најважниот елемент и во него и во Преговарачката рамка, се на историски минимум, што во други услови и времиња ќе беше сигурна причина за нивниот формален прекин. Заедничката историја утврдена во Договорот никогаш никој во Скопје не ја призна, а целата работа на македонските историчари и владетели беше сведена на нејзино целосно негирање, минимизирање или замена. Правата на Бугарите, како и јазикот на омраза кон нив и кон Бугарија, не само што не се подобрија, туку достигнаа и некаков пароксизам во последните месеци. На оваа позадина, евентуалното вклучување на Бугарите во уставот на РСМ се повеќе изгледа како помал проблем во билатералните односи. Дури и да се донесат уставните измени во наредните месеци, сега е јасно дека сами тие нема да променат ништо за преостанатите актуелни билатерални прашања. Иако е неопходно, набројувањето на Бугарите заедно со другите заедници нема да го намали ниту јазикот на омраза на кој секојдневно се подложени, ниту актите на физичко насилство на кои тие се жртви, стои во анализата на БГНЕС.

БГНЕС пишува дека клучен елемент формално да почнат преговорите, но не и единствен за Македонија е вклучувањето на Бугарите во преамбулата на македонскиот Устав, што е главниот спор меѓу владејачката коалиција и опозицијата во Скопје. Бугарската новинаска агенција потсетува дека за уставни измени е потребно двотретинско мнозинство во македонското Собрание, што засега се чини недостижно поради навидум „цврстиот став на ВМРО ДПМНЕ“ да ги поддржи измените.  Во текстот се потенцира дека е единствена вистинска алатка за намалување на омразата и предрасудите е да се „одблокира“ објективизацијата на заедничката историја.

The post БГНЕС: Тешката промена на Уставот е најлесниот од условите што треба да ги исполни Македонија appeared first on Република.

]]>

Тешката промена на Уставот е најлесниот услов од преговарачката рамка за Македонија, предупредува бугарската новинска агенција БГНЕС во анализа посветена на уставните измени во земјава и објавувањето на експертите кои ќе учествуваат во работната група од страна на Министерството за правда. БГНЕС пишува дека македонските политичари – и владејачките и опозициските – треба да бидат свесни дека колку и да е им е тешко, промената на Уставот не само што не е единствениот услов за напредок во преговарачкиот процес, туку во пракса е најлесен, реално и помалку важен за Бугарија, наспроти сите останати услови во самата европска преговарачка рамка. Според бугарската агенција, која особено негативно известува за Македонија, во составот на работната група за уставните измени која ќе решава како да бидат вклучени Бугарите во Уставот, ќе има „истакнати претставници на југословенската и српската правна школа, но не и претставници на македонските Бугари“, иако основа за учество во телото не е етничка припадност, туку политичка и институционална. Според БГНЕС, францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија бил вистински успех за Софија, поради исклучокот што го направила ЕУ со „внесување на билатералните прашања во самата преговарачка рамка и со претворање на Европската комисија во гарант за исполнување на условите поставени за Cеверна Македонија“, притоа зачувувајќи ги едногласните одлуки на Советот во конечните одобренија за секој напредок на земјата кандидат. БГНЕС вели и дека притисокот врз најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ однадвор е таков што тешко дека ќе има „долг и патетичен отпор“ за вклучувањето на Бугарите во преамбулата, туку поверојатно партијата ќе бара начини, трикови и формулации за да може „шизофрената партија“ што се повикува на историското бугарско ВМРО да си го „спаси образот“ и истовремено да ги обезбеди неколкуте гласови што недостасуваат за усвојување на уставните измени.
Не случајно неодамна во оваа насока се и „креативните“ предлози на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за донесување устав од хрватски тип или да се бара гаранција од Бугарија дека, покрај овој услов никогаш повеќе нема да има услови и повеќе тезги во преговарачкиот процес. За разлика од владетелите во Скопје, Мицкоски како индиректен наследник на Иван Михаилов како лидер на ВМРО веројатно е свесен дека работите се покомплицирани. Францускиот предлог содржи и други клучни елементи кои се чини дека се сосема потценети, занемарени или целосно потиснати од властите во Скопје. Европската преговарачка рамка на пример експлицитно се однесува на почитувањето на Договорот за пријателство склучен со Бугарија во 2017 година, а поконкретно на спроведувањето на годишните билатерални протоколи кои произлегуваат од овој договор и го следат, контролираат и обезбедуваат неговото извршување. Во двата досега достапни протоколи, од 2018 г и 2020 година се појавуваат бројни специфични обврските од страна на Македонија кои се однесуваат на заштитата на правата и интересите на Бугарите во Македонија, барајќи јасна посветеност на борбата против јазикот на омразата во земјата, отворањето на досиејата на комунистичкиот режим и рехабилитација на жртвите со бугарска самосвест, стои во анализата на БГНЕС.
Понатаму во текстот се вели дека до овој момент, ниту еден од горенаведените услови не е исполнет, но „во последната година бевме сведоци на невидена кампања на агресија, насилство и омраза кон бугарската заедница во РСМ, со бројните примери на пукање, палење, тепање и други вандалски дела за што продолжуваме да сведочиме неделно”. Бугарската агенција обвинува дека освен што македонските власти не преземаат речиси никакви вистински мерки за ефективно да се спротивстават, ако се суди според говорите на претседателот Пендаровски или премиерот Ковачевски, слични дела се толерираат, па дури и бранат како логично и природни како реакција на агресивната, според нив, политиката на Бугарија.
Клучно место во протоколите зазема историјата и посветеноста на Мешовитата  историска комисија која треба да ја објективизира нашата заедничка историја, да предложи заедничка прослави значајните историски ликови и настани и последователно, Скопје да продолжи кон брзи промени во македонските учебници за да ги одразат договорените дефиниции. Точно тука доаѓа најсериозниот проблем со кој се соочува имплементацијата на Договорот. По повеќе од пет години работење сите се свесни дека Мешовитата историска комисија не направи речиси ништо, особено во однос на навистина контроверзните историски теми. Дури и занемарливо малите компромиси во реалноста, непроблематичните теми, се забораваат или не се применуваат во процесите на учење и помагалата. Причината за ова е одбивањето на македонскиот дел од комисијата да преговара за важните историски теми или да се променат до милиметар наративите наследени од времето на Титова Југославија, а понекогаш и со директни провокации кон бугарската страна. Доволно е само да потсетиме  на предлогот даден во 2019 година од македонска страна за заеднички датум на прослава за Гоце Делчев да биде избран денот на кој комунистичка Бугарија ги предаде неговите коски на комунистичка Југославија во 1946 година, пишува БГНЕС.
Бугарската агенција обвинува дека досега ништо не е спроведено од Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија кој беше потпишан во 2017 година.
Речиси шест години по потпишувањето на Договорот за пријателство, на сите им е многу јасно дека тој не се спроведува во речиси ниту една од неговите клаузули. Добрососедските односи, кои се најважниот елемент и во него и во Преговарачката рамка, се на историски минимум, што во други услови и времиња ќе беше сигурна причина за нивниот формален прекин. Заедничката историја утврдена во Договорот никогаш никој во Скопје не ја призна, а целата работа на македонските историчари и владетели беше сведена на нејзино целосно негирање, минимизирање или замена. Правата на Бугарите, како и јазикот на омраза кон нив и кон Бугарија, не само што не се подобрија, туку достигнаа и некаков пароксизам во последните месеци. На оваа позадина, евентуалното вклучување на Бугарите во уставот на РСМ се повеќе изгледа како помал проблем во билатералните односи. Дури и да се донесат уставните измени во наредните месеци, сега е јасно дека сами тие нема да променат ништо за преостанатите актуелни билатерални прашања. Иако е неопходно, набројувањето на Бугарите заедно со другите заедници нема да го намали ниту јазикот на омраза на кој секојдневно се подложени, ниту актите на физичко насилство на кои тие се жртви, стои во анализата на БГНЕС.
БГНЕС пишува дека клучен елемент формално да почнат преговорите, но не и единствен за Македонија е вклучувањето на Бугарите во преамбулата на македонскиот Устав, што е главниот спор меѓу владејачката коалиција и опозицијата во Скопје. Бугарската новинаска агенција потсетува дека за уставни измени е потребно двотретинско мнозинство во македонското Собрание, што засега се чини недостижно поради навидум „цврстиот став на ВМРО ДПМНЕ“ да ги поддржи измените.  Во текстот се потенцира дека е единствена вистинска алатка за намалување на омразата и предрасудите е да се „одблокира“ објективизацијата на заедничката историја.

The post БГНЕС: Тешката промена на Уставот е најлесниот од условите што треба да ги исполни Македонија appeared first on Република.

]]>
ГП „Деве Баир“ одби да прими генератори за струја од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gp-deve-bair-odbi-da-primi-generatori-za-struja-od-bugarija/ Sun, 12 Feb 2023 16:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=608076

На македонскиот граничен премин „Деве Баир“ одбиле да ги земат подарените генератори за струја што ги најави министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев за време на чествувањето на Гоце Делчев во Скопје, јави БГНЕС.

Според БГНЕС, на граничниот премин Деве Баир одбиле да ги примат и место тоа ги поправиле своите.

Веста ја потврдиле претставници на бугарската граничниот премин „Гуешево“ за БНР.

„На македонската станица, каде често снемува струја, како што беше случајот на 4 февруари кога 4 часа немаше струја, стотици Бугари не можеа да стигнат до Скопје на чествување на гробот на Гоце Делчев, го ремонтирале и ставиле во употреба стариот агрегат.

Министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев вети дека ќе бидат испорачани генератори за три македонски гранични премини за да не се создаваат проблеми во работата на екипите и сообраќајот со часови да запира, но тоа досега не се случило.

На македонскиот граничен премин „Деве Баир“, каде што речиси секој ден неделава имаше прекин на струја, го ремонтираа и го стартуваа стариот апарат, изјавиле вработените на граничниот премин „Ѓуешево“, пишува БГНЕС.

 

The post ГП „Деве Баир“ одби да прими генератори за струја од Бугарија appeared first on Република.

]]>

На македонскиот граничен премин „Деве Баир“ одбиле да ги земат подарените генератори за струја што ги најави министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев за време на чествувањето на Гоце Делчев во Скопје, јави БГНЕС. Според БГНЕС, на граничниот премин Деве Баир одбиле да ги примат и место тоа ги поправиле своите. Веста ја потврдиле претставници на бугарската граничниот премин „Гуешево“ за БНР. „На македонската станица, каде често снемува струја, како што беше случајот на 4 февруари кога 4 часа немаше струја, стотици Бугари не можеа да стигнат до Скопје на чествување на гробот на Гоце Делчев, го ремонтирале и ставиле во употреба стариот агрегат. Министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев вети дека ќе бидат испорачани генератори за три македонски гранични премини за да не се создаваат проблеми во работата на екипите и сообраќајот со часови да запира, но тоа досега не се случило. На македонскиот граничен премин „Деве Баир“, каде што речиси секој ден неделава имаше прекин на струја, го ремонтираа и го стартуваа стариот апарат, изјавиле вработените на граничниот премин „Ѓуешево“, пишува БГНЕС.  

The post ГП „Деве Баир“ одби да прими генератори за струја од Бугарија appeared first on Република.

]]>
БГНЕС: Со последниот предлог на Макрон прифатени се сите барања на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bgnes-so-posledniot-predlog-na-makron-prifateni-se-site-baranja-na-bugarija/ Thu, 30 Jun 2022 14:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=521691

Додека Владата на ДУИ И СДСМ коментирајќи ја објавата на претседателот Макрон дека е постигнат компромис за спорот меѓу Бугарија и Македонија вели дека се само „предлог идеи“ а не решение, агенцијата БГНЕС објави детали од решението кое е веќе финално.

– Појаснување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот  во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народи;

– Подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на  во ЕУ не може да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на постоењето на „македонски јазик“;

– Да се ​​обезбеди добрососедството да остане хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција;

– Вклучување на повикување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и записниците од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од овој Договор во преговарачката рамка во врска со одобрувањето од страна на Советот на ЕУ на заедничките позиции за меѓувладините конференции на ЕУ-МК..

The post БГНЕС: Со последниот предлог на Макрон прифатени се сите барања на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Додека Владата на ДУИ И СДСМ коментирајќи ја објавата на претседателот Макрон дека е постигнат компромис за спорот меѓу Бугарија и Македонија вели дека се само „предлог идеи“ а не решение, агенцијата БГНЕС објави детали од решението кое е веќе финално.
– Појаснување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот  во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народи; – Подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на  во ЕУ не може да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на постоењето на „македонски јазик“; – Да се ​​обезбеди добрососедството да остане хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување во ЕУ, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција; – Вклучување на повикување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и записниците од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од овој Договор во преговарачката рамка во врска со одобрувањето од страна на Советот на ЕУ на заедничките позиции за меѓувладините конференции на ЕУ-МК..

The post БГНЕС: Со последниот предлог на Макрон прифатени се сите барања на Бугарија appeared first on Република.

]]>
По Радев, и Петков можеби нема да оди кај Макрон? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-radev-i-petkov-mozebi-nema-da-odi-kaj-makron/ Wed, 01 Jun 2022 12:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=509768

Непроверена и веројатно невистинита е веста на БГНЕС дека бугарскиот премиер и претседател веќе договориле да одат во Париз за од Емануел Макрон да добијат гаранции за позициите на Софија, иако за тоа е разговарано, пишува бугарскиот портал 24 часа. Според порталот, ваквата можност ја отфрлиле шефицата на бугарското МНР, Теодора Генчовска и шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова објаснувајќи дека преговорите во бугарската влада за ова се во тек.

Се вели и дека сомнително е тоа што само БГНЕС ја објави веста.

Да се потсетиме, БГНЕС се повика на изјава на еден од учесниците на последниот совет на владината коалиција кој тврди дека Макрон ќе гарантира дека бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка за европскиот пат на Македонија, а наводно во замена за кревање на ветото во јуни.

Но, порталот 24часа има друга теорија. Според нив, дека во самата владина коалиција има голем отпор дури и кон ваквата идеја. Според извори од бугарската влада, пишува порталот, Петков постојано одложува да се сретне со Радев, иако цело време добива покани. А причината е што досега четирите партии во коалицијата се поделени на темата. Засега, Бугарската социјалистичка партија БСП и „Има таков народ“ на Слави Трифонов се против идејата да се крене ветото со гаранции од Брисел.

https://republika.mk/vesti/makedonija/duri-ni-grcija-ne-barashe-sporot-za-imeto-da-vleze-vo-pregovarachkata-ramka-so-eu/

The post По Радев, и Петков можеби нема да оди кај Макрон? appeared first on Република.

]]>

Непроверена и веројатно невистинита е веста на БГНЕС дека бугарскиот премиер и претседател веќе договориле да одат во Париз за од Емануел Макрон да добијат гаранции за позициите на Софија, иако за тоа е разговарано, пишува бугарскиот портал 24 часа. Според порталот, ваквата можност ја отфрлиле шефицата на бугарското МНР, Теодора Генчовска и шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова објаснувајќи дека преговорите во бугарската влада за ова се во тек. Се вели и дека сомнително е тоа што само БГНЕС ја објави веста. Да се потсетиме, БГНЕС се повика на изјава на еден од учесниците на последниот совет на владината коалиција кој тврди дека Макрон ќе гарантира дека бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка за европскиот пат на Македонија, а наводно во замена за кревање на ветото во јуни. Но, порталот 24часа има друга теорија. Според нив, дека во самата владина коалиција има голем отпор дури и кон ваквата идеја. Според извори од бугарската влада, пишува порталот, Петков постојано одложува да се сретне со Радев, иако цело време добива покани. А причината е што досега четирите партии во коалицијата се поделени на темата. Засега, Бугарската социјалистичка партија БСП и „Има таков народ“ на Слави Трифонов се против идејата да се крене ветото со гаранции од Брисел. https://republika.mk/vesti/makedonija/duri-ni-grcija-ne-barashe-sporot-za-imeto-da-vleze-vo-pregovarachkata-ramka-so-eu/

The post По Радев, и Петков можеби нема да оди кај Макрон? appeared first on Република.

]]>