безвизен режим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezvizen-rezim/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Mar 2024 15:41:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безвизен режим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezvizen-rezim/ 32 32 Нови измени во ЕУ, безбизниот режим ќе може да се суспендира ако некоја земја не им е по ќеиф https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-izmeni-vo-eu-bezbizniot-rezhim-ke-mozhe-da-se-suspendira-ako-nekoja-zemja-ne-im-e-po-keif/ Wed, 13 Mar 2024 15:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=754485

Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ (Корепер) денеска го усогласи ставот за Предлог-регулатива за измена на механизмот за суспензија на безвизниот режим со трети земји, што треба да ѝ овозможи на Унијата да се справи со ситуации на злоупотреба на можноста за патување во Шенген зоната без визи или ако таквиот режим е во спротивност на интересите на блокот.

Со измените, ЕУ ќе може да го суспендира безвизниот режим со одредена земја доколку нејзината визна политика не е усогласена на политиката на ЕУ, во случаи на зголемен прилив на нејзини државјани во Унијата или поради хибридни закани и недостатоци во законодавството или процедурите за безбедност на документите.

Безвизниот режим, исто така, може да биде суспендиран, ако функционира шема за доделување државјанства на инвеститори без вистинска поврзаност со земја, во замена за одредени надоместоци или инвестиции.

Земјите членки решија како причина за суспендирање на безвизниот режим да го наведат и значителното и нагло влошување на надворешните односи на ЕУ со конкретната држава, особено кога тоа се однесува на непочитување на човековите права и основните слободи.

И во новото решение како основи за суспензија на визниот режим остануваат значителното зголемување на бројот на државјани на таа земја на кои им е оневозможен влез или е утврдено дека престојуваат во ЕУ подолго од дозволеното, понатаму при значителен пораст на бројот на неосновани барања за азил од нејзини државјани, при нејзина недоволна соработката со Унијата за реадмисија на лицата од кои било побарано да ја напуштат територијата на блокот или поради ризик или непосредна закана за јавната политика или внатрешната безбедност.

Останува и одредбата, според која, суспензијата е можна доколку повеќе не се исполнети условите за визна либерализација.

Со усогласениот текст на Корепер како праг за суспензија на безвизниот режим се утврдува стапка од 30 отсто случаи на одбиен влез или надминат рок на престој, како и 20 проценти на одобрени барања за азил.

Со измените, времетраењето на суспензија на визниот режим се зголемува од сегашните максимални девет на 12 месеци и со можност за нејзино продолжување за уште 24 месеци, наместо досегашните 18 месеци.

За време на суспензијата, Европската комисија има обврска да започне дијалог со конкретната земја со цел таа да преземе чекори за отстранување на околностите и причините што довеле до суспендирање на безвизниот режим. Доколку за време на суспензијата не се најде решение за надминување на околностите и причините што довеле до неа, ЕУ може да донесе одлука за трајно укинување на безвизниот режим.

Врз основа на усогласениот текст од страна на Корепер, Советот на ЕУ ќе почне преговори со Европскиот парламент за утврдување на конечната верзија на измените на Регулативата.

Во моментов ЕУ има безвизен режим со 61 држава. Државјаните од овие земји можат слободно без виза да престојуваат во Шенген зоната до 90 дена, во период од вкупно 180 дена.

The post Нови измени во ЕУ, безбизниот режим ќе може да се суспендира ако некоја земја не им е по ќеиф appeared first on Република.

]]>

Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ (Корепер) денеска го усогласи ставот за Предлог-регулатива за измена на механизмот за суспензија на безвизниот режим со трети земји, што треба да ѝ овозможи на Унијата да се справи со ситуации на злоупотреба на можноста за патување во Шенген зоната без визи или ако таквиот режим е во спротивност на интересите на блокот. Со измените, ЕУ ќе може да го суспендира безвизниот режим со одредена земја доколку нејзината визна политика не е усогласена на политиката на ЕУ, во случаи на зголемен прилив на нејзини државјани во Унијата или поради хибридни закани и недостатоци во законодавството или процедурите за безбедност на документите. Безвизниот режим, исто така, може да биде суспендиран, ако функционира шема за доделување државјанства на инвеститори без вистинска поврзаност со земја, во замена за одредени надоместоци или инвестиции. Земјите членки решија како причина за суспендирање на безвизниот режим да го наведат и значителното и нагло влошување на надворешните односи на ЕУ со конкретната држава, особено кога тоа се однесува на непочитување на човековите права и основните слободи. И во новото решение како основи за суспензија на визниот режим остануваат значителното зголемување на бројот на државјани на таа земја на кои им е оневозможен влез или е утврдено дека престојуваат во ЕУ подолго од дозволеното, понатаму при значителен пораст на бројот на неосновани барања за азил од нејзини државјани, при нејзина недоволна соработката со Унијата за реадмисија на лицата од кои било побарано да ја напуштат територијата на блокот или поради ризик или непосредна закана за јавната политика или внатрешната безбедност. Останува и одредбата, според која, суспензијата е можна доколку повеќе не се исполнети условите за визна либерализација. Со усогласениот текст на Корепер како праг за суспензија на безвизниот режим се утврдува стапка од 30 отсто случаи на одбиен влез или надминат рок на престој, како и 20 проценти на одобрени барања за азил. Со измените, времетраењето на суспензија на визниот режим се зголемува од сегашните максимални девет на 12 месеци и со можност за нејзино продолжување за уште 24 месеци, наместо досегашните 18 месеци. За време на суспензијата, Европската комисија има обврска да започне дијалог со конкретната земја со цел таа да преземе чекори за отстранување на околностите и причините што довеле до суспендирање на безвизниот режим. Доколку за време на суспензијата не се најде решение за надминување на околностите и причините што довеле до неа, ЕУ може да донесе одлука за трајно укинување на безвизниот режим. Врз основа на усогласениот текст од страна на Корепер, Советот на ЕУ ќе почне преговори со Европскиот парламент за утврдување на конечната верзија на измените на Регулативата. Во моментов ЕУ има безвизен режим со 61 држава. Државјаните од овие земји можат слободно без виза да престојуваат во Шенген зоната до 90 дена, во период од вкупно 180 дена.

The post Нови измени во ЕУ, безбизниот режим ќе може да се суспендира ако некоја земја не им е по ќеиф appeared first on Република.

]]>
Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drzhavjanite-na-kosovo-od-deneska-patuvaat-bez-vizi-vo-eu/ Mon, 01 Jan 2024 19:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=728751

Oд денеска стапи на сила безвизен режим за државјаните на Косово во ЕУ, што им овозможува да патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци.

Безвижниот режим е активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување на визите за ЕУ.

Според Европската комисија, извршното тело на ЕУ, Косово до 2018 година ги исполнило сите неопходни критериуми за безвизно патување, вклучително управување со границите и миграцијата.

Новите правила ќе им овозможат на граѓаните на Косово да патуваат во ЕУ без визи за период на престој од 90 дена во рамките на секој период од 180 дена.

Пред ЕУ да го укине визниот режим со Косово, носителите на неговите пасоши можеа без виза да патуваат само во 14 земји низ светот.

The post Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Oд денеска стапи на сила безвизен режим за државјаните на Косово во ЕУ, што им овозможува да патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци. Безвижниот режим е активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување на визите за ЕУ. Според Европската комисија, извршното тело на ЕУ, Косово до 2018 година ги исполнило сите неопходни критериуми за безвизно патување, вклучително управување со границите и миграцијата. Новите правила ќе им овозможат на граѓаните на Косово да патуваат во ЕУ без визи за период на престој од 90 дена во рамките на секој период од 180 дена. Пред ЕУ да го укине визниот режим со Косово, носителите на неговите пасоши можеа без виза да патуваат само во 14 земји низ светот.

The post Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ appeared first on Република.

]]>
МНР започна процес за безвизен режим со САД, за одбиените апликанти велат имале несоодветни апликации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-zapochna-protses-za-bezvizen-rezhim-so-sad-za-odbienite-aplikanti-velat-imale-nesoodvetni-aplikatsii/ Sun, 17 Sep 2023 16:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=682652

По објавените податоци од страна на Стејт департментот дека процентот на одбиени визи за Македонија во 2022 година изнесувал 26,29 проценти, Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека е започнат процес за присоединување на земјава кон Програмата за САД за безвизен режим (Visa Waiver Program). Високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти, според МНР, се должи на несоодветните апликации, за што планира наскоро да започне кампања за едуцирање на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikantsite-odbile-26-29-gragani-na-makedonija-za-viza-poveke-odbieni-od-regionot-ima-samo-od-albanija-i-tsrna-gora/

Со одлука на Влада, формирана е меѓуресорска работна група предводена од Министерството за надворешни работи, која се состои од претставници и на други релевантни институции кои работат на исполнување на условите за воспоставување безвизен режим со САД. Условите се однесуваат на различни области, но еден од клучните е процентот на одбиени визи да изнесува најмногу три проценти.Во тој контекст, нагласуваме дека високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти се должи на несоодветните апликации, за што планираме наскоро да започнеме кампања за едуцирање на граѓаните за процесот на аплицирање и условите кои треба да бидат исполнети, со цел добивање виза за САД, информира МНР.

Оттаму дополнуваат дека процесот на укинување визи за влез на државјаните на Македонија во САД е долгорочен и комплексен и оти налага континуирани активности на што, потенираат, посветено работиме.

Воедно приклучувањето во Програмата за безвизен режим стана дел од Стратешкиот дијалог со САД и е меѓу проектите во Акцискиот план, што беше усвоен на владина седница во февруари оваа година. Постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за економскиот развој на земјава, а ќе внесе и дополнителен импулс за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство, како и доближувањето на народите од двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.

The post МНР започна процес за безвизен режим со САД, за одбиените апликанти велат имале несоодветни апликации appeared first on Република.

]]>

По објавените податоци од страна на Стејт департментот дека процентот на одбиени визи за Македонија во 2022 година изнесувал 26,29 проценти, Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека е започнат процес за присоединување на земјава кон Програмата за САД за безвизен режим (Visa Waiver Program). Високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти, според МНР, се должи на несоодветните апликации, за што планира наскоро да започне кампања за едуцирање на граѓаните. https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikantsite-odbile-26-29-gragani-na-makedonija-za-viza-poveke-odbieni-od-regionot-ima-samo-od-albanija-i-tsrna-gora/
Со одлука на Влада, формирана е меѓуресорска работна група предводена од Министерството за надворешни работи, која се состои од претставници и на други релевантни институции кои работат на исполнување на условите за воспоставување безвизен режим со САД. Условите се однесуваат на различни области, но еден од клучните е процентот на одбиени визи да изнесува најмногу три проценти.Во тој контекст, нагласуваме дека високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти се должи на несоодветните апликации, за што планираме наскоро да започнеме кампања за едуцирање на граѓаните за процесот на аплицирање и условите кои треба да бидат исполнети, со цел добивање виза за САД, информира МНР.
Оттаму дополнуваат дека процесот на укинување визи за влез на државјаните на Македонија во САД е долгорочен и комплексен и оти налага континуирани активности на што, потенираат, посветено работиме.
Воедно приклучувањето во Програмата за безвизен режим стана дел од Стратешкиот дијалог со САД и е меѓу проектите во Акцискиот план, што беше усвоен на владина седница во февруари оваа година. Постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за економскиот развој на земјава, а ќе внесе и дополнителен импулс за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство, како и доближувањето на народите од двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.

The post МНР започна процес за безвизен режим со САД, за одбиените апликанти велат имале несоодветни апликации appeared first on Република.

]]>
Париз и Берлин со различен став околу визната либерализација за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pariz-i-berlin-so-razlichen-stav-okolu-viznata-liberalizatsija-za-kosovo/ Tue, 05 Sep 2023 08:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=678893

И покрај најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз и Берлин би можеле да разгледаат одлагање на стапувањето во сила на безвизниот режим за Косово доколку Приштина не се насочи кон намалување на тензиите со Србија, Германија планира строго да се придржува кон планот за укинување на визите за косовските граѓани при патување во ЕУ од 1 јануари 2024 година, наведува „Еурактив“.

Ова, според порталот, по се изгледа значи дека Макрон не се консултирал со властите во Берлин, кога минатата недела го изнесе ставот на Париз како заедничка позиција на двете најголеми земји во ЕУ.

Франција и Германија досега имаа синхронизиран пристап кон Косово, излегувајќи со заеднички ставови и изјави и заедно работеа на најновите предлози за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, неформално наречени „француско-германски план“.

Макрон изјави дека чекаат „јасна посветеност“ од двете страни, вклучително и нови локални избори, враќање на Србите во институциите и општо смирување на ситуацијата, но отиде и чекор понатаму и постави ултиматум - дека Франција и Германија се посветени и направија чекори кон отворање на визната политика и други економски прашања, кои ќе бидат преразгледани доколку двете страни не водат одговорна политика, наведува „Еурактив“.

Но, од германското Министерство за надворешни работи, за порталот посочиле дека Германија ќе ги почитува прописите усвоени од ЕУ во април 2023 година, според кои, косовските државјаните во иднина ќе бидат ослободени од условот за поседување виза за краток престој во Шенген зоната.

Оваа одлука ќе стапи во сила на 1 јануари 2024 година. Тоа значи дека од тој датум сите држави од Западен Балкан ќе бидат подеднакво ослободени од условот за виза за краток престој во Шенген зоната, се наведува во одговорот на германското МНР.

Во меѓувреме, известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, побара визната либерализација да не биде поврзувана со дијалогот Белград-Приштина.

- Граѓаните на Косово ја заслужуваат одамна задоцнетата визна либерализација. Сакаме да бидеме јасни - безвизниот режим не е и не треба да биде поврзан со дијалогот со Србија. ЕУ мора да го исполни ветувањето, дозволувајќи им на граѓаните на Косово слободно да патуваат од 1 јануари 2024 година, рече Фон Крамон.

На најавата на Макрон реагираше и косовската претседателка Вјоса Османи, која изјави дека доколку се одложи визната либерализација, дијалогот Белград-Приштина ќе биде уништен засекогаш.

- Би рекла дека ова е начин да се уништи дијалогот еднаш засекогаш. Ако некој сака да го прекине дијалогот, тогаш нека преземе такви мерки, кои се казнени мерки против народот на Косово. Тие не се против ниту еден лидер, не се против политика, тие се против народот на Косово. А таквата невидена казна, која беше голема неправда за народот на Косово, ќе резултира со крај на дијалогот, рече Османи.

Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел минатата недела на прес-конференцијата по завршувањето на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на Унијата во шпанскиот град Толедо, најави дека на 14 септември ќе организира средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, што би требало да преставува продолжување на разговорите меѓу двете страни на високо ниво, кои неколку месеци беа во застој.

The post Париз и Берлин со различен став околу визната либерализација за Косово appeared first on Република.

]]>

И покрај најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз и Берлин би можеле да разгледаат одлагање на стапувањето во сила на безвизниот режим за Косово доколку Приштина не се насочи кон намалување на тензиите со Србија, Германија планира строго да се придржува кон планот за укинување на визите за косовските граѓани при патување во ЕУ од 1 јануари 2024 година, наведува „Еурактив“. Ова, според порталот, по се изгледа значи дека Макрон не се консултирал со властите во Берлин, кога минатата недела го изнесе ставот на Париз како заедничка позиција на двете најголеми земји во ЕУ. Франција и Германија досега имаа синхронизиран пристап кон Косово, излегувајќи со заеднички ставови и изјави и заедно работеа на најновите предлози за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, неформално наречени „француско-германски план“. Макрон изјави дека чекаат „јасна посветеност“ од двете страни, вклучително и нови локални избори, враќање на Србите во институциите и општо смирување на ситуацијата, но отиде и чекор понатаму и постави ултиматум - дека Франција и Германија се посветени и направија чекори кон отворање на визната политика и други економски прашања, кои ќе бидат преразгледани доколку двете страни не водат одговорна политика, наведува „Еурактив“. Но, од германското Министерство за надворешни работи, за порталот посочиле дека Германија ќе ги почитува прописите усвоени од ЕУ во април 2023 година, според кои, косовските државјаните во иднина ќе бидат ослободени од условот за поседување виза за краток престој во Шенген зоната.
Оваа одлука ќе стапи во сила на 1 јануари 2024 година. Тоа значи дека од тој датум сите држави од Западен Балкан ќе бидат подеднакво ослободени од условот за виза за краток престој во Шенген зоната, се наведува во одговорот на германското МНР.
Во меѓувреме, известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, побара визната либерализација да не биде поврзувана со дијалогот Белград-Приштина. - Граѓаните на Косово ја заслужуваат одамна задоцнетата визна либерализација. Сакаме да бидеме јасни - безвизниот режим не е и не треба да биде поврзан со дијалогот со Србија. ЕУ мора да го исполни ветувањето, дозволувајќи им на граѓаните на Косово слободно да патуваат од 1 јануари 2024 година, рече Фон Крамон. На најавата на Макрон реагираше и косовската претседателка Вјоса Османи, која изјави дека доколку се одложи визната либерализација, дијалогот Белград-Приштина ќе биде уништен засекогаш. - Би рекла дека ова е начин да се уништи дијалогот еднаш засекогаш. Ако некој сака да го прекине дијалогот, тогаш нека преземе такви мерки, кои се казнени мерки против народот на Косово. Тие не се против ниту еден лидер, не се против политика, тие се против народот на Косово. А таквата невидена казна, која беше голема неправда за народот на Косово, ќе резултира со крај на дијалогот, рече Османи. Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел минатата недела на прес-конференцијата по завршувањето на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на Унијата во шпанскиот град Толедо, најави дека на 14 септември ќе организира средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, што би требало да преставува продолжување на разговорите меѓу двете страни на високо ниво, кои неколку месеци беа во застој.

The post Париз и Берлин со различен став околу визната либерализација за Косово appeared first on Република.

]]>
Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-2023-godina-eu-ke-pochne-da-ni-go-ogranichuva-bezvizniot-rezhim/ Tue, 27 Dec 2022 18:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=590689

Почнувајќи од 2023 година, се очекува Европската Унија да почне да го применува системот ЕТИАС. Овој систем, доколку биде комплетиран, ќе претставува чекор назад за балканските земји и други држави од светот кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување до земјите членки на ЕУ.

Според ЕТИАС, патниците ќе мора да поднесат потврда за својот идентитет, да испратат копија од патната исправа и да одговорат на низа прашања за причината за патување и прашања поврзани со нивниот имотен, сеемен статус, кривично минато, престој во конфликтни држави и на други чувствителни теми. Ќе се наплати и такса од 7 евра за сите патници на возраст од 18 до 70 години.

За разлика од сегашниот модел, каде државјаните на Македонија и другите балкански држави - освен Косово - генерално слободно можат да ги поминат границите на членките на ЕУ, според моделот ЕТИАС, ќе мораме да чекаме одговор од земјата во која сакаме да патуваме, кој може да биде и негативен. Еднаш добиената ЕТИАС виза потоа ќе биде валидна за три години.

Во Брисел се уште не се сигурни кога овој систем ќе биде пуштен во дејство, бидејќи Унијата се соочува со силен притисок од држави кои сакаат да ја избегнат оваа мерка - вклучително и од Британија, која стравува дека и нејзините граѓани ќе бидат ставени на истата листа со Балканците.

Оваа мерка е едно од ограничувањата кое земјите кои се чувствуваат загрозени од големиот наплив на мигранти, како Холандија, ги бараат за да се ограничи пристапот на балкански државјани до ЕУ. Системот ќе важи и за соседните држави, како Бугарија и Грција, како и за земји кои не се членки на ЕУ како Норвешка и Швајцарија. Системот ќе се однесува за граѓаните на преку 60 држави кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување во ЕУ.

The post Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од 2023 година, се очекува Европската Унија да почне да го применува системот ЕТИАС. Овој систем, доколку биде комплетиран, ќе претставува чекор назад за балканските земји и други држави од светот кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување до земјите членки на ЕУ. Според ЕТИАС, патниците ќе мора да поднесат потврда за својот идентитет, да испратат копија од патната исправа и да одговорат на низа прашања за причината за патување и прашања поврзани со нивниот имотен, сеемен статус, кривично минато, престој во конфликтни држави и на други чувствителни теми. Ќе се наплати и такса од 7 евра за сите патници на возраст од 18 до 70 години. За разлика од сегашниот модел, каде државјаните на Македонија и другите балкански држави - освен Косово - генерално слободно можат да ги поминат границите на членките на ЕУ, според моделот ЕТИАС, ќе мораме да чекаме одговор од земјата во која сакаме да патуваме, кој може да биде и негативен. Еднаш добиената ЕТИАС виза потоа ќе биде валидна за три години. Во Брисел се уште не се сигурни кога овој систем ќе биде пуштен во дејство, бидејќи Унијата се соочува со силен притисок од држави кои сакаат да ја избегнат оваа мерка - вклучително и од Британија, која стравува дека и нејзините граѓани ќе бидат ставени на истата листа со Балканците. Оваа мерка е едно од ограничувањата кое земјите кои се чувствуваат загрозени од големиот наплив на мигранти, како Холандија, ги бараат за да се ограничи пристапот на балкански државјани до ЕУ. Системот ќе важи и за соседните држави, како Бугарија и Грција, како и за земји кои не се членки на ЕУ како Норвешка и Швајцарија. Системот ќе се однесува за граѓаните на преку 60 држави кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување во ЕУ.

The post Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим appeared first on Република.

]]>
Се промени извештајот: EУ веќе не бара да воведеме визи за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-promeni-izveshtajot-eu-vekje-ne-bara-da-vovedeme-vizi-za-kosovo/ Thu, 15 Dec 2022 07:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=585785

Eвропската комисија ја промени содржината на извештајот според кој од Македонија се бараше да воведеме визен режим вклучително и Косово.

Но, во новиот извештај Косово е тргнато од листата во која остануваат Турција, Азербејџан, Боцвана, Куба и Ел Салвадор.

„Република“ ја праша Европската комисија и оттаму ни одговорија усогласувањето со безвизната листа на ЕУ е од клучно значење, како што беше истакнато и во неодамнешните политички и технички дискусии.

Тоа е според нив е еден од основните елементи на неодамна усвоениот Акциски план на ЕУ за Западен Балкан.

Комисијата целосно го поддржува безвизниот режим со Косово како приоритетно прашање. Косово ги исполни сите одредници за визна либерализација. Подготвени сме да ги поддржиме Парламент и Советот да продолжат што е можно поскоро-велат од ЕК за „Република“.

Инаку вчера ЕУ постигна начелна согласност граѓаните на Косово да патуваат без визи најдоцна од 2024 година

The post Се промени извештајот: EУ веќе не бара да воведеме визи за Косово appeared first on Република.

]]>

Eвропската комисија ја промени содржината на извештајот според кој од Македонија се бараше да воведеме визен режим вклучително и Косово. Но, во новиот извештај Косово е тргнато од листата во која остануваат Турција, Азербејџан, Боцвана, Куба и Ел Салвадор. „Република“ ја праша Европската комисија и оттаму ни одговорија усогласувањето со безвизната листа на ЕУ е од клучно значење, како што беше истакнато и во неодамнешните политички и технички дискусии. Тоа е според нив е еден од основните елементи на неодамна усвоениот Акциски план на ЕУ за Западен Балкан.
Комисијата целосно го поддржува безвизниот режим со Косово како приоритетно прашање. Косово ги исполни сите одредници за визна либерализација. Подготвени сме да ги поддржиме Парламент и Советот да продолжат што е можно поскоро-велат од ЕК за „Република“.
Инаку вчера ЕУ постигна начелна согласност граѓаните на Косово да патуваат без визи најдоцна од 2024 година

The post Се промени извештајот: EУ веќе не бара да воведеме визи за Косово appeared first on Република.

]]>
Претставниците на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretstavnicite-na-zapaden-balkan-postignaa-dogovor-vo-berlin-za-usoglasuvanje-na-vizniot-rezim-so-eu/ Fri, 21 Oct 2022 07:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=563872

Официјални претставници на Западен Балкан и на Европската унија во Берлин договорија мерки за спречување на илегалната миграција на „балканската рута“, од кои најважни се усогласувањето на визната политика на западнобалканската шесторка со стандардите на ЕУ и сузбивањето на шверц на луѓе, соопшти германското МВР.

На состанокот на министрите за внатрешни работи како дел од берлинскиот процес, постигнат е договор синоќа за ефикасна заштита на границите со поддршка на европската агенција Фронтекс и за процедури за враќање на бегалците кои немаат правна основа за престој во ЕУ во нивните матични земји.

Министрите и официјалните лица се собраа во Берлин на покана на германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, за да разговараат за сузбивањето на илегалната миграција преку балканската рута и борбата против организираниот криминал.

Европа има заедничка одговорност да го запре нелегалниот влез за да можеме да продолжиме да им помагаме на луѓето на кои итно им е потребна нашата поддршка“, рече Фесер.

Сакаме да ги заштитиме луѓето кои доаѓаат кај нас поради војни и политички прогон. Остануваме доследни на нашата хуманитарна одговорност“, рече Фезер. Истовремено, како што рече, европските партнери се решени да ја спречат илегалната миграција.

Таа додаде дека на средбата, заедно со договорот за миграцијата, е постигнат договор сите европски партнери да сакаат дополнително да ја интензивираат соработката со сите земји од Западен Балкан во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Тоа ќе ја подобри безбедносната ситуација не само таму, туку и во ЕУ и пошироко“, рече Фесер.

На средбата во Берлин беа поканети министри за внатрешни работи или други релевантни претставници на Австрија, Бугарија, Франција, Грција, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка и Велика Британија, како и претставници на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Учествуваа претставници на Европската Унија, меѓу кои и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и претставници на меѓународни организации.

Берлински процес е формат на годишни состаноци што германската влада, во времето на канцеларката Ангела Меркел, ги иницираше во 2014 година кога во Берлин се одржа Конференцијата за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во ЕУ.

The post Претставниците на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Официјални претставници на Западен Балкан и на Европската унија во Берлин договорија мерки за спречување на илегалната миграција на „балканската рута“, од кои најважни се усогласувањето на визната политика на западнобалканската шесторка со стандардите на ЕУ и сузбивањето на шверц на луѓе, соопшти германското МВР.
На состанокот на министрите за внатрешни работи како дел од берлинскиот процес, постигнат е договор синоќа за ефикасна заштита на границите со поддршка на европската агенција Фронтекс и за процедури за враќање на бегалците кои немаат правна основа за престој во ЕУ во нивните матични земји. Министрите и официјалните лица се собраа во Берлин на покана на германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, за да разговараат за сузбивањето на илегалната миграција преку балканската рута и борбата против организираниот криминал.
Европа има заедничка одговорност да го запре нелегалниот влез за да можеме да продолжиме да им помагаме на луѓето на кои итно им е потребна нашата поддршка“, рече Фесер. Сакаме да ги заштитиме луѓето кои доаѓаат кај нас поради војни и политички прогон. Остануваме доследни на нашата хуманитарна одговорност“, рече Фезер. Истовремено, како што рече, европските партнери се решени да ја спречат илегалната миграција.
Таа додаде дека на средбата, заедно со договорот за миграцијата, е постигнат договор сите европски партнери да сакаат дополнително да ја интензивираат соработката со сите земји од Западен Балкан во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Тоа ќе ја подобри безбедносната ситуација не само таму, туку и во ЕУ и пошироко“, рече Фесер.
На средбата во Берлин беа поканети министри за внатрешни работи или други релевантни претставници на Австрија, Бугарија, Франција, Грција, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка и Велика Британија, како и претставници на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Учествуваа претставници на Европската Унија, меѓу кои и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и претставници на меѓународни организации. Берлински процес е формат на годишни состаноци што германската влада, во времето на канцеларката Ангела Меркел, ги иницираше во 2014 година кога во Берлин се одржа Конференцијата за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во ЕУ.

The post Претставниците на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ appeared first on Република.

]]>
РТС: Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ ако не го намали приливот на мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rts-srbija-go-rizikuva-bezvizniot-rezim-so-eu-ako-ne-go-namali-prilivot-na-migranti/ Fri, 14 Oct 2022 11:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=561080

Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ доколку не го намали приливот на мигранти од трети земји кои патуваат без визи на нејзината територија, а потоа кон ЕУ, тврдат европски дипломатски извори пред состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, објави РТС.

Министрите за внатрешни работи денеска ќе разговараат за мерките за одговор на значителното зголемување на приливот на мигранти кои влегуваат во земјите на ЕУ преку Западен Балкан.

Очекувам Србија и другите во регионот да соработуваат и да се усогласат со визната политика на ЕУ. Иницирањето на суспензија на безвизниот режим не е исклучено како опција, но се надевам пред се на добра соработка - изјави во Луксембург еврокомесарката за внатрешна Работи Јилва Јохансон.

Приливот на мигранти во 2022 година е повеќекратно зголемен во однос на минатата година, а како посебен проблем земјите-членки го истакнуваат безвизниот режим што Србија го има со некои земји од Азија, Африка и Јужна Америка, чии граѓани слободно патуваат во Србија и потоа во земјите на ЕУ.

Дипломатски извори наведуваат дека сличен проблем постои и со визната политика на Албанија.

Трендовите се загрижувачки. Ќе треба да го решиме проблемот со зајакнување на надворешните граници и дополнително вклучување на агенцијата Фронтекс. Ќе контактираме со сите партнери од Западен Балкан за да обезбедиме усогласување на визните политики - порача комесарката за внатрешни работи.

Јохансон најави серија состаноци со претставници на земјите од Западен Балкан во наредните недели во Берлин, Прага и Тирана.

The post РТС: Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ ако не го намали приливот на мигранти appeared first on Република.

]]>

Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ доколку не го намали приливот на мигранти од трети земји кои патуваат без визи на нејзината територија, а потоа кон ЕУ, тврдат европски дипломатски извори пред состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, објави РТС. Министрите за внатрешни работи денеска ќе разговараат за мерките за одговор на значителното зголемување на приливот на мигранти кои влегуваат во земјите на ЕУ преку Западен Балкан.
Очекувам Србија и другите во регионот да соработуваат и да се усогласат со визната политика на ЕУ. Иницирањето на суспензија на безвизниот режим не е исклучено како опција, но се надевам пред се на добра соработка - изјави во Луксембург еврокомесарката за внатрешна Работи Јилва Јохансон.
Приливот на мигранти во 2022 година е повеќекратно зголемен во однос на минатата година, а како посебен проблем земјите-членки го истакнуваат безвизниот режим што Србија го има со некои земји од Азија, Африка и Јужна Америка, чии граѓани слободно патуваат во Србија и потоа во земјите на ЕУ. Дипломатски извори наведуваат дека сличен проблем постои и со визната политика на Албанија.
Трендовите се загрижувачки. Ќе треба да го решиме проблемот со зајакнување на надворешните граници и дополнително вклучување на агенцијата Фронтекс. Ќе контактираме со сите партнери од Западен Балкан за да обезбедиме усогласување на визните политики - порача комесарката за внатрешни работи.
Јохансон најави серија состаноци со претставници на земјите од Западен Балкан во наредните недели во Берлин, Прага и Тирана.

The post РТС: Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ ако не го намали приливот на мигранти appeared first on Република.

]]>
И Косовците ќе патуваат без визи? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-kosovcite-kje-patuvaat-bez-vizi/ Thu, 13 Oct 2022 17:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=560768

Работната група за визна политика на ЕУ денеска за прв пат одржа разговори за иднината на визната либерализација на Косово, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова попладнево го соопшти чешкото претседателство со ЕУ.

Косово е единствената земја од шесте западнобалкански чии граѓани не уживаат слободен визен режим со ЕУ.

Денеска работната група за визи во Советот на ЕУ го стави ова прашање на дневен ред за прв пат.

За време на состанокот Европската Комисија го презентирала својот нов технички извештај, чиј заклучок е дека Косово и натаму ги исполнува критериумите за визна либерализација.

Според чешкото претседателство атмосферата на работната група одела “генерално кон поддршка за визна либерализација за Косово“, но се истакнува дека за да може да продолжи дискусијата “низа поврзани теми ќе треба да бидат разјаснети“, но без повеќе детали.

Пет земји на ЕУ не ја признаваат независноста на Косово

The post И Косовците ќе патуваат без визи? appeared first on Република.

]]>

Работната група за визна политика на ЕУ денеска за прв пат одржа разговори за иднината на визната либерализација на Косово, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова попладнево го соопшти чешкото претседателство со ЕУ. Косово е единствената земја од шесте западнобалкански чии граѓани не уживаат слободен визен режим со ЕУ. Денеска работната група за визи во Советот на ЕУ го стави ова прашање на дневен ред за прв пат. За време на состанокот Европската Комисија го презентирала својот нов технички извештај, чиј заклучок е дека Косово и натаму ги исполнува критериумите за визна либерализација. Според чешкото претседателство атмосферата на работната група одела “генерално кон поддршка за визна либерализација за Косово“, но се истакнува дека за да може да продолжи дискусијата “низа поврзани теми ќе треба да бидат разјаснети“, но без повеќе детали. Пет земји на ЕУ не ја признаваат независноста на Косово

The post И Косовците ќе патуваат без визи? appeared first on Република.

]]>