Безистен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezisten/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 12:04:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Безистен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezisten/ 32 32 Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgasnat-pozharot-vo-bezistenot-vo-struga-zafatena-krovnata-konstruktsija/ Wed, 06 Nov 2024 12:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=834728

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари.

Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета.

Постоеше опасност да бидат зафатени и другите објекти, но за среќа ние брзо дојдовме и го изгаснавме. Кровот е зафатен од Безистенот, можеше да се прошири, среќа пожарникарите стигнаа на време. Го изгаснавме и ги спасивме околните објекти, изјави Мазари.

Пожарот во Струшката пожарна бил пријавен околу 9 часот и 30 минути од граѓани, а интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила.

Во Безистенот во Струга има 315 дуќани во кои се сместени угостителски објекти, бутици и други бизниси, чии сопственици се загрижени поради настанатиот пожар.

Секој обичен граѓанин е загрижен, а не ние кои имаме бизниси тука од кои живееме и зависиме. Малку застрашувачко е ова. Жал ми е за овие горе кои настрадаа имаат повеќе штета, и долу во некои дуќани ќе имаме штета од водата, изјави Белки Азиба, сопственик на дуќан.

За состојбата во Безистенот смета дека треба да се грижат дуќанџиите, додека Општината и државата треба да контролираат и превземат мерки за почитување на правилата и мерките за заштита од пожари.

Увидот треба да покаже од што настанал пожарот и колкава материјална штета е предизвикана.

The post Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција appeared first on Република.

]]>

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари. Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета.
Постоеше опасност да бидат зафатени и другите објекти, но за среќа ние брзо дојдовме и го изгаснавме. Кровот е зафатен од Безистенот, можеше да се прошири, среќа пожарникарите стигнаа на време. Го изгаснавме и ги спасивме околните објекти, изјави Мазари.
Пожарот во Струшката пожарна бил пријавен околу 9 часот и 30 минути од граѓани, а интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила. Во Безистенот во Струга има 315 дуќани во кои се сместени угостителски објекти, бутици и други бизниси, чии сопственици се загрижени поради настанатиот пожар.
Секој обичен граѓанин е загрижен, а не ние кои имаме бизниси тука од кои живееме и зависиме. Малку застрашувачко е ова. Жал ми е за овие горе кои настрадаа имаат повеќе штета, и долу во некои дуќани ќе имаме штета од водата, изјави Белки Азиба, сопственик на дуќан.
За состојбата во Безистенот смета дека треба да се грижат дуќанџиите, додека Општината и државата треба да контролираат и превземат мерки за почитување на правилата и мерките за заштита од пожари. Увидот треба да покаже од што настанал пожарот и колкава материјална штета е предизвикана.

The post Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција appeared first on Република.

]]>
Изложбата на Зимскиот салон на ДЛУМ од утре во Уметничката галерија Безистен во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-na-zimskiot-salon-na-dlum-od-utre-vo-umetnichkata-galerija-bezisten-vo-shtip/ Thu, 21 Mar 2024 20:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=757144

На 22 март во 13 часот во Уметничката галерија Безистен во Штип ќе се отвори изложбата на Зимскиот салон на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), на тема „Интимност и интерконекција“. Изложбата претходно беше отворена во Скопје, а поставката во Чифте амам траеше од 22 февруари до 10 март.

Учеството и интересот на уметниците членови на ДЛУМ за Зимскиот салон отсекогаш биле големи и предизвикувачки. Пристапот при селекцијата на делата од страна на кураторите оваа биенална изложба ја прави сè поатрактивна од ликовен аспект. Експериментирајќи со сите медиуми на изразување, Зимскиот салон е значаен токму поради тенденцијата, како на кураторите така и на уметниците учесници, да креираат современи и концептуални ликовни формати. Годинашната кураторка Oксана Карповец од Украина, која денес живее и работи во Париз, Република Франција, на македонските уметници членови на ДЛУМ им предложи многу актуелна и провокативна тема која во себе содржи повеќе нивоа на конципирање со многуслојни асоцијации. ,,Интимност и интерконекција ” е насловот на годинашниот кураторски проект во кој уметниците креираа и создадоа ликовни концепти со различни ликовни идентитети. – се наведува во текстот за каталогот на претседателката на ДЛУМ проф.д-р Јана Манева-Чупоска.

The post Изложбата на Зимскиот салон на ДЛУМ од утре во Уметничката галерија Безистен во Штип appeared first on Република.

Украдени рачно направените оловни плoчи на штипски „Безистен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-rachno-napravenite-olovni-plochi-na-shtipski-bezisten/ Wed, 11 Jan 2023 14:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=595834

Штипската уметничка галерија „Безистен“ повторно е мета на крадци. Од кровната конструкција украдена е една оловна плоча, а оштетени се шест плочи, кои крадци се обиделе да ги симнат од кровот. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов за МИА вели дека кражбата се случила утринава околу 1 часот, а полициски службеници забележале дека на објектот има скала. Крадците побегнале, а направена е штета од околу 30.000 денари.

Минатата година во јануари беа фатени четворица крадци од Штип и Струмица, кои во неколку наврати одзедоа околу 30 оловни плочи од кровната конструкција на галеријата „Безистен“. Штетата тогаш се проценуваше на околу 500.000 денари. Оловните плочи се рачно и автентично направени. Објектот е заштитен од државата, како споменик на културата, а е изграден во средината на 16 век.

The post Украдени рачно направените оловни плoчи на штипски „Безистен“ appeared first on Република.

]]>

Штипската уметничка галерија „Безистен“ повторно е мета на крадци. Од кровната конструкција украдена е една оловна плоча, а оштетени се шест плочи, кои крадци се обиделе да ги симнат од кровот. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов за МИА вели дека кражбата се случила утринава околу 1 часот, а полициски службеници забележале дека на објектот има скала. Крадците побегнале, а направена е штета од околу 30.000 денари. Минатата година во јануари беа фатени четворица крадци од Штип и Струмица, кои во неколку наврати одзедоа околу 30 оловни плочи од кровната конструкција на галеријата „Безистен“. Штетата тогаш се проценуваше на околу 500.000 денари. Оловните плочи се рачно и автентично направени. Објектот е заштитен од државата, како споменик на културата, а е изграден во средината на 16 век.

The post Украдени рачно направените оловни плoчи на штипски „Безистен“ appeared first on Република.

]]>
Уапсени четворица крадци на уметнички дела од галеријата во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-chetvorica-kradci-na-umetnichki-dela-od-galerijata-vo-shtip/ Tue, 11 Jan 2022 13:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=443167

Штипската полиција информира дека лишени од слобода се А.А.(32) и Ќ.А.(37), двајцата од Струмица и Д.А.(28) и С.Н.(26), двајцата од Штип, поради „тешка кражба“ од Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.

Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во месец јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број на предмети од Уметничката галерија. Дел од одземените предмети се пронајдени, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип, информираат од МВР.

По комплетирање на службената документација против нив до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Уапсени четворица крадци на уметнички дела од галеријата во Штип appeared first on Република.

Украдени автентичните оловни плочи од кровот на Безистенот во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ukradeni-avtentichnite-olovni-plochi-od-krovot-na-bezistenot-vo-shtip/ Fri, 07 Jan 2022 13:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=441675

Украдени се  26 оловни плочи, кои се дел од автентичниот изглед на уметничката галерија Безистен, а во минатото објектов бил  затворен пазар, објави Телма. Серијата кражби на плочите, кои вредат најмалку  10.000 евра се случуваат деновиве, пред два дена на лице место фатен е еден крадец на возраст од 26 години.

Автентичните оловни плочи кои тежат од 40 до 50 килограми се продаваат кај откупувачи на стари метали, но  мора да се свесни за потеклото на овие предмети, бидејќи доколку полицијата ги најде кај нив и тие ќе заработат затворски казни. Спасот за заштита на овој споменик од национален интерес и кој е под заштита на државата е негово осветлување, ангажирање на чуварска служба и поставување на камери и алрмни уреди.

Целиот текст овде.

The post Украдени автентичните оловни плочи од кровот на Безистенот во Штип appeared first on Република.

]]>

Украдени се  26 оловни плочи, кои се дел од автентичниот изглед на уметничката галерија Безистен, а во минатото објектов бил  затворен пазар, објави Телма. Серијата кражби на плочите, кои вредат најмалку  10.000 евра се случуваат деновиве, пред два дена на лице место фатен е еден крадец на возраст од 26 години. Автентичните оловни плочи кои тежат од 40 до 50 килограми се продаваат кај откупувачи на стари метали, но  мора да се свесни за потеклото на овие предмети, бидејќи доколку полицијата ги најде кај нив и тие ќе заработат затворски казни. Спасот за заштита на овој споменик од национален интерес и кој е под заштита на државата е негово осветлување, ангажирање на чуварска служба и поставување на камери и алрмни уреди. Целиот текст овде.

The post Украдени автентичните оловни плочи од кровот на Безистенот во Штип appeared first on Република.

]]>