бездомници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezdomnici/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 08:38:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бездомници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezdomnici/ 32 32 Рекордeн број бездомници во САД – 12 отсто повеќе за само една година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekorden-broj-bezdomnitsi-vo-sad-12-otsto-poveke-za-samo-edna-godina/ Sat, 16 Dec 2023 08:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=723535

Бездомништвото во САД достигна рекордно високо ниво - зголемено е за драматични 12 отсто, поради значителното зголемување на наемнините и намалувањето на помошта дадена за време на епидемијата на коронавирусот.

Федералните власти велат дека тие два фактора заедно го направиле домувањето помалку прифатливо.

Околу 653.000 луѓе се регистрирани како бездомници - највисоко ниво откако феноменот почна да се мери преку годишни истражувања во 2007 година.

Вкупниот број на бездомници во јануари 2023 година е поголем за 70.650 бездомници во споредба со јануари 2022 година.

Податоците покажуваат дека најголем број нови бездомници се луѓе кои никогаш не биле тоа и дека е прекинат трендот на намалување на семејното бездомништво што почна во 2012 година.

Овие податоци ја нагласуваат итната потреба да се имплементираат докажани решенија и стратегии кои брзо ги оддалечуваат луѓето од бездомништвото и на прво место - спречуваат појава на бездомништво“, наведува Марша Фаџ, секретар во Федералното биро за домување и урбан развој.

The post Рекордeн број бездомници во САД – 12 отсто повеќе за само една година appeared first on Република.

]]>

Бездомништвото во САД достигна рекордно високо ниво - зголемено е за драматични 12 отсто, поради значителното зголемување на наемнините и намалувањето на помошта дадена за време на епидемијата на коронавирусот. Федералните власти велат дека тие два фактора заедно го направиле домувањето помалку прифатливо. Околу 653.000 луѓе се регистрирани како бездомници - највисоко ниво откако феноменот почна да се мери преку годишни истражувања во 2007 година. Вкупниот број на бездомници во јануари 2023 година е поголем за 70.650 бездомници во споредба со јануари 2022 година. Податоците покажуваат дека најголем број нови бездомници се луѓе кои никогаш не биле тоа и дека е прекинат трендот на намалување на семејното бездомништво што почна во 2012 година.
Овие податоци ја нагласуваат итната потреба да се имплементираат докажани решенија и стратегии кои брзо ги оддалечуваат луѓето од бездомништвото и на прво место - спречуваат појава на бездомништво“, наведува Марша Фаџ, секретар во Федералното биро за домување и урбан развој.

The post Рекордeн број бездомници во САД – 12 отсто повеќе за само една година appeared first on Република.

]]>
Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/printsot-vilijam-pochna-da-sproveduva-petgodishna-programa-za-pomosh-na-bezdomnitsite/ Mon, 26 Jun 2023 06:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=655100

Британскиот престолонаследник, принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомници „Homewards“ во која планира да обезбеди средства и стручни совети на шест локации со цел да се намали бројот на бездомници.

„Цврсто сум убеден дека со заедничка работа можеме да го направиме бездомништвото ретка појава. Со нетрпение очекувам да работам на нашите шест локации за да ја направиме нашата амбиција реалност“, рече 41-годишниот Вилијам.

Проектот е поддржан од Кралската фондација, а секоја од избраните локации ќе добие по 500 илјади фунти. Според проценките на хуманитарните здруженија, дури 270.000 домаќинства во Велика Британија немаат дом, односно семејства меѓу кои и децата спијат на отворено, во автомобили или имаат привремено сместување во хостели или кај роднини. Поради зголемените трошоци за живот, се очекува таа бројка да расте.

The post Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците appeared first on Република.

]]>

Британскиот престолонаследник, принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомници „Homewards“ во која планира да обезбеди средства и стручни совети на шест локации со цел да се намали бројот на бездомници.
„Цврсто сум убеден дека со заедничка работа можеме да го направиме бездомништвото ретка појава. Со нетрпение очекувам да работам на нашите шест локации за да ја направиме нашата амбиција реалност“, рече 41-годишниот Вилијам.
Проектот е поддржан од Кралската фондација, а секоја од избраните локации ќе добие по 500 илјади фунти. Според проценките на хуманитарните здруженија, дури 270.000 домаќинства во Велика Британија немаат дом, односно семејства меѓу кои и децата спијат на отворено, во автомобили или имаат привремено сместување во хостели или кај роднини. Поради зголемените трошоци за живот, се очекува таа бројка да расте.

The post Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците appeared first on Република.

]]>
Суровиот живот на улица и надежта за втора шанса https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/suroviot-zhivot-na-ulitsa-i-nadezhta-za-vtora-shansa/ Wed, 31 May 2023 11:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=646508

Брзиот живот и раздвиженоста низ скопските улици е нормална појава за повеќето од нас кои живееме и работиме во главниот град на Македонија. Но овие улици во себе истовремено кријат и уште еден свет, кој свесно или несвесно останува невидлив за граѓаните – а тоа е светот на бездомниците.

Во овој скриен свет и на овие улици живеат поединци чии приказни се разновидни како и самиот град, а заедничката работа којашто ги поврзува сите нивни приказни е бездомништвото.

Подалеку од кафулиња и раздвижените пазари, скриени под мостови и импровизирани засолништа, бездомниците во Скопје секојдневно се борат да преживеат уште еден ден. Честопати нивните животи се обликувани од студените зими и жешките лета, немилосрдниот глад што ги глода нивните празни стомаци и чувството на изолација што го проникнува секој нивен буден момент додека гледаат како огромен број на луѓе ги одминуваат.

Според неофицијални податоци, во Скопје има повеќе од 500 бездомници, а точната бројка тешко може да се утврди бидејќи многумина од нив немаат никакви документи. Често се случува тие да ја променат локацијата каде што престојуваат – а малкумина од нив успеваат и да најдат излез од една ваква навидум безизлезна ситуација, објавува „creativevoice.mk“

Скопските улици некогаш беа и дом за 64-годишниот Даут Таир, поранешен бизнисмен чиј животен пат е проткаен со многу наизменични успеси и падови. Еден од тие падови го носи и до моментот една цела година да живее на скопските улици. Како и повеќето трагични приказни, така и онаа на Даут започнува со еден збор – порокот.

“Имав фирма за електроматеријали во 80-тите којашто работеше многу успешно. Заработував многу пари во тој момент, направив и доста инвестиции. Но тогаш дојде и првиот порок – комарот. Се најдов во ситуација да почнам да ги коцкам парите кои ги имам, во моменти кога живеев живот, бев и оженет и имавме две деца со тогашната сопруга.“ раскажува Даут.

Даут Таир

За помалку од две години потоа Даут ги губи сите пари.

“Парите ги изгубив што во Македонија, што низ светот. Комарот е игра во која се забавуваш, но истовремено плаќаш многу и во процесот губиш се што имаш – а токму тоа ми се случи и мене.“ ќе каже Даут.

Потоа тој се соочува со уште еден порок – криминалот.

“Влегов и во криминал, преку една нелегална фирма со камион кој превезуваше роба, па излажирав дека е украден во Србија. Ме фатија во лага и завршив во затвор, и од тука започна мојот огромен пад. Кога влегов во затворот започна и распадот на бракот. Жената ме остави, и тогаш бев осуден на 15 години затвор.“ раскажува тој.
Наместо 15, Даут лежи шест години во затвор, и некаде набргу по излегувањето надвор, во 2012-та година тој завршува на улица. “Немав пари, немав ништо, почнав да живеам на улиците – кога јадев, кога не јадев. Имало и такви денови кога не сум јадел ништо. На улица бев повеќе од една година, и во тој момент немав надеж дека ќе се случи нешто добро.“ додава Даут.

Надежта доаѓа кога човек најмалку се надева

Но надежта е секогаш тука, и за Даут таа доаѓа во формата на пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин Поток. За овој пункт дознава од еден пријател и набргу потоа тоа место станува негов нов дом.

“Кога отидов во пунктот, тоа веќе стана мојот нов дом. Можеби ќе се снајдев некако и ако не дојдов тука, но ова беше токму тоа што ми требаше – бев на курс за фризер, станав самоодржлив, почнав пак да заработувам. Почнав и да свирам гитара, научив да бидам и бравар.“
 вели Даут.

Изгубен во лавиринтот на бездомништвото, за неколку години преку овој пункт Даут успева да излезе од длабочините на очајот и да ги надмине сите предизвици. Денес, тој е и светилник на надеж за другите.
“Како течеше времето во пунктот, почнав и да одам на многу работилници, почнав да го споделувам моето искуство за како и останатите бездомници да станат самоодржливи,“ Даут денес живее во импровизирана гаража во Бутел и се обидува секојдневно да дојде до некаков дополнителен приход, додека во моментот работи како чувар во Адреналинскиот парк во Скопје.

“Од Црвениот крст ми помогнаа со 5-6 илјади евра да го реновирам просторот, и сега ова е еден вид на апартман. Јас би останал тука, но истовремено пунктот си го чувствувам и како свој. Јас сум дел од оваа заедница и гледам да сум тука што повеќе, бидејќи на на секој начин се уште сум “бездомник“ и сакам да им помогнам и на останатите да се извлечат од таквата ситуација.“ потенцира тој.

“За разлика од организациите како Црвениот крст, она што властите го прават во моментот за да ја подобрат состојбата на бездомниците е премалку.“  додава Даут.

“Властите прават многу малку за бездомниците, сумите кои се даваат не се доволно – тие се доволно само за на бездомниците да им се даде храна за една недела и толку, тоа навистина е премалку.“

Поразителни бројки кои постојано се зголемуваат

Во изминатите 15 години пак, бројката на бездомниците постојано расте, раскажува Драгана Лазаревска, координатор на пунктот за бездомници при Црвениот крст.

Хронолошки гледано од кога е отворен пунктот за бездомници во 2008 година вкупно со 10 бездомни лица е почнато да се реализира стручно-советодавна работа со оваа целна група. Економските, социјалните и политичките премрежја кои се случија во изминатите 15 години во државата извадија на површина голем број на бездомници, лица кои се најдоа во ситуација да неможат да ги задоволат своите егзистенцијални потреби.“ вели Драгана.

Ова особено доаѓа до израз за време на КОВИД-19 пандемијата, кога бројката на бездомници се зголемува драстично, односно за повеќе од 50 проценти, велат од Црвениот крст.

“Оваа промена се должи на севкупното осиромашување на македонскиот граѓанин, со промени во неговиот работен статус заради затворање на голем број на компании и фирми, со што директно оваа промена влијаеше за влошување на физичкото и менталното здравје на поединецот.“ додава Драгана.

А како реагираат останатите граѓани на Македонија на сето ова? Според Драгана и Даут, односот често е понижувачки и со голема доза на етикетирање.

“Од една страна преовладува стигматизацијата и етикетирањето кон оваа целна група од општеството, како лица поединци кои не преземаат сопствена иницијатива за нивно успешно реинтегрирање во здравите општествени текови,како и самосвест за сопственото излегување од состојбата во која се наоѓаат.“ вели Драгана.

“Многу се ретки луѓето кои сакаат да им помогнат на бездомниците. Повеќето од бездомниците се алкохоличари и крадат, додека пак некои десет проценти од нив се уживатели на дрога. Многу малку од нив се без овие пороци – и јас се обидувам да им помогнам на сите од нив. Истовремено себеси се гледам и како еден вид на тампон зона помеѓу вработените во Црвениот крст и самите бездомници – сакам што повеќе да помогнам во процесот на ресоцијализацијата на овие лица и да поставам добар пример.“ додават Даут.

Ресоцијализацијата како единствено успешно решение

Приказните како онаа на Даут пак, служат и како позитивен пример за успешната реинтеграција на бездомниците и сето она што е неопходно за тие да можат да си го вратат својот живот и контролата над него.

“Од круцијално значење е нивното вклучување на инклузивниот пазар на труд, со подобрување на нивните меки вештини како и пружање на психо-социјална помош и поддршка. Овој сегмент, вработувањето во голема мера ќе ја смени пред се состојбата во која се наоѓаат како и перцепрцијата да ги активираат поодамна заборавените работни вештини и квалитети.“ заклучува Драгана.

Според Даут, изминатите неколку години донеле и уште неколку позитивни примери на бездомници кои успеале да се извадат од тешката животна состојба, да отворат свој бизнис или пак да работат по странство.
Самиот тој сега организира и акции со кои им овозможува на бездомниците да заработуваат – да помогнат со пренесување на мебел или пак со простории кои треба да се исчистат и слични активности.

За нас пак, приказната на Даут одекнува длабоко бидејќи го прикажува неискористениот потенцијал и нераскажаните наративи кои се кријат во рамките на бездомното население во Скопје. Истовремено пак, неговото патување е и остар потсетник за сите предизвици со кои се соочуваат оние кои се маргинализирани, занемарени и кои општеството ги смета за невидливи.

Како што порачува и самиот тој, време е да го ставиме невидливото во фокусот на нашето дејствување и да се соочиме со реалноста на бездомниците – при што не треба никого да оставиме зад себе.

“Треба да се има еден добар пристап – не мора да им дадете ништо на бездомниците, но треба да имате барем убави зборови кон нив, и потоа тие самите ќе имаат волја за да подобрат нешто кај себе.“

The post Суровиот живот на улица и надежта за втора шанса appeared first on Република.

]]>

Брзиот живот и раздвиженоста низ скопските улици е нормална појава за повеќето од нас кои живееме и работиме во главниот град на Македонија. Но овие улици во себе истовремено кријат и уште еден свет, кој свесно или несвесно останува невидлив за граѓаните – а тоа е светот на бездомниците.
Во овој скриен свет и на овие улици живеат поединци чии приказни се разновидни како и самиот град, а заедничката работа којашто ги поврзува сите нивни приказни е бездомништвото. Подалеку од кафулиња и раздвижените пазари, скриени под мостови и импровизирани засолништа, бездомниците во Скопје секојдневно се борат да преживеат уште еден ден. Честопати нивните животи се обликувани од студените зими и жешките лета, немилосрдниот глад што ги глода нивните празни стомаци и чувството на изолација што го проникнува секој нивен буден момент додека гледаат како огромен број на луѓе ги одминуваат. Според неофицијални податоци, во Скопје има повеќе од 500 бездомници, а точната бројка тешко може да се утврди бидејќи многумина од нив немаат никакви документи. Често се случува тие да ја променат локацијата каде што престојуваат – а малкумина од нив успеваат и да најдат излез од една ваква навидум безизлезна ситуација, објавува „creativevoice.mk“
Скопските улици некогаш беа и дом за 64-годишниот Даут Таир, поранешен бизнисмен чиј животен пат е проткаен со многу наизменични успеси и падови. Еден од тие падови го носи и до моментот една цела година да живее на скопските улици. Како и повеќето трагични приказни, така и онаа на Даут започнува со еден збор – порокот. “Имав фирма за електроматеријали во 80-тите којашто работеше многу успешно. Заработував многу пари во тој момент, направив и доста инвестиции. Но тогаш дојде и првиот порок – комарот. Се најдов во ситуација да почнам да ги коцкам парите кои ги имам, во моменти кога живеев живот, бев и оженет и имавме две деца со тогашната сопруга.“ раскажува Даут.
Даут Таир
За помалку од две години потоа Даут ги губи сите пари.
“Парите ги изгубив што во Македонија, што низ светот. Комарот е игра во која се забавуваш, но истовремено плаќаш многу и во процесот губиш се што имаш – а токму тоа ми се случи и мене.“ ќе каже Даут. Потоа тој се соочува со уште еден порок – криминалот.
“Влегов и во криминал, преку една нелегална фирма со камион кој превезуваше роба, па излажирав дека е украден во Србија. Ме фатија во лага и завршив во затвор, и од тука започна мојот огромен пад. Кога влегов во затворот започна и распадот на бракот. Жената ме остави, и тогаш бев осуден на 15 години затвор.“ раскажува тој. Наместо 15, Даут лежи шест години во затвор, и некаде набргу по излегувањето надвор, во 2012-та година тој завршува на улица. “Немав пари, немав ништо, почнав да живеам на улиците – кога јадев, кога не јадев. Имало и такви денови кога не сум јадел ништо. На улица бев повеќе од една година, и во тој момент немав надеж дека ќе се случи нешто добро.“ додава Даут.

Надежта доаѓа кога човек најмалку се надева

Но надежта е секогаш тука, и за Даут таа доаѓа во формата на пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин Поток. За овој пункт дознава од еден пријател и набргу потоа тоа место станува негов нов дом. “Кога отидов во пунктот, тоа веќе стана мојот нов дом. Можеби ќе се снајдев некако и ако не дојдов тука, но ова беше токму тоа што ми требаше – бев на курс за фризер, станав самоодржлив, почнав пак да заработувам. Почнав и да свирам гитара, научив да бидам и бравар.“ вели Даут. Изгубен во лавиринтот на бездомништвото, за неколку години преку овој пункт Даут успева да излезе од длабочините на очајот и да ги надмине сите предизвици. Денес, тој е и светилник на надеж за другите. “Како течеше времето во пунктот, почнав и да одам на многу работилници, почнав да го споделувам моето искуство за како и останатите бездомници да станат самоодржливи,“ Даут денес живее во импровизирана гаража во Бутел и се обидува секојдневно да дојде до некаков дополнителен приход, додека во моментот работи како чувар во Адреналинскиот парк во Скопје. “Од Црвениот крст ми помогнаа со 5-6 илјади евра да го реновирам просторот, и сега ова е еден вид на апартман. Јас би останал тука, но истовремено пунктот си го чувствувам и како свој. Јас сум дел од оваа заедница и гледам да сум тука што повеќе, бидејќи на на секој начин се уште сум “бездомник“ и сакам да им помогнам и на останатите да се извлечат од таквата ситуација.“ потенцира тој.
“За разлика од организациите како Црвениот крст, она што властите го прават во моментот за да ја подобрат состојбата на бездомниците е премалку.“  додава Даут.
“Властите прават многу малку за бездомниците, сумите кои се даваат не се доволно – тие се доволно само за на бездомниците да им се даде храна за една недела и толку, тоа навистина е премалку.“

Поразителни бројки кои постојано се зголемуваат

Во изминатите 15 години пак, бројката на бездомниците постојано расте, раскажува Драгана Лазаревска, координатор на пунктот за бездомници при Црвениот крст.
Хронолошки гледано од кога е отворен пунктот за бездомници во 2008 година вкупно со 10 бездомни лица е почнато да се реализира стручно-советодавна работа со оваа целна група. Економските, социјалните и политичките премрежја кои се случија во изминатите 15 години во државата извадија на површина голем број на бездомници, лица кои се најдоа во ситуација да неможат да ги задоволат своите егзистенцијални потреби.“ вели Драгана.
Ова особено доаѓа до израз за време на КОВИД-19 пандемијата, кога бројката на бездомници се зголемува драстично, односно за повеќе од 50 проценти, велат од Црвениот крст. “Оваа промена се должи на севкупното осиромашување на македонскиот граѓанин, со промени во неговиот работен статус заради затворање на голем број на компании и фирми, со што директно оваа промена влијаеше за влошување на физичкото и менталното здравје на поединецот.“ додава Драгана.
А како реагираат останатите граѓани на Македонија на сето ова? Според Драгана и Даут, односот често е понижувачки и со голема доза на етикетирање. “Од една страна преовладува стигматизацијата и етикетирањето кон оваа целна група од општеството, како лица поединци кои не преземаат сопствена иницијатива за нивно успешно реинтегрирање во здравите општествени текови,како и самосвест за сопственото излегување од состојбата во која се наоѓаат.“ вели Драгана. “Многу се ретки луѓето кои сакаат да им помогнат на бездомниците. Повеќето од бездомниците се алкохоличари и крадат, додека пак некои десет проценти од нив се уживатели на дрога. Многу малку од нив се без овие пороци – и јас се обидувам да им помогнам на сите од нив. Истовремено себеси се гледам и како еден вид на тампон зона помеѓу вработените во Црвениот крст и самите бездомници – сакам што повеќе да помогнам во процесот на ресоцијализацијата на овие лица и да поставам добар пример.“ додават Даут.

Ресоцијализацијата како единствено успешно решение

Приказните како онаа на Даут пак, служат и како позитивен пример за успешната реинтеграција на бездомниците и сето она што е неопходно за тие да можат да си го вратат својот живот и контролата над него. “Од круцијално значење е нивното вклучување на инклузивниот пазар на труд, со подобрување на нивните меки вештини како и пружање на психо-социјална помош и поддршка. Овој сегмент, вработувањето во голема мера ќе ја смени пред се состојбата во која се наоѓаат како и перцепрцијата да ги активираат поодамна заборавените работни вештини и квалитети.“ заклучува Драгана. Според Даут, изминатите неколку години донеле и уште неколку позитивни примери на бездомници кои успеале да се извадат од тешката животна состојба, да отворат свој бизнис или пак да работат по странство. Самиот тој сега организира и акции со кои им овозможува на бездомниците да заработуваат – да помогнат со пренесување на мебел или пак со простории кои треба да се исчистат и слични активности.
За нас пак, приказната на Даут одекнува длабоко бидејќи го прикажува неискористениот потенцијал и нераскажаните наративи кои се кријат во рамките на бездомното население во Скопје. Истовремено пак, неговото патување е и остар потсетник за сите предизвици со кои се соочуваат оние кои се маргинализирани, занемарени и кои општеството ги смета за невидливи. Како што порачува и самиот тој, време е да го ставиме невидливото во фокусот на нашето дејствување и да се соочиме со реалноста на бездомниците – при што не треба никого да оставиме зад себе. “Треба да се има еден добар пристап – не мора да им дадете ништо на бездомниците, но треба да имате барем убави зборови кон нив, и потоа тие самите ќе имаат волја за да подобрат нешто кај себе.“

The post Суровиот живот на улица и надежта за втора шанса appeared first on Република.

]]>
Битолскиот градоначалник за Божик меѓу бездомниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskiot-gradonachalnik-za-bozik-megju-bezdomnicite/ Fri, 07 Jan 2022 12:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=441662

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски ги посети сместувачките капацитети за бездомни лица во надлежност на општинската организација на Црвен крст во Битола.

За време на посетата, Коњановски додели подароци од прехранбени продукти и пакетчиња за најмладите, а во непосредна средба со нив се информираше за состојбата на лицата од социјално загрозени семејства и нивните потреби.

Убавината и вербата која ја носат големите христијански празници Бадник и Божик стануваат уште поголеми кога празнувањето е исполнето со споделување и затоа донесуваме радост и кај бездомните лица, рече меѓудругото Коњановски за време на посетата на бездомни лица во Битола.

The post Битолскиот градоначалник за Божик меѓу бездомниците appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски ги посети сместувачките капацитети за бездомни лица во надлежност на општинската организација на Црвен крст во Битола.
За време на посетата, Коњановски додели подароци од прехранбени продукти и пакетчиња за најмладите, а во непосредна средба со нив се информираше за состојбата на лицата од социјално загрозени семејства и нивните потреби.
Убавината и вербата која ја носат големите христијански празници Бадник и Божик стануваат уште поголеми кога празнувањето е исполнето со споделување и затоа донесуваме радост и кај бездомните лица, рече меѓудругото Коњановски за време на посетата на бездомни лица во Битола.

The post Битолскиот градоначалник за Божик меѓу бездомниците appeared first on Република.

]]>