бездомни кучиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezdomni-kuchinja/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 15:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бездомни кучиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezdomni-kuchinja/ 32 32 Битолчани не можат да куртулат од кучиња скитници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchani-ne-mozhat-da-kurtulat-od-kuchina-skitnitsi/ Mon, 23 Sep 2024 15:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=819063

На 22.09.2024 во СВР Битола, Б.Т.(40) од Битола пријавил дека кај Саат кулата  во Битола бил каснат од куче скитник. 

На 22.09.2024 во СВР Битола, А.Т.(36) од Битола пријавил дека кај Саат кулата во Битола бил каснат од куче скитник.

The post Битолчани не можат да куртулат од кучиња скитници appeared first on Република.

]]>

На 22.09.2024 во СВР Битола, Б.Т.(40) од Битола пријавил дека кај Саат кулата  во Битола бил каснат од куче скитник.  На 22.09.2024 во СВР Битола, А.Т.(36) од Битола пријавил дека кај Саат кулата во Битола бил каснат од куче скитник.

The post Битолчани не можат да куртулат од кучиња скитници appeared first on Република.

]]>
Тетовец два пати неделава пријавил напад од бездомно куче, општината бара трпение од граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tetovets-dva-pati-nedelava-prijavil-napad-od-bezdomno-kuche-opshtinata-bara-trpenie-od-graganite/ Sat, 01 Jul 2023 10:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=657075

Триесет и едно годишниот Сашко Дамевски изминатава недела два пати се соочил со напад од бездомни кучиња врз неговиот миленик. Вели дека неуспешни биле обидите за поплака во општина Тетово па затоа се одлучил преку медиумите да апелира и да ја сензибилизира локалната власт дека крајно време е да се преземат посеопфатни активности за намалување на нападите од бездомните кучиња.

Тој живее спроти Зелен пазар, па вели иако е маалото им е во поширокото централно подрачје чести се нападите на бездомните кучиња врз луѓето и на граѓани кои шетаат со своите кучиња-миленици. И децата во овој дел од градот не се чувствуваат безбедно.

- Имаме проблем во оваа маало кај што живееме на улица „Маршал Тито“, спроти пазар, со кучињата бездомници. Јас имам куче, мое лично вдомено. Малечко е тоа и исто кога секој ден излегувам нападнат сум, во моментов не сум повреден. Два пати во рок од една недела сум нападнат и сум под стрес. Два пати одам во општина никој не реагира ништо. Нека дојде градоначалникот ќе му го дадам моето куче, нека се прошета самиот и да видиме дали ќе биде нападнат. Не сум дрзок со ова барање, само да дојде да види. Ќе му го дадам моето или ако има негово нека дојде да прошета и нека види ќе биде нападнат, вели Сашко Дамевски.

Веќе подолго време во Тетово нема кој да се справува со бездомните кучиња. На почетокот на мај МИА информираше дека договорената соработка меѓу Општина Тетово и невладина организација веќе е завршена. Тогаш информираа дека завршиле ограничените средства со што се заловиле и третирале 82 кучиња. Од Општина Тетово најавија дека за понатамошните акции и соработки дополнително ќе се разговара.

Неделава само го повторија ставот и побараа трпение од граѓаните. Решение на проблемот не најавија.

- Договорот со здружението Амос Шелтер е успешно завршен. Со него требаше да се заловат 82 бездомни кучиња. Тоа е направено во две одделени акции. Во првата беа заловени 41 бездомно куче, во втората исто толку. Сите знаеме дека се работи за еден проблем којшто не бил сериозно третиран со години и со кој се соочува не само Тетово, туку и целата држава. Ние како Општина Тетово работиме на изнаоѓање на некое долгорочно решение за овој проблем затоа што знаеме дека се потребни и време и финансиски средства. Во меѓувреме бараме трпение од граѓаните но и помош да пријавуваат случаи на истовар на бездомни кучиња од други населени места во нашиот град што знаеме дека во последно време се случува многу често, изјави Милен Вучевска, портпарол.

Во 2022 година во СВР Тетово граѓани пријавиле 59 каснувања и повреди од бездомни кучиња. Во 2023 година до јуни само од триесетина жители на градот Тетово има исти такви пријави.

The post Тетовец два пати неделава пријавил напад од бездомно куче, општината бара трпение од граѓаните appeared first on Република.

]]>

Триесет и едно годишниот Сашко Дамевски изминатава недела два пати се соочил со напад од бездомни кучиња врз неговиот миленик. Вели дека неуспешни биле обидите за поплака во општина Тетово па затоа се одлучил преку медиумите да апелира и да ја сензибилизира локалната власт дека крајно време е да се преземат посеопфатни активности за намалување на нападите од бездомните кучиња. Тој живее спроти Зелен пазар, па вели иако е маалото им е во поширокото централно подрачје чести се нападите на бездомните кучиња врз луѓето и на граѓани кои шетаат со своите кучиња-миленици. И децата во овој дел од градот не се чувствуваат безбедно.
- Имаме проблем во оваа маало кај што живееме на улица „Маршал Тито“, спроти пазар, со кучињата бездомници. Јас имам куче, мое лично вдомено. Малечко е тоа и исто кога секој ден излегувам нападнат сум, во моментов не сум повреден. Два пати во рок од една недела сум нападнат и сум под стрес. Два пати одам во општина никој не реагира ништо. Нека дојде градоначалникот ќе му го дадам моето куче, нека се прошета самиот и да видиме дали ќе биде нападнат. Не сум дрзок со ова барање, само да дојде да види. Ќе му го дадам моето или ако има негово нека дојде да прошета и нека види ќе биде нападнат, вели Сашко Дамевски.
Веќе подолго време во Тетово нема кој да се справува со бездомните кучиња. На почетокот на мај МИА информираше дека договорената соработка меѓу Општина Тетово и невладина организација веќе е завршена. Тогаш информираа дека завршиле ограничените средства со што се заловиле и третирале 82 кучиња. Од Општина Тетово најавија дека за понатамошните акции и соработки дополнително ќе се разговара. Неделава само го повторија ставот и побараа трпение од граѓаните. Решение на проблемот не најавија.
- Договорот со здружението Амос Шелтер е успешно завршен. Со него требаше да се заловат 82 бездомни кучиња. Тоа е направено во две одделени акции. Во првата беа заловени 41 бездомно куче, во втората исто толку. Сите знаеме дека се работи за еден проблем којшто не бил сериозно третиран со години и со кој се соочува не само Тетово, туку и целата држава. Ние како Општина Тетово работиме на изнаоѓање на некое долгорочно решение за овој проблем затоа што знаеме дека се потребни и време и финансиски средства. Во меѓувреме бараме трпение од граѓаните но и помош да пријавуваат случаи на истовар на бездомни кучиња од други населени места во нашиот град што знаеме дека во последно време се случува многу често, изјави Милен Вучевска, портпарол.
Во 2022 година во СВР Тетово граѓани пријавиле 59 каснувања и повреди од бездомни кучиња. Во 2023 година до јуни само од триесетина жители на градот Тетово има исти такви пријави.

The post Тетовец два пати неделава пријавил напад од бездомно куче, општината бара трпение од граѓаните appeared first on Република.

]]>
Општините добиле налог да проценат колку бездомни кучиња се на улиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtinite-dobile-nalog-da-protsenat-kolku-bezdomni-kuchina-se-na-ulitsite/ Sat, 03 Jun 2023 07:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=647306

За решавање на проблемот со бездомните кучиња недостасува една важна алка, а тоа е регистрација на одгледувачници на кучиња. Во оваа насока, веќе се подготвени предлог-измени и дополнувања на Законот за благосостојба на животните со кои се предвидува воспоставување систем за контрола на размножувањето на кучињата токму преку регистрација на одгледувачници и евидентирање на регистрираните одгледувачи на куче. Со оваа мерка се очекува оние сопственици кои не сакаат да го чуваат својот миленик за репродукција (не сакаат да се регистрираат како одгледувачница или регистриран сопственик на куче), да го стерилизираат, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски во интервју за МИА.

Како што напоменува Бабовски, нема да биде дозволено држење куче кое е репродуктивно способно, освен ако не се работи за одгледувачница за кучиња или регистриран сопственик на куче (една репродуктивно способна женка или еден или повеќе репродуктивно способни мажјаци). Крајната цел е јакнење на принципите за одговорно сопствеништво на домашните миленици и намалување на бројот на бездомни кучиња.

Неодговорното сопствеништво и напуштањето на домашни миленици е еден од најголемите извори на бездомни кучиња.

– Првпат оваа година со Наредбата за здравствена заштита на животните дадена е обврска на општините да направат проценка на популација на кучиња. Заловувањето на кучињата е независно од проценката и треба да се одвива тековно, а не да се чека исходот за проценката, односно треба да се реализира врз основа на веќе донесените планови и програми за заловување. Врз основа на оваа проценка општините треба да го направат планот за контрола на популацијата на бездомни кучиња за наредната година. До овој момент проценка има направено и доставено до АХВ само општина Конче. АХВ е во координација со ЈП „Лајка“ да се направи ваква проценка за Град Скопје. Техничка помош за методологијата побара прифатилиштето од Општина Струмица, со која АХВ е во координација за да ја спроведат проценката. Во однос на каснувањето на кучиња, одговорноста за проценка на агресивност на кучињата и постапките со опасните кучиња пред да се вратат на улица е на општинското прифатилиште и се спроведува од страна на овластени лица, а за сопственичките кучиња, тоа е обврска на сопствениците на кучињата кои каснале човек – вели Бабовски.

The post Општините добиле налог да проценат колку бездомни кучиња се на улиците appeared first on Република.

]]>

За решавање на проблемот со бездомните кучиња недостасува една важна алка, а тоа е регистрација на одгледувачници на кучиња. Во оваа насока, веќе се подготвени предлог-измени и дополнувања на Законот за благосостојба на животните со кои се предвидува воспоставување систем за контрола на размножувањето на кучињата токму преку регистрација на одгледувачници и евидентирање на регистрираните одгледувачи на куче. Со оваа мерка се очекува оние сопственици кои не сакаат да го чуваат својот миленик за репродукција (не сакаат да се регистрираат како одгледувачница или регистриран сопственик на куче), да го стерилизираат, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски во интервју за МИА.
Како што напоменува Бабовски, нема да биде дозволено држење куче кое е репродуктивно способно, освен ако не се работи за одгледувачница за кучиња или регистриран сопственик на куче (една репродуктивно способна женка или еден или повеќе репродуктивно способни мажјаци). Крајната цел е јакнење на принципите за одговорно сопствеништво на домашните миленици и намалување на бројот на бездомни кучиња. Неодговорното сопствеништво и напуштањето на домашни миленици е еден од најголемите извори на бездомни кучиња.
– Првпат оваа година со Наредбата за здравствена заштита на животните дадена е обврска на општините да направат проценка на популација на кучиња. Заловувањето на кучињата е независно од проценката и треба да се одвива тековно, а не да се чека исходот за проценката, односно треба да се реализира врз основа на веќе донесените планови и програми за заловување. Врз основа на оваа проценка општините треба да го направат планот за контрола на популацијата на бездомни кучиња за наредната година. До овој момент проценка има направено и доставено до АХВ само општина Конче. АХВ е во координација со ЈП „Лајка“ да се направи ваква проценка за Град Скопје. Техничка помош за методологијата побара прифатилиштето од Општина Струмица, со која АХВ е во координација за да ја спроведат проценката. Во однос на каснувањето на кучиња, одговорноста за проценка на агресивност на кучињата и постапките со опасните кучиња пред да се вратат на улица е на општинското прифатилиште и се спроведува од страна на овластени лица, а за сопственичките кучиња, тоа е обврска на сопствениците на кучињата кои каснале човек – вели Бабовски.

The post Општините добиле налог да проценат колку бездомни кучиња се на улиците appeared first on Република.

]]>
Шестмина заловувачи на „Лајка“ секојдневно „се надмудруваат“ со уличните кучиња во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shestmina-zalovuvachi-na-lajka-sekojdnevno-se-nadmudruvaat-so-ulichnite-kuchina-vo-skopje/ Sun, 12 Mar 2023 08:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=618645

Од понеделникот ЈП „Лајка“ со шест заловувачи на терен почна акција за заловување на бездомните кучиња без ушна маркица на територија на Град Скопје со цел намалување на нивниот број. Заловувањето почна од Општина Аеродром, а ќе се одвива во континуитет и во останатите општини сè додека не се успее во што поголем број да се стерилизираат и кастрираат бездомните кучиња.

На првиот ден од акцијата заловувачите успеале да заловат 11 кучиња, а од нив, како што вели за МИА директорката на претпријатието Радмила Пешева, половина биле кучиња со сопственик, но нечипирани.

Во „Лајка“ има шест заловувачи кои работат со две возила во два тима, а заловуваат со сајли и со групни и подвижни кафези, како и со пушки за омамување (успивање). Засега тоа се расположливите алатки, а од „Лајка“ се надеваат дека во иднина ќе се збогатат со повеќе алатки и дека ќе бидат во можност да нарачаат и да се доопремат.

За кучињата кои се питоми, службата за заловување пристапува со поводник, а за оние подивите еден од заловувачите, ветеринарот Горан Ѓорѓиоски носи пушка со стреличка со анестезија, за да може полесно да ги фатат. Ѓорѓиоски е единствениот во „Лајка“ кој има дозвола за таква пушка, а останатите петмина, кучињата ги заловуваат или со сајла, метод кој се користи уште од времето на стационарот „Вардариште“, но и со поводник за кучињата кои се полесни за „фаќање“.

Екипата на МИА излезе на терен со заловувачите кои пробуваа да се надмудрат со дивите кучиња на територија на Општина Аеродром.

Во продолжение сторијата на МИА.

Со заловувачите се најдовме околу 10:30 часот кај „Лиса Центар“ во Ново Лисиче каде поразговаравме за начинот на кој ги заловуваат кучињата, колку време им е потребно, како и генерално за акцијата.

Во разговорот со нив ни беше укажано дека не може да се одреди временска рамка во однос на тоа колку време им е потребно да заловат куче, образложувајќи дека има питоми, но и диви и поагресивни кучиња. Кучињата се жива материја и не се предвидливи, велат заловувачите.

Двочасовните обиди да заловат пет кучиња кои граѓаните ги пријавиле за стерилизација тој ден не резултираа со успех.

Ветеринарот Воислав Димитровски, кој е поранешен директор на ЈП „Лајка“, а сега му помага на претпријатието, со мотор заврте круг околу соседните згради и за кратко време им јави на заловувачите дека трите кучиња кои ги бараме се наоѓаат позади автопералната во близина на трговскиот центар, по што екипата на МИА се упати кон местото, а заловувачите по опремата во возилото на „Лајка“.

Трите кучиња лежеа во тревникот спроти зградите, а ние пооддалечени застанавме да го проследиме процесот на заловување. Двајца од заловувачите Горан со пушка и Магдалена со поводник, скришно одзади нив, се приближија бавно за да не ги исплашат кучињата. Но, две од нив како да ги насетија и панично почнаа да бегаат кон зградите од каде им се изгуби трагата.

Додека МИА правеше фотографии од процесот на заловување, Димитровски повторно телефонски ги побара заловувачите повикувајќи ги кај „Лиса“ бидејќи таму нашол уште две други кучиња. Се упативме натаму каде уште еднаш ни се докажа дека работата на заловувачите не е така едноставна.

Директорката на „Лајка“ Пешева во изјавата за МИА нагласува дека со акцијата сакаат да почнат да работат плански по програмата „Залови, стерилизај, врати“. Тоа значи одење од општина по општина и што е можно повеќе нетретирани кучиња да го поминат третманот, да поминат тест за социјализација и да се вратат здрави на територија, а дел од нив и да вдомат. Со овој план треба да бидат опфатени сите општини на територија на Град Скопје.

За да програмата има успех, Пешева смета дека тоа треба да се прави во континуитет и масовно, редовно, секој ден, без престан.

Програмата подразбира дека на цела територија на Скопје, кучињата кога ќе бидат репродуктивно онеспособени, нивниот број во еден момент ќе запре, нема да има нови, а истите овие кучиња ќе ја штитат територијата од прилив на нови и непознати. Програмата е препорачана како економски исплатлива, бидејќи, како што појаснува Пешева, невозможно е со шест илјади кучиња (со колку што се шпекулира дека имаме) да се употреби политика на стационирање.

Според директорката на „Лајка“, бездомно куче живее од три до пет години и затоа се смета дека оваа програма за две до три години може да даде резултати доколку престане приливот на нови кучиња.

Таа уште еднаш го лоцира проблемот кај сопствениците.

Доколку луѓето не фрлаат нови и не произведуваат легла и со тоа што ние ќе стерилизираме, видливо ќе се намали бројот по три години. Затоа што кучињата се изложени на студ, на топло, страдаат во сообраќај, едноставно улично куче има во просек три до пет години животен век. И затоа се смета за хумана програма, дека едноставно ги оставате на слобода, а тие се сепак контролирани, не шират болест, не се размножуваат и стануваат дел од урбани маалски миленици, нагласува Пешева.

Таа апелира до сопствениците на кучиња, но и до општините да помогнат и да не се изземаат од нивната одговорност за борба со бездомната популација.

Општините треба да ги потсетуваат своите граѓани преку разни кампањи за своите обврски дека законска обврска е да се микрочипира миленикот, да се шета на поводник, по можност да не се размножува зашто секое едно куче кое оставило пород е комунален проблем, нагласува Пешева во изјавата за МИА.

Директорката на „Лајка“ вели дека кога би се заловувале 15 кучиња на ден нема да може да ги процесираат, затоа што капацитетот на стационарот е околу 120 бокса.

Во „Лајка“ е секогаш полно зашто кучињата се во некој дел од процесот – или чекаат крвна слика, тест за лишманија, постоперативно се држат или предоперативно, во секој случај повеќе од 15 дена гледаме да не останат, дури и пократко, по десет дена за да може брзо да работиме и повеќе кучиња да третираме, појаснува Пешева.

Во „Лајка“, како што рече, моментално има 160 кучиња, убави и здрави кои бараат дом. За секој човек кој сака да вдоми куче, во „Лајка“ има за сечиј вкус.

Луѓето го креираат проблемот, сите треба да бидеме подеднакво одговорни за да добиеме резултат, порачува Пешева, апелирајќи до граѓаните да пријавуваат нови кучиња на нивните локации.

The post Шестмина заловувачи на „Лајка“ секојдневно „се надмудруваат“ со уличните кучиња во Скопје appeared first on Република.

]]>

Од понеделникот ЈП „Лајка“ со шест заловувачи на терен почна акција за заловување на бездомните кучиња без ушна маркица на територија на Град Скопје со цел намалување на нивниот број. Заловувањето почна од Општина Аеродром, а ќе се одвива во континуитет и во останатите општини сè додека не се успее во што поголем број да се стерилизираат и кастрираат бездомните кучиња. На првиот ден од акцијата заловувачите успеале да заловат 11 кучиња, а од нив, како што вели за МИА директорката на претпријатието Радмила Пешева, половина биле кучиња со сопственик, но нечипирани. Во „Лајка“ има шест заловувачи кои работат со две возила во два тима, а заловуваат со сајли и со групни и подвижни кафези, како и со пушки за омамување (успивање). Засега тоа се расположливите алатки, а од „Лајка“ се надеваат дека во иднина ќе се збогатат со повеќе алатки и дека ќе бидат во можност да нарачаат и да се доопремат. За кучињата кои се питоми, службата за заловување пристапува со поводник, а за оние подивите еден од заловувачите, ветеринарот Горан Ѓорѓиоски носи пушка со стреличка со анестезија, за да може полесно да ги фатат. Ѓорѓиоски е единствениот во „Лајка“ кој има дозвола за таква пушка, а останатите петмина, кучињата ги заловуваат или со сајла, метод кој се користи уште од времето на стационарот „Вардариште“, но и со поводник за кучињата кои се полесни за „фаќање“. Екипата на МИА излезе на терен со заловувачите кои пробуваа да се надмудрат со дивите кучиња на територија на Општина Аеродром. Во продолжение сторијата на МИА. Со заловувачите се најдовме околу 10:30 часот кај „Лиса Центар“ во Ново Лисиче каде поразговаравме за начинот на кој ги заловуваат кучињата, колку време им е потребно, како и генерално за акцијата. Во разговорот со нив ни беше укажано дека не може да се одреди временска рамка во однос на тоа колку време им е потребно да заловат куче, образложувајќи дека има питоми, но и диви и поагресивни кучиња. Кучињата се жива материја и не се предвидливи, велат заловувачите. Двочасовните обиди да заловат пет кучиња кои граѓаните ги пријавиле за стерилизација тој ден не резултираа со успех. Ветеринарот Воислав Димитровски, кој е поранешен директор на ЈП „Лајка“, а сега му помага на претпријатието, со мотор заврте круг околу соседните згради и за кратко време им јави на заловувачите дека трите кучиња кои ги бараме се наоѓаат позади автопералната во близина на трговскиот центар, по што екипата на МИА се упати кон местото, а заловувачите по опремата во возилото на „Лајка“. Трите кучиња лежеа во тревникот спроти зградите, а ние пооддалечени застанавме да го проследиме процесот на заловување. Двајца од заловувачите Горан со пушка и Магдалена со поводник, скришно одзади нив, се приближија бавно за да не ги исплашат кучињата. Но, две од нив како да ги насетија и панично почнаа да бегаат кон зградите од каде им се изгуби трагата. Додека МИА правеше фотографии од процесот на заловување, Димитровски повторно телефонски ги побара заловувачите повикувајќи ги кај „Лиса“ бидејќи таму нашол уште две други кучиња. Се упативме натаму каде уште еднаш ни се докажа дека работата на заловувачите не е така едноставна. Директорката на „Лајка“ Пешева во изјавата за МИА нагласува дека со акцијата сакаат да почнат да работат плански по програмата „Залови, стерилизај, врати“. Тоа значи одење од општина по општина и што е можно повеќе нетретирани кучиња да го поминат третманот, да поминат тест за социјализација и да се вратат здрави на територија, а дел од нив и да вдомат. Со овој план треба да бидат опфатени сите општини на територија на Град Скопје. За да програмата има успех, Пешева смета дека тоа треба да се прави во континуитет и масовно, редовно, секој ден, без престан. Програмата подразбира дека на цела територија на Скопје, кучињата кога ќе бидат репродуктивно онеспособени, нивниот број во еден момент ќе запре, нема да има нови, а истите овие кучиња ќе ја штитат територијата од прилив на нови и непознати. Програмата е препорачана како економски исплатлива, бидејќи, како што појаснува Пешева, невозможно е со шест илјади кучиња (со колку што се шпекулира дека имаме) да се употреби политика на стационирање. Според директорката на „Лајка“, бездомно куче живее од три до пет години и затоа се смета дека оваа програма за две до три години може да даде резултати доколку престане приливот на нови кучиња. Таа уште еднаш го лоцира проблемот кај сопствениците.
Доколку луѓето не фрлаат нови и не произведуваат легла и со тоа што ние ќе стерилизираме, видливо ќе се намали бројот по три години. Затоа што кучињата се изложени на студ, на топло, страдаат во сообраќај, едноставно улично куче има во просек три до пет години животен век. И затоа се смета за хумана програма, дека едноставно ги оставате на слобода, а тие се сепак контролирани, не шират болест, не се размножуваат и стануваат дел од урбани маалски миленици, нагласува Пешева.
Таа апелира до сопствениците на кучиња, но и до општините да помогнат и да не се изземаат од нивната одговорност за борба со бездомната популација.
Општините треба да ги потсетуваат своите граѓани преку разни кампањи за своите обврски дека законска обврска е да се микрочипира миленикот, да се шета на поводник, по можност да не се размножува зашто секое едно куче кое оставило пород е комунален проблем, нагласува Пешева во изјавата за МИА.
Директорката на „Лајка“ вели дека кога би се заловувале 15 кучиња на ден нема да може да ги процесираат, затоа што капацитетот на стационарот е околу 120 бокса.
Во „Лајка“ е секогаш полно зашто кучињата се во некој дел од процесот – или чекаат крвна слика, тест за лишманија, постоперативно се држат или предоперативно, во секој случај повеќе од 15 дена гледаме да не останат, дури и пократко, по десет дена за да може брзо да работиме и повеќе кучиња да третираме, појаснува Пешева.
Во „Лајка“, како што рече, моментално има 160 кучиња, убави и здрави кои бараат дом. За секој човек кој сака да вдоми куче, во „Лајка“ има за сечиј вкус.
Луѓето го креираат проблемот, сите треба да бидеме подеднакво одговорни за да добиеме резултат, порачува Пешева, апелирајќи до граѓаните да пријавуваат нови кучиња на нивните локации.

The post Шестмина заловувачи на „Лајка“ секојдневно „се надмудруваат“ со уличните кучиња во Скопје appeared first on Република.

]]>
Струга нема решение за бездомните кучиња, продолжуваат нападите и труењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/struga-nema-reshenie-za-bezdomnite-kuchina-prodolzhuvaat-napadite-i-trueneto/ Sun, 29 Jan 2023 18:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=602346

Проблемот со кучињата скитници нема крај.Секојдневно стружани реагираат за нови напади врз граѓаните кои завршуваат во болница но и на масовни труења на уличните кучиња.Нела Стојаноска е само една од многуте која од агресивни кучиња заврши со рани на раката и ногата.

Градоначалникот Мерко побара да престане говорот на омраза во однос на кучињата скитници во спротивно најави пријави до надлежните органи, со цел, заштита на човечкото достоинство.

Апелираме до сите граѓани да имаат свој удел во решавањето на проблемот, со пријави во полиција кога ќе видат како камионите полни со кучиња се истоваруваат овде од целата држава, кога ќе видат како сопствениците намерно ги пуштаат кучињата на улица, кога ќе увидат дека домашните кучиња не се вакцинирани или немаат чипови и други слични случаи.  Слободно изразете го вашето мислење, но во насока на решавање на проблемот, затоа ве молиме бидете мирни и разумни! стои на фејзбук страна на општина Струга.

Од локалната најавија дека  распишан е тендер за заловување, кастрација и стерилизација а направен бил и  проект за изградба на стационар, но за негова реализација се бара финансиска поддршка од државата.

The post Струга нема решение за бездомните кучиња, продолжуваат нападите и труењето appeared first on Република.

]]>

Проблемот со кучињата скитници нема крај.Секојдневно стружани реагираат за нови напади врз граѓаните кои завршуваат во болница но и на масовни труења на уличните кучиња.Нела Стојаноска е само една од многуте која од агресивни кучиња заврши со рани на раката и ногата. Градоначалникот Мерко побара да престане говорот на омраза во однос на кучињата скитници во спротивно најави пријави до надлежните органи, со цел, заштита на човечкото достоинство.
Апелираме до сите граѓани да имаат свој удел во решавањето на проблемот, со пријави во полиција кога ќе видат како камионите полни со кучиња се истоваруваат овде од целата држава, кога ќе видат како сопствениците намерно ги пуштаат кучињата на улица, кога ќе увидат дека домашните кучиња не се вакцинирани или немаат чипови и други слични случаи.  Слободно изразете го вашето мислење, но во насока на решавање на проблемот, затоа ве молиме бидете мирни и разумни! стои на фејзбук страна на општина Струга.
Од локалната најавија дека  распишан е тендер за заловување, кастрација и стерилизација а направен бил и  проект за изградба на стационар, но за негова реализација се бара финансиска поддршка од државата.

The post Струга нема решение за бездомните кучиња, продолжуваат нападите и труењето appeared first on Република.

]]>
Општината Гази Баба постави куќички за бездомни кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtinata-gazi-baba-postavi-kukichki-za-bezdomni-kuchina/ Sat, 14 Jan 2023 12:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=596802

Поставени куќички за бездомни кучиња на повеќе локации низ општина Гази Баба, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Општина Гази Баба во соработка со ЈКП Гази Баба изработи и на повеќе локации низ општината постави куќички за бездомните кучиња. Оваа акција ја спроведуваме на предлог на повеќе граѓани со цел хуман однос кон мирните бездомни кучиња. Изминатиот период како општина во неколку наврати инициравме до ЈП Лајка организирање на акции за собирање на агресивните бездомни кучиња со цел заштита на граѓаните. Сите бездомни кучиња не се агресивни, истакна Стефковски.

The post Општината Гази Баба постави куќички за бездомни кучиња appeared first on Република.

Пријавете се и одлучувајте по барањата за надоместок на штета од каснувања од бездомни кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prijavete-se-i-odluchuvajte-po-baranjata-za-nadomestok-na-shteta-od-kasnuvanja-od-bezdomni-kuchinja/ Thu, 02 Jun 2022 14:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=510259

Град Скопје повторено  објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје

Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:

-  1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози

-  2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.

Рокот за пријавување е до 11.06.2022 година.

На членовите од редот на лиценцирани лекари трауматолози и од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата, надоместок во висина од 25.000,00 денари, во нето износ

Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот

https://skopje.gov.mk/media/8731/javen-povik-z-clenovi-na-komisija-za-obestetuvanje-na-kasnati-od-kucinja.pdf

Лицата заинтересирани за аплицирање,  прашања за појаснување на јавниот повик, може да поставуваат до Сектор за правни работи. Контакт тел: (02)3297- 348 и (02)3297-259 и e-маил адреса: Julijana.Bilkova@skopje.gov.mk

Јавниот повик е објавен  врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.

The post Пријавете се и одлучувајте по барањата за надоместок на штета од каснувања од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>

Град Скопје повторено  објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа: -  1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози -  2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата. Рокот за пријавување е до 11.06.2022 година. На членовите од редот на лиценцирани лекари трауматолози и од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата, надоместок во висина од 25.000,00 денари, во нето износ Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот https://skopje.gov.mk/media/8731/javen-povik-z-clenovi-na-komisija-za-obestetuvanje-na-kasnati-od-kucinja.pdf Лицата заинтересирани за аплицирање,  прашања за појаснување на јавниот повик, може да поставуваат до Сектор за правни работи. Контакт тел: (02)3297- 348 и (02)3297-259 и e-маил адреса: Julijana.Bilkova@skopje.gov.mk Јавниот повик е објавен  врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.  

The post Пријавете се и одлучувајте по барањата за надоместок на штета од каснувања од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>
Град Скопје вонсудски ќе ги решава случаите на каснување од бездомни кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-vonsudski-kje-gi-reshava-sluchaite-na-kasnuvanje-od-bezdomni-kuchinja/ Wed, 20 Apr 2022 13:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=491254

Советот на Град Скопје на денешната седница донел одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини.

Како што информираат градските власти, со оваа одлука се утврдува вонсудско спогодување во постапка по која ќе може да се исплаќа штета согласно со судските практики.

Вонсудското спогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите приружи процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото – посочуваат од Град Скопје.

Согласно со новата одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од бездомни кучиња.

Комисијата ќе одлучува врз основа на правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓани.

Трошоците за судските постапки, жалбените постапки, одговорите на жалбите, адвокатски услуги во 2020 година го чинеа Град Скопје повеќе од 15 милиони денари, во 2021 година повеќе од 26 милиони денари. Во 2020 година беа поднесени 480 тужби против Град Скопје, додека во 2021 година се поднесени 589 тужби – истакнуваат градските власти и додаваат носењето на одлуката за вонсудско спогодување ќе заштеди многу средства во градскиот буџет.

The post Град Скопје вонсудски ќе ги решава случаите на каснување од бездомни кучиња appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје на денешната седница донел одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини. Како што информираат градските власти, со оваа одлука се утврдува вонсудско спогодување во постапка по која ќе може да се исплаќа штета согласно со судските практики.
Вонсудското спогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите приружи процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото – посочуваат од Град Скопје.
Согласно со новата одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од бездомни кучиња. Комисијата ќе одлучува врз основа на правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓани.