Законот и регулативите се важни, но поважно е како општество да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа.
Министерството за економија и труд, кое од годинава ги презема надлежностите во овој секторот, Дурмиши рече дека е посветено на развивање на регулативи кои ќе одговараат на новите предизвици кои го носи дигитализацијата и најави дека се работи на создавање законска рамка што ќе ги земе предвиди и физичките и психосоцијалните аспекти на работата во современиот свет.
Како министер и човек верувам дека нашиот прв приоритет треба да бидат луѓето, затоа што и во сржта на секоја промена и технолошки развој стојат луѓето. Мораме да бидеме свесни за тоа како технолошките промени влијаат на физичкото и ментално здравје на работниците, изјави Дурмиши.
По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ денеска во Скопје организираат настан за одбележување на овој датум и, заеднички придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на безбедноста на работните места и заштита на здравјето на работниците.
The post Дурмиши: Да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство appeared first on Република.
]]>The post Дурмиши: Да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство appeared first on Република.
]]>Безбедноста при работа е клучен аспект во секоја индустрија, а електротехничката индустрија не е исклучок. Едни од најчесто користените средства при производство и одржување на електронски компоненти се течностите за чистење. Правилното користење на овие течности е неопходно не само за ефикасност и квалитет на производството, туку и за заштита на здравјето на работниците и животната средина.
Течности за чистење се специјални хемиски раствори користени за чистење и отстранување на нечистотии од електронски компоненти и уреди. Постојат различни видови течности за чистење кои се разликуваат според својот состав и намена. Меѓу најчесто користените се течности на водна база, течности на алкохолна база и ДИ вода.
Течности на водна база се пријателски за животната средина и истовремено ефикасни при отстранување на широк спектар нечистотии. Овие течности содржат детергенти и површинско активни супстанции кои помагаат во разградување и отстранување на нечистотиите од површината на електронските компоненти. Нивната употреба е вообичаена во ситуации кога треба да се отстранат остатоци од флуксови, прашина и други органски загадувања. Предноста на течностите на водна база е нивната ниска токсичност и лесната биолошка разградливост. Пример за ова е Decotron®.
Течности на алкохолна база (на пр. Proton®) се одлични за брзо и ефикасно чистење, особено каде што е потребно да се отстранат маснотии, масла и други хидрофобни супстанции. Алкохолните компоненти, како што е изопропанол, обезбедуваат брзо испарување и не оставаат остатоци, што е идеално за чистење на чувствителни електронски компоненти. Овие течности се многу ефикасни, но треба да се внимава при нивна употреба, бидејќи се високо запаливи и може да претставуваат здравствен ризик при вдишување на парите.
ДИ вода е вода која поминала низ процес на дејонизација, при што се отстранети минералните јони. Се користи главно за испирање и финално чистење, бидејќи не содржи јони кои би можеле да ги контаминираат електронските компоненти. Идеална е за отстранување на остатоци од средства за чистење и нечистотии кои може да останат на компонентите по претходните процеси на чистење.
Работата со течности за чистење бара почитување на одредени безбедносни мерки за да се минимизира ризикот по здравјето на работниците и да се спречат негативни влијанија врз животната средина. Во следниот текст се наоѓаат неколку клучни препораки:
Безбедноста при работа со течности за чистење во електротехничката индустрија е неопходна за заштита на здравјето на работниците и минимизирање на еколошките влијанија. Правилната манипулација со течностите на водна база, на алкохолна база и ДИ вода е клучна за обезбедување на безбедно и ефикасно чистење на електронските компоненти. Почитувајќи ги безбедносните мерки и редовно обучувајќи ги работниците, може да се постигне висок степен на заштита и одржливост во индустриските процеси.
Комерцијална објава
The post Безбедност при работа со течности за чистење во електротехничката индустрија appeared first on Република.
]]>The post Безбедност при работа со течности за чистење во електротехничката индустрија appeared first on Република.
]]>