безбедносни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbednosni-merki/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 18:42:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безбедносни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbednosni-merki/ 32 32 Засилени безбедносни мерки пред концертот на Ед Ширан во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zasileni-bezbednosni-merki-pred-kontsertot-na-ed-shiran-vo-zagreb/ Thu, 08 Aug 2024 18:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=804738

Службите за безбедност се подготвуваат за големиот концерт на Ед Ширан во Загреб, а ТВ „Дневник Нова“ дознава дека ќе се подигне нивото на безбедност.

Поради нападот што беше спречен во Виена, нивото на безбедност ќе биде зголемено пред концертот во Загреб, потврдуваат од СОА. Подготвени се, но јавно не го соопштуваат бројот на луѓе кои ќе работат на обезбедување.

Полицијата ќе пристигне со специјално обучена екипа задолжена за пронаоѓање на експлозив, па целото подрачје ќе биде темелно претресено. Пожарникарите веќе го обиколија теренот без публика, а на концертот ќе дежураат со возила за гаснење и патролирање.

„Имаме повеќе од стотина противпожарни апарати на самата локација. Самата локација е мал град. Всушност, не е мал, туку вистински град“, рече командантот на ЈВП Загреб, Синиша Џембрих.

„Хрватскиот безбедносен сектор досега безброј пати го покажа своето знаење и вештина за обезбедување и завршување на собири на високо безбедносно ниво, и верувам дека тоа ќе биде случај“, истакнал експертот за безбедност Боно Марјановиќ.

The post Засилени безбедносни мерки пред концертот на Ед Ширан во Загреб appeared first on Република.

]]>

Службите за безбедност се подготвуваат за големиот концерт на Ед Ширан во Загреб, а ТВ „Дневник Нова“ дознава дека ќе се подигне нивото на безбедност. Поради нападот што беше спречен во Виена, нивото на безбедност ќе биде зголемено пред концертот во Загреб, потврдуваат од СОА. Подготвени се, но јавно не го соопштуваат бројот на луѓе кои ќе работат на обезбедување. Полицијата ќе пристигне со специјално обучена екипа задолжена за пронаоѓање на експлозив, па целото подрачје ќе биде темелно претресено. Пожарникарите веќе го обиколија теренот без публика, а на концертот ќе дежураат со возила за гаснење и патролирање. „Имаме повеќе од стотина противпожарни апарати на самата локација. Самата локација е мал град. Всушност, не е мал, туку вистински град“, рече командантот на ЈВП Загреб, Синиша Џембрих. „Хрватскиот безбедносен сектор досега безброј пати го покажа своето знаење и вештина за обезбедување и завршување на собири на високо безбедносно ниво, и верувам дека тоа ќе биде случај“, истакнал експертот за безбедност Боно Марјановиќ.

The post Засилени безбедносни мерки пред концертот на Ед Ширан во Загреб appeared first on Република.

]]>
Финска најави зголемени безбедносни мерки долж границата со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-najavi-zgolemeni-bezbednosni-merki-dolzh-granitsata-so-rusija/ Tue, 11 Jun 2024 20:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=786712

Финските власти денеска соопштија дека ќе ги зголемат безбедносните мерки долж затворената граница со Русија како одговор на „миграциските притисоци од Русија“.

Новите мерки ќе вклучуваат зголемување на бројот на гранични патроли, употреба на повеќе дронови и електронски детектори и поставување огради долж одредени делови од границата, пишува „Украинска Правда“.

Се очекува во наредниот период, пред летните одмори, финскиот парламент да одобри нови, построги законски прописи за безбедноста на границата со Русија.

The post Финска најави зголемени безбедносни мерки долж границата со Русија appeared first on Република.

]]>

Финските власти денеска соопштија дека ќе ги зголемат безбедносните мерки долж затворената граница со Русија како одговор на „миграциските притисоци од Русија“. Новите мерки ќе вклучуваат зголемување на бројот на гранични патроли, употреба на повеќе дронови и електронски детектори и поставување огради долж одредени делови од границата, пишува „Украинска Правда“. Се очекува во наредниот период, пред летните одмори, финскиот парламент да одобри нови, построги законски прописи за безбедноста на границата со Русија.

The post Финска најави зголемени безбедносни мерки долж границата со Русија appeared first on Република.

]]>
Нови безбедносни мерки во училиштата со почетокот на новата школска година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-bezbednosni-merki-vo-uchilishtata-so-pochetokot-na-novata-shkolska-godina/ Thu, 31 Aug 2023 11:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=677582

Во училиштата ќе има безбедносни мерки со почетокот на новата школска година која почнува утре, на први септември, најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Мерките се во координација со министерството за внатрешни работи, рече Шаќири.

Утре ќе стартува новата учебна година, истата ќе трае до 17 јуни и учениците за првпат ќе имаат пролетен распуст. Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, а о меѓувреме на располагање се помошни учебници, рече Шаќири.

Во средното образование во една година се одобрени 150 учебници и тие како што ќе се печатат, ќе се доставуваат до училиштата“, информира Шаќири.

Летово биле реконструирани 56 училишни објекти и вложени се 4,5 милиони евра.

На сите ученици им посакувам успешна година, а на наставниците им посакувам успешна работа со помалку предизвици – рече Шаќири.

Лани, поголемиот дел од првото и дел од второто полугодие прво средните, а потоа и основните училишта добиваа закани за поставени бомби во училниците. Учениците загубија дел од наставата која подоцна не беше никако надополнета.

The post Нови безбедносни мерки во училиштата со почетокот на новата школска година appeared first on Република.

]]>

Во училиштата ќе има безбедносни мерки со почетокот на новата школска година која почнува утре, на први септември, најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Мерките се во координација со министерството за внатрешни работи, рече Шаќири.
Утре ќе стартува новата учебна година, истата ќе трае до 17 јуни и учениците за првпат ќе имаат пролетен распуст. Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, а о меѓувреме на располагање се помошни учебници, рече Шаќири.
Во средното образование во една година се одобрени 150 учебници и тие како што ќе се печатат, ќе се доставуваат до училиштата“, информира Шаќири. Летово биле реконструирани 56 училишни објекти и вложени се 4,5 милиони евра.