безбедносни гаранции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbednosni-garancii/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Mar 2022 10:37:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безбедносни гаранции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbednosni-garancii/ 32 32 Шредер: Војната во Украина е последица на политичкиот неуспех да се воспостави безбедносна архитектура по Студената војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shreder-vojnata-vo-ukraina-e-posledica-na-politichkiot-neuspeh-da-se-vospostavi-bezbednosna-arhitektura-po-studenata-vojna/ Sat, 26 Mar 2022 11:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=478838

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, во своето прво јавно обраќање за војната во Украина, оцени дека конфликтот е последица на политички неуспех.

Според германските медиуми, Шредер на конференција во Турција истакнал дека конфликтот е последица на тоа што по Студената војна не била воспоставена соодветна безбедносна архитектура.

Не воспоставивме безбедносна архитектура која ќе ја земе предвид променетата ситуација по падот на Берлинскиот ѕид - изјавил Шредер.

Тој истакнал дека Европа ќе се соочува со големи предизвици, како последица на руската војна во Украина.

Националниот суверенитет долго време е илузија - вели поранешниот германски канцелар, посочувајќи на предизвиците како што се миграцијата, безбедносните закани и глобализацијата.

Шредер вели дека Европа, како последица на војната, ќе ги прошири своите капацитети и одбранбени потенцијали.

Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, и во ЕУ и во НАТО - вели Шредер.

Сепак, Шредер прачува дека Европа во својот развој не треба да се ограничува само на војската.

The post Шредер: Војната во Украина е последица на политичкиот неуспех да се воспостави безбедносна архитектура по Студената војна appeared first on Република.

]]>

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, во своето прво јавно обраќање за војната во Украина, оцени дека конфликтот е последица на политички неуспех. Според германските медиуми, Шредер на конференција во Турција истакнал дека конфликтот е последица на тоа што по Студената војна не била воспоставена соодветна безбедносна архитектура.
Не воспоставивме безбедносна архитектура која ќе ја земе предвид променетата ситуација по падот на Берлинскиот ѕид - изјавил Шредер.
Тој истакнал дека Европа ќе се соочува со големи предизвици, како последица на руската војна во Украина.
Националниот суверенитет долго време е илузија - вели поранешниот германски канцелар, посочувајќи на предизвиците како што се миграцијата, безбедносните закани и глобализацијата.
Шредер вели дека Европа, како последица на војната, ќе ги прошири своите капацитети и одбранбени потенцијали.
Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, и во ЕУ и во НАТО - вели Шредер.
Сепак, Шредер прачува дека Европа во својот развој не треба да се ограничува само на војската.

The post Шредер: Војната во Украина е последица на политичкиот неуспех да се воспостави безбедносна архитектура по Студената војна appeared first on Република.

]]>
Украински амбасадор: НАТО и САД ги одбија сите руски предлози за безбедносни гаранции, сега тие нека преговараат со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-ambasador-nato-i-sad-gi-odbija-site-ruski-predlozi-za-bezbednosni-garancii-sega-tie-neka-pregovaraat-so-rusija/ Wed, 23 Mar 2022 18:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=477299

Поранешниот амбасадор на Украина во Хрватска, Олександр Левченко, изјави дека Украина ја трпи целата тежина на рускиот воен удар, затоа што Западот не сакал да ја гарантира безбедноста на Русија.

Зошто Брисел и Вашингтон не преговараат со Русија, додека Киев и Москва можат да се договорат за хуманитарни коридори и да преговараат за прекин на огнот. Украина сега ја презеде целата тежина на рускиот воен удар, а некои западни мудреци зборуваат за украинска криза - вели Левченко за „Јутарњи лист“.

Поранешниот абасадор прашува дали е фер Вашингтон и Брисел да ги „мијат рацете“ и да не преговараат за запирање на војна против Украина.

[caption id="attachment_477309" align="aligncenter" width="640"] Олександр Левченко (средина)[/caption]

Левченко објаснува дека пред почетокот на конфликтот, Москва во повеќе наврати имала средби со НАТО, ЕУ и Вашингтон во врска со гаранциите за нејзината безбедност.

Имаше и прашања за невлегување на Украина во НАТО, но Руската Федерација првенствено се обиде да го преиспита целиот безбедносен систем околу себе, Европа и целиот свет. Западот категорично одби и целата вина е на вас - порача Левченко.

Тој додава дека поради тоа, Москва од нејзина гледна точка објаснува дека морала воено да оди во Украина поради игнорирањето на нејзината позиција и загриженост од страна на Западот.

Тие не и дадоа безбедносни гаранции на Москва, но тоа не значи дека Украина треба да плати за се со своја крв. Се плашите од Москва, не сакате да војувате, во ред, но потрудете се барем сега да и помогнете на Украина - изјави Левченко.

The post Украински амбасадор: НАТО и САД ги одбија сите руски предлози за безбедносни гаранции, сега тие нека преговараат со Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот амбасадор на Украина во Хрватска, Олександр Левченко, изјави дека Украина ја трпи целата тежина на рускиот воен удар, затоа што Западот не сакал да ја гарантира безбедноста на Русија.
Зошто Брисел и Вашингтон не преговараат со Русија, додека Киев и Москва можат да се договорат за хуманитарни коридори и да преговараат за прекин на огнот. Украина сега ја презеде целата тежина на рускиот воен удар, а некои западни мудреци зборуваат за украинска криза - вели Левченко за „Јутарњи лист“.
Поранешниот абасадор прашува дали е фер Вашингтон и Брисел да ги „мијат рацете“ и да не преговараат за запирање на војна против Украина. [caption id="attachment_477309" align="aligncenter" width="640"] Олександр Левченко (средина)[/caption] Левченко објаснува дека пред почетокот на конфликтот, Москва во повеќе наврати имала средби со НАТО, ЕУ и Вашингтон во врска со гаранциите за нејзината безбедност.
Имаше и прашања за невлегување на Украина во НАТО, но Руската Федерација првенствено се обиде да го преиспита целиот безбедносен систем околу себе, Европа и целиот свет. Западот категорично одби и целата вина е на вас - порача Левченко.
Тој додава дека поради тоа, Москва од нејзина гледна точка објаснува дека морала воено да оди во Украина поради игнорирањето на нејзината позиција и загриженост од страна на Западот.
Тие не и дадоа безбедносни гаранции на Москва, но тоа не значи дека Украина треба да плати за се со своја крв. Се плашите од Москва, не сакате да војувате, во ред, но потрудете се барем сега да и помогнете на Украина - изјави Левченко.

The post Украински амбасадор: НАТО и САД ги одбија сите руски предлози за безбедносни гаранции, сега тие нека преговараат со Русија appeared first on Република.

]]>
Украина бара итни и јасни безбедносни гаранции од Русија и од западните земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-itni-i-jasni-bezbednosni-garancii-od-rusija-i-od-zapadnite-zemji/ Wed, 23 Feb 2022 16:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=462627

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара „безбедносни гаранции“ за неговата земја од Западот и Москва во време кога Украина се соочува со закана од руска инвазија.

На Украина ѝ се потребни безбедносни гаранции, јасни и конкретни, и тоа веднаш. И од Западот и од Русија - изјави Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со колегите од Полска и Литванија колеги Анджеј Дуда и Гитанас Наусед.

Зеленски истакна дека, во моментов, Украина не е членка на ниту еден безбедносен сојуз.

Ние се браниме сами, со поддршка од нашите партнери. Но, Украинците умираат. Затоа на Украина и требаат безбедносни гаранции: јасни, конкретни, итни. Сакаме да знаеме дека можеме да ги заштитиме нашите луѓе, нашите домови, дека не сме оставени сами на себе, дека имаме поддршка и од други партнери.

Мислам дека Русија треба да биде меѓу земјите кои даваат јасни безбедносни гаранции - порача Зеленски, потсетувајќи дека тој постојано предлагал средба со претседателот Владимир Путин заради смирување на актуелната криза.

The post Украина бара итни и јасни безбедносни гаранции од Русија и од западните земји appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара „безбедносни гаранции“ за неговата земја од Западот и Москва во време кога Украина се соочува со закана од руска инвазија.
На Украина ѝ се потребни безбедносни гаранции, јасни и конкретни, и тоа веднаш. И од Западот и од Русија - изјави Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со колегите од Полска и Литванија колеги Анджеј Дуда и Гитанас Наусед.
Зеленски истакна дека, во моментов, Украина не е членка на ниту еден безбедносен сојуз.
Ние се браниме сами, со поддршка од нашите партнери. Но, Украинците умираат. Затоа на Украина и требаат безбедносни гаранции: јасни, конкретни, итни. Сакаме да знаеме дека можеме да ги заштитиме нашите луѓе, нашите домови, дека не сме оставени сами на себе, дека имаме поддршка и од други партнери.   Мислам дека Русија треба да биде меѓу земјите кои даваат јасни безбедносни гаранции - порача Зеленски, потсетувајќи дека тој постојано предлагал средба со претседателот Владимир Путин заради смирување на актуелната криза.

The post Украина бара итни и јасни безбедносни гаранции од Русија и од западните земји appeared first on Република.

]]>
Блинкен: САД доставија одговор на руските барања за безбедносни гаранции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-sad-dostavija-odgovor-na-ruskite-baranja-za-bezbednosni-garancii/ Thu, 27 Jan 2022 09:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=450101

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека писмениот одговор на Вашингтон на барањата за безбедносни гаранции на Русија го отвора патот за дипломатско решение на кризата, доколку Москва го сфати сериозно, како и дека САД се обидуваат да спречат воена ескалација против Украина.

Блинкен изјави дека документот, доставен до Русија, содржи „принципиелна и прагматична“ проценка на руските барања, додавајќи дека одговорот е целосно координиран со Украина и европските сојузници на Вашингтон.

Генерално, ова претставува сериозен дипломатски пат напред, доколку Русија одлучи да го стори тоа - изјави Блинкен, додавајќи дека очекува разговорите со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, да продолжат во наредните денови.

Блинкен додаде дека одговорот на САД на руските барања го одразува ставот на Вашингтон дека е отворен за дијалог и претпочита дипломатија, но дека се зависи од Русија и нејзиниот одговор.

Тој предупреди дека САД ќе бидат подготвени во секој случај.

Претходно официјален Вашингтон јасно стави до знаење дека не доаѓа во предвид исполнувањето на руските барања НАТО да ги повлече трупите и оружјето од Источна Европа и да и забрани на Украина некогаш да се приклучи на Алијансата. САД, исто така, порачаа дека се подготвени да разговараат и за други теми, како што се контрола на оружјето и мерките за градење доверба.

Во односите на Русија со НАТО и САД постојат високи тензии откако Русија на границата со Украина стационира околу 100.000 војници, при што негира дека планира инвазија.

Блинкен порача и дека нема да има промена во ставот на САД за политиката на отворени врати на НАТО.

The post Блинкен: САД доставија одговор на руските барања за безбедносни гаранции appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека писмениот одговор на Вашингтон на барањата за безбедносни гаранции на Русија го отвора патот за дипломатско решение на кризата, доколку Москва го сфати сериозно, како и дека САД се обидуваат да спречат воена ескалација против Украина. Блинкен изјави дека документот, доставен до Русија, содржи „принципиелна и прагматична“ проценка на руските барања, додавајќи дека одговорот е целосно координиран со Украина и европските сојузници на Вашингтон.
Генерално, ова претставува сериозен дипломатски пат напред, доколку Русија одлучи да го стори тоа - изјави Блинкен, додавајќи дека очекува разговорите со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, да продолжат во наредните денови.
Блинкен додаде дека одговорот на САД на руските барања го одразува ставот на Вашингтон дека е отворен за дијалог и претпочита дипломатија, но дека се зависи од Русија и нејзиниот одговор. Тој предупреди дека САД ќе бидат подготвени во секој случај. Претходно официјален Вашингтон јасно стави до знаење дека не доаѓа во предвид исполнувањето на руските барања НАТО да ги повлече трупите и оружјето од Источна Европа и да и забрани на Украина некогаш да се приклучи на Алијансата. САД, исто така, порачаа дека се подготвени да разговараат и за други теми, како што се контрола на оружјето и мерките за градење доверба. Во односите на Русија со НАТО и САД постојат високи тензии откако Русија на границата со Украина стационира околу 100.000 војници, при што негира дека планира инвазија. Блинкен порача и дека нема да има промена во ставот на САД за политиката на отворени врати на НАТО.

The post Блинкен: САД доставија одговор на руските барања за безбедносни гаранции appeared first on Република.

]]>
Лавров: Доколку не добиеме конструктивен одговор и безбедносни гаранции од Западот, ќе преземеме соодветни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-dokolku-ne-dobieme-konstruktiven-odgovor-i-bezbednosni-garancii-od-zapadot-kje-prezememe-soodvetni-merki/ Wed, 26 Jan 2022 10:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=449660

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го повтори ставот на Москва дека Русија ќе преземе соодветни мерки доколку не добие конструктивен одговор од САД и НАТО околу барањата да добие безбедносни гаранции.

Москва нема да дозволи прашањата за Украина и бараните безбедносни гаранции од страна на Русија да бидат предмет на бескрајни дискусии, во кои ќе бидат вклучени Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) или Европската Унија - изјави Лавров во својот говор пред Долниот дом на рускиот Парламент.

Русија очекува оваа недела Вашингтон писмено да одговори на нејзините предлози за безбедносни гаранции.

The post Лавров: Доколку не добиеме конструктивен одговор и безбедносни гаранции од Западот, ќе преземеме соодветни мерки appeared first on Република.