безбедносна ситуација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbednosna-situacija/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Feb 2022 09:44:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безбедносна ситуација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbednosna-situacija/ 32 32 Ковачевски: Граѓаните треба да се спокојни, како членка на НАТО нашата состојба е безбедна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-gragjanite-treba-da-se-spokojni-kako-chlenka-na-nato-nashata-sostojba-e-bezbedna/ Sat, 26 Feb 2022 09:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=464149

Премиерот Димитар Ковачевски, во обраќање до јавноста порача дека безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, дека во овој момент не постои никаква директна закана за неа.

Граѓаните треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, ние можеме да ја уживаме и да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот. Затоа, ве уверувам дека нашата состојба е безбедна - порача Ковачевски.

Тој додаде дека, сепак, има закана за економијата и дека предизвиците доаѓаат на економски план.

Поради воената агресија на Русија врз Украина, глобалната економска и енергетска криза сега се продлабочува. Нè очекува неизвесна година, каде економијата во Европа и во светот ќе претрпат штети. Би сакал да ве уверам дека Владата одблиску ги следи промените во европските и светските економски текови и како и досега, ќе делува одговорно и во најдобар интерес на заштитата на интересите на граѓаните. Ги покачивме платите, ќе се покачат пензиите, финансиски ги поддржуваме компаниите - изјави Ковачевски.

Тој додаде дека глобалните пазари се најпогодени од руско-украинската војна, а нашата изложеност кон овие две економии е мала.

Нема присуство во финансискиот сектор, а странските инвестиции се под 1 процент од вкупните вредности. Очекуваното глобално влијание врз покачувањето на цените на основните прехранбени производи и енергенсите, што би значело продлабочување на постоечката енергетска криза, е нешто за кое ние како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно. Секојдневно ја следиме ситуацијата со снабдувањето со струјата, гасот и енергетиката во економијата, како во земјата, така и во регионот - изјави Ковачевски.

Тој упати апел сите институции од Владата па надолу, максимално одговорно да ги трошат средствата и максимално ефикасно да работат, со цел амортизирање на негативните последици од кризата.

The post Ковачевски: Граѓаните треба да се спокојни, како членка на НАТО нашата состојба е безбедна appeared first on Република.

]]>