безбедносен форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbednosen-forum/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Oct 2022 07:05:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безбедносен форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbednosen-forum/ 32 32 Петровска отпатува на безбедносен форум во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-otpatuva-na-bezbednosen-forum-vo-crna-gora/ Fri, 07 Oct 2022 07:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=558186

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, учествува на регионалниот политичко-безбедносен форум „2БС – Да се биде безбеден“ во Будва, Црна Гора.

Петровска ќе се обрати на панелот „НАТО подготвен за иднината – силен и отпорен“, заедно со заменик премиерот и министер за одбрана на Црна Гора, Рашко Коневиќ, и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Сифет Поџиќ - соопшти Министерството за одбрана.

На годинашниот форум ќе бидат опфатени повеќе теми и области кои претставуваат предизвик за регионалната и глобалната безбедност, како војната во Украина и реперкусиите врз Западен Балкан, борбата со дезинформациите, европерспективата на Западен Балкан, одговорноста на агенциите за разузнавање на Западен Балкан, големата геостратешка конкуренција, значењето на сојузот помеѓу Русија и Кина, Отворен Балкан и други.

Покрај министерката Петровска, на форумот ќе учествуваат и други високи претставници од државите во регионот, меѓу кои и претседателите на Словенија и Црна Гора, Борут Пахор и Мило Ѓукановиќ, заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана, министри за одбрана и министри за надворешни работи од регионот, претставници на академската заедница и експерти, а најавено е и преку видео врска да се вклучи украинскиот претседател Зеленски.

Оваа година се одржува дванаесеттиот „2БС – Да се биде безбеден“ форум, кој е годишен безбедносен форум во организација на Атлантскиот совет на Црна Гора - се наведува во соопштението од МО.

The post Петровска отпатува на безбедносен форум во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, учествува на регионалниот политичко-безбедносен форум „2БС – Да се биде безбеден“ во Будва, Црна Гора.
Петровска ќе се обрати на панелот „НАТО подготвен за иднината – силен и отпорен“, заедно со заменик премиерот и министер за одбрана на Црна Гора, Рашко Коневиќ, и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Сифет Поџиќ - соопшти Министерството за одбрана.
На годинашниот форум ќе бидат опфатени повеќе теми и области кои претставуваат предизвик за регионалната и глобалната безбедност, како војната во Украина и реперкусиите врз Западен Балкан, борбата со дезинформациите, европерспективата на Западен Балкан, одговорноста на агенциите за разузнавање на Западен Балкан, големата геостратешка конкуренција, значењето на сојузот помеѓу Русија и Кина, Отворен Балкан и други. Покрај министерката Петровска, на форумот ќе учествуваат и други високи претставници од државите во регионот, меѓу кои и претседателите на Словенија и Црна Гора, Борут Пахор и Мило Ѓукановиќ, заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана, министри за одбрана и министри за надворешни работи од регионот, претставници на академската заедница и експерти, а најавено е и преку видео врска да се вклучи украинскиот претседател Зеленски.